Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    https://www.youtube.com/watch?v=V1bFr2SWP1I
    Eве една многу позитивна песнича, баш е за relax. :)

    Несмеме да го дозволиме ове... Ејј, ајде развеселете се. Па што е ова, никако вака не смее? Ххаха.. не бе не сум јас некој генерал што сега ќе наредува, сакам само да ве наведам на позитивното и доброто. Ајдеее луѓе, па кој има совршен живот. Бидете весели. Мислите дека мене рози ми цветаат па вака пишувам? Ма нее.. далеку од тоа, но се трудам, се трудам да ги одржувам луѓето во позитива. Ајде дами мои, да видат сите кои мислат дека сме потпаднале, дека грешат. Секако дека грешат. Главата горе, гордо крената. Што и да е, ма не грижете се, колку ви даваат можностите уживајте во животот. Ќе се најде љубов, ќе поминат овие зимски и депресивни денови, ајде, па сите знаеме колку брзо минува времето. Сите знаеме дека вчера бевме деца, а сега веќе сме во друг свет. Животот е река, се минува брзо, но низ какво корито ќе мине, само ние можеме да одлучиме.

    Уживајте мои дами, сакајте, борете се во животот, покажате малку што значи да си жена, вистинска жена. Само напред ! ! !
     
    На Delta2, Serafima, Angy.g и 8 други им се допаѓа ова.
  2. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам, што толку сте се запнале со тоа - форумот не е тоа што беше, членовите се откажуваат, не вреди веќе да се чита...? :fubar:

    Не планирав да изреагирам никако на овие глупости, ама секој втор коментар е негативен кон форумот или кон членовите.И имам предлог.
    Сите на кои не им се свиѓа каков е форумот моментално и кои членови се активни сега, можат фино-лепо да го напуштат и да престанат да читаат ако не им се чита.Значи, мрчатори и хејтери, аут!
    Не мора да биде оваа одлука засекогаш, тргнете се одреден период, после пак вратете се, кога ќе мислите дека форумот е повторно тоа што беше...

    Не зборувам против никој конкретно, само мислам дека доволно негативна енергија се шири во реалниот свет, не мора и тука, во виртуелниот :!:
     
    На Mishela, lovely91, Ognenija и 3 други им се допаѓа ова.
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Едно од најубавите чуства во животот е кога ќе се ослободиш од некоја личност.
    Која ти била психички товар.
    Мирно киниш слики, собираш се што те потсеќа на неа и ја полниш кантата.
    На крајот без ниту малку чуство ја празниш и кантата.
    Емоционалната хигиена е битна работа. :)
     
    На Hipster, Juicy03, SimplyElegant и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Една вечер си седиме со мм и си размислуваме како сите наши заеднички пријатели сеуште не се во брак а сите имаат долги врски и си размислуваме за понатаму дека едноставно немаме друштво што би се вклопило со нас .. дете и други работи ..
    После неколку дена се јавува старосватот ќе станел татко .. планира свадба
    Другиот ден се јавува најдобар другар на мм и тој ќе станел татко..
    Последново од денес исто наши многу добри другари прават веридба неделава..
    Еве вака сакам само среќни моменти за арно и за убаво нека е .. толку многу ги сакам овие веселби , свадби, вридби , било што .. едноставно сакам луѓето кога се среќни , одсекогаш тоа ми ја исполнувало душата.. а најмногу сакам кога ќе го видам моето сонце насмеано и весело :)
    Душава ми е исполнета и среќна сум .. :)
    Добра ноќ на сите ..
     
    На Buttterfly, kravce, Moira и 12 други им се допаѓа ова.
  5. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Си се смиривме со либето,па нека пукнат душманите :lol:
     
    На Serafima, srcekrsacka, Katerinceee и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    :o: Уште неколку саати до првиот испит.

    Моментот кога сфаќаш дека ништо не знаеш.
    Моментот кога се каеш зашто не фати книга порано.
    И моментот кога си викаш ЕЕХ, ДА ИМАВ УШТЕ ДЕН - ДВА, САМО УШТЕ ДЕН, ДВА...
     
    На antonina, Miss.Ricci, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    .. И ете, конечно ја видов..

    Се будев со солзи во очи кога ќе сфатев дека било само сон.. Се прашував каде и како згрешив па таа исчезна од мојот живот.. Се прашував дали се сеќава на заедничките моменти, дали и недостигам како таа мене, дури почнав да се сомневам дека ме сметала за најдобра другарка.

    Незнам како,не знам кога, не знам зошто ја изгубив. Се трудев да ја задржам некаде меѓу заедничките спомени што не поврзуваат, да се сеќавам на неа таква како што ја запознав и знаев ..
    Безброј пати го оживував споменот кога за прв пат се запознавме, и безброј пати си замислував како ќе се однесувам и што ќе и кажам кога ќе ја видам.. после толку долго време..

    Се сепнував кога одминував луѓе по улица, мислејќи дека ја видов.. Бев убедена дека се разминувам со неа на семафор, или дека ја видов од автобус..

    И така денеска брзајќи накај автобуска, натоварена со еден куп ќеси, замислена и загрижена дека ќе го испуштам автобусот, после четири години, во темницата препознав познато лице. Иста, иста како што ја знаев и помнев.. Погледите ни се сретнаа, мене нешто ме пресече во колената и почувствував слабост во рацете..мислам дека ќе ги испуштев ќесите.. Продолжив да одам, полека, незнаејќи што да правам, дали да се свртам или не, не ни знаев што да и кажам..Се качив во автобус, мислејќи на тој поглед..
    Но, во него не видов омраза. Ниту лутина. Ни изненаденост или среќа..
    Видов каење. Каење за изгубеното време.

    Нека ти е среќен роденденот К.
     
    На antonina, Serafima, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Аууууу, каква реакција од црвено вино. Првин не сакав, па се намќорев како мало дете кога ќе го стават под казна да седи во ќош, па после една голтка, па една чаша, па отиде и шишето од 1/2л. Моето либе сега бичка дрвциња, а јас поококорена не сум била никогаш (и никогаш подолго не сум пишувала пост, само пссссссттттттт, не кажувајте никому)
    Се чувствувам полетно, како да сум во вакуум просторија, само имам невидено дивјачки нагон за цигара. И чувствувам како моториката ми станува се поспора, и чувствувам како смеата веќе е ненормална и е насочена кон обични нешта, само не ми е уште јасно, зашто прстиве, не ја познаваат веќе тастатурата и стискаат по неколку букви истовремено, па ме тераат да бришам по 100 пати еден ист збор?
    Ќе одам да играм Слагалица, најпаметно нели?
     
    На NoellePage, Peppermint, anichka94 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    3.859
    Пол:
    Женски
    Не сум страствен пушач, уствари јас сум никаков пушач.. Ми смета чадот од цигари, почнува да ми се врти од првата цигара, поткашлувам кога вовлекувам дим ама бре, некогаш кога ќе те фати туга за цигара ми се чини поголема нема..

    Како не чувам некоја низ соба, да ми се најде за лек шо се вика.. Али ја сум ти такво суштество што додека има цигари ја димам и димам.. :smoke:

    Она што планирав да си кажам е дека страшно ме нервираат комшивки кои кога ќе ти дојдат дома, прво те фаќаат со убаво, да се опуштиш, да се размуабетиш со нив и после таааап : -Па како ти сама си?! :o Па со тој( дечкото што ти го знаела) не си веќе? Оф, оф.. И една забринута фаца мислиш оваа нема да заспие пошто ти немаш дечко.. |(

    Жено, не значи дека ако немам дечко сум сама.. Далеку е од тоа, побогу.. Ама ај, пробај да вратиш нешто и одма мајка ти се умешува, ти прави фаци да заќутиш, демек почит да покажеш.. Добро, ајде и тоа нека биде.. Всушност, сега многу и гајле ми е, ми се пали цигара бре.. :smoke: :smoke:
     
    На anichka94, Springy, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Сега морам да ве пофалам.Денеска/вчера сите бевте нерасположени но како што гледам со доагањето на новиот ден сите сте ми некако расположенки.И право форумот ни блесна како сиаличка ^_^ ^_^ ^_^ .
    А, Ingvild миличка ќе ти држам среќа утре за испитот дај боже да положиш.И да во право си сите пред тедт или испит се каеме зошто порано не се земале книза.Еее живот,брзо минува а ние многу доцна го свакаме тоа.Времето поминало а сега на нас ни текнува нешто што е предноцна за тоа.
    Како и да е,останете ми насмеанки,весели и ајде третата смена почнува.На тие што планираат да си легнат Goodnight and sweet dreams. :hai: :* :hug:
     
    На Ingvild му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Те разбирам потполно.Сум имала многу вакви моменти,а и сигурна сум дека уште многу следат :lol:
    Ајде само позитивно и ќе биде. :)
    Ние тука ќе држиме среќа :*
     
    На Ingvild му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Абе жени знаете еднаш-два пати годишно не фаќа заеднички ПМС...мислам дека тоа ќе да е :rofl:
     
    На Lux, Serafima, Hipster и 17 други им се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Убаво ми е кога се собираме друштвото од средно зошто на некој чуден начин сме поврзани и на убав начин ги одржуваме односите... и приметив дека додека порано зборувавме за тотални глупости, сега покрај глупостите вртиме и многу сериозни теми. Па си одам накај дома со слушалките во уши и си размислувам дека по неколку години можеби половина од нас ќе бидат во брак, а можеби и ќе има некое детуле со нас на маса... лета времето, вчера бевме прва година средно а денес завршуваме факултет, и додека да трепнеш ќе бираме фустани за деверуши. Само за арно за убаво нека е, им ја посакувам сета среќа на светов...

    Па со едната се раздрдоревме на телефон цел саат и 40 минути, ама кога имаш што да си кажеш не ги гледаш стрелките на часовникот колку брзо се вртат. (Додуша на мојов саат во соба не му се ни вртат стрелките, застанал на 7:15 и се моли кутриот да му смени некој батерии, ама ме мрзи пустото да се пентарам на стол а претходно нели и по батерии да одам :D ајде барем два пати во денот ми покажува точно време :P )

    Копав прееска по кутијата со слики и најдов две слики, една слика од татко ми со брат ми бебе, ама прекрасна е сликата, плус од оние стари апарати што ќе сликнеш и одма ја вади сликата, па одма си ја ставив во соба, и друга јас ептен мало бебе со мама и тато и таа си ја ставив во соба.
    Прееска со брат ми јадевме пица во ниедно време, ама налет нека е преубава беше. Денес вака вторнички се ми е преубаво.

    А вчера, ко демек ќе полагав испит што асолно(според мене де) го спремив, и спиена 4 саати кога НЕМАВ ПРАВО ДА ПОЛАГАМ... оооо марфи и сите богови што ми правите? :D Еден ден покасно сум го пријавила, абе шта да ви причам. Ај нема врска ќе одам на втора декада(ако не заборавам до тогаш се хаха) . Ама јас не сум толку изгубен случај како една другарка, доаѓа на полагање и професорката и вика ама колешке вие имате положено и оваа ама како и професоркава еве колешке видете ајде потсетете се, и ова ооуу да другиот предмет(со слично име) го немав положено. Е ај, најдете нзс :D

    Прееска додека чекав автобус ми се приближи една женичка и почна да ми прави муабет, ми кажуваше колку станици одела пешки зошто не смеела во бус со кученцето а била да му земе храна, ми кажуваше колку си го сакала кучето а никој друг не го сакал зошто имало крива нога, ми кажуваше дека и е тешко само кучето дека и е, дека не можела да си најде партнер за низ животот, и јас и викам не се секирајте ќе ви се насмее среќата, 40 години не се ништо... оф бе детенце ми вика ќе видиш кога ќе ги имаш, поготово ако си како мене. Многу ми падна жал, личеше на ептен фина, и солзи и течеа додека ми кажуваше како претходните две кученца и ги отруле и како и е најголема желба да има свое чедо, и што да и речам? и викам немојте да се грижите, сигурна сум дека за секој човек постои друга половина, ќе ја најдете и вие. Ми рече никој до сега тоа не ми го рекол, фала ти, многу си добродушна. А јас си викам дали навистина сум? Затоа што не знам дали толку убаво ќе ја ислушав ако имав на пример лош ден, или дали воопшто ќе се загрижев и ќе дозволев да ме натажи ако си имав мои маки над главата... ама мило ми е што немав лош ден и што така жената почувствувала дека може за тие десетина минути да сподели дел од маката. И пред да влезам во бус ми рече се најубаво, и го посакав истото, и тогаш забележав дека жената има прекрасни очи... и посакувам да си најде некој и еден куп кучињата да си чуваат.

    На некој чуден начин со секој поминат ден повеќе созреваме, стануваме посвесни што сакаме од иднината... и се фаќам себеси како планови од порано ги отфрлам зошто нема да ме направат среќна, и правам нови и не се плашам, сакам да чекорам и да видам што ќе ми донесе животот. Затоа што на некој чуден начин убав е животот, иако некогаш да можеме би фрлале камења по него, ама воглавно, секој од нас има свое место под сонцето и секој од нас евентуално ќе заврши каде што му е пишано. Можеби не постои Господ како личност и не си игра од небото со нас како симсови, ама има нешто посилно од се и убаво е во тоа да се верува. И овој универзум веќе нека ги земе конците во свои раце и нека ми исполни некоја желба, бев добро девојче цела година ехеееј ај да не се караме молим лепо :D

    Да ви кажам право два три збора сакав да пишам кога дојдов во темава затоа што видов малку сте сите нервозни, ама ете си изнакажав се и сешто. Простете ми ама кога сум малку спиена си дрдорам троа појќе што би рекол дедо ми :D

    Сега ќе се фрлам на гледање серија па утре можеби пак ќе продрдорам нешто затоа што пак ќе бидам малку спиена :D

    АааааааЈ чаоска :hug:
     
    На Sexybaby86, Trendafilka, Mishela и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Само една работа имам да кажам: Не се приврзувајте за ништо. Никако за нешто материјално, а уште помалку за личности. Сами сме на овој свет, сами доаѓаме, сами заминуваме.

    Толку.
     
    На specificone, machka1, Lux и 23 други им се допаѓа ова.
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Излажав. Уште лажам. :doh:
    Излажав кога реков дека ќе бидам добро без тебе овие 4 дена.
    Излажав кога те гушнав и ме праша дали ќе бидам добро. Секако дека нема да бидам.

    Немаш ни идеја како само се чувствувам кога ме гушна последниот пат, кога ме притисна со рачињата.
    Незнам ни јас, искрено. Измешани чувства - лавиринт, во кој се наоѓам веќе подолго време. Лавиринт, од кој се мачам да испаднам, но некако .. безуспешно. Колку ми е сега, полошо.. А чекај, уште и ќе ми биде. Колку многу ќе ми недостасува ..
    твоето се. Ќе ми недостасуваат гушките, тие најмногу ги сакам. Кога двете срца чукаат како едно, кога сме толку залепени со телата и главите, што одвај можам да земам воздух.

    Го напишав ова пред 10 минути.
    Сега немам инспирација, зашто од што плачев и што бев целата водена од солзи, морав да се мијам, зашто неможев веќе. Носето ми беше полно a ..
    :music: Ponovo su usne tvoje drhtale ko da se boje :music:
    http://www.youtube.com/watch?v=DtuZ_EOsVM4
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Impossible :D (барем за мене)
    Сите сакаат така,ама ретко кој го можи :) Прво се приврзуваме за мајките,а потоа и многу други работи :) И да го изгубам после тоа нешто,барем ќе се радувам што воопшто сум го имала во животот. Како работите од детството,стариот компјутер,некоја облека,некоја другарка,миленик,што ли уште не.Некогаш не можиме работите да ги заприме да си одат од нашиот живот или исчезнат,ама барем со убаво ќе се сеќавам. Но,прво ќе се потрудам да не ги изгубам,ако е можно :)
     
    На Hipster, Peppermint, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    прилично лош ден ,уште по хаотични мисли ...
    знам дека и тука ако напишам нешто ке биде еден куп неповрзани работи ,така да ке ви посакам само добра ноќ ...
    на крајот на краиштата не за џабе рекле УТРОТО Е ПОПАМЕТНО ОД ВЕЧЕРТА !

    Слатки сништа спанковци |-)

    морав да редактирам да ве поздравам со песнава за подобро да спавате :P (не е песна туку ПЕСНИШТЕ )

    http://www.youtube.com/watch?v=mQVmqGdkmHY

    Under blue moon I saw you
    So soon you'll take me
    Up in your arms
    Too late to beg you or cancel it
    Though I know it must be the killing time
    Unwillingly mine :inlove:

    ја се префрлам на глеање филмче :yawn:
     
    На kravce и Katerinceee им се допаѓа ова.
  18. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Ма не знаете колку е форумот најинтересен и најпрекрасен кога имаш за учење!
    Море знаете! :D

    Кажав еднаш, пак ќе кажам, си го сакам форумот и крај, не си одам за инат!
    Се зезам, нема потреба од тој досаден муабет веќе, ајде весело сите.

    Доцна е веќе, а јас се правам, само не учам.
    Од новата серија изгледав добри 5 епизоди од по 45 минути, а само шо симнав превод за 6тата, ама пред тоа ќе измијам садови и ќе го допишам есејот :tmi: Морам, оти после ќе се загледам, и кај ми е крајот.

    И смеам ли да кажам, дека веќе неколку дена по ред, јас сонувам други мажи, сонувам еден бивш, како се љубеме и допираме, толку е реално што дури сабајлето кога се разбудив гушната од дечко ми, му ја мавнав раката и бев збунета, буквално збунета, како да претходната вечер стварно сум била со бившиот?! :$ :D
    Морам да признаам, соновите беа права еротика...
    Ми требаше после едно силно кафе и многу часа да се вратам во реалноста.
    И после пак сонував друг маж, непознат, ама секси оф ле ле ле леле...

    И уште да се пофалам дека Тошо мој, мачорот донесен од Неготино, иако поголем од скопскава бушава мајмунка што ја чуваме дома, е добро прифатен од неа.
    Дури и грејната флертува и му се набацува.
    Овој спие/се тегне, оваа му се фрла, и бега, очекува да биде бркана и гњавена.
    И смеам ли да прашам а да не ми се смеете зошто оваа мачоркава не ми расте веќе 5 месеци и повеќе е, а главата од ден за ден се помала како да е?
    Многу е бушава ама премала е. Мама кога ме прашува за мачките, ми вика шо праве мачорката со посебни потреби :|

    И по стоти пат.... една недела во Скопје, а сите пари скоро ми отидоја.Како ли јас во животот да научам да штедам, како?! Дали некогаш ќе успеам да бидам штедач, или засекогаш ќе бидам потрочувач до денар...
    Мама ми вика, у гени ти е. И татко ти е ист.
    А тато па ми вика, кога ќе имаш твоја плата, ќе видиш како ќе штедиш...
    Се надевам дека е второто, оти ако имам моја плата и таа ја трошам, поарно да му раскинам на дечко ми, и да барам Хју Хефнер број 2.
    Е сега одлепив, ај чао.
     
    На Lepaaa, JuLleE, Hipster и 18 други им се допаѓа ова.
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ми фали форумчево... Да не шетам низ темиве... Да ви кажам дека ве сакам и ве поздравувам...
    Не сум ве заборавила, ама за тепање сум што не доаѓам почесто, знам.
    Хагс енд кисес.
     
    На Lepaaa, Glossy-girl, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Колку убаво ке ти дојде кога ке се изкажеш се што ти леже на душата..Како 100 кг да си симнал од тебе..:)
     
    На Angy.g, srcekrsacka, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.