Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    И јас да кажам збор два за ситуацијава ...
    Прво , може не е за тука ама зошто постои таа опција за прикажување на сите мислења , за да оние кои немаат работа да копаат по нив со надеж дека ќе откријат некој .. Предложиле многу во Предлози и идеи за сајтот ама никој не ги рецка нити одговорил или објаснил зошто не може или дали има простор за да се воведе идејата . Преземете нешто нема потреба од неа само штета .

    Второ не го гледам форумов како простор за создавања пријателство туку како место за дискусија и разменување совети ..

    Трето дискусија многу па и нема , 100 страни за нокти во темата наука вс религија нема ни 10 , не ме сваќајте погрешно и мене ми се интересни темите за мода ко и секоја девојка ама на друго место речеси и нема дискусија

    Четврто не ми се јасни документирањата на сексуалните искуства до последен детал на фемина , абе јавен форум е ова , што е интима е интима :!: не е за сите , не можам да ги споредам ни со еротски приказни бидејки и во нив има работи кои оставаат нешто на фантазијата а овде апла дескрипции :x
     
    На Divinebutterfly, Hipster, Ingvild и 3 други им се допаѓа ова.
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    А јас пак, се надевав дека и по 5 - 10 години сите ќе бидеме тука...Сите ќе бидеме тука да си кажеме по некој утешен збор во тешките времиња, и некој добар во не толку тешките, оти веќе среќни времиња нема.
    Искрено, тука сум само да читам за некои производи, некои рецензии од феминките и ништо повеќе...Одамна сфатив дека дискусијата ја снема, а кога никој не пишува тогаш губиш желба и ти самиот.Се се сведе на среќен роденден, СП до тој и тој, форумскине игри и темите за One direction и не знам ти кој.
    И мене ми вртеа по телефони, прашуваа дали сум јас Мацалав на форум и не знам ти што, побарав помош од администраторите и секако абер нема, па не ни ги молам веќе.
    Толку е, за жал.
     
    На Annath, crazylady, antonina и 22 други им се допаѓа ова.
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Таман си помислив да споделам некоја мисла, кога Љубам, Старфиш и Нејтири, а и Трендафилка убаво си кажале пред мене, така да само че ставам потпис на истото. Ми беше милина и еден таков ќеиф кога ќе ги споделев со фемина моите размисли, било лаички или ќе чкрапнев некои китенки. Ќе си олеснев на душичкава, друг ќе инспирирав, трет покажал оти му се допанал мојот ум, учев растев и скав да давам, несебично. Кога почна неосетно на крчка манџата на форумов, немо се повлеков, иако имав толку многу да кажам. За Лилит, Теодора, Ливинг глам и те како ми е мака оти обажавав да ги читам, а сега нештава замирисала. Море смрдат!!! Зошто бе да сме ваква покварена и гнасна нација секој со секого да се уништи? До кај што се има нешто убаво створено само да плукало, негодувало и аздисувало? Греота е за некој кој има да даде и оние кои сакаат да споделат и научат нешто. Ама не. Нека, лека полека почнуваат да се губат квалитетните форумџики, прашање е само на време кога ќе остане пуст и прост форумов, а како што гледам не ќе да е за долго.
     
    На Annath, teddybear, Divinebutterfly и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Туку забораив нешто побитно...
    Заради некој си таквите лекомислени натрапнички, ќе настрадаат невини членки, оние кои биле изгорени, и оние во кој секој ќе почне да се сомнева.
    Зашто е така, oд сега секој во секого ќе сумја, и во оној што најмалку требало да се посомнева дека е кртот во форумчево.
    И така е,сега секој во секого ќе се сумја, и јас би, веќе и почнувам.
    А штом толку фрки и думања се ствараат, за место каде треба да биде издувен вентил, релаксација, одмор и забава,пиши пропало.
    Денеска ја отупив за сите денови кога не сум ја, ќе ми проситите.
    Хус то блјем, незнам, реков еднаш ќе речам пак не сме на суд да даваме кривици и прави, ама ова треба да го решат надележните еднаш за секогаш. Зашто излезе од граници на контрола.
    Прва бев која викав дека не треба да им се придава значење на таквите детективки, ама последна заклучувам изледа дека не сум била у право баш.
    Беше у право Спаркс на времето, ама кој ја послуша тогаш.
    Најпaметно е изгледа само во филмови и серии да си шкрта чоек и така уште тоа ми остана, понормално.
    Доволна е една капка нечиста вода да се капне во чистата за да ја расипе и загади чистата.
    И така бидна...
    Рестрикции, цензури, премолчување,тука лежи зајакот.
     
    На Annath, Sara123, EleMental и 13 други им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.816
    Пол:
    Женски
    Јас ко од Марс да сум падната ни знаeв што било, како било и што се дисутира :tmi: Ама ќе кажам дека јас уште одамна кога се зачленив овде немав ни намера да коментирам на некои посериозни теми, ни немав намера да толку да дискутирам на форумов...и денес главно сум овде за читање рецензии на книги и филмови, да чкртнам нешто во темава, да одговорам на некое прашање или да решам некој проблем ако сум расположена, ако ме заинтересира некоја тема да продискутирам и така...никогаш не го сфаќав форумов толку сериозно...
    А и друго и мене ми е криво што си заминаа повеќето форумџики и ќе ми биде криво ако си заминат други, зошто главно не ги читам сите, туку оние кои квалитетно пишуваат, знаат да те насмеат или пробудат некоја емоција, оние од кои можам да прочитам квалитетно мислење...
    Мислам дека ништо неможе да се превземе во врска со зачленувањето на банирани членови повторно, зошто може да се направат милион мејлови и милион нови никови и профили и за тоа ништо неможе да се направи...останува само да не се отвораме на фоумов како на дневник, да ставаме се за нас од А до Ш оти никој нема живи да не спаси од некои крадачи на форумски идентитет!
     
    На la-chicka и Doozy им се допаѓа ова.
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Денот сам по себе топол, за мене најтопол!
    Моите во Скопје, па јас и мајка удривме на целодневен долг и забавен шопинг.
    Го потрошивме тато, ама каде попустот без нас?!
    Дечко ми исто дојде со нас, не заради тоа што јас му викав, него он и мајка многу си се поврзани, муабетот им оди од цара до стопана, па така денот си сјаеше во најдобро светло.
    Каде се видело прекрасен ден без добар и мрсен ручек?! :lol:
    После си дојдивме во куќата, си седнавме како човеци, кажано на Неготински, си се напивме кафенце, Миринда сокче(моментално омилено, и си го дозволувам чаша до две на секои две недели) да се озвежиме, па ручече спремено од мајка, мх мх мх, абе кога ми текна колку имам за учење, ми се преврти цел стомак два пати...
    Тошо уште од сабајле пак си испадна надвор, и еве уште го нема, добро нека прошета, ама ако не се врате, ќе кренам поголема галама на форумот од ова со озборувачкиве и детектививе...

    Он е сега трета смена, јас дома сама со мајмунката мала, и се мислам дал да легнам или да поучам па да легнам саат два и пак да станам да учам...
    Нервозна сум ми заврши Make it or break it, а толку многу се поврзав со серијата, со ликовите, абе плачам во себе веќе 3 дена од кога ја завршив и штрајкувам со негледање други серии оти нема 4та сезона :| ...
    И уште понервозна сум кога треба да си најдам нова серија, а сакам да е добра и долга, а не само 3 сезони па таман сум се соживеала со неа, да ја жалам оти завршила...
    Значи уште една мака на списокот.

    Што е љубов?
    Е вака: Љубов е кога дечко ти, ти ги сече ноктињата на нозете :lol:
    (Не можам да си ги сечам, од мала имам одбивност кон ноктите на нозете, и сум пробала и секогаш ги утнувам, а педикир сум пробала ама никогаш не сум издржала до крај, па кога сум дома, мајка ги сече, а кога не сум, еве, дечко ми се понуди :D)
    Наречете ме разгалена, а некои па може и језива, ама погодете што ?
    Ич веќе не ми е гајле бре, зборете што сакате, јас сум прекрасна и си сјајам, а вие правете и зборете што сакате.
    Мој живот, мои нокти, мој дечко 8)
    Кој не ме сака, нека не ме чита, ете толку е едноставно.
     
    На Lepaaa, Moira, kravce и 17 други им се допаѓа ова.
  7. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    ^ Да додадам нешто за темава која се води последниов ден и пол.

    Пред околу две години пишав порака на администратор ако е можно да ми бидат избришани неколку мислења поради кои бев многу експонирана од одредени личности навидум надвор од форумов.
    Или ако не е можно тоа, тогаш да ми се промени никот.
    Добив отсечен и краток одговор дека ни едното ни другото е можно.

    Океј, не влегував долг период на форум, ниту пишував, ниту пратев, а во тоа време имаше доста членки кои повеќе не се активни, и за промена имаше што да се прочита на форум, но јас бев загрижена за мојот проблем, па ме немаше. Кога истава тема ја спомнав во една одредена тема на форумов пред недела-дена, многумина ми се нафрлија дека не сум била во право, ама пак испадна на моето - дека сепак сум.
    Форумов личи на ГламСтик се повеќе и повеќе - сфатете сами зошто го мислам ова, веќе еднаш се изјаснив. И не ми е гајле кој ме напаѓа, јас на тоа моето си стојам, се` уште.

    Да се вратам на тоа погоре. Кога после година и половина се вратив на форум, разбрав дека една актуелна, авторитативна и активна членка, а воедно и модератор, OffSpring, си заминала од форумов поради проблем сличен на мојот, ми стана јасно дека форумот фатил низ брдо. А, јас се вратив на форум неколку месеци после нејзиното откажување, значи сепак имало голем временски период.
    После некое време, читајќи мислења во темата „Нов Ник“, прочитав дека нејзиниот прв ник бил Дарки, за потоа да биде сменет во тој што го имаше. Малку се налутив, бидејќи мојот ник не беше променет, а јас имав сериозен проблем и никој не сакаше да ми помогне. Јас не знам каков проблем имала таа што го сменала никот, но претпоставувам дека е можеби поради сличен на мојот или поради истата причина поради која целосно се откажала од форумов.

    Не е важно сега, и онака на форум ме има периодично, наскоро пак ќе ме снема.
    На почетокот немав некоја намера да пишам на форум, се зачленив за да коментирам на статиите кои се објавуваа на Фемина.
    Сепак, сакам пак да кажам, задоволство беше да се читаат досетливи, интересни и креативни мислења од образовани, културни и паметни девојки за разлика од повеќето мислења кои фрчат на форумов денес.

    Толку од мене.
     
    На pamelche, SexyLady, EleMental и 3 други им се допаѓа ова.
  8. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Дојдов на темава да си искажам мислење и меѓу другото да прочитам некои од вашите и мислењата на форумџиките што ги почитувам. Ама наместо тоа, сретнав еден хаос.

    Како и по обичај не знаев што се случува. Не знаев за форумџиката што е прикриен детектив, ниту за некои лажни комбинации во темата модни критики. Прочепкав по мислењава и малку по малку сфатив. Го имав видено тоа што форумџиката го напишала, како открила три и како сите ќе не откриела и го занемарив тоа. Јас лично доаѓам тука да го искажам своето мислење, да си ја олеснам душата, да дадам некој совет, а меѓу другото и да добијам совет и да ги читам вашите мислења, вашите секојдневија. Мене Фемина ми беше одмор, често знаев да дојдам во темава и само да читам, ништо да не пишувам. Сочувствував со секоја од девојките, плачев кога на некоја и се случило нешто лошо, се смеев кога некоја е среќна. Никогаш не се замарав со тоа дека морам да откријам која личност се крие позади никот, напротив јас секоја од вас ве знаев и ве почитував по никот, а не по името што се крие позади него. А, ако на некој му претставува задоволство да седи со часови дома и да прелистува мислења со цел да ја открие таа личност што можеби и ништо не му значи, слободно нека го прави тоа. Само жал ми е што зареди ваквите социопати (што би рекла старфиш и е вистинскиот терми за овие личности), луѓе кои очигледно немаат што друго да прават во своето слободно време, избркаа многу членови што навистина ми беше милина кога ги читав. Сега гледам како и останатите си заминуваат и останува пустош по форумов, пустош и ништо друго.

    Ама јеби га, тоа е. Ние луѓето отсекогаш сме биле гадни и покварени лицемери, злопамтила и одмаздољубивци, себични створења. Со еден збор луѓето се лоши и не го порекувам тоа, само кај некои тоа е за жал многу поизразено отколку кај други.
     
    На antonina, EleMental, blaa и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Еј колку ми е мило...за оној чичко Драги.
    Се собраа средства за казната. Сигурно му олеснило на душата. Па за него тоа се многу многу пари, каде тој би ги спечалил за да ги отплати!

    А, зборот ми беше...секогаш пукаат во најслабите! И тоа многу ме боли.
    Лично, во мојата околина гледам што се случува. И баш пред неколку дена бев сведок на една сурова реалност која предизвика невиден револт во мене.

    Шетаме со дечко ми и гледаме наредено полицајци на едносмерната. И му велам изгледа добиле наредба дека треба да се пишуваат казни, дека потребно е да се полни касата. - А, тој колку негира и вели па тоа му е работата! - Океј, реков можеби и грешам.

    И оп еве го еден залетан лудак, со една страшно јака кола ги помина полицајците со светлосна брзина. Со претицување кое не е дозволено. Со товарни возила цела редица пред него! И полицајците ништо не направија. Зошто?- Затоа што тој е моќен во градот, има пари , не му можат ништо!

    И оп еве гледам светна палката на полицаецот. Се вртам да видам кој го стопираа. Што да видам бре луѓе??
    Еден стар дедо, сиромав дека е од авион се гледа. Со една стара кола, целата сокршена, скапана, р`ѓосана, без стакло на едниот прозор (наместо стакло имаше импровизирано со најлонска вреќа, лепена со селотејп). Жално!
    Се наближивме натаму. Му бараа документи. Човекот имаше возачка дозвола, но не беше регистрирано возилото. И овој чичко полицаец, почна да му пишува казна.
    Старчево моли, го преколнува дека нема пари како да ја плати. Овој не бре, суров, ја напиша!
    И јас ѕирнувам во колата гледам 3 ќесиња од Зегин. Му велам: Чичко, каде беше?
    Ми вели дека брзал да не затвори аптеката, да си ги купи апчињата кои го држат во живот.

    Тогаш притисокот ми се качи. Таа неправда неможев да ја преќутам.
    Му реков на полицаецот дека треба да се засрами. А, тој пак арогантно ми одговори со тоа дека имало правила, закони.
    Па зошто тогаш го пушти тој богатиот, со кола од соништата, или на него неможе...па ајде на кутриот човек.
    Реков ако ја напише казната ќе се жалам. И тука дечко ми почна да врти телефони, ова-она, ги убедувавме полицајците и го спасивме некако човекот.

    Не знаеше како да ни се заблагодари. Не покани на кафе, вели немам никаков луксуз но имам кров над глава каде што чесно живеам. Можеби немам нешто со што да ве почастам, но кафе да ви сварам и да ви се заблагодарам, МОЖАМ.
    Колку голем човек испадна.
    А колку голема неправда за малку ќе претрпеше! :fubar:
     
    На Annath, kravce, Miss.Ricci и 28 други им се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Како на пример бан на IP адресата воопшто или нешто слично :?:
    Пошто иначе нема како да ги препознаат. А и колку дупли профили има,па не ги прегледуваат,ама тоа ти е.Тие што треба ,не се замараат со форумов |(
    Единствено сестра,брат да имаш,па да има максимум 2 профили од IP и тоа администраторите да го знаат.
    И она што го предложив,ние да си одбираме кој да ги пребарува нашите мислења (само оние пр. што сме ги сатвиле во листа пријатели)
    САмо којзнае дали воопшто ќе се опорават работите...
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Сонував дека сум паднала во кал.
    Не да сум паднала-сум пропаднала целата, си ги сонував последните секунди од мојот живот.
    И соновникот кажа- Ако паднете в кал:
    Ќе се најдете во многу непријатна ситуација и ќе се засрамите.
    Ете се најдов.
    Значи не е во ред најубавиот другар на брат ти да те види во најлошото издание ever, па уште да седите на маса и да јадите лук.
    Не е во ред.
     
    На lolyta777, Phyramide, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Феминки место да го напуштаме форумот и само да си пишуваме наши мислења,почнете да пишувате решение за овој проблем.Сите заедно да донесе некое решение ,да го кажеме на администаторите или кој и да е веќе одреден за тоа,и да чекаме,да видиме дали ке смениме нешто.А сигурна сум дека ке се согласат бидејки гледаме дека поголем број на феминки имаат проблем.
    Мислам дека има и тема за ова,па ке дискутираме таму.

    И мене ми се случи пред 2-3 недели да ме препознаат две феминки,и фино културно ми пишаа во лп,се запознавме поубаво што се вели,се знаеме и немам ништо против.
    А знаете зошто немам против?Затоа што не пишувам мои лични работи на форумот.Е затоа!
    А многу членки од тука пишуваат интимни и лични работи што не сакаат сите да ги знаат.

    И без разлика на тоа што не ми пречи што ме знаат која сум,туку сега ми е непријатно да пишувам нешто кога знам дека читаат тие што ме знаат.Непријатно е навистина!
    И кога би можело би избрала да си го сменам никот,за да си го заштитам идентитетот.
    Да се префрлиме во друга тема и да поразговараме таму,а?
     
    На honorthyself, blaa, Waka-waka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Јас мислам или форумов пропаѓа... :|
    Дајте да бараме некое заедничко решение, иначе друг начин нема :worried:
     
  14. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Научив да мразам зашто ме мразеа
    научив да газам зашто ме газеа
    научив да играм од кога бев изиграна
    научив да војувам од кога бев победена
    научив што е добро што е лошо
    како да се снаоѓам во животот и
    ако не веруваш во иднината на
    крај на тунел нема да ја видиш светлината
     
  15. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Јас бев еден од гостите на форумов цели 2 години.
    Ве следев активно, си оформив дури и свое-сопствено мислење за некои од вас, ве запознав, а не бев дел од вас - иако на некој начин како пасивен/анонимен член секогаш бев тука.

    Во тие две години јас постојано се прашував дали треба да се зачленам на форумов?
    Имаше теми во кои сакав да го напишам своето мислење, но нели гостите немаат можност да пишуваат?
    На крајот морав мислењето да си го задржам за себе.
    Имаше теми кога некому сакав да му помогнам со совет, но не можев, немав таква можност.
    Имав здравствени проблеми за кои сакав да поставам прашање, не можев, немав таква опција како гостин.

    Бенефитот од овој форум јас не можев да го користам во целост, па одлучив да се зачленам.

    Многу пати сакав да ја разголам душата пред сите вас, едноставно го доживував форумов како еден вид личен дневник, еден издувен вентил - поготово оваа тема.
    На крајот безброј пати се враќав назад, бришев и секојпат кажував многу малку за себе.

    Сликите во модни критики иако ми се со сокриен лик, јас свесна сум дека можеби некој ќе ја препознае мојата соба, некаков предмет, мојата гардероба, по нешто - било што ќе се посомнева дека сум јас.
    Пред да ја ставам првата слика си го поставив прашањето: Има ли нешто што си го напишала тука, а не треба сите да го знаат?
    Си дадов одговор, па потоа ставив слика.

    Кога пишувам детали од мојот живот, внимавам да не напишам премногу.

    Тешко е тука да се стегаш како што се стегаш во реалноста пред оние кои ги познаваш, но е најбезбедно.
    Сите сакаме безбедност и приватност, а понекогаш забораваме дека она што нашата уста еднаш ќе го изусти, а во случајов нашите прсти еднаш ќе го напишат веќе не е безбедно, сигурно, тајно и приватно.

    Многу пати и мене ќе ме надвладеат емоциите и сакам да си ја ослободам душата пишувајќи тука, но свеста ме спречува во тоа.
    Во главата имам кочници кои ме спречуваат да продолжам со пишувањето.

    Девојки мора да бидете претпазливи!
    Гледам барате начин како да се заштитите, но освен претпазливост јас лично мислам дека друг начин не постои.
    Навистина немате поим какви луѓе се кријат позади некои кориснички имиња!
    Внимавајте што и колку пишувате за себе!
    Што фајде ако некого засекогаш банирате кога тој веќе го разоткрил вашиот идентитет и за вас знае и што треба и што не треба?
    Жал ми за оние кои во моментов се засегнати, но наивноста да се отворите на форумов пред сите мислејќи дека нема да бидете злоупотребени, свесно ве става во оваа положба во која сега се наоѓате!
    Постоеле и ќе постојат такви кои се замаараат со туѓите животи, бидејќи нивните се бедни и јадни!
    Жално, но така е - така и ќе биде!
     
    На AIT, antonina, Ognenija и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сите ве излајкав, со сите се сложувам, сите сте во право, го давам саатот ако треба, аман заман вратете се назад, Дузи вас воли! :rofl:

    Ај бе одете опијте се малку, поопуштено, без нервози... Мене глава ме боли и ми се јаде чоколадо, ме мрзи да се спремам а реков дека ќе одам, и тако, ајмо весело!

    Еве ви едно песмиче :!:

    http://www.youtube.com/watch?v=Thfym1XecHo
     
    На thelittle17, Miss.Ricci, Annath и 43 други им се допаѓа ова.
  17. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека стигнав до зелено цветче :D
     
  18. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сабајле бев договорена за на кафе, и така нафракана цела тргам, пицната од глава до пети, у кола влагам цела у филм небаре сум ќерка на Рокфелер. И се вртам лево и во ретровизор гледам еден човек некаде триесетина години, нормално облечен, средна класа од прилика, не беше ром, на точак и позади во корпата носеше некои шарени ќеси, застана точно пред контејнерот и почна да бара во него.
    Леле луѓе како некој да ми го врза најврелиот шамар на светов.
    Најверојатно бараше работи за децата, претпоставувам пошто носеше доста децки ствари.
    Седев некое време така и само го гледав и сватив каков скот сум јас всушност. Сум имала среќа па на моите им се пружила шанса за подобра работа и со тоа можеле да ми пружат некои екстра работи.
    Али дефинитивно мислам дека сум нашла па зашла во последно време.
    Најискрено одвратно се почуствував. Колку би сакала да живееме во некое време каде што сме сите исти, сите исто имаме никој нема премногу а никој нема премалку.
    Само се тешам дека тие малечки се исполнети со љубов и дека ништо не им недостасува во тој поглед... Друго не знам што би можела да кажам... Имам доста ствари кои што не ми требаат така да доколку вие знаете некој на кого му се стварно потребни би сакала да ги дадам некому :)
     
    На Miss.Ricci и CIA им се допаѓа ова.
  19. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Во темава се дискутира само за ситуацијава на форумов и оп-по едно мислење на некоја друга тема ќе се избаци.Смешно ми паѓа. :D
    Јас искрено,да,викам дека во последно време се повеќе добри членови го напуштија форумов.За пример ќе ја посочам Лилит.И стварно се осеќа дека ја нема.Јас се надевам дека не сум предизвикала или сум била причина за такво нешто. :)

    СДК... Завчера се вратив од скијањето во Боровец и веќе ми недостига.Знам дека нит ви недостигав,нит приметивте дека ме нема,но јас секој ден навечер како будала седев до полноќ на фемина,читајќи ве.И сабајле нормално неможев да станам.Ама ако,вредеше.За да останам во тек.Така е тоа овде,два дена те нема,доаѓаш и како од Марс падната.Чисто да си кажам дека си поминав прекрасно,едни од најубавите денови во мојот живот.Со тешко срце го напуштив ама го знаете оној ФБ статус? Don't cry because it's over,smile because it happend.А знаете колку сакам барем уште недела-дена да си поседам таму? Скопјево ме гуши,не се издржува.А таму,чист воздух,борова шума,снег,опкружен со мили луѓе,луѓе кои ти се блиски и ги сакаш.Ми се плаче кога ќе помислам дека од пон. треба пак да се вратам во школо.И школото не го сакам.Не, не затоа што се учи,заради уфилманите,закржлавени луѓе во него.Затоа за време на школска година јас стално се жалам и барам одмор и ми е смачено.Добро,и учењето си зима свој удел во тоа.Забегав јас.Зборот ми беше,проклето многу сакам да се вратам во Боровец.Проклето многу.
    Убава вечер и на вас,со нови сили од утре спасувајте ја фемина,а јас отидов да прошарам по модни критики :hai:
     
    На Miss.Ricci и Ognenija им се допаѓа ова.
  20. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    In a bad mood:
    -take a shower
    -look yourself in the mirror
    -eat something with sugar
    -volume up the music
    -smile baby!

    Чај од шумско овошје,стандард после пораз.Ме смирува,или барем цврсто сум убедена дека така делува на мене.
    Ватевр,вечерва не го менувам,ама продолжувам со текила!
    Љубим ве.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.