Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Јас сум еден невиден малер, Тошо Малерот вода може да ми носи. Времево денес ми даде шах мат у секоја смисла на зборот. Станува типкава сабајле во 9, да се среди (тоа не глеав пред себе од што ми се спиеше) ќе идела у град да си се поднови нешто. Ја будам мајка ми, да ми праи друштво, се средивме и двете и ајт гтц here we come. Идам во 11 во гтц тоа све да ти е затвроено :@ :@ . Па нели приватни се бутиците, кој К*Р затварате , после се жалите немате промет :@ :@ . Се изнервирав до максимум, ајде назад дома. На враќање глеам надвор почнува да врне снегче. Јупиииииии ќе биде интересно.... амахм да, 5 миниути прошара снег и после му ја сврте на дожд. Мене колата паркирана во Веро цантар, ајде на здравје мокри у главите до теме! Почна одма носот да ми тече , стандард...
    Ем ненаспана, ем ништо не си купив, ем ПАК по не знам кој пат НАСТИНАВ :@
    се џиткам сеа во кревет и не станувам до сабајле
    книги мои универзитетски денес не ве дружам, има да спијам и ТОЧКА
     
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Знаеш не е само да сакаш , туку можеш и тоа да го направиш девојче младо .

    Како ќе се запрашаме меѓусебно , епа ќе ти кажам една случка која не носи во далечното минато 1997 год..

    Во тогашната област , денешна држава Црна Гора постоеше мало градче наречено Рафаиловиќи (разни изговарања има но мислам дека ова е правилното) и сега тамо јас бев на одмор . Убаво место покрај Јадранско море со по некоја згодна медуза да те фати за газето (не е метафора ) и преубави жолти ситни песочни плажи со по банана-две на метар-два ... Веќе 13 дена сонце грее и тоа 40 степени не се дише , морето како чај ... да не искочиш од него , хмм можеби и затоа бев 8-9 саата во него или пак можеби оти имаше големи таласи (I like big waves :rock: ) ....

    Kако и да е , јас бев мал ... детенце нели тој тип да ги штипнеш за образ и да ги частиш сладолед,добри времиња кој ме дебелеа ама тоа е неможеш да одолееш кога девојче ке те штипне за образ
    ГХХММ ... да не забегуваме , јас тој ден сакав да врне... многу ми беше топло и погледнав на небо ... плава боја доминира , ни О од Облак немаше ... и незнаев што да правам , решив да читам Микијев Забавник тогаш беше актуелен и така научив српски али тоа е тема за други пут .. Читајќи ги видов Раја Гаја и Влаја како користат стари индијански начини за повикување на дожд...
    Одкако го прочитав тоа на ум имав една мисла

    CHALLENGE ACCEPTED

    Прво морав да го исчистам теренот , т.е собата и да ги пратам сите надвор од неа .... и кажав на мајка ми дека сакам пица (оти ручек беше) и отиде да нарача од ресторанот (тогаш беа мали времиња кога све што сакаш , мајката ќе ти оствари ...а сега сакам 100 ден за надвор , нема .. :( )

    Морав да ја исчистам бидејќи , знаеш што би помислиле родителите ако видат нивното дете како урла кон небото со чудни зборови ... :fubar:
    Soooo ... после долги 2 минути проучување на зборовите решив да го пробам мојот ескперимент

    А-ХУ-ХАХУ-ЈАЈУЈ-ЈХЅХХАХЈЈУХЈ-ЈАЈАЈА-ЈУЈ-ЈАЈЈ-АЈГХУ
    Беа зборовите на гавран кој се породува

    А-Ху-ја-ја-јај-а-а-ј-јаху

    магијата беше пуштена ... сега чекав ... изедов пицата и погледнав кон небото ... видов мало облаче ... и викам ова ќе потрае ... за 1 саат после дремење на плажа облачето се здебели , се случува кога многу јаде испарување .... и верувале или не сонцето се сокри зад облаците ... капките почнаа да го бомбардираат градчето и врнеше цела ноќ (Бев тажен оти немаше да идам у Будва)

    Така поентата не е само да сакаш , туку и да направиш нешто околу тоа ... можеби тоа јас што го правев немаше никаква врска со дождот , можеби имаше никад нема да знам .... но сепак тоа што знам е дека се потрудив мојата желба да се оствари и таа се оствари ...

    Патем после имаше мини-ураган и врнеше 2-3 дена , ама имаше таласи по 3-4 метра = оргазам за мене


    Добри времиња :inlove:
     
    На FortuneTeller.xD, Oxymoron, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    СДК јас изгледа го пропуштив снегот :^)
    Спиев до 10 часот и кога станав само сиииилен ветер дуваше и по малку дожд ,од снег ни трага ни глас..
    Ама гледам на скопска црна гора има на врвовите па ќе биде поскоро вајда и кај нас ама сакам јас 1 метар снегче да навее оваа година.Да видам и јас тоа,откако сум се родила толку снег со свои очи не сум видела. :D
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Добрата стара приказна за амбивалентноста - доброто версус злото, зад секоја Јованка Орлеанка постои по некој Хитлер, не можеш истовремено да вдишеш и издишеш, или си М или F во половата класификација, едното го плаќаш со губењето на другото. И секогаш она што го немаш ти фали повеќе од тоа што го имаш, само на кратко барем да допреш до него и после ќе рече некој за себе дека е скромен, ју виш ;) ...

    Мојата амбивалентност околу Новогодишната еуфорија е во следново - ме радуваат украсените улици, тераси и домови, збогатената трпеза за која се има ,,оправдан изговор,, исто како и за шопингот, насмеаните лица на дечињата посебно кога се сликаат со Дедо Мразовци со очајно лоши бради, руменилото на сечии образи и носеви од штипкањето на зимскиот остар воздух, навикнувањето на слухот на постојаната пиротехничка забава, Кока-Кола рекламите со овие мотиви, има нешто магично во тој период...

    Ама, што се однесува до прославата фактот што и најголемите намќори на светот, после доволно промили алкохол во крвта се убедени дека се проклето секси и весели и духовити, благо речено ме излудува. Бидејќи не се и не ги бива, а од петни жили се трудат и изгледа уште полошо. Така да прославите ми личат на големи и набилдани со стероиди пародии и секоја година одново истото и тоа за неколку илјадарчиња, не да вреди, што да ти зборувам, кога веќе знаеш се‘...

    Ете, така, сега ми е нешто полесно кога споделив и јас со вас, бидејќи мора да дадеш став околу нешто што е актуАлно - ова на хрватски. Бидејќи ние сме ти мулти експертска нација, на 25.713 километри квадратни, ќе најдеш повеќе експерти за политика, економија, медицина и нејм ит која наука, отколку во цела ЕУ. Кој ко нас!

    Празници се ближат, празници се ближат и да, ми се кити елка :) .
     
    На bittersweet, Bright, Hopeful и 8 други им се допаѓа ова.
  5. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Дали имам проблем ако се палам на Френк Синатра? И во млад и во постар облик?
    Ако старо се пали на младо тоа е педофилија, а обратно? Дедофилија?

    Е ова е фраериште. И со брчки на лицето и веројатно импотенција в гаќи, возбудува женска, а богами и машка публика.
    http://www.youtube.com/watch?v=FcV7oPRC ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=2MD2ee4pU_8

    А мене ми е и муж, кога сигурно бил незрел и неискусен. Уфф, ми тргна посабајлечки.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, tigerlady, Mameha и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК ич не се замарам за тоа дека се ближи нова година, и не се замарам воопшто за некои прослави. Исто не се замарав ни кога ми беше роденден, плус и на работа бев. Сосема обичен ден, воопшто не се почувствував, посебно :^)
    Кога сме веќе кај работата, да, ви кажав дека сум станата бетер од Грција, а тоа значи дека немам пари ни да мрднам од дома.
    Тоа потегнува неколку работи.
    Првата дека не ми се излегува од дома без пари, а втората дека немам партал да облечам, пошто од се што заработив не си купив ништо освен чизмички, се дадов дома за да помогнам, со мисла дека како и да е пак ќе заработам. Воопшто не ни сметав дека ќе останам без работа, малата заштеда од неколку стотки што ја имав веќе ја потрошив.
    И сега, повторно барам таква ќорлива работа и неможам да ја најдам, замислете. Мајка му стара, стварно не барам да бидам директорка, или да го сместам газот во канцеларија.
    Дечко ми ме замара со некои утакмици, а мене полов орган не ми чуе. Вака се чудам, дали јас сум забегана, или луѓево се чудни дека покрај маките си наоѓаат занимација со која си го пополнуваат слободното време?
    А можеби е тоа подобро отколку да седат по форуми и се жалат.
    Ах, почнувам да се чувствувам како типката од песнава...
    http://www.youtube.com/watch?v=6dvVeAhbTB4

    |(
     
  7. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Je ne veux pas travailler- :hai: мамии
    Е да де можи собата ми е малку како атомска бомба да ја има погодено ама јас не сум крива мама,дај ми неколку слободни дена да не одам на училиште да не учам да не одам на некакви спрамања не само децката сите соби ќе светат,секој ден генералка ке прам бива? :wasntme:

    И да да ни е честито славата и да не чува св.Ѓоргија сите дома па бујрум феминки на посни сармички,риба,баклава и црвено вино :)

    И продолжуваме: Je ne veux pas travailler, je ne veux pas déjeuner 8)
     
  8. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека веќе беше време да земам книга во раце и да седнам да учам. Не само празници и колоквиуми се ближат :!:
     
  9. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Ете од многу добри македонски електронски медиуми, кои само вистината и ништо друго освен вистината ја кажуваат, се префрлив на турбо фолк каналот ДМ Сат. Признавам дека слушам турбо - фолк, тајм афтер тајм, што би рекла Синди Лопер, но постојано да ми биде вклучена турбо фолк програма досега ми се нема случено во последните 20 години во независна и суверена и горда и вечна ... бла, бла, бла ... Македонија :P

    После 20 години, во Македонија има само Македонци, ама нема обични и нормални луѓе :?:

    Но ... зборот ми беше дека гледам и слушам ДМ. И еве што слушнав од Лепа Брена:

    Дајте ми карту једносмерну
    у правцу туге
    прва на списку сам путника ја
    место до прозора.

    Кога ќе слушнете и прочитате вакво нешто, од страна гледано, нели, од надворешна перспектива, станува (по)-јасно дека тагата и болката се прашање на одлука, а не на судбина. Не велам дека јас не сум тагувал во минатото поради љубовни или други проблеми, и не велам дека станав супермен, кој во иднина нема да пати, ама способноста да ја видиме туѓата и другата болка и тага, од страна, може да ни биде навистина поучна во справувањето со нашата. Смешниот рефрен на Лепа Брена е најдобар пример.

    Всушност, има цела филозофија, теорија и терапија на справување и излекување на тагата од минатото. Ете ќе си дозволам малку тука да пофилозофирам на таа тема. Ем за мене, ем за вас.

    Прво нешто што треба да знаеме за животот е дека има развојни (ок, не кај сите луѓе се развојни :D ) фази кои имаат временска димензија. Па така и тагата има своја временска димензија, а целта ни е, нели што побрзо, полесно и без никакви ... упс...трауми од минатото да излеземе од тажната ни фаза. Најдобар начин да излеземе од тагата е бегството од изворот на тагата и од се она што не поврзува и асоцира на него или неа. Не мора никаде да бегаме, ама треба да го снема од нашиот живот оној кој ни ја предизвикал болката. Просто бришење на минатото. Еднаш прочитав: Заборавете го вашето болно минато ...но, и ... упс ... заборавете го и вашето среќно минато :P Чинам дека една од феминките имаше напишано Life is not about finding yourself, life is about creating yourself. Мошне мудро. Всушност, најголемата глупост е врската помеѓу минатото, тагата и сеќавањето. Процесот на болка е процес на сеќавање. Мора да ги има сите три елементи за да можеме сега и денес да патиме, поради болка од минатото, нели. А кој тоа рекол дека мора да се сеќаваме на минатото, добро или лошо сеедно, и да се плашиме од иднината поради тоа. Ете пак политика мора да вклучам. Оној момент кога ќе престанеме да веруваме во добрината на другите луѓе, во по-среќна иднина од она што сега го живееме, во тој ебен момент, ние престануваме да живееме...Мислам дека тоа е најголемата трагедија денес во Македнија. Меѓучовечка недоверба и недоверба во посреќна иднина. А Грција не е крива за тоа, пази богати. :!:

    Втората причина за болка е нашето его, нашата суетност и желба да им бидеме важни на другите. Тешко ни е да си признаеме дека другите можат да бидат среќни и без нас. Па дури и посреќни. И тоа со други. Мислам дека ова сознание е големо созревање, ако сакате дури и еден вид просветлување. Желбата на другите да им посакаме среќа во животот без нас, е навистина доказ за човечност. Знаете нели, како ние обично велиме при разделби: она на мене ова-она, не знае што губи, па сам или сама ќе остане, па никој нема да те сака повеќе од мене, па бла, бла, бла...Зошто моите бивши девојки да не бидат посреќни и повеќе сакани од нивните нови идни дечковци и мажи? Зошто мора да мислиме дека после една, две или три ...итн :P неуспешни врски, дека и четвртата или која и да е по ред, ќе ни биде иста таква? Зошто воопшто ги броиме. Ако нешто најмногу ми недостасува-ло во животот тоа се добри и искрени луѓе: и приватно и службено. Ги имам и сега, ама зошто да не се повеќе. А дека има добри луѓе, ок повеќето се девојки тука, се уверив тука на Фемина :D Изгледа дека само на овој медиум се зборува за вистината и искреноста ;)

    Ете тоа сакав да кажам за тагата и болката од минатото. Едноставно немам време да патам, оти имам убави нешта и луѓе со кои можам да си го исполнам животот. Наместо едносмерна карта на патот кон тагата, купете си повратна карта на патот кон Венеција, на пример... има евтини авио-карти и поминете си прекрасен романтичен викенд со дечкото или девојката. Ако сте сингл, одете со најдобрата другарка или другар :D
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакав само да споделам еден текст исповед на еден алкохоличар па повелете :

    (“Господа безгрешни”, имате право кога верувате дека на светот вие сте најсовршени и највредни, дека ниту еден човек не е посовршен и поголем од вас, но знајте дека многу се лажете кога мислите дека на светот има, макар и еден човек, кој е поневреден и понизок од вас. Како што ја носите тежината на своето тело, а да не ја чувствувате како терет кој сакате да го поткренете, така, воопшто не вложувате напор и затоа не ги забележувате сопствените грешки и пороци, туку ги гледате само туѓите, а ги наоѓате и таму каде ги нема. Веќе сте станале неосетиливи кон вашите страдања, и затоа станувате неосетливи и кон страдањата на другите луѓе, особено сте крајно неосетливи за страдањата на алкохоличарите. Убеден сум дека повеќето од вас често би се срамеле и од вашите најдобри постапки, кога луѓето би можеле да ги ѕирнат вистинските мотиви, заради кои ги правите. Ако заради тоа што сте опкружени со ѓубре, вашето чувство кон нечистото почнува да бледнее и на крајот целосно ќе се изгуби, тоа значи дека постои голема веројатност и вие самите, да почнете да фрлате ѓубре, на сите страни. Често не ги разбирате луѓето кои се различни од вас и, наместо да ги прифатите такви какви што се, со сите свои добри или лоши страни, вие едноставно ги отфрлате, како што го фрлате ѓубрето во контењер.„)

    Многу умно кажано, многу!
     
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    8.431
    :(
     

    Прикачени фајлови:

    На la-chicka, SuperGirl2010, Juicy и 5 други им се допаѓа ова.
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Зимава еве ја, а со неа и мојот зимски сон. :drunk:
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Многу сум среќна. Како можат да те исполнат мали работи, значи чудо не видено. :lol: Синоќа си поминав многу убаво со дечко ми, ми го исполни тоа што го сакав. :inlove: И јас решив веќе да не сум љубоморна, да му давам слобода нека прави што сака. ]:) Денес си поминав убав ден со другарките, решивме место славење Нова Година во кафич, оваа година да одиме на зимување. Па ако оде некој за Крушево или Маврово, see yaa there. 8) E така.. Сакав да ја споделам мојата среќа. :rofl:
    И да не заборавам, на мајка ми прекрасното јадење. Што не отидов на кафе заради ручекот да дојдам да јадам дома. :lol:
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Праз, сарма, риба, сарма, пак праз, пак риба и така до недоглед. :?:

    Знам дека сега следува тоа :) Посни слави и досада за моето непце што вриска кога чувствува мевце и мрснотии! Нејќу риба, ама сакам грав. И посни бомбици за скандали со суво грозје.
    Ах.
    Полудев начисто од што не знам што попрво да направам викендов. Роденден, па забава, па ноќна смена на работа. Држи се грбу мој! :emo:
    Снегулки малку, малкуцка, колку да ми ја прошараат сликата за Скопје во зима. Во Менада ми се спосла Франција пред нозе.
    Џез, лошиот мек мачор, галети со колбас и една таква радостлива музика, што и да нема зима, ќе си ја замислиш да ја има! Силва ми вети дека ќе ми набави столче за клацкање и ќе си го изгравирам името на неа. За случајно да не заборавам која сум, некогаш.
    Smile of a stranger е новата композиција што чека да биде спастрена. Smells like future е идниот наш филм.
    Кога ќе се спојат креативни умови, се случуваат будалаштии по друмови. За 10 денари се качив на Месечината. И луѓе шетаат на неа. Да. Вистински! Со бунди, сијалички, големи глави, мали нозе, високи чизми, ниски патики, дебели вратови и морал до високи катови. Костените ми го грееја џебот, тргнав пеш до Дебар Маало и не можам да си ја заборавам глетката што ми се впиваше пред очи.
    Тивки микро снегулки.
    Паднати лисја.
    Жолтеникава светлина по тоа уличињата спопикани во тајните на асфалтот.
    Јас, со чекор на пијана будала, в раце носев слатки за љубениот, во мисла троа копнежи и ако вчера не загубив некоја патика, ракавица или летало ко змај, ништо немам изгубено.
    Спиевме и хрчевме во лажичка положба, кенкавме и си ги удиравме носовите.
    Даде ми купила камерче и слушалки и сега ќе може да им се убациме во кадар на Симоне и Бос во Шведска, Малме небаре до Карпош е!
    Населбава ќе почне да ми светка сега, кога купот мои драги комшии ќе почнат да се натпреваруваат кој повеќе ќе б'лшти балконски, но јас тоа си го сакам. Си го радувам срцето штом видам како сите балкони пејат од светлина. Ми треба тој пред Коледарски, пред новогодишен фанатизам, се’ да биде накитено, светло, божествено.
    Прекрасно!
    Во исчекување на мекости, новости.
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Лошо е колку може една личност по 18ти пат да ти се врати во животот и да ти се испреврти за 360..
    Не стомакот.
    Светот.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не знам само како некој не го мрзи во рок од 5 минути да коментира во 50 теми :x .
     
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Па и ти само линкови од песни да постираш ќе видиш како може :rofl:
     
  19. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    За цветче, се‘ се може.
     
    На Cynthia и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски

    Како се вика ќеркичката? :wasntme:

    ОН: Одам во Веро, да се изнасликам, се надевам ја ставиле големата елка (не сум била одамна) бај д веј и да си купам некоја убава новогодишна икебана во Џамбо! :rofl: :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.