Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Сакајте ги своите најблиски.Животот е краток луѓе!Искористете го максимално.
     
    На CuteEva, EleMental, Glossy-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  2. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Не верував ова дека ќе се случи, ама се случи.
    Редовно го влечкам лаптопот секаде со мене. Дури и во купатилото. Особено таму!
    Не знам дали е само до мене, ама си наоѓам мир и слобода таму.
    Звучи лудо, да, ама таму ми се најбисти мислите, едноставно таа просторија ме инспирира. Можеби бидејќи никој не ме прекинува кога размислувам....
    ( Уште во вц ако почнат да ти се дерат, па каде ќе се скриеш?)
    И тогаш ми текнуваат триста чуда, некои мисли што си ги замислувам како дел од книга, или поточно цитат што секој втор го споделува на фејсбук. Како на пример „Be the change you wish to see in the world.“ ?
    И само што сакам да ги запишам тие мисли, исчезнуваат. Уф колку ме нервира тоа кога не можам да се сетам што сум мислела откако завршам со формирање на мислата во главата.

    Ама пишувам.
    И секој напишан збор е само психоаналитички доказ за неорганизираноста на моите мисли.
    Доколку прочитате нешто не едитирано од мене, сигурно ќе го видите тоа внатрешното лудило што се бори да ја распарчи секоја буква во секој збор, да се ослободи и да вресне.
    Се чувствува напнатоста во самите зборови. Не сакаат цензура. Сакаат да си течат природно.
    Но, што можам јас тука кога мислите ми се цензурираат во мозокот уште пред да знам дека се цензурираат т.е несвесно?!
    Ете толку ми е тесен умот. Кога нонстоп притискаш од сите страни, не останува многу празен простор, нели?

    Исто имам проблем со контрадикторноста преку една реченица.
    Зошто не може моите мисли да бидат усогласени, да се формираат во еден ист ритам?
    Зошто таа динамичност, па сталоженост, па паника, па тегобност, па изливи на љубов, па помирување со „судбината“, па негирање на реалноста...... И така до бесконечност.
    Ако денес кажам една проста реченица дека на пример ми се допаѓа зимата, зошто утре мора да измислам илјада причини поради кои ја мразам зимата?! Зошто???

    Сепак, човек сум, не фикција, се тешам.
    Можеби не треба да сум совршена, можеби не треба моите мисли да бидат во хармонија со моите постапки, можеби треба да отскокнувам...
     
    На kravce, cinderella5, Ingvild и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Не разбирам како некои луѓе живеат во лага, а уште повеќе не разбирам како пак други им веруваат.
     
    На SexyLady и tweety26 им се допаѓа ова.
  4. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    И јас ќе напишам неколку реченици за актуелнава ситуација. И тоа ќе биде последно од мене за таа тема, зошто се има право кога се вели дека таквите луѓе се хранат со внимание.

    Фемина е виртуелно нешто, нешто со кое имаш контакт со дискусии со луѓе чиј карактер можеш да го процениш само од тоа што го пишуваат тука. Виртуелно е, ама пак сите овде си имаме некој наш печат. Мене конкретно може одма некој да ме препознае, јас сум таа, навивам за тимовите кои ги сакам манијачки, гледам вампири исто така манијачки, ги сакам Hurts, ја сакам Apologize. Некој што ме познава, доволно е еден мој пост да прочита, да сфати дека јас сум таа. И тоа не ме буни, затоа што како во реалниот живот, така и тука, јас сум јас и не можам да бидам друг. Секако дека сите работи што ги пишуваме тука не ги кажуваме секому, ама си имаме форумски отпечаток, кој како и вистинскиот, е еден и единствен. И некој и да ме познае, јас се што сум напишала овде сум напишала затоа што така сум се чувствувала, од ништо не се срамам. Никого не сум навредила, никому зло не сум сторила.

    Баш напротив, горда сум на себеси. Случајно сум нашла неколку феминки на фејсбук, ама сум си го задржала тоа за себе. Која цел би ја имала доколку би и кажала на некоја друга дека сум го открила некого како изгледа. Не разбирам, што фајде има од тоа? Не сум кажала ни на тие феминки дека слујчајно сум го открила нивниот идентитет. И нивниот идентитет е безбеден кај мене, затоа што јас сум како риба, тајната за мене е свето нешто.

    Како и во вистинскиот живот така и тука се запознаваме со некого, исто како и во вистинскиот живот после некое време тоа пријателство или ќе опстои или не. Формула тука нема, едноставно таков е животот. Некого уште повеќе ќе го засакаш, со некого ќе прекинеш секаков контакт, and that's how it goes. Не се разочарувајте доколку со некој пријателството не испаднало како што треба, или се завршило лошо. Радувајте се што и покрај големиот број на контакти, сте успеале да развиете преубави пријателства.

    Зборувам лично за мене, сум си нашла феминка тука што си ја сакам како сестра, сум и отворила дом а и таа мене исто. Што ме гледа како царица кога ќе отидам таму, а истото и јас го правам. Имам и уште една друг која не пропуштам да ја видам секогаш кога одам во тој град. Си знаат тие кои се. На фејсбук имам уште неколку феминки кои си ги сакам, и кои ми се мили. Тоа го добив со тоа што ризикував и открив идентитет, ми се исплатило, не секогаш, али сепак. А без ризик не се добива ништо. Така да, не жалајте доколку некому сте откриле идентитет, па не излегло како што треба. Како што кажав, како и вистинскиот живот, така и тука. Крај краева, доволно е да направиш едно добро пријателство, кое ќе ги надтежне (не знам дали вака се пишува зборов) 5 други лоши на вагата.

    А такви што се замараат со туѓи животи (јас ги викам портари), ќе има секогаш и секаде. Значи пак исто како во реалниот живот. Тие се хранат со озборувања, тие од тоа живеат и џабе е сега ако се открие кој е, кога по некој месец ќе се појави друг. Нив им нема крај. Единствено нешто што можете да го направите е да ги игнорирате и да не се замарате. Доколку сте какви како што се представувате овде, нема од што да се срамите. Нека се срамат тие. Главата горе и да не ви е гајле што минорните умови (портарите) мислат за вас.

    И сосема за на крај, ќе цитирам цитат од Eleanor Roosevelt:
    Great minds discuss ideas. Average minds discuss events. Small minds discuss people.
     
    На Annath, kravce, SexyLady и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Само што се разбудив.
    Што правам бре јас? Мрза една никаква. Мора нешто да правам во животов.
    На памет размислив неколку работи (физички) што ме прават среќна. Очигледно немаше многу такви на список.
    Се одлучив за танцување. Најбезоблно е, време брзо поминува, и плус обожавам да танцувам.
    Турција чекај ме летово!
    И еве сум турско-арапска музика низ дома. Денсам.
    Добро е за кондиција, побрзо ќе бегам од мањаци. :!:
    Имајте убав ден, и разбудете се како мене. Правете нешто, мрзи едни фемински. :D
    Ајмо!
     
    На kravce, crazylady и pamelche им се допаѓа ова.
  6. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    добро бе жени ( им се обраќам на тие како дотичната -бај д веј скоро 3 особи открив денеска од форумов хихихи ) наместо форумов да биде место кај што сите може да се опуштиме бар на сат или два и да стекнуваме нови познанства и пријатели па макар и виртуелни вие правите да биде НАПЕТО .
    КОЈ ВИ Е МОЈ ? |(
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.719
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сум ви кажала дека апетитот ми е на страшно високо ниво.
    Ми се јаде чоколада,скара,чипс,помфрит,торта,ишлери,печено месо, смоки,чајна,форнети...
    Ми се пие швепс,лимонада,чоколадно млеко...
    Ете така :!:
    Наскоро во слободно време ќе се бавам со тркалање не со одење :?:
     
    На kravce, la-chicka, antonina и 12 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.281
    Пол:
    Женски
    Еве си признавам. И тука ќе си признаам. Маж ми е подобар човек од мене. За него луѓето се луѓе, сите се еднакви, нема никаква поделба. Болен човек е болен човек, без разлика, му треба помош и тоа е доволно за него. Секогаш на секој би му помогнал, последниот денар што го има ако му треба на некој и му побара ќе му го даде. Ете. И затоа го сакам повеќе од што се сакам себеси.
     
    На thelittle17, Annath, Moira и 27 други им се допаѓа ова.
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    http://www.youtube.com/watch?v=qCUZ9_CbBU0

    сакам моето момче да ме топи како што ме топи шармерскиот глас на господинов!

    и додај свету мало боје, чудо мое!
     
    На AIT, La.Reina.Del.Sur, EleMental и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да се дисконектирам од светов, да пуштам гласна музика и да игнорирам се. Не знам сериозно зошто се замарам толку со глупости, кога дојдов во град кај што никој не ме познава, и сум тотален анониумс, кај што можам да бидам јас. Треба да престанам да се осудувам за грешките, намерни и не намерни, да научам од нив, да го заборавам минатото, него можам да сум се вратам кога ќе посакам, ама само да го заборавам, и да почнам сериозно една поинаква нова приказна, нов тек..
     
    На Moira, kravce, La.Reina.Del.Sur и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Добро луѓе не сфативте дека ако ги банираат, повторно се враќаат со друг ник? Не треба бан, треба многу подрастчни мерки да се превземат...
     
    На antonina, zhap4e, Ingvild и 6 други им се допаѓа ова.
  12. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.276
    Пол:
    Женски
    Од грижа секако, тој машко е можи да прави што сака јас женско сум да ме врзат за кревет. Така де машко е тој и ајде сега светот наопаку да го свртиме :swear:
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...
    Во цело мое тригодишно постоење на форумот, никогаш не сум верувала во тие поделби што сте ги спомнувале, во кланови, во психопати и слично. Никогаш не сум мислела дека меѓу толку прекрасни девојки може да постојат лицемерки, злобнички и змии. Сите се претставувате како паметни, чесни и фини девојки, дојдени тука за забава, за женско виртуелно дружење....
    Не сум се вклучувала во тие глупави поделби, ниту сум делела некој политички, ниту друштвено. Не сум влегувала во директен конфликт со некоја од вас, или барем сум пробала да го одбегнам. Не сум човек што сака сплетки, умрсени приказни и рекла-казала. И барем до сега, мислам дека на никој ништо не сум и згрешила. Ако не е така, сите чевли да ми изгорат.
    Најголема грешка направив што решив да се спријателам со некои и на фејсбук. Веројатно, видов колку меѓусебе се знаат, лекомислено поверував дека е безопасно...и се зае*ав за сите пари.
    Туку...
    Многу девојки беа фатени, иако никој не очекуваше. Уште толку не се фатени. Има и такви што не пишуваат, само читаат. Ама за голем дел можам да тврдам, навредете се или не, сте безобразни.
    Патетично е, тоа што форум, како едно виртуелно парче, ви е центарот на реалноста во која живеете. Да седите на лап-топите по цел ден и да се замарате со пишување, и откривање на форумски ликови, треба да сте тешки социопати. За жал ве имало повеќе. Сакала или не, некои информации брзо се шират...
    Тоа што се случува со форумот е алармантна ситуација, на која голем дел потклекнавте, а останатите не убедувате како треба да замижиме и да бидеме “позитивни“. Не знам, како може да очекувате, барем од ние што сме со години овде, да седиме и да пишуваме како порано. Прво, најзагрозени сме тие што сме години наназад активни. Второ, стари банирани членки овде пишуваат со нови никови. И не се правете дека не знаете, поготово вие администраторите, бидејќи ова трае... колку сакате барајте оправдание, ама со сигурност ви тврдам и јас и уште еден куп други форумџики. Второ, се молчи и се мижи за ситуациите во кои наши идентитети биле загрозувани. Човече, па пред некој ден една тука пиша дека открила три девојки и никој ништо не превзема. Што треба уште да се направи, да се објават имиња овде? Пошто ако е до таму работава стигната, може новата платформа да биде со име и презиме направена. Па што, и така тука сите веќе знаат кој е кој.

    Не велам дека не сме ние членките сами криви. Порано, позитивната вибрација на форумот и пријатната атмосфера, натера многу од нас да се здружат и надвор од форум.
    За тие што немаат многу пријатели, или воопшто ги немаат, ова било идеално решение. Ама, пријатели на форум не се бараат, а уште помалку наоѓаат и задржуваат. И ова треба да го знаат сите, поготово тинејџерките што масовно се приклучуваат на форумот.
    Впрочем, тие остануваат на форумов. Тие и администраторите. Останатото лека полека си ги собра парталите и кидна, што би се рекло.
    Не се каам за тие што ве запознав. Жал ми е затоа што форумов гасне полека. Од прекрасно место за дискусии, стана место на кое се ставаат слики од модни комбинации и се пишува за тоа кој што правел дента. Три теми функционираат, и очигледно никој не знае што треба да се превземе. Форумов е срање, со извиние на тие што ја вршат и тие што не ја вршат својата работа.
    Затоа ќе си бегам и јас дур е време. Останете ми поздравени, се надевам дека сите еден ден ќе најдете причина да се исклучите од виртуелниов свет и да најдете подобро место за искажување на тоа што ви лежи на душа. Тука не сакате да бидете, не е безбедно, а не е ни реално.
    Старфиш на Фемина lives no more.
     
    На tinkerbelll, anuskaNESTLE, rossonerka и 43 други им се допаѓа ова.
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Ох леле, постот на Елементал ме расплака. :(

    Не можам, луѓе, не можам.
    Имам уште пола книга за учење за испитов, вчера раскинав со дечко ми, единствената личност на која можев се да и кажам, која ја сакав, со која чувствував длабока поврзаност, не знам дали беше чувство на поврзаност, или се работеше за љубов. И болна сум. Грло ме боли, носот ми тече, не можам да правам ништо, за греота сум.
    И, како да не плачам? ;(

    Јас за се и сешто плачам, а камоли за ова. Камо да беше само физичка привлечност, да одевме само од тоа, да не се приврзав толку за него. Многу ме боли. Многу.
    Еден куп салфетки до мене, со едната бришам нос, со другата солзи.
    Ме боли, многу ме боли, оти тој е изузетно добра личност, секогаш бил добар со мене, дури и кога не сум заслужувала. Фин е, убав, згоден, ме боли и помислата што за некое време можеби некоја друга ќе го заземе моето место. :(
    Не сакам да го препуштам никому, али и не можам да го задржам сосила. Се мачевме, знам, гледав, и јас бев дел од оваа врска. Не знам зошто не бев среќна со него, бар не до тоа ниво до кое треба да бидеш со саканиот.
    Ме боли што не сакам да го изгубам во животов, ме боли оти конечно најдов таков каков што сум сакала, а не излезе вистинскиот за мене, имаше чувства, но не оние вистинските веројатно.
    Плачам затоа што сакам да продолжам да си правам муабет со него, да ми биде најдобар другар, али не можам, не можам. Знам дека нема да успееме да бидеме само тоа, оти надеж, бар во мене, секогаш ќе постои. Ќе постои додека не најдам друг.
    Но, дали ќе најдам друг, дали ќе можам да бидам вака опуштена, вака поврзана, толку да ми треба?
    Не се плашам од тоа да го загубам, па макар и никогаш веќе да не го видам, но се плашам дека Господ веќе нема да ми подари таков дечко. Оти ни овој не успеав да го задржам. Не успеав, а толку многу се надевав. Многу ќе ми недостига, знам оти нема да престанам да го сакам никогаш, неговата личност, знам оти еден дел секогаш ќе се сеќава на него, али ме боли.
    Се сметам за силна личност, али не можам.
    Не можам и не сакам ваква да си одам дома, не сакам никој да ја види мојата болка, не сакам да ги растажувам моите. ;(
    Како да се навикнам дека повеќе ќе го нема? Како да преболам? Како да продолжам?

    Не знам.
    Не знам ни дали ќе можам.
    Солзите не ми престануваат, носот ми е ко чешма. Буквално се растопувам. Можеби ако се исплачам едно 10 дена, веќе никогаш во животов нема да плачам. :(
    Го прочитав и постот на Идонеа. За сите наши солзи самите сме си виновни. Па се прашувам, кого сум растажила толку што не ми престануваат? Кого сум повредила толку, што никогаш не сум била потполно среќна, најмалку со оној што го сакав? Што сум погрешила толку?
    Зошто е вака, зошто боли?

    Сакам да се вратам во детството. Тогаш бев среќна, бев безгрижна, не гледав кој сака да ме повреди, а колената само ги кршев. Тоа ми зараснуваше. Дали сега пак ќе зарасне?
    Знам дека ќе остане лузна засекогаш, али сакам да зарасне.

    Сакам да знам дека ме чека подобро во иднина, дека ќе има некој што вистински од срце ќе ме сака, дури и кога јас не се сакам самата. Не сакам повеќе плачење, за две години многу претрпев од тоа.
    Свесна сум за се, ќе ми треба време да се помирам, време за да не заплачам.

    Само да знам дека се ќе биде добро, само да знам дека ми следи уште еден ваков фин дечко, а јас со тек на време ќе преболам.

    Зошто пораснав?
     
    На Idonea, gothchick, julie77 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас денес си ги добив роденденските подароци од него. Да кажам дека рипав од среќа, и срцето ми биеше ко лудо оти бев премногу возбудена, со душа ги чекав книгите, а лепотицата изненадно си ја добив, ма тоа не се опишува, во секундата кога ја видов се конектиравме. :inlove: :D


    Некогаш ми е толку криво, и јас сакам да радувам луѓе со подароци, со нешта што им требаат, потајно ги посакуваат и кога некој ќе им ги подари се претпоставувам среќни како мене денес :D ама јас да имам свои приходи никогаш не би штедела за да ги радувам и дарувам саканите.
    Дај Боже да дојде тој ден што поскоро, и јас сакам да се радуваат луѓето ко мене. ^_^
     
    На kravce, bittersweet, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Амин!! Во оваа џунгла не останува никој веќе...Создравје!! :hai: Поздрав и не :!: не ве сакам сите. Не дека мразам некоја, ама...виртуелен свет.
     
    На ljubam и starfish им се допаѓа ова.
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да видам како изгледа да земеш цела плата. За време на мојот скромен работен век, од скоро 6 години, уште не сум имала вакво искуство. Прв пат кога почнав да работам, само што се вселивме во станот, јас пресреќна што повеќе нема да живееме како Пантиќи во „Тесна кожа“ со распоред кој кога да оди во wc, сфатив дека миењето садови на биде во купатило, додава болка во рамениците, колената и зглобовите, па на своја рака купив кујна и ја отплаќав, нормално на рати, се до трудничкото боледување. А нели кај нас исплатата на болничките боледувања оди толку брзо што попрво ќе дочекаш пензија, па тие неколку месеци салдо нула на трансакциската, ги поткрепував со дозволен минус, кој никогаш нема да биде плус. Таман истече боледувањето останав без работа. Ново работно место после една година пауза, нов предизвик за банкоматите низ градот. Од септември, до јануари не земав воопшто плата, бидејќи немало согласност од министерството, а всушност училиштето направило збрка, па нивната грешка јас убаво си ја платив со 5 месеци наметнато волонтирање, а бирото за вработување по новиот правилник не враќало ретроактивно, ама кого го боли кога 100 стапа по туѓ грб не се ништо? Чекав редови на шалтер со еден куп пензионери, технолошки вишок и социјалци и секогаш истиот широк осмех и златан зуб на банкарот кој ми вика:„Нема ништо!“ Е кога тоа ништо се претвори во нешто минимално, без полн фонд на часови, морав да отплаќам заостанати сметки за струја, зашто никој не се нашол паметен да измисли телевизија, фрижидер, машина за перење и интернет на дрва. Мажето отплаќаше станбен кредит, фрижидерот полн промаја, ама јас битно се убедував дека ќе дојдат подобри времиња. Наредната година, се врати професорката која ја заменував и јас пак без работа. Почнав да работам преку една агенција за плата од 7000 денари и конечно по една година добив вработување, без замени, без лажи без преваре. Откуканите дупки ги закукав со пресипување од шупљо у празно, минус на картички, синдикални кредити, па се надоврза плакарот за чевли, нормално на рати, за да на крајот и насмевката на лицето ми стана на рати. Сите се радуваат кога ќе ни пуштат плата, а јас преживувам стресови, бидејќи мојата е пред време испланирана, само треба да ја разнесам. И капак на се, овој месец, доцни ли доцни, вчера се бакнував со банкоматот и само добив ливче и на екран салдо 0. Ми потврдија и во електронска и во писмена форма дека имам компир. Жално го гледав паричникот полн со фискални и една залутана десетденарка меѓу нив, ама кога ќе слушнам дека нешто што ми е неопходно може да се земе на рати, фацата ми станува ваква:
    http://www.youtube.com/watch?v=nVV5scxtWj0
     
    На Trnche, Artemission, Moira и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Работава не е за лајк, ни за амин, но неможам да не се согласам.
    Преземете нешто, зашто добри 50 посто од асалните членови си отидоа.
    Асални зашто имаше што да кажат, за дискутираат, дебатираат на секоја тема.
    А не само сликички да си редиме и да си праиме албум и кавази оговарачко друштво.
    И сите ќе се одат, ако не се постигне нешто, не се направи построги критерими за членство и правила.
    Секој ден некој си оди, за што?
    Така се губеле и продолживаат да се губат различните мислење и критички ставови.
    Едномнение everywhere. :|
     
    На Annath, crazylady, kravce и 23 други им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Епа сериозно тажно ми е што го читам и жал ми е, и поуката што ја сфаќам не си имај работа со женски ум, жал ми е што одат еве Старфиш, Нејтири, ја избркавте Лилит, Пирамида, Шана, Теодора, Ливинг Глам девојки не знам у што сте праени што успеавте вакво нешто, ама кога ќе размислам човече се трудат многу да ви отворат очи, да ве научат нешто, место да земете пример, вие од глупи по глупи станувате, едноставно зошто не сте вие за почуното, ви сте за она простот, рекла - кажала, и кога ќе размислам и јас поубаво за што да се биде на форумов? Да не ќе научам нешто од вас? Се трудат девојкиве ви нудат мислење и помош, и искуства за да научите и научам, ама не бе, убо кажа Трендафилка удрете со бардето по глава, зошто немате основна култура и почит и одете да растете, и форумот се полнел со негативна енергија, е ајде кажете како да не се полни??? ЕВе јас ви посакувам да си отидат сите квалитетни имиња да можетуе без проблем отворено тука да кењате и да ја оставате ваша плиткост, која како паразит ви е закачена за умот! Кога ќе почнете да цените некои вредности пишете ми, зошто многу подло од вас. Сега ќе речето као една така друга, аман мене ми преку такво да читам фрустрација и безличност!

    Дисконектед!
     
    На thelittle17, Annath, la-chicka и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Многу ги сакам беињата.Толку се нежни,невини. :inlove:
    Денеска бев на гости кај тетка ми со родителите и брат ми.Братучет ми има 7 месеци.Многу го сакам.Има нешто што многу ме врзува за него,го сакам како братче.
    Влегов кај нив во собата он си седеше во неговото креветче и толку мило ме погледна и ми се насмеа.Го земав и 2 часа си играв со него,заборавив на се и на сите.Постојано се смееше,обожава да го држам во раце,несака во креветче,ѓаволче мало :) .Искрено,помирно бебе досега не сум видела.Времето толку брзо си помина и морав да си одам бидејки моите беа заморни.А јас воопшто не се изморив.Уживав.Бидејки бебињата се исто така луѓе,ама луѓе кои што не ти мислат ништо лошо,имаат мил поглед и мноогу се радуваат,не се способни да направат ништо лошо,никое зло.Освен кога нешто ке скршат или ке те искубаат за коса :D ,ама и тогаш се многу слатки. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.