Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Дојде понеделник, и пак се си се врати на свое... Одвај се убедив да заспијам синоќа од мислиштата за на работа, а утрово одвај се убедив да поспијам уште малку. Го гледам него - истата приказна. Слаба светлина во спалната, и му ги гледам очите, се појавиле првите маааалечки брчкички околу нив, како знак дека видел живот. Ми дојде да плачам, ама да врискам. А се е тоа толку нормално. Имаше само 20 години кога ја почнавме врската, и беше дете во ликот. Таков јас и си го носам во глава, како да не сум го погледнала вистински последниве 10 години. Се засрамив од себе, се засрамив од се. Ме примети дека нешто не сум со сите, ми му кажав најискрено. Се насмевна, и ми вика е да, ни се случи животот! Му велам, не ми се лутиш? Ми се изнасмеа, и вели ајде, оди и ти убаво погледни се во огледалото. И кога, истиот "живот" - ОП! :o И кај мене! Ми олесна, и убаво ми почна тој дел од денот. Ама морам да признаам, дека утрово повторно се заљубив во него. Го пуштив да си оди момчето од пред 10 години, за прв пат видов со каков убав маж сум си фатила работа :lol: Не ми фали момчето. Си ја заврши својата работа. Сега сум преокупирана и пресреќна да го студирам лицето на мојот маж! Совршено е со сите свои маани, токму какво што треба да биде. И среќна сум, пресреќна. Не би променила ништо!

    Најмногу те сакам, среќо моја! :inlove:
     
    На ilipili, la-chicka, Angy.g и 14 други им се допаѓа ова.
  2. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Добро утро, девојки!!! Имајте сите убав и успешен ден!!! :*
     

    Прикачени фајлови:

  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    постојат денови кога се чуствувам толку исполнета и среќна...

    но постојат и денови кога се чуствувам тотално празна, како црна дупка во вселената, како темна морска длабочина... и знам дека ова е секогаш за време на пмс и знам дека се хормони но како да се совлада таа празнина тој неспокој? сте се запрашале ли: која сум, каде сум всушност јас, припаѓам ли овде, каде е моето место, што правам со животов?

    i always wonder...
     

    Прикачени фајлови:

    • 3u5vX.jpg
      3u5vX.jpg
      Големина на фајлот:
      88,9 KB
      Прегледи:
      472
    На Foreveryoungiwannabe, mims-89, AnaKarenina и 10 други им се допаѓа ова.
  4. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Некои од вас можеби заприметиле дека патам од несоници, сум пробала на многу начини да ги решам но, ете никако да се вроди со резултат.
    И моето спиење се сведува на неколу сати во текот на приквечеринката или нокта и некој сат некогаш ни толку во текот на денот.
    Како ми е - само јас си знам.
    Можда е и време да си побрам стручна помош, но ние овде не сме научени на таков начин да ги решаваме проблемите, и кога има реален проблем не си го признаваме, пробуваме сами да го решиме.
    Едноиставно поднебјето ни е такво, валјда така сме научени од мали, ако побараш стручна помош од психолошки аспект нешто стварно не е во ред со тебе, благо кажано.
    А додека американциве одат на психијатар да го прашат каде да одат на одмор.

    Него друго сакав да кажам, само што ме фатила дремка она убравото прво длабоко сонче, последен пат кога го погледнав часовникот беше 6 и 30,и конечно сум фатила некое сонче и осекам како некој ми го каса носесто , отворам очи гледам очина што се смеат, затварам очи онака несвесно пробувам да игнорирам, и имаш брцање прсти во нос, па штипење, па најомиленото негово - кубење на косата мислиш најинтересната игрица на свет е :devil: :wasntme:
    Видов не видов, станав му направив за ручкање му го дадов шишенцето си го испи и ете го како бајче си заспа пак.
    А јас, јас ке бројам овци сега.. :wasntme:
    А како воз да ме има прегазено, не ми се фака нешто корисно низ дома да направам. :tmi:
    Мрза, срамота мајка сум а мрза сум станала, ако знаете некој лек за мрза ве молам осветлете ме. :|


    Непознатадамади, можам само да кажам господ да ви даде сила и вам и него.
    Тоа е нешто што ме проогнува со години психички, нема ден да не помислам на таа проклета болест, секој ден се судирам со мислите знаејки од каде доага, дека еден ден и нас можеби истото не чека.
    Два пати го врвевме тој пат со многу блиски членови, и таа болка и страдање на најголемиот душман не би му ја посакала.
    Таа болест како што врват годините се поголем замав ке зема, зошто никој или некаде само 2-3% се свесни од каде доага, овој начин на живот, ова општество ни го наметна сето тоа за некој да пери пари по цена на нашето здравје.
    Луге апел до сите вас кои читате - отворете си ги очите, добро пазете што внесувате во својот организам, секоја индустриски произведеена храна е полна со емулгатори, адитиви и кознерванси кои се мегу предизвикувачите на рак број еден.Да, да, мегу тоа спагаат и вашете омилени кока-кола ( и сите останати сокови купечки) грицки, благи, чоколади, макдоналд хамбургери, месото, за пилешкото кое мислите дека е едно од поздравите НЕ не е, освен ако не е домашно, останатото полно е со хормони и све со можете да си замислите дека можете да купите од маркетите.
    Пририодата не создрала совршено.
    Доволно ни е само она што таа ни го понудила, овошје, зеленчук, житарици и вода.
    Тоа што расте.Ете тоа ни е доволно.
    Се останато што внесувате во огранизмот, ви го труе со отрови кои се таложат со текот на годините и кога ке стигните на возраст од 50 години, огранизмот веке е понемокен да се бори, клетките побавно се обновуваат и затоа се јавуваат болести на денешницата како ракот.
    ЗА жал валдите ширум светот се многу свесни за тоа, но најмокните фамилии на светот се богатат на сметка на нашето здравје, нив не им одговара да го најдат лекот.
    Нив не им одговара да ја забранат употребата на емулгаторите.
    Мегу сите овие срања спагаат и вакцините.Бил Гејтс отворено кажува дека со помош на вакцините се намалува 15 % од светската популација, а тој бесрамно донира пари за вакцини за земјите од третиот свет.
    Водата, поготово во Америка е со еден куп флоур, кој мегу другото го користат за отвров за глувци, истиот овај флоур го има и во пастите за заби, затоа гледајте купувајте паста за заби без флоур или пак можете да ги миете забите со домашно направена паста од содабикарбона и има еден рецепт за домашно правење на паста со природни состојки, кој го интересира нека ми пише лп, ке го побарам.

    И така тие не учат дека оружјето е штетно- убива, а се ова останато не.
    Не учат безрезерврно да веруваме во системот кој го направиле, терајки не да мислиме дека има демократија.
    Во предходниот пост го кажав тоа, не ја нема.
    Мислете дека имаме слобода, колку само и тоа се лажиме.
    Сите тие војни насилно предизвикани, помегу Америка и Авганистан, Ирак.
    Нападите во 2001 да не беа терористички напад...
    Е тоа не е слобода.Тоа не е демократија.Тоа не е нормално општество.
    Поготово Америчката влада е една од најзлобните, ми се гади кога ке помисалм што се не прават само за да перат пари и да не контролираат како што сакаат.
    Има една страна на фб Форум Антиглобалиста, кој сака да дознае повеке за болната реалност околу нас нека се зачлени.Ке се запрепастите од фактите кои ке ги прочитате.Има и неколеднаку други, кој е заинтересиран нека ми пише.
    Фали на форумов таква тема, но сите ке замижувате, поинтересни се темите за шминка, мода, серии, никој не сака да ја знае суровата вистина - Болна е , поготово фактот што сите се заспани и затоа сме немокни да се спротиставиме. :(

    Правете домашни сокви, јадете многу овошје и зеленчук, наместо чипси грикцкајте бадеми, фстаци, ореви, кикиритки, сончоглед.
    Чувајте си го вашето тело и тоа ке ви врати.
    Зошто тоа е нашата доживотна облека.
    Гледајте помалку вести и ТВ, учете ги децата на вистински вредности и од мали ставрај те им здрави навики.
    Вие сте тие кој треба да му го покажете правиот пат и како да се заштитат колку што можат повеке од овој суров свет.
    Уште многу би зборувала, но доста беше, срцево ми спие ке пробам ако успеам да дремнам уште некој пола час.
    А вие имајте имајте убав ден, ценете си го здравјето, верувајте тоа е најбитно од се, колку клише да зувчи и сте да го знаеме - ретко кој го спроведува во права смисла на зборот.

    И непознатадамади на фб има уште една страна др.Слаџана Велков, побарај ја има мноооогу корисни совети ако сеуште не е касно да пробате на природен начин да ги отстраните токсините, да почни секој ден да гледа во сонцето, сонцето е едно од најголемите благодети кои ни ги понудила природата и тоа рекој кој знае, има посебен начин ке прочитате таму, обратете и се и лично, сигурна сум дека ке ви биде од голема помош.Поздрав и ви пракам многу љубов и енергија да го пребродите и победите.
     
    На Foreveryoungiwannabe, ilipili, Monna.Monna и 13 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.714
    Допаѓања:
    104.886
    Пол:
    Женски
    Може ли човек цел свој живот да го смисли и измисли? Очигледно можело, како што вели Он, нашиот другар не е нашиот другар. Баш така! Што ми направи човеку? Што ни направи на сите? За една недела целата идила се сруши, се се скрши на милион парчиња. Ни ти не си ти, но ни ние не останавме ние. Роденденска журка, уште една во милионите, каде се збори за тебе, за тоа што ни се случи, ни се случи богами чудо невидено. Јас не сум ти лута пријателе, не, напротив, збунета сум. Не сум ти лута што толку време ти не си бил ти, лута сум ти што не си сфатил дека имаш доволно место во нашите срца за да не седнеш и да се пожалиш, да си ја кажеш маката. Аман побогу човеку, имаш 27, толку ти беше тешко да кажеш, да пуштиш срце пред нас, пред your brother from another mother? Не ми се верува :tmi: ја имаш мојата подршка, тоа си знаеш, иако од мене директно не побара ни прошка ни совет, јас се чувствувам слободна да ти речам, пријателе, ти простувам, не се лутам, само побарај помош, започни да го живееш вистинскиот живот, нема повеќе лаги и измами, ти си сега нашиот пријател, не оној пријател кој го познававме до вчера :!:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Еее веќе една недела а и повеќе се токмам да седнам и да шкртнам нешто ама никако не наоѓав време. И денес немам многу ама мора да излезам нешто од душичкава, единствено овде можам најубаво и најслободно.

    Останаа уште 3 испити, се надевам ќе поминат во најдобар ред и нема да ме напушти волјата за учење. :)

    Друго, не знам како звучи ова што сега ќе го пишам од страна, ама го мислам и го зборувам од срце.
    Пред да дојдам да живеам овде, а и првата година, година и пол некако се срамев од нашето потекло, од акцентот на мајка ми и татко ми па дури и нашиот со брат ми. Се срамев да кажам од кај доаѓам... А сега ми е срам од тоа што сум размислувала така.

    Можеби овој, ај да го наречам патриотизам е многу поизразен кога еднаш ќе излезеш од твојата држава на подолго време и кога ќе почнеш да уочуваш некои работи, да ти недостигаат некои работи .
    Се гордеам со тоа што сум Македонка, Југословенка. Се гордеам со акцентот на моите и на тоа што оддалеку се гледа дека сме балканци :lol:
    На тоа што нашиот народ овде е меѓу најспособниот, најубавиот и на тоа што глупавите швајцарци( а верувајте глупи се) се плашат да го кажат зборот југословени надвор на улица.

    И да, си сакам маж од Балканот .

    Друго нешто што сакав да кажам, некогаш, доаѓаат периоди во животот во кои сакаш очајно да смениш некои работи во тебе кои направиле да те боли нАјмногу, ама во исто време и направиле да се чувствуваш најжив.
    Така и јас, запознав еден дечко многу поразличен од сите други што досега сум ги имала, бендисувала. 26 год, плав, сини очи висок и многу згоден, смирен примерен и стабилен дечко.
    Почнавме да си пишуваме и си реков дај, перфектен е знам дека ако биде нешто со него ќе биде поозбилно, ќе бидам помирна нема да излегувам и да се глупирам до рано на сабајле...

    И одеднаш, од немај каде соооосема неочекувано ти се наоѓаш пред еден друг тип што го меркаш веќе една година и што ти забрзува дишење само од што го гледаш, ама никогаш не си имал шанса да го запознаеш пошто немате никакви заеднички пријатели и не знаеш ништо друго за него освен неговото име.
    Испаѓа дека твојата прва братучедка со која пред некој месец обнови контакти му е доба другарка и поминувате цела ноќ во исто друштво.
    Плав, висок, сини очи, претерано многу згоден и една година помлад од мене. Малку подолга коса фатена во опавче и страшен став.
    Од секогаш, ме привлекувале машки со таков див изглед.
    Игравме заедно цела ноќ, разменивме броеви ама не ми пиша наредниот ден, хах, го испративме дома и.... И не можам да престанам да мислам на него, еве 4ти ден.
    Се бакнавме, се чувствував пак жива и пак ЈАС. Онаа што сака бад бојс, со еден што е дефиниција за таков баш тука до мене што ме пиеше со поглед додека танцувавме и правеше бури со допири со тие големи секси дланки...

    Не знам што ќе се случи, со првиот си одржувам контакт и на добро одат работите, ама вториов ми каде насмевки и ми се потат дланки од помислата на него, а знам дека е многу млад дека треба да прави допрва искуства во животот и дека многу сака да се забавува и дека нема време да се вљуби.
    А и знам дека одсега ќе го гледам почесто и дека сигурно пак ќе има нешто меѓу нас, и дека е можно да се заљубам во него.

    Не форсирам ништо и се трудам да не мислам, ама н крај и помислувам дека јас сум таа што од секогаш вели: Ако е љубов нека гори и нека боли понекогаш, нека забрзува биење на срце и нека прави одново и одново и одново, да се чувствуваме живи!
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    доброутро и од мене :)
    кога видов дека е 10 часот :o :tmi: не можев да си поверувам на очите
    срце станала спанка :D
    и да и посакам топло добредојде на црвената тетка која пред малку пристигнала-иако не требаше баш оваа недела ама време беше :)
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.403
    Допаѓања:
    287.076
    Во последно време се почесто јас сум таа која е ранобудна.

    Стресот и притисокот од испитите почнува да ме стигнува.
    Станав од ниедно време, се позанимавав со статистика, прочитав и пратив некои мејлови, корегирав семинарската работа која утре треба да ја предавам а он уште мирно си спие.


    Си сварив капучиното и да разлистам тука што има. Да прочитам и споделам некоја мисла.
    А он...сеуште си спие.
    Очите му се затворени но тие усни ми го одвлекуваат вниманието, посакувам да ги бакнам.
    Колку е само убав :rofl: :tmi: :emo:

    Ај да не бидам перверзњак само го погалив по свежо стриженото главче. А он отвори очите , ме опули и ми ги го сврте га*от.
    Си се покри со кебето и на другата страна избега :rofl:
    Снег натрупало а јас уште малку на фак. треба да одам. Ич не ми се оди, па и временскиве непогоди...ама голем забушант бев минатата недела и мора сега.


    :hug:
     
    На bittersweet, Foreveryoungiwannabe, ilipili и 13 други им се допаѓа ова.
  9. StellaDonna

    StellaDonna Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    11
    Здраво Фемина :hai:

    Поздрав примете од една долгогодишна читачка на овој форум. Ве читам и следам долго време но заради обврските како факултет и работа паралелно немав време да се зачленам и јас тука и да пишувам. Но, ситуацијата која владее периодов на форумов ме натера да кликнам кај полето Регистрирај се и да најдам време да го напишам ова, кое се надевам ќе биде прочитано барем од некои.

    Сакам да дадам свое мислење во врска со ,,детективските работи'' кои го завладеаа скоро секое поле од форумов и да кажам нешто во врска со членките кои си заминаа а и за оние кои се останати. Знаете ли вие колку сте само популарни во реалниот свет? Колку само жени се поистоветуваат со вас? Колку само жени и девојки се радуваат и тагуваат некој пат заедно со вас, после ваш напишан пост? Дали сте свесни за тоа вие прекрасни девојки кои го освоите срцето на многумина ?!?!?

    Заедно со моите пријателки кога немаме некоја задолженост на работа отвараме форумов и влегуваме во еден поразличен свет, се радуваме со вас, некој пат сочуствуваме со вас, се пронаоѓаме или пак контрираме. Колку пати само сме се смееле на постовите постирани од страна на Doozy, еве пример последен пат ме изнасмеа постот за нејзината сестричка кога ја прашала што прави на форумов :rofl: колку пати само не фасцинирале постовите на Lilit i Theodora, полни со интелегенција за суровата реалност околу нас. Или кај колку само луѓе предизвикале воодушевување сликите на anabel-a во една од темите за диети ????? И сликите на ljubam во темите за свадба ????? А колку се имаме смеено и за нудистот на bittersweet ! A да не спомнувам кои теми на разговор паднале како резултат на лекомисленоста и партиската определба и надеж на srcekrsacka ???? Trendafilka, lunicka, Phyramid итд .прекрасни ликови !!!!

    Не дозволувајте овој форум да згасне, вие сте оние кои го држат во живот !!! Немојте да испаднете поголемо дете од таа Шмизлата која предизвика неред !!! Останете тука и продолжете да бидете дел од нечиј живот, како што сте и дел од мене и моето секојдневие а и на многу други девојки и жени кои јас лично ги познавам. Јас не планирам да пишувам затоа што навистина немам време освен да ве читам, акаунтов нека си остане можеби некој ден повторно ќе пишам нешто, кој знае.

    Бидете ми поздравени драги мои.
     
    На elena.mak, Foreveryoungiwannabe, Monna.Monna и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Болки во стомак и портокали.

    Да, да, скроз портокали. Новиот албум на M83 ми го препорача Никола Маџиров, го слушам и си тлеам ко жар после логорски оган, ми стивнува болкава. Жени бе, секој месец мораме да се бориме со змејовите во матката. Нималку пријатно. Сакав да речам, денес ќе одам да ми го продолжат договорот на работа. Ќе прошетам еден круг низ градов. Ми се јаде од кинески нешто лутко и ориз со соја. Јануари никако да помине, паричников ми зјае, веќе помина 20ти, а тој датум ми е секогаш критичен. Ми требаат нови хулахопки, ми требаат слушалки за телефонот. Ако удрам една математика - хулахопките чинат колку еден оброк во кинески. Слушалки има и за 300 денари во Еми. Ама ај. Мисли, крпи, трпи. Си тропотам во главава и очекувам чуденца. Мали, како вчера кога шетав меѓу уличките на шпанска амбасада и галерија Остен, небото беше сино како неговите очи, слушав некој саундтрак на слушалки и од никаде нигде, пар гугутки се спуштија на едно дрвце и се гушкаа. Глетки што живот значат, баш. А јас, со торба полнети пиперки, јогурт и двопек за на работа. За овие 5 дена, сум симнала 1,5 кило. Ме радува чувството на смиреност, зошто знам дека можам. Не се лишувам од омилените нешта, не јадам навечер, и вежбам. Значи, се можело, ако само се пробало. Темна чоколада во кризни денови, нова книга автобиографија на Ен Секстон и грд шампон од цитрус и алое вера од Фруктис, ми ја тести косава и морам да најдам нова фризура. Фрстворлдпроблемс. Аман. Некако, кенкаво. Само да си дремам денес.

    Да очекувам пак убави глетки? Не, ќе ги создадам. Со песна. Не сум пишала одамна нешто. Ми се возбуди главава периодов, просто не ми се чкрткаше ништо.
    Ама сега може. Ќе си гушнам некое дрвце денес. Имам убави брезички позади зграда.
    Да е Љубов.
     
    На Foreveryoungiwannabe, Peppermint, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  11. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    не ми се оди на школо :@
     
  12. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Добро утро феминкии.. Дали е можно да се исуши коса, да се навитка, да се облечеш и да се средиш до 12 ипол, хммммм... Епа ајде да видиме колку сум брза... :lol: А не сум воопшто и 100% покасно ке излезам од дома.
    Уште откако станав си израчунав дека има уште 4 дена без неколу саати додека си го видам милото мое.
    И дека за точно 6 дена на мојот именден ќе му даваме 40 дена на дедо ми ;( Тогаш сватив уствари колку сакам да им кажам те сакам на сите сабајлево. Колку е краток животот а колку брзо поминува...
    Си ја гледам сликата со дедо ми, насмеани и неможам да поверувам, ми доаѓа да вриштам и да плачам, но знам дека е залудно, нема да се врати.
    Нема да ме види на матура, на свдба, нема да ги види моите деца, нема да ја види мојата права возачка иако премногу се рдуваше кога положив-мислам и повеќе од било кој друг. Никогаш нема да раскаже како со него прв пат сум проодела и прозборела, и како се сеќава на првиот ден кога ме чувале. Се сеќаваше на секоја ситница поврзана со мене, а сега мене ми остана да се сеќавам на секоја ситница поврзана со тебе. На секој момент поминат заедно, кога ме учеше да возам, кога ме носеше на базен, на сладолед, на водно, во парк, како со саати ме љуљаше на љуљашките позади зграда, кога прв ми даде пепељара и ми кажа дека знаеш дека пушам и дека можам слободно да запалам пред тебе, и секое сабајле ме чекаше по една кутија на маса. Се ми фали поврзано со тебе, беше најдобриот човек што го познавам, и никогаш нема да престанеш да ми фалиш, секогаш ќе те сакам и вечно ќе живееш во моето срце ;( За мене ништо не се случи тој вторник, ти само го правеше тоа што го сакаш и некој реши дека е време да му се врати анѓелот горе, а мене ме остави со неподнослива болка да се сеќавам на тебе. Затоа знам дека ќе успеам во животот и ти ќе бидеш многу горд на мене, и еден ден ќе престанам да те гушкам во сон туку ќе се најдеме на исто место, таму горе... Чекај ме....
     
    На Elichka, Monna.Monna, CuteEva и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.432
    Допаѓања:
    18.136
    Пол:
    Женски
    конечно се разбудив :D
     
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    17.270
    Прв ден во второ полугодите, мислев дека нема да биде вака. Повторување :о
    Добро бе, вие драги наставници за зимски распуст сте учеле кога сте биле, а? Знаеме дека не, па не не‘ прашувајте, не е фер од ваша страна.
    Туку 4 саата спиев само, иако легнав порано. До душе легнав у 1 ипол, ама до 3 саат само се вртев у кревет.
    Се надевам дека утре ќе биде подобро. :)
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Што?!
    Ќе ме препознаел некој која сум и што сум?! Мене, пронаоѓачот на невидливот штит од иронични погледи и саркастични мисли?!
    Ма ајде ви се молам :D

    Па што и ако некој ме препознае? Не кријам ништо битно, напротив. Имам и сакам да кажам многу, се надевам да научам уште повеќе, и се надевам дека барем малку ќе помогнам на некого.
    Мојот мејл го споделив со една феминка која многу ми е драга, а која ПОЈМА НЕМАМ која е. Значи - не беше доброволна размена на лични податоци :D туку свесно и со умисла и` го дадов мејлот, кој бај д веј, го означува моето презиме. И не ми е криво. Уствари НЕ, не само што не ми е криво, туку ми е и ДРАГО, зошто се надевам дека и` дадов поддршка и решение на проблемот кога и` беше густо, во област која не е нејзина. И да се вратам во времето - уште 100 пати ќе го направам истото!

    Ќе ме злоупотреби? Не верувам, ама еве да речиме дека се случи и тоа. ШТО поточно ќе направи против мене? Ќе ми гиба во приватност? Ако се лажеме дека денес ја има - Да, ќе ми протарашка низ животот. Ама мојот живот и онака е ЈАВЕН, освен детали и тајни кои ги знам само јас, мм и евентуално мајка ми, а тие нормално дека не се споделуваат на форум, затоа се и тајни ;)

    Да, и ljubam е една од тие што ме знаат која сум со име и презиме, и нема сила, ниту детектив или трол, што ќе ме натера да се покаам за таа постапка.

    Со дел од мајките се сретнавме на кафе муабет. Прекрасни личности! Од секоја по нешто се учи, и ниту една минута не беше туку-така фрлена зошто секој човек доаѓа и си оди од нашите животи со причина. И да не се повторувам - пак истото би го направила, кога би се вратило времето де :P

    Уште неколку феминки знам кои се, логичниот заклучок ми дошол чисто од читање и спојување на веќе знајни факти. Ама ни на крај памет не ми паѓа да им пишам нешто, или да коментирам, или ширам наоколу кои се. Кој сака, како сака - мене ми одговара :D

    И реков дека нема да пишувам на оваа тема, а еве ме со пола страна мислење. Ц ц ц ц, на што го потрошив времето, подобро пост во СП да пишев, па сите драги луѓе да си ги поздравев со по едно жапче :D
    Ај наздравје, и само позитивно!

    [​IMG]
     
    На Juicy03, Serafima, Annath и 33 други им се допаѓа ова.
  16. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Денов некако посебно се разбуди, а со него и јас.
    Решено е да се сменам, не за што другите сакаат, не заради другите, ами за самата себе.
    Мислам крајно време беше на сите овие драми што ме дрмаа и на сите проблеми и нервози да ставам крај.
    И идам кон промена за подобро, за мое добро и за добро на тие што ке ме прифатат.

    Знаете, у глава ми се врти една слика [​IMG]
    И да така е , отколку ако не можеме да смениме нешто да идеме со глава у ѕид .

    И искрено решив да се вратам на тоа да бидам строга, барем сега за сега додека ги местам столбовите на оваа промена. И нема попуштање. Сериозен тон и сериозен поглед. Прво нешто што ке се забележи.
    Ова важи за сите, нема исклучоци нема емоции. Ке се тргнам од сите луѓе кои ми прават да се чуствувам несреќно, ке ги тргнам сите тие кои ми прават да патам (за нив) . Знам колку вредам, си ја знам вредноста и баш затоа нема да дозволам некој да се обидува да допре до мене само за да ми направи нешто негативно. И ке бидам сурова и ладна исто ко зимата кога сум се родила, тогаш кога ке почуствувам дека треба нема да сожалувам никој нити ке ме занима ако тој некој по заслуга си го добие тоа што си го бара.
    Ја секад сум била и ке бидам тука за секој еден. Знам да помогнам и на тие што не ги знам доволно. Ама за тие што ги знам и сум секад присутна за нив,а не го ценат тоа , малку подруго тогаш ке играме .
    И денес се враќам пак у форма за вежбање, така се осеќам убаво , трошам негативна енергија. Ке слушам повише музика и ке се отварам на секоја мелодија.

    И ова не ми е силење. Ова ми е више од тоа што ми е преку глава да тапкам у едно место, преку глава да се сожалувам за проблеми шо немаат крај или решение, преку глава ми е да мислам дека сум помалку вредна со тоа што сум сама . И преку глава ми е да слушам како мене ми треба некој а никој не знае да се стави у моја кожа , доста ми е од тоа више да знам дека сум у лош финансиски статус а знам дека нема решение.

    Затоа е оваа промена, уствари и не е баш промена, ваква до некаде бев неколку години наназад. Значи се враќам на старото ама у нови димензии со плус некои други промени. И не ме интересира.
    У ова промена ке барам почит, ако не ја добијам не ја добиваш ни ти. Зашто нели, немам време на губење за такви суштества .

    Поздрав.
    [​IMG]
     
    На julie77, Angy.g, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Ц.ц.ц.ц УПМ веќе аман :@ .Значи едни љубоморни кучки можат да ти го расипат денот за 1 секунда. :fubar: Се беше ок.Денот ми беше мноогу убав иако тргнавме на школо и немав спиено ниту 3 саати.Се одеше допро до пред 1 саат.Си седиме на час и почнаа да зборуваат за мене и тој што го сфиѓам.Да ме провоцираат со него и една од девојките.Да ми зборат се и сешто.Значи аман веќе.Зошто има толку љубоморни и хејтери.Ми се прават другарки,и на крај еве што ми прават.Ја сметав за другарка а таа...да се одбрани себеси ми наштети на мене.Не е фер.Од такви како нив никогаш нема да бидне ништо.Секаде се мешаат и сакаат сите да ги пробаат. :@ ;(
     
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Пијам кафе...
    Лежам како прасе во кал...
    Среќна сум...
    Без некоја посебна причина.
    Да дојде некој да ме гали и чешка ќе почнам да предам.
    Прасе што преде.
    Немам што да напишам, одамна немам.
    Ја одржував мојата инспирација, на нешто што одамна го немаше.
    Сфатив дека го снема и не знам што да напишам.
    Немам фатено пенкало во рака скоро 20 дена, збор немам напишано.
    Ми треба нова инспирација, ми треба нов жар во животот.
    Што ќе биде тоа? Не знам, никој не знае. Времето ќе ни каже.
     
    На ilipili, mims-89, anichka94 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Ми се јадат еклери...
    ооо многу ми се јадат...
    ми се јадат еклери, домашни...
    ооо има да ги јадам после
    моите домашно правени еклери...
    како што само јас знам убаво да ги направам. :lol:

    Можеби требаше да се изјаснам преку проза ...а .....хммм... :rofl:
     
    На Annath, Elichka, Foreveryoungiwannabe и 8 други им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Официјално е, опседната сум со храна :| Цел ден ми течат лиги по некоја топла штрудла со јаболка, со растопен шеќер во прав одозгора. Или со вишни :| Или крофни. (а сеуште и си носам и маслинки на работа :wasntme: ).
    Нека помине побрзо неделава, да ми пораснат шишкиве, затоа што во вакви експлозивни моменти на храброст, ножицата во раце ја земам и ен хетавеј се правам :|

    И во денови како овој, слободно може да ме прекрстите во прасе, кравче не ме доловува доволно. Оваа зима им ја посветувам на мандарините. Да ме закопате под мандарини, ќе се откопам јадејќи ги.
    И така. Не знам што друго. Како мала сакав да бидам водителка и обавезно отворав програма пред братучедите со -добро вечер на гостите во студиото и гледачите пред малите екрани. И еднаш дадов кош од позади, свртена со грб од поголема далечина. Се чувствував профи.
    :tmi: До гледање драги гледачи, останете на каналот на фемина, ве очекува забавно едукативна програма.
    Денес малце не сум за овде :?:

    поз до Абеја, знам како се чувствуваш :D
     
    На Annath, Mishela, pamelche и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.