Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    This video took my breath away!
    Собирав воздух со неа. Мислам во секој момент ќе се изглупира, и ќе и го снема гласот.
    Ме изненади. И, ја обожавам!
    Некако посебна ми е, специфична. Ги сакам луѓето кои по нешто се разликуваат од другите...
    Секој да си е посебен на свој начин, без копирања и слично.

    Едноставно, како дома да ми ја пее, тука до кревет....


    http://www.youtube.com/watch?v=dRQH-hYrsj4
     
    На Ingvild, francais, Libera и 6 други им се допаѓа ова.
  2. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Влегов да се бајнам..
    И што се случува
    - Очајно тријам глава со шампонот,во исчекување да ми стигне порака од саканиот.
    Мајками довикува: - Имаш порака!
    Се залетувам од купатило,како што си бев,со пена на глава,мокра целата ,како иде да се испружам во тремот колку долга,толку широка.
    Ми требале 3 минути да сфатам кај се наоѓам.И станав,шо да чинам.
    Си ја прочитав пораката лелејќи.

    Сакав да кажам: - Љубовта навистина боли :!:
     
    На Umbrella22, Doozy, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ја стварно незнам како некои луѓе очекуваат сите да се исти.Еве на пример сестра ми.Јас многу сум поразлична од неа,друг вкус за музика,многу поинакви цели во животот,поинакви друштва,т.е мислам дека во се се разликуваме.Затоа и никогаш не можеме да се разбереме.Сега седнала и пола саат ми расправа како сум си била јас многу чудна,улава сум била,мрдната,ненормална,абе незнам уште што не кажа,оти типката си мисли дека и јас треба да бидам ко неа.Како тоа не сум можела да се снајдам во некои ситуации,како она воа како она ноа.
    Ок бе девојче,ќе си увидам со тек на времето како да се снаоѓам,во одредени ситуации како да се однесувам,ама дај не ме замарај,не ми соли памет,оти од твојов не сакам,најискрено.
    Што да правам сега ако мене не ми се свиѓа тоа да седнам на маса и да зборувам што направил комшијата,како некој роднина воа како ноа.Абе ни се замарам ни ништо што сакаат нека си прават,нивни проблем.И што да правам ако сакам да си уживам,да не правам со никој муабет,пошто секако во куќава не може да се направи асален муабет,така сте ме научиле уште од мала дека неможе да се разговара нормално у куќава,па си се навикнав да не правам муабет многу многу со вас и поарно ми е.И сега поради тоа сум била јас чудна,мрдната,сум живеела во некој свој филм...и како жити се да и објаснам дека неможе сите да бидат исти,кога типката неможе да го укопча тоа,не и фаќа мозочето.
    И плус ми кажува она имала култура,имала искуство....абе иди бегај таму,на друг прави му се дека се си видела и поминала и на друг соли му памет не мене.

    Значи колку сме различни јас и она,тоа е чудо,мислам дека никогаш нема да имаме супер однос како сестри,т.е сигурна сум во тоа....за жал.
     
    На Chica.Loca, sweet-cherry, Umbrella22 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Децата денес не знаат да играат монопол со возбудата како што порано ја игравме.
    Играм со сестра ми и нејзината другарка...Една од нив стапна на Канарските острови, и верувале или не , не сакаше да ја купи! :o Ех, колку сме се „тепале“ со другарите и другарките за тие острови, па за Лазарополе, за Казабланка и Дубаи...највредни се.Потоа, другата застана на Дубаи.И тоа не го купија.Ах бре деца си велам...немате страст вие за играта, денешните деца не играат како нас порано...Се менуваат времињата, а некогаш тоа е многу болно.
     
    На antonina, LilBaby, Lemonade и 16 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.275
    Пол:
    Женски
    Ја читам статијата на фемина за девојката што ја оставила пораката во женскиот тоалет. И си ја парафразирам како тоа би звучело во некој наш тоалет:
    До девојката која беше силувана:
    -Друг пат не носи толку кратко и не се облекувај толку провокативно. Веројатно сама си го барала.
    До девојката со нарушување во исхраната:
    -Дебела си, врати се уште еднаш поврати, ова не беше доволно.
    До девојката со татко алкохоличар:
    -Сигурно ти си крива, којзнае што си направила, па морал сиротиот татко да се пропие.
    Ама секоја чест за девојката, навистина е инспиративно. :)
     
    На L-enna, Chica.Loca, MandyLane и 13 други им се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.534
    Допаѓања:
    17.259
    ^^
    Кога кажавме со другарките дека ова лето поголемиот дел сме го поминале со монопол ни се смееја.
    Знам за Канарските острови со брат ми сме се кладеле на чоколади дека нема да стапне или шо ти знам. Младинава од нас пропаѓа!

    [​IMG]
     
    На anabel-a, Lov3 и MacaLove им се допаѓа ова.
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Јас верувам дека сеуште постојат луѓе со чиста душа! Но исто така верувам и дека истите тие луѓе имаат и низа несовршености и недостатоци.

    Преку глава ми е од лажно љубезни луѓе. Има некои кои ќе научат неколку фрази и ги вртат цело време сметајќи дека ако со некои им успеале ќе им успеат со сите останати. Има некои читачи кои не се однесуваат како што сакаат, туку како што сметаат дека треба во сооднос со соговорниците (само за да им се допаднат).
    Еднаш имав една дебата со една професорка која тврдеше дека за да опстанеш во животот мора да ставаш маски. Најразлични и најразлични маски во зависност од соговорниците. Јас го велев спротивното. И сеуште не ми е јасно како да се научам и јас да ставам маски. А знам дека така ќе добивам се повеќе и повеќе. Се чудам зашто мајка ми ме има воспитано да бидам толку сурово искрена било кога и било во каква ситуација. Ама знаете некогаш се трудам да глумам или да излажам ама неможам да издржам ни пола саат. Аман! Многу работи треба да сфатам веќе. Редно е да пораснам. Но како.
    Се сметам за до некаде среќна личност бидејќи до сега моите најсакани секогаш ме штителе и ме држеле како во еден меур - не дозволувале да допрат до мене никакви лоши вести. Но истовремено се чувствувам и толку тажна бидејќи незнам како да се изборам сама против луѓето кои сакаат да ми наштетат. Јас сум толку ранлива, претерано ранлива. Ми треба да се избилдам психички и да станам храбра да не дозволувам да ме допираат злите дела и јазици.
    Јас знам како да живеам сама, со осаменоста, но незнам како да победам во дискуси со некој кој сака да ми наштети. Ете ова навистина ми пречи.
    Несакам да дум зависна од моите и сега не сум. Ама ме чека долг пат кон созревањето, она вистинското. Се плашам, но и со нетрпение гледам кон патот кој ќе ме доведе со остварување на мојата иницијација како личност. Трагам кон мојот толку посакуван внатрешен мир. Внатрешниот мир не се постигнува само тогаш кога мислиш дека не нанесуваш лошо на другите. Тој се пронаоѓа и во моментите кога ти не дозволуваш лошите постапки на другите да влијаат врз тебе и твојата среќа.

    Сега ми текна за нешто недокажано...
    Секоја девојка би искористела шанса и би направила се за да биде со тој што го љуби, иако тој нејзиниот има друга љубов!
    Јас навистина не сум била во таква ситуација па сега да кажувам дека тогаш би се однесувала невино како светица. Неколкуте машки кои ми го привлекле вниманието до сега никогаш не сум ги посакувале толку опсесивно за да им љубоморам на нивната љубовна врска. И секогаш ми било толку понижувачки да се мешам во туѓа врска, па дури и да му давам до знаење на некој дека ми се допаѓа, а го гледам како тој љуби друга (и физички и духовно и секако).
     
    На Ingvild, Umbrella22, Johny и 4 други им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.534
    Допаѓања:
    17.259
    Пишував нешто на фејсбук како белешка за тоа колку сме растурени ние денешнава младина. Цел реферат напишав, и си викам „Црна (да се разбереме, иначе плавуша сум :wasntme: ) Памело, кој ќе те разбере тука? Врсничките твои? Или можеби ’дадичките’ 1 до 2 години постари што се? Тие дадички шо ти се смејат пошо за полуматура не си у план да носиш штикли? Еее..Памело, Памело.“
     
    На antonina, Jagoda123, Umbrella22 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Beyonce87

    Beyonce87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    38
    Се извинувам што одсабајле го пишам ова ама морам.Ми беше мило што се дружевме.Сега морам да го напуштам форумот,кога ќе се одјавам нема најавување.Го напуштам со причина,а причината е учење,а потоа во јуни ќе се иселиме во Англија.Ми беше мило со сите вас што се дуржев.Сите сте ми мили,ве читав редовно ама не пишував.Ке ми недостигате многу,ама морам ;( .Се надевам дека еден ден можеби пак ке се вратам.Многу ми е тешко ама морам...Мајка ми рече сега да се стегнам да учам и повеке нема ни интернер.Што се мора,се мора.Дај Боже сега да се стеганм да научам за таму да ми биде полесно.Се надевам дека ке останете најдобар стајт и со повеке членови.А можам да кажам дека зараза сте,без вас неможе да ми помине дено,се мислам што има ново ни темите и низ сајтот.Сега одам,мило ми беше што ме почитувавте,сакавте и дружевте.ВЕ САКАМ НА СИТЕ! :* :hug: :'(
     
    На Divinebutterfly и Katerinceee им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.719
    Пол:
    Женски
    Јас...тонам...ни Титаник не ми е рамен.Гледам се жалите од пмс,не знаете колку е тешко кога ќе загазите во некои хмм...сериозни години.Не знае како делува тој,а ова е тотално ново искуство за мене.Не си го познавам телово,не си ги познавам мисливе.Чудно реагирам,се затворам во себе,размислувам...колку повеќе размислувам за својот живот толку помалку сум нормална,колку повеќе планирам толку помалку остварувам...кога би можеле да измислат специјална програма 24 часа да работам за да не мислам..зашто отупувам...оглупувам....станувам бавна како индискиве серии...односно кога на главната актерка ќе почне да и паѓа солзата...па во другата епизода дојде до висина на носот...а во третата до кај усните....
    Што сакав да кажам...тоа дека сум нервозна ,со сите се скарав,не ги поднесувам ни децава во близина,не можам да ја поднесам мислата што само мислат да јадат и јадат ...во бесконечност,а јас како слугинка да собирам чаши и тањири,да ги успарувам нивните распарени чорапи...ми се смачува..и со мајка ми успеав да се скарам...и ги тутнав пивтиите денес таа да ги прави,зашто ништо не ми се работи,зашто се осеќам потечена како жаба.Можеби требаше ова да оди во темата испукајте се.Ги молам модераторките нека го префрлат.Немам воља ни за тоа.
     
    На danichap, Katerinceee, LilBaby и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Еве вака ме личи од порано да си го фатам денот :D. Всушност и вчерашниот не ми е завршен бидејќи само еден саат сум спиена :yawn: . Небитно убаво ми тргна денов со смеа со мајка ми. И кажувам дека сакам бордо проѕирна кошула, црно фустанче со бели точки и тако даље и тако даље и женава реакција и беше "ДА ТИ ЈА ДАДАМ ЦЕЛА ПЛАТА ОКЕЈ Е?!"
    Да во ред е мила мамичке, фала!
    Јас немам ништо за носење а таа туку ми набројува, па остарело бе жено не се носи веќе ееее :D.

    Истото се деси и со тато. И тој ми ја понуди неговата плата :$. Ако бе ако ќе си изнакупам јас и за две недели пак ќе немам ништо, и на сува слива ќе ме обесат :$.

    И да уште ова и не трујам веќе. КОНЕЧНО ПОСЛЕ 3 НЕУСПЕШНИ ОБИДИ денес ќе одам да си извадам лична карта, среќна сум бе како што викаат за нас прилепчаните "мајмунче во најлонче" :wasntme: :D
    Држете ми среќа барем малку да бидам убава на затвореничките фотографии на новите лични карти.
    АМИН!!!
     
    На Katerinceee, Ingvild, tweety26 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    МИ ЈА ОДОБРИЈА КНИГАТА ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРААА!!!!!


    АААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА!!!! :o :D

    Вриштам, скокам, ослабев триста грама од рипањево посабајле. Лелелелелеллелелелелеле!

    Кој вика дека од пишување фајде нема!

    Гласно се смеам!

    Моето прво книжевно бебееееееееееееееееее! :)

    Фала ти 2013, ми ги остваруваш сништата уште од почеток!


    Ве љубам, бе еееееј! 8)
     
    На LittleFairy, SexyLady, Sweety-Tweety и 95 други им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    91.873
    Пол:
    Женски
    Јас ретко им покажувам на луѓето колку ги сакам и колку ми значат. Зборот "Те сакам" ми е узречица па го користам кога некој ќе ме изненади, ќе ми каже нешто убаво, ќе ми помогне во нешто или пак едноствано во тој момент ми е многу мил.
    Знам колку на мајка ми и е важно првото утринско кафе, а кога ќе види дека омилениот филџан и омиленото ѓезве и се за миење и се крева коса. Не дека не може во друго да го свари и испие кафето, но уживањето не е исто кога прво мораш да почнеш со миење. Синоќа дур ја гледав како слатко спие, погледнав кон кујната и купот садови. Да почнев да ги мијам сите ќе ја разбудев, па полека ги одвоив двеве битни нешта за кафето и и ги измив. Утрово добив бакнеж од онака :lol:
    Вчера Тој ми се јави напет, колку и да се трудеше да делува смирено, знаев дека не е. Бев во близина и само му се јавив да направи кафе, со сестра ми имавме половина час. Се стопи, што од тоа дека сум го запознала со малава, што од тоа што отидов да го расположам. Ма се уби цел ден заблагодарувајќи се, дур се покаав што отидов :lol:
    Се шишав, мајка ми презадоволна од кратењето на мојата коса. Бев и јас се дур не се измив, па видов бувов колку се кренал. Сега имам косиче. Тој па ме теши убава сум му била секако, не сум се сменила јас, само косата се скратила.
    И купив очила нови. За чудо без многу двоумење ама потоа кога влегов во една оптика, во која очилата беа приближна цена со претходните, се покаав. Ма не е битно.

    Одам да однесам пријави на факс, спремам испити. Ве читкам ама не ми се пишува, не знам што да напишам.
    Имајте убав ден и викенд.
     
    На Divinebutterfly, bittersweet, Katerinceee и 22 други им се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    почнав со остварување на еден мал дел од моите планови 8)
    пред некој ден си купив од Сева држач за стапчиња-миризливи секако, на ружа мирисаат-решив да медитирам почесто :)
    собрав парички и денес одам на бајачка-колку е далеку не ви кажувам,
    важно е жената да ми помогне-дај боже :)
     
    На Katerinceee, CIA, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас сум буквално човек кој би сакал да ждере јазици, ако може. Нема ништо поубаво од разновидноста на луѓето и наоѓам посебна убавина во различните култури, навики, погледи, изгледи и јазици.
    ОК, она дека јазиците по дифолт си ги сакам од најмали години и не е некое изненадување, ама сега кога буквално околу мене имам луѓе малтене од секоја држава во Европа, толку страшно многу го голтам секој нивен збор што кога некој би ме следел како изгледам во моментот кога си ги душкам туѓите зборови би изгледала ко Радован од оној стар „чехословачки“ цртан...со очињата лево десно и со некоја мутава насмевка :D
    Добри ден, как ето в Расии?
    Евет, тешеќур!
    Олааа, пара комо естас ој?
    Добар дан, како је данас у Србији?
    Бог Загреб, дали се чујемо?
    Bonjour mesdames et messieurs!

    Абре убавини! Колку малку време имаме а толку многу желби. Да можам, сите јазици на светот би ги научила за да ми биде полесно при договарање со различни луѓе. Како беше оној цитат од Бабел? Господ ги фрлил луѓето на едно место и им ги измешал јазиците за да не можат да се разберат.

    Ама не знаел дека на светов ќе има луѓе и ко мене ;)
     
    На Galaxia, tanja6, ceca-1 и 25 други им се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Све викаш , нема да пријавувам испити во последен момент, од следниот семестар поредовен ќе бидам , ќе учам месец пред испит нема 2 дена пред испитот , ќе бидам и подобар и све ...


    И ќе дојде тоа време и ..... |-) |-) |-)
     
    На EleMental, Katerinceee, la-chicka и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.199
    Допаѓања:
    259.795
    Пол:
    Женски
    Да ја нема срцекршачка форумов би бил прилично здодевен!
     
    На bittersweet, crazylady, Katerinceee и 4 други им се допаѓа ова.
  18. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Значи луѓево немаат мозок !!!!! Кога видов сабајле како гром да ме удри.Греота е , зошто да се прави така и тие се души.Болни , изопачени луѓе шетат по светов еееееј.
    [​IMG]
     
    На kikkki, Katerinceee, Anja98 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК.... :inlove:
    [​IMG]
     
    На Katerinceee, Monna.Monna, CuteEva и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.