Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.723
    Допаѓања:
    43.784
    Пол:
    Женски
    Времето убавина, сабајле го испив чајот на тараса во друштво на кутрето, убаво ни беше додека не` печеше соцето.
    Некако како да доаѓа пролет, не залажува само, ќе тргнеме кој на факс, кој на школо и тогаш ќе зафатат студови, јас пак никогаш не го сакав Февруари, баш поради ова, секогаш во него ми е вистинска зима.Да се разбереме сакам јас зима, ама додека седам дома за да можам да уживам во неа, а не како лани саат ипол чекајки автобус на нејзините сурови услови.

    И јас како и Кравче се радувам на завршувањето на паузите на сериите.Tоа ми е релаксација на умот и телото, обожавам серии и филмови, друг свет, некој подобар или полош од нашиот, зависи...Јас стварно неможам да ги разберам луѓето кои не гледаат филмови, се трудам мајке ми, ама колку јас само научив од нив тоа никогаш немаше да го научам пиеејќи кафе со таквите.
    И не зборам за оние кои немаат време, тоа го сфаќам, ами за оние кои не сакаат и те гледаат накосо кога ќе им речеш неможам сега да излезам гледам интересен филм, ах луѓе.

    И така луѓе, може малку сум ви досадна, ама ако.Чао
     
    На Lux, Lepaaa, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  2. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Летото во 1969, во Њу Јорк, Доктор Сакс пробувал да излекува неколку пациенти кои биле во кататоничка состојба. Еден период, изгледало како да успеал. Пациентите кои го примиле лекот развиле толеранција, но за кратко време тие се вратиле во својата кататоничка состојба.
    Кратко раскажување на еден важен настан во нашата историја.
    Го гледав The Awakenings пред малку, базиран на овој настан.

    Штотуку разбудените пациенти знаат како да уживаат во животот, да уживаат во нештата кои ние, не ги забележуваме и не оддаваме никава важност. Нешта кои мислиме дека никогаш нема да ги изгубиме. Да бидеме благодарни, м? Некои луѓе незнаат како да уживаат во животот.
     
    На kravce, DzingrlakaDzikica, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.682
    Допаѓања:
    104.671
    Пол:
    Женски
    Кафе, дупло, дупла петка накај дома, дупла постелнина за пеглање, дупли кревет, дупирање навелико.... Си го сакам новиот дупол живот :D
     
    На Lepaaa, CIA, ilipili и 10 други им се допаѓа ова.
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    ...Животот е како журка.
    Покануваш многу луѓе, некои си одат рано, некои остануваат, некои се смеат со тебе, некои ти се смеат тебе, некои нема да дојдат...
    Но, на крајот, после забавата, само неколкумина ќе останат да помогнат да се исчисти нередот... И најголемиот дел од нив се токму оние кои воопшто не се виновни за целиот тој неред... :)
     
    На Name, Lepaaa, CIA и 19 други им се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Од каде да почнам......со оглед на тоа што мене и уште неколку среќници не немаше на списоците за испити, денеска правец студентски за да всушност дознаеме дека таму ни ги изгубиле сите 8 пријави, па моравме да купуваме нови...башка што не сум од Ск и патот плус нели, ама ако мене пари ми растат на дрво.
    Како и да е, после ги носевме лично кај секретарките и една од нив со цинична насмевка констатираше дека ние сме всушност лажговци и не е вистина дека од студентски ни ги изгубиле пријавите, туку ние не сме ги однеле на време.
    Само една дотична дама не пречека како што доликува, со насмевка и не ни направи никаков проблем, туку напротив сочувствуваше со нашава мака, и ја гледав..и се прашував ЗОШТО НЕ СЕ СИТЕ КАКО НЕА?!?!?!
    Мразам (не)луѓе.
     
    На Lux, Dulceee, CIA и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Малку тмурен ден со однос на тоа што е облачно надвор,но добро барем не е ладно затоа се шетам низ цела куќа по пижами и волнени чорапи и го разносувам насекаде какаото. За малку и ќе истурев ќе ме убиеше мајка ми,добро е што не е тука да ме види. :lol: Вакво време не е за мене,и јас сум тогаш таква намуртена и нерасположена. Ајде ќе се најде друштво за на кафе,да се разбие монотонијава малку оти не се издржува веќе. Тој како и обично на работа,а кога е втора смена мене времето бавно ми минува,а и нема кој да ме забавува. |( Плус па и вчера ко ми кажа дека сеуште не му се одобрени одморите ме разочара,и уште ми држи и денес нервозава. Сакам да спијам цел ден. |-)
     
  7. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Ммм.. колку прекрасно утро помина. Топличко, дувка ветре, надвор Сонцето ги покажува помалку своите зраци. Се будам пред едно два часа, а дома тишина, за чудо само татко ми дома од 6 души. Пополека ме буди, ми рече ми згреал за јадење. И јас така полека, се извлеков од преудобниот кревет. Го отворив прозорецот. Ммм.. е тоа беше миг за памтење, кога одеднаш сите зраци од Сонцето се прибраа во мојата соба, ветрето го разнежни секој дел од моето тело. Просто прекрасно утро, прекрасно будење. Камо да е секој ден ваков. Нежен и топол, полн со љубов и убаво чувство. :sun: :f: :sun:
     
    На Delta2 и Angy.g им се допаѓа ова.
  8. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.738
    Пол:
    Женски
    Леле бе луѓе, кога ќе ми текне дека има уште само 4 дена од распустот... ;( :@
    Кој ќе ги трпи пак сите тие нервози, стресови, ааааааа :headbang:
    Ај ќе си се тешиме - уште неполни 5 месеци... :) Ептен малку, а? :D
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Денеска направив две паметни работи, се договорив за шпрехен часови, еднаш неделно додека не отидам за Дојчланд, и се зачленив во библиотека. Не знам која е попаметна, ама дефинитивно до умникот е, ми иде паметот. :D

    Надвор топличко, јас успешно се пречистувам со мандарини и јогурт, и планирам да завршам со ноќните сеанси на ждерење, како честитање на мојата одлука, си купив едно крем блокче од Агроплод, :rofl: а само влегов по скроз друго. Налет, ќе слабеев месецов, очигледно, ништо човек не може да си испланира и да си остане доследен, само ми се пореметува планов. |(

    Уште два испита до крај и јас веќе некако.... немам сила. :^) Мислам дека кога ќе дојде време за дипломирање, ќе платам да ми ја напише некој дипломската, е до толку мрза ќе станам. (џаст кидинг за загрижените, сама ќе си ја пишувам) Пак се полагаше ко лани, секоја недела по еден, и тоа искрено ме исцрпува. Последниве 6-7 недели цело време нешто полагам, со нешто се бафтам. Деновите се броени, летаат, се частам со слободен ден после полагање и ајмо одново сичко.

    Дома се збрлавени, Боже Господе, им се качува шеќерот, не прават ништо лошо, ама ми висат, поточно мајка ми.... па и некој и дал слободен ден, ептен е среќна... само сестрево ме разбира ко што треба. Многу ми е интересна, малку се издвои од тоа дечиштата и се стабилизира кога е само со мене и цивилизиран народ.

    За чудо, вчера почнав ноншалантно да си разговарам сама со себе на германски во глава. Ми рече овој лереров, ако сум си нашла маж во Дојчландија, без проблем ќе ми дале виза, сум знаела предоволно за тоа. Е фала, сега слободно можам да се мажам. :rofl: Некна си правев сама интервју на англиски, никогаш не се знае кај може да ти притреба. Ми треба и трет работен јазик, малку е ова. ]:)

    Ај да повторам фајнал раунд, и веќе затворам книгите... :devil: Малку брука е кога на еден јазик знаеш комплексни граматички формации, можни начини, пасив/актив ово оно, а се сецнуваш ако треба саатот да го кажеш. :rofl: Комплициран народ, зошто одземаат минути после 35, зошто не е 15 и 37, туку е 23 до 16? :geek:

    п.с. Сакам пита со зелкаааааааааааааааа! :devil:
     
    На Bright, marama, Buttterfly и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Во новата година си посакав како и секој друг многу здравје и среќа, да променам некој стари навики кои знаев дека се лоши, да бидам похрабра и порешителна, да не си земам се за срце како што правам секогаш и куп други работи.
    Можеби засега не ги исполнувам сите многу добро но има време пред мене е цела година, но има нешто што многу добро го исполнив, си пронајдов место каде ќе имам мир, место каде ќе можам да кажам се што ми лежи на душа, да добијам совет....ве пронајдов вас, и искрено многу сум среќна :)
     
    На Angy.g, crazylady и Hipster им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Абре за денови како вчерашнот вреди да се живее до 101 и назад.
    Секогаш викам, за да ги цениш убави работи и убавите денови треба да имаш и неубави.
    И ете ми награда за 20те напорни дена со совршен вчерашен ден.
    Како викаат малку кекс, поише секс, и малку успех во полагање, малку среќа поише знаење и нови епизоди од сериите, can not get better from that.
    Па и како се изнаспав, џоа бебенце.
    Сега можам да вложам уште поише напори така уште малку остана до крајот на сесијава,уште 14 дена.
    И сакав да додадам дека не е се така црно, читам деновиве колку можам, цело време се говори за шпиуни, лоши муабети, оговарање и сплетки.
    Има тука но форумов девојки кои навистина го ставаат зброт човечност во човека.
    НЕ очекував искрено дека без збор и без никаков услов ќе се понудат и ќе ми погонат до крај.
    Ви благодарам за се.
    Има сеуште луѓе,кои нависитна несебично го делат своето знаење и знаат да жртвуваат час до два за да му помогнат на некој било кој, макар и странец.
    Имам надеж, нависитна имам.
    Секое добро, и обидете се да бидете попозитивни, и да ја гледате понекогаш и убавата страна на работите, убавата страна на луѓето, не се сите злобни и себични.

    П.С лажам, се набутав ко свиња, ама немам ни малку грижа на совест, убаво ми дојде на душата, си се почастив за тоа што учев напорно, еднаш се живее. Тие грама од јадење со љубов не се ставаат нели :wasntme: :D
    Hakuna-mamata! 8)
     
    На Lux, Lepaaa, CIA и 34 други им се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Многу сакам спонтано смешни ситуации. Седам на ручече со луѓе кои ги знам едвај само неколку дена. Збориме за јадење и глупости. И јас онака ноншалантно без да ги погледнам, јадејќи си ја чорбата, си истресувам
    - Хм, нареднава недела ќе бидам среќна ако воопшто нешто јадам.
    - Зошто?
    - Импланти ќе ставам.
    Поглед у таван. Поглед едни накај други, срамежлив поглед во моите гради, ко да сакаат да ги изанализираат, ама незгодно им паѓа, па поглед пак во таван...едвај мрмори едната
    - Па доообро, сепак е тоа личен избор.

    Јас ги гледам нив, па си ги гледам градиве, се чудам :^) и тука ми светнува и свикувам
    - Аааааа неееее!!! Во уста ќе ги ставам!!! Не во градиве!
    - Во уста?! :^) Уште поголемо чудење.
    - Заби бре луѓе, заби! :rofl:

    Мхм, какво време дојде, сите да претпоставуваат дека пре ќе си ги напумпаш градите него дека ќе си ги средиш забите :D
    Не дека силиконот го врти светот ама и те како им се врти во глава на некои луѓе, онака, по дифолт.

    Она ко тестот, дај им слика на повеќе луѓе па следи да видиш кој што гледа во неа. Сите ќе ти дадат различен одговор со сигурност.

    И така. Си напраив муабетче. Ајт убава среда луѓенца :)
     
    На Chica.Loca, Lepaaa, CIA и 25 други им се допаѓа ова.
  14. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Денов ми е прекрасен. Утрото беше сончево, а јас насмеана. Малце напорно за станување (тоа е нормално, кога се легнува тооолку доцна), ама сепак добро беше. :) Одејќи кон дневната осетив мирис на убаво кафе.. Влегов и веднаш на моето лице се појави онаа вистинска насмевка од 6 до 6, се исполив со позитивност, се изненадив. На масата ме чекаше шоља топло кафе, две колачиња до него и порака. Така, насмеана, ја зедов пораката, на неа пишуваше:
    „Убаво кафе, за убав почеток на денот.
    Со љубов, твојот брат“

    Ми го разубави денот. Сакам изненадувања. Го сакам брат ми. :l:
     
    На kravce, Serafima, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Nobody cares until it's too late...
    Не дека те сакам , се плашам да те изгубам..Татко..потпора..грб..не оди.
     
    На Moira и Hipster им се допаѓа ова.
  16. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Камо да бев среќата јас, брзо ќе итав од човек на човек, како неуморна трудољубива пчеличка која собира мед. Камо да бев среќата јас и небото и земјата ќе беа распеани од насмеаните лица, од детската смеа, од птичјиот џагор, од песните за радоста, од жуборот на потоците, од звуците на океаните зошто јас ќе носам само среќа и секому неуморно и без да очекувам нешто за возврат ќе го дарувам со среќа.
    А тагата ќе ја бркам од секоја ваша мисла и од секое ќоше кај што се сокрила, зошто таа злобно злобно и лукаво се крие и ве денмнее барајќи поволна почва да нападне и полека полека потоа да се всели во вас за да ви ги труе радосните мисли и мирот кој зрачи од вас.
    Камо да бев среќата јас немаше да има ниту болни, ниту, гладни, ниту расплакани, ниту растажени, ниту обвиени со болка туку само насмеани лица кои се радуваат на новиот ден, на животот, на веселите поздрави на соседите, на срдечните желби на најблиските и роднините, на дождот кој ќе им ги мие среќните лица, на белината од снежната покривка, на зелените ливади, на брзите потоци и реките и на се што им пружила земјата.
    Сакам да ви кажам Камо да бев ја среќата сите сигурно ќе бевте среќни, а сигурно и јас зошто јас речиси заборавив што е тоа среќа што е тоа да се биде среќен, среќно ќе се потсетам самата себе на среќата која ќе ме скокотка нежено и ќе ме тера искрено да смеам и радувам на се што имам.
     
    На Moira, kravce и Serafima им се допаѓа ова.
  17. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Денес, по долго време бев во гимназијата каде што учев. Мојата гимназија.

    Немам влезено од денот кога полагав матура. Тогаш едвај чекав да излезам и да зачекорам во големиот, страшен свет, во светот на возрасните. Сега, како што влегував во дворот, со секој чекор се навраќав на моите тинејџерски денови, и секој чекор побудуваше ново сеќавање. Уште кога ја видов влезната порта, секогаш ширум отворена... Колкупати имам влегувано и излегувано од таа порта. Често во трчаница (океј, скоро секогаш во трчаница :D), понекогаш безволно, понекогаш со нетрпение, понекогаш со голема насмевка, понекогаш изнервирана и на работ да заплачам. За жал вратите беа заклучени и немаше професори ни служители, сите се на распуст. Читав некои соопштенија залепени на вратата. Ѕирнав внатре, се останало исто.

    Си размислувам, колку ми беше едноставен животот тогаш. Истите плочки, истите парна, истите клупи секој ден. Сепак, најмногу пораснав и највеќе нови работи научив за време на средношколските денови, особено последните две години. Кога си помал, кога завршуваш основно, првата година, па и две, од средно, имаш големи соништа. Мислиш дека ќе ти се остварат. Мислиш дека луѓето се добри и навистина имаш пријатели. Во текот на процесот сфаќаш дека луѓето се користољубиви, не сите што ти ја бараат домашната математика ти се пријатели, скоро сите ти зборуваат зад грб, и соништата може да ти се остварат со многу труд, ама попрво ќе им се остварат на оние со малку подлабок џеб или малку повеќе среќа. Всушност соништата многу тешко се остваруваат, па пополека се спушташ на земја и почнуваш трезвено да ги перцепираш работите.

    За време на средно постојано учев. Сите оценки, и тоа не само на тромесечија и полугодие и крај година, туку и на тестови и испрашувања, ми беа 5ки. Немав оценка пониска од 4ка, а 4ките од сите четири години, најчесто од тестовите математика, ми се броеја на една рака. Во еден период одев на три курса, Англиски, Германски и Италијански. Бев вклучена во повеќе проекти, презентации и слично. Што добив? Апсолутно ништо! Не земав никаква стипендија, ретко некој да ме пофалеше за трудот, ништо особено не постигнав за време на овие четири години, ништо што ми помогна за факултетот. Матурата ја положив со 99.86 поени, и што? Ништо, од моето школо само двајца матуранти не се запишаа на факултет, сите останати се запишаа каде што сакаа. Вредеше ли сиот труд, мака и нервози?

    Да сум сега во средно, нема толку да се замарам за се. И не сакам да бидам погрешно сфатена и средношколците да мислат дека не треба да учат. Само нека си остават малку време и за филмче, за кафе со пријателите, нека се успијат некое сабајле, нека прескокнат некој ден поради испрашување или тест за кој не се спремни. Сфатив дека работите можеш да ги добиеш со многу труд, но многу, многу тешко. Студирам моментално и воопшто не сум сигурна дали ќе го работам ова што го студирам. Којзнае каде ќе ме однесе патот, којзнае дали воопшто ќе останам во државава, а ако останам, којзнае што ќе работам. Ќе бидам многу среќна ако го работам ова што го учам, но не сум толку оптимистична. Исто така, освен што нема толку да се замарам за учењето, нема да се замарам ни за што другите мислат. Во средно бев преопседната со тоа како изгледам, дали ќе им се допаднам на другите, што другите ќе мислат ако го направам ова или ако го облечам она или ако размислувам поинаку од останатите. Толку упорно сакав да се вклопам и да личам на другите, се прашувам зошто. Веројатно сето тоа е дел од процесот наречен растење.

    И покрај се, задоволна сум од тоа каква излегов :D
     
    На Lux, Peppermint, Grejsi и 28 други им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    48.652
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека стварно не ја разбирам поентата на правењето на фесбук профил на вашето домашно милениче .
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е значи некои луге немаат пардон :x
    одам јас да аплицирам во една иституција-што се вели народски да си ја пробам среката ама на огласот не пишуваше дека мора само со високо образование а јас нели апсолвент и кога згрме едната од вработените на шалтер-толку ме фати срам, да пропаднам во земја беше :doh: сум можела само со средно образование каде е наведено во огласите да аплицирам-се ок, ама жено божја не викај толку :swear: :fubar:
    колку и да сакам понекогаш да останам инкогнито едноставно не можам-што карма ке беше ова :envy:

    што беља си ставив на глава е друга приказна :doh:
    на еден од колегите на З, кога пред некој насмевка од 6ка до 6ка ама така некако бев расположена не дека ми се допага-а кога поминувам, го гледам, јас по обврски, тој на работно место и денес ме гледа во многу поинакво издание до сега и веднаш се врте-изгледа ме бендиса и ме запомни а јас се криев со очила за сонце-неуспешно се разбира, ме позна :lol: и одеднаш пред мене се најдоа и неговите колеги 4ца вкупно, нешто разговараа ама јас игнор и само игнор

    решив јас дома да се пошегувам со моите-демек се омажив-мајка ми кога и кажав една фаца :rofl: ама после свати дека е шега, а татко ми ме фати дека лажам :!: се познаваше цело време се смеев :lol:
     
  20. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    СДК Стварно се гордеам со нашиве ракометари. :rock: :clap:
    Браво момци! Беше густо, со успешно се заврши. Само гледајте да не мора секогаш во последните 5 секунди да го решавате натпреварот. ;)
    Туку уште нешто СДК ... што убаво ми спиеше мачорот на неговото местенце кога ете ти ја сестра ми |( и му вика: „Мацооооо ...“ и овој кога ја крена главата, кога ја виде, се извади од памет :rofl: ... скокна и го снема :( Немам поим каде е сега :sweat: ... кутрото срценце мое :angel: , ќе треба на бајачка сега да го носам, доби уплав изглеа ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.