Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Сакам само да кажам -Karma is a bitch!
    Доволно е, кој почувствувал на своја кожа, знае за што зборам!
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Од толку инспиративни жени, кои оставиле печат, со знаење, борба, хуманитарство, креативност, способност, жртва, за жал и фемина сајтот, се сконцентрирал, на она најевтиното што се продава кај народот, разбирливо е се бара читаност, ама кај е она поучното, вредното, вистинското?
    Па има да ви кажам и толку успешни способни жени и од нашата земја.
    Ретко кога и да одам на главна страна, еве сега очекувам дека ќе напишат за 16 годишната жена на Били Ѕвер за кој денес дознав дека постои, која е позрела од останатите 16 годишни девојки, и ќе стане мајка, ахам ќе зреат заедно со детето.
    Ојде свето кај што не треба, а ние станавме модерни робови, на социјалните мрежи.
    Туку малоно мое има изненадување за мене и ќе го дознаам за еден час!
    Ми хепи!
     
    На Lux, Monna.Monna, francais и 22 други им се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    https://www.youtube.com/watch?v=w35hZIPyfSw
    :rofl: :rofl: :rofl: Да го гледате филмов бидејќи девојчево е крш.
    Денека дознав нешто фрапантно :D :!:. Ако се смеам јас и користам ваков збор ама црно ми се пишува. :envy: Само се трупаат лоши информации. Мислам дека ми се нижат исто како оние шарените макарончиња кои ги нижевме на ластик како деца и си правевме ланчиња.
    ...И така јас ќе се запишам на киг-бокс.
     

    Прикачени фајлови:

  4. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.436
    Допаѓања:
    18.156
    Пол:
    Женски
    почна да ме фаќа носталгија за лето, едвај чекам да дојде
     
    На kate21, A.Fenty и prettyliar им се допаѓа ова.
  5. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    лелееее сакам кажам не знам речам :D :D :D
     
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.539
    Допаѓања:
    17.273
    Цел ден го преспав, значи 8 саати и после зашо седам сабаајле до 5, комшиката ми е крива, да :@
     
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Знам дека утре треба да станувам рано за во школо и абер немам за легнување,а и плус ранецот не ми е спремен ај да ја изгледам утакмицава и ќе спремам ранци и алишта.
    А можеби и ќе му ги одговорам 5те прашања на брат ми што му се за домашно па тој ќе ми го спреми :lol:
     
  8. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    СД и К на teddybear

    Да имало некое машко со вас, вагинчето немало да му писне.

    Тоа доволно кажува за неговиот карактер.

    Полесно е да се каже отколку да се направи, но не се замарај и не си троши секунди од животот мислејќи што кажале имитациите од луѓе.

    Само затоа што некој не може да ја согледа твојата убавина, не значи дека таа убавина не постои :!: .

    Форумот ти стои на располагање. Имаш луѓе за да те ислушаат/исчитаат, да те посоветуваат и утешат, имаш стрвлиња за храна и фитнесџики за консултација.

    Комбинирај и уживај.
     
    На Lux, la-chicka, Juicy03 и 27 други им се допаѓа ова.
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе види вака, читајќи те човек од страна искрено за тебе добива слика на добро девојче, ама со нарушена самодоверба.
    Мене ми е чудно за типка ко тебе да дозволи коментари од некои Х небитни персони да влијаат на тебе. Мн подруго ке беше да беше кажано од блиска личност, ама од личност небитна, од личност која не ја знае твоја внатрешност , зашто побогу да ти е гајле ??
    Едноставно ти си ти. Сакај се, со плус минус килограми си ТИ Најдобрата единствената ТИ. Плус видиш од друга страна колку си пак свесна за твои поубави особини, за твоја вредност.
    Значи вредиш, значи го знаеш тоа, од тука треба да дојдеш до заклучок дека имаш и те каков квалитет кај тебе!
    Нека не ти е битно, ама стварно нека не ти е битно што мислат луѓето за тебе. Тие што се у твој круг, те знаат и те ценат. За другите само .!. ;)
    Јас искрено мој пр ке ти дадам, у принцип сум онака ни дебела ни слаба, и сеа еден тип шо запознав за него не сум била доволно женствена. За др после него шо запознав сум имала добро тело, нозе и гз . И искрено двајцата ги одбив, и ги тргнав на страна . И сфатив дека малку се луѓето кои ке се потрудат да ти навлезат подлабоко у душата у сржта твоја и дека таквите кои гледаат површно за мене не се битни ! Крај !
    Има луѓе , малку се ама има такви што знаат да продрат подлабоко и да сфатат дека имаш некој по друг квалитет.
    И не се разочарувај , небитни се тие. :)
    Be your best self :)
     
    На NoellePage, la-chicka, Juicy03 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Секој греши,но не секој се КАЕ. Ах,што ме спопаднаа овие флешеви ... |(
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.109
    Допаѓања:
    179.450
    Пол:
    Женски
    Ја сакам мојата упорност. Некогаш тропа на погрешна врата, некогаш на вистинската. Во првиот случај стекнувам искуство, во вториот остварувам. Лоши работи се дешаваат, а некогаш не можеме ништо против нив, освен да чекаме сами да си заминат... а кога ќе се заредат пак, баба ми секогаш вика отвори ја вратата, тие секако ќе влезат ама барем вака побрзо и ќе заминат...
    Затоа често се повторувам, дека човек не треба да се откажува од ништо шо вреди да го има. Само затоа шо некои работи во одреден момент изглеаат невозможни, веќе следниот миг нешто се провлекува преку тоа. Најтешките времиња стануваат уште полоши кога се губи надежта. Се додека мислиш дека можеш да го напраиш тоа, -можеш! Но кога ќе се откажеш, ти губиш!
    Птиците не пеат затоа шо на се имаат одговор..пеат затоа шо имаат песна. Исто како ние.. ние ја имаме надежта :)

    Проширувајте ги хоризонтите, таму почнуваат соништата да се остваруваат! :)



    Јust think.. Whαt would you do if you woke up tomorrow αnd αll your dreαms cαme true♥? Ahh whαt if...
     
    На Serafima, Moira, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Денот ми мина преубаво.На школо супер,цел ден муабет со другарите и наставниците со нас...Абре хаус,дека ние правиме муабет за симпатии и наставниците се мешат,и знаат кој на кој му е симпатија :tmi: .После школо гледавме фудбал со другарките,играа нашето школо со друго школо и секако победивме!Па после се шетавме во паркот и си поминавме супер,досега не сме се смееле така,ниту пак сме се толку забавувале.Па послем отидовме кај една другарка да ги мириснеме двата парфема на Цастин Бибер...А јас останав без зборови,преубаво мирисаа си изнапрскавме и потоа пак на прошетка.Денот беше сончев и топол и многу не водеше на песна :rofl: .
    Почнав да свирам гитара,знам малку сум големка ама сепак имам многу голема желба да свирам.Музиката ме исполнува многу.Одам на хор,пеам и да знаете многу сум музикална :rofl: :rock: .Слушам поп и понекогаш ама ретко рок.Ги сакам звуците на гитарата и клавирот,мелодијата ме исполнува...
    Сега помалку ве дружам заради школото,ама сепак ве читкам.Добра ноќ на сите имајте слатки сништа!!! :*
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    10.113
    Рушке ми читаш мисли. Од секогаш сум се чудела на луѓето што се собираат во кафана, на пијачка, еднаш месечно од работа. Толку некако ми е вештачко тоа па кршење лепче со паричка, собиранки за Нова Година со директор, без директор, заедно сите, па само најблиските, булшит. Торти и колачи за родендени, крштевки и сунети. Кога ќе размислам се ова е вештачки за да се зближат меѓу себе и утре да си се покриваат кога ќе затреба, а не да те издаде некој што не си го викнал на кафе. И неможе да ме убеди никој дека со сите им оди муабетот и дека уживаат да ги слушаат туѓите прикаски, ама тоа е пуста макаедонштина манипулаторска :D
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Главата ме боли
    ем апче се напи :!:

    На стомакот уште главата фалеше да ме заболе. Али кога е веќе тргнато, нека биде до крај :D

    Инаку едвај чекам да го нападнам попустот во Матица :devil: Така да си се натоварам со книги и да си читам. Милина.....
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.436
    Допаѓања:
    18.156
    Пол:
    Женски
    ајт отидов ја в кревет
    [​IMG]
     
    На Ingvild, Gordana10, EleMental и 4 други им се допаѓа ова.
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Станав се прошетав малце низ маало на чист воздух и многу убаво ми дојде да ви кажам право..
    и решив дека нема да јадам, а цело време ми се моташе низ глава дали кога ке се вратам да јадам..
    и си земав еден портокал и толку убаво ми дојде мх мх мх :D

    Сега ко јагне ке спијам
    И да :!: ко крава сум, како можев да го изедам цел тој донер денес и послем пак благо да јадам :fubar:
    Стави се на диета под хитноооооо :tmi:
     
  17. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека вечерва ми беше мн интересна покрај сестра ми даде ај лакирај ме , ај исфенирај ме , ај кажи ми што да облечам за утре абе дете мислиш на шетање ќе оди а не во школо.
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Нешто ме натера, да направам спој на мислењето на тедимече и памелче.
    На тедимече постот ме расплака, а во постот на памелче, којшто беше пишан пред неколку месеци, се пронајдов. Можеби ќе звучи клише, ама и јас сакав да се испразнам.

    Јас од секогаш, сум била дебелка. Во четврто одделение, добив коментар од еден „другар“. Беше есен. Бевме надвор, неколку другарчиња. Јас исто така не носев јакна. Неколку пати и на форумов имав напоменето, дека сум голем с'клетчија и многу се потам. Една другарка ме праша: Елена, не ти е ладно? И тука се јави горенаведениот... Па како ќе и биде ладно, види колку слоја има на неа. Како мечка е. Јас само благо се насмевнав и реков: Не, не ми е ладно. После тоа, во петто одделение, се шетавме низ населба со една другарка, којашто реално беше многу послаба од мене. Ни пријдоа 2 баби, што прв пат во животот ги видов. И можеби 20 минути, ми одржуваа лекции, дека сум била дебела. А мојата другарка, цело време ја фалеа како била многу убава, слаба... така да продолжи. Мене многу ми дојде, како да кажам криво... Јас сфаќам некои недозреани личности, меѓутоа баби, во стари години, што прв пат во животот ги видов, да ми одржуваат лекции? После неколку години, седмо одделение мислам дека бев. Одев во маалска продавница сама. Се разминав со еден човек, јас не го ни забележав, затоа што ништо не приметувам пред себе, кога одам. Имаше некаде 20-30 години, не знам точно. Ми дофрли: Девојче, сигурно имаш 100 кила. Јас повторно ништо не реков, си продолжив по патот. Повторно истата година. Се враќав од школо, заедно со една другарка, којашто е навистина многу послаба од мене. По патот, се разминавме со едни што беа 8мо одделение. Ми рекоа: Девојче, ти мислиш да ослабеш? И почнаа да се смеат. Јас повторно ништо не реков. Навистина разликата беше голема, дури и јас нас нè викав Астреликс и Обеликс. Од секогаш си правам шеги на моја сметка, без разлика дали се викам ќорле, глупава, или што било. И со сестра ми се викаме дебели/дебела/крофна/пиги/крава/трупче... Меѓутоа многу ми е поглупаво, кога го слушам тоа од некој што воопшто не го познавам.

    И многу ми е глупаво, кога некоја другарка, што тежи 40 кг, со сè кревет, ќе ми рече: Леле, нели сум дебела? Леле, треба да ослабам. Јас што треба да направам? Да почнам да ја тешам, како јас сум многу подебела од неа? Знаете, летово кога ослабев 18 кила... И се пофалив на една слаба другарка, што се немавме видено цел распуст. И знаете што ми рече? Леле, јас треба да ослабам. Ај кажи ми ја диетата. Барем едно браво, не мора смајли, само едно браво, што било да пишеше... Ама не.

    Јас држам диети, само на лето. Не заради тоа што тогаш ми доаѓа памет. Туку поради тоа што татко ми, има сезонска работа. Преку зима, нема скоро ич работа и не можам да барам, преку леб-погача. Баш утрово, кога доручкував ајвар, тој ми рече: Абе, јас како што знам едно време ти држеше диета... Како да си ги вратила тие кила. Нели не јадеше леб? Јас ништо не одговорив. Што да му одговорам? Да оди да купи краставици за 100 денари, патлиџани, овошје, риба, житарки, млеко? Нормално дека не. Во зима, ќе јадам тоа што има дома. Ќе јадам ајвар, пиџур, мармалад и месен леб. Сигурно тоа нема на прст да го мачкам, за да не јадам леб. Ама тоа нема да му го речам. Затоа што он не е крив, поради тоа. Не е крив што нема асална работа, што 4 години (а сигурно и годинава, така да 5 години) немам видено одмор, а кога одевме, одевме максимум 5 дена. Повеќе од 5 дена, јас немам отидено на одмор. И немам научено да пливам. Тоа другарките го знаат и упорно ме тераат да одам со нив на базен. Што да направам, да пливам со гума на базен?
    Минатата година, бидејќи знаев дека нема да одам на одмор, си собирав пари од родеден и од тоа што ми давале за во школо, за да одам на екскурзија. А другарка ми, ми рече: Ти си будала, твои пари даваш, за на екскурзија. И како да му го објаснам на некого тоа, кога не бил во моја кожа? Од секогаш моите пари за роденден, сум ги давала за зимници, за перење теписи... И сите 4 мобилни телефони што сум ги имала, ги имам купено со мои пари. Првиот мобилен телефон, си го купив во 3то или 4то одделение. Од тогаш, собирам пари. И колку пати, летоска, сестра ми ќе биде излезена, јас ќе и пишам порака, да ми земе сладолед за 10 денари, најобичен, воден... она ќе ми донесе некој од 40-50 денари. Колку пати и да и речам, пак ќе ми донесе поскап. Мене ми е сеедно и така ќе го снема за 2 минути, ама и тие 40 денари, ќе се најдат за нешто...
     
    На T.e.d.d.y, Lux, Monna.Monna и 69 други им се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Прилично глупаво е чувството кога ќе се приврзеш и навикнеш на некого така силно, и наеднаш се губи и си оди најверојатно засекогаш. Алтернативата е добра ствар, ама никогаш, потенцирам никогаш нема да ја замени личноста целосно. Осеќам празнина, иако сум сигурна дека не е обострана.

    Ете, тоа моментално сакав да кажам. За останатото се изјаснив во соодветна тема.
    Сега ќе одам на повторна борба со мислите, затоа што очајно многу ми треба сон - а некако овие две и не ми се баш во корелација.

    Биднало 1 саат, точно уште 4 ипол саати за спиење имам.
    Мај хоул лајф ис офишли факд уп.
     
    На Waka-waka, fashionista, Glossy-girl и 26 други им се допаѓа ова.
  20. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Цел ден се чувствував убаво за на крајов од денов да се почувствувам никако. И тоа никако во буквална смисла на зборот.
    Таман реков денес ми е еден од оние поубавите денови. Цел ден го поминав дома,со мама,тато и моите сетрички и бев многу среќна,исполнета,како ништо да не ми фали. А сепак фали. И тоа многу.
    Ми фали љубов,која никогаш не сум ја имала. И тоа искрена љубов.
    И да, поднапиена сум,ама морам јбг. Да ја ублажам малку оваа болка од која градите ме стегаат.
    Но, како се зголемува бројот на испиени чаши со црно вино така и болката се зголемува.
    Се надевам ќе престане....некогаш.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.