Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да видиш кои ти се вистински другари, обрати им се во најтешките моменти и побарај им пари на заем... и гледај ги како бегаат од тебе !!
     
    На EleMental, Jagoda123, SnowWhite8 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Бившиот има нова девојка. Зошто ова ме засега?

    Не знам. Се прашувам изминативе два дена, откако разбрав всушност. Но јас бев онаа која ја прекина врската. Јас бев онаа која го одби кога пред некое време ми предложи да се обидеме повторно. Јас бев онаа која престана да го сака и прва продолжи понатаму. Зошто сега ме копка кога ќе ги видам заедно?

    Веројатно е нормално откако со некој си делел се’ скоро година да не ти е сеедно. Да ти е по малку криво. Да се прашуваш како се запознале. Да се прашуваш дали и новата „паднала“ на истите финти како и ти. Да се споредуваш со неа. Да ја мразиш ку*ката. Бивши и идни секогаш се мразат, непишано правило. Сигурна сум дека чувството е обострано.

    Му го кажав ова на еден другар и ми рече „е па ти, толку се потресуваш за врска од едвај година, шо да речат тие со повише“. Работата е што јас навистина го сакав додека бевме во врска, иако тоа не беше многу долго. Се’ му кажував, никогаш не ни помислив на друг, а не пак да го изневерам. Со него чувствував и како светот да ми беше мал. Веднаш штом се фатив дека „фејкам“, дека заборавам да му кажам што ми се случило денес, дека веќе не ја очекувам секоја наредна средба со нетрпение, дека едноставно не е исто како порано, прекинав. Немаше некоја сериозна причина за крај, немаше караница, не направи ништо погрешно, можеби затоа беше толку зачуден кога му кажав дека сакам да прекинеме.

    И сега ми е тешко кога го гледам дека е среќен? Заслужува да биде среќен. Од каде таа желба да сакаш некој сеуште да пати по тебе? Од каде таа желба да сакаш некој сеуште да те сака, иако не го сакаш повеќе? Веројатно е убаво да знаеш дека имаш некој на кој можеш да му се вратиш во секое време. А тоа е ужасно. Ужасно, ужасно. Не ми е прв пат вака да се чувствувам, а и знам дека не сум единствената. Ние луѓето сме многу лоши. Жалам.
     
    На kate21, crazylady, Lemonade и 39 други им се допаѓа ова.
  3. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Прилеп. Денес ќе пишувам за Прилеп.
    Тој е градот кој растеше заедно со мене, заедно растеме сеуште. И двајцата се развиваме заедно, тој како метропола, а јас како личност. Слободно можам да кажам дека во секој агол имам по некој спомен. И во секој тој агол има некоја посебна убавина.
    Земјата на која го направив првиот чекор, му припаѓа нему... Првиот збор го слушнаа и липите на булеварот, стигна дури до Марковите Кули.
    Всушност, Прилеп и не е голем град. Доволен за својата големина, да ги собере сите оние луѓе кои животот ги гази и ги подига... Доволен, да те издржи, да те порасне, да те насмее, да ти врати спомени и да те расплаче.
    Во Прилеп зимата е најубава. Во зимските доцни ноќи и рани утра, можеш слободно да шеташ на сред улица. Да те голтне тишината, ти да голтнеш среќа.. Магичен е! ^_^
    Многу работи ме асоцираат на ова место.
    Мирисот на риба секогаш ми дава слика од плоштадот, во делот кај пазарот. Мирните ноќи и мирисот на тутун, исто.
    Во лето градот дивее, во лето е Фестивалот на пивото. Тогаш, Прилеп е најгостољубив на свет! Го собрал целиот свет во своите прегратки... А веќе за Прочка... Тоа е спомен кој никогаш нема да ви избледи.
    Лисјата на булеварите ги кријат тајните кои ги виделе, ги кријат заљубените прилепчани кои најверојатно се упатиле кон Могилата.
    Дефиниција за Могила - место на љубов и среќа! Калдрмата која владее низ паркот ги крие тајните на заљубените, сите оние кои дошле тука да ја споделат љубовта. Ги крие тајните на долгите летни ноќи поминати со добро друштво, на оние разговори на многубројните клупи. Место за стари и млади, место во кое никогаш нема да ти биде досадно.
    Не, ние немаме нови или двокатни автобуси во градскиот превоз. Старите автобуси се' уште не служат. Секој пат кога ќе влезам во автобусот, ми се враќа слика од насмеани лица со ученички ташни. Безгрижна искреност и ѕунлива смеа...
    Таков е Прилеп, дете, тинејџер. Се смее, не гушка, расне... :l:
    [​IMG]
     
    На GirlLove, Angy.g, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354

    Ах,Прилеп наш. Браво колку убаво си го опишала. Среќни сме си ние и со стари автобуси не ни требаат нови. ;) Важно го имаме најубавиот град од цела Македонија. :inlove:
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Освен мајка ти и татко ти , на никого длабоко во душата нема да му биде мило да си понапреден , поуспешен , поценет , поисполнет , побогат и мнооооооогу други епитети со ПО во позитивна смисла . Тоа ти е факт непобитен !
    Добрите пријатели оние кои мислиш дека ти мислат најдобро т.е (подобро од преостала раја ) ќе ти помогнат ако тонеш ко дното или си близу до него , или ако се едно 2 пати подобри од тебе во секоја смисла па ќе ти помогнат . Останатите мршојадци ќе се смеат на твојот неуспех и ако ти треба малку до дното ќе ти помогнат со радо срце да стигнеш до таму .
    Да не се преставЉам ко светица во случајов ок е ... Не ми е сеедно јас да назатувам други да шибаат напред НО има само една разлика , ќе честитам нема да ми биде сеедно ќе му посветам на дешавката не повеќе од 5 минути и во себе ќе си речам . Фак ит Венди требаше подобро требаше помудро , нареден пат ќе биде никој не ми е виновен ииии толку . Овие грото од рајата и тип 1 и тип 2 си ја трујат душата ем со својот неуспех ем со туѓиот успех без разлика за кого се работи ! Дали е близок или далечен , сакан или помалку сакан .

    Ова го сфатив уште еднаш онака кристално ... Почна пред некое време но знаете кога давате кредити си правите теории кои знаете дека не се уверливи ? Ми такоџе не се лутам , не паѓам даун таков е Животот денес Животот е еден натпревар се плашам дека станува само тоа ... Натпревар
    Добро е што можеш да делиш картони црвени или жолти ти си судијата !
     
    На Lepaaa, Elichka, luncika и 3 други им се допаѓа ова.
  6. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Денес е срамота да се учи,а притоа тоа јавно да се каже.Веднаш добиваш ново име,бубалица.Добро што е лошо во тоа?Да имаш одлични оценки и добри односи со наставниците,да ти биде драго да одиш во школо?
    Не ми е јасно кога некој,најчесто од послабите така ќе те нарече.Добро,ако тебе не ти се учи,ок,не мораш,се што правиш за себе си правиш.Ама што ти смета тоа што некој друг е одличен?Или пак си љубоморен на успехот?
    Јас не викам дека умирам за школото,не сум до толку забегана,само сакам да имам знаење и да постигнам успех.А не е твој проблем дали така ќе правам.Еве на пр. другарка ми,таа премногу сака да учи и кога ќе го спомне тоа,без да навредува некој што има слаби оценки,ја погледнуваат како да е мрдната.Значи тогаш поубаво е да бидеме мрзеливи,без воопшто да се трудиме да постигнеме нешто.Како што спомнав погоре,ако не тисе допаѓа да учиш,не учи не ми го наметнувај тоа мислење мене,како што и јас нема тебе да ти приговарам за слабите оценки,иако тоа не ми се допаѓа.
    Не знам дали децава навистина толку го мразат школото,или едноставно се љубоморни?
     
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Сабајле гости ме разбудија со врева,ама не се лутам барем станав рано,насмеана и си пиев кафе во големо фамилијарно друштво. :)
    Отидовме да испазариме тоа што треба за славата,и почнавме полека се по ред,малку по малку да подготвуваме.
    Едно излегување и ете ти еден куп лица кои ги немав сретнато одамна,па ме изгушкаа,толку ли се израдуваа што ме видоа...особено што беа машки особи... :^) :?:
    Другар ми одамна го немав видено па за него повеќе може да се каже дека јас се израдував. :lol:
    Ја додадов за пријател на фб мајка му на бившиот (оној кој сега и е дечко на мојата екс другарка).Ми требаше стрикно за едно професионално прашање да и поставам што би се рекло.А она пак толку изненадена што сум и пишала,па и ми вика да не не ми пишуваш за тоа да не има уште нешто...
    Е што би имало де,сигурно не ќе прашам како е тој. |( Па кога почна-се гледаш ли со него,каде излегуваш,имаш ли дечко... :^) за момент си помислив-чекај јас со неа пишувам или со него. :D ...
    Се ближи славата...а јас ги мразам прашањата од типот-кај ти е дечкото,како е,имаш ли сега дечко... |(
    Решив на културен начин да одговарам со молк,зошто знаејќи се себеси на наша слава ќе си се затворам во соба и нема да излезам додека не си заминат сите,или од срам или од нервоза. :lol:
     
    На imelda, bittersweet, Jagoda123 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Колку само ја сакам тишината. Односно потребна ми е во моментот.

    Сакам само малку музика да има. Нешто чил аут.
    Главата си ја чувствувам како тапан.
    Ми треба омор, а еве завршува веќе.
    Како ли не стигнав да се одморам? Лута сум на себе. :doh:
     
  9. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    ТИ САМО ЈАДИ СИ СЕМИЊА, ТАКА КЕ ТИ ПОРАСНАТ ЦИЦКИТЕ И ГАЗОТ! Хахахахахаах
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... комшиите на куп јаделе гомна за виењето моето куче, за МОЕТО куче. Нека ѝ гризнат од г*зот!
    Многу ми е гајле. И мене ме нервира што вечина се глупи кокошки на коишто животот им се состои од оговарање и јадење гомна за сите.
    Нека дојдат да ми тропнат на врата и да ми го кажат тоа, можеби така ќе се разбереме. Инаку не прифаќам ништо. Башка што имаат ретардирани дечиња што носат патики со свирче, дубалце што свири полифонични мелодии и пиштат на секои две секунди, па не рекол никој ништо.
    Патете љубоморни глупави створења.
     
    На crazylady, ines.h, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Ја утнав работата со една личност.. Тотална уткаа :( Утре ќе пробам да ја исправам и се надевам дека ќе биде така... Леле овие комшииве се чудо измислуваат некои работи за тебе што ни ти сама незнаеш дека постојат. И тоа не моите комшии, туку комшиите на мојата другарка..
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    ...Џабе глумам среќна преку ден, кога навечер, кога сум сама, ја чувствувам болката.Ох боже...после колку време го изговарам ова? :doh: Болка. Не дека не знам што е тоа. Не дека не сум задоволна од својот живот. Баш напротив. ЗАДОВОЛНА СУМ СО СЕ ШТО ИМАМ. БЛАГОДАРНА СУМ ЗА СЕ ШТО ИМАМ.
    Но, зошто во студените ноќи, зошто во овие студени јануарски ноќи чувствувам потреба тој да е до мене? :?: Зошто чувствувам нешто дека ми фали, а имам се ? Се? хах, па кого залажувам? ;( Немам ништо. Џабе ми се материјалните вредности, кога немам љубов. Немам вистинска љубов. Вистинска... ако сеуште постои таква . . .
     
    На Umbrella22, kitty.lover, Lepaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.275
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам право гледам да имам отворен ум кога некој ќе ми каже што чита и која книга му е омилена. И јас сакам да читам од се по нешто, сакам да читам и чиклитки, па не би сакала некој да создава мислење за мене врз основа на тоа. Да си помисли, ау, цц, види во библиотеката ја има Рајот може да почека, кој знае колку е плитка. Ама... Кога некој ќе ми рече Леле, дали си ја читала 50 нијанси, најдобрата книга што сум ја прочитала некогаш во животот! - што да си помислам? Си прочитала ли нешто друго во животот па да се воодушевуваш на таа книга?
    Ми се насобра ова, се случува почесто.
    Ај нема врска. Ќе си се трудам и понатаму да си го држам умот отворен.
     
    На antonina, LilBaby, Peppermint и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    И повторно таа неизвесност,повторно она чувство кога не знаеш на што си.
    Тешко ми е,а искрено и нема некоја причина да се чувствувам така.Сето тоа е резултат на моите филмчиња кои сама си ги режирам во својата глава.Или можеби не?!
    Да дозволиш некој да се игра со тебе и да го трпиш сето тоа заради таа проклета љубов што ја чувствуваш кон таа личност и страв дека ќе ја изгубиш ако се спротивставиш.А љубовта не треба да биде таква,нели?
    Не знам ни зошто воопшто се замарам со вакви глупави прашања.

    Патем,се заборавив да ве известам.Иако малку каснам...паричката се падна кај мене,па се надевам дека ќе ми донесе здравје,среќа,пари и љубов-која ми е најпотребна.
     
    На julie77 и Libera им се допаѓа ова.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Фала ти што несакајќи го направи тоа, тоа што мислиме дека си го направил ненамерно никој не може да ме убеди 100% дека е направено така, кој знае што се' се случило тогаш.
    Само тие што биле околу тебе знаат кучкин сине!
    Ќе те мразам доживотно(океј, мразење е силен збор, ама не можам да го опишам ова чувство што го чувствувам) иако не те познавам лично, но ако еднаш те сретнам не можам да ја предвидам мојата реакција, ама знам дека нема да останам рамнодушуна сигурно. :!:
    Знам дека поради тоа јас денес сум многу похрабра и посилна личност која се бори со сите пречки во животот, а и без тоа знам дека ќе бев истата, а можеби и посилна, како и да е, во последно време "како и да е" е често присутен во мојов речник.
    Времето за лаги исчезна, дојде денот која ја дознав и вистината, нели кога тогаш-требаше да ја дознаам, а и се распрашував, но вистината дојде во вистинскиот момент и секако не ми промени ништо, но ме направи уште поцврста.
    И знам дека тој ден бевте и тажни, но во исто време и среќни бескрајно, ама..... не можам повеќе да продолжам, за да не си ја нарушам приватноста, која и малку ми е нарушена зошто веќе некои мои познаници ме знаат која сум, ќе престанам тука. :|
    Можам многу да се отворам, ама не сакам, сакам да го задржам за себе ова иако радо би го споделила со секого, иако ми е најслаба точка, најранливо прашање од кое не се плашам затоа и би го споделила, ама никој нема храброст да ме праша од неколку причини: или нема храброст зошто му е незгодоно и да не испадне дека се меша во туѓ живот и како и да е (повторно), на некој начин, среќа за мене, не, не пишувам, готово.
    Тоа е тоа, некои работи не можат да се пишат на форум колку и да сакаш да ги споделиш со некого чисто за да слушнеш и туѓо мислење.
    Со тие со кои сум го споделила(само неколку блиски личности за мене) и со кои имам разговарано отворено за тоа, се тие на кои најмногу им верувам и секако многу долги разговори се воделе околу тоа, фамозно тоа, за кое нема да може да дознаете од постов.

    И, повеќе мистериозна од вообичаено, Лукс шкоприја Шкорпијоска . :hai:
     
    На Jagoda123, tweety26 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  16. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.244
    Допаѓања:
    10.421
    Пол:
    Женски
    Додека јас терав јак шопинг и кафе шема со другарките, кучето ми умирало и тоа во судни маки.
    Си одам дома и ШОК!
    Да не може човек да се израдува на раат, а колку го чекав овој ден .Хармонија драги мои, универзумот сака хармонија. :!: |(
    Сега ќе го тажам со чинија слатки пред мене, се ми е џабе.
    Барем да го погалев сабајле за последен пат ама кој да знаел. ;(
     
    На vlubena, pamelche, Jagoda123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Една од моите омилени теми е Среќологијата - Happiness - наука која се занимава со среќата на индивидуите, на нациите или народите, а и на целото човечанство во целина :P

    Знаете нели дека некои луѓе се посклони, природно поотворени кон среќата, така да речам, а некои се природно потажни и попесимисти. Би требало секој од нас за самиот себе да знае да си се позиционира на таа скала на *Природна (вродена) склоност* кон среќата. Јас сум природно среќен, мене повеќе надворешните услови и луѓе ме прават тажен. Кога сум со добри и позитивни луѓе, јас сум среќен, а и тие се среќни со мене, и тоа е еден вид на *круг на взаемно усреќување*.

    А сте се запрашале ли како влијае интелигенцијата на среќата? Дали поинтелигентните и попаметните луѓе се посреќни од просечно интелигентните, да не речам од поглупите :D Каква е корелацијата помеѓу коефиентот на интелигенцијата и коефициентот на среќата? Еве мојот другар од Ерменија, експерт по Среќа на луѓето и нациите, кој се уште е во Берлин, ми испратил еден вистински научен труд кој дава одговор на ова прашање :)

    Спред научниот труд, интелигенцијата и среќата немаат позитивна корелација меѓу себе, што значи попаметните не се по автоматизам посреќни од помалку попаметните и од поглупите. Нашата мала или голема интелигеницја не не прави ни посреќни, ни помалку среќни, туку причините за индивидуалнта среќа треба да се бараат на друго место.
     
    На WarriorAngel, MandyLane, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Има разлика, не ни пробав, нит му спомнав нешто, нит му пишав најпријателски. Сигурно тебе некој да ти се допаѓа, да знаеш дека си можела да имаш нешто со него, а сега немаш, би ти било тапа да го гледаш со друга. Не сум била кучка што се меша во врски, нит па некогаш ќе бидам. На крајот на краиштата, кога они толку многу се сакаат, му верува и се тоа како што оди, нема да се грижи за едно девојче што пробува да се наметне (не ни пробувам, ќе потенцирам пак).
    Постот ми беше чиста заебанција.
    Знаеш како велат, кога сакаш да го промениш светот - тргни од себеси.

    Напротив, можам да ти кажам дека ја делиме истата болка која што ја опишуваш во постот, во 90% од работите се пронајдов. Никогаш не сум можела да се наметнам, да изгазам се под мене за да дојдам до некоја цел зошто не сум таква. Секогаш во нова средина молчам, а со самото тоа ме прават срамежлива до краен степен, што во таква ситуација не е воопшто точно поради тоа што најпрво сакам да дојдам до знаење со кого воопшто зборувам.
    Само ми дојде многу тапа што ме стави во ист кош со глупави алапачи што мислат дека се што лета се јаде, а всушност беше заебанција.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК се во животот поминува, како дошло, така ошло.За некои работи човек треба да знае дали вредат истите да ги има во животот или не, во спротивно џабе потрошено време, осознавајки го тоа.
    Човек станува свесен кога ќе изгуби некого, тогаш знае дека таа личност што ја имал покрај себе, му била важна; свесен кога не дај боже ќе го фати некоја болест тогаш знае дека не толку добро се грижел за сопственото здравје; свесен дека некој го преживува денот за парче леб и е единственото нешто за кое тој човек прави се за да го има; свесен пред да умре, бидејки тогаш знае дека можеби некои работи, можел да ги смени и сл.Еднаш еден човек ми рече “ човекот било свесно суштество“.О стварно ли? А како тоа? Ако бил свесен, ќе почитувал, ценел, сакал и се по ред, немало другите луѓе да ги уништува.
    Човек не може на другите луѓе да им докаже било што, а нема ни потреба со тоа да се замара, бидејки и онака другите луѓе ќе размислуваат онака како што сметаат тие дека треба.За докажување, тука се судовите, но само за критични случаеви.Затоа и џабе е целиот напор, целиот пат поминат за остварување на таквата цел.Две нешта потрошени: време и нервози, лутина, како сакате.И што фајде ако некој некому докаже нешто? Орден, ли што? Пари, имот или...? За тоа време нови генијалци ќе се создале.А заслугите, достигнувањата, титулите заслужени, не се нешто што не го знаат другите луѓе, бидејки не се од Марс. Незнам како тоа некому не е јасно? Ах, не е се тоа во животот, не.
    Како и да е, животот, знае да врзува воспитни, па сакале тие или не, бога ми истиот ќе ги прегази, додека да трепнат.Само барем да не жалат за нешто.Секој со својот ум :!:
     
    На julie77, tweety26, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Со денови ме обзема некое чувство на осаменост, несигурност, чувствувам некоја чудна празнина. Почнуваат да ми пречат луѓето, искрено. Од кожа ме вадат нивните плитки мозочиња, нивното површно толкување на работите проследено со долги и празни разговори. Едноставно чувствувам дека немам со кого да разговарам. Не е доволно некој да те слуша, без да те разбира. Те гледа во очи, а всушност гледа низ тебе.

    Чуден беше овој ден. Голема е веројатноста да е такво и утрото што следи. А мене никогаш не ми се познава денот по утрото. Е таква сум јас, чудна. Размислувам колку многу се променив. Чувствата ми останаа исти. Добро, секогаш сум верувала во тоа дека човекот не се менува. Ете, можеби го сменив само начинот на размислување. Многу нешта се променија. Уште сум збунета, не знам дали на подобро или полошо. Таа работа е единствената што му ја оставам на времето. Нека го заврши тоа што го почна.

    И сфатив што недостасува. Недостасувам јас, самата на себе. Кој би одвоил време за мене, ако немам јас за себе? Време е да си ги средам мислите, измешани и нејасни.

    Време, време и време. Губам време, чекајќи време. Ах, чудна сум јас.
     
    На julie77, Umbrella22, tweety26 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.