Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664

    А може некој да ми каже што се случува? :^) :?: :)
     
  2. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    што се случува кажете ве молам :sweat: зошто сите го напуштаат форумов ????
     
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Едно е да кажиш дека животот не е лесен, пошто не е, сите ќе се сложат, ама сосем друго е да кажиш дека животот не е убав.
    Извини драга, животот е само твој и само ти можиш да го направиш да ти биде најубав.
    Немој молим ти се, џабе негативна енергија, џабе зборување, плачење, џабе жалење.
    Животот тече, не прекинува, само ти можеш да прекинеш и да застаниш, да не се помрдниш од мртва точка.
    Е јас не сум таква. Јас сум живец невиден, трагач по константно задоволство и нови, креативни облачиња од кои си правам свое најубаво небо - небо на животот!
    И имало периоди кога сум стоела во мртва точка, ама јас имам волја да од таа точка, направам запирка :)
     
    На Lepaaa, bittersweet, kravce и 18 други им се допаѓа ова.
  4. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    И јас истото се прашувам, подолго време бев отсутна .. :o
     
  5. Eagleeye

    Eagleeye Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    58
    @lana8
    @l0vE...-love
    @the-girl1

    Тоа девојче го открило идентитетот на една или повеќе личности. Голема галама без вистинска причина. Го открило - го открило, голема работа. И да ги знае кои се, како ќе им наштети не разбирам. Единствено може самата да си наштети што се замара за туѓи животи. Мене искрено не ме интересира ама баш ич дали ќе ме дознае некој кој сум.
     
    На lana8 и the-girl1 им се допаѓа ова.
  6. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    СДК На сограѓанките воедно и фејсбук "пријателките"
    Какви сте цели модерни,брендирани,самозаљубени,холивуд диви,строго со коктели и скапи пијалоци во рацете,јаки кафичи,инстаграм фотки,машнички,шнолички,а во главата ништичко :*
     
    На Lepaaa, gothchick, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.719
    Пол:
    Женски
    Девојки мои, :!:
    Да си кажам и јас мое мислење,не дека мислењето ќе биде револуционерно. :D Кога се зачленувате,имате приватност.Сите податоци кои ќе ги пласирате вие ги контролирате.Можете да бидете светици или ѓаволи,ваш избор е тоа.Дали вие ќе го кажете името на вашиот дечко,или бројот на вашите љубовници исто е ваш избор,или ќе го покажете вашето лице во модни критики.За тоа мора да бидете свесни.
    Е сега следува она ве препознале и што сега?И јас се најдов во таа ситуација знам дека во мојата околина се зборува за мене дека дремам на нет и членувам на форуми.Што е најлошо половината од нив не знаат што е форум.Бев во дилема дали да пишувам или не.А ми значи тоа зашто едноставно овде сум вистинката јас.Не ги филувам постовите,не давам розева слика за мојот живот.Едноставно се смеам со постовите на Дузи,Мишел,Калиопи,Моира,ја гледам другата страна на животот преку Лилит,обожувам да ја читам Теодора,Трендафилка едноставно ме остава без здив.Не ми е мене форумов ,единствено место за разонода,туку едно од местата каде уживам да си го пијам кафето,да се восхитувам на плакарот на Марама,Дани,Анабела да крадам од нив идеи и да и ги кажувам на ќерка ми.А што е најважното да си кажам што ми лежи на душа,особено кога тагувам.И сега треба да се откажам од сето тоа заради таму некои недораснати мозоци кои се гушат според мене во своето сивило.Ако се откажам ќе биде само заради тоа што јас сум се заситила или ми пречи нешто,а не зашто таму некоја комшивка се кикоти и ми ги чита мислењата.
    Затоа мои дами,не потклекнувајте и недозволувајте некој да ви го тренира трпението :)
     
    На Annath, Elichka, kravce и 29 други им се допаѓа ова.
  8. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    I LOVE FEMINA.MK
    Сеа морам малце да се бламирам,но да не е фемина кај ќе читам хороскоп секоја вечер точно во 00:00,кај ќе читам што е ново,дали ким кардашијан е трудна,што кој облекол каде,што каде и како се дешава. Кај ќе кукам дека немам што да облечам,колку го мразам дечко ми,каде купив на попуст,каде ќе си ги кажам маките кој ќе ме дружи додека другарките ми се надвор од градот,кога спијат и кога се болни,кој ќе ме дружи кога јас сум болна :!: . Кој ќе знае дека скришно чувам чоколадо и дека испив премногу,колку се изнервирав на испит,кој ќе ми каже што да облечам во 5 до 12 и кој ќе ме информира шо се дешава у Скопје кога сум на одмор,каде ќе солам памет :lol:
    Кој нема да ме осудува кога сум депресивна и кога јадам кофа сладолед. Фемина е мојата втора најдобра пријателна.
    Love you Фемина.мк :inlove:
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Еве свратив малку да видам што има на форумов, одмарам... именден ми е, немам за учење, ладно ми е и тоа у кратки црти, од што имам премногу да кажам не би се расплинувала зошто ќе ми требаат 10 страници :lol: се надевам сите сте добри :!: :hug: :makeup:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    И кој феминки си отидоа?
     
  11. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Не е проблемот во мене што сакам чесност и правда. Проблемот е во менталниот склоп на луѓево, што ниту се воспитани да бидат чесни и да постапуваат исправно, ниту знаат како да го направат тоа. Мое е да одберам дали ќе ја преземам одговорноста да ги вратам на прав пат или да ги оставам да живеат онака како замислиле. На крај краева, нивниот живот и нивното воспитание не се мој проблем, но кога сум засегната, најдоброто што можам да го направам за себе е да заминам од нив.
     
    На Moira, julie77, Angy.g и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Мирисот на штотоку испечени колачи....

    ...speechless :sun:
     
    На Jagoda123 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Денов навистина досаден. Секогаш сум мразела недели. Ич, ама ич не ги сакам. Се ми е во брзање и чувствуваm некоја напнатост.
    Туку, сега и јас малку си реков да прочитам СДК.. што и како се случува..
    Најозбилно се чувствувам изгубена во просторот и времето.
    Точно дека никогаш не сум била вклучена во актуелните работи.. но не знаев дека сум до волку..
    Читам нешто дека некој открил нечиј идентитет.. па после дека Лилит го напишала поледниот пост.. и навистина не разбирам. :^) :!: Како и да е, не ни ме чуди што не сум запознаена со толку новости(за мене)
    Ве поздравувам сите. :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=nSoI7K5rTF4
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lovatic

    Lovatic Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Што да правам дечки? Цел ден рикам плачам,ме боли глава,неможам да се совземам, ни утре незнам дали да одам нашколо....несакам да имам break down пред сите да се избрукам, ама неможам да престанам да мислам на него, мозокот ми е закачен само за тоа,неможам да мислам за ништо,ама баш ништо друго!
    Помоош! ;( :(
     
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Срцето го мрази умот, бидејќи умот го тера човекот да прави нешта од кои срцето да боли. :(
     
    На dunika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.793
    Допаѓања:
    94.237
    Пол:
    Женски
    go talk to your mom ;) сонце,види вака,темава е сакам да кажам,ама не било што,како што можеш да видиш
    има паметни дадички кои пишуваат мудри работи од кои и те како можеш да научиш,ама твојов пост ми е за во списанието ТАА ако сеуште се издава...а ДА на твое место и јас не би отишла у школо...скраја да е
     
    На owl-ribbon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    48.655
    Пол:
    Женски
    Недела е ден за да се поспие до покасно.Недела е ден за чистење на собата.Недела е ден за семеен ручек....Недела е ден за бањање.Недела е ден за лакирање, чупање, пилинг, итн.Недела е ден за гледање фудбал .Недела не ми е досаден ден, ни го мразам, едноставно ми е некако најпрограмиран ден и секогаш речиси баш исто го поминувам . А ако е лето е тогаш па ја обожавам неделата и тоа повеќе од петок и сабота :)
     
  18. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    Си дозволувам овој пост да го напишам иако имам метро испод прдеж мислења и сум зачленета од вчера (не замерувајте).
    А се однесува на сите постари (веќе со стаж феминки) кои од револт го напуштија и го напуштаат фпруимов.

    Како што кажав станав член вчера,а ве читам веќе две години.
    А да вчера се зачленив зошто вашите: мисли, искуства,случки,хобија,инспирации,сегменти од животот во изминативе 2 години ме смееа ме расплакуваа, ме подучуваа и инспирираа ми помогнаа за некои нешта да бидам по сериозна,а некој пат и да ги прифатам иако се тешки и нема поинаков начин.

    Тазе сум верена,иако вереникот си го нарекувам сопруг и почнав пред неколку дена да ги разгледувам темитеЧ свадба,брак и сл.
    И љубам ти си таа што јас одлучив да ја побарам за да ги овековечи нашите најубави мигови на свадбата а сега по ова што го читам треба ли да се плашам да ти пишам?

    Вратете се на форумов зошто верувам во тоа дека има и други тазе феминки како мене што се зачлениле поради вашите постови,поради вашата позитивна енергија и вашето другарување макар било и виртуелно.

    И вие сте тие што сте му дале душа на овој форум и мислам дека ви е јасно дека нема да фукнкционира без вашите мислења.

    Несакам да испадне дека се умилкувам со постов не е така можев да продолжам да ве читам и без да се зачленам но за некои сиуации имам потреба да прочитам и некој ваш совет па и да дадам совет ако можам.
    И затоа вратете се и не не лишувајте мене и другите феминки (зборам за овие по новиве) од вашето другарување на овој форум. ;(
     
    На Annath, Doozy, cinderella5 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.122
    Од глата си патиме. Затоа, листу нов, иако сум на влакно да те завртам, чекам на само едно нешто. Нешто што в раце го држев, но не почитував, па сега сум на пат да го испуштам. Е, нема. Не само што нема туку и ќе го чувам ко очи во глава. Ама онака како што треба, вистински. Ова ми се денови на учење. Бавно, тешко и болно, но ќе заврши и ќе излезам со она во кое вложував безрезервно, како победник. Никако поинаку. Не ми треба ничија потврда ниту одобрување на светов, доволно ми е чувството. Во него сум најсигурна и не ми е гајле за ништо друго. Ајт.
     
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Кога пак би се родила и би имала право на некој избор,повторно нив би ги одбрала за семејство,и повторно би се заљубила во него.

    Не дека ми е розев животот,но скоро е црвен.Не дека ми е се како на филмовите-далеку од тоа,ама денес размислував што би било доколку некогаш нешто би се променило.Веројатно ништо од ова што се случува денес немало да го поминувам јас,веројатно би имала некој поубав или поцрн живот,ама тоа не би била јас.
    Јас не би била јас доколку цел живот не би сакала една иста личност,не би била јас доколку волку не се грижам за моите блиски и сум емотивно поврзана со нив.
    Тврд орев сум јас,камен.Се што некогаш сум испишала толку емотивно и ранливо на форумот никогаш не сум го кажала никому.Сигурно кога многу работи што ги пишувам овде,доколку би ги кажала на оние личности кому им се наменети многу работи би имале поинаков тек.Ама ете.Таква сум.
    Понекогаш се пршувам од каде толку гордост во волку наивно девојче,од каде толку сила во волку ранлива душа...
    Досега,многу многу личности ми кажле дека сум многу голем реалист.Вертојатно бидејќи не живеам во некој измислен свет,кој сум го направила во својата глава.

    Книгите ме чекаат луѓе.Немам ни желба,немам ни место во рацеве за нив,ама кога ќе паднам на испитите ќе се мразам многу.Ама ќе почнам да учам,најдоцна од утре.Еве ветувам...
     
    На Monna.Monna, Moira, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.