Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    17.270
    И ја да пишам дека ни беше слава.
    Некогаш многу ја сакам, некогаш ич.
    Ја сакам ради тоа шо дома фриждеро е полн, мајонез салата, зелка салата, сувомесно, мокромесно ма све. :rofl: Симпатијата ме вика дебели, а ја само голем гурман сум ;(
    А не ја сакам оти отидат многу пари. 150 евриќи за една слава да дадеш, да им угодеш на гости кои ги гледаш 3-4 пати годишно :^)
    И така, ме боле стомак од мајонезот, ама ептен убава ја направив. :D
    А да, кога ќе се одадам за едно десетина години сум у план, ако мужо има слава нема да му викам ја на него 30 души, само најблиски. Мајка, татко, брат,сестра. Доволно.
    Ама си ја испланирав иднината. А да, и ќе живееме во новата куќа сеа шо ја прават :!:
     
    На kikkki, Adi888, Foreveryoungiwannabe и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Знаете колку е тешко кога си во иста соба со твојата фамилија и кога ги криеш солзите? :sweat:
    Затоа што, за мене да плачам во јавност... е нешто незамисливо, бар засега. Никогаш не сум плачела. Секогаш плачам сама, секогаш. И сега, едноставно ми е преку глава.
    Но не се жалам!
    Ова е само еден облак. После ова, доаѓа сонце пак.
    Секогаш. :sun:

    Нели?
     
    На kikkki, Foreveryoungiwannabe, kate21 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека денов ми беше мн убав на факултет со пријателите кафе ,муабет и си помина времето
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.404
    Допаѓања:
    287.103
    Проблем со Тапети.

    Еден млад брачен пар конечно решил да гради куќа.
    Постоеле најразлични несогласувања кои произлегуваат од различните вкусови и замисли помеѓу нив, па и планирањето не течело така едностано.

    Многу долго се дискутитало за бојата на тапетите во кујната. Жената сакала црвени а мажот наједноставни, бели.
    Навидувам едноставно прашање но со недели дискутирале која боја најдобро ќе одговара на просторот, на кујната која во иднина ќе биде монтирана, на ламинатот кој треба да биде поставен. Без бојата на тапетите не можеле да да одлучат ниту за бојата на некое од останатите нешта. Дискусијата била прилично ватрена и поткрепена со најразлични аргументи од двете страни, секој дал се од себе за да го престави својот предлог како подобар.

    После 4 недели дошол архитектот.
    Младиот брачен пар пресреќни му соопштиле дека после долго истражување и размислување дошле до заклучок дека едниот зид ќе биде црвен а останатите бели.
    Биле пресреќни за вложениот труд и компромисот кој конечно го постигнале.

    Арно ама сеуште не знаеле колку метри квадратни ќе биде куќата, дали ќе има подрум, дали ќе биде на спрат, со градина..оти они цело време го посветиле на думање каква боја ќе бидат тапетите во кујната.

    Кратка приказна која често можеме да ја препознаеме во секојдневието.

    Човековата неспособност, некомпетентност и искомплексираност најчесто се крие помеѓу оние кои најгласно и најдолго го решаваат проблемот со тапетите.
     
    На Peppermint, Foreveryoungiwannabe, teddybear и 22 други им се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Кога некој што не те познава ќе ти каже: кога би можел да го видам светот низ твоите очи, е тоа би било искуство за паметење !

    Епа ете како некој може да ти го стполи срцето, ќе си легнам со осмех.
     
    На Foreveryoungiwannabe, Monna.Monna, EleMental и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Топло чајче од аронија и џагорот на кучињата надвор, кои се заљубени сите во една кучка, па ја бркаат, кој стигне прв, добива... младо мевце. :D :D

    Вака правам јас пауза од учење, а само што почнав. :tmi:

    АХМ! 8)
     
    На Jagoda123, Doozy и pamelche им се допаѓа ова.
  7. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Денес ми е роденден.
    19ка.

    Потајно се надевам дека сите „Среќен роденден“ што ќе ги слушнам во текот на денешниов ден, ќе бидат заедно доволни за да создадат една совршена среќа што целосно исполнува.

    Им се заблагодарувам на моите родители. За се! :)
     
    На ceca-1, Foreveryoungiwannabe, kate21 и 20 други им се допаѓа ова.
  8. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    СДК имав супер прв ден во школо... ми фалеше искрено, атмосферата, расположението, класот, симпатијата :$ :$ хухуух али сабајле сум на праксааааа :rofl: :rofl: :rofl: едвај чекаааам!
     
  9. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    Зошто ги повредуваш луѓето што се како мене?
    Луѓето што те сакаат,ти мислат добро,што би ја дале душата за тебе......
    Што последната капка вода тебе би ти ја дале....
    Зошто очекуваш возврат за нештата што ги правиш.... очекуваш фала.....очекуваш збор.....
    Зошто ме гледаш како должник за љубовта која ти ја давам......

    Погледни ми ги делата.......
    Ниеден збор што би ти го кажала,нема да биде по длабок и по вреден од тоа што ке го видиш
    кога ќе погледнеш во мојата душа.......ја отворив за тебе....
    Погледни...... ;(
     
    На Trnche и Barbie20 им се допаѓа ова.
  10. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Имаа право тие со предвиделе дека денес е најдепресивниот ден ... ама утре е нов ден , мора да се смеам многу , да почнам некои работи од ново и посериозно да се зафатам со старите , депресијата од денеска морам под итно да ја трансформирам во мотивација и насмевки утре и енергија се разбира :D Ке ми ја треба во изобилство за да можам да поминам преку некои работи ама морам да ги гледам како мотивација МОРАМ МОРАМ МОРАМ МОРАМ .... ( не ми замерајте уште се убедувам самата себеси дека МОРАМ ) уф ... не се ова баш најлесните времиња ... треба да престанам да се надевам дека ке биде подобро , пошто нели таман престанеш станува подобро хаха :D После ваков не дожд него бура заслужувам едно убаво светло сонцеее :D И срекен роденден на honorthyself , голем роденден и срекна да растеш :D
     
    На honorthyself му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Во мојот дневник, во моите постови, често пишувам, сакајте, љубете. Како па да ја знам што значи тоа. Иако секој различно ги дефинира тие поими, сепак. Некогаш гледам во телевизорот, во компјутерот, и страшно се прашувам, дали љубовта е она треперење во стомакот, онаа возбуда при прегратка, при поглед. И знаете што? Немам одговор. Ако е тоа одговорот, тогаш јас незнам да љубам. Некако се е од навика. Да ги гледам околу мене, да знам дека се добро и дека се среќни. Љубов ли е тоа?
    Ве нервираат саканите? Сакате да избегате од нив? Сакате да не ги видите веќе бидејќи некои постапки, страшно, (с-т-р-а-ш-н-о) ве вадат од кожа..?
    Во умот секогаш ја имам онаа куќа, со голем двор, со многу дрвја, и малку цвеќиња. Како јас лежам на изгерјсонцето на нашата нишалка, а тој тивко доаѓа одпозади. И знаете што? Нема бакнежи, нема прегратки. Едноставно седи до мене, и со врвот на прстите ме допира на стомачето.
    Љубов ли е тоа..?
    Во тој двор, моите чекори се само мирни. Бесни. Весели. А мојата облека, е ете, старомодна, до колена, а тој сепак мисли дека сум убава. На свој начин. И не му треба никаква провокација, причина, за да ме допре. Да ме погали. Да ме зеде.
    Тишина. Меѓу нас нема зборови. Зборовите немаат значење. Тие се за љубовниците кои не ја разбираат тишината. Нема прегратки, тоа е за слабите. Нема бакнежи, тоа е за лигавите.
    Седиме јас, тој, и тишината.
    Љубов ли е тоа?
    Навистина ли секоја љубов имала лош крај? Тогаш како ние седиме на нишалката? Значи не е љубов.
    Кога животот би бил само зрнце, совршено мало зрнце, кое би го ставила во мојот џеб, тогаш ќе кажев дека љубовта постои. Бидејќи тоа мало зрнце ќе беше надвор од мене. Реалноста ќе беше далеку. И тогаш јас ќе љубев. А се додека јас сум малото зрнце и животот ме носи во џеб, тогаш не постои тој збор. Постои се, само не тој.
    Постои разбирање, радост, тага, смрт, болка, изгрејсонце, миг, чај, прст, влакно, капка пот, бебе, сон..
    Само не љубов.
    И како сакате наречето го, само немојте љубов. Премногу ја ограничува, идеализира. Премногу.
     
    На Serafima, crazylady, moonlight-girl.55 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    Кога сум сама дома си гнетам така чоколатца, бомбончиња уз некое добро филмче, читајќи си на Фејсбук, Фемина или евентуално со книгата во раце.
    И знае од невнимание и на земја да ми падне. Си помислувам "Ајј и онака сум сама, не е тука мајка ми да вика по мене, ќе го кренам после."

    Ама кога и кученцето ти е пуштено во соба срипуваш како попарена да го земеш и фрлиш книвчето.
    Нели, за да не го голтне :)

    Е тоа е љубов !
     
    На sweet-star, Jagoda123, Juicy03 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Снег никако да вее,
    Птицата никако да пее.

    Започна образовниот вториот дел,
    Ден нема да видиме бел.

    Да се иде на факултет и школо мора,
    Наместо на Бора-Бора.

    Тешко, не не спасува ни капка од Скопската гора,
    Ќе се седи пак до рана зора.

    Наместо да се манијачи Андриана Лима,
    Мора книга да се зима.

    Многу да се учи има,
    ништо во книгата не штима.

    Професорите си играат со тебе,
    Те мислат како обично бебе.

    Наместо да си легнам и да се стуткам со ќебе,
    Оно 2+1 успит утре де бе.

    А 10ката игра ,
    врти се као чигра,
    Мени се пие,
    зато што моја није,
     
    На 2036, Serafima, ceca-1 и 45 други им се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Ме чекаш драга, а јас само одложувам.
    Но,еве ме.. цела вечер е пред нас, ќе ти се предадам целосно.
    Е,сега најголемата креативност ми доаѓа кога све нешто треба да направам за најкус можен рок.
    Ама ќе кажам.
    Денес бев на кафенце со другарка. Се заглавивме во муабет кога оддеднаш двајца дечки пред нас. Културни,фини, не прашуваат каде има места за излегување и тако даље. И си седнаа и се размуабетивме ин инглиш. Студенти на размена си го шеткаат Балканов. Срцки.
    Фини,културни,а муабетите се сведуваа на непресушните есеи по англиски во средно за културата во нашиот град(покрај другото)
    Е, сега она што ни недостига во Македонија. Дружељубивост. Кој ќе ти направи муабет ако нема настрани мисли за тебе од типот "сакам да те ебам?" Јас не сум сретнала таков.
    Онака да одиш некаде на рандом место, ти приоѓа некој типац и си почнувате муабет. И на двајцата ви е мило што сте се запознале и останувате на познанство. Сите имаме толку многу да кажиме,а толку се плашиме.
    Зошто?
    Не, ни ние женските не сме подобри. Ќе сака некој непознат да ти направи муабет,ама од претходните искуства со излитени фрази како мечето го изгубил,па дали можи да спие со тебе создаваме некој штит кој не ни помага, туку ни одмага.
    Значи ништо повеќе не фали од дружељубивост,која нажалост ја немаме и нема да ја имаме.
    Се додека сме заглавени во свет каде уште пред да го запознаеш човекот му судиш,а воедно и ти судат.
    Некои ти прават иронично и со потсмев муабет,само колку да те исмеваат.
    Зошто? Зошто очигледно не знаат за попаметно нешто или се мислат за ниво повеќе.
    А, нивоата на развој на личноста на млади години знаеме колкави можат да бидат.
    Сите мислиме дека знаеме се, а се што ќе видиме или слушниме ни е ново.
    Или пред некое време во добата на моите пијани ноќи запознав човек поголем од мене. Но,заглавен во хипстерски филм. Се разбира од музика, паметен е, ама потенцирањето на неговиот мошне изострен вкус за нештата е неподносливо.
    Македонијава ни е мала во секоја смисла.
    И претесна за толку паметњаковци на едно место.
    Јас,јас,јас. Никаде општеството,никаде ние, никаде иднината.
    Сите се сакаме себе си. Сите си имаме свои квалитети. Но поседувањето на некој квалитет, не го прави неквалитетен другиот до тебе.
    Кога требаше да бидеме сите различни, ние одбравме да бидеме сите исти.
    Сите со универзални сфаќања, неприфаќања на различити мислења.
    Чекај, за да се вклопам во една група мора да размислувам како него. Уствари не размислувам,само ги пренесувам неговите мисли и дела,ги посвојувам,а се правам уникатна и како да се мои.
    Моето его сега е задоволено,а самодовербата на ниво.
    И не, не пишувам зошто ќе направам некаква револуција, само кажувам што ми фали во животов.
    Пријатни познаници,кои не се повеќе од она што можам да избројам на една рака.
    Луѓе со кои ќе размениш мислења, а не да барате начин да си ги усогласите за меѓусебно да се прифатите.
    И зошто сум затворена кон нашата Македонија. Зошто не поднесувам 10 лица на еден човек. I don't even care. Вреден си додека те исцицам до последна капка.
    Немам верба.
    А, во машките поготово.
    И зошто е тоа така? Зошто секој се покажал во исто светло. А,последниов поготово. И ќе го нервирам од инает ќе го нервирам. Зошто заслужи. Не се работи за љубов,тоа е релативно и онака не сум заинтересирана. Се работи за почит.
    Почит што ја нема. Никаде и никогаш.
    Толку.
     
    На mims-89, Monna.Monna, Nymeria и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Јас сум готова. Капитулирам.Неможам веќе. Имам црни кругови околу очи. Не сум издепилирана (добро освен веѓите и мустаќот), епа немам време и неможам веќе. Си викам ајде ќе издржам само до четврток ама не бива. Не ми се уче веќе, не ми се мисле, не ми се повтара. Сакам да си излезам со него како човек и да не му тупам за моите предмети и да му раскажувам некои мои теории извадени од книгите. И срцка е, незнам како ме трпе, изгледа и он си се теше дека е до четврток. После тоа ќе му стојам на располагање и ќе му ги исполнувам сите мали и големи желби :lol:
    Друго шо сакав да кажам прегеска се сликав за апсолвентско табло. Боже мој, и јас стигнав до таму и тоа и редовен рок бре. Некој да ми кажуваше пред 5 год за ова ќе му се изнамеев у фаца. Јас, паразит се ќе завршам на време, ама со факултетот и мене ми дојде умот. А како вчера да беше кога стоев таму у огромниот ред на факултет и чекав да ги дадам документите, па барав стан, па се понашав како исплашено гомно шо мислеше дека сите ќе го грабнат, па се тресев над првите колоквиуми ехеее :D Помина и тоа. Се у свое време. Туку некако некам да завршам, ситно ми броат годините, се потенка е линијата меѓу мене и рабтата шо цел живот после ме чека.
    Трето шо сакам да кажам, не е за школо туку е за него. Ми недостига бе, го сакам, сакам да го гушнам и да спијам сеа со него. Да му дишам у врат, да го држам за рака, да го чешкам. Него го сакам сега до мене. :$
     
    На anuskaNESTLE, EleMental, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    После полагам, а не се ни замарам за тоа. И како после да му верувам кога ќе ми рече дека сум паметно дете!?
    Не го слушам веќе.
    Скриптата ја имам научено, да ја повторам уште малку и си легнувам.
    Туку јас дојдов да си кажам фала.
    Фала животе за се!
    За сите солзи, за сите насмевки, за болката, за траумите од детството, за љубовота од некои личности, за прекрасното мое семејство, за луѓето кои ме повредиле, за моите пријатели кои се малку на број ама се вредни колку милион, фала животе уште еднаш за него!
    Ќе се борам за оваа шанса. Нема да ја испуштам.
    Си ветувам официјално :)
     
    На Foreveryoungiwannabe, EleMental, anabel-a и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Каков ужасен пресврт на денов. Со само една вест, иако неофицијална, ми се сруши светот. За прв пат после долго време се чувствувам беспомошно и изгубено. Ужасен тајминг, ама животот не бира кога да нападне. Ми се умира, имам одвратна грутка во грлово, ми се зборува со некого ама не можам зошто моментално никој не би можел ни да ме разбере, барем јас така се чувствувам.
    Уште оваа капка фалеше за да ми пропадне и тоа мало делче мотивација што ми беше останато. Безнадежен период, сивило, нули наоколу. И таму некаде, помеѓу сите тие илузии, се изгубив јас. Наместо да пливам кон површината, јас дозволувам да ме влече длабочината. А сега нема назад. Ова ми потврдува дека нема назад. Толку очекувања, толку надежи, сонови, за што? За на крај со 2 збора се да пропадне.
    Како ќе излезам сега?
    Се оди по надолна линија. Толкав труд, за кого? За мене одамна не е. Престана да биде од моментот кога веќе во одразот не се гледав јас, кога изворот на инспирацијата пресуши помеѓу тие две карпи.
    Ме уништија. Сега дури немам сила ни да се борам, немам зошто да се борам. Јас не сум јас повеќе, го испија сето тоа што ме отсликуваше. За се има граница, за се има крај. Само се надевам дека овој крај е еден од тие клише почетоци.
     
    На Monroe, Trnche, moonlight-girl.55 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Има ли некој друг чудак како мене што понекогаш пред да си легне да спие на пижамите си прснува парфем? :tmi:
     
    На Hipster, zhap4e, mims-89 и 16 други им се допаѓа ова.
  19. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Јас знаев дека сум multi-talented woman ама не знаев дека сум до толку :lol:
    Епа драги феминки, пред неколку недели мојот живот доби и друг пресврт ..ми се отвори нова шанса
    добив понуда за глума, и по некоја случаен избор токму јас сум одбрана.. среќа ли е или што е? :)
    и така идам првиот ден, немам појма што ке правиме.. добивам текст, читам!
    ок добро е колку за почеток ама никако да се опуштам, мојов ментор вика немај гајле ке ти помогнеме
    И требаше да идам наредниве 3 дена...
    третиот ден требаше да прочитам уште од дома да се припремам, ама мрза како мене нема шанси
    идам, и читам читам и сама, без да ми каже менторов како треба и што треба..
    и добивам аплауз и пофалби дека почнав да импровизирам без да ми каже никој како треба и што треба :D

    И јас таква си се смеам од 8мица до 8мица :D
    дојдоа професионални глумици кои го работата тоа со години па почнаа да ме фалат, леле браво без никакво искуство и јас целата ваква бев :$
    Напорно беше но си отидов дома задоволна и насмеана и си помислив I would actually do this :)
    Знаев дека глумата ми е втора јака страна и m proud of myself :D
    Башка мнооогу добро ме плаќаат :tmi: ама за тоа ке си мислам понатаму како ке ги трошам



    Одам да учам ..
    ЗНАМ Љубоморни сте! Знам |(
    Следи интересна недела |(
     
    На zhap4e, Monroe, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    И така пустата јас спиев 3 саати, станав да повторам и да одам на полагање арно ама ме удрија бубачките во глава и ми кажаа: "не си подготвена" и јас фино лепо им се подадов и си останав дома... нема ништо полошо од тоа да немаш самодоверба, така само ќе се повлекуваш од се и никогаш нема да бидеш задоволен од себе и постигнатото читај ништо не си постигнал. Некогаш им се дивам на оние луѓе што врска немаат од животот, а чекорат гордо и самоуверено као демек мозок им тече од што им е вишок :^) Нема врска, секој за себе на крај краева, нели? :)
     
    На MandyLane и Libera им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.