Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Кога пред некој ден го прочитав постот на Трендафилка за музиката и дали на оној свет ќе имаме и такво покритие, се замислив.
    Музиката ми е неизоставен дел од ДНК кодот и понекогаш се прашувам дали живеам во музика, или музиката низ мене преживува, доживува се’ што како информациски импулс носам, ме води во некои нови светови, ми подарува радост кога немам, ми ја плива тагата кога се давам во меланхолија. И сфатив, дека кога верувам во виша сила, тоа е само музиката. Ни повеќе ни помалку. Најнаивно. Таа е мојот Бог, или Божица, како било сфатено. Во секоја нота што ме возбудила, исплашила, доближила или одалечила од себе, само неа и ги доделувам сите признанија. Кога ги добив првите обетки на подарок во облик на виолински клучеви, од мајка ми, сфатив дека сите тие симболи на верност кон музиката, отсекогаш биле врзно ткиво во мојата фамилија. Баба ми по таткова страна, била играорка и пеела во селскиот ансамбл. Дедо ми од мајчина страна, свиреше на гајда и пееше со страст на вонсериски уметник. Имам цела плејада блиски роднини кои учеле музичко училиште, се посветиле на некој инструмент, музичка теорија или педагогија. Отсекогаш музикалноста водела до некои подобри, посветли насоки. Мајка ми свирела на кларинет, тетка ми била во Танец, и пеела со Васка Илиева. Фолклорот го носам во себе, народното пеење и потребата за израз, и како што стареам, созревам, си ја барам таа динамика внатре во сеќавањата, за да ја преобликувам во нешто опипливо. Преку песна. Ништо не е случајно. И моето книжевно милје, и учењето метрика и дикција на факултет, и трите години пеење во бенд, и сите ситни делчиња што го создаваат мозаикот, ми даваат јасна слика за она што е Музиката за мене. Лична исповедалница, конекција со светот, и со Него. И двајцата имаме виолински клуч на кожата, отпечаток за секогаш, кој се допира при секоја средба. Малите нешта, стануваат големи кога во нив провејува звук, музика, мелодија.

    Ти благодарам животе, за музиката во мене, во Нас. Можеби Универзумот ме спои со него, токму поради сличните мелодии што прават заедничка песна. Љубов, или како и да звучи тоа така едноставно.
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, tweety26, Monroe и 18 други им се допаѓа ова.
  2. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    KOGA MI BILO MN TESKO VO ZIVOTOT OBAVEZNO SI PUSTAM MUZIKA NA YOUTUBE OBAVEZNO TRUBACI ZA DA ME RAZVESELAT{SLUSAM SEKAKVA MUZIKA OD KLASIKA DO TEHNO}I PROBUVAM DA IGRAM I PEJAM
    PROBAJTE MN POMAGA
    [mod-kirilica:ebcd0pih][/mod-kirilica:ebcd0pih]
     
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сонував ноќеска како и ја учам на прави вредности и како да биде човек во овој свет, моментот кога сакав да ја допрам исчезна, почнав да плачам во сон и се разбудив во солзи.
    Денов почна со болка, нека боли за да ме натера се да завршам побрзо и да се изборам.
    Како и да е моето бумбарче Сагар ме насмеа, бев да и правам друштво да си купи опрема за на фитнес, стојам на ќоше на една улица за да дојде, и ја гледам како се клацка наваму - натаму, мислиш само што не се стркалала и ќе се паркира пред мене, чим ми се насмее со тој осмех и ги подзатвори тие убави ирански очи, знам дека денов ќе биде поинаков.
    Многу си ја сакам со фактот дека е голем човек, сега си се потпираме и двете една со друга, последен испит спремање, диети, вежбање, борба за опстанок.
    Ептен ми треба, и ептен ми е подршка во однос она пријателство, зошто премногу е едноставана. Понекогаш кога ќе рече на бумбарот му се јаде, не можам да не се изнасмеам гласно, како вчера кога рикнав во библиотека, оти наводно од вчера требаше да почне со диетата, кога извади сендвич поголем од лаптопот, и како на мајка одма ми се правда..
    Ама од денес нова песна. Пријавено е салата и 1 час фитнес.
    Ах луѓе сакајте се, пружајте си подршка, дарувајте насмевки, прегратки, ислушајте, понудете одговор, многу значи тоа.
     
    На Serafima, bittersweet, Monroe и 18 други им се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    91.880
    Пол:
    Женски
    Два од 12 положени, се надевам ќе биде вака на сите полагања, вчера ми беше првото. Немам полагано одамна, па вчера се чувствував како прв пат да полагам во животов. Трема, препотување на рацете и дткање. :worried:
    Со него поминавме повеќе од 12 часа заедно. Летнаа како за миг. По неколку часа поминати со било кој јас не можам да зборувам, не можам да го поднесам присуството, но со него не е така. Уживам во секој миг, уживам во секој разговор. Уживам додека ми кажува колку му значам со очи кои блескаат. А јас на сето тоа одговарам со - Добро... и очите ми блескаат како на мало дете со исчекување што следно ќе каже.
    Роденден му е за некој ден, што ли да му купам? Како да го изненадам? И сакам торта да му однесам, само тешко и дека ќе ја направам.
    На косава одамна се појавија белите влакна. Секое фарбање ми е стрес како ќе излезе бојата. Сега поминав повеќе од 20 мин. барајќи совршена нијанса за мене. Ваљда ја одбрав... ќе видиме.
     
    На Serafima, bittersweet, tweety26 и 26 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.721
    Пол:
    Женски
    Постот на Мишел ме потсети на едно време,кога и јас имав видување на тоа што е љубов,Како тинејџерка мислев дека само платонската љубов е вистинска,подоцна сонував да имам некого кој од погледот мој ќе разбере што сакам.Подоцна нели како годините си поминуваа,сонував да имам семејство,многубројно,мала куќичка со многу цвеќе и единствена грижа ќе ми биде децата да не се изгребат од моите омилени жолти рози.А сега од тој сон го имам само овој поглед низ прозорецот,низ карираните пердиња како од старите филмови на Лиз Тејлор.И две саксии со љубичици.Се друго стана поинакво и секогаш болно сурово.Секоја чест кој успее да си го направи животот како оној кој го сонувал.Затоа сакам да кажам...

    Немојте да го прокоцкате она што мислите дека вреди.Немојте зборовите да се сведат на празна хартија и солзи секој ноќ.Не уништувајте сами и не уништувајте се самите себе.

    Па и да уништите секако пробајте да поправите.Обидете се.Гордоста е убава ,ама нема да ви го топли срцето.

    Тоа, ако бидете отфрлени ,како јас,борете се ,објаснете или барајте објаснување..Нема да знаете ако не се обидете а реално ништо нема да изгубите.

    Колку пати сте биле тажни во животот.Повеќе пати ,не?И преживеавте.

    Затоа ,пробајте да се изборите за она што може да ви пружи среќа.И никогаш не се предавајте!
     
    На stetoskop, imelda, marama и 25 други им се допаѓа ова.
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Луѓе - пијавици. Страшна категорија. Дракула не им е рамен во цицање на енергија, информации.
    Чат пат ќе ми се појави некоја таква, она очајна за дознае што повеќе за тебе, јас глупава па ќе и одговорам, она ќе ме изнервира до степен на лудило, а таа ќе понуди блесава насмевка која треба да значи дека е искрена.
    Некогаш стварно треба да бидам подрска со таков тип на луѓе, а не сум. Ќе го свртам муабетот на друга тема, ќе се нашалам и на своја сметка, ама не можам бре да се спуштам на тоа ниво и да делам памет на некоја простакуша.

    Или па оние со вечити замерки. Не знам од кај го извади овој џемпер, ама дефинитивно не ти стои. Јас сметам дека требаше вака да направиш.
    Мис прфект дели добрина по светот. Пис анд хепинес ис ол ај уант ин дис уорлд. ;( |(

    Луѓе кои ништо кое што се случува кај другите - не им е погодено. Група режисери. Они би направиле така, не си требало така да направиш, тие знаат најдобро.

    Абе тимбата да си ја чукнете малце повеќе, алоооо! Кај одите, што правите, која ви е целта на глупите муабети, не сте свесни дека сте троа повеќе простички и мизерни?

    Да ви кажам се е во ред. Вадам фрустрации од минатото. :D Со секаков тип на луѓе сум дошла до контакт, тоа е веројатно оти и јас се спријателувам со поголем круг на луѓе, па после си ја чукам главата оти воопшто се запознав.
    Нема да се свестам никогаш и ќе си го јадам стапот за таквите работи. Но, не е до мене. Луѓето при први средби и дружби се крааааааајно лицемерни. Не сум јас крива што подоцна си го покажуваат своето право лице. Не сум пророк. :|


    Лекции, лекции. Животни лекции. :hai:
     
    На Serafima, bittersweet, Divinebutterfly и 27 други им се допаѓа ова.
  7. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека денов прекрасно ми почна се надевам дека така и ќе заврши
     
    На Angy.g и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.434
    Допаѓања:
    18.138
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека многу се радувам за сноу квин, поубаво нешто од тоа нема,и посакувам се најдобро ајде па кога ќе се врати дечкоти сноу врската да се официјализира со еден прстен па сите тука да се радуваме заедно со тебе :) ;) :clap:
     
    На Serafima, Snow-Queen и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК животот филм, но со неколку главни улоги, а и споредни кои мака мачат да го заземат местото на првите, поради својата злоба.
    Човек ги цени нештата во животот, само тогаш, кога знае колку е вредно истите да ги има.
    Ако некој некогаш на човек, не му укажал некои работи, незначи дека истите не ги заслужува, бидејки не секој се замара со секого.
    И едно нешто ми е криво, по незнам кој пат помислувам, се што рече Тоше во неговите песни или во неговиот говор, се беше вистина, само кој да разбере.
     
    На Serafima, Angy.g, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Колку убаво нешто видов предмалку. Кокичееее, кокичее :f:
    Да, од оние зимски, што растат во снег, иако снег никаде не се гледа :lol:
    Толку мило нешто, белко и преубаво. Толку многу ме разнежни, а така лошо и уморно се чувствував.
    Ејј.. едно кокиче, кокиче, бело и преубаво толку многу да те израдува. Да, дефинитвно малите работи вредат премногу.
    Кокичево ми го стопли овој ладен јануарски ден :*
     
    На Serafima, kravce, tweety26 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Ај да се разберам самата себеси дека не ми се учи, дека е последен испит, дека веќе немам сила, дека полагам од пред 10ти декември, дека благоречено оценката е веќе купена :tmi: , ама па Боже Господе, да ме мрзи ливчиња за препишување да направам и да сликам на телефонот, е тоа не можам да сфатам. Шта је са мном? :D

    Се тешам со утре, или вечер, или ноќеска, или утре од сабајле, или утре вечер, ама не могу бре, не могууууууу. Јас зимам молив во рака, ми паѓа од раката од што не ми се држи ни молив веќе. :devil: Како мачката од аватарот сум, да можам и мисловно ќе куцам на клавијатурава :rofl: , да не ми се замараат рачињата.

    Јануари е месец на лежење, гледање филмови, дембелеење, јадење сарми и чоколатца и на пиење чаеви, а не знам како јас тоа се обидувам успешно да полагам испити, да слабеам и пази богати, да учам? :D Море сакам десоцијализација :devil: , само јас и филмовите односно сериите, па да испаднам крукчиња да вртам од досада, да лежам додека не ми помине цел ден во неправење ништо, и после да си направам нешто убавко и топличко, да види Аткинс шта је јело. :geek:

    Не бре не, каде со ваква мрза не ми е јасно. |(

    Ај чао, ќе ги гасам сите технологии околу мене. ]:)
     
    На Serafima, kravce, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  12. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Ми треба нешто вакво.
    На крајот од градот,
    Мала дрвена куќа,
    со поглед кон небо и ливади полни со шарено цвеќе,
    со голем мек кревет,
    со чиста,миризлива постелнина,
    одалечена од цивилизација и луѓе,
    далеку од се,
    наместо струја може да има 4 шарени свеќи на малото дрвено масиче,
    наместо вода може да има железна пумпа во дворот,
    наместо интернет може да има еден куп книги и слики,
    И бидејќи страв ке ми е сосем сама,..може и тој да биде со мене.
    Да ме гушка цела вечер додека лежиме и гледаме во sвездите.
    Јас и тој во тишина...

    :geek:
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, kravce, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Delta2

    Delta2 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    3
    Читам и како да збориш за мене во приказнава. Преубаво :)
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дури сега свакам некои работи :!:
    кога за прв пат комуницираш со некоја личност-особено ако е машко доволно е само да го слушаш
    сам ке си открие за себе повеке отколку што може тебе да ти текне да го прашаш и нормално ке го запознаеш подобро, и ке сватиш со каква личност си имаш работа побрзо од колку што тој може да те свати тебе :)
     
    На Hayley и MerlinMonro8 им се допаѓа ова.
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Моментот кога ја земаш книгата од која си учела континуирано 2 недели - за да повторуваш, ја отвораш и мислиш дека си земала погрешна книга! :tmi:


    Fuc*enless! :rock:
     
    На martinuska, Allthatglitters21, Mrs.Cuper и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Не одолговлекувајте врска која е осудена на пропаст!!!
     
    На martinuska, EleMental, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    6.778
    само кога би можела да те послушам ама не сум доволно силна да ставам крај на ова мачење.одамна се обидувам да спасам нешто што поминало и само го одовлекувам крајот.
     
    На Angy.g и Barbie20 им се допаѓа ова.
  18. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Неможам да разберам како луѓето престануваат да се трудат откако ќе постигнат некоја одредена цел. Веќе неколку дена размислувам за тоа. А сега, почнав да се прашувам дали всушност тоа е таа цел, она што е сега, она што е постигнато до сега? Па за таква цел не вреди да се бориш, најискрено.

    Односите се ладат, па и јас веќе немам желба да се трудам и да пробувам. На мој начин, но сепак се трудев. Во ист правец, но оддалечени, на различна страна. И неможам да кажам дека тоа не ме боли, напротив, ужасна е оваа болка. Со или без причина, не го занемарувај фактот дека таа постои.

    Уморна сум грижејќи се за своите чувства.

    Да ги симнеме маските на среќа. Чувствувам други луѓе, други карактери, осамени...
     
    На Serafima, kravce, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Значи преку НЕА ми е више од лицемерни колеги. Аман бе ко да не се луѓе тие, ко да се од друга планета Планета Идиотизам.
    До толку да не може да се каже кога се има испит, што како за материјал? Па да бе тешко е знаеш, посебно кога некој те гледа ко конкуренција... Абе оди ајде .

    За таквите само
    [​IMG]

    [​IMG]

    И после : Ејјј абе тебе ти иде ова, ке можеш анализите да ми ги објасниш ???
    - Ох, секако драга :angel: :devil:
     
    На martinuska, EleMental, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Сдк, дечко немој да мислиш дека можеш да ми ги тренираш нервите,
    ако мислиш да ме подлижуваш на тестови за тоа како реагирам во одредени ситуации гадно си се за**** можам мирно да се свртам и да продолжам понатаму.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.