Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Елката уште си стои накитена! |(
    Оф мори црна сестро.. :devil:
    Ја сакам, ама МНОГУ често посакувам да ја истепам!

    Имав дома што да видам, ептен убаво ме пречекаа.

    Куп садови и сунгерот плеснат во мијалникот...
    Кога ќе го видам сунгерот плеснат помеѓу купот мрсни садови коса ми се крева.

    Потоа ја здогледав мојата црна туника, уредно си ја имав здиплено и ставено во плакар, а ја најдов кај сестра ми во соба, до креветот, на земја, стуткана чиниш крава некоја ја џвакала и ја плукнала таму.

    Имав сила да вриснам и цела куќа да ја срушам.
    Ништо не е на своето место, ама буквално ништо!
    Како може човек вака да живее???
    Ќе исчистела во недела и јас и поверував. |(
    :!: Заборавив само да ја прашам на која недела мисли? :?:
     
    На Monna.Monna, Serafima, marama и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    18.160
    Пол:
    Женски
    ми се плаче :worried: :(
     
  3. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    кај најдов и јас пред полагање да се разболам... се ме боли..... и да секако од пуста мрза книга не ми се пофаќа не дека нешто за тоа крива е настинкава ама ајде да се оправдам. и не знам зошто ама секогаш пред полагање наоѓам да се изнасимнувам филмови па да не можам да се мрднам од пред монитор..... епа тоа е после настинката била крива како да не. ама ајде умно дете сум јас сега за два три саати се ќе научам :D :D :D :D
     
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Умрел целосно перфекционизмот во мене. Повеќе навистина не се трудам и не гледам причина зошто да се трудам нештото да го направам што подобро. Не гледам причина зошто би се трудела да добијам 10, зошто би се трудела да ги добијам сите бодови, зошто би се трудела некогу да импресионирам или пак зошто би се обидувала на околината да и наметнам добро мислење за мене.
    Можеби сум станала неамбициозна но мислам дека сум почнала многу повеќе да уживам во животот.
    И да, се надевам дека конечно ќе добијам покана за состанок од некој кој навистина ми се допаѓа - вака статус кво ситуација... :tmi:
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.410
    Допаѓања:
    287.172
    Си мислам што ми донесе денов.

    Непродуктивност за извоз.
    Цел ден решаржирам, барам текстови, ослепувам пред компјутеров и пак блиску до точката на која бев на старт. Туку да биде потрагично втор ден истава песна.
    Таа е.
    Зголемен притисок поради приближувањето на рокот за предавањето на семинарската работа, па избрав една тема која може пасува на профилот, може не.
    Од утре ќе почнам да ја обработувам, времето ме јаде, не можам да си дозволам подолго да се задржувам на оваа фаза.
    Барем тајм менаџмент на преостанативе три денови да воспоставам и така тргнало се по ѓавола.

    Ако некој има идеја за б2б маркетинг меѓу 2 фирми базирана на информации од солидни извори(инт. сајт, брошури...) кои поматаму ќе можам теоретски да ги поткрепам-отворена сум за предлог :sweat:

    Туку на телевизија сега видов еден од оние документарци со бездомници и нивните миленици.
    Делов со домашни го испуштив бидејќи некако не ми е соодветен за оние сопственици чиј дом е улицата.

    Отсекогаш се прашував што е финтава со бездомниците и нивните кучиња.
    Во срединава каде што живеам вечно ги примеувам околу главната станица или изолирани ќошиња од центарот на градот.
    Не генерализирам за сите бездомници, но за голем дел од оние кои јас сум ги видела.

    Секогаш си викав они немаат леб да јадат, па и куче со нив. Но приметував дека секогаш го делат и последното парче леб со нив.
    Помислував дека можеби им е смачено од човечкиот род па единствен и најверен пријател гледаат во кучето.

    Сеуште сум на истиот став, но и на ставот дека никој човек не би го истрпил нивното срање.
    Добро за нив што барем некој ќе ги ислуша и се влече по нив.
    Штета за кучињата.
     
    На kravce, Moira, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Поради посетеноста на темава, јас и Sephora решивме тука да ве известиме дека конечно се направи унија на Македонски Модни Блогери и дека од денес може сите да не најдете на Фејсбук:

    https://www.facebook.com/macedonianfashionbloggers

    Им благодарам на сите кои активно се вклучија и се согласија за креирањето на оваа мала заедница, за која сум особено среќна и која се надевам дека во иднина ќе прерасне во многу голема.
    Секоја поддршка е добредојдена.
    Не мора да ви се допаѓаме, не мора ни да не сакате, но убаво ќе е да не поддржите, бидејќи сепак името гласи Macedonian Fashion Bloggers.
    Ќе ве замолам да ставите едно лајкче на страната, нема да боли, ветувам. :)

    Однапред им се заблагодаруваме на сите кои ќе не поддржат.
     
    На Cacy, cinderella5, Moira и 10 други им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ФАЛА ТИ МАМО МНОГУ за тоа што ми помогна за да составам тоа што требаше-не беше тешко но сепак :wasntme:
    ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ :* :hug: ;(
    што би правела јас без тебе ;(
    да не ме чуе од некаде тато-има да збесне :D
    го сакам и него се разбира :* :hug:
     
    На Serafima, H.VAGA и Angy.g им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.111
    Допаѓања:
    179.465
    Пол:
    Женски
    Се радувам шо си ја повратив автосугестијата овие денови. Мојот највечи двигател. Љубоморно ја кријам под моите трепки, ја чувам од НЕкреативност, НЕуметност, НЕентузијазам, НЕслобода... пијам позитивна енергија за инат на намуртените фацки... но, спремна сум и да ја делам со секој на кој таа му недостасува :)

    СДК.. дека никогаш не учествувам во дискусии кај шо се расправа за вкусови (музика, филм, убавина...и такви ми ти ствари)..тоа уствари е и едина дискусија која ја избегавам и бојкотирам. Вкусовите водат од крајност до крајност и за тоа не се дискутира. Ма немам намера да наметнувам мои мислења и ставови. Со задоволство би ги поделила доколку тоа се побара од мене...но, толку! И мрзам коа мене ми го праат тоа, навистина е скроз безпотребно.

    И СДК дека ме нервираат нечувствителни луѓе...мислам.. на сите ни излетува по нешто од уста кое не го мислиме.. јбг луѓе сме, но, такви злобни усти кои тоа го праат со намера, од нив утробава ми се превртува, желудников едноставно не може да ми ги свари...и автоматски ми се блуе од истите!!
    ..а, ако напраам една реконструкција на горново... ради такви пак, од друга страна нема потреба од диета..хмм...добар конклужн.. нека рече некој после дека во секое лошо нема по нешто добро.. :D :D :D
     
    На Gea, Serafima, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    СДК ова беше убав ден ! Се одморив како човек.Си го поминав цел ден со тато :) Се смеевме,лудувавме по дома,гледавме филм.Тоа е мојот другар,пријател,татко.Тоа е човекот кој ми го разубавува животот.
    Тоа е човекот кој ГО САКАМ намногу на целиот свет ! :inlove:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Каде отиде светов , еј.
    Сите само од корист се..додека им требаш ќе те најдат и во тунел,а кога ќе те искористат и на светлина не те познаваат.
    Зошто луѓето се толку пребирливи?Зошто толку завидуваат?Зошто сакаат да те видат поразен,навреден?Зошто?
    Денес , неможеш да најдеш другарки.Можеш "другарки"..но не другарки во вистинска смисла на зборот.Ако еден има лошо мислење за тебе,мора и другите да имаат.Обавезно!
    А зошто ? Бидејќи не и се допаѓаш на личноста , и другите околу неа морат да имаат лошо мислење.
    Неможеш да му се довериш,а да не те прекаже на сите.Му ја кажуваш твојата ситуација,дека ти е тешко некогаш..а тие..Ајде,ајде ќе помине.Не те прашуваат ни што ти е, ни зошто се чувствуваш така.
    Искрено,мене да ми речит некој дека му е тешко,неубо..можам да го ислушам во кое било време.Да пробам да помогнам ако можам.
    Иначе не сум светица.И јас имам правено работи,за кои жалам.Но,времето не се враќа.
    Господ знае што сакаш,уште пред да го посакаш тоа !
    Затоа оставам се на него.Секој ден станувам со надеж,дека работите ќе се подобрат.И да.Се подобруваат на некој начин.
    Во мојата глава имам замислено дека се ќе дојде на свое место,и го чекам тој ден.
    И ќе го дочекам.
     
    На Feuerwerk, Serafima и Lov3 им се допаѓа ова.
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    На mimiiiii, WildCherry и ljubam им се допаѓа ова.
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет. Ама не би го напишала овде јавно.. Кој сака да ми помогне нека ми пише ЛП ...
     
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    СДК дека досега мислев дека korITtsaki е korTIsaki ццц, не сум видела :D :D поздрав до неа :D
     
  14. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    Me нервира премногу.... :@
     
  15. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Немојте да му верувате на суштество кое моча стоејќи.

    Колку е само најгрдо чувството,кога ќе ве извисат,повредат,навредат и згора на се остават.Без објаснување.Само еден грд збор ЗБОГУМ,и сеа иде тој дел кај што се прашувате шо не е у ред со вас.. и копате по каналите на мозокот,барате грешка.Зошто бе ние женскиве сме такви,зошто се си зимаме на срце.. (реторско прашање).

    P.S - Мажите се свињи.Порано или подоцна ќе се уверите сите.
     
    На julie77, CIA, vendiii и 5 други им се допаѓа ова.
  16. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека денов ми беше прекрасен врнежливо убаво си бев на факултет си ги завршив сите документации , па кај другарка на кафе , и на крај дечкото ми дојде на гости и ме изнаенади со прекрасен букет. Би сакала сите денови да се вакви.
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.267
    Допаѓања:
    140.834
    Сигурна бев дека утре ќе одам на Мугер Фугер, ама утре не било 8 февруари! Уште пишав порака, уредно се најавив, да се знае. Што е сигурно, сигурно е :D

    Малиот истегна тетива, а и излезе дека операцијата од пред година и нешто треба да му се повтори. Не веднаш, ама како што се движат работите, за најмногу две години. Пак зрачење, пак операции, а ми станаа нормални. Толку нормални, што не сум ни вознемирена додека мислам на тоа.

    Снаа ми имала сообраќајка, среќа што се извлекла, колата отишла за старо железо. А брат ми е на печалба во друга печалбарска земја, не во таа во која живеат сами и без помош. Сама е таму, со две деца. Да живее капитализмот!

    Моите се пензионери. Официјално, двајцата. Да се живи и здрави уште долги години. Ама како тргна со притисокот, не е на арно.

    Имав еден премногу сентиментален момент на работа. Ама ми помогна полесно да надминам една ситуација во која неправедно се однесував кон луѓе кои ги знам.

    И се ова оваа недела. Звучи депресивно, ама не е. Просечна недела со просечни глупости.

    Ништо особено.

    Освен едно кафе, на сонце.
    Бесценет момент кој на животот му дава друга димензија. И после, се е полесно.

    Кратки се деновите. Кога би имала секој ден два дополнителни часа, би било совршено. Барем два... :)
    За нас. Да наполнам батерии и да можам се да поднесам.
     
    На Gea, Buttterfly, Sephora и 18 други им се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    СДК дека утре ми се јавуваат за телефонско интервју од Green peace, пуштајте среќа ах!
     
    На Lux, Monna.Monna, Gea и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Денес, Тоше ќе полнеше 32 години..
    Лета времево, мене верувајте уште душава ме боли. Ме боли многу, нека ви звучи клише, превртувајте очи ама тоа ми стои во срцево. И ден денес гледам негови интервјуа одново и одново. Ми ја смирува душичкава, го чувам од заборав. И да не беше тој, немаше да ја почувствувам топлината и убавината на Крушево. :l: Толку малечко а толку големо. Во никој град не се чувствувам така исполенто. Никоја личност не ми влијае на внатрешниот мир како него, и покрај тоа што го нема.
    И ден денес очиве ми се полнат со солзи. Си направив компилација од сите негови песни и си ја слушам речиси секој ден.
    Жив е!
     
    На UnknownLadyDi, Sexybaby86, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Срцето ме боли кога ке прочитам вакво нешто :( ;(
    Ова е страшно што им се случува на жените :x

    http://tocka.com.mk/1/85765/zenite-vo-svetot-dali-sum-jas-sledna-koja-ke-bide-siluvana
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.