Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам дека јас повеќе посен грав НЕ ЈАДАМ ... е веќе 2 дена цел воздух што го вдишав низ г*з го извадив :lol: е стварно де, претераа гасовиве, ластиков од пижамиве го стопив :D
     
    На cinderella5 и Micheleljubov им се допаѓа ова.
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Откриените идентитети може да ги најдете во темата Откриени идентитетите на феминките кои си заминаа и тие што допрва ќе заминат. Администраторите ја отворија во знак на одмазда на сите што го напуштаат форумот.

    Сериозно мислите дека има тема каде се откриваат феминките? |(
     
  3. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Се надевам со напишаново ќе можам да помогнам..Никогаш ама никогаш не ја губи надежта!
    Верувај ми..доволно е да веруваш во Господ и се ќе се среди..можеби нема да биде средено за 1 ден..ама кога најмалку очекуваш среќата ќе тропне пред твојата врата,и твое е дали ќе и дозволиш да влезе или ќе ја избркаш бидејќи не била со тебе кога ти била најпотребна.Главата исправена! And believe me,everything will be OK soon! :*
     
    На Katerinceee и Soldier им се допаѓа ова.
  4. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Свесна сум дека е јавен форум, а понекогаш можеби си дозволив малку повеќе да напишам за мене, но можеби халуцинирам после сето тоа со троловите.
    Како и да е, јас со форумов пораснав. Да, убаво прочита, пораснав.

    Можам слободно да кажам дека станав личност. Можам да се изразувам, да оформувам свое сопстевно мислење. Можам да кажам многу работи, кои сметам дека не би доколку не се зачленив. Можеби поради тоа што се зачленив кога многу стари членки со цврсти ставови и мислења беа активни, не знам.
    Ама, сепак сум благодарна. Што и да биде, јас овде си зачував местенце. На многу не им е мило тоа местенце, ама арно е. Кога ќе пораснам, дај боже, ќе им раскажувам на моите деца, па и на внуците оти бев дел од еден реален виртуелен свет каде што сите бевме невини девојчиња, светици, иако бевме свесни дека никој не е таков каков што се претставува - верувавме. Оти нели, демек сите сме жени, сите сме исти. И викате оти некакви напалени тинејџерки се зачленувале. Па јас оти се зачленив што бидна? Да не ви згрешив нешто? Да не ве навредив? Да не ги пцуев дечковците (кои никогаш сум ги немала)?
    Океј, признавам, генерацијата ми е покварена. Како што реков - не сум светица, ама познавам граници. Знам до каде можам и смеам да одам. Оти понекогаш и јас сакам да ’видам’ како е да се биде излезен до 12 или 1 вечер. Ама, да не се залажувам, оти знам дека нема да ми дадат.
    А да се облекувам и да ставам слики на фејсбук баш како што Трендафилка опиша - не дај боже. Баш со мајка ми се правев муабет - добро, тие деца немат ли мајки, татковци? Остај другото, ми мајката им го лајкнала статусот/сликата сеедно. Ама знаете, ЈАС не би се облекла никогаш така, па за молам мама да ме пушти. Ете јас, никогаш не би се облекла. И оти не се шминкам за школо, оти одам со подочници (едноставно си ги имам) па кујзнае што бидна? Они па што стават кило шминка поарни се. Еден минус во очите на другите, иако изгледат лични, демек одделувале време. Да бе, одделувале време на 15 години. Заболело го на некој.

    И, крај краева 2 милиона сме, а да не спомнеме дека половина избегаа во туѓина. Абе, ние сме еден кварт во Токио бре луѓе. Зар не разбирате? Нормално дека се познаваме. Знаеме се како дишеме. Ако се криеме зад приказни, аватари и никови, сите се познаваме.
    И не, не ми е мака оти имам неколку форумџики на фејсбук. Дури преку форумов запознав роднина (братучетка) кој не знаев дека постои, а татко ми и татко и се имале, ама изгубиле контакт. И уште си комуницираме.
    И мило ми е, пак ќе кажам.
    А за тие тролчињата кои се зачленуваат за да ’шпионират’ како што викате туѓи животи секогаш ќе ги има. Сите знаеме колку љубопитни, глупи и изопачени можеме да бидеме. А вие пак ако толку не сакате да ви копат по животите не си ги оставајте на јавен форум.

    И пак ќе спомнам - тука оставив дел од мене. И сакам да се навраќам на почетокот кога се зачленив. Колку сум била недозреана, да не речам глупава. Ама, сепак толку детско сум размислувала. Како сите да какаме розово и да спиеме на розови облачиња.

    И да ви кажам, колку понови генерации идат толку полошо станува местото за живеење. Не знаеш кој се крие зад некој ник на фемина или твитер. Или зад некое име на фејсбук. Ама, не знаеш ни кој може да ти провали дома во 3 саат сабајле. Одејќи по пат можеш да умреш. Заради болни умови, кои за жал се’ повеќе зазимаат замав во државава и во светов.

    Камо сите да си останевме мали дечиња со лижалки во рацете и хуба буба со мирис на лубеница.

    Keep on smiling. ;)
     
    На Annath, kravce, sweet-cherry и 12 други им се допаѓа ова.
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Мене искрено воопшто не ме засега дали некој ме шпионира или истражува за мене.Кога сакаат да се занимаваат со туѓи животи не можеме да ги спречиме нели,секаде ги има.Што да речам...живот иде даље не ќе се замарам сега со денови и месеци за темава.Таа сум не се кријам,не планирам да го напуштам форумов за некои малоумни,и ќе си продолжам да си пишувам колку што сакам.
    Кај толку изморена денес од работа па и седнав да коментирам. :lol:
    Ама дај ве молам не се оптеретувајте толку со темава.Игнорирајте и продолжете понатаму. :hug:
     
    На kravce, Katerinceee, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Смачено ми е од дружење со истите луѓе, одење на истите места, разговарaње за истите работи....
    Смачено ми е од монотонијава, ме разбирате ?
    It`s time for changes :?:

    http://www.youtube.com/watch?v=u8C-ZTQJIkU
    Добра ноќ милички мои :wasntme:
     
    На sweet-star, Hipster, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Текстот на Геа ме инспираираше пак да пишувам за темнините кои ми тежат на душава.
    Тоа салдото 0 колку пати ми го кревало притисокот изминативе година дена јас си знам.

    Трудничките денови нели треба да се најубавите и најспокојните - дошло мало златце на свет ти следува трудничо боледување, си земаш платичка 9 месеци а ништо не работиш, ехеее убавини.
    Да, да секако.
    Уште да беше така сјајно, да ти се плукнам во државава наша.
    Извинете ме ширам негативна енергија пак, но неможеше постов на Геа да не ми предизвика лавина од емоции кога слична состојба доживував и доживувам и јас, а и да бевме само ние две не ке беше толку лошо, 70 % од фамилиите и младите брачни парови во држава се во иста ситуација.
    Моето трудничко беше едно големо патешествие.
    Морав принудно да напуштам од работа уште во 5 месец од бременоста, не сакаа да ми дадат да одам само 1 и 2 смена, па намерно ме пишуваа уште повеке трети смени од вообичаено само за да напуштам доброволно, за да не ги тужам за отказ поради дискриминација.
    Срека во тој период на татко ми му одеше добро, имаше фирма ме префрли кај него и наредните 4 месеци ми плакаше плата и придонеси за да можам да си го добијам трудничкото боледување.
    За прва испалта чекав 6 месеци.
    За да биде иронијата поголема фирмата на татко ми по некој месец пропадна,а кој бил на трудничко боледување знае дека боледувањето го исплакаат месец за месец но одкако фирмата во која сте работеле ке префрли плата за тековниот месец,ако фирмата пропадни - ви пропага и трудничкото.
    Па морав уште 4 месеци да плакам придонеси за барем еден вработен, управителот во случајот за да добијам нешто од нешто од моето трудничко боледување.
    Бруки, мизерии и хаос.
    Воздухот не можев мирно да го примам.
    Секој кој е родител знае колку пари се потребни првите месеци, од пелени, креветче, колички и сите работи кои се неопходни за бебчето, а за кирија и сметки да не кажувам.
    Мм тогаш се префли да работи во фирма која ветуваше многу, но за жал добивме само уште поголеми разочарувања.

    Драга Геа ако ти е за некоја утеха колку никакво да звучи ова знам дека нема утеха, но мене ми е најголем товар на душата, барем вие сте успеале да земите стамбен кредит и инвестирате во нешто ваше, мене срцето ми се кине на илјада делови кога секој месец како во бунар ги фрламе парите за кирија.
    Кога немаш сигурен кров над глава ниту пак знаеш какви времиња носи иднината.
    А најголемата болка од овај 6 годишен живот под кирии ми е во овој последен стан каде сме со мало бебе и со газди над нас и секој пат кога си доагам 'дома' јас воопшто не се осекам како да сум во мој дом .
    Сиви студенила во душата.

    И прееска ја читав темата Бугарски пасоши, некој имаше напишано тие што ваделе БГ пасош биле предавници.
    Молам?!
    А оваа држава не е за својот народ предавник?
    Првата прилика што ке ја имам ке заминам од тука, нема ништо што би ме натерало да останам.
    Водат капања за трето дете, а уште на тие со првото има ја уништуваат секоја позитвна мисла за иднината на тоа дете.

    Со мм живеевме 5 години заеднички живот пред да стапиме во брак, двајцата вработени и под крија. Бременоста не беше планирана.
    Прво нешто кога ги видов двете црти се убив плачејки.
    Помислив и на најлошото.
    Но мило е што не го направив.
    Зашто тоа мало сонце денес ми е движечка сила.
    Покрај сите овие темнила, тој е светлата точка која ми дава сила да се борам и надевам дека ке има подобро утре.

    А да и ова, Геа бидејки спомна бесплатна електрична енергија, да не беа глобалистите толку жедни за контрола и перење пари денес сите ке имавме бесплатна електрична енергија.Никола Тесла имал начин сето тоа да го изведе.Но секако на најмокните фамилии во светот тоа не им одговарало - не сакале да вложат во нешто од кое ке немаат профит.
    И така ние сме под целосна нивна контрола, нема демократија - само си мислиме дека ја има. :x

    Покрај сите овие сра*а, заборавив денес убав ден - синчето ми наполни 11 месеци, :inlove: уште месец дена годинка, а кога останав бремена толку многу се надевав дека дури да наполни годинка ке бидеме во наша дома.
    Но не се откажувам, ке биде и тоа. :sun:
     
    На Mayyya, Annath, Moira и 37 други им се допаѓа ова.
  8. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Шмизло прај шо сакаш откривај колку сакаш ама на мадрето мое не и кажуј дека сум модерен! :sweat:
    Јас гледам тебе Старфиш ќе ти го пукне носот само кога... :angel:

    Стварно немаш никакви реални вредности.
    Наместо да пишеш нешто да си ја олесниш душичката,ти изиграваш Хитмен.
    Може и листа имаш дома и не прешкртуваш еден по еден.
    Шоубаво ми речи мама....
    Лукот лече се,само простотилук не! :)



    Туку чекај да се пофалам и јас.
    Поклон за именденот! :D
    Да шмизла,Јован се викам. Запиши си.

    Фала мадре и падре,ве љубам!
     

    Прикачени фајлови:

    На Foreveryoungiwannabe, Cacy, Rose96 и 26 други им се допаѓа ова.
  9. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Се изначитав се и сешто и сакав само да кажам дека ми е жал што форумов не е како што беше ..
    Веќе никој не може да го каже тоа што навистина го мисли и што му лежи на душа , и не може да се претстави во вистинско светло зошто секако се плаши да не го препознаат..
    Одамна го следам форумов , лично не се знам со никоја до сега .. имам неколку форумџики на фб кои што многу ми се драги и со задоволство ги следам и тоа е тоа..
    Сум препознала 2-3 до сега од која едната беше бифша на мм ама никогаш не сум им пишала или нешто слично .. не ме интересира брее .. ни на крај не ми паднало да копам по мислења


    Инаку јас наминав друго да кажам.. после цел ден комбинирање конечно се одлучив што да носам утре на веридба.. :) Мажучево мое беше пресреќно оти веќе нема да го гњавам :)
    Седам и нетрпеливо ја чекам мајками да се вратии.. многу ми недостига :) мамина маза :P
    Toa e што друго да кажам ..
     
    На sm1zla, Angy.g, Katerinceee и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Се си мислам дека или ме чита тука или ми ги чита мислите. Трето нема :D
    Ах... Насмевки од сите страни, очи што блескаат и што ми ветуваат многу. Ќе те киднапирам да знаеш :!: .
    Од друга страна испит за спремање, ме заморува до немајкаде.
    Ми се спие, а не можам да спијам.
    Гледам сите се замарате со приватноста, а овде пишуваме се што ни се случува. Никој не ни е крив, освен ние самите :)
     
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Ме упатија што се случувало овде, па навратив со кратка добронамерна поука:
    Девојки, со самото тоа што се зачленувате на форум и/или социјална мрежа, вие самите сносите одговорност и индиректно потпишувате договор за се’ што натаму објавувате да биде ЈАВНА сопственост. Запомнете го болдираниот збор, клучен е, и онака околу него се врти дебатата изминативе денови.
    Истовремено, дозволете накратко да споделам нешто со вас, Феминки:

    Да не беше форумот ЈАВЕН, и да не следеа познанствата и откривања идентитети (добронамерно):

    -Mене денес немаше Yipman2 да ми е еден од најдобрите другари за гости, игрици, шетање, излегување, фудбал...
    -Немаше на (неактивната) Еasyyyyy да и’ направам огромна услуга за 2 дена, кога немаше кој да и’ излезе во пресрет. Да не ни спомнувам дека имаме машко-женско другарство на кои многумина можат да позавидат, а за кои повеќе не веруваат ни дека постои. :)
    -Немаше мене една Феминка да ми помогне во критична ситуација; Феминка на која сум и’ доживотно благодарен, и со која „милувам“ беспрекорно другарство и меѓусебна поддршка.
    -Немаше со дел од вас да поминам одличен скопски Пивофест.
    -Немаше со дел од вас да разменам шали, симпатии и флерт, кои и тоа како помагаат во моменти на разнишана самодоверба.
    -Немаше да запознаам неколку различни и интересни женски, виртуелни и реални профили.
    -Немаше на ФБ да „длабам“ во ниедно време филозофии и важни животни дилеми со некои од вас.
    И, секако...
    -Немаше да запознаам неколку тешки лажги, преварантки и лицемерки на форумов (дел од кои и доста популарни Феминки).
    Но, знаете што? Денес и тоа како извлеков поука од нив и ги препознавам таквите од километар! ИСКУСТВО! :!:

    Не го напуштајте форумов, нека не згаснува. Вие го направивте посебен, и гледајте вака на нештата -
    Баш зашто го направивте таков, мораа малку да се замешаат „тр0лови“, да создадат тензија, да ги раздвижат нештата...
    Зошто? Затоа што после секој надминат проблем, излегуваме посилни!
     
    На Nati.P, Rose96, 1209 и 30 други им се допаѓа ова.
  12. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Амааааааааааааан!
    Значи многу се замарате за небитна личност, зарем сите Ве открила, кој и што сте? Боже ..
     
  13. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    ок чекај да го земам тефтерот!! |( јас тоа на шала го напишав ама ств открив и шо сегљ?? треба да се тепаме?? |( боже господе :fubar: инаку ке пишев нешто др ама ова ми го оттргна вниманието |(
     
  14. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    И ние тоа викаме ама ти пуф испари не откачи ... :( :tmi:
    На местото на старите идат нови некои скрос го заборавија некои се неродовни , некои само пасивни . Никого многу нормално не може да се држи со сила тука , но самите си го направивме . И да се сложувам со тебе со самото откривање се разбира дека ризикуваш . Огромен поздрав фалиш човеку многу фалиш ...
     
    На Nightwalker и Lov3 им се допаѓа ова.
  15. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Само да кажам.. Досадни сте како реакција после грав. Се нервирате и ширите негативни вибрации на цел форум за нешо за што нема потреба. За некоја сенка која никој не ја забележал дека постои. Не ни гледал, прател што кажува.

    :?:

    Инаку сабајлечки станав со „Господи помилуј..“ пошто дома ечеше телевизорот од фрлањето на крстот.И на почеток помислив дека сум умрела, :^) после мислев дека сонувам поп, едно време викам поп ми дошол дома. На крај од мука станав и видов дека е телевизорот.
    Со среќа за човекот што фати. И од среќа и здравје да не куртули.


    Сега седам дома јадам крофни. Големи. Вкусни. Изедов 3. Уствари 4. :D Лажам. Пет беа. :D Многу сакам да се здебелам. Момичка да станам. Да ми пораснат облини малку. Вака незнаеш али жена али маж сум. За да биде посмешно, јас си го сфаќам тоа како дар. И секогаш се смеам. Си го сакам телото онакво какво што е . Само уште неколку кила. А најсмешно е кога дома гледаме филм, и сестра ми ќе каже : Леле оваа нема цицки. И тука се накашливам дискретно. :D Пошто не е трагичното оти ми се мали градите како глумицата. Него оти за да ги најдеш мора либела да земеш, па кај ќе покаже малце нерамно, таму се :D

    Ај добра ноќ. :D
     
    На Moira, kravce, Miss.Ricci и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... среќата е нешто површно. Доаѓа од малите работи, ни ги заслепува очите и ни го прави светот розов за некое време. Потоа си заминува и не` остава во сивило. Заминува кога ќе почнеме да размислуваме кои сме, зошто сме, каде сме, и еден тон навидум глупави прашања, но толку логични, а сепак за нив никој не го знае вистинскиот одговор.
    Ми доаѓа да вриснам затоа што не можам да средам се` во права линија. Колку и да се трудам, да давам се` од себе, некои делови не се сложуваат и готово.
    Залудно е. Залудно е уживањето во секо утринско кафе. Залудна е надежта за подобар свет. Залудно е да се трудиш да бидеш добар, кога на крајот ти се враќа со лошо. Залудно е да уживаме во убавите моменти кои завршуваат брзо, а од спомени никој не живее.
    Залудно е се`. Целата борба, целиот гнев, болка и издржливост за да опстанеш се залудни, кога еден ден ќе те нема.
    Можеби премногу нихилистички, но исто толку и реално.

    П.С. би ве замолила некој во ЛП да ми објасни што е фрката со алармантнава ситуација, зошто стварно немам појма што се дешава.
     
    На Angy.g, tweety26, Lov3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    sm1zla.. и што ако си открила ?? Ок се покажа дека немаш попаметна работа освен да копаш по туѓи мислења , успеа да направиш збрка на форумов и сега што сакаш? мислам дека наредно е БАН !
    и дај бе дете fuck of !


    Micheleljubov си ме изнасмеала до солзиии .. :rofl: :rofl: :rofl:
    Инаку сабајлечки станав со „Господи помилуј..“ пошто дома ечеше телевизорот од фрлањето на крстот.И на почеток помислив дека сум умрела, после мислев дека сонувам поп, едно време викам поп ми дошол дома. На крај од мука станав и видов дека е телевизорот.
    Со среќа за човекот што фати. И од среќа и здравје да не куртули.
     
    На ocila, Umbrella22, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Мене ми се гади од ситуацијава на форумов.
    Пред година дена местово беше сосем поразлично, да ти е мерак да се задлабочиш цел ден во него.
    Па нека иде у три лепе и идентитет и све ако му е на некој толкава занимација да знае која сум нека ме открива.
    Толку од мене.
     
    На cinderella5, blaa, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    17.268
    Шмизли4ке (со броеви е по 6мизлски), кога ќе дојдам следна ја пиши ми ЛП веднаш да ти дадам фејсбук, да не се ма4и6. Леле колку сууум..фб па ја, матичен број да ти пишам и домашна адреса веднаш.

    :*
     
  20. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    зенски што се замарате кој што сака нека открива очигледно,тоа се луѓе кои немаат друга работа во животот,па ајде тоа им е занимација не се вредни ич да ги збориме јасно е дека немаат свој личен живот па животот на другите им е интересен дека секаде има дешавки додека кај нив тоа се случува на 10 години еднаш жално но вистинито...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.