Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Не сакам да се представам во никоја врска со моето вистинско лице кога ке ме налути некој/нешто.Но во некои случаи морам.. безвредни суштества сакаат да го откријат хммм... а повеќето и го дознале ;)
     
  2. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Ако продолжат да растат цените на горивата, мојот принц стварно еден ден со коњ ќе ми дојде a пошто расте и цената на сточната храна изгледа со пони ќе дојде :D
     
    На Hipster, LilBaby, Lov3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Хахаахах значи колку сте патетични и смешни,стигнавте дури и профили на ФБ да провалувате за чипови на Покер. :rofl: Тешко вас на умот,како се замарате со такви работи. Само да најавам ако некој ви прати нешто вакво како ова подолу не отварајте така ќе ви го провалат профилот. :!:

    Ke moze li edna usluga da mi napravis?
    Da glasas za mene na oriflame Stranata
    eve go linkot http://www.facebook.com/oriflameoriflam ... 2544333196
    prvo ke se najavis kaj prvoto i vtoroto pole ke pisess email pass od tvoj fb
    a kaj partner OrifalmeUser222
     
  4. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Разговор со бившиот во 4 и 17, ова само мене можи да ми се случи. :^)
     
    На Doozy и Springy им се допаѓа ова.
  5. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    ^^И мене, не си единствена.. :D
    Ахх кога јас ќе си легнам порано од 5 саат.. Когааа...
     
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК не можев да издржам. Дур ме држеше во раце афтер секс гушнати и се лигавевме ко средношколци... му реков да ми ги прочита мислите. Но и ко секогаш-не можеше. Затоа и ме сака, затоа што не може да ме предвиди во ниеден момент. Сеуште бакнувајќи ме ме праша што ми е... низ заби му просскав тивко-НИШТО ОСВЕН ШТО ТЕ САКАМ ! А тој на тоа возбудено одговори- ЈАС ТЕБЕ НЕ ЗНАЕШ КОЛКУ !!!!!!!!! Се изгубив. Занемев и не знаев што да кажам освен уште толку да го облеам со бакнежи. После некоја мин проговорив-Како се викаше оној лигавиот филм? 7 метра над небо или така нешто !? Епа, таму сум сега :$
     
    На Lux, Mishela, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.350
    Кога овие што кажуваат какво ќе е времето денеска и на крај ќе речат облечете се топло ако излегувате натаму наваму |( Јас па мислев да си терам фетиш и да излезам само со капут без ништо под него :P
    Времето е баш за под кебенце, ама не за такви срамотни работи, туку чајче и книга, па ај да видиме денеска ќе се закачи ли нешто за овој мозок. Промаја удара од телевизорот. Го пуштам за бакраунд галама, за друштво, ама ми се начучулија ушите, вест на денот! Во некои од бургерите во супермаркетите нашле дека има и до 30% коњско месо! :o Фаците на некои луѓе кога им побараа мислење за ситуацијата..... прајслес :lol:

    Ај да се уозбилам, напор за концентрација, бар за пола саат, фокус жено, фокус, за мотивација си давам за секој пола саат учење по пет минути фемина. Паднал хеликоптер кај Воксол. Толку од лошите шеги на водителите и дебатата за коњското месо. Толку и од мојата концентрација, а и овие пет минути на фемина ми се на вересија. Гасам ТВ.
     
    На bittersweet, Peppermint, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.911
    Допаѓања:
    18.122
    Добро бе, зарем на секое излегување мора по некој од другарите да ми зјапа во ци*ките? Значи и до гуша да сум облечена истото, пак истото е. Бо, следен пат ќе набавам некои што се отшрафуваат и ќе им ги подарам да си играат. Па, мајку му не сум јас крива.. -.-

    Ау, да, моментот кога од нигде никаде добивам храброст и му се јавувам, дали сака да идеме на кафе..
    Не дека ми е дечко, ама што да правам таква сум, паничар, на моменти премногу срамежлива... Откако спуштив едно 5-6 мин. стоев укопана в место што правам бе? Ама битно помина, пиевме кафе, јадевме чоколадото што бев должна. :)

    Ја мразам глупавата болка што ја имам во желудникот и не ми дава 2 ноќи со ред да спијам. Сега вака ќе ми биде 1 недела.. Плус кај не јадам сега со 1 чаша млеко поминав.. Прекрасно..

    Демек ќе идев на шопинг денес, ама толку ме мрзи, такво депресивно ми е времево.. Ужас.
    Се надевам пооосле ќе ми се поправи расположението...
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    доброутро феминки-иако јас утрото го дочекав вракајки се накај дома и воопшто не ми се спиеше :)
    и подобро што излегов со девојките оти дома беше лудница-ко по обичај :worried: ама овој пат немаше еден куп пропуштени повици од мама, кога ке се вратиш и сл. јас и пишував пораки-да не се грижи-како по обичај додека јас не дојдам, таа не може да спие :fubar: најдобро би било да се смалам и да се вратам во нејзината утроба-ако може, ама не може :shake: едната од девојките беше со кола па така да не испрати речиси до дома, а се сретнавме и со на другарка ми другарка и и брат и па до некаде заедно дојдовме-морам да признаам брат и убаво изгледа :)
    што се однесува за филмот навистина вреди да се погледне-се работи за едно Индиско семество кое поседува зоолошка градина ама поради сплет на околности мора да се пресели во Канада-токму тогаш доага тој пресврт кога постариот син го губи семејството во невреме, а со нив умираат и повекето од животните и за жал не ни стигнуваат до саканата дестинација а тој Пи, е приморан својот чамец да го дели со еден тигар Ричард Паркер ама како што велиме ние Македонците-имало Господ па доагаат до едно копно и дури после се тигарот решава да го напушти момчето. И така Пи почнува со својот нов живот а за случувањата решава да му ги раскаже на пријател-поранешен писател кој сака да напише за сето тоа книга-преубав филм, вреди да се погледне :)
     
  10. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    сдк-зошто некој феминки се обидуваат да се караат со др има ли потреба што се прочитав низ темиве па воопшто да се нема осет некој отворил тема овие се закарале како снаа и свекрва ти ова оваа ти она и како што гледам многу идиотки има па ова е форум секој да си каже што има и да му се помогне а некој му текнало не треба ова не треба во оваа тема и се глупира!!!
     
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Од страна за потвдрување на пријателства на ФБ имам профили на неколку мали деца, сигурно 4 години до некоја возраст 10. Родители размислете дали на вашите деца е време да им го покажете светот на ФБ, обично ви е оправдување поради игрите, ама не е мала работа уште сега да им дозволите да кликаат по социјалните мрежи. Јас нема да ви ги прифатам и нека фејсбук не им биде главна забава, фондот на зборови ќе им се намали, интересот за училиште исто, социјалниот живот ќе им се намали, место да седите и играте игрци заедно пред компјутерот, избришете им го профилот и почнете да им ги враќате правите вредности, бар колку можете, не ги уништувајте свесно!
     
    На antonina, ilipili, bittersweet и 32 други им се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Се разбудив уморна, сонував како планинарам :D ама беше добро чувството. Во момент на голем страв се препуштив и скокнав...и ништо страшно не се случи. Да беше така лесно во реалноста скок да се направи :|
    Радости големи, сериите продолжија :D со нив и мојот живот продолжи залудно да се троши. Сакам пролет, фустанчиња и будење на светот. Се прашувам како се чувствувала првата жена што облекла панталони и реакцијата и осудата на општеството за нејзините постапки. И еве ме јас овде, се враќам на почетоците и ги гурам сите фармерки во ќош од плакарот. На работа, на шетање, на кафе, на гости...сукњи и фустани и туники. Ослободувачкото чувство на убав материјал кој се ниша лево десно додека ги врткаме колковите :D
    Промени. И кучето се променува. Скришно од нас (не и ги разбирам причините за ова) почнала да се социјализира со други кучиња. Среќа што се помали од неа (од репродуктивни причини) а за жал нивна, затоа што со една шепа добро ги шамара низ игра :tmi: можеби и се допаѓа да биде супериорна :^) ју гоу грл :D
    Постојано се навраќам за тоа каква бев и колку се барам себеси сега. Всушност не е многу изгубено, затоа што и денес слободно ги расфрлам емоциите. Тоа што беше, во забава и дружба, не може да биде повторно. Би се срамела од своето јавно глупирање. Ама сум чирфул, во некое поформално држење на тело. Изгледа и таа трага по истата себеси, па се надополнуваме во спомените. Сили ас, како којзнае колку да сме пораснале :)
    И да, јухууу ќе снимам песна :rofl: за изненадување се надевам. Само да го осмислам концептот и приказната :^)

    На политичка тема, сакам да кажам, дека не би ме чудело преку ноќ да извајаат скулптури од цела фаланга, да ги закопаат и потоа да ги откопаат како археолошки чуда. Како доказ кои сме. И Бранко ќе е крив зашто не копал подлабоко претходно. И нема да има потреба од испитувања и анализи, затоа што скептиците ќе бидат веднаш прогласени за предавници
     
    На ilipili, bittersweet, Serafima и 18 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.387
    Допаѓања:
    286.796
    Утрово се разбудив со истата насмевка на лицето со која што синоќа заспав.

    Чуствував мир и хармонија поради начинот на кој ме гледаше. Утрово најубавите плави очи на свет повторно ме гледаа со онаа разиграност и срамежливо трепкаа на секоја изнудена насмевка.

    Спокој и сигурност поради прегратките кои ми ги даваше. Повторно ме прегрна, онака цврсто и топло како што само он умее.
    И најважното, чуствував љубов. Таа иста љубов која ја има во мене скоро седум години.
    Онаа искрена, детска и чиста. Недопрена од трулата човекова себичност и користољубивост. Учевме еден од друг и од своите и туѓите грешки. Сеушто го правиме тоа и работиме на себе си, на нас.

    Ме прави похрабра, поцврста, посигурна.
    Без разлика колку далеку сум од мајчиниот дом, колку далку сум од сите кои некогаш биле дел од мојот живот јас знам дека сум на вистинското место. Покрај него, е местото каде што припаѓам.
    Јас и тој имаме свој мал дом кои го негуваме на свој начин.
    Таму каде што е тој е мојот дом, макар и на крајот на светот каде не познавам никого, јас и тој се имаме еден со друг.

    Изминативе години изгубив многу личности, некои од бога некои по своја воља.
    Оние првите остануваат засекогаш во моето сеќавање и ги негувам спомените на нив. Оние вторите само ме потсетуваат на човековата поквареност и колку гнасна, трула и љубоморна може да биде човековата душа. Среќна сум што ги нема во моја близина, никогаш не сум ги ни имала, постоела само илузијата.
    Оние што останаа се вредни, проверени...и ќе бидат негувани и чувани.


    А денес се потсетувам на многу нешта, многу сеќавања од минатото.
    Синоќа натрупа снег. Си ја облеков белата пижама и се стуткав во топлата постела, се чуствував како дете. Рано сабајле ги слушнав детските гласови и нивната игра во снегот.
    Пред едно 20 и повеќе години и јас бев едно од тие деца кои се лизгаа на снегот, играа со топки и уживаа во тој ден. Покасно сите другарчиња доаѓаа кај мене и јадевме од тортата на мама.
    Денес ќе го поминам на малку поинаков, но подеднакво посебен начин.

    Денес е посебен ден, денес е мој ден.
     
    На machka1, Lux, antonina и 35 други им се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Јас сум ви луѓе магнет за „отвори се земјо голтни ме“ и „мувла“ ситуации, а не личам за таква, мајке ми...
    Носам некоја таква карма, ми стана јасно, и секогаш сум на готовс. Прво си се чудам - после смеам, ама тоа е тоа, нема бегање од себе.

    * На аеродромите сум секогаш таа, која од целиот авион, ќе ја претресуваат од глава до пети. Ви се верува ли дека се запнаа и од граница (Гевгелија, со воз) да ме враќаат, кога им кажав каде одам во Грција?? Од воз бе! Да не зборувам колку пати сум била „шпион“...
    * Имавме мачор до пред да се породам (Бог да го прости, падна од тераса и почина, и него гарант го префати мојава златна карма :( ) кој беше ДУПЛО полуд од мене, ама се` уште не знаеме дали обожаваше или мразеше мантии:

    Решивме да го осветиме станот, па го викнавме попот пријател да дојди. Спремивме се`, за чадење, за осветување вода, и ево ти го попов на врата (иначе е карпа човек од 2м, со црна мантија до земја). Влегува, се поздравуваме и го гледа мачоров. Вика: Ооо, па вие го имате и Марко? (нема врска, инаку се викаше) и „Марко“, ни 5 ни 6 - со трчање под мантија!
    Почнува попот да се тетерави, ние ко здрвени седиме, нема смисла да му се пикаш под мантија, а него срам и незгодно да го истреси мачорот, да не случајно го удри! Треси ногавици за да падни, а овој со ноктите до горе му се качи! Виде, не виде мажот ми, му ја крена мантијата, го истрга едвај мачоров и директ на тераса (само таму можевме, другите врати требало да бидат отворени при осветување) и конечно се наместивме.
    Почнува попот да пее, ние мртви озбилни пред него со свеќите во раце, додека мачоров залепил фаца на стакло и буквално завива! Се погледнуваме со мм, гарант и двајцата си мислевме „Леле биваше ли мачоров да е ваков полуден?!“, ама упорно игнорираме....како престанува попот да пее - така мачорот заќутува, и се` така во круг, се` додека попот не заврши и вика „Ај земете го внатре, нема смисла да плачи уште надвор“. Оффф, е ај земи го...отварање врата, трчање мачорот директ на маса во осветената вода, по што изрипа оти не знаеше дека ќе се избања, па го истурка темјанот и крстот и избега во спална. Веќе, искрено, немаше оправдување за нас....попот само рече: Ај барем се освети со водата, може ќе се смири ѓаволот во него.
    * Чамецот се расипа кога ме бараше за жена, сва среќа не знаев каде се наоѓам од возбуда, па не бев свесна дека пловам на гума на сред езеро
    * На венчавката немавме попови....т.е. имавме, ама среќа ги начекавме во црквата кога стигнавме, зошто попот пријател златен ЈА УТНА ДАТАТА во китапот за „само“ 1 месец
    * За свадбата поарно да не отворам тема, само ќе кажам сва среќа што имавме музика....
    * Ни породувањето не ми помина ништо посериозно, Боже такви глупави моменти ни на Голи и смешни нема! Ама цреша на тортата беше кога свеки дојде да ме посети на Интензивна, и моето прво и единствено прашање беше: Што боја на очи има? Се` уште ми е пред очи фацата на свеки, гарант помислила Леле оваа ќе е мајка на внука ми :D

    Можам уште многу да пишувам...ама ај подобро да престанам, оти гледам кармава изгледа наследна е, па ќерка ми уште од сега тера исти глупости ко мене :D

    Останете ми во здравје, бидете убави и нежни во душа, не се замарајте со оној што ве мрази - тоа ќе е неговата најголема казна, и оставете го секој да го избере својот тек на живот, зошто вие веќе го избравте својот.

    [​IMG]
     
    На Dentina, DeMelo, thinkerbell и 68 други им се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Пак јас да се натегнам со една тема.

    Еве супер што за кратко време после сторијата за Индиецот со златна кошула (од неколку илјади долари; кој беше жестоко нападнат во сите коментари).... :tmi:
    Излезе нова статија за: ФОТО: Џесика Алба носеше огрлица од 5,8 милиони долари на „Златен глобус“, каде сите коментари се како е прекрасна и слично. :o

    1 - Разликата од златната кошула и огрлицата е во милиони долари. Ама тој беше нападнат како ги трошел парите, а некој немал што да јаде. Бај д веј бил грд. Личните тие, го проценаа дека бил грд. |(

    2 - Зошто олкави предрасуди ? Зошто некој толку жестоко го осудувате, а некој (кој во случајов потрошил милиони повеќе) кажувате: леле колку е прекрасна.

    Зошто сега не се секирате за гладните и босите ? :!:

    Едноставно, ова ми е пример, каде човекот не си го покажува својот карактер, туку своето лице. Спрема кому како му одговара, така ќе се однесува. :^)
     
    На marama, Monna.Monna, Nymeria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Ова е еден од тие денови кога не ми се мрднува од дома.
    Надвор си снежи ли си снежи....А јас имам некои обавезни вежби..
    Се уште барам некој добар изговор со кој би се оправдала. :?:
    Значи јас дефинитивно сум за вонреден факултет! :devil:

    И денес ,ветувам дека ќе учам.Морам. :hai:
     
  17. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Си замислувам како некогаш дека ќе шетаме, држејќи се за рака ... ќе ме гушне за да ме стопли ... али веќе нема такво нешто, се е тоа само фантазија, што по моја, што по негова вина :|

    Нејсе, барем да не дуваше |( ќе си прошетав сама. Али тоа е ...

    Туку зборот ми беше: Денес со Русија ракомет а? :?: Како што би кажал еден другар: „Ќе биде жустро“. Али јас верувам во нашите дечки ^_^
    Пријатен ден на сите :nod:
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК...благодарам на сите за вчерашните честитки, убавите желби, преубавите сликички и се останато....бидејќи на секоја нова честитка се повеќе и повеќе се насмевнував и денот ми стануваше поубав. Ви благодарам што бевте дел од вчерашната моја радост...а сега повелете малку да ве почастам.

    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    • 21-cake-top-2.jpg
      21-cake-top-2.jpg
      Големина на фајлот:
      483,3 KB
      Прегледи:
      351
    На antonina, Serafima, Greeen и 4 други им се допаѓа ова.
  19. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Ќе одам неколку дена на планина, во село. Тргнувам за неколку часа. Се надевам дека добро ќе си поминам. Навистина ми е потребен одмор, пред се психички и надевам дека ќе го добијам овие неколку дена. Сакам да се ослободам од напнатоста која ме следеше во последно време и конечно да се опуштам и да уживам во слободните денови кои што ми преостануваат до почетокот на наредниот семестар.

    Ве поздравувам :*
     
    На Serafima, Angy.g и Hopeful им се допаѓа ова.
  20. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Чуден овој Јануари.Никогаш не сум го сакала.
    Трошиме повеќе отколку што имаме,јадеме повеќе отколку што можеме,искажуваме љубов,поврзаност и разбирање повеќе од искреното.
    Да се вратиме во реалноста и да почнеме да живееме во годината на чијшто почеток потрошивме колку што би потрошиле за 3 месеци.Мразам претерувања во секоја смисла..
    А да им дадеме мир и спокој на новчаниците.. :) :)
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.