Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Има луѓе кои штом почувствуваат дека им растат крила, почнуваат да гракаат! Толку.
     
    На Ingvild, Lepaaa, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  2. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    СДК
    Дали сите Асистенти имаат работа, или се досадуваат!!! (зборам за оние на фах.)

    Ми вели професорот, направи една презентација, капнав, 2 дена ја правев, преведував, барав слики, е намачив и ја направив, бев презадоволна од тоа како излезе, ефекти,,,ма СЕ.

    Ја праќам кај Асистентката, од неа имам мејл, и СРЦКА БЕ, ми враќа повратна порака,

    Почитувана колешке,
    сменете ја големината на фонтот, бојата, на слајд бр 8, 9, 12.

    Сликите на слајд 10 и 11 ми се матни, ставете други.

    Пријатна работа.

    Потпис


    Ваааааа е косата ми се крена. Небитни работи, а баш се гледа се убаво и мајка ми вели, па в ред е се чита, се гледа убаво.
    Ајде, ајде можам јас за 5 мин ја подотерав малку и и ја пратив.
    Сега мислам ке биде по нејзин вкус.
     
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Не дека се чаталам, ама комшијата ме виде гола.
    :D
    Како по навика дека во куќа, викам ај да излезам хулахопките да ги истресам, и по гаќи на тараса. Кога тресам, глеам комшијата како што отвараше капија, застанал и гледа. :D
    А гаќичките ми се од 4то одделение. Само пола газ покриваат. Не дека немам пари за нови, него секси стојат, само неопходното го сокриваат. :D
    Ма јеби га, не му е прва минџа што ја видел. Има 30 години. Немал женска во животот, оти е намќор и кретен, запечен за жени. :D

    Како добро утро му дојде, само во 4 саат попладне.
     
    На Moira, Elennaa, Ingvild и 29 други им се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Бев да се повозам малку до еден наш град. Таму си ја видов мојата мила. Се израдував, многу ја сакам. А јас ретко да најдам толку добра личност како неа. И посакувам да нема никогаш повеќе толку несоници. И посакувам секоја вечер слатко да спие, а секој ден да биде радосна.

    Не сум сакала и не сакам никогаш да размислувам за бајачки, ниту малку па и за магии, ама мислам дека многу се практикуваат во помалите градови. Се сум се изнаслушала. Дури и во семејната куќа на моја блиска личност ми кажаа дека нашле такви некој врзопојки. И се чудам како може сеуште да постојат такви ненормални и необразовани луѓе.
    А гледам и јас во последно време од баксуз по баксуз е личноста.

    Ајде да не го тупам со вакви глупи работи.
     
    На Katerinceee и francais им се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Како да ви кажам, јас не ја сфаќам депресијата на денов. 21 не е лош број. Официјално полнолетсво низ цел свет, толку години полнам годинава. На толку години баба ми ја родила мајка ми, и ајде со заеднички сили уште мал број асоцијации да му најдеме. :?:

    Зимско сонце ме разгали денес, па ни фактот дека омилената сладоледџилница ми беше затворена не ми го расипа денот. Долга прошетка со слушалки и распуштени коси, џоа Рапанзел сум била по улици. Па оној филмскиот момент кога ќе дувне ветер, коса лета на сите страни, фрчат срамежливи погледи. Си се вратив во нормала со цимерката откако ми издраматизира за глупост, платив последна кирија, го изгњавив кучето на газдите. Сега сакам куче, нели тоа е моќта на слатките животни. Се спремам да замесам кифли утре, да прошетам уште малку, да докупам поклони. Го знаете оној момент кога на некого ќе му подарите нешто совршено? Оној поглед и реакција што ни Мерил Стрип не може да ја одглуми, на искрена среќа и изненадување затоа што некој мислел на вас и ви го купил токму она нешто што сте го посакувале. Ете тоа го сакам и се трудам да го остварам.

    Му се спремам на Скопје како војник на женската после служба. Ќе му го силувам секое сокаче и кафанче, ја сонувам Турска Чаршија со апсинт, шампити во Апче и ќебапи. И цел форум е битно потресен и растресен ама не ми забегувајте и не се откажувајте. Да, апсурдно е тоа што некој луѓе наоѓаат задоволство во чупање на непотребни влакна од туѓите животи ама таквите ги имаме насекаде. Помалку или повеќе, сите сме дале делче од себе си тука и тоа не може да се игнорира.

    Ајде мрдајте, пејте, џускајте. Сигурна сум дека имате барем една причина зошто.
     
    На Lux, Waka-waka, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Оф луѓе и јас сакам распуст .Ах што убаво ми беше изминативе 3 недели.Не дека се наспав,си станував пак во 7 ,ама па не трчав и не брзав никаде.Сабајлево кога ми зазвони телефонот прво од памет се извадив,одма помислив на некого да не му се случило нешто,а тоа алармот да ти бил.И срипав ко војник,буди едно,буди друго дете ,облакај едно ,давај инструкции на друго ,јакните на нас и тргнуваме.Влегувам палам кола ,тргнувам ,возам и доаѓам до училиштето на син ми и таман извадив нога надвор ко најголема рибетина,што да видам ПИЖАМА. На цело брзање мама не се облекла :tmi: Најфино му се извинив на син ми и го замолив сам да оди ,зошто ако јас се појавам во училница таква одма жуто комбе ќе ми викнат.За возврат му ветив играчка ама и го замолив на никого да не кажува :^)
    Туку сакав и да ве замолам доколку некоја ме препознае да не му кажува на мм зошто од дома не ме знаат дека одам на гости кај Фемина ,па може да ме караат :!:
     
    На Annath, Phyramide, Moira и 21 други им се допаѓа ова.
  7. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Чувството кога од (не)официјални извори дознаваш дека типот кој бил најголем кандидат да ти го промени љубовниот статус си фатил џенцка... :rofl:
    А пак чувството кога некој очекува тоа да го сфатиш трагично... :^) :lol:
    Интересно. :)
    Се чини навистина за некој годината тргнала но за некој допрва ќа тргне... :P
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    по толку долго време, го сретнуваш соседот што живее под тебе, а тој ко за беља не те препознава-може е до очилата малку се поинакви рамките :) и стои ко статуа и те гледа :o а ти му велиш добравечера тоа што си личев на Марсовка некоја облечена во спорско издание со портокалово капче :lol: и излегуваш надвор и почнуваш да се смееш од :l: луге се вртат и те прашуваат што си ли случува а ти со кеси во рацете ко божем си го изнакупила цел пазар а тоа за на медитација и тежината преовладува после некое време и на земја цела кеса и нормално ги собираш една по една-за срека не помина никој во тој момент :whew: ама полиција позади мене беше паркирана-земјата да се отвори и да ме голтне од срам :doh:
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Колку сум тапа за да искажам емоции тоа е чудо.
    Ја и емоциите не одиме во пакет.
    Другарка ми си е таква нежна,често знае да ми каже леле ЦИА дојди да те гушнам и успат ќе
    ми рече многу те сакам ма.И јас само ќе ја потапкам по рамо и ќе и речам аха :^) :tmi: .Или па ќе и одговарам ајде не ми се лигави,знаеш дека и ја неможам да те поднесам.Или па кога ќе се залета да ме гушне ако се немаме видено неколку дена притоа не сме комуницирале воопшто само и викам рацете подалеку од мене.Ама знае она,знае дека јас си ја сакам многу,ама незнам да го искажам тоа.
    Исто и мама...кога ќе направам нешто добро,ќе дојде да ме баци,и и викам ај ај можеш само фала да ми кажеш,нема потреба да ме бацуваш...или па летово кога бев на викенд надвор од градов и кога се вратив она целата среќна да ме гушне,и јас и викам жешко ми е,одам да се туширам :tmi: :rofl: .
    И општо,со сите сум ваква,ретко да му речам на некој дојди да те гушнам иако ми недостасувал или пак едноставно сум осеќала таква потреба,за гушкање.Ќе пробам да ја сменам оваа особина во иднина,бидејќи многу ко ладна личност изгледам,а не сум таква...мислам... :?:
     
    На 2036, Adi888, Elennaa и 16 други им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Секој може да си напише тука што сака, ама девојки верувајте дека не ве откриваат рандом луѓе туку вашите пријатели одовде. И тоа не се оние членки како Шмизла со 2-3 мислења на форумов, ами оние со поголем стаж, е вака исрено, а ако сакате може да се лажеме до бесконечност. Секој си е сам одговорен за своите постапки. Што е вистина, а што не? Ајде, колку од вашите мислења се измислени приказни затоа што во моментот ви дошла инспирација да напишете нешто убаво, нешто тажно, нешто што посакувате да е вистина, нешто што не посакувате да е вистина, пост напишан од чиста досада или пост за да биде читан и лајкуван, пост кој сте сакале да предизвика големо внимание ... Признавам, пола и више од моите постови се такви и никогаш не сум се замарала со тоа, никогаш не сум го препрочитала постот пред да стиснам испрати...
    Туку друго сакав да кажам, несакав да се окупирам со темиве што владеат деновиве на форумов, така само сркиено си читкав и си размислував. Не за муабетиве, за друго нешто си размислував.
    Најјасно и најчисто гледаш и мислиш и чувствуваш кога почнуваш некој значаен да губиш. И тоа чувство на јасно гледање на работите - на тоа што си на прагот да изгубиш секогаш е пропратено со гушење. Признавам, нема да можам да дишам ако те изгубам, и нема да можам да се разбудам сабајле. Лажам, ќе можам, ама нема да сакам. Секој може без секого, ама јас едноставно несакам!
    Како што поминува времето животот станува се покомплициран, а што ни фалеше тогаш, бевме глупави и не знаевме ништо ама се сакавме. Возевме и одевме без цел, за на крај да завршиме во парк. Да одиме пак, со по 100 денари во џеб. Ти ќе си купиш цигари и сончоглед, а јас ќе купам пиво. И ќе седиме и лежиме на трева цела ноќ, ќе ги слушаме Вајтснејк на старото плеерче и ќе водиме љубов.
     
    На Monna.Monna, Phyramide, Moira и 13 други им се допаѓа ова.
  11. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Искрено... Јас не знам што сакам, ама точно знам што НЕ сакам!
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека ми се отворија очите..
    овој дечко ми во право бил, уште еднаш!
    Не ми се верува колку неморални женски постојат во светов а пак се нарекуваат женски..
    Не дека јас сум светица ама дефинитивно некои немаат грам мозок во таа главата

    Штета за нив, голема штета :x немам зборови
     
    На Monna.Monna, Ilusionist, Katerinceee и 3 други им се допаѓа ова.
  13. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Сакам да е пролет или уште подобро лето.
    Ми треба сонце за да живнам.
    Убави и долги денови, долги прошетки покрај плажа, топли летни ноќи полни со ѕвезди - милина.

    Сакам да е лето, да си уживам цела ноќ на тераса гледајќи во ѕвезденото небо и слушајќи ја Шаде.
    Сега нема ни ѕвезди, ни уживање, ни добра музика - има само облаци и ледено студен дожд.
    Во лето дури и дождот е убав.

    http://www.youtube.com/watch?v=k1ljpLQ1V6Y
     
    На Moira, Ingvild, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Не се срамете да вратите хамбургер ако веднаш вкусите дека плескавицата е недопечена и очигледно розева. Ех, од кога си го мислев овој калоричен ручек и на крај ме разочараа. Затоа љубезно и тивко им објаснав што ми дадоа за 130 денари, па си ги зедов парите назад, а хамбургерот им го оставив за да си го рекламираат. На враќање кон дома, доплатив уште 170 денари и си купив бело џемперче! НА! :hai:
     
    На Monna.Monna, 1209, cinderella5 и 22 други им се допаѓа ова.
  15. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Сакам да кажам дека сум пресреќна :)
     
    На 1209, cinderella5, tweety26 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Гледам сите нешто замислени, насекирани, тажни, разочарани... Па имало некои детективи, па не знам што, па се грижат да не ги откријат...

    А мене - ме боли мачево мое тазе депилирано 8) Си печам макарони со сирење, си пијуцкам цеден сокиЧ (со тврдо Ч), си го средувам накитот расфрлан на бирово, си фантазирам за новиот часовник кој очајно сакам да ми се најде на рака и си кулирам. Знам дека утре ме чека убиј Боже ден, и знам дека ќе ми дојде да го џитнам утре телефонот низ тераса кога ќе заѕвони, ама во моментов сум чилакс. Сега сум баш во она „к** ми е, двор ми е“ муд.

    Безобразна сум, знам, ама денес имам потреба од тоа. Денес си пцујам во себе (а богами и на глас, добра пцовка ми излета на работа, ама среќа никој не слушна :geek: ), игнорирам се` што е глупаво и безвредно околу мене и си живеам со моите фантазии. И убаво ми е. И ич не ми е гајле. За ништо и за никого. Дури и нему не сум му се јавила од сабајле. Знам дека уште е на работа и не го тормозам. Кога ќе посака да ме чуе, ќе ми се јави. А и да не ми се јави, нема да му се налутам. Ама ич. Ете, таква сум денес.

    Сакам секој ден да ми е ваков. Кога само би била ваква опуштена, кога би можела да не се припотресувам за глупости нон-стоп, би била најсреќна. Но знам дека ова е само ден, и ќе го изживеам до максимум.

    И решив утре да си купам нов телефон.

    И ќе си купам и ич не ми е гајле.

    Ај чао.
     
    На Sanniii, 1209, cinderella5 и 26 други им се допаѓа ова.
  17. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Би сакала да знам што точно сакам,зошто луѓето се покварени..да знам како човек преку ноќ можит да се сменит.Но,не знам.Да му мислам лошо на луѓето-не сум таква.И неможам да сватам,како можит некој да те гледа у очи,и да лаже дека те сака.Единствено шо сакам е да го видам покајанието на луѓето.Прават лоши работи на некој личност,без притоа да размислат-what goes around,comes back around.Се надевам дека се ќе дојде на свое место..Порано,или подоцна.. :)
    :
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    многу и благодарам на феминката што пишала во една од темите за поротници-ми даде идеја и таму да си ја пробам среката :) -мајка и на една другарка е поранешна судијка па ми објасни каде треба да прашам и не е важно што ме изнашетаа денес низ институцииве за едно обично прашање кое гласеше дали сеуште огласот важи и каде можам да го најдам-а огласот го најдов сама , барајки низ огласите :D, важно е да аплицирам, па ке видиме :)
    п.с. најдов каде е фондот за здраство :!: :D
    каде нема да ме посееш, таму ке никнам е работава :rofl:
     
    На cinderella5, Lepaaa, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.042
    Допаѓања:
    123.931
    Мразам кога однапред чувствувам како ќе испадне.
    Женска интуиција,не е зафрканција.
    Овојпат сакам да не испадне така.
    Сакам да ме изневери женската интуиција.
    Сакам да ме натера никогаш повеќе да не верувам во неа.
    Сакам да ги нема овие чувства,сакам да го чекам денот и тогаш да дознаам....вака секогаш сум била во право.
    И да,многу е грдо чувството.Кога ќе испадне како си осеќал и кога ќе речеш-Па знаев,зарем можеше поинаку мене?
    Значи на некој кога му оди-оди.
    Мене веќе оддамна не.
    Звучам како најгори песимист,ама пак не сум до толку.Пак сонувам.Сакам да сонувам.А некогаш,соништата стануваат реалност.Смешна сум,ама не сонувам недостижно.А потајно сакам......сепак сонувам ако верувате за обични работи кои ги немам и кои сакам да ги имам.Зошто некому му е доволно и само тоа.Кога веќе си поминал низ се и сешто,се што ти треба е само нормален живот.
    Зарем многу барам ?

    Секогаш имам сламка надеж и секогаш се губи.Па и кога се е во најдобар ред,се менува со брзина на светлината.
    Ама пак,надеж........И одново,одново,одново......Ко ненадеен рестарт на компјутерот........

    Силно се молам,барем еднаш во животот,овојпат да не испадне по мое...
     
    На blond, Moira, tweety26 и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Не можам да ги разберам овие тинејџериве, сите преку ноќ станаа атеисти.Да не ме сватите погрешно јас немам ништо против тоа да си атеист, нека се верува кој во што сака, нека си се моли секој во што сака, тоа е право на сите, но овие пижлачина од 13-14 година кажват дека се атисти а до вчера не знаеа ни што е тоа :!:
    И не е тоа најлошо, сега за празнициве сите по цркви, пишат статуси за Божиќ, ало па нели вие сте атеисти или за празниците тоа не важи? Дојде време пред тест го молат дедо Боже а после тоа го пцујат буквално неговото име.

    Абе деца не се правете нешто што не сте само за да станете покул пред другарите, немојте кога сте пред друштво да го пцуете Господ а в соба скришно да му се молите, вервај те си во она што навистина сте уверени дека постој и во она што нависитна сакате да веруваате а не да бидите покул пред другарите.
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.