Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Гледам многу се пишуваше за мислењата на Теди и Елена,па ги прочитав и ја.Ве разбирам потполно,не сум во истата ситуација,но ве разбирам.
    Веќе неможе никој да ме повреди.Можеше порано,кога сеуште мислев дека постои искрена личност.Се чудев дали има некој проблем со мене,како тоа само јас да неможам да најдам добра другарка.Можеби проблем за тоа беше што многу пати се селев во различни населби,па никако неможев да се зближам со некој.Но нема врска.
    Ќе почнам да зборам за луѓето од средно,затоа што овие од основно се тешам дека "ме заборавиле",можеби јас сум се сменила па неможат да ме препознаат |( .А ако сакам јас прва да кажам "Здраво",тогаш се свртени на друга страна,па не ме гледаат.Знам дека не ми се случува ова само на мене,ама не ми се битни ваквите луѓе во животот,па затоа и нема многу да ги спомнувам ;) .Кога почнав во средно имав три "другарки".Во наводници се,затоа што исчезнаа.Додека имаа некоја корист и друштво за во школо,беше супер.А сега кога веќе завршивме средно-јас треба да бидам таа која ќе ги собере сите.Мене ми е мило да се видам со нив,без разлика колку сме биле блиски и колку сме се дружеле.Ама ете тие не сакаат.И ако,подобро искрено да не сакаат да се видиме,отколку со лажна насмевка да глумат демек неможеле да дочекаат да ме видат.Ценам искреност!
    Се навикнав да бидам сама,иако не го посакував тоа.Можеби и тоа ме направи посилна,ама во некои моменти толку многу посакувам да имам некоја другарка да можам да си ги кажам се што ми лежи на душа.
    Некој веројатно ќе помисли дека во мене е проблемот што немам ни една добра другарка.Ама сакам ИСКРЕНОСТ!Сакам искрени луѓе до мене.Мене ми е чудно како може две девојчиња кои се познаваат само еден месец,да станат најдобри другарки,да се по цели денови заедно,многу се сакаат,неразделни се.Абе да ги гледаш и да ти биде криво како порано не се запознале за да можат да си праат лице,а после некое време да ги слушаш најгрдите зборови што можат да си ги разменат. :fubar:
    За мене тоа не е искрено.Како што мене ми треба време да запознаам некого,така и на другите им треба време да ме запознаат мене.Ако некој не остави време,за да ме запознае каква сум,значи на таков човек не му е ни битно со кого се дружи.И никој не се трудел да ми остави впечаток на добар човек.Веќе знам какви се луѓето.Ладни,лицемерни,дволични.Ама и покрај се,не губам надеж! :!:
    За да ви објаснам какви луѓе се погодиле до мене(кои не сум ги одбрала ја,туку морам секој ден да ги гледам) познавам девојче на кое ако му кажеш дека не ти е добро,100 пати ќе те праша дали ти е добро,а притоа ќе се згази од смеење.Да не му се верува на човек ! Овие луѓе заслужуваат да бидат наречени другарки и заслужуваат внимание? НЕ ! Ама и покрај се,ваквите луѓе имаат другарки,и секогаш има некој до нив.Јас навистина не знам што сакаат поголемиот дел од луѓето?! :^) Да ги лажеш,да има правиш лице,да бидеш ѓубре едноставно...
    Не ми е криво што немам никој до мене.Никој таков не ми треба!Можам и јас да имам 50 луѓе околу мене,ама не такви како јас што сакам.Мене ми е мака да глумам тоа што не сум,да не бидам искрена со луѓето,да и кажам на другарката колку многу ја сакам,а уствари ништо не чувствувам за неа,па дури и ја мразам.
    Не ми е разбирливо се ова што се случува.Ама некако се навикнав.И продолжувам понатаму.Подобро сама,отколку некој лицемерен да ми прави сопки додека идам по трнлив пат. ;)
    И покрај се...не губете надеж! :!:
    И јас можам да се затворам дома и да бидам тажна затоа што сум сама.Ама не! Животот продолжува,кругот се врти.Неможе вечно да биде лошо :)
    Ве поздравувам.Имајте убав ден :hai:
     
    На Ingvild, Angy.g, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  2. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Дека си го имаме истиот проблем со тедимече. Гушка до неа :hug:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    sdk дека дефинитивно ќе ја почнам оваа ун диета :envy:
     
  4. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    СДК Некако денов депресивен. |(
    Таман завршив со обврските на факултет и си викам што убаво времево деновиве, ќе се прошетам, и ете ти ... дожд и облаци :rain: :Down:
    Абе секогаш мора да има некој или нешто што ќе ти ги уништи плановите :@ :swear:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Денес, и јас сакам да и` кажам нешто на Теди Мече.

    Прво - целта не ми е да те утешам. Ниедна критика, комплимент, убав збор, не излетале од мојата уста без грам искреност. А ако постои нешто кое го кажува мнозинството само ради реда, јас едноставно го премолчувам.

    Не можам да кажам дека знам како ти е. Цел живот вкусувам што ќе ми текне, без никаков редослед, благо, солено, кисело, луто, од пуста стрвост. И сум пробала да бидам на диети, чисто да научам да се држам до концептот на одговорност. Но, храната ми е слабост.
    Често ја слушам мајка ми како ја прекорува сестра ми за вишокот килограми. И и` кажувам дека ако било толку лесно, секој од нас ќе поведел малку ред, без оглед дали станува збор за 2-3 килограми или 20. Ако некој со само мал вишок не може да вложи толку малку напор и да се потруди да изгледа онака како што сака, тогаш како може да се осуди да критикува некој на кој му е потребно далеку повеќе волја, сила и живци?!
    И кога и да ги чујам тие зборови - Ама, нели мислиш дека треба да ослабеш?, верувај мене ме нервираат. Зашто знам дека сестра ми не сака да покаже слабост, да покаже дека ја болат тие зборови, се однесува дека има многу самодоверба и живее како што и` одговара, а притоа е и задоволна...а знам, знам колку и` е тешко да се чуе тоа од најблиските.

    На неа никогаш не сум погледнала како на личност со многу килограми. Зашто никој не умее така да ја осветли собата со самото присуство, никој нема таква насмевка, ретко кој знае да направи муабет од сите можни области, да се забавува со 5-годишен и 70-годишен, ретко кое женско има познавање во електроника и компјутери.
    Опуштена, весела и љубител на животот. Јас така гледам на неа. Некој кој не се труди да им се допадне на сите, а сепак толку лесно знае да ти се пикне под кожа.

    Така е и со тебе, мече. Ниеднаш не сум погледнала на тебе како на личност од темата Диети. Толку си ми забавна и весела и искрена и толку лесно допираш до секој. Добра си, сочувствуваш и внимаваш да не навредиш и повредиш. Верувај, нема таков што останал имун на некој твој збор.
    Според мене, најдобро се проценува човекот каков е по начинот на кој сака. Еве јас, сум горда и себична и инаетџика, а кој мисли дека сум добра личност, се лаже.
    Од друга страна, ти. Толку многу се вложуваш и попушташ, сакаш да успеете и некогаш не ти е грижа кој колку дава. Љубиш онака искрено, несебично и толку вистински. А бараш сосема ронка, внимание, почит, некој да ти покаже колку си посебна и вредна. И верувај, заслужуваш некој кој во сите моменти на болка, ќе ти ја дигне брадата горе, ќе ти ги брише солзите, ќе ти биде поткрепа и утеха и твое се`. И ниеднаш нема да се посомневаш дали твоето место е до него.

    Дотогаш, бори се сама, обиди се лошото да не допира до тебе, сети се на ова виртуелно семејство, на нашата поддршка.

    Истото важи и за Елена. Милион пати се имам смеено на се` што си напишала, особено за глупостите кои си ги направила, а со таква смисла за хумор не се раѓа секој. Насмевката е најубав дар што може да се подари.
    Толку си внимателна и чувствителна кон семејството, се воздржуваш да не повредиш некој, кратиш од своите потреби и цениш нечиј труд. Јас би била горда да те имам во близина.

    Штета што душата нема одраз во огледалото.

    Препорачувам.
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, bittersweet, Mishela и 26 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    :rofl: ранливи бре...ранливи :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=ZJL4UGSbeFg
     
    На Ingvild, DzingrlakaDzikica, Micheleljubov и 3 други им се допаѓа ова.
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Грд ден, грд.
    Бев на испит сабајле, и положив - се супер, ама... кога е нешто грдо, грдо е.
    Ај што немав чадор и накиснав - а тука снегов ако продолжи вака утре до колена ќе има, а само што се стопи минатиот... ај што сум уморна, ај што полагам и утре и задутре... прво нешто што направив кога дојдов дома еве сега, влегов на форумов и ги прочитав мислењата на teddybear и Elennaa и ме вративте наназад и тоа беше врвот, се расплакав...се ставам на ваше место, сосема ве разбирам, затоа што цело основно го имам поминато слушајќи навреди на моја сметка, толку тешки зборови што дури ми е срам и да ги пишам овде, се ежам. А памтам се, секој е*ан збор, кои ден денес ми влијаат на самодовербата... уф.
    Најдобро да прекинам овде, ме чека учење доста, а со вакви мисли тешко.
    Отидов на спиење, и извинете за негативната енергија, ама некогаш мора...
     
    На Lov3, Ingvild, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Сакам да кажам дека после 13 саати спиење, светот изгледа многу поинаку... :rofl: Значи, мајко моја мила, колку сум била јас уморна!!! Психички и физички, на крајот онака цедени последните капки сила... И конечно вчера пресилната мигренозна главоболка ме натера да си легнам попладнето, и се разбудав одвај утрово за на работа. Ми се смееле, мајтап си играле со мене, бидејќи јас спијам ненормално лесно, најтивко тропкање ме буди, ама затоа синоќа, крш. Во сред дневна ко што сум заспала, што не се случувало, ни сум слушнала, ни сум видела... Ама затоа денес ми свети денов повеќе од вчера, ако врне и нема сонце! :sun: :f:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Пред точно 15 години и 4ри часа..едни родители биле пресреќни што се родила нивната ќерка. И ете сум на овој ден..ЈАС..полнам 15 години. Радост..радостт.. :rofl: .
    А роденденот го започнав со читање на Хари Потер..прекрасно! :wasntme:
    Па ајде на слатки ..има за сите. :hug:

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, bittersweet, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  10. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сакам да кажам дека сум НАЈСРЕЌНА НА СВЕТ ДЕНЕС А ОЧИГЛЕДНО И СНОУ!
    ТЕТИН МИ СЕ ВРАТИЛ ДОМА ПРЕД НЕКОЛКУ СААТИ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :D ^_^ ^_^ :party: :party: :dance: :dance: :hug: ^_^
    Епа ај добредојде во МК после 7 месеци тетинчо :hug:
     
    На Snow-Queen, Elichka и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  11. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Ако научам убаво сега биологија, има да си ја купам најубавата кошула! Ете така :wasntme:
    Одам сега да учам :geek: :hai:
     
    На Glossy-girl, Ingvild, Moschino и 3 други им се допаѓа ова.
  12. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Немам најдобра другарка бе...ете,ги имав дури 2 и двете се сменија и више не сме како порано.Секогаш сум била искрена со мојте другарки,за мојте чувства и што мислам за нив,што ми смета кај нив,што мислам за нивните дечковци и тако даље.Иако уште се дружиме едноставно не ги чуствувам дека се со мене добро ај да збориме за едната со другата и така и така сум,ама само не ја чуствувам дека е до мене,дека ме разбира како порано,да ме гушка како порано или се да ми кажува.Кај мене сигурно не се смени ништо,јас сум си истата и исто се понашам кон неа ама она си најде друга другарка од одделение и мислам дека повеќе го сака тоа друштво.И кажав 2 пати како се чувствувам,дека се чувствувам како отфрлена,како да сум и замена....А она само ќе каже не си,секогаш си прва и никој не е на твое место и добро ај,ама работата е што она тоа не го покажува и по понашање некогаш како да ме игнорира.Ама ај и ова ќе помине наскоро се ќе заврши,сите ќе си одиме по свој пат,сите ќе си најдеме други другарки.

    Ај и јас да им кажам нешто на Тедимече и Елена.И мене ме навредувале така,дури и еднаш одбегнував да бидам во близина на тие луѓе зашто се плашев од навреди од што ме болеше.Сега,кој и да ми каже нешто ич не се замарам,важно дека мојте најсакани и најблиски се тука до мене и никогаш не би ме навредиле па зашто да им се нервирам на некој тугинци што мислат за мене,ако некој ме рече дебела или незнам како мене тоа не ми е никаков фактор во животот едноставно не ми е важно тој мисли така,добро,не ме занима не ни се дружам со него ни ништо.Такви луѓе само ме мотивираат да продолжам со вежбите и диетата и да го постигнам посакуваното.
     
    На Lov3, Chica.Loca, Angy.g и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Bрне снеег :rofl: Иако малку ми пројде снежната еуфорија, а и Нова година, Божиќ и другите празници поминаа, пак се радувам на снегов. И сега сфаќам дека само кога ќе завне снег или дожд доаѓам на темава да пишам. Ц ц ц.

    Инаку пред некој ден се присетив на детските денови. Премногу ми фали да се вратам назад пред... да речеме 10 години. Многу забавно ми беше тука со другарите/ките. Сите до еден беа ненормални (во позитивна смисла се разбира). Какви глупости сме правеле лелееее.... Не верувам дека некој тука од маалово наше лошо си поминал.
    Со голем дел од нив сме многу оддалечени сега, нели, секој по свој пат си оди, ама би сакала пак сите да се собереме и да се присетиме на тие денови.

    И за крај, поздрав од снежно Тетово :D
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_8930.jpg
      IMG_8930.jpg
      Големина на фајлот:
      263,1 KB
      Прегледи:
      373
    На kravce, Ingvild, MandyLane и 4 други им се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.539
    Допаѓања:
    17.273
    Сега сфаќам зошто татко ми не ми дозволуваше да се дружам со пораншната другарка, зошто не ме путаше кај неа да идам на спиење. Ја гледам денес влегува со еден у кола (20 и нешо години е типо).
    Него денес сум хепи. Знам дека замарам со средно школо, се осеќам ама мерак ми е бе. Сега само на тоа мислам (и на Н. секако :wasntme: ). Мо кажаа дека у СК. имало полициско средно, уписите биле на 4 години, а мојата генерација ја фаќа. Ептен сум хепи, ептееен.
    Само уште да ме примат. :D
    Си најдов и цимерки ја, они после средно кидат криминалистика, а ја воена академија. :wasntme:
     
    На Monna.Monna, kravce, la-chicka и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Моментот кога збораш со мајка ти на телефон.
    Мајка ми: Викни поќе не те слушам.
    Јас: Зборам погласно, ме разбра сеа?
    Мајка ми: Шо викаш ле толку салам си?

    Оди уби се |( :@
     
  16. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Сеуште се сеќавам,на сите твои утехи,убави зборови,подршки и сите оние моменти кога си успеал да ме пукнеш од смеа со твојот ненадминлив хумор.Ти си најсовршениот и најдобриот татко во светот.Не би замислила никој друг подобар во твојата улога.Не еднаш си застанал на моја страна,не еднаш си останал цела вечер на работа само за да собереш финансии за сите наши потреби,патувања,одмори.Сакам да знаеш дека сето тоа го ценам,како што те ценам тебе.Сакам да знаеш дека никогаш не би ти нанела зло.Да знаеш дека те сакам бесконечно многу :hug: Се сеќавам кога како мала ги ширев рацете за да ти покажам колку многу те сакам,се сеќавам кога те убедував дека можам да те кренам,кога заедно пукнавме од смеа за скриената камера на Тв,кога ги ставав моите нозе врз твоите за да ме носиш,кога толку сигурно седев на твоите раменици,знаејќи дека сигурно ме држиш,кога на 4-5 годишна возраст со бато се качувавме на твојот и на мама грбот и одевме по него,за масажа.Секој ден,ти ми докажуваш дека си најдобриот татко на свет.Ги памтам сите моменти,тато.И знај,дека вие сте ми најважни,моето се.
    Те сакам,бесконечно многу.
    http://www.youtube.com/watch?v=CWY1vFMdma0
     
    На Monna.Monna, kravce, midnight.flower и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Гушка најголема за Теди и Елена.

    Како што кажав во едно мое скорешно мислење во темава, женски вие она што внатрешно го поседувате чини злато, а тоа нешто дотичните особи никогаш нема да го имаат! Можат нивните големи усти колку сакаат да мелат, ништо не постигнуваат со тоа, само го докажуваат нивниот идиотизам.

    Оние што некогаш се нашле во слична ситуација знаат колку боли таквото исмевање, посебно кога си емотивна личност што се си зимаш при срце. Не дозволувајте никој од тие да допре до вас, не вредат.

    :hug:
     
    На Ingvild, Serafima, cinderella5 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Мора ли да кивнам секогаш кога ставам римел на трепки?
    Мора ли? :?:
     
  19. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Отидов на старото Сакам да кажам и се присетив на толку многу моменти. Мои и на другите драги фемина-пријателки :)

    Толку љубов, (не)среќа солзи, плачки, школо, работа, страст, дечковци. Толку многу кажани мисли и чувства, работи што на никој друг не можеме да ги кажеме, освен на Фемина. И секако после толку многу еуфорија во моето срце, скролнав најгоре и го видов она Заклучено. Во тој момент се почувствува како сите таму напишани проблеми, веќе не се проблеми. Фемина влијае и на мојата психа. Просто се ќе си изнакажеш, некој совет ќе добиеш, со музика во позадина и некое чоколатце, можеби и некоја солзичка и се е полесно, просто душата, срцето и умот ти се отвараат. ;)

    Еве и ова сега што го пишувам, би било глупаво да го кажам некого, но тука е сосема правилно и не е чудно да го напишам, а го мислам ова, постои во моите мисли, но никому не го кажуваме :)

    Фемина е мојата најдобра пријателка N.1. Да, ова е виртуален свет, но составен е од луѓе, односно девојки кои навистина постојат, девојки, жени, девојчиња кои имаат вистински живот, и секој со своите проблеми. Но :!: животот не би бил живот доколу нема мака, но не би бил и доколу нема и среќни мигови, некогаш помалку, некогаш повеќе, но по некој убав момент се наоѓа, а тука е Фемина веднаш се да напишеме :)

    Гушки и љубов до сите :hug: :sun:
    Само напред дами, се најдобро :)

    I :l: Femina
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.721
    Пол:
    Женски
    Не знаете колку смотано се осеќам деновиве.Единствено квалитетно што ми појде од рака е слаткиот леб со цимет. :geek: Се спремам да му напишам соната,ма не,подобро ода.Совршенство на вкус мирис и мекост.Како душа бре.Сакав да го сликам да поставам слика ,ама јас не сум јас ,ако се имам спремно во моментот.Батериите отишле,а дури да набавам други ќе нема од слаткиот леб.Можеби некоја следна прилика кога нема да сум толку...хм..како да кажам...природна непогода. :D И немој некој деновиве да се осудил да бара совет од мене,зашто веќе го гледам како си врзува кошула на грбот.Не правам денес ручек,и ако ми дадете да чувам две нацртани овци ќе ги избришам.
    Цунами е мојот брат.
    Баш сум некоја фина :emo:
     
    На marama, kravce, danichap и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.