Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Врло сам запрепастена од една личност. Па ќе се запрашате која личност, па ќе ви кажам за да не сте во дилема, е од таа личност што сега ја гледам кога ќе погледнам во огледало.
    Па тоа станувам наутро, па фаќам одма учам, па ќе скрчкам некое ручече, благце, кифличе нешто за дома било што, па ќе дојдам во соба и пак ќе учам, па ќе удрам еден туш, па ќе се фрлам на гледање серии и на спиење.
    Видете, јас знам дека не ви е многу гајле вас, ама јас да си кажам што си имам, да скршнам малку од настаниве што ве нервираат. :D

    Е сега ќе фали само да не ги положам двете проклети хемии(и не се само хемииве, да не дојде до некоја збунка хаха), и уште толку предмети да ми заглават ]:) ама ќе ги положам, така си викам секој ден и мора така да биде, а ако не е така, истиот момент кога ќе видам во резултатите дека сум паднала ја фаќам тајнава од ронда брн и ќе ја џитнам во огнот доле :D

    Си купив пред некое време еден куп прекрасни пенкалца, си го олеснив џебот тогаш ама немаше врска зошто јас учам со пишување и пенкалата мораат да ми задоволуваат одредени услови (како и тетратките во кои пишувам, ама за тоа други пут :D ). Плус сега добив две пенкала на поклон, и тие се прекрасни(епа сама си ги бирав :D ). Сега ќе си речете оваа е ненормална, и можеби сум- има некои докази но сеуште не е потполно потврдено. Туку да се вратам на пенкалата, мора да ми пишуваат средно тенко, мастилото да не растекува, да ми се убави на лик, да не ми ги потат рацете и да не ме болат прстите од нив. Не е работата кога купуваш само да купиш, треба чоек да гледа што купува, оти пример ако пенкалото не ми ги задоволува сите категории прост е заклучокот, јас нема да учам :D

    Друго што да ви кажам?
    Веќе 23 дена како сум слободна џенцка...
    Среќна сум, искрено.
    :)

    Ајде направете си фрапенце од банана, млекце и медче, ставете си жолта цевка во чашата и уживкајте си. :emo:

    http://www.youtube.com/watch?v=BYBw_o_2nG0
     
    На Moira, kravce, AnaKarenina и 23 други им се допаѓа ова.
  2. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Ох деар лорд колку сум пијана а уште не е 10.не знам какви грешки правам а и не ми е гајле.не ми е гаје ни какко е во дрзавава кога неа не и е гјле за мнее.водици е и ке пијам колку ми душа сака и точка. бам точка.сакам само да заминамм од тука и да поцнам од ново не сакам тука.не ми личи како да припаѓам. не сум јас за овие глупии лица.сакам нови.одново.и со сите мои грешки ама на ново место
     
  3. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Михајло ја разгледува темава.
    [​IMG] :bandit:
     
    На cinderella5, antonina, EleMental и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да замолам некоја феминка да ми посочи во која тема биле откриени идентитетите и што се десило пошто ваљда сум лост ин спејс :?:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    ми е гајле што не ми правиш муабет. ама баш ми е гајле. те мислев за другарка.
     
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Не сум некој од активните и актуелните членови, ниту спаѓам во групата на најчитани, поздравувани или феминки кои оставаат или оставиле свој белег.
    Не е тоа бидејќи немам што да кажам или немам свој стил, туку чисто бидејќи секогаш се трудев максимално да се држам на дистанца и ова да ми остане свое катче, целосно анонимно.
    Има девојки кои на секое логирање ги читам, и толку сум сакала да ги запознаам, се случиле и муабети за средба но едноствано се повлекувам, од истата причина...
    Толку поста во еден здив ќе ги напишев, онака од срце право искуцани, ама сум ги бришела, срце јуначко неиздржа во неколку наврати, и затоа се каам многу, зошто кога би прочитал некој мој близок, после првите 2-3 реда ќе ме препознаеше...
    Овде сум баш јас, реално, без ништо плус или минус, но форумов го сфаќам како место одлично за виртуелна забава, дружба, споделување на разно разни новости/ идеи/ искуства, а сепак се во граници на толеранција и на зачувување на идентитет.. Од таа причина и на тој начин и дознав за Фемина, и знаејќи ја можноста за ограниченото мое движење тука, следи и мојот однос, иако пак ќе кажам, се каам за неколку поста во кој се подиздадов и се каев, ама после е*е*е нема каење, само можеш поука да извлечеш.
    Многу работи научив овде искрено, било практични или најбанални, искуства поубави и полоши, сепак животот не е толку долг за се да испорбаме и осетиме, но овие детективи кои наеднаш никнаа и ја предизвикаа оваа ситуација, и покрај банови и лоцирања секакви, мислам дека се неуништливи.
    Затоа сметам дека напуштањето не е решение, чисто правец во амбис за формумов кој беше прогласен за форум на годината, додека квалитетните форумџики се оние кои го создадоа и го одржуваат, и се потребни тука.
    Не е мое да се мешам, суфлирам...
    Не е фер ситуацијава...
     
    На thelittle17, Miss.Ricci, Sara123 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Тролови, немате друга работи ќе откривате нечии идентитети. Зошто ?
    Што ќар имате од тоа?? :fubar:

    Срдечен поздрав до истите
    -
     

    Прикачени фајлови:

  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Пет-шест пати ги извртев активните теми на форумов и не најдов ништо за читање. Некако сум без волја,жал ми е што многу ликови го напуштаат форумот. Разбирам дека имаат сериозна причина за тоа,ама тоа не прави помалку да чуствувам дека се губи лека полека нешто што ми било секојдневие и ме релаксирало. Мислам дека треба да се собереме во една тема и да се дадат повеќе предлози за опоравување на ситуацијата,повеќе глави се попаметни,па можеби ќе смислиме нешто навремено и заеднички.

    Апел до администраторите на форумот да се вклучат во дискусијата исто така.
     
    На Ilusionist, gothchick и Lov3 им се допаѓа ова.
  9. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми каже во која тема ни ги откривале индетитетите? :| :tmi:
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.350
    Get a life people!
    Од каде се купува лајф? :D
    Пред некоја година ни дојде на работа 19 годишен студент, за искуство. Е тогаш јас имав солидни 24-5 не сум сигурна баш колку, ама детево рече that is like, so old. Држте ме да не го тепам беше работа. Најозбилно сакав да му лепнам воспитна. :wasntme:
    Е па... скоро десетина години покасно можете само да си замислете како стара се осеќам сега. Си немав работа и се завртев кон огледало гола денеска, и кога си ги видев бутините одпозади... Џизус Крајст Олмајти! Целулит човеци!!! Целулит! А јас немам ни 50 кила жива мера, сосе кондури тоа. Ц Е Л Лулит?!!! Ми?!?! Е ајде де! Факети фак. О боже, а јас мислев старечка склероза ми е проблем |(

    И знаете што? Ма онадем ти ја цел оулит! Па и склероза ако веќе ме фаќа. Свиркам си. Додека момчето ми ќути ич гајле не ми е. Си го складирам назад во мозок се што телово ми изневерува веќе, нека се гужва и телово и нека прави ридчиња и дупки по кожата. Како што он се труди да го стави назад во мозок неговото стрижење влакна од уши. :tmi:

    Препуштете му се на животот дечки, еден е само. Ако сте помлади, еден ден ќе ме разберете.
     
    На Miss.Ricci, Annath, Moira и 10 други им се допаѓа ова.
  11. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Во пресрет на актуелната тема имам и јас нешто да кажам. :D
    Иако ја испуштив збрката што настанала (нешто поради што многу ми е жал) мислам дека скини-врзи од неколку постови разбрав дека се работи за нарушена интимност и откриени идентитети.

    Како и да е, јас на повеќе луѓе сум кажала дека сум на форумов, дури и корисничкото име ми го знаат и морам да признаам дека се каам за тоа.
    Не поради тоа што не можам да пишувам што сакам, туку едноставно се чувствувам набљудувана што ме нервира. Ама јас мислев дека тука ќе има чисто дружење без никакви особени изливи на моментална искреност...
    Велам моментална, не поради тоа што јас сум по природа лажга, туку бидејќи онаа чиста искреност која ги трга сите крвни садови што го штитат срцето и го остава на нишан онака ранливо е секогаш можеби и премногу добредојдена од страна на некои луѓе, и се разбира се искористува за чист поглед и не ретко истрел.

    Ако сакам да пишувам што сакам, можам да си водам дневник.
    Сепак и тоа не е гаранција на денешно време дека нешто ќе остане засекогаш недостапно за било кој освен тебе.
    Секој пишан доказ најден во погрешни раце е пропаст.
    Знаете дека мислењава тука остануваат засекогаш, што значи дека треба да се внимава.
    ( НАПОМЕНУВАМ : НЕ ПРИЗНАВАЈТЕ КРИВИЧНО КАЗНИВИ ДЕЛА!!! :D )

    Добро, тоа беше можеби и подолг вовед отколку што првично планирав да напишам.
    Зборот ми беше, замислете како им е на авторите.
    На оние што си пишуваат автобиографии, оние што објавуваат свои дневници и на крај сите автори кои некогаш се одлучиле да овозможат пристап на јавноста до својата приватност.
    Тие што пишувате, знаете.
    Не да е тешко, претешко е.
    Верувајте дека потешко му е на еден автор да објави/прочита свое дело отколку што му е на едно македонско девојче со конзервативни родители пораснато во изолирана средина да се соблече голо пред камера!
    Па, тоа прави да останете голи пред јавноста, а да немате ништо на досег со што ќе можете да ги прикриете интимните делови!
    Пулсира болка, трепери телото, а вие глумите перфектно смиреност.

    Можеби со тек на време се преминува во рутина, но јас имав едно вакво искуство и беше неверојатно.
    Си ветив дека ќе се обидувам да се соголувам дури не ми стане пријатно во своја кожа, но колку навистина може еден човек да издржи?!

    Тогаш ми текнува на сите тие автори кои одамна заминале, чии стории ги читаме и не ги сфаќаме трагично, туку напротив им се восхитуваме.
    Тие знаеле. Знаеле колку нивната личност е ирелевантна во очите на публиката. Знаеле дека луѓето се поврзуваат со ликот кој тие го создаваат, (бидејќи дури и да ги отсликува нив самите сето тоа станува фикција во моментот кога е испечатено на хартија и објавено како книга) дека нивното поврзување со самите себеси е порта кон поврзување на ликот со публиката.
    За да може да го направите тоа треба да се чувствувате 100% удобно со својата голотија.

    И на крај поентата на овој пост ми е да не го сфаќате откривањето на идентитетот толку трагично. Во очите на луѓето ова е само еден настан, една интересна случка која ќе биде наскоро заборавена.
    Разочарувачки или развеселувачки е фактот дека вашиот живот и вашата личност не им се толку битни на другите колку вашиот лик.
    Луѓето копнеат по приказни. Затоа копаат по туѓи животи.
    Изгледа никој не им објаснил дека за влегување во нечиј друг свет постојат книги и претстави, филмови па дури и километарски сапуници.

    По некое време, што на вас ви изгледа многу далечно, а всушност е само едно зрно песок во пустина, или можеби воопшто не постои, како вие сте го живееле животот, какви избори сте направиле, колку луѓе сте направиле среќни или разочарале нема да има никаква важност.
    Затоа живеете како што вие сакате и не срамете се од сопствениот идентитет!

    :)
     
    На kravce, antonina, Ilusionist и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Слушам Руфус Вејнрајт и премногу лошо ја пее Алелуја на Леонард Коен, а демек му дадов шанса.
    Многу се нервирам кога некој ми ги нервира ушите. :@ И си сменив, сега The Knife ми роварат по спомени. Мека сабота, дремачка.
    Премногу добри работи ми се случија периодов за да му ја мислам за синдромов што го опфатил цел форум. Искрено, овде ќе останат оние што имаат што да кажат и како сакаат тоа да го кажат. Кој си дава слобода да биде искрен - нека биде спремен да го читаат, џвакаат, какаат. Јас пишувам за себе споделувајќи речиси се’ и не го кријам ни лицето, ни идентитетот. А бидејќи некако како прашање се наметна присуството на форумот, еве јас јасно и гласно велам - ОСТАНУВАМ.

    Зошто форумов ми бил место кај што сум ја истурила сета своја болка, горчина, радост, среќа, скрибоманија, пишување, дел е од моите потреби и не ми паѓа на памет да се предомислувам. Мое право. Не осудувам никого за својата постапка, кој како му е поудобно, така нека си прави.
    Некој некаде умно срочил - Игнорирањето е блажество. Генерации си доаѓаат и си одат. Важно е да се пренесе добра енергија и ум. Секој греши, младоста овде некогаш е претворена во лудило, но за тоа прекор праќам кон администраторите и оние што треба да воспостават некаков ред, тоа им е работа.

    Патем, на Песнило збеснавме. Имаше тук таму некоја будалаштија, но целиот спој на уметност вечерта, како што фино Тренди го изанализирала е дека навистина беше вредно, бесплатно и само во правите срца ќе го збере. Јавно да и кажам - благодарам за убавите зборови, ме топиш и ме правиш да се чувствувам небаре којзнае што сум :$ :$ 8) :*
    Коџоман, Песнило, филмови, музика, концерт, убави луѓе, дожд, цигари, пиво, муабети, по некоја шега, по некое старо ново познанство, и градов ми ја враќа сета Љубов што му ја дарувам. Ми беше драго што си ја доловив вистинската Јас по којзнае кој пат, на сцена. Срцето таму го оставам, и после многу лични борби, конечно сфаќам дека нема бегање од тој внатрешен импулс. Или си, или не си во танц со уметноста. Ме болеа нозете цела вечер. Заспав полузашеметена. Ми пратија пораки неколку драги луѓе. Ми честитаа сите што не очекував и очекував. Некако, не знам што се збива. Живот се збива. И ок е. Му верувам, дозволувам. Ширум отворени раце, па ќе видиме.

    Не се нервирајте. Вака или онака, вистинското лице секогаш ќе ви го видат. Дали на форум, или на јаве...

    Јас, ви праќам какао поздрав :*
     
    На Cataleya, Gea, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    260
    Ах знаеш дека си о право това ти је животот и сите није сме само приказна....... ама кога ќе помислам што сум напишала ....шо викаш ти во моменти и кога ќе помислам кој се би можел да прочита коските ми се стресуваат.
    Превише лични работи кој многу малку луѓе ги знајат или никој не ги знае за мене, рботи кој сум немала храброст на никого да ги кажам освен на оној на кој највише сум му верувала.... да знаеш колку постови имам напишано и избришано километарски се од тој пусти страв да не ме препознае некој...... во право си сите сме зрна песок во една пустина ама мене се ми је страв да не се налепат многу зрна па да се направат грутка и да ми застане таја грутка во грлото......... па да ми горче после цело време.
    Луѓето знајат да бидат многу злобни......а сум стоела покрај жена која шо на секој можен начин сака да ми наштети и сум ја гледала како чита од фемина и тоа теми на кој јас шо сум кажала работи што ни на сон не би ги кажала.
    Со многу си имам пишувано во приватни пораки....... на некој им имам помогнато кона ми побарале совет или им требало било каква помош......... на некој сум им помогнала кога тражеле работа и сега некој да го изневери тоа поверење :fubar:
    Све си је супер.......мене една работа само ме чуди знам да погледнам понекојпат и на кајгана ....... се собираат журки прават зе знаат се запознаваат па никој не кажал нешо приватно ништо за никого нити па употебил нешо такво за да навреди или посочи некого.....никој неспомнува приватност освен ако членот сам не си каже.
    Толку ли сме није жени со расипан мозок даа ти се плукнам во мозокот скапан, една фемина ја имаме и тука ке заебеме со овакви глупости.
    Ете това ти је најголемата глупост што може да постои.
     
    На Doozy, Lov3 и honorthyself им се допаѓа ова.
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Додека во нас владее љубопитноста,гледањето не за себе туку за другите,живеењето во туѓи животи ќе ни се случуваат вакви работи.
    Јас се каам што го открив ликот по се ова,но ми е мило што не сум се искажала целосно за некои работи и што не сум одела до крај.За жал тоа натера многу добри ликови да си одат од форумот,но ајде ние што останавме и што има квалитет во нас да не си одиме туку да се потрудиме да се подобри ситуацијава.Факт е дека ако не се заштитиме сами и ако не внимаваме на тоа што го пишуваме никој нема да не заштити и да ни го мисли доброто. За жал живееме во толку лошо време што тоа се забележува не само во реалниот туку и во виртуелниот свет.Дури ние самите луѓето не смениме нешто околу тоа,додека еден не оди во друг правец и направи нешто поинаку ќе биде вака.Таков е нашиот менталитет каде што преовладува нечовечноста,алчноста,ситоста на туѓата несреќа и љубомората на среќата на луѓето.
    Толку за ова од мене.
    Туку слушнав за некој парк на чоколадото,па да одев таму јас нема да е лошо а :wasntme:.Таман трае до 23 Февруари ,зимата да ја поминам таму ,па и место да ослабам до Д Биг Деј јас да се вратам со некое килце плус :D.
    Некни ко ме испраќаше дечкото до станица некој да не видеше од некоја страна ќе се чудеше прво,а после ќе се паѓаше од смеа букално вака :rofl:.Автобусот во 6 и 30,а ние во 6 и 25 излегуваме од дома.Ме прашува тој,свеки ми идна да не заборајв нешто и јас не и то упорно не.Излегуваме од кај него и по патот ииии абе мобилниот го заборајв и тој трченката назад,јас со торбиците брзам напред и се паѓам од смеа за да не избега автобусот :D и ајде некако стигнавме на време,па дури и го почекавме 5 минутки.Бевме циркузи,а често си имаме вакви ситуации.Ете уште една во продавница за облека тој си бара палто и јас гледам едно убаво и му велам пробај го ова -тој абе не ,јас абе пробај го и тој ај Ок.Го зема дечкото да го проба и таман да го стави иди еден и вели дечки мое е то,ама ако сакате ќе ви го продам :rofl: .Ние вакви :o :worried:hock: :rofl:.Ете ние си имаме вакви многу смешни ситуации,а јас ги пишав чисто за да се насмеете покрај цела напнатост.Ајт останете ми создравје до следно пишување и без нервози само ве молам.
     
    На kravce, NoellePage, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ајт у пичку матер и идентитети и све,и онака скоро сите ме знаат која сум на форумов.
    Фак оф.

    П.С-Како је све то лепо усклаѓено,Слаѓо.....
     
    На Cataleya и blaa им се допаѓа ова.
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Денес со една задача која си ја зададов или желба да кажам , заклучив дека треба многу почесто да се слушам себе си !
    Испадна како што сакав и баш бев задоволна .
    На никој не кажав , а утрото кога ми дојде желбата така инстиктивно , само си реков ДА! Тоа беше тоа.
    И да згрешиш на твој грб си ја носиш грешката и некако послатко е повеќе ќе се трудиш сл пат.
    Убава ноќ ви посакувам .
     
    На anabel-a, tweety26, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    СДК нека ми е среќна славата и за многу години :D :call:
     
  18. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Помина и 00:00.Последен ден од распустов.Воопшто,ама воопшто несакам да одам во школо.Всушност,не дека несакам туку немам храброст.Се чувствувам виновна и знам дека треба многу работи да исправам.Многу.Велат дека кога човек ке научи од грешките повеке нема да ги направи.Кај мене не е така. Или јас не сум научила ништо од грешките? Неможам или несакам? Толку многу прашања...
    Секогаш многу си ветувам на себеси,а скоро никогаш исполнувам.Решив да се сменам и конечно да бидам нормално деевојче.Не јас не сум луда,не ама со сила се правам луда. :fubar: А зошто? :?: И секогаш на крајот ми останува само надежта.Но сепак сум среќна.Се справувам со сите работи,ама не сама,туку со подршка од родителите. :)
     
    На Angy.g и pamelche им се допаѓа ова.
  19. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    На Hipster, kravce, anabel-a и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Мене не ми е јасно која приватност ја барате на јавен форум . Фала богу дека ќе има и тролови и луѓе кој ќе те следат и све. Ко доаѓате на јавен форум , еј јавен форум , кажувате тајни и секакви работи (кој патем не се ни тајни а и вашите real life другарки ви ги раскажуваат на други лица повеќе него овдека овие таканаречени детективи)

    Друго неможете да се изнакажете секакви работи на ЈАВЕН форум и да не очекувате дека некој нема да ве препознае и да ве праша попосле дали сте тие и тие .

    Трето некои форумџики си отишле и ај сеа сите да си идеме....


    Четврто мене ми е гајле дали некој ме следи или пак ќе ме открие , мене и онака ме знаат сите другари и дека сум на форумов и дека пишувам и све , и ич не се замараат со тоа .... Можеби и затоа машките друштва и форуми се подобри од женските , еве никој не се замара , ни детективи ни ништо ....

    Петта работа кој се тие тајни , некој имаат тајни да , ама некој имаат и лаги , цело време лажат и сеа кога почна откривањето се уплашија да не ги откријат и отиде репутација ( сеа да не ме цитира некој и да каже ја не лажам како можеш , реков некои не сите , ако ме праша некој кој се тие ќе му кажам незнам ама ете секој месец по некој се открива , ја не се ни замарам нити пак ќе откривам сеа дали некој лаже или не ...)

    Така да многу се замарате дали некој ве прател или откривал и све , и што ако е така , као демек ако си отидете ќе биде подобро у real life , тамо нема детективи и луѓе кој се замараат со вашите животи


    4то како ве откриваат , кога ќе имате исти слики и на фацебук и тука не е многу тешко нели , кога имате исти статуси и тука и на фацебук не е тешко да се открие ...

    И тоа , убаво кажа јагода , си пази што си пишува и ете нема проблем , а не ај да пишеме цел живот тука и да се љутиме ако некој не препознал после и раскажал.... секад ќе има некој што ќе ви го следи животот , било тука било на друг форум било во вистински живот ....


    и тоа е тоа , ај сите да си идеме и да дозволиме да победат троловите .... :emo:

    И не барајте да ви помогнат модераторите или администраторите , што можат да направат тие ?
     
    На Jagoda123, sweetgirl1106, Miss.Ricci и 42 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.