Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ми се вози во кола, сред нигде, во мрак, со отворен прозор и рака низ ветер. И музика, како да сум сама во, со универзумот. Филмски баш. Нешто џез можеби, или Џими Хендрикс, посебно избрано, да не е само нешто емо, Џеф Бакли, Ник Дрејк, па да води патот кон провалија и јас смирено кон нејзината уста :tmi: Ох да, може и вакво нешто
    http://www.youtube.com/watch?v=EcQ1u46GYYw
    И ми се танцува :|

    Видете, интернетот е место за пребарување податоци, а тие истите за да се најдат таму, се вшмукуваат од нас самите. Целиот интернет свет е јавен, колку и да мислиме дека не е така, и нема права, нема општа заштита, само едно големо силување на се што изложуваме. Фејзбук, форуми, твитер, социјални мрежи, коментари по сајтови и колумни. Секоја страна бара и зема информации од нас. Секоја една слика што ја ставаме, до крајот на месецот може да е прегледана дури од 50луѓе на др. крај на светот. Информациите се движат, наше е што ќе дадеме за информација. Тука е многу битно ставањето слики на фејзбук, разголени фотографии=таргет група за педофили и манијаци. Всушност, сами ја креираме сликата за себеси. За блоговите воопшто да не зборувам. Ова не е безбеден свет, и да ги бараме овде правата е малце наивно, затоа што нема да ги добиеме. Колку порано го сфатиме тоа толку помалку ќе боли. Денес на секој сајт при влез се појавува прозорче да стиснете лајк на фејзбук. Бидете вниманителни што прелистувате и на што се кликате Да. (ова ми текна на една ситуација со еден човек кој си гледал безобразни, да ги речам, сајтови па сите му се појавувале на профилот на фб, тру стори)
    Од друга страна, за оние неизживеаните, такви ќе ги има и на улица и во школо и во автобус...и тука. Еден совет за нив, додека се замарате со другите, трошите златно време да се подобрите себеси. На крајот на денот, мислата треба да биде -Што Јас направив денес, а не -Што Петко, Станко и Митра направија денес.

    Доста солев памет :D Ви посакувам среќен празник, денот е во име на крштевање, а не во име на подароци во трка и борба за крст, и не црпете вода од Вардар...ама тоа на друга тема :) И сакајте, затоа што
    To love another person
    Is to see the face of God.

    (уште долго ќе го цитирам ова :$ )
     
    На tweety26, Trnche, Moira и 39 други им се допаѓа ова.
  2. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Сакам да кажам......

    Си го гледам претходното напишано мислење, и не ми се верува дека наместо секоИ сум напишала секоЈ, како сељацине што цело време ги заебавам.
    Станав...една...од.. ;( нив. |(

    just for the record. Грешка беше жими мајка ми
     
    На Hipster, Lov3, Moschino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    'Kравче текстот како и сите останати ми донесе насмевки, зошто си секогаш во допир со реалноста, полна со живот и позитивна енргија, но спотов, спотов ме изваде од памет...

    Ме нема многу на темава, ни новата година не сум ви ја честитала ,а не дека немам што да кажам..
    Не ете таков ми е периодов си се затворам во душава, оклоп ставам и не сакам за никој да се одвиткам.
    Некако сум изморена од заспани луге, лицемерие, не се обидуваат ни да си ја видат својата беда, но ај да не бидам негативна.

    Деновиве се слушнав со човек кој ми нудеше работа од кога забременив, му пишав порака ако имаат поворно потреба да ме има на памет.
    Човеков ми се јави и ми постави толку глупави прашана што се осетив толку мизерно, но само ради неговата беда.
    Прво од прашањата беше дали сум се развела па затоа барам работа, потоа следно беше дали сум се запуштила. :x :fubar:
    За накрај разговорот да се сведи дека ке мора прво да ме види да ми кажи дали сеуште сум контабилна за таа работа.
    Ми реков дека ке го побарам наредниот ден. Да, да сигурно.. |(
    Лугето денес начесто судат по изгледот, колку само се лажат.Колку плитко и површно е тоа.
    Општо за се, за секоја свера во животот, не мора да се работи за работа.
    На муабетов се сетив дека и една Неуромедика своите вработени ги бира по изгледот, покрај нели квалификациите што треба да ги имаат за одреднена професија треба да се тип топ средени,односно доста атрактивни.Кој е пациент таму добро знае што зборувам.
    Што вика еден пријател на татко ми јас отидов таму срцето и притисокот да ми ги лечат кога влегов срцев инфаркт ке добиев од притисокот што ми се крена, мислиш во модна агениција си влегол - рече само така несакајки да биде повеке вулгарен да зборува за тангите што ѕиркаат од белите пантолони на вработените..
    Кога веке и почнав за нив да си докажам, пошто нели форумов е за ширење информаци. :talk:
    Јас сум таму пациент веке 4 години во тие 4 години - 4 матични доктори ми сменале.
    Син ми е е една година, и неговиот прв педијатар пред да си замини не извести дека веке криминал не сака да прекутува.
    Што е работа искрено не знам, но дека овде нешто чудно мириса, дефинитивно мириса.
    Во план сум да ги сменам, но ете не дошол денот и не сум се информирала за некој добар матичен општ лекар.Ако некој има некоја добара препорака нека ми пише лп.

    Ми стана сонцето,со насмевка на лицето :) колку е само златен :inlove:

    Не сакав да бидам негативна но пак постов е полн со булшит, си ветувам ке го тргнам околопот ке ја отворам душава за убави и позитивни работи, на овие другите ке гледам повеке да замижувам и вас овде помаклу да ве трујам.

    За многу години да ни е денов, бидете ми во добро здравје, многу мир и спокојство во душата и хармонија со себе и најблиските.
     
    На Annath, tweety26, Moira и 19 други им се допаѓа ова.
  4. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    ај билонг вит ју , ју билонг вит ми ју ар мај свитхарт хоу хеј , хокеј , фак јеа ладно брееее. :D
     
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Утрово го почнав со мисла за мојата голема љубов ... во четврто одделение :$

    Година 1998 - ма и светското фудбалско првенство во Франција во полн ек. Лето, се игра билјард, флипери и секако, криенка во маало. Мали улички, едвај чекаш да се стемни па собиранка, а кога мижев се некако мојата љубов ми се провлекуваше, се спасуваше...а бе никако да ја видам на време, се на спротивна страна сум гледал...ааххх..

    Една година постара од мене, се сеќавам неколку пати одев кај неа во вилата да ја прашам дали сака да се играме, а таа секогаш ќе излезеше со некаква книга во раце, читала лектира.
    Јас никогаш не сум бил тип што чита лектири преку лето, и не ми беше јасно, зарем не сум подобро друштво од лектира на 40 степени Целзиус?

    Тоа лето имаше наградна игра со собирање сликички и албуми и победникот добивал фудбали, копачки, гол статици, дресови, и мислам имаше патување во Франција да го гледа финалето.

    Отсекогаш сум имал бујна фантазија, од најмали години. Филмови за извоз.
    Си замислував јас и моите другари сме пријавиле екипа на некое младинско светско првенство во Франција тоа лето, и многу јасно сме освоиле. Како тоа ние да не освоиме? :D

    И мојата љубов дошла до мене, ме бакнала во образ и ме гушнала силно најсилно. Ете тоа ми беше желбата, само да ме гушне. За жал никогаш не се оствари, но сепак имам убави спомени.

    Ми текнува на тие денови, нештата беа многу поедноставни и невини. Се беше поискрено и толку чисто. Толку малку требаше човек да биде среќен, а после како што созреваме и осознаваме, така и се расипуваме како луѓе. Стануваме и злобни и завидливи, површни и неблагодарни, кој повеќе кој помалку, и тоа не труе.

    Ја губиме способноста да наоаѓаме искрена среќа во малите нешта. И тоа е уметност, да знаете. Да знаеш како да бидеш среќен е уметност.

    Дете што добил за подарок албум со сликички од нинџа желки е посреќно од возрасен што купил нова кола.

    Гниеме. Угинуваме во себе.

    И ај еден мал апел до целиот форум да намали со постови за детективските ликови. Тие го трујат форумот со нивното однесување а ако ова продолжи, вие ќе го отруете со постовите за нивното однесување.
    Тоа се луѓе без свест и совест, без сопствен живот и кодекс на понашање, без карактер и интегритет.

    Да престанеме да ги спомнуваме бидејќи се хранат со нашето внимание и се смејат на заканите.

    Ај да ми покажеме дека вредат две нијанси под мачешки прдеж.

    Добро утро од мене, имајте убав ден девојчиња и момчиња, и денес помислете на нешто убаво. Сетете се на некоја ваша љубави...
     
    На Annath, tweety26, Moira и 47 други им се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК у цела недела одмор, не најдов време еден филм да изгледам. :( Или на тренинг,или готвам или со дечко ми. аааааааааааааааа!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
  7. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    4.607
    Пол:
    Женски
    ГИ гледам мајка ми и нејзината најдобра пријателка со која се дружат цели 26 години,единствена надеж ми се дека еден ден можеби и јас ке имам такво пријателство...секоја им чест во сите овие изминати години низ се и сешто поминале заедно... многу ситуации ме наведуваат да мислам на нив,во мојов живот сеуште не сум наишла на искрено другарство,кога ми треба некој за убави моменти или за лоши како подршка,јас сум сама,не е другарство само одењето на кафе или една обична прошетка,навистина не е само тоа ,треба да имаш со кого да се радуваш и со кого да заплачеш,а не да ти биде незгодно да побараш нешто бидејќи знаеш дека ке те одбијат или да глумиш дека си среќен дека е све во ред со тебе бидејќи знаеш дека после ке те оговараат дека кукаш или слично ,се некој некаде брза,нема време за тебе,а кога ти им требаш ке те најдат и на крај на светот само да им завршиш некоја услуга,тоа е вејке корист а не пријателство...
    разочарана сум од луѓето околку мене ....
     
    На tweety26, Divinebutterfly, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Јас...како да ви кажам... ја дојадов тортата. :wasntme: Ама за вечера само риба ќе јадам. :!:

    После три недели драми и перипетии, после многу возови и сладоледи и дожд без чадор, сабајле ја испратив другарка ми домче. Пред некој ден читавме на црнобело статија Што да правите со најдобрата другарка и сфативме дека сме се направиле. Но тоа не е убавото скапоцено моментче. Можеме уште 50 пати да ги направиме истите работи и пак ќе ни бидат интересни. Ту што убаво му доаѓа на човека на душичката кога сфаќа дека има пријатели. Ептен.

    Сега сум три дена на пауза. Да чистам и да аплицирам за сешто. Да сфатам како треба да се пријавам за полагање, да си го чукнам главчето колку ташни имам. Да гледам купче филмови, да читам книги, да испланирам уште некој поклон. Мајка ми е во бордо фаза, ме заразува и мене.

    Италија си крцка, во сите временски услови. Најубави се оние ладни утра кога целиот град се освежува. Наоѓам скришни кошиња каде мириса на јасмин и портокал. И лакомо сркам сладолед, затоа што пицата ме разочара. Трубам на сите и барам некој да ми труби и на мене. На било кој јазик.
     
    На Annath, tweety26, Libera и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... значи невиден оток сте, |( ако знаете која е расипаната душа што труби наоколу, разнесува информации и безмилосно зачинува манџи, дај КАЖЕТЕ ЈАСНО И ГЛАСНО.
    Или не зборувајте НИШТО. Игнорирајте, бидете the bigger person.
    Вака сте само бетер од таа личност, шуш буш, и ништо никому не му е јасно. Само се подгреваат, само се пуштаат некои провокации, не им ја сфаќам поентата, жими мама.
    Што сакате да постигнете - вие кои роварите околу туѓи животи и нечии интими, и вие останатите - кои упорно го потенцирате и истовремено го игнорирате тој факт?

    Зошто не сте искрени, мене кога дотична форумџика ме нападна, јас истапив искрено и јасно.
    Ниту се криев, ниту се срамев од целата ситуација, што патем се` уште ја сметам за бизарна, ама ајде. |(
    Инаку до 2019 можевте да негодувате која е таа разгалена форумџика која малтретирала и трауматизирала соученичиња во 4-то одд. :D

    Толку имам да кажам во врска со оваа актуелна тема деновиве.
    Ако продолжам со дискусија за вакви глупаштилоци, чувствувам дека малограѓанштината сака да ме проголта, а не сакам да сум дел од буниште.
    Селски пазар. Моми на чешма. Алооо, свестете се, тоа бардачето акнете си го од глава.

    .

    МКЦ вчера славеше 40ти роденден. Убаво за потрудиле луѓето, изложба на трите генерации Коџоман, поетски перформанс (во последен момент ми текна дека е во Фросина, и само што влеговме со Хуго, чинош ѕвездите се скоцкаа во Универзумот - бап, еве ти ја Шилеа наша на сцена). :clap:
    Се прерадував, кој не ја видел на сцена, да си апне од газот. :)
    Шири толку прекрасна енергија, толку е непосредна, искрена, народски човек. Мислам дека би направила муабет и со питач и министер, со достоинство, без грам надменост.
    Тоа го сакам кај луѓето, човечност, топлина.
    Сакам воспитаност.

    Кога сме кај воспитаноста... да не ви е криво што нема повеќе бесплатни културни активности во Скопје. |(
    Не заслужуваме.
    Ние сме прост народ, на кој не му е виновна ни Владата, ни Петко, ниту Станко.
    Проблемот е во нас самите, кога еднаш ќе сфатиме?

    Луѓето културно си организирале проекции, ти даваат бесплатна карта за во кино.
    Некој е буден, за да ти ја даде картата, некој е на врата, за да ја скине, да ти каже повели и пријатна проекција. Некому можеби срцето му спие, ама останал да пушта проекции до 8 часот утринава.
    За тебе, бесплатно, да видиш нешто, да научиш нешто, да отвориш очи подалеку од глупави маалски трач муабети, скапани турски серии и Синан Сакич концертчиња.
    А ти си гомно.
    Се однесуваш како ретардиран.
    Не ти се гледа филмот, ама не стануваш од столчето. Упорно продолжуваш да седиш и гласно да си правиш муабет или да зборуваш на мобилен. Да грицкаш и џвакаш гласно, како краветина која го преживува оброкот во желудник.
    Тоа е синдромот на македончето.
    Тоа ќе не` уништи.
    Не ми е потребно, ама еј, бесплатно е. Ќе го земам, ќе го гледам, ќе го имам.
    Зошто ти е?

    Тотално разочарана и гневна сум од младината.
    Глупави дечиња, страшно е колку е бизарен фактот што имате албуми и албуми слики со разголени гради, напучени усни, просто срам ми е кажам, ама ќе го речам - курвински аутфити и пози, а при самата глетка на голо женско тело на обична кино проекција, се потресувате како малоумни.
    Што е, нешто не ви е познато?
    Не сте виделе цицки, не ви е познат сексуалниот чин?
    Што се возбудувате ко млади мајмуни и мајмунки?

    Абре срам ми падна мене едно време, се гледаме со дечко ми и си викаме - добро, на што дрога се децава денеска? :^)
    Вечно сте раскикотени, што ви е толку смешно ептен сакам да знам.
    Патетични сте, од што сакате да сте центар на внимание и уникат, а не знаете како да го постигнете тоа.
    Со глупирање и просто кикотење секако нема.
    Немате воспитување, немате култура, немате душа, немате НИШТО.

    Џган.
    И родителите ви се убер фејл, зашто не ве воспитале, да бидете луѓе, да бидете скромни, да замолчите барем за време на еден бесплатен филм.
    Простаци, како живеете самите со себе.
    Навредете се, сакам да се навредите, сакам да си ја чукнете глава, сакам да се препознаете сите кои простачки се однесувавте вчера и тоа ви е хоби и во секојдневието.

    Кога ќе помислам дека еден ден ќе одгледувам дете во оваа средина, душата ми се кине, ми доаѓа да приплачам.

    Зошто сте бе ретардирани?
    Од срце молам некој да ми појасни - зошто сте невоспитани смрдловци?
    :puke:

    Да ти се серам во простата нација.
    Не ви е крив ни Бранко, ни Грујо, ни никој.
    Не доаѓа некој од нив кај вас дома за време на семеен ручек (ако воопшто го имате), да ви каже дека е некултурно да сркате гласно, да не `ркате на улица, да не плукате, да не се дерете како да ве колат, да не се кикотите како прости, гнасни курвичиња.
    Значи почнав да употребувам недолични зборови од кои се срамам, ама не знам како поинаку да го отсликам мојот револт, мојата разочараност.

    Ме здоболе, ви кажувам искрено - ме боли.
    Чувствувам буквално физичка болка од оваа нација.
     
    На Mayyya, Annath, tweety26 и 63 други им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.816
    Пол:
    Женски
    Трендафилке :bow:

    Синоќа како ме гледаше така мило, со љубов и ми рече дека сум се она што посакувал да има крај себе, се она што некогаш си го замислувал.Не дека не ми го кажал тоа и предходно, ама вака после добро валање ви ја крева самоувереноста до 100ка.Кој не сака да биде нечија најдобра,најпаметна, најубава, со најдобар задник и при сето тоа најсакана нека крене два прста.Енибади?

    И знаете што, девојките на неговите другари се едни мили и паметни женички, не има од секоја генерација ама секогаш наоѓам муабет со нив.Затоа ми е убаво кога сме излезени заедно, се чувствувам пријатно, а сметам дека доколку си со некој многу е битно како се осеќаш меѓу неговите битни особи.

    Него друго, не сум кој знае колкав верник, мислам верувам во Бога и верувам дека се е во негови раце, ама не сум некој ептен почитувач на христијански закони и такви работи, грешам милион пати, не одам често на црква, не постам...ама кога слушам црквена музика, е тоа чувство неможам да го споредам со ниедно друго и кога се молам, таа смиреност не ми е ја обезбедува ништо друго, а се молам од мала секоја ноќ.И не ретко молитвите ми се ислушани и сум имала милон причини да престанам да верувам, ама никогаш не престанав, зошто тоа некако ме држи, ако престанам да верувам дека некој, нешто таму горе управува со нас мислам дека ќе се скршам.Морам да верувам дека некој посилен од мене ќе ги заштити оние кои ги сакам, зошто само така можам да живеам спокојно.

    И морате и вие да веруваате во нешто.Не мора во Бога, во некој друг бог, ама верувајте во љубов, во мир,во почитување на се што живее, дише, расте...во семејство, верувајте во подобро утре.И никогаш не заборавајте дека после ноќта, нештата не изгледаат толку страшни.
     
    На Libera, bittersweet, happygirl и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Јас како и секогаш ги пропуштам битните муабети на фемина. И како секогаш веза немам што се случува. Јас сам био у подрум. :?:
     
    На kravce, Plavusa.17, kate21 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Многу многу конфузно се чувствувам денес.Дури да се освестам очигледно повеќе време ќе ми треба.А јас уште по сабајле тропам глупости.Па уште ја прашувам мама-Мамо е кај тука кај нас фрлале крст,некој Д го фатил,зарем во рекана наша пресушена фрлаа или во чешма? :^) :rofl:
    Уште не можеме да се смириме од смеење.се надевам додека не испијам едно кафе ќе си ја држам устата затворена да не кажам уште некоја глупост. :D
    А јас да испијам сега кафе па да земам да сработам се што има,уште еден ден до славата наша.
    Се надевам нема и некоја состојка да утнам. :lol: :wasntme:
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Ме тресе ппмс. (пред предменструален синдром)
    Од мака ќе си го позлатам левиот преткатник на горната вилица.

    Срање. |(
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    Со мојов пост го поздравувам постот на Трендафилка конкретно во делот со простете на зборот (раскурваната младина и слепите квази родители) и го поткрепувам со вчерашната случка од која и јас и сопругот останавме :puke: :x :headbang:

    Имено во еден кафич на масата карши нас седат 4 девојчиња не постари од 17 години,и неможеш а да не го слушнеш муабетот (кој како да е наменет не за тие на масата туку за останатите) и меѓу новите чизми на едната,уметоците за коса на другата и блек девил цигарите на третата |( и тн.; се најде и една реченица која ги изазива погоре наведените фаци,а од другастрана и воодушевување од страна на останатото дотично друштво на девојчево, а гласеше вака:

    - Иначе мачкици,речено сторено хахахах ху ис д бич која има шопинг во Солун аааа? хахаха и тоа само за едно пушење хехе ви реков.
    ........................................................................ :* топ си кисче :puke:
    А вчера сабајлето на утринската програма на Канал 5 имаше интересна тема во која се збореше за тоа:
    -Што ја поттикнува младината нa прерано впуштање во сексуални односи или некако сл. беше насловот.
    Но случајно вниманието ми го привлече еден коментар на еден родител (татко на тинејџерка):

    - Ќерка ми има 19 години и среќен сум што секоја вечер различна јака кола ја враќа дома.

    WTF.........................NO COMMENT.
     
    На Annath, EleMental, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ќе си речеш, животот си има одреден тек, си тече по одредена патека, за се во животот има правила, секоја акција има своја реакција, има казна и награда, секој добива тоа што заслужил, што си сеел тоа ќе жнееш. Карма, правда, тркалото на животот, судбината, сите тие се тука да ја бришат прашината на жовотот, да го отстранат џганот.
    Се додека еден ден, тебе или на некој твој близок, од никаде ќе му се сруши целиот свет над глава, и се прашуваш заборавајќи на сите твои манири и бон тон примени, ПО КОЈ КУРАЦ Е ОВА??? Каде е кармата и кого казнува, да не си го згрешила бројот и слично?
    Но, како и се во животот, и тука има исклучоци, дупки во системот, колатерална штета. И боли да бидеш, или некој што го знаеш да биде дел од таа, најчесто минимална група на луѓе што го фаќа подебелиот крај без некоја вина, кога кармата е кучка, тркалото на животот несакајќи се откачило и смачкало една рака народ, Калимеро нема правда, боли. Најмногу боли што немаш одговор туку мораш да се помириш со животот.

    Неколку дена по ред гледам плаката, од прилично познат човек за кого не можам да се сетам од каде го знам. Претпоставив дека е еден од оние луѓе што се далечни пријатели на родителите, ги гледаш најмногу 2 пати во животот на некоја прослава или свеченост, и после цел живот се двоумиш дали да ги поздравиш по пат двоумејќи се дали те препознаваат или сепак си пораснала. Или, некој од луѓето што се суптилен дел од твоето секојдневие, ги гледаш ама не ги гледаш.
    Вчера дознав дека човекот е всушност таткото на мојата поранешна најдобра другарка, од основно. Ми застана некоја чудна грутка во грлово кога чув, но, навикната за секоја ситуација поврзана со неа да бидам воздржана и ладнокрвна како резултат на една глупава детска караница која во денешни услови е смешна, не покажав колку всушност сум запрепастена од веста. А сум запрепастена, и исплашена и ужасно ми е, грдо ми е што треба да помине низ тоа, глупаво ми е што не можам да и кажам дека ми е жал, и ужасната сум од помислата колку брзо минува времето и дека часовникот чука за сите.

    Друга работа, тотално неповрзана со претходнава, бизарно смешна, е што до толку ние луѓето сме одвратни суштества и сакаме дел од сечиј живот, инволвираност во секоја каша, до толку што ги преминуваме на сите граници на достоинството.
    Кулминација на оговарањето е што се измислуваат работи за нечија смрт, за начинот на кој некој го напуштил овој свет, а некои луѓе се толку гнили што се спремни и тој трагичен и интимен дел од животот да го извалкаат со секакви дезинформации. Дојде време на човек да му е страв и да умре, бидејќи не знае што ќе им се соопшти утре на неговите најблиски.
     
    На Mayyya, kravce, CuteEva и 20 други им се допаѓа ова.
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    СДК дека не дозволувам да се разочарам.. И тоа ми одзема тоооолку многу енергија што почнува да ми фали за сите основни физиолошки функции. Ми се врежало во глава од воспитувањето на моите постари родители дека луѓето се добри ако тоа го извлечеш од нив, и со петни сили 28 години тоа и се трудам. Ама не било така! Времето во кое они живееле било многу по нормално од ова. Што сакаме од свет кој е преполн со луѓе кои се толку забрзани во трката за пари, кои забораваат и кое годишно доба е...

    Пари... Пари... Пари... Сте имале ли некогаш доволно? Што значи тоа доволно? Ќе бидете посреќни со некоја Мечка по улициве? Ќе бидете поздрави затоа што ќе купите витамини од 1000 наместо од 100 денари? Ќе ви биде посветло сонцето? Што??? Ќе имате стан од 100 квадрати наместо од 50? И? Што и на кого ќе му докажете?

    Живеам во заедница од 4,5 луѓе ( тоа 0,5 е золва ми која што е пред селење), и само јас и вереникот имаме плата, што значи дека ако не дадеме ние, немаааа. И секојдневните прашања од мојата мила и драга околина - Како бре издржувате? Па не ти се тие мајка и татко да ги раниш? Будало една, оди изнакупувај си се облека, нека јадат леб и сол!

    Е браво, алал нека ви е. Кога ќе ми биде супер, ќе одам на кошулата да и кажам, да ја споделам радоста? Кога ќе бидам болна, новата ташна ќе ми направи чај и лимонада? Кога ќе бидам тажна, чевлите ли ќе ме утешат? Ми се гади бре од вас, и јавно признавам дека сум РАЗОЧАРАНА од луѓето кои ме опкружуваат надвор од мојот дом. Не се живее со скапите партали, се живее со луѓето. Ми грешеле, сум им грешела, ама мои се бре! Можам да се карам со нив 3 дена и 3 ноќи, ама оди нека ми каже некој нешто за нив, и во најголемата расправија око ќе му извадам! ЈАС се расправам со НИВ, и не дозволувам КРЕТЕНИТЕ од страна да ми се мешаат. Мои се.

    Убаво си се издував, сега планирам да си ја земам фамилијата под рака, да ги однесам сите топтан во некој кафич и да ги частам топло чоколадо. Онака од ќеиф, со последната илјадарка од новчаник, за инает на моите шкрти квази-пријатели и роднини, а они нека си ги бројат во темница заштедените денарчиња за нови чизми. Јас ќе си уживам! :rock:
     
    На Annath, Moira, Libera и 13 други им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.719
    Пол:
    Женски
    Колку убав ден :sun:
    Колку сонцево влијае на мене.Сабајлево ги почастив моиве со топла пресна погача.Бев и да го гледам фрлањето на крстот,конечно ја посетив другарка ми да и го врачам подарокот за роденден.Толку слатко се изнаприкажавме што срцево сега ми е полно. :inlove: Вчера го преживеав и првото бричење на син ми. :D Е добро,сега тој нема брада туку онака мек мов под носот.Ама му смета,го зафркаваат...и конечно се реши.Првото бикче ќе му го чувам за спомен. :D
    - Сега вели мамо ми студи под носот...
    - Е,му велам јас мајка ти се смрзнува кога ги депилира нозете :D :D :D
    - Ми го разубави денот мамо
    - Молам,му велам и на здравје бричење.

    И да ви кажам тешко е да си сам при толку луѓе,дома,во градот.Кога наутро се будам и ја ставам водата за кафе,иако реков дека нема да пијам,ми треба тој мир со тиха музика,слатко кафе и со своите мисли.И потоа се тргнува по некој непишан тек,дали се обврски по дома или дремење по шалтери.И се враќаш уморен,размислуваш као те болат нозете и кичмата...и некоја сцена од тв,или стих на песна, ќе предизвика солзи...фино лепо ќе се исплачеш како човек.Легнуваш,и тогаш стануваш свесен за топлината на креветот,дерењето на децата кои по обичај мора да се исчукаат пред спиење...и сфаќаш колку си среќен што денот поминал нормално,без негативни шокови.За таков ден вреди да се разбудиш и наредното утро.
     
    На Annath, Moira, kravce и 38 други им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 43yBzfoY0-хроничен проблем што очигледно нема решение :worried: разбудена од 7 часот седев во кревет и вракав филмови од мојата 15тта година па наваму до 10 часот некаде-што ми се нема случено :doh:,а пред тоа не сакам да зборувам оти ми е многу тешко-дел од последиците ги чуствувам сега а тоа што ме чека, страв ми е да помислам :puke: на многу работи не сакам да се секавам ;( да можам да ги избришам од својата меморија, со задоволство би го сторила тоа :!: и после од каде е акциозноста и зошто нервите ми се какви што ми се-човек сум од крв и од месо, не сум од камен :fubar: а вчерашниот разговор со другарка ми ме исцеди ко лимун , нема што-и цело време морав да внимавам што ке кажам, реакцијата каква ке ми биде да не ме интерпретира погрешно оти многу е исфрустрирана од своите маки а и карактерно сменета :worried:

    и денес и е именден на баба ми покојна-на мајка ми мајка, нека почива во мир
    никогаш во нејзиниот живот ме нема гушнато ниту убав збор кажано и ако и бев најстара внука ама ете ми недостига :worried:
     
  19. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Колку е убаво кога ќе те разбудат со повик:
    '' Надвор денот е прекрасен, денес сонцето грее само за тебе! Станувај, за половина час да си спремна! Имам нешто за тебе што ќе те стопли повеќе и од сончевите зраци!'' :$
    Me изненади неговиот глас, никогаш не се јавува додека не се разбудам. Но, ете денес има некоја посебна желба...

    И како веднаш да не се разбудам кога се работи за некое изненадување? :D Па ни на памет не ми паѓа што може да смислил овој пат тој иновативен момак!

    Колку ли ние луѓето ги сакаме изненадувањата?! Таа слатка неизвесност? Тоа брзо срцебиење и трепет по телото? Таа срамежлива насмевка која ни шара по лицето додека во себе размислуваме што би можело да е? Брзо голтање на парчињата леб, зошто мајка ми не ме пушта да излезам без доручек?
    Миење на заби со еден куп паста, зошто не гледаш ниту што, ниту колку ставаш?
    Пробуваш да облечеш хулахопки..гледаш не оди многу брзо и ги маваш. Па, тие го одземаат скапоценото време! :!: :D
    Облекуваш чизмите во кои најлесно се влегува...и со брзина на светлината трчаш накај него...

    А тој, за да ја направи уште понеизвесна ситуацијата...Ме однесе на кафе, ме шеташе на чудни места...за да ме однесе до едно скришно место во природата. Каде што зраците на сонцето скришно продираат и му давааат посебен шмек на местото. Музика на птици имаше! Од каде во ова време, птица некоја се чудев...толку слатко цр црц црр...
    Таа музика уште ми ѕвони во ушите, од изненадувањтое кое ми го спремил паднав на г*з (по наше кажано :lol: )

    Е, сега ќе го славам денов. Па неможеше да биде поубав, пооригинален.
    Полна сум позитивна енергија, сега одам на моите дома да им ја пренесам... :inlove:
     
    На kravce, Libera, EleMental и 13 други им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    17.265
    Бог да ми ја прости бабичка. Ми недостасува многу.
    Правеме преска муабет со мајка ми, и ми кажува како порано кога Љубчо Ѓоргиевски бил премиер, (нели жена му хумана била многу) и давале пакетчиња на децата, само здравствена книшка треба да покажеш, а не воделе евиденција. Прво мајка ми земала за мене и брат ми, и утредента баба ми „Дај ми книшките, ќе идам ја ќе им земам уште по едно, нека јадат деца чоколади ]:) “. Закон (ама глуп израз) беше.
    Пред изборите кога беа, она си иде од пазар и го сретнала градоначалникот и „Добар ден градоначалниче, да ве прашам нешто. Зашо за мене нема пенкала, упаљачи и маици?“ И човекот од кај да ја знае неа, па дали има маица за неа или не. „Ајде, давај маици оти нема да гласам ни ја ни децата“ Ајде градоначаникот ја носе у штабот и она земала за цела фамилија по една маица, пенкала, упаљачи ]:) (незнам друго дават ли).
    Единствена беше :hug:
     
    На kravce, Libera, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.