Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Човек никогаш нема да може да ги разбере проблемите на другите луѓе, ако самиот не поминал низ истите.Во спротивно, секој негов совет, нема никаква вредност.Очигледно на некои луѓе страшно им боде во очи она кои другите го имаат, а тие го немаат.Се прашале ли зошто? Наместо да се изборат за да заслужат некаква стравопочит, упорно бегаат од себе си, застанувајки против оние кои истата ја имаат и поради тоа остануваат не моќни, а после Трпе е крив.Некогаш човек посакува онака да им врзе една воспитна, за да се освестат, арно ама знаејки дека не би била функционална се откажува и си тера по свое, онака како што тие најдобро знаат и умеат, разбирајки дека наместо нив, животот ќе им прави сопки за другите да се свестат.А и има некои кои стално врзуваат воспитни, а времето им мине во тоа, претпоставувајки дека е безцелно, но според нивните математики сметаат дека навистина можеби еден ден ќе ги свестат другите.Кој како милува...Некогаш како луѓето да сакаат да им се врзани очите, како да не сакаат да ги разберат нештата во животот, мислејки дека само тие се во право, но потребно е истите да се видат и со други очи, што би се рекло, не за друго да не биде за истите предоцна.
     
    На Angy.g, tweety26, LittleFairy и 7 други им се допаѓа ова.
  2. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    4.080
    Пол:
    Женски
    Вака сега ја сум преногу модрена во мислењто или другар ми е со застарено мислење а сепак е второто!Значи не можеш да ми кажеш дека ако девојката над 20 години има повеќе од 3 сексуални партерки да е ку***... нема логика !
    Зашо Скопјево е со ваков менталитет ??? Па искрено имам 18ипол сега ќе пунам 19 па се уште не сум го имала првото сексулано искуство али машкиве го претеруваат со вакви мислења ...
    Значи ние женските увек си го јадеме на поштен начин...Сфаќам дека ова е Балкан дека е Скопје дека не е Њу Јорк али ипак треба малце да поченеме да живееме во 21 век !
    Имајте лека ноќ ...
     
    На sadangel и anichka94 им се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    На турбо учење маратон, класика 100 метри со пречки, а имам многу пречки. Сакам да кажам, во овие доцни часови кога паузата ми се продолжи за пола саат заради дистракција од технолошки напредок, срам да и биде на мајка ми за 2ките во средно и што не завршила факултет, немало тогаш ни компјутер, уште помалку интернет. А јас ако го завршам и покрај овие глупости, награда за животно дело ќе ми треба.
    И на крај секако, бидејќи мозокот ми се замори од гледање во книга па во компјутер (лажам, само од компјутерот е), решив дека ми е доста од учење и ќе одам на спиење.
    Пред спиење со амбиција за мирен сон си пуштив Масив Атак, и сега го слушам еднорогов како ми вели да се предадам на улиците бидејќи институциите се криминал, а овој гномов ми вели да пробам со алхемија. Лудило се Масив Атак. Психоделија на дрим-о-метарот.
    За наредна колоквиумска ветувам дека на планина ќе се преселам.
     
    На Lux, Ingvild, ines.h и 7 други им се допаѓа ова.
  4. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Тедибеар немој да дозволиш да те растажува таков идиотизам, како што кажа и ЕлМентал тоа кажува за нивната беда, огорченост, немок, си ги лечат фрустрациите на тој начин.
    Денес јас два пати се судрив со тој тип на луге и тоа што ми се познаници.
    Мрчатори.Се им смета.Само да те потценат и се исполнети, се нараниле, си ја примиле дозата.
    Колку бедно, мизерно и жално да се храниш со тоа што ке починеш некого, да те задоволува омалажувањето кон друг човек. :puke:

    'Што си се напраила ваква, што си толку ослабена?'
    'Што праиш на ова време на моторче?'
    'Што сте се селеле таму?'
    'Што си се нафрлала на лицето?'- од убаини! |( Идете у пм бреее, најдете си дечко, секс партнер, хоби, нешто што ке ве исполнува, а не да ве исполнува лечење фрустации и иживување врз други луге.
    И јас го мислам ова за вас, но од култура не ви го кажувам, кога ке се видам со некој без разлика дали се работи за близок пријател или познаник сакам кога правиме муабет да се чуствуваме пријатно и и двајцата,кога веке го правиме разговорот дај да бидеме луге, нема никој совршен, ама некои работи едноставно се здржуваат за себе и ако не ги кажам тоа не ме прави лицемерна, напротив, тоа е култура, човечност.
    Просто човек да не знае како да ги формулира одговорите.
    Тие се најчесто луге кои или во детството не им била посветена доволна љубов од родителите, трауматизирани , имаат внатрешен притисок и за да го потиснат ги рациолизираат работите и на таков начин се празнат или пак многу ги разгалиле, со најпрост збор кажано.

    Теди исто немој да дозволуваш некој што се самовеличи да ти ја врега интелегенцијата.
    А на форумов имам забележано такви ликови, они најпаметни се останато реметат и им смета.
    Зошто читале вакви книги, зошто гледале такви филмови, зошто искачале таму и со тие..
    Стварно , мислам ти то озбилно?
    Секој си е приказна за себе, кој каде сака и со кого сака ке оди, ке чита што сака и гледа шо сака, и то не значи дека е попаметен или поглупав од некој друг.
    Сите судии.Не се судат така нешта.

    Има една многу убава мисла

    "Пред да го впериш прстот во некој не заборавај дека останатите 4 се во тебе."

    Толку од мене на темава и затоа не сакам да пишувам на вакви теми, зошто веке влегуаш во нивниот филм и ти стануваш мрчатор или хејтер по ново сега .. ]:)

    Само позитивно, занемарувајте такви луге - тоа кажува за нивниот карактер.

    Мислам и љубам имаше пред некој ден убава мисла напишано
    "Разликата помегу тие што ве навредуваат и вас, е тоа што вие не го правите тоа" така нешто беше.
     
    На Lux, bittersweet, Chica.Loca и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ми рекоа Сменета си. Не сум се однесувала како порано, не можеле да ме препознаат.
    Нормално! Не се однесувам како на сите што им одговара, не им одам по г*зот, не си земам се при срце, ма едноставно не се замарам. И сменета сум била? Јас сум си истата, само што едноставно сфатив кој заслужува а кој не мое внимание.
    Навистина, навистина ми е преку глава да ме газат бре. Ме боли кога некој не си ги признава грешките што ми ги има направено а јас да се извинувам дури и кога сум во право, се трудам да не понижам некого па верувајте ми се имам понижувано за друг да не биде понижен. И само една другарка во животов го запримети тоа, ми пријде и отворено ми кажа дека сум била единствената личност што таа ја познава што во такви моменти постапува на тој начин.
    Немам ореол над главата, не сум ни милијарда блиску до светец, ама вака веќе не може.
    Доста е.
     
    На Chica.Loca, Ingvild, tweety26 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Јас сакам да ви честитам !
    Ова е за посебна почит!

    Најискрено ме трогнува она што го читам , допира до мене и сочуствувам и ви се восхитувам на храброста и искреноста . :bow: :bow: :bow: Се пронајдов во некои приказни на овој форум има толку многу искреност . Доволно сте храбри да си ја разголите душата , да си ги искажете и победите но и поразите во животот . Теди и Елена останав со подзината уста и со многу прашалници . Вие сте прекрасни личности не ве знам лично , но не се сомневам . Теди повеќе цени се те мооооолам !
    Немој да дозволиш ситни бранови да те потопат ...
    Верувај ми на форумов секој еден е навреден и тоа повеќе пати . Боли знам дека пецнува , но јас научив да се носам со навредите . Нека те допира само мислењето на оние кои ги сакаш и цениш . Другите не ти ни требаат , не ни ви требаат луѓе.
    Злобни луѓе имало и ќе има тоа е вистината болна , а релна . Сум плачела заради навреди сум се затворала во себе , но времето ме научи . Па сега сум многу поимуна, ќе бидете и вие . Само не го перцепирајте нивно мислење . Понекогаш ќе слушнеш навреда од личност од која најмалку очекуваш , некој(а) што глумеле финоча цело време кога најмалку очекуваш ќе изрече нешто толку болно , што ќе здоболи до душа , чиниш за 3 Живота нема да го заборавиш .
    Сите навреди од физички , материјален , психички , вредносен карактер нека ви биде потик да покажете и докажете дека можете !

    Знате што прочитав во една Психологија ?
    Луѓето што биле навредувани , навредуваат ! Имаат многу комплекси во себе некои од детство , комплекс на помала вредност па потсвесно мислат дека на тој начин ќе се воздигнат себеси .
    Па сега видете вие . Ова е проценка и резултат на истражување ме заинтересира теоријава , и знаете што кога се завртив околу мене навистина е така баш тие што навредуваа се тие што имаа милион недостатоци што физички што умствени .
     
    На la-chicka, Ingvild, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК... today is the day! :clap: :inlove: :clap: :inlove: :clap: :inlove: :clap: :inlove: :clap: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, sweet-star, SomeWhere и 35 други им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Овие од партија не се нормални-дефинитивно :!:
    изборите се ближат и лугево збудалуваат се повеке и повеке :worried:
    состаноците се редовни, лугево ги нема-особено од младиве сили па ај ние девојките врти им по телефони да дојдат, а по ново им текнало и снимање на спотови, реклами и незнам уште што-кога беше минатиот претседател го немаше ова :shake: не ни знаевме што се случува едната од девојките беше протокол-стандард и толку.Колку и да си за партијата, едно те исто ти станува досадно-делење календари, отчети, трчање со дел од кимот навака-натака ,трачарски муабети, а вака со активности е поинтересно-фала му на потпретседателот за рекламата што ме намести мене, интересно беше а за спотовите ке видиме што и како ке испадне.
    Го сватив ко лична навреда вчерашното признание на престедателот-ја заборавив срце :@ :devil: да ја прашам во што сака да се активира а мајка му кога и да ме види ко :$ ми се смее, па ако даде Господ шанса да направам да не ме заборави додека е жив нема да е на лошо, не мислам да го пукам не ме свакајте погрешно-ништо лично :!:

    А кога го чув еден поранешен соученик сегашен сопартиец како кажуваше дека се мрзнеле во униформите на -15 наутро, навистина ми е жал за дечките од Паркинзи :( ама заработуваат добри парички но по која цена :x
     
  9. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Читав некои од постовите поврзани со навредувањето, и се испровоцирав да пишам.

    Не можам, никако не можам кога некој ќе ми удри шамар јас да го свртам и другиот образ. Веројатно само големите луѓе го можат тоа. Веројатно ќе си помислите дека јас сум една ситна душа која не може да се воздржи а да не возврати на ударот.
    Да ви кажам право, едно време и се воздржував. Така бев воспитувана: не се задевај, и ако те задеваат - преќути. Е па, преќутував, преќутував и само во депресии си паѓав (како Теди). :!: Е нема веќе! Се свестив. Ми дал Господ и мене јазик, ама фала му, ми дал и ум. Јас не возвраќам со ситни и валкани зборови. Јас се трудам да возвратам на едно повисоко интелектуално ниво. Оние кои ќе ме разберат - никогаш повеќе не ме задеваат. Оние кои нема да ме разберат - воопшто не ме тангираат, нивните зборови не допираат до мене.
    Е сега има уште една категорија луѓе, на кои не можам да им возвратам, не се осмелувам. Тоа се или постари лица (кои од некои причини ги почитувам) или лица на повисоки позиции (на кои не би смеела да им возвратам ако не можам да ги сносам последиците од тоа).
    Значи остануваат само моите најблиски (родители, сестри, сопруг, односно семејство) и таа група на луѓе на кои не можам да им возвратам, што навистина можат да ме повредат со некој збор.
    Сите останати или научија дека со мене нема задевање, или никогаш ништо нема да научат од животот.

    И да знаете дека така ми е подобро. Навистина во животот има многу сериозни проблеми од тоа дали некој колега/колешка, или случаен минувач, па и другар/ка ќе ми каже нешто непромислено. Има за што да се нервирам и да тагувам, а тоа не се нечии зборови.
    Поздрав и секое добро!
     
    На AIT, tweety26, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.708
    Допаѓања:
    23.141
    Пол:
    Женски
    „Еee тоа ништо не значи.“ - ми викаат едни луѓе

    „А треба ли нешто да е многу значајно за да му се радувам?“ - одговарам јас.

    Ги жалам. Отфрлањето на радоста за малите нешта во животот е емотивен хендикеп кој не сакам да го доживеам. Убаво ми е вака, а тие што ме викаат будалче нека се запрашаат себеси дали се' е во ред со нив. Тие се будалчиња, што не ја користат секоја ситница да се израдуваат во текот на денот, затоа што денов ни' е даден еднаш, нема реприза и ние сме режисерите кои ќе одлучат каква епизода ќе направат од него.

    Убав ден на сите! :*
     
    На Lux, vendiii, Ingvild и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Официјално се повамипирив :geek: Во четири успеа дремка да ме фане, а во 7 ме скорнаја за мокраќа да дадам :D
    И сега се смеем како потпечена. Едвај чекам да се фрлам в прегратка на креветот. :D

    Мора само едно инспиративно текСче да ви пишам.
    Вака у далечната :?: незнам која.. Мишелка беше во основно образовање. Во клас имавме една која обавезно (о-б-а-в-е-з-н-о) на тестови си го утињаше името. (првата буква е точна, ама името е сменето поради идентитеот на цурата, а и мојот) Обавезно пишуваше Зелена, наместо Елена. И до ден денес ја знаеме како Зелена. И не е битно, не знаеше една просто проширена реченица да склопи, пошо истата незнаеше што значи. И тоа не е битно. Не знае муабет да направи, ама битно ја прогурале со врски, за кои не се срами да ги каже, и заврши средно медицинско. И погодете што? Работи како сестра во болница. |(

    Инспиративното нешто беше- Колку и да сте глупави, секогаш ќе најдете работа во некоја јавна установа, оти таму предуслов е интелегенцијата да ви е под нормално ниво, а по можност да немате грам образовање. |(

    Не е ни чудо што многумина од нас, сеуште се надевме дека со нашето образовање, и знаење општо, ќе успееме да се вработиме некаде, додека вакви неписменоќи ни ги фаќаат местата.
    :?:
    Не дај Боже да требаше крв да ми земе. По грешка, операција на десна комора ќе направи, со тоа што левата обавезно ќе ти ја заебе.

    Од кол, на кол, колот. Таквите како оваа и оние што сеуште веруваат дека спикерот на телевизија не гледа, и може да збори со него, ни ја водат државата, прават операции, ни ги учат децата.
    Како што би рекол чичко Милован „Ма идите сви у .. “
     
    На Monna.Monna, Ingvild, Serafima и 14 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Те буди убава порака.
    Си добиваш поклон кој го посакуваш многу, грамофон, идам денес да си докупам плочи танана.
    Ослабена си скоро 4 кила за една недела. Со труд, права исхрана и вежбање.
    Стануваш пуштатш музика и се тресеш ко неарна.
    Имаш волја да учиш.
    Планирам да се вратам во МКД да видам за невладина отварање.
    Куцаш теза, спремаш последен испт.
    Доаѓа крај на нешто.
    Си ја сакам блесавана иако знае да ме налути, читај сега лоша една. Идеме за Романија?
    Денов на арен делува, ама да не очекувам премногу од него.
    Сега туш и трк на факс.
    Имајте убав ден.
    http://www.youtube.com/watch?v=s4_4abCWw-w
     
    На Lux, marama, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.047
    Допаѓања:
    123.936
    Колку мразам луѓе без работа |(
    Таман си мислев дека денот ќе биде тивок,ќе налета некоја досада и ќе ти поремети се,леле како успеваат да се создадат некои типови на човечки суштества,која ли мутација е таа,не ми е јасно :yawn:

    Дремам пред компјутер и се надевам денес ќе ме остават на мира.
    Утрото и покрај се,ми почна слатко со џем од кајсии на баба и чајче со нане и ментол.Иако немам спиено цела вечер и времето надвор убива,незнам од каде ми доаѓа вишок енергија па место да работам го малтретирам маж ми на скајп |(
    И јас немам што паметно да кажам,(незнам зошто и земав да пишувам),освен дека животот не е фер,не си фер по незнам кој пат,не си ! Дури и знаеш дека ништо не чекам од тебе,сама се борам,а ти пак..........
    Малце помош,м? Не сум заслужила значи ,фала тогаш .
     
    На ilipili, DeMelo, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Значи да, најинтересни и најиновативни се сите тие кои морат да ја споделат сликата со нас на социјалните мрежи од тоа колку имаат за учење. Па книги расфрлани по биро, па маркери, па кафе, па сокче, па благичко, ама се така убаво наредено за на слика нели де, па лајкови фрчат, па одоздола коментари утешителни бе бла бла бла :D Аман добро знајме дека е сесија, сите имаме за учење, така да на нас обичните смртници кои сме станати од сабајле и повторуваме за тоа шо имаме за некој саат имаме испит не ни го кревајте притисокот. Нема да положите ако ставите слика од предметот кој го учите и од ДЕБЕЛАТА книга. :^) Дај изненадите со нешто друго, пооригинално, чудно ќе ми биде ако некој шерне слика на плажа, под чадор, а не со книги оти секундарно ми се иде да ја фатам шољата. Благодарам на разбирањето.
     
    На Springy, anuskaNESTLE и eli25 им се допаѓа ова.
  15. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Баш се израдував вчера дека почна да затоплува времето, а еве денес дожд.. Страв ми е да излезам за накај школо, се лом ќе се направам, кал на фармерките (сигурно!),наврната, па и чадорот ќе треба да го барам сега лелее..Сакам пролет! :(
     
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    еееех какви луге,па и дури и тие сто со тебе живеат да те сакат за интерес :x неможам да поверувам се сто има на земјава :^) :^)
     
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Сакам да кажам - Жени, вие сте ми инспирација.

    Форумов е секогаш пријатно катче за мене.


    Ве поздравувам, зошто секоја од вас е храбра и поинаква на свој начин! :*
     
    На Elennaa, kate21, la-chicka и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Знаете што е најжално? Што некој има доволно храброст да дофрлува секакви коментари по улица, а кога таа храброст, тој глас треба да се дигне во име на нешто корисно, колку само за пример - протест каде очајно има потреба од силни гласови, никого нема. Епа, фрли и пепел на таа сила што се покажува само кон сигурни лица што знаеш дека се послаби од тебе и нема да ти возвратат.
    Туку се чудам кај им е општата култура на луѓево, ајде да беше еден случај како ТедиБер, ама уште 5 се истоветивте со неа. Кое е тоа лице и тој комплекс што ги тера и до толку им дозволува на луѓево да коментираат тотални странци? Мене некогаш на мои сопствени другари ми е незгодно да им прокоментирам, бројам до 10 или два пати размислувам пред да им кажам, на странец онака по пат прв пат што го среќавам да му се развикам?
    Многу слобода си земаат луѓево ама во погрешна насока.
    На крајот, секој со своето, може некој баш сака да биде таков каков што е, слаб или дебел, убав или грд, будала или интелектуалец, помислува некој на тоа нешто наречено личен избор? Уште подобро, личен живот?
    Има многу свекрви во народов, тие најдобро знаат и секаде се мешаат.
     
    На marama, bittersweet, la-chicka и 16 други им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Значи...глупаво и смешно е со што се замарам, ама ме исфрустрира. Парфимирана тоалетна хартија. Парфимирана! Зошто Боже, зошто? Кој ја измислил, со која намера и намена? Навистина не разбирам. Да, има еден куп смотани идеи и производи и ствари што реално не ни требаат, ама тоалетна хартија? Разбирам паломи, дуваш нос мирисаш таму на љубичица. Ама тоалетната? Ја мирисаат ли луѓе додека седат во тоалет, се осеќаат природно како на ливада, поттик ли е, што ли е. На најосетливите места од телото, и една тоалетна ја направија со парфеми да биде. |( На кој ум тоа ли му текна. Ај ја подобрија, нема веќе шмиргла, па двослојна, трослојна, десетослојна, мека најмека, разбирам све тоа. Ама не...па уште и мириса на банана. Тоалетна хартија што мириса на банана :| речи су сувишне.
     
    На Monna.Monna, marama, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    ^Кравче немој бе така, јас ја мирисам кога сум на деловен состанок во вц, ми помага да го заборавам фактот дека се празнам и ми помага да се чувствувам женствено во тие ранливи моменти :rofl:
     
    На Springy, DeMelo и kravce им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.