Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Не можам да си поверувам се уште :o :lol: Луѓеее како сум се издала. Е така е кога јазикот ти е побрз од мозокот. Сакав да се направам интересна и си кажав на глас јасно и гласно... нешто што не требаше :D
    И после следуваше прашањето од кое најмногу се плашев и се надевам нема да биде спомнато: А ти од кај знаеш?
    :$ И го реков не првото, туку второто што ми падна на памет :D Сега кога ќе подразмислам и имаше некоја логика мојот одговор, ама ако ептен тумачиш, ако се запнеш да ја бараш ептен.

    Вака се зезнав со една познајничка (не можам ни пријателка да ја наречам баш) многу знае да досадува и порано кога беше актуелен месенџерот многу ме гњавеше со се и сешто. И пред некое време испадна да ми се јави нешто на телефон, и ми вика: И ти што правиш, што ќе се пофалиш? И велам: Ништо еве седам, чекам да се вклучи другарка ми на скајп да ја прашам нешто. И таа: Имаааашшш скајпппп? :o
    И после ми текна што реков :sweat: Не можам, ептен ме гњавеше со секакви муабети, не ме оставаше ни да одам да јадам, и тоа се само за неа си зборува, ништо не те прашува тебе |(
    После пробав да се извадам некако, и кажав дека ретко се вклучувам, итн. има заборавено до сега пак да ми побара.

    Сега некој ако ме праша нешто, ќе бројам до 5 (до 10 многу е, ќе се запрашаат да не застана времето, зашто јас таква цела неподвижа бројам :D ) и после ќе одговорам :emo:
     
  2. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    СДК дека поима немам на кој меил и кој пасворд ми е на стариот јузер и i really don't give a damn ако биднам банирана заради втор јузер, само сакав малку да замешам прсти во муабетов, затоа што од вчера читам и неможам да одолеам.
    Прво, форумов одамна почна да пропаѓа, за да дојде до ова што е сега. Искрено, откако престанав да пишувам тука, читав чат пат она што ме интересирало, после почнав се поретко и поретко да го отварам, дури ни во букмаркс го немав. А што да читам, за султанки во палати што се занесуваат и се поздравуваат по 200 пати во специјален поздрав? Или да читам кој што јадел вчера? Стварно е досадно. Повремено отварам пак и ги посетувам старите теми кои ги читав, и тука, во СДК уште останаа некои што се држат до нивото на кое што пишувале и се сеуште активни, да не ги набројувам... Моменталното ниво на муабет на форумов е рамно на кокошарник, не се знае ни кој што кажал ни зошто кажал ни па некој му се спротивставува, само бакнежи фрчат, па после о леле мајко не ни чини тука, па нормално дека нема да чини и ќе биде досадно. Јас гледам еден куп убави теми што така фаќаат прашина и никој не се замара за нив at all.
    И незнам кој е проблемов со идентитетиве? Сами сте си криви бре, ако несакате да ве знаат кој сте, стајте си копче на устата за што споделувате тука. Побогу бе, да се направело да неможело да се гледа кој член што напишал, сериозно, на крај фатете и не членувајте на форуми. Поглупо нешто немав прочитано во животов. Со самото тоа што сте се зачлениле кажете и аривидерчи на анонимноста и приватноста, уште па и кога сте споделиле со некој нешто приватно, било да е меил или фб, сеедно.
    Еве јас никогаш не дознав која е Рејнбоу, а сум ја молела да преминеме во друг вид на комуникација, фб или било што, но секогаш се држеше до анонимноста и поздрав за тоа, така се чува анонимност, а не со кокодакање наоколу и откривање 10 000 работи за приватниот живот, сериозно за некој уште што не сум дознала и која боја гаќи носат. Неможе бре да плачете дека ве дознале која сте кога на пола форум му имате дадено фб. Нормално дека ќе ве најдат, од кај една до друга, на фб од страна излегува кој, каде и што коментирал, многу јасно дека ќе ве познае некој. И на крајот на краиштата големи мадиња ако ве дознале. Сериозно се плашите дека некој ќе ви се буричка во животот, и толку трагично тоа го сфаќате? Сериозно? Некоја си рандом личност дознала кога сте имале секс последен пат и ќе труби низ град ли, што, на родителите ќе ве каже? Дали е тоа некој big deal? Незнам како може тоа да претставува толку голем проблем во вашите животи. Се плашите ли од сопствените мислења, од што? Сте оговарале другарки овде па ви е страв дека ќе прочитаат? Епа затоа се става копче на устата, и ако некој дознае не е Билката крива, ни Михајло, ни па најмалце таа што открила, туку вие самите оти не пазите за кој што и како споделувате, кого оговарате и слично.
    И јас одамна викав дека ќе дојде до ова, само бев исфрустрирана и социопат тогаш, па сега плачете ако немате друга работа зошто ви бегаат членови.
    Поздрав. :hai:
     
    На rossonerka, JoxyTheFreak, thelittle17 и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Ахх нема шанси да доловиш како се чувствувам. Дури откако ќе ти постирам слика од еклерите може ќе дознаеш малку, ако не ми ги изедеш дури и од слика :rofl:
    Поздрав и до тебе и полека со мадарините, да не добиеш некоја "мандаринска болест" :rofl: .Јас сум повеќе по портокалите, сочни, благи уффф...

    Туку..гледам надвор птичичи, ичичи, бечичи... абе да не знае човек кое годишно време е. Еднаш можеби реков тука, ама пак ќе се повторам, еден ден е зима, друг лето и повторно исто. Завчера имаше сонце, вчера беше облачно, денес еве пак сонце, утре очекувам облаци.

    И во недостиг на инспирација да напишам што било друго а неповрзано со некоја продуктивна идеја или тема, се одјавувам до вечер, освен ако во меѓувреме некој не ме покани на шведска маса. 8)

    p.s. Оууу па хелоуууу Офии , како си ти мала, што има ново? Арна ли си,што толку огорчена?
     
    На Katerinceee, AngelOfArh и kravce им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Форумот у некоја викендашка фрка, која искрено не ја ни разбрав баш, а јас како што веќе си ветив пред отприлика година дена, не се замарам 8) И не коментирам ништо. Не се мешам нигде, не ми ни паѓа на памет да искажувам јасно и гласно став затоа што - не ми вреди, ама ич.
    Ако имам што да си кажам на форумов, ќе си кажам, ако не....ставам црна наочара и нејќе да ми чуе затоа што на глупостите крај никогаш нема да им најдеш.
    Ниту на налудничавата желба на голем број луѓе да му се стават у уста на Оливер Млакар по секоја можна цена...„и једна жлица вегете“, ви текиЊа?

    Како што денес ми дигна притисок токму таква особа. Онака, понеделнички. А понеделникот по пропис го мразиме, така ли е? Не бе. Потребно е некој да ни го загорчи утрото.
    Добро бе, тетки едни пазарџиски, абе како не ви е срам?! Како можете да се занимавате со туѓи луѓе, да си го пикате носот кај што не му е место? Место да си ја вршите својата работа, се занимавате со туѓи гајлиња и се дрзнувате мене да ме реметите од сабајле?!
    Пљук. Излегов од канцеларија, шетав ко волк, се напив вода, се напив кафе. Одолеав на силната желба да си ги затрујам плуќата со едно Марлборо. Па пак се напив вода. Дишев длабоко и си реков: Оф колку е убаво кога човек игнорира.
    И сега ми е полесно....среќа не сум тип на човек кај кого нервозата трае, и трае, и трае ко у реклама за Дурацел. Кај мене нервозата е обратнопропорционална од Дурацелот фактички. Освен во ПМС, е тогаш некој гадно го јаде ако ми дигне притисок :D

    Јас само апелирам до сите луѓе кои немаат што да прават, најдете си работа, занимација, хоби, дечко, вибратор ако треба, куче, маче, питон ако сакате купете си, занимавајте се со нешто само немојте да си го брцате носот кај што не му е место. Сериозно, не е убаво. А ќе речеш со годините на луѓето им доаѓа памет. Стварно не разбирам од кога тоа возраста е мерило за памет?!

    Се извинувам, тешко утро имав. Инаку сум целата шарена и насмеана (како не бе) :D Се надевам попладнето ќе ми донесе колибри и пеперутки. Ајде бе па ааааајде!
     
    На eli25, Nati.P, zhap4e и 17 други им се допаѓа ова.
  5. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Логичен заклучок:
    Кога пешачењето би било толку здраво поштарот никогаш не треба да умре.
    Китот по цел ден плива,јаде риби и пие вода и пак е дебел.
    Зајакот по цел ден трча,па живее само 10 години.
    Желката ни трча ни се замара а живее по 250 години.

    Заклучок: Уживајте во животот максимално и правете што сакате тоа!
     
    На zhap4e, Rose96, Katerinceee и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Падна уште едно запросување :D Да се разбереме, не е од дечко ми, не е тој до толку креативен да ми го качи за момент ритамот на срцето, па да ни биде забавно неколку дена зборувајќи за случката и моите фаци, тој знае само да ми го качи притисоков. За ова се зафркававме со колегата. На крај компромисно и амерички го одбив, зошто е амерички во друга прилика можеби ќе дознаете. Сакав да кажам, иако знае да биде напор невиден и финтите му се ефтини ко Бугарија, некогаш може да ти разубави ден.
    А кога сум кај несоодветни запросувања, несоодветни можеби и не е соодветен збор, од несоодветни личности, имам еден другар, прилично добар другар ми е, и многу ми е жал што покажува знаци ко да сака да ми е повеќе од другар. Покрај другото и тој ме запроси, секако на шала и тоа, ама онака кога те јаде сомнеж реагираш глупаво и на ситници. Многу го мразам ова чувство, кога знаеш дека еден ден ќе треба да речеш не на некоја глупава вистинска понуда а тоа не ќе значи и крај на пријатеството. Да скратам тука бидејќи почнувам ко срцекршачка да звучам.

    И си мислам за запросувањава, на мојов ако сега ме запроси ќе му требаат едно 10тина обиди додека да го кажам судбоносното да. Јас не можам пар фармерки да си купам од неодлучност, сигурно нема да се омажам туку така. Освен нели, филмското, за вистинскиот уште од првиот ден ќе знам. Да си признаам, потајно верувам во ова по малку. А и секако сум сигурна дека сегашниов не е материјал за навек, се чека само да соберам храброст да ја прекинам тортурава, ама некако храброст нема :D Си се смеам сега ама нема да ми биде смешно понатака.

    Убав ден феминки, добро утро. Мразам ненаспаност и ненадејни гости, и мразам кога треба да станам од спиење само за да мочам. Кога само би имала храброст и лице лесно и без мака да се помочам во кревет... :D
     
    На Katerinceee, Ognenija, ilipili и 6 други им се допаѓа ова.
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Вие сите што правите анализи на туѓи животи .. да ви остајме и крв и мокрача?
     
    На Katerinceee, Lemonade, kikav и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Многу се зачудив тоа што го слушнав.Зарем вреди да се самоубиваш за машко? :fubar: За родителите би се убила бидејки толку многу направиле за мене и толку ме сакаат,ама за машко што не ме рецка ни 2% нема шанси. :| А и плус на 14.год? :o Незнам што се случува со лугево,изгледа јас сум заостаната па неможам да ги разберам.И плус ке се убивала на денот кога почнале во врска. :o Абе каква врска на 14 год? Па паѓа во депресии и само плаче,ни се жали :x ..Ај доста беше,само сакав да кажам дека некои стварно немаат ни грам мозок.
     
    На Katerinceee и pamelche им се допаѓа ова.
  9. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Заврши милиот ни распуст и почна школото..
    Искрено, некако едвај чекав да се вратам пак во училишните клупи!
    Не, немам температура :!:
    Едноставно сакам да сум во близина на сите луѓе кои ги сакам и прекрасните професори.
    Башка денес оцените ни ги даваа, ми пишал математика 5ка срцка човек!
    И ете и ова полугодие 5.00 8)
    Чувствувам дека многу ќе ми фали ова школо кога ќе завршам, би сакала вечно да трае! :(
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    СД и К нешто на мајка ми....

    Мајко,ти која секогаш си тука за мене,ти која ме прегрнуваш со цела искреност на овој свет.Да,тебе ти велам најмила моја.Избриши си ги солзите и насмеј си го лицето.Знам дека душата те боли кога ме гледаш вака,ама не е твоја вина,не тагувај.Јас ти ветив и ќе го сторам тоа,ќе успеам.Ќе не извлечам сите од оваа беда.
    Знаеш,понекогаш ми текнува дека еден ден ќе те нема.И тогаш низ мисли ми поминува најтешкото прашање-што потоа? Те гледам како патиш што ја нема твојата мајка и се плашам. Зарем и мене ме чека истата болка? Затоа те молам,чувај се и остани покрај мене што подолго.Биди ми поддршка и совест.Сигурно ова изгледа себично од моја страна,ама не се грижам некако.Важно ми е само да си тука.
     
    На enca.69, bittersweet, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК...


    Ова е по мое броење....па ќе видиме женскиот инстикт колку е точен :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • 1 day.png
      1 day.png
      Големина на фајлот:
      8,5 KB
      Прегледи:
      528
    На elena.mak, Wild-GirL, Ingvild и 17 други им се допаѓа ова.
  12. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Епа ај нека ни е со среќа почетокот на второто полугодие :sweat:
    Си ги видов другарките,другарите,наставниците,ОЦЕНКИТЕ и после више не беше интересно,премногу ми беше досадно на час ако не беше другар ми да ме смее мислам ќе заспиев. :lol:
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Зошто ги тераат децава да пишуваат за снежен зимски ден кога немаа ни еден во текот на распустот, а претходно клизеа и смрзнуваа по училници? :D

    Сестра ми, ко што ја дал Господ штракната, си измисли цела сторија во глава, и тоа сторија која не се состоеше од ,,бев да се санкам,, туку целокупен настан со вовед, главен и завршен дел. Во завршницата гордо се споменува моето име, денот завршил со топло чајче и филм, во вистински фемински дух. :rofl: Некогаш мислам дека чита Фемина, не знам од кај и се идеите.

    Вчера напишала песни за сите по дома, повеќе како епитафи се :rofl: , сите сме со ,,беше,, и ,,јадеше,, и ,,сакаше,, и ,,бликаше,, ама убаво ги спастрила. После ми рече дека сакала да ги вклучи моите диети во мојата песна, ама не се римувале со ништо. Заклучок - сум била многу кул и модерна, ама сум држела чудни диети. :rofl:

    Да ви кажам право, мило ми е што има кој да ја води низ годиниве што идат, јас немав и бев троа изгубена. Ќе има кој да ја чупка да не се шета со бушмански веѓи, кој да ја депилира да не биде мајмун, кој да ја дотерува а да не биде како преправена, кој да посредува да излегува кога сака и каде сака... И ич нема да ми биде гајле дали ќе и попуштам премногу или слично, не сакам да се испотресува и да биде забеганка како што бев јас. :rofl: 8)

    А мајка ми, мајка ми сигурно уште си мисли дека си живеам во свет во кој само си мислам за школото, за учење, и во кој кога испаѓаме си стоиме изгубени во свемирот, онака ништо не правиме... Ако и кажам нешто што било смешно и интересно, одма се врти приказната и тоа е опасно и не чини, леле, ќе настрадаме. :D Греота е и штета е што никогаш нема да запознае колку кул ќерка има, ако само почне да ме гледа повеќе ко другарче неголи ко родител. ]:)
     
    На imelda, elena.mak, Elennaa и 54 други им се допаѓа ова.
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк многу нешта, така да излезат мисливе од мене ама не знам оти ништо не излегува од мене.

    Се затрупувам во обврски, ми викаат "Не пробувај да се криеш позади обврските за да ги сокриеш нештата за кои не сакаш да мислеш, потешко ќе ти е." .
    Обврска до обврска се наталожува стресот и кога погледнувам наназад гледам дека влечам голем товар, а од каде не знам, или пак не сакам да видам со очи широко отворени.
    Се плашам дека станав од оние личности кои се кријат позади насмевките.

    Деновиве пуштам музика и играм, чувствувам дека тоа ми е единствениот издувен вентил во моментов, тоа и една личност која лично не ја познавам но комуникацијата во последниот месец преку фејсбук стана се почеста и поотворена, различни градови а толку многу теми за разговор кои не сврзуваат.
    Работела хемијата, па се смееме до 4 сабајле на скајп, си се анализираме малку физички малку психички и така и така сме си одговарале. Платноско состанување :)

    Во денешно наше време ретко да се најде повеќе од една тема за муабет, па го прашав како ме најде и онака се случајно бидна уште од прв поглед најдовме најмалку 4,5 работи кои и двајцата ги сакаме. А и првиот муабет се случија случајно па траеше можеби два часа :D
    На следното одење накај Скопје договорено е пиење кафе и муабет :wasntme: :) Веруваме во тоа дека се се случува со причина па така и на нашата комуникација, убаво е да има со некој да можеш да направеш муабет на било која тема.

    Понекогаш човек кој не те знае лично може да те разбере повеќе и од оние кои се покрај тебе секој ден.
     
    На kravce, Katerinceee, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  15. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Уф незнам што ми е со депресивниве мисли.. :envy: :x
    Толку многу го сакав,што не можев да го замислам мојот живот без него.Не можев да заспијам без неговото *добра ноќ,сакана моја*,не можев да се разбудам без да му го слушнам гласот,и не можам да верувам дека ми направи нешто лошо.Човекот на кого му се покорував,молев ко бога,сакав ко мајка плачев ко дете,и патев ко евреите од Хитлер.ДА,тој беше мојот Хитлер.Без малку сожалување ме гледаше како се давам во моите солзи,не му беше доволно,сакаше да ме докрајчи.Се прашувам што навистина толку му згрешив..сега знам,премногу,себично го сакав,само за мене.Ко секој почеток,нормалноста провладуваше,љубовта и страста доживеаа колуминација,кондомот пукна,ха ха ха. Каква иронија,како и секоја млада жена така и јас оставена на милост и немилост.НА АБОРТУС.Кога дознав искрено се израдував,но потоа следуваше пекол.Следуваа две недели во болница,поради некакви си компликации.Немав многу посети.Од него воопшто.Нашата љубов произлезе уште од средношколските клупи,јас прва,он трета,годините убаво минуваа,со добро прослави и согласување.Топлината која некогаш ја чувствував во неговата прегратка се губеше,веќе во учевство беше мирисот на некоја друга.Крајот се закануваше,ѕиркајќи од неговите очи.Сакаше да ме остави,но немаше храброст да ми каже.Па така одлучи да ме понижува на секој можен начин.Физички и психички.Беше навлечен на некои дроги,а потоа,конзумирањето го зголеми.Мојот страв од него исто така константо се зголеми.Но не можев да се откажам го сакав со цело тело и душа.И по толку време,сеуште размислувам за него,онака понекогаш,остана само една слика,но веќе наредната годината заборавот ќе ја однесе со сите лоши спомени.Љубовта беше слепа се додека ТОЈ не ми ги отвори очите.
     
  16. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Кога утрото ќе ми биде пред 12h?
    :tmi:
    Срамота е ова више....срамота!
    И башка лута сум на себеси што битни работи пропуштив денес :@ Многу битни!
    Опамети се Бубби!!! :fubar: И вечер легни си во 10 ако не ти држи г’зот!
    Сама си се прекорувам за денешното екстремно глупирање и претерано спиење.
    Сега ми е тапа...цел ден ми е тапа. :| Да, денот што почна во 15h ми е тапа... ако ова упште се нарекува ден. |(
    Морам да променам нешто, па макар и за глупости да би требала да се будам, морам да почнам да станувам ко нормален човек. :x :x :x
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Страв ме фаќа.
    Прв ден ќе ми е на фитнес.
    Спремајте тема "Да се пожалам.." ,претпоставувам мускулите ќе ми бидат како гнила домата после наглото оптеретување.

    :tmi:

    Ајт чао.
    Ве бацуем со здрави мускули :!:
     

    Прикачени фајлови:

  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.721
    Пол:
    Женски
    Понекогаш ,ама само понекогаш :!: ,посакувам воопшто да не беше измислен интернетот.Кога него би го немала не би знаела што е pdf и не би трчала да симнам некоја книга,туку ќе си бидам почест посетител во библиотеката .Кога подобро размислам ни таму не е сјајна ситуација зашто едноставно не те пуштаат да нурнеш меѓу рафтовите,туку ти даваат книги кои очигледно ги мрзи да ги наредат.Евентуално ако побараш нешто и тоа ако имаш среќа да најдеш,зашто тетките слабо баратаат со комјутерот,ќе си читаш постојано иста литература.Туку да се навратам на интернетот.Значи кога би го немала ќе си ги протегнам нозете до книжарница & библиотека,ќе се замотам во ќебе,еден нимер ќе кркнам за да ја намалам болката во ногата,топло чајче и би уживала читајки.Вака го симнувам пдф-от,и варам чај или кафе,легнувам ,го ставам лап топот на колена,тој полнува да ми се лизга,па се ниша,па се прегрејува,па одлепувам кога ќе ми се угаси,а јас заборавам на која страна сум.Па пијам некако обидувајки се да одржам некоја рамнотежа во креветот.И признавам интернетов ме направи мрзлива.Зошто ова го пишувам?Баш денеска бришев прашина и си ја гледам мојата скромна библиотека,си мислам колку ли време помина откако ја купив последната книга.Се сеќавам на времето како си дозволувам по некоја книга а за списанија да не зборувам.И времево ново носи свое и јас со него.Читам online,и станувам она што никогаш не мислев дека ќе станам-кралица на тастатурата. :wasntme: :D
     
    На Moira, Lepaaa, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  19. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Лелеле летна времево не ми се веруваааа,рипав прееска кога ми текна дека кај и да е ке си дојдат :party:
    Море едвај чекам да дојдат,едвај,не да ми фали тетинчо,тетка ми со нетрпение го чека а и јас :)
    Па и писмо од министерство за одбрана добивме,абе плачеа овие од среќа,ај бре побрзо нек се вратат.. :)

    Друго што сакам да кажам а и да ги поздравам сите што ме мрзат од дното на душата на памет ги знам, а иначе уште си живеам јас очигледно во 2012, секогаш морам да згрешам и да напишам 2012 наместо 2013 :D

    И да,што е убаво чуството кога ке се вратиш од село кај што има минимални услови за живеење а ти рмбаш ко стока и работиш,во град и во својата куќа.Хоум свит хоум,нигде не е поубаво од дома. :)
     
  20. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    4.080
    Пол:
    Женски
    Дефинитвно ги имам најстиснатите дедовци !
    Живееш во Америка бе .човек ко брод си пун со пари
     и нејќеш да пратиш ништо а поефитно е таму за облека ...
    Треба да се гордееш со мене што ги положи сите испити а ти не можеш да пратиш ништо
    Ццццц па уште ќе викаш пенѕионер сум се потрошив!
    Тие детски маубети не на мене туку на некој друг!
    Само не ми стало до тоа дали ќе ми пратиш или не туку можеш барем почит да ми покажеш 
    и да кажеш барем БРАВО...
    А твоите пари чувај си ги и во гроб ако сакаш !!!!!!!!!!!!!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.