Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.042
    Допаѓања:
    123.934
    ^ Aко имаш уште време,веднаш да појдеш.
    Не знаеш колку пати ми се има случено така,(уствари скоро секогаш :lol: )некогаш сум паднала ,некогаш имало препишување,некогаш биле расположени па не пуштале професорите.
    Во секој случај немаш што да изгубиш,ако не друго ќе си запомниш некое прашање за нареден пат.
     
    На AIT и LaBella им се допаѓа ова.
  2. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Немам време веќе :) Најголем фактор што ме натера да се откажам е тоа што ми е последна шанса да не го презапишам и да се опрчам добра паричка, така да и те како губам... не е страшно, наредната недела имам уште една шанса, па затоа и не се притресов :)
    Ах овие последни испити, ме полудеа :devil:
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК...не стига денес :( останувам во исчекување.... :l:
    ама срцево кажува нема бегање, УТРЕ ЌЕ Е
     
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Значи, мене ми се преврте желудникот, а не па тебе! ;( Ајде нека си дојде, и не го пуштај веќе!!! Врзи го тука за гелендар ако треба! :lol: Извини за шалата, само сакав да те орасположам! :*
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Како не стига денес? Па не се слушате/пишувате ,скајп,Фб...?Да не ти прави изненадување?
     
    На Doozy и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^Сето тоа е воена тајна....ама моево срце е посилно од неа. Може во броење сум утнала,ама чувствава не ме лажат дека денот е утре.
    фала ви на поддршката :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    • 00003787.JPG
      00003787.JPG
      Големина на фајлот:
      29,1 KB
      Прегледи:
      269
    На T.e.d.d.y, Foreveryoungiwannabe, teddybear и 9 други им се допаѓа ова.
  7. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Вака од сабајле кога ке се израдувам..јеее :clap: Точно е,кога најмалку се надеваш тогаш!
     
  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Спиев само два часа, но ако.. време е да фатам ред во животот - да се вратам во нормала.
    Не сакам уште еден ден да го минам во спиење до пладне, а остатокот од денот во каење поради тоа.
    Не сакам!
    По не знам колку време гледам бел ден. Планирам да излезам, да прошетам, да ме фати воздух.
    Со едно око отворено - а друго затворено сум, но барем станав од кревет што ми е гаранција дека нема повторно да заспијам.
    Ми светна! Кафе..
    Станувам да сварам по едно за мене и љубениот, можеби ќе ми помогне да го отворам и тоа друго око, кој знае?! :)

    За мене е убаво и посебно ова утро,
    Добро утро на сите!
     
    На tweety26, anabel-a, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    СДК Snow-Queen многу ми се допаѓаш како личност вака што пишуваш навистина многу убави работи ми пишуваш и искрено ќе ти кажам прв впечаток кога се зачленив на форумот ми остави ти (секако убав впечаток). И многу ми е мило за тебе што ќе бидеш среќна кога ќе ти се врати либето. Многу е тешко кога не сте еден до друг. Јас еве мажена сум со мм сме заедно што се вика секој ден, но ми недостига некако кога не е дома кога е излезен, кога е на службен пат. И навистина многу се радувам кога ќе прочитам вакви убави работи. Дај Боже да си бидете среќни и секогаш заедно. И баш би сакала да те израдува да ти дојде така на врата, само немој да не добиеш некој позитивен шок хехе. Уште еднаш се најубаво, да бидеш премногу среќна со него и elena.mak убаво ти пиша врзи го негде таму. Поздрав ! :hai: :*
     
    На Libera и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Посакував сега да ги имав моќите на Силвестер Сталоне , и на оние мутафите кои го пуштаат отровот по улици за кучината да им го дадев она кое си го бараат. :@ Идиоти ! Нечовечни без грам душа, без грам мозок , без грам НИШТО во нив ..празни во душа.
     
    На miss.ella, OneDirection и Juicy03 им се допаѓа ова.
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Помина и овој ден, сега идам даље ..
    зимам материјали и директива во читална, освен ако не ме викне овој мојов да се видиме :inlove:
    и сакам да кажам дека онака само пишувам, не дека имам нешто да кажам интересно од вчера туку само онака .. немам каде да пишувам па пишувам тука :D
    И фала ти што ме ислуша |(



    Ебати некреативноста!!! :^)
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Јас сум од оние луѓе кои кога имаат нешто нејасно или се јавуваат или праќаат мејл да прашаат.

    И кога работата ќе се заврши обавезно праќам мејл/порака да кажам дека сум задоволна со услугата и да им се заблагодарам.
    И почитувам такви односи, посебно кога купувам нешто преку интернет, па и воопшто.

    Ама и не сите ги ценат па дури и не враќаат.

    И да, можеби мене не ми е битно, ама нив треба да им е. Ќе уфрлам уз реченица добар збор, прекрасна соработка, ќе купат уште 3-ца, 4-ца, фидбек треба да биде корисна работа.

    Ма глупости тропам, не ќе учам некого на лојалност кон потрошувачи, безвезе, ако сам не си знае, не сум му крива. :^)

    :?: А друго, немам што да кажам, од убаво поубаво, факултет, здравје боже и работа наскоро и така...
     
    На Monroe, tweety26, Foreveryoungiwannabe и 15 други им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Вчера станав во 10, денес во 10 и 25
    :clap: за мене сум станала спанка :D
    друго што сакав да кажам е им се чудам понекогаш на машкиве колку се смотани
    како еден со кој се допишувам правник по професија а работи во шпедиција и нели да се запознаеме јас му велам немам време-му кажав како се викам, како изгледам, него да не му светне да ме побара на ф.б, или да ми даде број да му се јавам и да се договориме за детали да отидеме на кафе-потврдоглав и посмотан од него мислам дека :shake: типичен Стрелец :fubar:
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога бев помала, татко ми секогаш од работа ни носеше на мене и сестра ми по некој медицински прибор кој го користевме во нашите игри. Сите мечки дома ги преврзував со завои, им проверував температура, им го слушав срцето и им мерев притисок. Во тефтер си запишував кој од што е болен, па им пишував рецепти и дома шетав со униформата на татко ми која ми беше десет пати поголема. Сонував дека еден ден ќе станам докторка и како помала тоа ми беше животна желба.

    Кога пукна војната во 2001, не знам од која причина, морав да отидам во Клиника. Тогаш таму владееше тотален хаос! Целиот двор беше окупиран со амбулантски возила, пиштеа сирени, над нас летаа хеликоптери, постојано носеа пациенти, растрчуваа сестри и доктори, а на секој чекор имаше маскирани вооружени специјалци. Некои влезови на зградите во Клиника беа затворени, па моравме да преминеме од едниот, на сосема другиот крај од Ургентен за да излеземе. Се сеќавам дека татко ми само ме фати за рака и се обидуваше низ сите тие гужви да ме извлече што побрзо. Ми рече да не гледам лево-десно, затоа што сликата од тоа што се случуваше таму, едноставно беше премногу за едно десетгодишно дете. Во глава ми остана блиц моментот кога во ходникот видов еден повреден војник. Беше застрелан во грбот, а куршумот му излегол низ вратот. Сестрите се обидуваа да го смират и да го запрат крварењето од неговите рани, а тој беше во шок и само испушташе некакви звуци бидејќи не можеше да зборува.

    Од тој ден, никогаш повеќе не посакав да станам доктор.
    А денес уште еднаш се убедив дека сум го направила вистинскиот избор.
    Немам јако срце и никогаш не би можела да останам рамнодушна на туѓата болка и мака. Велат, со текот на времето се навикнуваш, едноставно отрпнуваш. Тоа ти станува дел од секојдневието.
    Но, јас никогаш не би посакала такво секојдневие.
    И ја мразам секоја минута помината во чекална, додека се обидувам да го отргнам моето внимание од нечии солзи и лелеци.
     
    На Serafima, bittersweet, Monroe и 45 други им се допаѓа ова.
  15. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ми се гади од сиот тој лажен сјај и ниски морални вредности!
     
  16. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Секој бара искреност а никој не е искрен... :tmi: :|
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Искрено, ниту знам кој протестира, ниту пак ме интересира.
    Ама смачено ми е веќе! Ниту се знае кој автобус каде оди, каде поаѓа, кога доаѓа...
    Денес мислам дека ќе припаднев во автобус. Не можев да дишам.
    Како што сум спиена само пола саат, ова беше капката која ја прели мојата чашка.
    Само гужви, протести... Доста веќе!
    Можеби се зборува за „иднината на Македонија“, ама мене тоа не ме интересира.
    Н е м е и н т е р е с и р а !
     
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Како сте женски? Јас не баш добро...Ама подобро ќе сум ко ќе заминам утре далеку,пошто овде не можам веќе,ќе пукнам...Баш тие во кои најмногу си верувал,тие почнуваат да те предаваат :(
    А и фемина ја гледам,листам постови,ама автоматски,не успеав ни една реченица да прочитам ко што треба и да ја сфатам,очигледно ми е блокиран мозокот...Затоа само реков накратко ќе пишам,ќе ме нема неколку дена,ама за убаво одам,да ги средам сите работи,па кога ќе се вратам,ќе пишам пак сигурно подобри постови.Ве гушкам :hug:
    И ова за мене:
    [​IMG]
     
    На Lepaaa, Mrs.Cuper, ilipili и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *И покрај тоа што Господ ми дозволи да имам браќа, како што ми ги даде, така за миг и ми ги зеде и не ми дозволи да ја имам таа привилегија да знам како е да имаш брат.
    Без ралика што ќе бев поголема од нив, сега тие ќе беа прва година средно, сепак знам дека ќе се однесуваа заштитнички кон мене, како што и јас би се однесувала да бев машко, а да имав поголема сестра.
    Можеби и затоа што никогаш сум го немала, а можда и заради тој заштитнички став кој го имаат поголемите браќа како помала сакав да имам поголем брат кој ќе ме брани од сите злобни деца, демек децата ќе се плашеле од него дека тој поголем и јас ќе сум можела да се фалам со него дека ќе ги натепа ако ме задираат :fubar: детенце.
    И покрај тоа што немам брат, сепак ја имам таа привилегија да имам покрај мене едно прекрасно суштество без кое не можам да си го замислам животот. Да, имам сестра и многу сум им благодарна на моите за тоа. Знам дека секогаш ќе биде тука за мене макар била и на другата страна од светот. :call:
    Секогаш со неа си даваме поддршка и сме најголеми критичари една на друга.
    Иако е помала, понекогаш знае да изиграва поголема, т.е не изиграва, таа слободно можам да кажам дека е преинтелигентна за нејзини години, па и со право може да седне и да ти дели совети како кој знае колкаво животно искуство имала. Понекогаш знае да ми удри шамар со зборови кој во моментот толку многу ми требал, а таа баш во тој момент ми го кажала тоа што ми било потребно.
    Не сме претарно блиски поради поголемата разлика иако и 7 години не е некоја голема разлика, но сепак можеме да си споделуваме некои тајни, а сепак тие да останат наша заедничка тајна која никому не смееме да ја кажеме.
    И не би повеќе да пишувам за нашиот однос, можам само да кажам дека оној кој нема ни брат ни сестра е многу сиромашен, и за жал ја нема таа привилегија да ја почувствува таа братска/сестринска љубов која е вечна според мене. И да му се налутиш на братот, не можеш да престанеш да го сакаш, ве родила иста мајка, па колку и да ти згрешил, љубовта победува и порано или подоцна пак му простуваш.
    Фала и што постои!
    Знам дека без неа животов не можам да си го замислам, таа ми е кислород. :)
    Ме радува со успесите што ги постигнува, ме прави горда што ја имам како помала сестра, а воедно и најсреќна сестра на светот што знам само дека е тука за мене, друго и не ми треба.
    Кога плаче или ја боли нешто мене срцево ми се кине, а најмногу од се што мразам е да ја гледам таква, па затоа секој кој ќе се обиде :!: да ја натажи или повреди богами нема да си помине лесно зошто ја чувам како капка роса, таа ми е најскапоценото нешто кое го имам. :hai:
     
    На Serafima, bittersweet, tweety26 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Вчера нели пишував за тоа дека незнам да искажам емоции..е денеска нашколо,ја изнагушкав другркава,леле па шо беше среќна,ми вика аа воа еднаш во 100 години се дешава да ме гушнеш,насмеана целата беше :rofl:


    После имавме час по англиски и професоркава вика I know you,you know me и јас само довикувам let's have sex 8) :rofl: :rofl: :rofl:
    (фала богу не ме слушна)
     
    На Adi888 и anabel-a им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.