Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.021
    Допаѓања:
    16.138
    Те сакам,не те сакам...еее аман веќее..имаш УБАВИ ПЛАВИ ОЧИ..градба на тело УАУ!Карактер и така и така..си ми симпатија,не си ми,:worried: е не знам веќе,зошто мора да ги имаш пропорциите кои ги сакам?КЈАТС СУМ ОДЛУЧНА ЖЖНСКА,ЗОШТО ТОЛКУ СЕ ДВОУМАМ ЗА НЕКОГО?Мразам лкога не знам што сакам и тоа на 22 години..се понашам како некоја тинејџерка
     
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    И колку повеќе размислувам, толку повеќе се уништувам..
    Ми рекоа, ти патиш од тоа твое постојано резимирање на работите... Еве и сега..
    Можеби се е само производ на мојата бујна фантазија.. Можеби се во право...
     
    На Lux, tweety26, ludoto19 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Искрено, не знам што е полошо или подобро, да имаш блиски роднини со кои си помагате, или да се држиш на одредена дистанца од сите.
    Некои луѓе се такви паразити, цел живот научени да чекаат од мама и тато, до толку што не дека не знаат или не можат да се снајдат сами, туку едноставно не се замараат зошто знаат дека вака или така тие блиски луѓе никогаш нема да те остават на цедило.
    Свекрви, баби, кои безгрешно и бескрајно се грижат за внучињата, од една страна да, убаво е тоа, кој не би сакал помош и грижа од некого, ама каде е границата и во кој момент сето тоа станува премногу, излегува од контрола? За бабата внучето секогаш ќе биде внуче, макар и било магаре од 30 години, додека вие како мајки самите си знаете каде се границите на вашето дете, освен ако не сте во некоја патолошка врска.

    Можеби погрубо е да си оддалечен и на дистанца од сите, ама според досегашново искуство далеку подобро. Можеби нема да имаш во секој момент некој што ќе изигрува десна рака, ама барем нема да носиш на врат нечиј проблем. Можеби сам ќе треба да туркаш напред, ама барем ќе го цениш сопствениот труд и ќе научиш како сам да си ги водиш сметките во твојот живот.

    Стоп за мамини синчиња, модерни паразити. Мајки, пуштете ги децата од гнездото и издржете го тој еден месец или два кога го гледате синчето како се бори за опстанок, верувајте во иднина ќе си ги сносите последиците од тоа постпартално одржување на папочната врвца.
     
    На tweety26, ludoto19, Monna.Monna и 20 други им се допаѓа ова.
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Постојат две работи кој човек неможе да ги сокрие: Кога е пијан и кога е заљубен... :)

    Три работи се потребни за добра врска:
    очи кои нема да плачат,
    усни кои нема да лажат,
    и љубов која нема да умре ♥

    Тие што ги сакаме секогаш ги губиме, ретко или никогаш повеќе не се вљубуваме. Се' што потоа доаѓа е бегство од криза затоа што само еднаш се сака, а се' друго е реприза! :!:
     
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Кога имаш нешто убаво и кога ќе почне да се расипува, бараш начин да го искористиш поинаку, да не го фрлиш.

    Кога имаш убави рози во вазна, ги чуваш додека не овенат. Често некој ќе ти рече: Фрли ги овие, стави нови, овенале веќе. Ама тебе ти се многу убави и си велиш: ќе издржат уште утре, па после ќе ги фрлам. Иако на другите не им се убави, веќе забележале дека венеат, ти сметаш дека можат да издржат уште малку.

    Кога имаш некое вкусно јадење во поголема количина, го чуваш додека не се расипе. Штом почне по малку да се чувствува во вкусот дека се расипува, си велиш: Не се осеќа многу, ќе поминам и денес со ова. Свесно го јадеш знаејќи дека се расипува или дека му поминува рокот, но не сакаш да го фрлиш туку така. Пробуваш да го комбинираш на различни начини со други јадења, за да го искористиш додека можеш, меѓутоа не е вкусно како порано.

    Некои работи штом почнуваат да се расипуваат најдобро е да се фрлат со време. Колку повеќе стојат така, колку повеќе „филуваме“ бидејќи не сакаме да ја прифатиме вистината може да биде полошо. Розите ќе направат неред по масата, а од расипаната храна ќе не боли стомак.
     
    На tweety26, ludoto19, Bright и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    100 пати досега правам една иста банална грешка при читањето и 100 пати сум се враќала на зборот (никот) да го препрочитам.
    srcekrsacka. :|
    Погледнувам десно да знам дали да скролам или не, и читам срцескрачка.
    И секогаш постои таа една секунда кога се чудам за кого се работи пред да ми текне. |( Hate it.
     
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    17.259
    Леле што се не убих, испод онох крушке.

    Ја убаво муабет си правам, сфаќам дека од таа страна се зафркават со мене, и после излегува дека ја знам нешто и исмевам друг, а?
     
  8. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Абе нешто не ми штима по форумов во последно време... стварно незнам во што е работава. Гледам и по темава нешто цело време ја спомнувате модни критики, ова, она. Како падната од Марс сум. :headbang:
    А да и стварно ли и Лилит ни го напушти форумот?? Немојте да ми кажете дека и тоа е вистина... Не ова вака не оди :shake:
     
  9. simplyheaven

    simplyheaven Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    7
    Незнам што толку сум згрешила за да сите вака ми враќаат.Сега се чувствувам искористено,изморено и нервозно.Не дека неможам,ама несакам да продолжам напред.Ете несакам.Од сега со никој нема добро да се однесувам.Со никој нема да зборам.Со никој нема да се дружам.Бидејки резултатот се знае.Од сега само јас сум си важна,ке си гледам само за себе :) и за никој нема да ми биде гајле.Ќе живеам само за себе и ке го правам тоа што јас сакам.И сама можам да живеам. Ке живеам.Колкку и да несакам ке продолжам напред.Ке се борам за себе.Ке си докажам на самата себеси дека можам.
    Колку сум била слепа.Животот е прекрасен.Ке уживам,ке шетам,ке читам,ке гледам филмови,ке учам,ке се запишам во фитнес центар едноставно ке се забавувам.Нема заради будали да се затворам во соба и да плачам.Никогаш. :)
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Заклучив нешто од овој ден,нешто многу важно.Дека сум болесник или покултурно кажано зависник од интернет.До тој степен што преминува во болест. Да,Да...
    Ке треба посебни установи да се отвараат и за вакви 'болести' и прва ке сум таму! :!: :lol:
     
  11. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Повеќето од нас поминале низ тој период..само не се секирај,се ќе помине.
    Знам како е да правиш се за "некои",а денес тие некои..се НИКОИ..затоа уживај..живееј си го животот.Тоа што е твое,само ќе си дојде.Само никогаш не се предавај,главата исправена и имај надеж и верба во Бога :)
     
    На simplyheaven му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... знам дека е злобно, уште повеќе знам дека ми „помина возот“, ама нека раскине со девојка му. :devil:

    http://www.youtube.com/watch?v=ZwEYBLVtgc4

    :wasntme:
     
    На pamelche и alessandraaa им се допаѓа ова.
  13. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Ах, Феминки мои да знаете каков хорор ми е денов...Душава ми се тресе...
    На кокерот мој му се појави некоја алергија на ноџето и отидовме на ветеринар.Му ставија инекција за да се смири алергијата и си отидовме дома.
    После 10 минути, кучево ми се шекна.Ненормални реакции, не можам да ви опишам...Се врти во круг, ноџињата му мрдаат, главата ја врти лево-десно, горе-доле и целиот се тресе ;(
    Брзо назад на ветеринар , викаат шок на нервниот систем од инекцијата!Душиче мое, го ставија во кафез во темница под инфузија :( .
    Јас надвор рикам како магарица ;( .
    Три саати го држеа и ми рекоа да го носам дома на темно и без никакви јаки звуци.Го легнав дома, јас до него- тој мрда сирот со главчето и ноџињата сами му мрдаат.Ах, што маки видов ;( .
    Го гушкам, тој целиот се тресе...
    Дури сега малку се смири.Спие по 10 минути, па пак се исправа, па пак заспива.Ама, помирен е.
    Ах, само да ми се исправи на нозе сонцето мое!Само да се опорави!Душа моја :(
    На некој можеби му звучи смешно постов, ама тие што имаат милениче дома знаат што преживувам.
    Поздрав Роси, знам дека ти можеш да ме разбереш...
    Држете ми срека да ми оздраве сонценцето мое...
     
    На Neytiri, Sanniii, vendiii и 30 други им се допаѓа ова.
  14. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Поручокта татко ми викна ветеринар и ги прегледа сите кученца што ги имаме.Го прегледа и моето меченце Мурџо-шарпланинчето и рече дека е многу стар и дека за една година,а можеби и порано ќе умре.Кога слушнав неможев да поверувам.Кога го купи татко ми јас имав само четири години.Тој ни е крал на куќата,многу не чува човек не дава да стапне внатре.Тогаш човекот немаше ни месец дена ни ја донесе и сестра му на Мурџо и рече дека неможел да ја чува неа повеке.Ајде и двата шарпланинца во дворот и по цели денови си играв со нив се додека Кана-сестра му не умре.Тогаш ја градевме куќата,и спроти нас живее баба ми и секој ден одев да си играм со кученцата.Не поминаа три месеци Каничка умре.Јас мала ама толку многу сум плачела...Па после една година донесоа исто такво кученце и ајде и на неа ја крстивме Кана.Послем девет месеци и таа ни умре,а Мурџо мој си остана жив.Многу ми е жал кога кученце ќе умре.И сега цело време мислам на меченцето мое што ќе правам без него ако умре,ќе нема кој да ме чува и штити,ќе нема кој секое утро да ме буди со лаење,ќе нема кој да ме гони низ дворот.Татко ми го има носено на три борби,и на трите победи.Ахх,колку кученца има на светот ама неможе ни едно да го замени на него.Секој што чува домашно милениче знае како минува времето со него,но и без него.Јас сепак имам надеж дека ќе живее подолго.
     
    На tweety26, OneDirection, kate21 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека да не беше братучед ми денес немаше да се смеам , ме врати во детските денови абе убавини па уште и ракомет заедно гледавме и навивање мислиш таму на трибини сме аххххх малку е потребно за да се биде среќен
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    ... колку може да ме потресе пост за милениче,многу тешко ми е да опишам. А велат дека сум имала ладно срце како камен...
    Лола,се надевам се ќе биде во ред :hug: !
     
    На Lilliana, Moira, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    СДК многу чувствителна личност сум. Се внесувам со приказните на луѓето, сочувствувам со нивните проблеми, тажни судбини. Ма и обичен филм знае да ме расплаче.

    Сакам се’ да е според редот, правилата, прописите. Сакам култура кај луѓето, малку повеќе да се покажува добрина.
    Џабе сакам сите да се како мене, таквите денес не успеваат.....
     
    На julie77 и kravce им се допаѓа ова.
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сдк ми го извадија првото коренче. Штрбава сум, ОК не се гледа драстично.
    Моментално брадосаниот ми спие во гушката моја. Има огромна, долга а тесна глава. Има вени кои му се познаваат. Има и роговчиња. Нежен е како бебе. А стар е веќе, моментално е во своите 27 годинки.
    Се правам силна цели две години да не му го кажам тоа 'те љубам. Ретко ама преретко му кажувам, најчесто тоа е кога ќе ме маѓепса и немам каде и ми се испушта и гласно му кажувам дека го љубам. Иако за две години може го нема ни десетпати слушнато тоа.
    Ме замара само тоа што Јас го одделувам од за него многу важна работа. Бог ми е сведок дека често сум ставала крај на ова нашето, само за да не му го направам животот колатерална штета како мојот. Но не пушта бре, као пит бул е!
     
    На Ingvild и Ognenija им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Не би да пишам некои срцепарајучи постови, и така во последно време полека се повлекував од форумот ... само би се поздравила. Лепо друштво бевте, лепо ми беше со вас :) Останете ми поздравени и со многу здравје и среќа. :* И онака, малку како нашиот ангел: ВЕ САКАМ СИТЕ (некои помалку, некои повеќе, ама битно ве сакам сите )
     
    На sweet-star, Doozy, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Feuerwerk

    Feuerwerk Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    СДК:Едноставно по незнам кој пат сфаќам дека не треба да си добар со луѓето,зашто кога тогаш ќе го искористат тоа и ќе ти забодат нож у грб.Готово решив од денес се менувам.

    Не за џабе рекол народот волкот го менува крзното ама карактерот никогаш.-Докажано е многу пати.

    Ама тоа е што е животот оди понатаму...
     
    На Marjan007, Angy.g и Katerinceee им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.