Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Досадно е дома,ама ни во школо не е толку интересно :yawn:
     
    На mariatim му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.739
    Пол:
    Женски
    Епа девојки, нека ни е со лесно на сите што тргаме на школо... :worried: :(
    Од утре пак ќе се потсетиме колку ужасен ден е понеделник, особено ние што сме прва смена ;( :@

    [​IMG]
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... еден убав резултат од вашите постови за откривањето приватност, идентитети, лични информации од реалноста ... Живна форумот конечно, се активираа и оние кои подолго не напуштија, се прочитаа сепак по логички и по реални постови. Се активиравме горе доле сите, зашто јануари некако ко да не фрли во зимска депресија сите.
    Не земајте се при срце, никој ништо не може да ви направи посебно не некое искомплексирано дете кое очајно има потреба од компас во животот. Кои сте и какви сте и да не ве дознаат реално, секако преку вашето пишување и те како се открива, поточно ви се откриваат психичките доблести или мани. Ама, вие сте тие, вие сте сами за себе, никој нека не ви е мерило за тоа кои треба да сте, какви да сте и како треба да живеете. До негде кривицата е ваша затоа што дел сами си откриваа детали од приватноста и со модните критики нормално, со дружење надвор од форум ... Ама тоа е ваш избор и нема потреба од од каење. 21 век е, виртуелниот свет станува за жал исто толку битен како и реалниот.

    Нема потреба од напуштање, нема потреба од уништување на еден форум кој како така функционира добро, како што еднаш кажавме како семејство со сите негови добри и лоши членови на купче.
     
    На Annath, bittersweet, Moira и 20 други им се допаѓа ова.
  4. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Не знаев каде да го сместам, ама без сомнение дека овде ќе биде најмногу читано..
    Ете ја нашата брзоплетост на дело...око за око и слепи ќе останеме..ама ако само одмазда да има (со доза на сарказам) :)

    A guy asked a girl in a library, "Do you mind if I sit beside you?"

    The girl answered with a loud voice, "I DON'T WANT TO SPEND THE NIGHT WITH YOU!!!"

    All the students in the library started staring at the guy, and he was embarrassed.
    ...
    After a couple of minutes, the girl walked quietly to the guy's table and she told him,

    "I study psychology, and I know what a man is thinking. I guess you felt embarrassed, right?"

    The guy responded with a loud voice, "$200 JUST FOR ONE NIGHT!? THAT'S TOO MUCH!!!"

    And all the people in the library looked at the girl in shock, and the guy whispered in her ear,

    "I study law, and I know how to make someone feel guilty."
     
    На Sara123 и Micheleljubov им се допаѓа ова.
  5. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    10.113
    Јас одамна се откажав од луѓето, ги држам на дистанца оние кои ги запознавам, без жалба за повеќе. Од секогаш сум имала способност да намирисам неискреност од далечина. Се дружам со затворен круг пријатели и не пуштам никого. Така се заштитувам за да живеам спокојно и среќно во овој свет на манипулатори, фејкери, хејтери. Ми се гади од лицемерието кое извира на фејсбук го има за извоз. Затоа немам фејсбук, не ми требаат нарциси, егоисти, еготрипања, кисчиња, лајкчиња, напрчени усти, голи цицки, убави лица грди души. Крвопијци ако можат и душата ќе ти ја земат дур да трепнеш. Затоа боље сам него во лошо друштво. Колку и да не сакам и пробувам да се издвојам од толпата, со мојава генерација го имаме фатено возот за Superficial land. Колку и да се оградувам од нив јас секојдневно ги среќавам, ме опкружуваат иако шетам во стаклено ѕвоно, не ми го загадувајте воздухот со вашите фини, подли квази комплименти. Оставете ме да самувам. Не ширам нозе за лајк, не примам пијачки за да трпам некој кретен да ми се лигави цела вечер и не одам на грлс најт за да ловам туѓи дечковци. И да не ми се збори за Сексот и градот, манго и зара инадграба на нокти цела вечер и цел ден. Луѓе на момент ама сериозно мислам дека мене нешто ми фали!
     
    На Trnche, Angy.g, esperansa777 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Понекогаш кога сум разочарана за нешто се прашувам дали премногу барам па сум се разочарала, или навистина не си го добивам тоа што заслужувам... :worried: :?:
     
    На Miss.Ricci, Lov3, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Збунет елен мисли дека е овца :D
    Душа тој.
     
    На Miss.Ricci, Ingvild, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.396
    Допаѓања:
    286.932
    Желбата за пишување ми беше драстично намалена, барем не на актуелнава тема, и се обидував да ја заобиколам.

    Сепак да пишам некој збор и јас.

    Ова е јавен форум, секој почнува со приватност од 100%. Наше е дали и како ќе ги ситниме овие проценти, никој не ни става пиштол на слепоочница.
    Логички е и дека колку подолго е некој зачленет и ја зголемува својата активност ќе се ситни бројката.
    Не треба некој да изиграва детектив за да препознае некого од својата околина.
    Луѓе сме се дружиме надвор од форумов, па некогаш се случува и тоа.
    Која е таа паника ако некој препознал нечиј лик?
    Не бевте ли свесни за оваа веројатност?

    Ни ја знам ни ја познавам Шмизла, но ми се чини дека се сеќавам на нејзиниот пост каде во момент на револт пиша за разоткривање на нејзиниот лик од некое трето лице и она пиша дека препознала некого.
    Нема потреба да бараме жртвено јагне па да му се нафрламе на едно дете поради некоја непромисленост или лоша формулираност на една реченица.

    Па не е она единствена која пиша тука дека препознала некого, без разлика дали го исконтактирала тоа лице или не.
    Да шириш невистини, клевети и интимности за личноста на еден виртуелен лик(макар тоа го има и во нашето секојдневие) е сосема друга ствар.
    Да споделуваш контакти или било каков друг вид на лични податоци со другите форумски ликови за еден конкретен лик е исто така друга ствар.
    Прекажување на дел од содржината од постовите на еден виртуелен лик на неговата фамилијата или блиски е исто така друга ствар.
    За мене ова се лоши работи.

    А тоа што некој некого препознал не е злодело.

    Не сум во тек со тоа тие некакви листи и прекажување, ниту нивното постоење.
    Целава ситуација е како фрлена димна бомба и сите во чадот сега лутаме.


    Се надевам ќе сплавне тензијата и повторно ќе си ги читам моите омилени форумџики уз дозата на дневно кафе. Ова ни е катче за релаксација од нашето често сиво секојдневие.
    Кога после напоред ден се уклучуваш тука и наместо забава чуствуваш негативна енергија...се губи вољата.

    А тензијава сами ја створивме.
    Еден ако има проблем и е лично засегнат од ситуацијата не значи дека сито го имаат.
    Упорно бараме ли бараме кој е детективот, а уствари ние го глумиме него во моментов.
     
    На Artemission, Annath, bittersweet и 29 други им се допаѓа ова.
  9. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
    СДК:
    1.Дека ме нервираат ракометариве (иако знам дека не се криви) и не ми е криво што не отидов во Шпанија на утакмиците!! :envy: :envy: :envy:

    2. Дека ме мрзи да одам утре на работа !!! ;( ;( ;(
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.350
    Кога бевме малечки правевме лизгалишта по најстрмните патишта во маало. Ќе почневме со најлонски вреќи полнети со крадена слама. Седни и ритај додека се спуштиме неколку пати, после тоа летаме со вреќата надоле. Некои ќе донесеа и санки. Па клекнувавме како вовче позади санката да не тегли надоле, така се лизгавме само на чизми. Па откако отрпневме од стравот на паѓање, адреналин и детски памет, се спуштавме стоејќи. Како скијачи ама без скии.
    Сме паѓале. Како не сме паѓале, туку тогаш направени од магија и гума, ниту не болело нити сме се кршиле по мразот.

    Сабајле се испеглав на тротоар. Се растратив. Колку е долга таа секунда додека паѓа човек, има време да помисли дека патиките требаше да ги облече наместо лизгавите чизми и да размисли дали е подобро да се начека на раце или да тресне на газ. Лактот ми е набиен (таа смешната коска кога ја чукнете ве тера на смеа, пробајте да ја најдете) ама не ми е до смеење, ме боли па ми се плаче. Туку ај, барем да ставам да размрзнам од него грашок за вечера.
     
    На Moira, kravce, Umbrella22 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Секој гледа да те искористи. Уште повеќе го сватив тоа од вчерашниот настан,даде пола од парите што требаше да ги даде за тоа што јадеше и пиеше и си замина. Па мораше некој друг ни крив ни должен да си додаде од сопствениот џеб. |( Браво машко,одлично направи. :clap: |(
     
  12. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Неделно попладне.
    Се будиш доцна, наспиен, одморен, отвараш очи, а покрај тебе љубовта те пие со поглед.
    Пица за појадок, топло кафенце во кревет и вкусно чоколадо.
    Животот решил денес да биде добар со мене.
     
    На bittersweet, Springy, Buttterfly и 39 други им се допаѓа ова.
  13. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Се чувствувам како излупена краставица.
    Сериозно.

    Почнав да вежбам, вчера се ипофалив нели. И денес продолжив со истото темпо се растресов низ дома. Малце вежбите личат на „Шота“ орото ама тешки се. :D Со рацете нагоре, а со нозете правиш шота. И ме фркна главчето. Оти многу потскокнував. Пола година немам асално вежбано.


    Ептен блесава сум и се смеам на туѓа болка. Ама болка од глупоштилук :lol: . Мама сега ми кажува, била кај баба ми, а баба ми цело време на страна седела. :D И ја прашала „Што ти е, што ти е? “ А баба само „ Ништо.“ И кога баба се пресоблекувала, мајка ми видела на газот и фалело цело кожинче :D А баба ми кога се бањала за да се стопли се доближила на термото и си го изгорела газот. И уште се смеам. :D И фалело цело парче кожичка. На газот. Сега неможе да седи. ]:)
    А бидејќи кога ќе тргне смеата, тргнато е, добив комплимент дека се смеам како чита мајмунче. :D :^) :D

    Кога сум одморена, и денот е добар. :angel:
     
    На Moira, kravce, Miss.Ricci и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    И дојде времето да се загрее столчето. :D Испити се ближат,барем 6ки нека се нижат ако не нешто повисоко. :lol:
     
    На Eagleeye му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Сожалување. Отсекогаш ми звучел лошо тој збор. Ме потсетува на некое ужасно чувство. Да бидеш сожалуван од некогу ми доаѓа исто како да те сметаат за неспособен да се справиш со предизвиците кои ти ги поставува животот. Незнам зошто некои луѓе се обидуваат да се претстават како жртви и да бидат сожалувани. Дали навистина мора да бидеш сожалуван за да добиеш помош од некогу? Дали и самите ние ги сожалуваме помлку или повеќе луѓето на кои им помагаме?
    Многу прашања малку одговори.
    Се сеќавам на една случка од детството. Јас петоодделенка. Денови исполнети со детски соништа, безгрижност, игра, смеа, големи надежи... Игралиште и кошаркарски натпревар. Баскет. Една од моите омилени игри. Како и секогаш јас една од главните во женскиот состав. Втора партија. Влегуваат и момчињата. Мешани состави. Се загубив во играта. Никако да дојдам до топка. Одеднаш ми ја додава топката едно момче. Можеби една од моите детски симпатии. Ајдее не фати топка - извикува и ме погледнува со еден сожалувачки поглед. Ја прифаќам и ја фрлам топката. Постигнувам погодок но не се радувам. Напротив се почувствував толку лошо како што никогаш не сум се чувствувала. Оттогаш мислам дека никогаш не дозволив никој да ме погледне така. И не ни сакам. И колку и да ми е тешко нема да признаам.
    А дали тоа тоа ми се одразува позитивно или негативно немам поима.
    Дали работите што ги доживуваме во најраните години подоцна толку силно ни се одразуваат во животот? Дали тие работи и случки ни ја претставуваат вистинската слика во животот или пак баш тие не попречуваат да ја видиме?
    - Многу прашања а малку одговори... :)
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Не ми се верува дека 14-годишно девојче со ник sm1zla направи толкава збрка на форумот, што стари членови со квалитетни мислења си отидоа. Всушност проблемот со идентитетот е проблем отсекогаш, само ова беше малата закачка, причина, што ги натера некои од членовите да преиспитаат што и како.

    Ова е дискутирано на претходните страни, верувам дека ќе ги повторам мислењата на претходните членови, но мора да се искажам. Некои луѓе како сеуште да немаат сфатено дека ова е јавен форум. Се што овде пишувате е јавно. Еве, лично јас, освен две членки што ги познавав уште пред да се зачленам на форумов, не знам никој друг. Со никого не сум си разменила фејсбук, никаде не сум ставила слика од мене. Но ме имаат препознаено само од тоа што го пишувам, од моите мислења. Значи треба да бидете свесни дека голем дел од тоа што го пишувате овде, како на пример што ви се случило денот, интересени работи за вас и сл. го кажувате и го знаат и вашите пријатели и познаници, па не е потребно слика или фејсбук ако некој сака да ве препознае. Тоа е дел од ризикот да се пишува на форум кој го прифаќате со самото зачленување и постирање овде.

    Второ, ако веќе сте ставиле слика или сте си размениле фејсбук со некој, шансите се уште поголеми. Мислам дека секој е одговорен за своите постапки, па ако веќе сте го презеле ризикот да ставите слика или на некој друг начин сте си го откриле идентитетот, ќе бидете повнимателни околу тоа што пишувате, секако ако не ви пречи остатокот од форумот (вклучувајќи ги и незачленетите читачи) да дознава работи од вашиот личен живот.

    Јас форумот го користам пред се’ да си помогнам себеси, а и како издувен вентил, затоа нема да го напуштам, а ако го напуштам ќе се зачелнам на некој друг, затоа што морам негде да се празнам. Сум барала помош, сум пцуела, сум пишувала за се’ и сешто овде и не би ми било згодно некој да знае која сум. Дури и да не ми „копа“ по мислењата, дури и да не ја раскажува мојата интимност наоколу, самото чувство дека некој те набљудува не е пријатно. Доколку и вас не ви е пријатно, едноставно е - не ставајте слики, и не давајте фејсбук на секому. И дај не ставајте исти аватари овде и кавери на фејсбук, има мал милион слики :D

    Оние што останавте, имајте убава недела! :)
     
    На Ingvild, antonina, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Само што се зачленив јас, сите го напуштија форумов. Почнувам да се чувствувам виновна :D

    Не, сериозно. Тие што заминаа, заминаа. Јасно е дека сепак ова е форум, а не личен дневник. Тука секој има пристап до вашата т.н. јавна приватност. Внимавајте што пишувате ако не сакате некој да го открие вашиот идентитет. Вие самите имате контрола врз тоа што и колку ќе се знае за вас, па потоа ќе се "прераскажува" и ќе бидете нечија тема на разговор. Секако дека не е само ваша вината, но такви се луѓето. Љубопитноста убива. Влегувањето во туѓ живот, во нечии "тајни" ги исполнува повеќето.

    Се сложувам со danichap, секој е 100% анонимен кога се зачленува и наше како ќе ги ситниме овие проценти. Јас се мислев две години дали да се зачленам на форумов, од причина што знаев дека некогаш, во некој пост некој ќе ме препознае. Пробувам да пишувам мислења кои го покажуваат мојот став кон нештата, а не откриваат премногу за мене. Никогаш не сум помислила дека ќе ставам слики во модни критики (да се разбереме, немам ништо против оние кои ставаат, ниту пак ги обвинувам за тоа) затоа што голема е веројатноста за откривање на идентитетот. Штом сте се одлучиле на таков чекор, веројатно сте биле свесни за последиците. Како што кажав претходно, самите одлучуваме колку и што ќе откриеме за себе.

    Неможам да кажам дека не ми е жал што некои феминки го напуштија форумов, сепак иако не бев зачленета редовно уживав читајќи ги нивните постови. Но :!: тие што останаа, немојте да прекинувате со пишување. СДК се претвори во "детективска" тема, веќе ги нема оние постови вредни за читање. Дури и чудно ми е што ќе налетам на некој таков помеѓу оние поврзани со загриженоста за откривањето на идентитети. Порано неможев да ги дочитам многубројните постови, сега можат на прсти да се избројат.

    Се надевам ќе продолжи да "функционира" форумов како порано, а ова нема да биде пречка. Поздрав :hai:
     
  18. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Залуден им беше обидот на Сител, со скриената камера да ја ублажат болката од поразот!
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... разгалени дечиња, чија прдешка мислат дека им мириса на лале.
     
    На Umbrella22, Ingvild, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Се појави еден човек неочекувано во мојот живот.
    Пуф. И дојде. И уште откако го видов, проникна во мојата потсвест. Ме опседна. ме опседна до максимум. Ме загуби. И ме постави во меѓупростор. Неговата опсесија, времето, ми го фрли како клетва. Да седам на една точка и се вртам во место. И замислувам . Горам од љубомора. Ова веќе не сум јас.
    Сериозна сум. Денов сум крајно краставично расположена, ама навистина една слика, само еден поглед, збор. Ме опседна. Немам спас веќе. Ме изгоре.

    Имате ли бројче од некој поп што прави егзорцизам? Мора под итно да ми го извади од умот. Од телото.
     
    На Trnche, Springy, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.