Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Ами како мислиш ти? :D
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Не бе,нема вистински другари во ваков свет! Разочарана сум од неколку кои што ги сметав за блиски другари. ;) :|
    Секогаш кога ке имам некоја информација која што сметам дека ке им е корисна,им пишувам,им се јавувам за да им кажам.Да си знаат на време.
    А сега кога на мене ми треба некоја информаицја,никаде ги нема. :@
    Па уште се осмелува да ми каже-па што не се јавеше ти па јас ке ти кажев.
    Епа јас на грав ли гледам дека си имал корисна информација да ми кажеш.
    Но ако ми е,пак трчај мермаид и помагај на секого.Е ова ми е лекција за натаму :!:
    Ама па му реков се што ми лежеше на срце,искрена сум и му кажав се што мислам.Па ако не сакаат да ме изгубат за другарка нека бидат повнимателни натаму.
    Доста беше,ми пукна филмот :x

    Сега ми е полесно :)
     
    На Greeen и Angy.g им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дури сега ми е кристално јасно дека некои девојки поим немаат што всушност значи зборот другарство :!:
    како таа до вчера што ми глумеше другарка и пред неколку дена се испразни буквално на мене а се договоривме вечерва да отидеме да се зачлени во некоја од комисииве-нели и сегашна сопартијка-не ми се јави а вчера кога мегу редови и кажав дека немам пари за на кафе за денес , фаци почна да ми прави :!: од една плата живеам јас а не ко неа пари од секаде -безосетна кучка :swear:
    па не ми треба таква другарка, си го има идеалниот другар што и помага во се нека си остане со него-јас сум си ок со тие од медитација и со другарките од порано-што ми требаше таа беља да обновувам другарство :fubar:
    кога другите од страна ти прават да пропаднеш, а ти си продолжуваш по свој пат ко ништо да не било :)
     
    На Micheleljubov, Guillotine и Angy.g им се допаѓа ова.
  4. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    СДК убав ден поминат со него,конечно по толку време да сме заедно цел ден. :D Можеби времето не се погоди баш како што сакав,врнеше снег ама како и да е сепак беше убаво. :) Читам сте се зафркнале и вие со некои што сте мислеле дека ви се другари,исто како и јас. Што е најтрагично,еднаш месечно им текнува на мене ќе ми пишат и што е најтрагично враќаат по 30 мин што се вели зборот,си објавуваат едни со други меѓусебно,се означуваат а Христина никој не ја е*е ни 2 % ;) Како и да е,се откажав од упикување и не се замарам веќе. Го имам него и доволен ми е. Тој е мој другар,брат,дечко,љуовник. Мое се ! :)
     
    На srcula, Micheleljubov и Angy.g им се допаѓа ова.
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Не можам да ги разберам луѓето кои што уживаат кога омаловажуваат некого.Вчера бев сведок на разговор на Ром и друг човек.Ромот иако нема школо ме изненади со своето културно однесување.Чекав ред,а и тој беше во истиот ред со мене и културно си праша после кој е ,беше после мене и јас му кажав.Си се нареди човекот без да прави проблеми,а од страна еден му рече да се тргни бидејќи смрди и дека тој не треба да чека таму ред,не смрдел и нас |( .Се згрозив од тоа што го слушнав,едноставно се устрамив од тоа што сум човек и од човечкиот род. Ние самите сме криви за нетрпеливоста и огорченоста меѓу луѓето.Ромот се обиде културно да му одоговори,па дури и господин го нарече ''човекот'' и му кажа дека доаѓа од берење на шишиња по контејњери ,затоа и мириса така.Тоа му било единствената егзистенција и социјалното што го зема дури 2500 денари за 6 члена фамилија.Тоа го кажа толку страмежливо ,како да го направил најголемото злодело на светот,а тој само се обидува да ја прехрани својата фамилија.Од другата страна човекот со висок тон му возврате дека не ги бидува за ништо,живееле од денес за утре,не сакаат да работат,а Ромот тогаш веќе пламна и му кажа:" Да,ние живееме од денес за утре,а што ќе му правам на парите,ќе ги носам со мене во гроб?Нека ми дат да работам,па ќе работам што било,ти имаш ниви,куќи,коли,а јас имам само една колиба.Гледам да го преживеам денот,моите деца да јадат,да им овозможам да одат во школо бидејќи јас не сум школован,не сакам моите деца да питаат по улиците туку сакам еден ден да бидат горди на себе бидејќи успеале да станат некој и нешто во животот,а не да ме колнат мене бидејќи сум ги оставал гладни,бос и голи талкајќи низ улиците." Другиот човек само промрморе нешто на ова и веќе не му се слушна ни збор.Ете тоа е нашата реалност денеска луѓето се ситат на туѓата несреќа.
    Било да е Македонец,Ром,Албанец,Турчин,грд,убав,дебел,слаб секој е човек кој што има душа и срце,секој е човек кој што има свое семејство и некој таму што го чека да си дојде дома и да го прегрне и бакне.За жал не знаеме да го цениме доволно она што ни е пружено додека некој некаде не го има ни тоа што ние го имаме.
    Ех живот...
     
    На Lux, Monna.Monna, 2036 и 39 други им се допаѓа ова.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Посакувам тишина.
    Покривка од ѕвездено небо.
    Мирис на зелена трева.
    Мир...
    Посакувам ведри мисли и ветрови да ми ги растераат облаците кои ми ги покриваат тие ѕвезди.

    Најтешката работа во животот ти е да се препознаеш и видиш самиот себе.
    Да ги видиш црните дамки кои не бледеат со времето. Совеста која едноставо изобличува во секој миг. Се пали како ламбичка која потоа никој не може да ја изгасне освен самиот.
    Колку болат некои мигови кои едноставно се лизнале низ прстите и за нив нема враќање.
    Ги гледаме сите околу нас добри, ведри, исправени на нозе, а внатре можеби силни ветрови и бури да косат. Некој носи една планина на себе, некој повеќе.
    Нашите судови се лажни. Колку убаво знаеме да дадеме заклучок и суд за нешто, а потоа кога ќе ја видиме реланоста...
    Сташно. Молк. Тишина.
    Сфаќаме колку грешиме, ама предоцна. Мигот заминал и не се враќа повеќе.
    Се’ тоа за ум, за ништо друго.
    Кога би можела да вратам многу такви мигови. Ама се’ е залудно, веќе заминале.
     
    На Gea, stylishh, marama и 9 други им се допаѓа ова.
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Се чувствувам ко 13 прасе...оноа сите врткаат дечко,мувачи,јааа...е ја ништо немам од тоа...абе остај тоа не е толку страшно,ама страшно почнува да станува кога мајка ти ќе почне да го прашува братучед ти за „некој дечко за мене“...си зборуваат сестра ми и братучед ми за дечковци,женски и ја онака само седам слушам,ќутам,нели неможам да се умешам у муабетот немам дечко...и мама вика абе остајте тоа некој за ЦИА нема ли...и ја гледам и превртувам очи и вие почнуваат а овој е добар за неа,мислам оноа ќе ме мажат :^) ..и им викам слободно правете си муабет ве напуштам јас и станав си отидов во друга соба.
    Или па исто кога ќе дојдат братучедки и сеа сите имаат дечко,тоа значи дека 4 девојки зборуваат за дечковци,само ја онака си седам,црна овца...
    И страшно ме нервираат муабети од типот ајде кој дечко да ти го најдеме,аман бе,ок,он ќе ме најде ако сака не вие мене да ми го барате,ајде ако не потерница да пратиме по него |( .Да се разбереме,не дека јас нејќам,т.е не дека и сакам,т.е незнам шо сакам :D ,ама па не сакам овакви муабети да прават за мене,не ми е угодно ич.
    Е така,отидов да се спремам јас и да барам мужи,коа нив не им текнува да побараат :rofl:
     
    На Monna.Monna, Chica.Loca и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    болна сумм, цела вечер неможев да спијам од што кашлав, неможам ни да јадам од што ми е мака и многу ми е лошо цело тело ме болит :/
     
  9. HangIng

    HangIng Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    23
    Има еден посебен вид на жени кој што посебно го мразам. Мхм, да... Го кажав срамотниот “мразам“ збор.
    Тоа ти се сите оние сиромашни, усрамени жени криејќи ја својата неспособност и зависност од мажите се дрзнуваат да ги навердуваат со секакви погрдни зборови од типот “сите мажи се свињи“, “сите мажи изневеруваат“, “сите мажи сакаат само со к*рот“...

    Ми иди да земам еден ваков во раце и сите по чело да ги истрескам!!!
     

    Прикачени фајлови:

    • 38628_415.jpg
      38628_415.jpg
      Големина на фајлот:
      11,9 KB
      Прегледи:
      353
    На kravce и Springy им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... тој е тука, кога сум тажна и кога сум најсреќна, да ги дели сите убави и грди моменти заедно со мене.
    Да ме теши кога плачам, да ми подаде рака ако паднам, да ми донесе цвет кога се радувам.

    5 години наназад како ме бие невиден малер кога доаѓа зимскиот попуст во Матица; или сум невработена, а кога имам работа, платата доцни или ја нема; се` некако се разминувам со книшките на попуст.

    Тој го чувствува секое мое најмало незадоволство, секоја моја грижа или нервоза.
    Само рече - ќе одиме и одбери што сакаш.
    И толку.

    Можеби и ќе стигнеме, а можеби и нема.
    Важното е што - тој понудил. Тој се грижи. Тој ме познава. Тој ме чува.
    ***

    Љубовта изгледа цвета насекаде околу нас. Се прашувам - дали среќата ги следи храбрите? Оние кои се решаваат на големиот чекор, без никакви ресурси, без никаков план... дали тоа е формулата за успех?
    Дали сме ние луди што чекаме? Ќе ни помине ли времето во залудно исчекување?
    А што треба да правиме поинаку? Да се земеме и да чекам мајка ми и татко ми да ми ја платат сметката за струја?
    Јас ли сум ненормална, или светот?
    Ме уништуваат овие прашања. Убедена сум дека сум на вистинкиот пат и дека не треба да се брзам никаде. Од друга страна, милион други примери го прават сосем спротивното.
    Среќа што никогаш не сум се угледувала на други.
    Сосем очигледно е дека ниту они не се угледуваат на мене. :D

    Не биди ничиј репер, освен свој. ;)
    ***
    Не ги сфатив никогаш луѓето што ги мотивира туѓиот успех.
    Можеби ќе му се радувам, а можеби ќе го презирам; ама не ме мотивира, не ми е двигател.
    Што фајде од тоа - ако може она, можам и јас.
    |(
    Оф леле... јас сакам и јас можам, и ќе го направам од себе и за мене.
    ***
    Многу сум комлицирана во принцип.
    Тоа го сфатив делумно, во денот кога открив дека не сакам во чинијата во која сум јадела супа или салата, подоцна да го јадам и главното јадење.
    За се` си има време. И место.
     
    На Monna.Monna, marama, kravce и 21 други им се допаѓа ова.
  11. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Лежам умирам од досада ,зјапам во телефонот некој да ѕвони да ми напраи муабет,или пораче случајно да ми прати, јоок. Одам кај дедоми на 10-15 минути,го оставам телефонот дома,се враќам 8 пропуштени повици.

    Седам на фејсбук,чачкам почетна, слики,статуси,патетики, на чат онлајн сите - никој да пиши.
    Станувам да идам во кујна да си направам кафе ,се враќам инбокс 3.

    Во школо, дремам на часови досадно ми е сите исполегнати на клупа, јас ококорена , си праам сама муабет.Наредниот час сите се расонети, а јас веќе поспана ,да заспам на клупа, и некој ко за инат ќе те малтертира.

    Сакав да кажам,балансот ме убива!
     
    На sm1zla, pamelche и thelittle17 им се допаѓа ова.
  12. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    55
    Не е лесно да станеш кога ќе треснеш на земја...кога сонот што сакаш да стане реалност, останува само сон и ти останува само надежта дека некогаш ќе се оставри.
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК никој не рече дека ќе е лесно....
     
  14. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Тоа се тие модерни дилеми, да се сликам или да какам, да јадам или да сликам за Инстаграм, да му ја лајкнам сликата што ја прикачи или да му зборнам во живо, да си ставам коректор на бубуљицава или после во фотошоп да ја средам...И после нека каже некој лесно дека ни било.

    Се шетаме ко бледи копии од себе, затоа што за секоја маана има соодветна алатка. Во фотошоп, де. Ај ќе седнеме на кафе, ама муабет никако, туку ќе лизгаме прсти на тачскринот и ќе се чекираме. Може и некое сличе.

    И така...а мене пуста дилема ми е дали конечно да почнам да си ги растам ноктите или да ги оставам кратки. До следен пат.
     
    На Monna.Monna, Name, kravce и 23 други им се допаѓа ова.
  15. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Е, ко реков дека сакам да заврни снег, не мислав да заврни баш сега и толку. Па и сегде е замрзнато, денеска 5 пати паднав. :|
    Туку, утре нема да биде добар ден, знам. До гуша сум во проблеми, ама пак не собрав храброст се` да и кажам на мајка ми. Нема ни да и кажам, посекако утре се` ќе се дознае. Па и бал на вампири има, ау само тоа ми фалеше, да ме „испофалат“ и таму, како да имам малку проблеми со моиве. Има да си добијам добра казна утре, заслужена овој пат. :worried:
    Па и тоа читањето за Тоше шо треба да биде.. Знам дека пак ќе се разрикам џоа магарица, а мразам, мразам да плачам во јавност. :doh:

    Само да го преживеам утрешниот ден, па од ништо немам гајле. :lol:
    :hai:
     
  16. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Кој што сака нека вика, ама тешко е да се студира.
    Уште потешко е да се студира и да се работи истовремено.
    Посебно за време на испитна сесија.. :sweat:
     
    На thelittle17, RainBow и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ова школово вејќе ме изморува... :( учи па учи де бре луѓе дајте ни малку слобода...па ние не сме робови па се да учиме..сакаме малку и да се забавуваме... :!: па немам време за ништо друго ..де да напишам домашно,де да го направам проекто или да истражам на темата што ја дале... и гледам 7 саато ееее..де малку да по учам за натпревар и треба да си прочитам книга тоа обавезно и колку да немам време за тоа обавезно наоѓам време... :D :D и утре па се исто... :( :( :( :( ....
     
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Многу сме патетични ние жените. Некако у крв ни е бре. Каменувајте ме ако сакате, ама јас стојам зад тоа. :D
    Пример, еве прв ден у самоча ми е. И синојка до 4 саат е*аав сојки низ дома. ( ве молам да го испоштувате тдрудот направен за ѕвездичката, оти некој пак ми ја зајебо тастатурата. ) :D
    И на почеток бев во фазон, еј топ слободно време, сега ќе се журкам. И по петнаесет минути ми текна дека сите мои другарки имаат испити, другарот ми е на пат, а јас сум сама во Скопјево.

    И почнав да си мислам, леле јас нема да имам со кој да излезам, сега ќе останам сама . Кој ќе ме сака ваква побудалена и специфична? А што ако не најдам некој пак во животот? А што ако останам сама за секогаш? А што ако не се омажам???
    :D Сериозно, и не се срамам да ги кажам муабетиве пошо сум анонимна. :tmi:
    По долга трауматична ноќ, станав сабајле во 7 и бев во фазон

    Who needs people anyway?? :D И му паднав во прегратка на фрижидерот.

    Сериозно, јас никогаш не сум сакала да се омажам. Мислам дека ако некои двајца се створени еден за друг таква институција па и не е така нужна. И дури се прашувам, жено да не ти изрендале хашиш во јадењето, па вака депресивно се понашаш. :fubar: Всушност не ни сакам да се омажам, и незнам зашто така се преплашив на момент.
    Има само едно објаснување. Жена сум! :D


    А во ова стање ме доведе една моја 37 годишна пријателка, која е во депресија поради дефицитот на мажи во нејзиниот живот. И бидејќи понекогаш луѓето потсвесно влијаат на мене, ме пукна депресија, да не останам сама на 19 години. |(
    Ќе направам тендер, некој со најака рука, да ми ја шлапне една наопачка.
     

    Прикачени фајлови:

    • Raisins_Face.jpg
      Raisins_Face.jpg
      Големина на фајлот:
      126,4 KB
      Прегледи:
      325
    • sdda.jpg
      sdda.jpg
      Големина на фајлот:
      5 KB
      Прегледи:
      325
    На Monna.Monna, Gea, Serafima и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    Х особа: Зошто го правиш ова ?!
    Јас: Па тоа е дел од договорот со организацијата во која сум.
    Х особа: И ти даваат пари ?! Имаш ти некаква корист ?!
    Јас: Секако дека не.
    Х особа: Па зашто одиш тогаш ?!
    Јас: :^) Значи ти се што правиш, правиш затоа што имаш некаква корист од тоа ?! |(
    Не, немора ни да ми даваат пари, ни да имам јас некаква корист... Го правам тоа затоа што ми е мене мерак и ми претставува задоволство кога ќе видам дека сум причинител за предизвикувањето на нечија насмевка :)
    Тоа мене ме прави среќна, ми го исполнува срцето !
    И тоа е повредно од неколку денари што за кратко би го наполниле мојот новчаник !!!

    СДК - ЛУЃЕЕ, КАДЕ ВИ СЕ МОРАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ ??? :fubar:
     
    На ilipili, L-enna и Micheleljubov им се допаѓа ова.
  20. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    СДК оти го напуштам форумот,бидете ми поздравени :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.