Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.702
    Допаѓања:
    253.483
    Ги гледам турскиве серии и се чудам колку се бајковите и нереални, а луѓево кај нас слепо ги гледаат и се тема на муабет, секаде, па дури и во судниците и ординациите.
    Помеѓу судии, доктори, професори, домаќинки, сеедно, ги гледаат буквално сите.
    И се прашувам зошто? Заради содржината? :^)
    Не ќе да е!
    Девојка, со нечупани веѓи, облечена како парталка, е преставена како убавица, го осовјува срцето на убавиот милионер, кој реално може да ја има и Лима, ама не тој се затрескува во Аси, која сигрно го заслепи со своите шамии. Според ова убав, згоден милионер се наоѓа на нива, строго со шамија на глава, нечупани веѓи и бонус брк |( .
    Друга приказна, секако постои некој завет, заклетва, што и да е, ама типот мора да се ожени со жената на братот. Сите се богати бизнисмени, имаат холдинзи, ама имаат и душа, па затоа секогаш се заљубуваат во прости и сиромашни девојки. А може и по некоја случајност да се најдат во иста куќа, да живеат заедно, како Еда на пример.
    И така во недоглед...
    Приказни еден куп, воглавно сведени помеѓу двајцата херои од сериите.
    Ете девојки гледате, еве вака се заведува убав и згоден маж. А не вие чупате веѓи и депилирате интима. Сега кога спомнав, се замислив, па кој знае какви се таму доле. Знам, природни! :D
    Сериите, логични или не, јас овде можам да шлапам колку сакам, ама кај нас масовно се гледаат.
    Ќе ве излажам ако кажам дека и јас не ги гледам. Ги гледам, немам избор, кога се пушта глас за подобро да се слушнаат воздишките за заљубениот маж. И за сите знам и читам овде, па потоа сум како најфраерка тетка која пред сите знае што ќе се случи со Аси, Ферит и Хурем :geek: .
    Ах народе, серии велите, ами пратејте од тоа принцовите ваши, ако не. И една баклава ^_^ .
     
    На fashionbaby, Monna.Monna, ludoto19 и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Да се запознаеме.
    Јас сум таа која што ...
    колку и да е полн бољерот со вода, последното плакнење при бањање го правам со мраз ладна вода.
    Шта чу кад волим да се купам.
    :emo:
     
    На Monna.Monna, 1209, kravce и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ах Љубам бељи ми правиш, сите ги сакам ситеееее :devil:

    Во контекст на ова, сериозно ми треба планер или бележник некаде да си ги запишувам идеите и одложените планови, бидејќи си летам си летам и кога треба да почнам со нешто секогаш излегува друго нешто кое е поприоритетно во моментот.
    Вака ќе си направам ако ништо друго, список со идеи и цели, ама се си мислам дека животот е краток за овие моиве. Барем времето да не ми лета за непотребни работи.
     
    На kravce, Ingvild, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  4. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Лелее у Радовиш се шо се изнаслучувамо аа јас ништо незнам..ОМГ..Најпрво сакам да кажам БРАВО за радовишанките, дека многу напредуват!! :clap: :clap: :clap: |( И еве пред некој ден имало свадба..Некое моме 16 години се венчало..Зошто?? Па да..БРЕМЕНА Е!! Бравооо.. |( 16 и бремена..ОМГ..Ама не е единствена има и други момички исто така немат ни 18 а веке деца имат.. :fubar: е тоа е.. Неможам да сватам, некои момички толку брзо пораснуват.. Ама ако това е нејзин живот.. И сега радиват се дека се венчале..Шо брак ке беше това 16 и 17 години и венчат се?? И после едно 5-6 години гледаш разведуват се.. Еее да.. |( Иначе и за убиството шо се случило у Рад..И това и мојта маала :worried: Да ти е страв да поминеш по улицата да не те нападне некој.. |( Уште шо нема да слушнам :x
     
  5. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Цела зима ја минав боледувајќи. А ќе оздравам, ќе минат 2-3 недели ете ме мене пак болна |( и еве сега пак се разболувам, кашлам бајаги веќе 3-4 дена.. Си се тешам ќе ми мине само по себе, ќе ми мине.. ама некако слабо ми минува. Нејќам на лекар да одам, само што почнав со школо, нејќам сега пак дома цела недела да седам.. Знам дека е здравјето пред се ама ете, инат ме фати несакам и несакам да одам на лекар и крај. Ја знам таа мојата, одма ќе рече дома да седам и да не мрднам |( аман веќе вака секоја зима.. Не бре брате, неможе јас асално една зима да ја поминам, што имунитет ќе имав еб*го :envy:
     
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    17.271
    http://a1on.mk/wordpress/archives/89183 ... I.facebook

    Е денес на историја слушав како за 20 години децата ќе учат по историја за СДСМ како ја предаваат државата, и како од нив ќе пропадне државата. Мене притисокот ми го качи, со кое право он тоа ас ни го кажува еееј. Мислев да се расправам ама си преќутав. После школо и викам на другарка ми колку се гледа дека е вмровец, секој збор му беше дека сдсм се најголемите предавници и дека не треба да учеме од книгата пошто маршалот Тито си ја пишувал по негов кејф. |(
    на брат ми преска после школо кога му кажав, колку се изнервира. Вика требало се шо ти лежело на душа да му кажеш, ама Памела ќутее.
    Сеа имам и уцена, ако дојде некој од министерство да кажам дека ова не е точно. |(
    Уште еднаш браво за тој шо се изјаснил убаво.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Прашај ги бабите на колку години ги родиле твоите.
    Плус, факт е дека не во секое населено место образванието, културата и однесувањето може да се на исто ниво...
    Не оправдувам, меѓутоа не можам да осудувам.

    Инаку, СДК дека сум во опасен ПМС и градите ми се толку отечени, што мислам дека од сабајле ќе ми станат колку целава планета, а сега веќе можам да работам како обезбеџење.

    http://www.youtube.com/watch?v=io4wfOOt-pY
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.350
    Ритуалот на облекување овие два дена ми е како на оние магионичарите што се ослободуваат од стрејт џакет, како и да му е името, ама во врати лента стил. Облекувам хулахопки теглејќи со едната способна рака додека скокам околу креветот како на трка во вреќи, и додека се загаштам кардиоваскуларно се осеќам како маратон да сум трчала. За среќа измислил некој спортски градник што се облекува преку глава без закачки и закачалки, па не летам гулаби(врапчиња де) по цел ден. И типкањево со една рака се сведува на типкање со еден прст. Нема левучари и десничари, дверачари сме биле. :!:
    Друг пат кога овие што кажуваат какво е времето кога речат облечете се топло и пазете се додека одите по мразот, нема да им превртувам очи.
     
    На AIT, Miss.Ricci, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  9. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Сакам на некои фаци да им кажам "кој ве ебе" ама страв ми е да не почнат да набројуваат,немам толку време. :!:
     
    На kikav и Lepaaa им се допаѓа ова.
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Денес се изначитав прекрасни постови, онака топли, абе со мерак ги читав. :)
    Мило ми е што ситуацијата се подобри, од замрена, ова е стварно добро.

    Предупредувам дека мојот пост, и денешен, и утрешен можеби, и за некоја недела, месец, не знам колку време, ќе биде тажен, забеган со емоции и оние што си се осеќаат среќни, нека не ги читат, не сакам да расипувам расположение. Моето е лошо, не мора ничие друго да биде такво.

    Имам чувство дека некој ме чита на форумов, не знам од која причина, али мојата интуиција е заебана работа. Али ми е гајле, решив дека кога веќе нема никому да му се жалам за мојата мизерија, овде да си ја испразнам. Овде ќе цмиздрам, али кога ќе ја затворам темава, ќе се смеам и нема да мислам на се она што ме измачува.

    Поминаа неколку дена без негов бакнеж.
    Дури ни од сожалување, еден последен, не добив. А и не знам ни дали сакав. Некако ко цело време да сум се спремала за тој крај, али кога дојде, ме фати неочекувано и неспремна. Сфаќам колку само една личност може да те уништи накратко, а може и на подолго време, зависи.
    Секое нешто што не не убива не прави посилни. Да, може е ова точно. Али секое нешто што не направило да се чувствуваме лошо, мизерно и повредено, остава лузна бе луѓе. Не повредува. Веќе сме го осетиле тоа, го знаеме тоа чувство. Посилни да, може и подобри, али понеранливи не.
    Многу пати сум си ги сопирала солзите во автобус, кога ми било тешко, од било која причина. Ми биле на потекување, некогаш и потекле. Не знам дали некој ме приметил, дали некој се запрашал оти сум таква. Јас се прашувам за другите инаку, претпоставувам дека повозрасните се тажни ради работата, или децата им се болни, помладиве ради љубов ... Си смислувам приказни, али не знам дали мене некој ми смислил. :^)
    Денес една девојка во бус, го отвори новчаникот и имаше слика од дечко и веројатно ... И јас се сепнав. И јас имав до пред некое време. Таа има слика во новчаник, значи има некој и во срцето. Јас немам слика во новчаник, меѓутоа тоа не значи дека немам некој во срцето.
    Секоја ситница мора да ме потсети на некои спомени, и така ги имам доста во станот, не знам и не сум решила што да им правам уште. Да ги фрлам ли? Или да ги напикам сите во некоја кутија, да му го пишам името и да ја чувам долу во шкаф. :|

    Реков што е најлошото. Што не можам одма да се отарасам од него. Ќе боли многу наеднаш. Затоа ќе боли многу пати, али постепено. Белким накрај воопшто нема да боли, ќе можам еден нормален муабет да направам со него, без да го гледам ко што сега го гледам.
    99% сум сигурна дека нема да ми успее ова. Ќе плачам, и ќе плачам, и нема ништо да се смени. Е тогаш, ќе мора да се отарасам, оти ќе нема друго.

    Овие две песни секогаш ми ги вадат да кажеме сите скриени стравови, она што знам дека нема да го имам и тоа што се плашам дека може да го добијам.
    Првава ја слушнав пред може година, одма заплакав. Не знаев кој ми недостига, за се што поминало и за што следува во иднина ... Некој ми недостигаше, или нешто. Или мелодијата ме погодува, не знам.
    Сега песнава ме боли до коска.
    Така ми недостига, што е невозможно болно тоа да го пренесам во збор овде.
    http://www.youtube.com/watch?v=VW1e3DNJT58

    На вторава плачам од мала. Посебно кога и спотов ќе го видев.
    http://www.youtube.com/watch?v=PASYe-SrdqE
    Не знам како може некој да остане рамнодушен на ритамот, на тага што мислам дека е преточена во мелодијава, на зборовите што секогаш, без исклучок ме тераат да пуштам некоја солза.
    Ех да имам, ко што немам ... среќа во животов.

    Единствена среќа ми е семејството. Само за нив во вакви моменти одлучувам да станам од кревет, да учам за клетиов испит, оти секој можам, али нив нема да си дозволам да ги разочарам во животов. Затоа, ќе гледам да читам додека можам, јасно ми е дека цел нема да го научам, али за една 6ка белким ќе има. Ќе читам за да не зјапам во ѕидот ко теле секој ден, да се присетувам и да паѓам во мали депресии.

    Јануари, трета година по ред си ми најлош месец во годинава!
    Тоа е некое чудо, не знам. Али после тебе, следи подобро, знам.
     
    На Buttterfly, Serafima, 1209 и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Супер е ова, ама мислам дека сертификатите се плаќаат. Така барем прочитав на Wikipedia :?:
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Шмизло јел си то ти озбилна?
    :D
    А бе деца деца, да ве јаде меца, ама у буквална смисла на зборот, шо фајде од вас, нема потенцијал за о младина :D

    Учам, учам, само учам, сабајле спиена по 2 - 3 часа, кафето не го осеќам, грлото со денови суво, желудникот го расипав од џанк храна, шо стигнам тоа јадам, од дома брзам со мокра коса накај факултет, од факултет брзам дома, да одморам и за 3 4 часа пак да седнам да учам.
    Главата ми горе, телото ми се тресе, сто пати сум рекла ќе учам на време, ама зар постое некој шо стварно тоа го праве?
    Знам дека сите си го викаме, ама...
    Како да легнам да се одморам кога на пола семинарска сум, и допрва треба да учам и повторувам?!
    Душата плаче за креветот, мозокот вика не! - Седи учи!
    Каде си пуст црни мозок пред два месеца тоа да ми го речиш, проклет да си! Ти си крив!

    Одам да се напијам парацетамол, ранитадин, витамин Ц и нешто друго успат ако ми влезе у око...
     
    На kravce, anabel-a, Ingvild и 7 други им се допаѓа ова.
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Moментот кога ке ги земеш старите џиш црвени кармини на мајка ти , ке се испонацрташ ко зомби,и ке го преплашиш твојот смотан мал брат што вечно ти оди на живци до тој степен што ке се лупне у врата-непроценливо 8) :lol:
    [​IMG]
    :D
     
    На Jagoda123 и Yowannty им се допаѓа ова.
  14. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Go razgledav sajtot i jas ,i kako da procitav deka se plaka.Sepak nekoj ako ima pogolemo iskustvo neka spodeli.,bidejki sum zainteresirana.Se rasprasuvav jas i doznav deka se plakaat ovie kursevi nekade okolu 200 evra i mozes da dobies diploma od svetski rangiran univerzitet.

    (se izvinuvam za latinicata)
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.407
    Допаѓања:
    287.136
    Чуствувам дека почна да ми се укочува вилицава од учење и пишување семинарски работи.

    Почнав да се налевам со кока кола за малку да го стабилизирам притисоков, па како последица ќе се кокорам цела ноќ.
    Кога човек ќе помисли дека конечно е готов, се е убаво напишано и да почнува да штампа приметува дека сепак мора во пдф да конвертира. Ај си реков ништо страшно минута работа, кај толку мака уште минутка две плус минус не прави разлика.

    Ама моите минутка две испаднаа 3 саати :@

    Упорно едно стои во ворд, друго во пдф, и автоматско принтаното испаѓа сосема поинаку. Вечно некоја реченица е на погрешна страна. Ај тоа туку и страните сум ги испуштила кај некои извори(според она харвард референцинг нели треба да ги наброиш) па наново барај, менувај список на литература.
    Иштампав неколку пати, и се на некоја страна некоја точка или запирка ми фали или ми штрчи... :envy:

    И така то, дуро пред саат иштампав, средив и спакував во ташна за утре да ја предавам.
    За останатите 4 испити и 4 семинарски во наредниов 1,5 месец ич не сакам да мислам. Ми се враќа укочувањето на вилица па ќе треба пак да се налевам со кока кола.

    Ама на сета мака си се изнасеав на паметот.
    Малиов мој е по е-беј активен, купува продава ствари...од кај го знам пто прави.
    И прееска иде ми вика имаш ли алишта со етикета(а кај мене петтина од плакарот со такви необлечени алишта :tmi: ).
    И со блокираниов памет мој, под влијание на вишокот и дефицитот на запирки во семинарскава си реков леле вој мене алиштенцата ќе ми ги продава :rofl: :rofl: :rofl:

    И јас онака со скепса и недоверба потпрашувам а што ќе ти се па тебе моите алишта.
    А он- ми треба, и почна да буричка во плакарот.
    И оп најде некои, и зеде слика таму нешто.

    Паранојава моја се засили а и вилицава почна да ме врти. Си реков готово, отидоа алиштенцата, на е-беј ќе ми ги стави.

    Се пуштив по него, да се карам спремна.

    А уствари му требало примерок од етикети за проект кој го дизајнира, па знаел кај мене гарант ќе најде барем неколку модели :rofl: :tmi:

    А јас така лошо мислење за човекот.
     
    На Monna.Monna, anuskaNESTLE, Sexybaby86 и 23 други им се допаѓа ова.
  16. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Во дневна соба често преовладува тоа носталгичното. И незнам зошто дојдов овде.
    Во позадина ДМсат , ја пуштаат Зоране..
    И ете ја носталгијата.
    Пишувам со насолзени очи.
    Зошто татко,зошто сеуште се измачувам со помислата дека те нема?
    Зошто неможам на момент да те заборавам?
    Зошто цели 10 години плачам по тебе?
    Зошто?

    ;(
     
    На TheCandy880, lunicka и Hopeful им се допаѓа ова.
  17. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Незнаев дека човек може да се чувствува волку празно кога не е вљубен!
    Едноставно не можам да најдам некој во кого ќе се вљубам или кој ќе ми се допаѓа.
    Се на се, дојдов до заклучок дека во некои моменти сум прилично осамена, ми треба некој ама пак во друг момент си велам дека ова ми се најубавите моменти во животот и треба да ги проживеам со друштвото..
    Нема да и се противам на судбината, ако треба да влезе некој во мојот живот, вратата му е ширум отворена :)
     
    На Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски

    Така децата ќе учат или веќе учат дека конфликтот во 2001 бил граѓанска војна , и дека Албанците се бореле за своите права бидејки биле репресирани и дека тогашните убијци се народни херои и борци за права . Историјата ја пишуваат победниците ...

    И уште нешто сега видов дека шмизла и вајлд чајлд биле врснички просто да не поверуваш :D
     
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Деновиве мирни,убави нтересни.Вчера се видов со една прекрасна личност која што ми го разубави денот и направи да се чувствувам прекрасно.Со неа се посмеавме,си кажавме по некој збор па дури и дождецот не фати и така сега со топло чајче и шмркливо носе ви пишувам ама сепак вредеше :D.
    Бебушот е секој ден се подобро и подобро,ќе биде верувам :).
    Вечерва со едно малечко детенце се изнаиграв и ме изнасмеа како никогаш до сега.Едно миниче ме учеше да играм шах :D ,шах бе и ми е мило што не си го замара мозочето со фејсбук игрици и што не е 12 часа во денот на компјутер па се заморува и мисли само на тоа како Миле е појак од него во некоја игра туку се развива интелектуално со вакви игри.Тоа детенце мисли на својата симпатија,мисли на тоа дека и другарчето му ја превзел симпатијата па двајцата здружени ја бранеле од некое дете кое што ја тепал.Се договорија со чичко ми утре да одат заедно на школо и да го запознае со новата учителка која што повеќе ја сака од претходната :D .Душа бе,ми го разубави денот ептен,сега од ко подпорасна малку се прави важен и не доаѓа толку често кај нас како порано,сега бил голем.Ќе биде важен до на лето се додека со чичко ми не копат низ дворот ,си има и свое малечко лопатче и додека не дојди и со милозвучен глас не ми каже Илииии ќе ми скиниш јаготки :wasntme: ете баш вакво е :D.Ептен си го сакам то мало чоече и ми е мило што не е навлезено во светот на технологијата туку расте и има детство како што ние некогаш имавме.
     
    На Monna.Monna, AnaKarenina, Serafima и 15 други им се допаѓа ова.
  20. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Кога ќе видам Фемина хороскоп за нареден ден на фејсбук, знам дека поминало 12 саат, време за спиење :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.