Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    СДК ужасноооо досадно е на физикаааааа :( Спасете нее...лелеле денес иаме Бал На ВАмпиритее... :devil: :devil: :devil:
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Душава ми плаче,ама ни солза неможам да пуштам.Собирам,собирам и собирам.И само размислувам.Сакам и се надевам дека што побргу ке помине овој лош период,а и знам дека е потребно многу,многу време.Ке чекам за да заборавам се.Несакм на овие години толку да се нервирам и да сум ваква,ама чувствата се посилни од мене... :)
     
    На Angy.g и Barbie20 им се допаѓа ова.
  3. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    СДК дека ми е досадно. :D :wasntme:
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК....големо благодарам до сите вас.... :)
    Искрено претходниве 6,5 месеци не бев асално/мирно наспана...ама последниве 2/3 ноќи ИЧ не бев спиена, був изигравав. Од сабајле 100 информации тргнале не тргнале, одложено не одложено, одложено ама 2 саати, е не до попладне....абе главата турли тава. За на крај да дознаеме дека всушност слетале на аеродром. Како за беља никако не можев да го добиам на мобилен од што имаат обврски и процедури...пукнав од мака. Дури после саат и пол ми се јави (ама од тие 300 протоколи таму и нервози) буквално го осетив на глас не е тоа тоа, леле срце ми се скрши кога фатив да плачам мака ме пукна. Е после откако чув од брат му, мајка му и сите други дека и со нив така реагирал на мобилен се смирив.
    Здравје од бога утре ќе ги пуштат, сигурно ќе сака 1/2 дена одмор, и после убаво ќе си се изгушкаме. И ќе ви пишам. :inlove:
     
    На Monna.Monna, ilipili, Veki4kaa и 54 други им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... сериозно им се чудам на луѓе што имаат огромна и очајна потреба да се дружат со колеги и колешки од работа, ПОСЛЕ РАБОТНО ВРЕМЕ.
    Се чувствувам како асоцијално прасе (што не сум), главен намќор (што не сум ич), или евентуално незабавна личност (што не сум ич на куб).

    Оооо, зошто ја имате таа потреба, објаснете ми, се гледаме секој ден полни 8 часа интензивно, толку не ги гледам мајка ми и татко ми, и помеѓу тие 7 часа сон, и час на фитнес, и пола час во вц, и пола час што ми оди во јадење, зошто мислите дека во остатокот од 7 часа во денот кој трае скромни 24, сакам да ги поминам повторно со вас?
    |(

    Значи не можам.
    Си имам милион други попаметни обврски и планови и идеи како да се релаксирам и да го поминам тоа малку слободно време.
    Дали се тоа луѓе кои си немаат ќорав пријател, си немаат идеја што со себе, си немаат живот бре?
    Да, тие се.

    И не сакам да слушнам приказни за колегијалност и пријателство, со причина се викаат колеги, а не другари.
    Мајка ми ми е поголема другарка од тие гускички таму.
    |(

    Уф, ќе си најдам ли работа со асоцијални створења некогаш?
    Каде што работата ќе биде стриктно РАБОТА, а не целодневна дружба?
     
    На Monna.Monna, Springy, Annath и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Ете така бев денес на лекар, имам бронхитис.. |( Цела вечер неможев да спијам од што кашлав, неможам ни да јадам од што ми е разрането грлото.. Многу лошо се осеќам, луѓе немате претстава :worried: :puke:
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.732
    Допаѓања:
    104.933
    Пол:
    Женски
    Ја ви се пофалив демек ќе идам у салон на маникир, живи цепки. Не нагласувам кој салон беше, нема смисла нели, само ќе си речампа добро од Групер беше купонот што сакам и јас па :?:
    Прво цурата ми ги стаи рацете во едно пластично канче со топла вода во кое ми беше ужасно неудобно да ги држам рацете и внатре ми стаи етерично уље, оние од Сева што се. Ми постојаа додека она миеше чаши во вц и дојде да ме среди, си мислев којзнае што ќе праи, еден куп дрангулии извади, прво едната рака ми ја средуваше, ме пофали сум немала кутикули, убави ми биле ноктите, почна да ме турпија, ај си викам може не мора да ми ги сече ноктите, кратки ми се, ахам, сите различни ми ги напраи, еден со еден у линија немав. Одбрав од палетата лакови кои на мојата палета не може на мало прсте да и се фати, една десетина немаше, сите од пазар и тоа досушени, дотрошени и никакви. Почна да ме лакира и виде дека не и иде, и текна одоздола да ми стаи база. Ај додека се сушеше базата да ми ја среди другата рака, забораи да ми ги среди кутикулите, ај демек немам многу за средување си викам, па почна пак да ме лакира, а лакот луѓе, се собира и се тегне ко мастика. Ми ги направи ноктите и ми стаи уље на кутикулите едно, ми го разлеа лакот, па почна да поминува со прстите по ноктите и ме ушлака уште толку, ништо ми вика ќе ти се изедначи :?: Луѓе мои, поголем непрофесионализам не сум видела, жива глупост, па мојата палета брои повеќе лакови, повеќе турпии и алатки за маникир. Во купонот пишуваше дека има и масажа на дланка, ви се верува дека ми ги намачка само рацете со млеко за тело? И еве ме три саати не можам да го отргнам овој проклет мирис на лаванда од мене, сите бегаат од мене ко неарни. Фино лепо дома си се избришав, си се налакирав, си залепив некој циркон и мирна глава, патем си ги израмнив и ноктите. Правец утре на пазарче да си купам уште дрангулии и утре отварам салон, па има и ја да манакирисувам по багателни цени, барем да заработам од волку лакови во кутијава :D
     
    На Monna.Monna, Mrs.Bass, DeMelo и 13 други им се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.656
    Пол:
    Женски
    Сдк дека овој пост му го посветувам на ТАТКО МИ.

    Кога бев дете ке ме прашаа кого сакаш повеке мама или тато.Секогаш велев исто ги сакам и двајцата ама тато за ронка повеке.Најверојатно затоа што човекот од секогаш имал доверба во мене.А мене довербата ми е најбитна од се.Секогаш верувал во мене иако тоа не го покажувал.

    Многу се смеам со тој човек.Поготово кога играме табла и кога упорно ги лизга коциките и ме краде. :D Мисли стар е па ке му попуштам,ке се правам дека не сум видела како ме мота. Е нема ! Чесно ке играме , па нека победи подобриот.

    Сакам кога ке седнеме на ручек и кога ке ми стави пиво во чаша.Кога бев мала за него секогаш ке ставеше во нормална голема чаша,а мене во оние малине за ракија што се.Викаше-Голем човек пие од голема чаша,мал човек од мала. :D

    Сакам кога знае да ме изненади со некоја негова реакција.Кога положив за кола нормално ја земав да ја возам колата која е од дедо Ное.На 10 метри од дома ми прокува и тоа сред зимо на 4ти јануар.Бидејки предходно на диво му ја зимав и ја прокував 2 пати и при тоа ме караше,си викам леле како да му се јавам сега да му кажам што направив.Кој ке го слуша пак да вика по мене.И така доагам јас дома и уште од врата како да знаеше дека сум направила некоја глупост.Вика кај ти е колата.Јас со пола уста- пак ја прокував,и очекувам да почне да ме кара.Пресврт.Почна да се смее и уз смеа ми вика-Добро бе керко се ке разберам,ама да ти прокува кола сред зимо на ова ладно време стварно не разбирам.

    Го сакам татко ми.Не затоа што ми е татко,туку затоа што е прекрасен човек.Човек без кој мојот живот нема да биде целосен ако не е тој.Го сакам кога се смее со мене,кога ме кара,кога дебатираме за политика и не можеме да излеземе на крај па ке се скараме,кога ке заспие со наочарите на глава...

    Тато те сакам !
     
    На Lux, Moira, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Не ги сфаќам некои од луѓето, се радуваат на туѓата несреќа, а кога ќе дојде време на нивната среќа да им се радуваат ја туркаат, ја фрлаат од себе.
    Ало дај, свестејте се :fubar: !
    Ми е гајле живеејте си вие туѓ живот. Мојот не ви го давам!
    Поготово одредени фацки кога ќе зборувам за среќа, мрчат и ми велат чекај па и ти што се радуваш, рано е ова, почеток на врска е.
    Да не сум се заљубувала, да внимавам на себе да не ме повреди, да не евентуално ме изневери.
    Луѓе бе, аман веќе...
    Никој не ти гарантира дека дека одредена личност ќе биде со тебе до крајот на животот. Дури и мама и тато кои се 26 години во брак се караат по некогаш, имаат бурни периоди. Ама ништо од ова немало да биде ако мама не му дадела шанса на тато.
    И после се чудат зошто се сами!?
    Прстот на глава малку, ако не дадеш шанса на некого, нормално нема да знаеш дали ќе добиеш или ќе изгубиш...

    И се извинувам за мрчаторскиот пост, ама крајно сум револтирана од некои фацки кои ме знаат само 3 дена, а ги слушам имаат еден тон совети.
    Имајте убав остаток од ноќта, јас одам да бидам љубена :inlove:
     
    На kravce, Asja, Ingvild и 6 други им се допаѓа ова.
  10. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Не да се фалам, ама сите денес што ме видоа ми рекоа дека многу ми се убави новите фармерките, дека многу убаво ми седат особено во задникот. :tmi: :lol:
    Амии фала вии.. :* :rofl:
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.867
    Пол:
    Женски
    Се поболев...а таман пред некој ден си реков дека одамна не сум била болна.Јас ретко се разболувам, ама сега си ги чувствувам сите коскички и мускулчиња во телото, како мрднувам и тие ме здоболуваат.

    Него жени во животот не е најголемо понижување од страна на еден маж ако те изневери, ако те остави, ако се заљуби во друга...треба да научеме дека се може да се смени и дека колку и да мислите дека некого ќе сакате вечно или дека ќе ве сака вечно, има шанса тоа да не биде така.
    Но големо понижување е ако останете со маж кој не ве почитува, кој крева рака на вас, кој ве навредува, кој пропаѓа во животот и не прави ништо во врска со тоа туку ве влече и вас со него...големо понижување е ако смета дека вие сте играча со која може да си игра и да ја лепи милион пати откако милион пати ќе и го пукне срцето...Сите заслужуваме некој да не сака поради тоа што сме, да не чува и почитува било да сте девојки за подолга врска, било да пие само кафе со вас, било да се гледате од време на време или сте мајка на неговите деца.Ако не секоја, барем добар дел од жените заслужуваат подарено полско цвеќе, слатка порака на врата од фрижидер или комплимент за новата фризура, некој кој ќе им ги масира стапалата после саати поминати на потпетици или некој кој место неа ноќеска ќе ја промени пелената на бебето.
    Затоа немојте да се залажувате дека ако еднаш ве ударил, било затоа што бил изреволтиран, ако ви го свртел грбот кога најмногу ви требал да ви ги подари градите за да се потпрете на нив, било затоа што мислел дека можете да се снајдете сама...ако цело време оди од една на друга жена, а вам ви ветува подобри светови, дека ќе се смени откако ќе види колку го сакате...НЕМА.

    И јас се внесов ама така е...може не сум кој знае колку искусна со мажите и млада сум, ама колку толку научив од животов и знам што треба да има секој крај себе...

    Него друго, мајка ми ме гледа како се мачам да научам за испитот и како не ми влегува во глава, па вика, ќере дај јас да те научам тебе како се препишува :D Уф бе мајче знам јас, ама демек сакам да бидам поштена :angel: Ме остави да ги научам финтите и тркна да купи пудинг, за да го направи со сутлијаш, затоа отидов да јадам.Бујрум.
     
    На Lux, Monna.Monna, EleMental и 26 други им се допаѓа ова.
  12. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Ми се наполна срцето што германците изгубија од Шпанија - нека им е, да почувствуваат еднаш и тие како е кога судиите не се на нивна страна. :rock:
    А, најмило ми беше да го гледам тој
    свињата
    Хајнветер кај што му пукаат вените од сите страни.
    Како сум се смеела кога се залета да дава гол. Што се мислиш бе ти, Борко дека си, дека ќе даваш од гол в гол? Епа, не си! :emo: :D

    http://www.youtube.com/watch?v=yx06kmkw3ck

    Со цело срце навивав шпанците да победат, само за инает од германците.
    Правда, конечно!
     
    На DeMelo, ljubam и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  13. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Врие државата ни од плитки филозофи, лажни интелектуалци, погани усти!

    Млади и здрави, работоспособни и силни, а легнуваат и осамнуваат во занданите на виртуелниот свет! Студенти, чија главна преокупација е новиот хаштаг на твитер!
    Не оди бре луѓе!
    Битно е да си фаца помеѓу виртуелните подржувачи, иако 90% трескаат глупости и ни самите не можат да си дешифрираат што ли кажале. Ама, таква мода дојде, што повеќе неповрзани и надвор од секаков контекст зборови, толку поголемо фраериште! ...Пер, ти стварно?!

    Делувајте! Со дела и ум!

    Ми се блуе!

     
    На Monna.Monna, francais, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.732
    Допаѓања:
    104.933
    Пол:
    Женски
    У ПМС мрчам страшно, па морам и сеа, ви текнува најдоле на Фемина дека пишува 2009-2012 Фемина.мк, па одоздоле Сите права задржани, епа мало су се зезнули, 2013 сме :rofl: Мрчам простете ми, не сум ја крива хормоните се :?: Ајде идам ја да напраам какао, битно ми беше да кажам дека сум приметила дека нешто не штима ;)
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Убави вести од секоја страна.
    Некој слави, некој прави крштевка, некој го добива најубавиот подарок од Бог - долгоочекуваниот живот, по толку долго време и безуспешни обиди ... :angel:
    Кога ќе започне, навистина започнува.
    Се радувам за нив, воедно живеам и ќе живеам и понатаму со молитвата барем еднаш да го видам тоа сонце кое и мене ќе ме огрее. Се надевам дека тој сончев зрак од Бог и мене и на сите кои го очекуваат ќе не помилува.
    Им пуштам искрена молитва и голема среќичка на сите! Сите да го добиете она што го посакувате :l: .
     
    На shushu, CaperucitaRoja, Lux и 29 други им се допаѓа ова.
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Јас секогаш ќе можам сите да ги погледнам во очи, но мене многумина не ќе можат.
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Почна второ полугодие, почнаа и моите обврски.
    Маливе ученици мои не можат едно домашно без мене да напишат :tmi:
    Секој слободен момент го користам да им помогнам со решавање задачи, домашни по англиски, германски, македонски, биологија, природни науки... и мене на крај треба да ми дадат диплома. Уште еднаш си завршив основно, буквално целиот материјал си го повторувам :lol:
    Маливе дома во нивната соба имаат голема работна маса, со по четири фиоки. Пред некое време им ги сортирав фиоките за да бидат поорганизирани, бидејќи кога и да им треба некој прибор, не можат да си го најдат. Еднаш 45 минути ја баравме збирката со задачи по математика.
    Им ги обележав фиоките, им ги потпишав која за што е, за да нема збунки. Првата фиока е за тетратки, втората за учебници, третата за било каков прибор, а четвртата ја нареков Разно.
    И можете да замислите што се случува во Разно фиоката... патики за физичко, чорапи, штрафчиња, стари ужинки, потрошени пенкала, парчиња гума, нога од барбика... Хаос!
    Па ги седнав на двосед и им одржав едно предавање. Иако знам дека утре ќе биде иста приказна.

    Туку, Марфи сериозно решил да ме прогонува.
    Отворам фрижидерот, а внатре торта од слаткарница Марфи :^)
     
    На Monna.Monna, Springy, M.a.r.i.l.y.n и 24 други им се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    И покрај тоа што ми се полнат очи со солзи, од друга страна срцево ми е полно што слушам нови стихови испеани од него . . . :music:
    И џабе им се сите таканаречени хитови на овие што живуркаат кај нас, се е премалку, штуро и досадно. Немаат душа.

    http://www.youtube.com/watch?v=vKh4o4bF ... e=youtu.be
     
    На Serafima, Hipster, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Многу грд ден. Можам слободно да кажам дека денес го достигнав дното. И после ова што ќе го напишам ризикувам половина колешки да ме препознаат ама морам негде затоа што боли корне.
    Имено сабајле полагав многу тежок предмет и многу важен и одиме накај факултет и топло беше нели времето па јакната си ја носев во раце затоа што имав и наметка облечено. Арно ама одејќи така со колешките накај факултет еден да го речам дечко од триесетина години ми се обрати: топло ти е а? јас си продолжив по патот оставајќи го позади мене без ништо да одговорам, и почна да се дере по мене: епа топло ќе ти биде види се колкава си како некој тенк. И се сврти другарка ми му вика ај мо*ко оди поздрави ја мајка ти и набрзина ја смени темата ама џабе... од тој момент само чекав да помине испитот и да си дојдам дома и да плачам. Такви се 60 проценти од луѓето ако не и повеќе. Никој нема да погледне дали помагаш на некој беспомошен, никој нема да види дали си добар во душата и фер со другите, не... веднаш имаш етикета дебела.
    Јас на форумов сум неколку години но никогаш не сокрив дека сум дебела, никогаш не реков дека немам вишок килограми, никогаш во реалниот живот не сум се налутила ако некој се нашали на моја сметка, дури и сама си се шалам, и мајка ми ме вика мече, брат ми ме вика бумбар (заради образите :D ), татко ми ме вика крофна па не сум се налутила затоа што знам дека ме сакаат. Никогаш не сум одрекла дека се обидувам да ослабам и се мачам, и колку повеќе се мачам толку повеќе ме јаде некој страв од внатре и се откажувам, ама секогаш повторно почнувам, и некој пат ќе биде конечно и вистинско. Ама боли што човек не знае да те цени заради нешто човечно туку заради изгледот. Боли што една од група во прва на факултет кога и реков на другарка ми на пауза да ми земе сириус или чокобисквит беше не знам ми рече а не мислиш ти дека треба да си на диета... боли што јас и не знам како да реагирам, јас не сакам да се карам, иако од внатре ми дојде прееска да го лупнам еднаш тој, или на времето оваа колешкава... ама не знам, си поќутувам и се повлекувам. Боли што од тие причини почна во главата да ми се врти и мисла дека тој многу го смени односот со мене заради тоа што се здебелив... може и него го боли кога гледаме филм со другарите и некој ќе рече за слаба девојка види ја свињава, а овој си вика кој знае што мислат па за девојка ми. А можеби и му го зборувале тоа што го мислат кој да знае, на крај краева и јас моето мислење за секој од нив сум му го кажала... ама никогаш не рекол мече ајде ќе пробаме двајцата(и тој е дебел), до лето ќе бидеме супер вака така, неее, се откажа. Не викам дека тоа е причина за дефинитивниот крај ама ете боли што можеби има удел и тоа затоа што во првите две години од врската не бев дебела. Ама најсикрено од срце ви кажувам бев истиот човек, истата душа, истата јас. Ако не ми верувате ќе ви дадам меил од другарките од средно прашајте ги.
    Јас немам кој знае колкав вишок, 20 килограми се, ако се запнам за два месеци ќе ги снема, ама што може да стори некој што во душата е сив, исушен, трул, злобен? ништо. Да се утешам малку...
    Прееска го откажав излегувањето со детето што се договорив за после испитите. Иако ме познава не можам, цело време си замислувам како ќе ме види и ќе избега. Доволно трауми имам ако ми верувате.
    Можам во еден брат што го имам да се заколнам дека никогаш не правам работи со лоша намера, дека никогаш не сум наштетила некому намерно, дека се трудам да бидам најдобар човек што е можно... ама дебела сум по дифолт и лоша и себична. боли.

    Не знам од каде им е таа потреба на луѓето да си оформуваат мислење без никаква основа и да осудуваат. Не е само дебелината проблем. Еве пример веќе во автобус не читам книги, затоа што ако читам некоја полесна чик книга луѓето ќе си мислат еј оваа фраерка се прави демек чита книга а глупава е оваа книгичка и петтооделенче ќе ја прочита... и зошто? Кога имам милијарда обврски на факултет што е лошото ако сакам главата да си ја опуштам со полесна книга? тоа ме прави глупава? неинтелегентна? Навистина дел од луѓето имаат некои без врска предрасуди. Јас не велам дека не треба да се читаат посериозни книги да не ме разберете погрешно, ама се си има свое време. Не е трагедија ако некој ужива во лесна литература, а сепак се снаоѓа и во потешка литература. Дури и да не сакаш потешка литература мораш да почнеш да читаш во средно образование почнувајќи од пеколот, па злосторство и казна и се слично понатаму(мислам бар кај нас мораше ако сакаш добра оцена). Еве, другарките од средно воопшто не сакаат да читаат книги, па сега јас треба ли да ги откачам? Не. Сите се паметни, убави, добри луѓе, нивен избор е што не сакаат да читаат, си имаат други занимации, едната е побудалена по мода, па треба ли да ме омаловажува мене зошто немам јакни во сите бои и патики во сите бои и ташни во сите бои? не, ме сака заради други работи. Друга другарка пример чита, ама толку различен вкус имаме тоа чудо едно, таа не го поднесува Гијом, јас секоја книга му ја имам по два пати прочитано, и со секоја наредна ќе го сторам истото, таа може да си мисли дека човекот глупаво пишува и дека го читале не знам какви луѓе, нека спаѓам во тие луѓе, пак си го сакам. Едноставно допира до мене, ми буди некои емоции, ми се допаѓа и тоа е што е. Таа на пример ја обожава трилогијата со нијансиве сиви, јас не ја можам... ама не ја сакам неа како личност помалку заради тоа и не ја гледам со други очи.

    Исто е и со филмовите... еј што праиш? еве гледам филм. Кој? Лајф ес уи ноу ит. Аееее. Е што ае? што?
    Не може секој ден човек да гледа филмови од типот реквием за некој сон... ти треба желудник за тоа бре. Ако ме прави глупава тоа што уживам да си гледам цртани па и некои лесни филмчиња тогаш нека. И не сум љубител на хорори, но тоа не значи дека не сум гледала, и дека ако друштво се договориме да гледаме нема да гледам, секако ќе гледам, нема ни да глумам ни да вриштам ниту да скокам, едноставно кога сама би гледала филм хорор не ми е прв избор. Е како може да не сакаш хорори? епа може. Прв избор би ми биле: под тоскановото сонце, животот на пи, д литл раскалс, д холидеј, итн итн итн.

    Можеби јас грешам, ама ова се стилови, вкусови, не можеш некој да го осудуваш и да оцениш дали е сељак според тоа што чита или ете гледа или слуша. Човекот се оценува според тоа како се однесува со другите луѓе, како се однесува со оние што имаат помалку од него...како се однесува со животинчињата, со природата, со постари луѓе, со непознати луѓе... многу често додека луѓето ги омаловажуваат другите луѓе забораваат дека можеби се подобри од таа личност во некое поле но има и од самите нив подобри во секое поле.

    Нека не се пронајде некој и нека не се навреди, онака си пишувам како што се чувствувам моментално...

    И така си дојдов дома од шит денот, и моите почнаа со испрашување, помалку сум излегувала што била работата да не сум имала проблеми, дрн дрн, за ова за она, ко некој ѓавол да ги натера денес да ме тормозат и добив еден мелтдаун ко што ми беше смрачено пред очите и смучено се, се расплакав им реков готово е, не сме заедно со него веќе и оставете ме на раат. Не им реков, колку што се раздрав и одма излегов од соба излегов на воздух да прошетам.... цела среќа кога се вратив се однесуваа како да не се случиле тие 10 минути претходно и фала им премногу што ме оставија на раат. Затоа им направив колачи, им измив садови, им поставив за јадење и се искупив за дерењето.

    Инаку имам нов фрижидер. Татко ми не ме пушта да пијам вода од чешма едно ради бубрезите друго не знам таму што имала, и ми купува шишиња и зошто сум мрзле на секое да одам до доле ги наредив на прозоров од надворешната страна, и пиев пред малку и не знаете колку е убава и ладна водата. Ммммммм :D Се изнасмеа мајка ми кога виде 8)

    Сега моиве испланирале утре сите да одиме до село да ги видиме баба и дедо, па на ручек во крушево, така да ептен добро ќе ми дојде утрешниот ден. Само дедо кога ќе го гушнам светот од црна ќе добие блескаво бела боја... :l: :)
    :f:
     
    На mamma-mia, Lux, imelda и 106 други им се допаѓа ова.
  20. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Имам стаутс слободна. :|
    И чудно ми е. Демек врската заврши. Се чувствувам чудно. Ама во ред ми е. Веројатно после оваа врска ќе се однесувам сосема прибрано. :)
    Всушност. Незнам како да се однесувам. Среќно? :?: Тажно? :?:

    Што кога љубовта на едниот ќе заврши? Незнам. Јас сум таа што постојано ги остава луѓето. Можеби затоа незнам дали ќе ме боли. Кога заминуваш и ти си тој што ја става точката, помалку боли.
    По толку шанси и лепеници на врската, време е да се заокружи со крај.
    Јас сум таа што бира какви луѓе ќе има околу неа. Несакам да бидам со некој само за да не го повредам. Животот е лош. Никогаш не сум нашла убави зборови за крај. Не постојат.

    Веќе неколку дена правам арапски вежби за тело и играм. Се чувстувам добро.
    Инаку пред малку печев костени на шпорет и мајка ми, откачена не пресекла едно, и истото направи харикири се рапрска на сите страни, а на мене срцето за малку да ми застанеше. :D Мислев дека цел шпорет избувна и дека ќе летнеме во воздух со се ќерамиди. :D А мајка ми само се смееше . :D
    Додека јас бев преплашена до смрт.
    http://www.youtube.com/watch?v=ktSgaiaUFcw :D
     
    На la-chicka, Springy, Shelea и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.