Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Изгледа , само јас на форумов сум против нашава репрезентација :^) Ама што да правам бе многу ги мразам :doh: (сите до еден :!: )Сите кај мене дома спремиле кафе грицки се дерат ,,ајде лазаров ајде оди му '' А јас уникат бе 8) :,,Напред Русијааааа ајде Русијаааааа'' како некоја не токму :lol: (Не ми замерувајте, не сум била , не сум и нема да бидам патриот :) Ааа заборавив во петок за Данска ќе навивам :devil:
     
  2. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Возбудена сум. Цела си треперам. Очекувам телефонски повик за работа.
    Се чувствувам позитивно, знам дека ќе бидне. Ќе биде како што треба.

    Трчај ваму, трчај таму цела документација сум ја средила. Сега се чувствувам како огромен товар да ми се симнал од плеќите.

    Му се радувам на снегот а истовремено и го пцујам. Убаво ми е.
    Почнав да го засакувам градов. Почнав да се вклопувам, да учам да уживам низ тесните улички и големите булевари, низ малите плоштадчиња, низ слатките пабови и барови со ирско-англиски шмек.
    Почнав да се вљубувам.

    Уште либето да ми дојде. И се ќе биде совршено.
    Гледам гарсоњери за издавање, шмркам од кафенцево, и си се засладувам со цигара. Надвор снегот си вее а јас тутната во ќебе си ја градам иднината во мисливе и се греам со љубов.
    И тој брка работа. Ќе штедел пари.
    Ќе успееме, му реков јас уште првиот пат.
    Уште неколку месеци. Само уште неколку месеци.

    http://www.youtube.com/watch?v=lsNBQJEofQM
    п.с. Песнава ми е мотиватор периодов, па ви ја подарувам и на вас :*
     
    На tweety26, Lux, Bright и 22 други им се допаѓа ова.
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Во последно време само една слика гледам за себе си , тлакам по улици а немам некоја особена цел.
    Се така празна се осејќам ни тагата веќе незнам како да ја наречам и таа зема некој друг правец.
    Работа нема а ако ја најдам знаам каква ќе биди , никаква де каква .Божем ќе најдам онаква каква барам жими ста//в што го немам.
    Проблеми на драги луѓе околу мене со лопата да ги риниш , моите исто така не се голтаат ни сркаат .
    И што депресија ќе фајќало ќе фати што ќе прај , кога од 24 саати 14 лицето ми е со смрштена фаца.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.081
    Допаѓања:
    179.159
    Пол:
    Женски
    мхмх.... нц, јок, не глеам ракомет ја.. иам слабо срце за вакви ствари :D
    Ќе почнам да глеам коа ќе (ако воопшто) влеземе во финале...евентуално полуфинале можда :?:
    :D :D
     
  5. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Денес хормонот на среќа многу активен пу пу машала да не го урочам не го зборам веќе. Како и да е и временцето денес ми беше милина
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.694
    Допаѓања:
    22.951
    Пол:
    Женски
    Попладнево тема на размислување ми беше овој збор: „дискриминација“ и неговата примена денес во разни контексти. Дојдов до неколку заклучоци преку примери со луѓе и настани од мојот живот:

    1. Баш тие кои се жалат на дискриминација, во најголем број од случаите се баш тие најмногу што дискриминираат. Знаете нешо у стил „Ти ваков/таков/онаков, кој си ти да ме дискриминираш мене?“ Почитувам атеисти (право на избор) и никогаш не сум им пререкла за нешто, но од повеќето од нив се имам изнаслушано такви гнасотии за мојата вера, употребувајќи во нејзин контекст најпогани зборови, безобразни вицови и шо се' не. Call me crazy, но се чувствувам ужасно непријатно кога некој во мое присуство кажува виц за некој лик од мојата религија. Од тој аспект и ги сфаќам муслиманите шо се лутат кога цртаат карикатури на нивниот пророк. Едноставно не сум подготвена да гледам/слушам за ликови во чиј живот и дело верувам и се восхитувам во хумористичен, небаре исмевачки контекст. Ја не кажувам вицови за атеисти, молим лепо. Па поврзуваат со настани со тероризам, крадење, педофилија (кои патем, не се поддржани во ниту една од попознатите религии)

    2. Баш тие самите се дискриминираат кога го користат тоа за одредени привилегии. Пример со оние од други градови (НЕ СИТЕ ЗНАЧИ НЕ МЕ ТЕПАЈТЕ!!!) ама има примероци на факултет, пример шо си извлекувале привилегии со тоа „ама, јас знаете од друг град сум, може ли за мене тогаш?“. Зборам за градови од кои побргу се стига до Центар отколку од Ѓорче/Сингелич/и сл.

    Заклучок: Доколку не сакаш да бидеш дискриминиран:
    1. Не дискриминирај!
    2. Не барај посебен третман и привилегии врз основа на твојата различност!
     
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк никако да ми тргнат работиве од рака деновиве.

    Арно викат, како мислиш така и ќе ти биде. :!:
    Ми треба некоја позитивна енергија да го издржам периодов.
    Немам сили повеќе, така се чувствувам.
     
    На eli25 и Sara123 им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Пред некое време си седиме со љубениов во опуштено расположение, пиеме кафе, си муабетиме... кога одеднаш тој со сериозен поглед ја остава шолјата на маса, клекнува пред мене и ги зема моите дланки во неговите. Го гледам збунето и во тие неколку секунди ми прелетуваат милион нешта низ глава! Не успеав да изустам ништо, се чувствував како некој да ми го врзал јазикот, ама постојано си мислев: Овој да не полудел?! :o

    А тој ме гледа во очи и ми вели: Ана, дали би сакала да бидеш моја...

    (подголтнувам)

    ... вип пријателка?


    (неколку секунди тишина)

    :^) :^) :^)
    Што?!

    - Вип пријателка бе. Да зборуваме бесплатно 1000 минути цел месец! Сега кога сум во пост-пејд, треба да си одберам еден вип пријател. Јас те одбирам тебе.

    И ми трепка со очите :wasntme:

    Ох, колку романтично - му викам!
    Да! Мојот одговор е да!! ^_^

    И така... Уште еднаш ми ја докажа љубовта.
    Благодарение на Вип.
     
    На tweety26, cinderella5, machka1 и 58 други им се допаѓа ова.
  9. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Ми падна пајак од таванот!!! :o :o :o
    Летачки пајак беше тоа! :o

    Темен ми е тепихот не знам кај замина...
    Туууу бреее парите ми отидоа. :worried:
    Сега само пајажина може да фатам, да подзачистам дома :D :lol:
     
    На Name, danichap, Jagoda123 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека е многу горчливо чувството кога некој што ти оставил длабока трага во срцето, со кој сте се сложувале предобро, сте можеле да направите многу убав, отворен и опуштен разговор на било која тема, повеќе не можеш да го пронајдеш никако. Премногу чудно, но беше рефлексија на тоа што сум сега, за жал бев премала за да сфатам. Најмногу боли тоа што сум тотално немоќна да направам било што, а знам дека е сеуште присутен на светов...
     
    На tweety26, sweet-cherry, CIA и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... зошто, ооооо (тегет) секогаш отсуствувам од важните случки? :D
    Се затворила Модни критики, лути и бесни девојчиња, модни писти, бесни глисти, сите сме (лајна) исти !
    :D

    Во меѓувреме, живот ми се случува.
    Се шашардисав од работа, буквално, функционирам на кофеин и овошје до кај 19 часот, а подоцна се отвара пештерата и додека не се наполни со: супа, главно јадење, салата, пуканки, мало благце и еден чај со мед, нема затворање.
    Почнувам да се загрижувам додека си го галкам мекото спојлерче, како мала пифтија.
    Со душа ја чекам платата да си ја обновам членската книшка за фитнес и теретана (ќе пишев тарана за малку).
    Фит енд фан, хир ај кам. ;)

    Друго, сериозно ѝ се посветив на социјалната мрежа за унапредување на кариерата.
    Сум додала милион контакти и сум напишала беспрекорни мејлови во кои културно молам за работа. :D
    Сега имам ново хоби - манијачам еминентни луѓе од бизнис сферата за евентуално сериозно вработување.

    ТреЌо, си шетам нечупана веѓа, ала Мацко Стојановски.
    OH who am I kidding, човекот има веѓа и пол, среден и спастрен, а не Баба Рога како мене.
    Ако некогаш има кастинг за Дрекавац, директно одам на премиера.
    За неупатените, Дрекавац не е баш Баба Рога.
    Тоа би му дошло, хмммм, ко балканска верзија на Голум од LOTR.
    Барем во надворешен изглед.

    Да, знам дка овој пост е бајаги психоделичен и еуфоричен.
    Испијте и вие 6 кафиња, и слушнете се со 57 луѓе на телефон, па јавете ми.
    :D
     
    На tweety26, vendiii, ludoto19 и 30 други им се допаѓа ова.
  12. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    :tmi: :D
    Да не знае човек дали да се срами или да се смее.
    Се вратив од библиотека и пола саат се тераме со брат ми кој да оди до продавница.
    Не дека ни е далеку, блиску е.. Туку, кој од кој поголема мрза, наследно ни е тоа. :wasntme:
    И ај, се убедивме некако, ќе одиме двајцата. Влегуваме во продавница, зедов тоа што требаше и одам на каса. Стојам, чекам да ми наплати, и зад мене доаѓа некој.
    Се вртам така по малце, како што видов жена е, ама не бев сигурна. Се вртам уште еднаш мааалце, и уште еднаш. :tmi: Кога, машко било, и тоа симпатично. :$ Се чудам како му било него, ама тогаш не мислев тоа. |( Истовремено, продавачот чека да се свестам каде сум и да го земам кусурот. Јас, така замислена гледам во некоја X точка.. И одеднаш слушам "Девојче па кусуров по пошта ли да ви го пратам?" :angel: ( Е ваква фаца имаше)
    Се сепнав, си ги земав парите и си отидов. За срамота.
    :tmi:

    Па не сум јас крива што тој беше симпатичен, нели? :wasntme:
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.837
    Трет ден на овошје и јогурт. Релаксирачки е, за чудо.

    Дваесет и пет години Љубов кон Скопје, мирисот на ќебапчиња во Чаршија, разговорливите ќошиња кај што кројачот, продавачот на шапки и кафеанџијата пијат чај надвор и тераат муабет. Некогаш така, како странец во својот роден град, се ашкам без да барам логики и одговори на сите прашања што се поставуваат како мршојадни птици врз него. Го сакам безусловно, страстно, единствено и ми недостига кога не го гледам, а секогаш го ловам со срцето, како пеперутка во мрежа.

    Денов беше топол и чуден како да е 10 јуни. Индиго облаци, мачки полуденки, откопчани јакни и освежени, исправени лица. Месечинава е како насмевката на мачорот во Алиса во земјата на чудата. Книгиве ме чекаат да ги дочитам, а ме спопаднал некој тивок немир, ме лула како во песочен часовник. Ја видов арката, сплавот, што и да е, среде Вардар. Смешки. Подголтнуваш, просто. Го сакаш и го мразиш она што му се случува на ова место. Графитите се вдолж Партизанска, до Ново Лисиче, Радишани и накај Кисела Вода, до Карпош, Сарај и Матка. Секое место дише во својот кожурец. Како Евлија Челебија, сакам да напишам многу, а срцево ми држи малку, прекипува.
    Го чувам за нас, за сите мигови што следат. Бев да ги посетам неговите, и пак, во спалната, мирисот на Нас. Душкало, но овој пат не плачев. Знам дека ќе дојде и ќе се љубиме како никогаш порано. Ми купил хулахопки со срциња и цел ден се закачкавме виртуелно. Ми значи што разговара со мене како да е овде. Релацијата ја одржавме, не знам ни сама како. Со Љубов, ами што.

    Скопје, не те оставам никогаш, во мисли и во срце си ми, колку и да сум далеку од тебе. И убаво ми рече Везилкана, како медиум, кружиме низ сопствените животи и приказни. Сум те живеела, и ќе те живеам, граду мој, љубов моја.
    Едвај чекам да пркне пролет, точаците да остават траг по градов со срциња, ко во најмутав романтичен филм, и на шаторско крило да си лежиме зјапајќи во облаци.

    Скопје, јас и ти. Микро приказна за големи нешта.
     
    На ludoto19, Hopeful, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Премногу сум чувствителна!
    Ужасно многу ме повредуваат луѓе кои сметам дека несоодветно се однесуваат со мене во одредени ситуации.
    Воспитана сум сите луѓе кои не ги познавам подеднакво да ги ценам и почитувам.
    Без оглед на нивните физички и умствени недостатоци, нивниот капацитет на интелигенција и образовен статус..
    Ма, без оглед на се!

    Се почувствував многу омаловажено!
    Бев на испит и непосредно пред да си заминам, сеуште седната пред професорката - во нејзиниот кабинет влезе еден човек. Претпоставувам нејзин колега/професор кој мене не ми предава.

    Професораката во истиот миг заборави дека постојам, си ја потпре главата на рака, раката на катедра и започна разговор со колегата. Уште што не ми го заврте грбот. |(

    Се почувствував многу лошо, како да не постојам, како моето присуство да не беше воопшто битно. Нашиот разговор, без никаков крај едноставно заврши. Не успеав ниту да се доискажам, не ми беше дадена прилика за тоа.
    Капак на сето тоа, на моето "Довидување" пред да си заминам, никако не ми возврати. :?:

    Зошто? Бидејќи сум студент и не сум на иста бранова должина со еден професор? Затоа ли не заслужувам една основна, морална-етичка почит?

    Епа џабе и е факултетот што го завршила, а џабе ќе и бидат и уште други три.
    Кодексот на однесување и е катастрофален, а тоа не се учи и стекнува на факултет, туку дома, преку домашното воспитување.
    За само минутка-две јас во целост го променив своето мислење за овој "интелектуалец" а навистина имав одлично мислење..
     
    На kravce, Lepaaa, Hopeful и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    На Фемина сум? Добро е :whew:

    Изгубив секаков осет за време и место. Не знам кај сум, имам претерано многу работа периодов. Сериозно се изгубив. Ниту ми текнува за јадење, ниту за ништо. Да ми е жива и здрава мајка ми, која секое сабајле пред работа ми цеди свеж овошен сок. Тоа е она на што живеам последниве месец-два :sweat: Какви празници, какви бакрачи. Сите се дебелеат за празници, а јас слабеам како луда.

    Коските кај колковите ми рипнале како кога бев седмо одделение, клучните коски ми се повидливи од било кога, образи веќе немам, само коски-јаболчници... Ако застанам пред огледало, меѓу надколенициве можам да си гледам што има зад мене од што имам дупка :rofl:
    Ок, малку двосмислен ми е муабетов со надколениците, ама нема врска :rofl:

    Една колешка ми вика денес: Ти откако дојде кај нас, се стопи. Толку ли работа ти даваме што вака ослабе? Ја гледам и си мислам: Ела, дојди да се смениме, јас да пијам кафе и да се кикотам 7 од 8 часа, а ти да правиш 402575989854 работи истовремено како што јас правам.
    Луѓе, ако верувате, вршам работа не за еден, ами за 20 луѓе. Колешкава ме научи дека не оставам ништо незавршено, па кога не и` се работи (а тоа е секој ден :^) ), ми ја остава мене целата нејзина работа. Нејсе, способна сум, па го вршам и тоа. Не сум паразит и поарно ми е да работам и да ми летне времето, отколку да дремам на нет, да ги прелистам сите можни портали по 300 пати, а работниот ден да ми се чини цела вечност.

    Туку, не знам што ми е. Многу сум станала перверзна во последно време :$ Малку дури и срам ми е на моменти, ама дечко ми е пресреќен :D Во последно време ми е хит да му праќам пораки со naughty содржина, и му ја замислувам фацата кога ги чита (а богами и нешто друго :lol: ) Е потоа, кога ќе се видиме, настапува интересното :geek:
    Ок, тука ќе прекратам, оти има и деца на форумов.

    Убава вечер :)
     
    На Lux, ludoto19, 1209 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Мајка ми ...ех таа жена колку само со позитивна енергија ме полни.
    Се смеевме сега...И на двете ни се пријаде нешто благичко и таа знае како да го направи моментот уште поубав.Отиде до другата соба и од нигде - никаде поточно :!: од нејзиното скришно место извади една чоколада со цели лешници. :clap: . Мамо,I LOVE U ! :l: :l: :l: :l: :l: :l:
     
    На Lepaaa, Hopeful и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  17. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Неколку страници наназад прочитав дека фалеле старите феминки што го напуштиле форумов.
    Всушност форумов е нешто слично со животот. Луѓето доаѓаат и си одат. Некои ти недостасуваат а некои воопшто и не ги приметуваш. Некои и се враќаат а пак некои и подобро што ги нема.
    За кратко време ќе наполнам 20. Кога имав 15 имав листа на желби и на работи кои "мора" да ги направам додека наполнам 20. Некои работи успеав да ги исполнам а некои не. Многу работи тргнаа во спротивна насока. Направив и ми се случија работи за кои велев никогаш . Во последно време се чувствувам зрело. Да, навистина почнувам да созревам и за многу нешта мислењето ми е променето. Чувствувам дека не сум веќе тинејџерка која го живее својот свет.
    Кога би ме прашале каде се гледам за 5 години и што "мора" да направам не би знаела да дефинирам. Само би кажала дека би сакала да уживам во животот и да се забавувам. Доколку порано бев подготвена да направам и работи кои не ми се по желба само за да бидам дел од толпата и да не ме гледаат како чудак денеска баш спротивно сакам да се спротиставам. Сакам гласно да го кажам своето мислење без разлика на тоа како би им звучело на другите и дали и колку би го прифатиле. Сакам повеќе да ризикувам. Да пробам повеќе нови работи. Да доживеам многу незаборавни случки. Да запознаам луѓе кои дури и ако не останат во мојот живот со сигурност би останале во моите сеќавања.
    Мислам дека најмногу ми годи тоа што конечно прифатив дека во мојот живот не ми требаат оние кои несакаат да бидат таму.
    И да, повторно филозофирам место да фатам книга... :tmi:
    Ма каква книга - сега ќе се релаксирам со едно филмче а учење од утре... :wasntme:
     
    На kravce, Umbrella22, Johny и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Кое лапање падна... па, па, па...
    Многу ми е убаво, така сè накитено, накинџурено, светки насекаде...
    Ама кога ќе ми текне, дека треба да бришам прашина, да ги тргам оние тракатанцине... Па мене пола саат ќе ми треба да тргнам сè само од една полица, а камоли цела соба. Буквално се исполапав со прашината. Откитувај, откидувај, не се откитува. Таман сум помислила-готово, сум заборавила нешто.
    Ама се исплатеше, како сум си ја пицнала собава... Тргав кревети, чистев душеци со правосмукалка, ставив розева постелнина. Дури и на сестра ми креветот. Ама ако, греота е. Испитиве ја докрајчија.
    Затоа поубаво ми е кога е лето. Празничко, спастрено... Сонцето ѕирка низ венецијанките. Друго... Обожавам да пукам балони. Ги пукам со задните образи, многу е интересно. А со правосмукалката, помини-замини, лупни ги малите прсти. Сите ѕвезди ги изброив. Уште малку, повтортно во школо. Па кај баш прва смена, кој ќе станува толку рано...
    Значи почнав со лапање (на прашина), после со бришење на истата, после со поговорката Фали ме усто, оти ќе те раскинам (па ако не се фалиш сам, кој?), после со испитите на сестра ми, па со летото, па со балоните и на крај со правосмукалката.
    Значи како ме бива за раскажување... тоа чудо едно.
     
    На ludoto19, Umbrella22, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Опасно е пмс - то ( по живот :D :wasntme: ) :sweat:
    Сакам да се стопли времево :sun:
     
    На Adi888, Jagoda123 и anggell им се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК толку многу работи, но ги сметам за толку приватни што искрено ич уста не ми се отвора. А баш сакам да си олеснам. У к*рац. Зошто мора да сум толку затворена!? Фрустрира ! |( Колку сакам да можев барем него да го гушнам. Ма само да го видам...и се ќе ми помине. Ајде, утре е нов ден..Како и секогаш. Нов ден, поладна глава од се. Кип смајлинг работава...
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.