Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Денес ми се згади од Швеѓаниве, оперирани од чувствителност, дете негде 13/14 години, не знам оти се загледав одалеку во него, може дека ми беше многу слабичко, душа се натоварило ранец и плус една кеса полна книги, и само видов како му се грчки раката, му се заврти главата на страна и падна од тротоар на улицата кај што поминуваат коли.
    20 души имаше минимум дека се враќаа од работа, сите го одминуваа и го гледаа како да е најодвратното нешто во светот, а некои со замрзната ебано ладни лица.
    Со другарка ми само го излековме на тротар, и јас му ја фатив главата да не ја удира од асфалт оти очигледно беше епилептичен напад.
    Очите му дојдоа во нормала, ние му збориме на англиски очигледно на сфати, му се ослободи телото и го дигнавме и собравме книгите и ставивме во кеса.
    Засрамен беше, едната страна му беше скроз кравава и јас и Сагар лом, рече дека може сам да оди откако виде дека не сме од нивните се заблагодари на англиски и отиде. Луѓе ми се плачеше се потресов многу и сега не можам да се смирам, еден да застанеше со кола да се понуди, или маж некој да го придржи, да ти им се плукнам луѓето, не треба да постојат такви глупаци, детето сосема средно, културно, зениците баш му го погледнав бар знам да препознаам кога некој користи нешто.
    Коога почна да се движи сфатив дека куца со едната нога.
    Срцево ми се кине, и не да ми е во мисли, се надевам дека е во ред.
    Се молам да е во ред.
    Една од причините дека не ги љубам скандинавците, нивната себичност, незаинтересираност и ладност, знам дека не се сите, ама ова што го видов денес ме згрози.
     
    На Monna.Monna, Nati.P, Sexybaby86 и 44 други им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК.... со господ напред утре или задутре мојот soldier ќе биде во мојата прегратка, сепак ви благодарам на големата поддршка од сите вас. На прекасните постови во последниве 48ч. Девојки не сте ни свесни колку ми значеше тоа што се прочитав. ;( Мило ми е што знам дека не сум била сама (го знаев тоа но сега гледам дека било и повеќе отколку што мислев), ви благодарам за се... радо сега би набројала некои феминки, но ќе биде грев ако некоја испуштам. Се извинувам ако бев досадна, ако бев напната ако лутината и бесот го исфрлав овде, извинете :doh:
    И овие солзи,непреспиени ноќи полка во градите, моменти кога не знаете ни како се викате од што сте изгубени...не му ги посакувам ни на најлошиот човек што се вели.
    :) Имаше само едно нешто позитивно од оваа скоро 7 месечна оддалеченост од дечко ми, е тоа дека и по скоро 7 години како сме заедно, сето ова не е само ете врска како врска со љубов, туку и нешто многу посилно (повеќе) сеуште гори се посилно и посилно онаа љубов што се роди одамна. И досега сум знаела дека ме сака и се, ама сега сето тоа многу повеќе се гледа,колку и јас на него му значам :inlove: (не дека до сега не сме се сакале и не сме знаеле, туку сега се повеќе ти е јасно колку е тоа посилно од тоа што сме мислеле)
    Нека секоја од вас го доживее овој пламен на љубовта и никогаш бог да не ве раздели.
    Уште еднаш ви благодарам за се...! :hug:

    И знаете што?
    :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, Nati.P, Saya и 32 други им се допаѓа ова.
  3. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Местово би било мнооогу поубаво, ако некои личности, одеднаш, едноставно исчезнат. |( :angel:
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Наслов на статија: Како побрзо да ја излечете настинката.
    Следува:
    Пијте многу чаеви и течности.
    Ви треба одмор, спијте доволно.
    Излезете малку на свеж воздух, многу добро ќе ви годи.
    Ако не ви е подобро посетете лекар.
    Чао.

    You don't say!?
    Колку да се напише нешто |(
     
    На kravce, Ognenija, Bright и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.105
    Допаѓања:
    179.421
    Пол:
    Женски
    Опаааа... бурен ден ... ама го фатив денов значи... |(
    Уште не освестена веќе бев на нозе и трчав да завршам некои работи низ град.. се сретнав со доста луѓе, нормално пожелни и непожелни.. за подочњациве се грижи инсомнијава овие неколку денови и тоа добро се грижи да ја пофалам :doh: ....дождов ме избања, и покрај тоа ми намигна секој можен физички работник низ град, а и по некој таксиста :envy: каква величествена сопка на прав пат имав..притоа многу луѓе видоа...аххх има уште многу ама ќе го задржам останатото за себе -.-''

    Меѓу другото.. денеска напраив работа за која цел живот викав никогаш, и уште еднашка си докажав на себе дека никогаш уствари не постои !!! ...зошто секогаш ИМА понекогаш !!
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    СДК Си го сменив аваторот :lol:
    Конечно најдов слика која ми се допаѓа и ми одговара на никот ;)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК со сила убавина не бидува, а ниту пак е оригинално, само бледа копија.Со тоа џабе патот кон нешто што не е свое.За да има нешто човек треба да заслужи, иначе џабе китење со туѓи перја.
     
    На LOmikol, Serafima, Micheleljubov и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Мирно море никогаш не направило искусен морнар! Затоа не се жалите на проблемите во животот. ;)
     
    На ViktorijaMari, Rubiii и Yowannty им се допаѓа ова.
  9. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Се ќе се смени во еден миг, сите соништа, планови. Еден збор е доволен да не убеди, свртуваме нова страна и одиме понатаму..и постојано така.
    Себичноста постои, но човечноста е посилна..само ние во центар на внимание го ставаме лошото и постојано критикуваме а не оставаме простор за пофалба...
     
    На Angy.g и Yowannty им се допаѓа ова.
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Како би знаел што е пријателство кога никогаш не си работел тимски?
    Како би знаел што е понижување, кога никогаш не си утнал на сцена?
    Како би знаел што е паника, кога никогаш не си видел стотици луѓе пред себе кои се во исчекување на твојот настап?
    Како би знаел што е среќа, кога никогаш не си ја почуствувал магијата на громогласниот аплауз после настапот?
    Како би знаел што е живот, кога никогаш не си заиграл?

    СДК - Танцот е мојот живот! :l: :l:
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, kravce, Shelea и 10 други им се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Денеска си посадив собно цвеќе. Иако не е сезона за тоа.
    Знаете, онака не ми дава срцево да го фрлам цело цвеќе бидејќи иако повеќе е исушено има мал дел кој е прилично ок. Е тој дел го чував неколку недели во вода и пушти нови коренчиња и денес си го ставив во саксија.
    Имам опсесија да враќам во живот се она што е уништено. И многу често ми успева. А многу малку е потребно за тоа - потребна е само ЉУБОВТА.

    Мене ми е најпрекрасно кога сум доближена до Брадосаниот. Кога легнати се гледаме во очи и си се смешкаме. А и кога ќе му ги видам тие двете вени на неговите силни раце инстантно се попалувам. И му ги бакнувам и бакнувам и бакнувам до бескрај.
     
    На Serafima, kravce, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Дечки намерно го ставам овде линкот за да го видите, значи ова е сајт каде можете да слушате курсеви по одредени професии без пари, а си добивате сертификат за тоа, пробајте.

    https://www.coursera.org/
     
    На Serafima, 1209, kravce и 23 други им се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Доста интересно дури и за програмски јазици има курсеви ( а многу се скапи онака ) ама да не има некој скриен трошок или замка некако ми е too good to be true . Си посетувала ли некој курс од тука ?
     
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ќе посетувам, имам колеги кои ми го дадоа, а веќе имаат слушано, и се бесплатни, затоа и го споделувам..
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Одмна немам видено тука нешто корисно како ова , ти благодарам :bow: . Мислам дека е маркетинг трик да привлечат повеќе луѓе и да стекнат популарност а потоа ќе наплаќаат . Затоа не губете време искористете додека е бесплатно :D Сега ќе чачкам да си одберам курс :D
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Кога бев дете, прилично се плашев од се и сешто. Не бев ко оние деца, со клуч околу врат, оставени на улица од јутра до сутра, па средината ги воспитуваше и беа јаки уште од мали. Не се плашеа од никого и ништо. Им завидував на смелоста.
    А јас? Такво, муле да не речам :D Мирничко, нежничко, абе ни топка не знаев да шутнам ко што треба. И народна мразев да играм затоа што се плашев дека ќе ми ја шибнат топката јако и дека ќе се скршам. Хипохондрично створење од мала значи, ау! |( :D

    Татко ми беше на терен во јужна Македонија. И секогаш кога за викенд се враќаше дома ни носеше работи кои мене ми беа сеуште непознати. Како на пример, трски. Мајка ми веднаш ги средуваше за украс, ама јас учев. Отварав учебникот, па ги гледав, ги пипкав и си велев у тиквава - ахааа, трски! Вистински и тоа! :D
    Па ми донесе желкичка, една мала, убава, мх мх. Да се стопиш. Го допирав куќарчето за да видам какво е. И го галев главчето кога и да „излезеше“ од своето дома. Интересно ми беше.
    И еден ден ми донесе лилјак. Не можам да ви опишам како ми се стресоа сите коски на телово кога открив, дека во тоа мало кутивче од кибрит се крие лилјак. Киднав мислиш вампир ќе излезе од таму и ќе ме апне :D
    Па ме викнаа пак да се вратам во дневната. Татко ми ми рече, се сеќавам, не се плаши, јас го држам нема да летне не се грижи. Сакав да видиш и вакво нешто.
    Полека, на прсти се приближив.
    - Ама сигурно нема да го пуштиш?
    - Нема!

    Му ги видов забите, дури и го пипнав за да почуствувам какво е на површина. И повеќе не се плашев. Вечерта го пуштивме да си летне.

    Сакав да кажам уствари, дали се работи за лилјак, или за некоја работа во животот која ме плаши, секогаш ми било полесно, да киднам.
    Ама кога ќе соберам храброст да се соочам со истата, е тек тогаш чуството е преубаво. Повеќе не се плашам. А да живееш со непотребни стравови, пак не иде.

    Не дека денес ми се случи нешто уау големо, ама па страв ми беше бе па :D Дури во еден момент размислував да си се ставам у рикверц и да си речам - друг пат.

    Чисто ко паралела. Дал се работи за големи нешта или мали, многу помага кога ќе си речеш, мечка страв, за мене аспиринче во џеб, па ако боли, јбг - ќе преболи.
    Ова аспиринчево, буквално или метафорично, како љубите така :)
     
    На do-re-mi, eli25, Monna.Monna и 25 други им се допаѓа ова.
  17. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Уф, долго време ме немало овде...ама ве читав. На кратко...
    Банско си поминавме најубаво, нај. Среќно лице :wasntme: . Потоа цела недела со братучеди..па..Скопјееее, на гости. Се изнашетавме, си купив многу работи..и така.
    Училиште...почна. Уште не поминале целосни два дена мене ми се виде 2 години :fubar: .
    И така..од сега помалку активна, имам мноооооогу за учење.. :emo: .
    И најважното за мене овој период. Во четврток ми е роденден, златна 15ка.

    Останете во убаво расположение..:hug:
     
    На Someonespecial, ana-girl, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Другарка ми дури кога бевме малечки ми кажуваше Ричи, тоа што не го знаеш нема да те повреди.. Замислете на 12-13 години тоа ми го зборуваше. И донекаде е точно, но барем кога ја знаеш вистината ќе се научиш да живееш со неа, а не така да се навикнеш на лаги па да паднеш дури и подолу од дното, ако постои такво место.
    Ме излажаа денес, блиска личност. И многу ме боли што толку убедено зборува, лаже, а мисли дека верувам.. Не е убаво...
     
    На Serafima, kravce, Ingvild и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    СДК преку глава ми е од лаги и криења :@ :@ :puke:
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Полошо од мамрулак од пиење, е мамурлак и подчњаци од сесија и од учење и неспиење.
    Се преспав денес зашто 4 дена споев по 3 саати, и сега умирам...
    Ах, имало бетер од главоболка од пијанчење, имало...
    Колку сакам да бев мамурна од пиење, колку само посакувам, пуста јас.
    Е ова е трагедија на животот.
    Уште да одбројувам ми фали...
    Ај вант мај лајф бек :(
     
    На La.Reina.Del.Sur, Heleny, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.