Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Зошто денеска цел ден ми е тргнат на лошо, зошто како да е цел цвет црн така се чуствувам па и плус она моено магаре го удрило кола, и чоеков ниш не кажува :@ ми вика имам работа на болница па и плус не крева и го исклучува телефоно :@ Како можи така да прави а знае дека јас најмногу се нервирам и пак крија од мене за такви битни работи ;( и да не му е ништо треба чоек на најблискио да му се јави да му кажи што се случило, што му е, а не тој оправдание не сакам да се нервираш ти :@ а не сваќа дека јас вака да чекам многу повеќе се нервирам и многу повеќе сум тажна ;( Како ќе се чуствува тој мене неш да ми се случи а јас да не му кажувам и да му затворам телефон :@ уф овај проклет ден :@
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.475
    Допаѓања:
    91.882
    Пол:
    Женски
    Никој, никогаш не ме видел толку среќна, насмеана, исполнета како овој период со Него.

    Во средата поминав да го видам на кратко. Ахам, се сторија 6,7,8 часа. Наредниот ден требаше да полагам т.е вчера и ми кажува колку ќе му биде убаво ако ги средам сите испити како претходните, а потоа ќе се потруди да ме разгали. Јас не помнам, но сум му рекла дека ми значи што се слушаме пред испит, но би сакала и да го видам.
    Ми пиша вчера утрото дека станал, да имам успешен ден и го снема. Нешто пред 10, ми врти дали сум стигнала на факс, а јас ко и секогаш доцнев, па мораше да ми каже што ми спрема.
    Дошол до факс, ме чекаше на порта, на дождот само да ме бакне, гушне и си отиде.
    Ми ја исполнува секоја моја желба, ама баш секоја. Вечерва го прославуваме неговиот роденден и него му е поважно да ги исполни моите желби околу неговиот роденден, него неговите. Неговата најголема желба и причинител за среќа сум била јас.
    Полека неговото мало катче го прави наше. Ти што мислиш за ова? Ти што мислиш за она? Ќе си го средиме вака, ќе си го купиме ова, она.
    И толку многу е искрено што повторно се прашувам колку сум јас спремна за ваква врска?
    Колку сум спремна некого несебично да сакам, да мислам на него подеднакво како и на себе?
    Не знам, но знам дека наскоро ќе дознаам.
     
    На Lux, Adi888, Anna-Banana и 60 други им се допаѓа ова.
  3. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Marama, си ме разнежнила нај. :wasntme:


    E ваков кретенизам, ретко се раѓа.


    Толку човек да нема ОСЕТ, да нема ни најмалку домашно воспитање...е стварно не ми е јасно.

    Типов е од Струмица ( no offence )...Ама! Јас стварно не знам што мисли дека ние скопјани правиме секоја вечер, сигурно не мисли дека спиеме пошто упорно ми се јавува во 3 и пол... 4 и пол... Да ме праша ШТО ПРАВАМ??
    Па пред неколку месеци коа ми се јави така, му се прејавив сабајлето и му викам :
    - Што ти е на тебе бе? Што мислиш дека правам за време на сесија во 3 и пол
    он! - Ауу па јас мислев вие скопјани цело време излагате, па јас со моите секогаш се слушам после 12.
    |( кил ми.

    Уште кога ќе му го чујам тоа гласчето феминизирано slash арогантно, ми доаѓа нагон за блуење жими една мајка.

    Синоќа ми зазвони во 5 и пол мајке ми!
    Му изгасив ама џабе - ми скрши сон :@

    Сабајле коа станав му пишав една долга порака од типот на - имај малку домашна култура мајку му е*ам.

    И после бев инспирирана и му пишав уште една кај што му кажав дека наводно дечко ми бил со мене, и кога видел дека ми звони ДЕБИЛОВ во 5 и пол полудел.

    нема спас. Број ќе си сменам. :x
     
    На Ingvild, srcekrsacka, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.159
    Пол:
    Женски
    Мразам една особа од дното на душава, ја мразам што постои, што се вмешала во мојов живот, боже прости ми душава ми е полна со омраза :worried: Почнав да ја сонувам , кошмари имам со неа и плачам во сон, ах да не постоеше, да не се вмешаше таму кај што не треба :doh: Го отварам нејзиниот профил, гледам и се полнам со гнев и омраза :|
    Не знам дали кажав ама веќе не работам, напуштив заради факултетот, крајна година ми е сакам што повеќе испити да положам, да дипломирам побрзо и да станам професорица :D и така деновиве ми минуваат над книга, учење на сонети, поеми и драми :geek:
     
    На Angy.g и prettyliar им се допаѓа ова.
  5. Amo.la.moda

    Amo.la.moda Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    12
    Неможам повеќе. Се чувствувам како најглупа личност на оваа планета. Имав толку многу шанси за работи што многу долго ги чекав а јас по навика незнам да ги искористам. Чекав конечно да се зближам со него и денеска кога ја имав најголемата шанса јас неможев да прозборам. Најголем непријател сме си самите себеси. Од оваа моја пуста срам го испуштив моментот што го чекам веќе 5 месеци :'( Зошто кога ќе го видам незнам како се викам???Сега се чувствувам најмизерно на овој свет зошто на сите животот им тече а на мене постојано ми седи во место... :( :worried:
     
  6. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Сфаќаш дека си до тој степен отидена, кога цело парче од храна ќе ти падне на неусисан тепих, а ти така елегантно ќе го подигнеш од земја, и за изненадување на останатите во собата, а богами и свое, ќе го лапнеш во уста, ќе го изџвакаш и голтнеш. :|

    Само што ми се случи тоа, и сега ги чувствувам сите бактерии како ми лазат во желудник.

    Добро утро, инаку.

    А јас славам математика сум го положувала со осмица. Го добивме колатаааа!!! :party: :party: :party:
     
    На kravce, antonina, Elennaa и 15 други им се допаѓа ова.
  7. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Добро народов до тој степен е прост или глуми лудило?! Како може на починат човек да му се честита роденден, и да му се посакува се најдобро? Како ? Јас сфаќам дека сакате да му оддадете почит на Тоше, но некои го прават тоа на погрешен начин. Жално е луѓе тоа што го правите со статусите на фб. Еден од друг копирате, а не знаете дека така правите будала од себе. Ако еден пише не мора сите бре. Со тоа не оддавате почит.
    Ако до толку сакате да му оддадете почит, само споделете негова песна, без никаков коментар подобро ќе е. Верувајте.
     
    На mariatim му/ѝ се допаѓа ова.
  8. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Сите си се своеглави на прво место и така натаму и така натаму, си прават што си сакаат. Ама понекогаш и грешат, што е човечки ама не човечки е да оставиш некој друг да ги исправа твоите грешки!
     
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Животот никогаш не знаеш што ти носи.
    Може да си горе, а веќе наредниот момент на дното.

    Особено сум чувствителна кога станува збор за болни лица. Болеста ја уништува среќата, среќата -расположението, расположението - желбата за пари, а кога нема пари - нема ни лек.
    Срце ми се стега кога ќе чујам за некое болно детенце, млад човек, старец и никогаш не сум пропуштила прилика да донирам и помогнам. Не можам и пред се' не сакам да останам нема на нечиј повик за помош, не заради совест, туку зошто чувствувам силна потреба да помогнам. Знам дека моите пари некому многу му значат, а јас можам да го преживеам месецот и со нешто помалку.

    Па што ако секој ден работам, не секогаш располагам со слободно време, преживувам стресови и сум често ненаспана заради тоа. Мене во животот најголемо задоволство ми причинува ако луѓето околу мене ги правам среќни, а не матерјалните работи. Една искрена насмевка и едно благодарам многу повеќе ме исполнува отколку ново парче гардероба или ручек/вечера во ресторан.

    Среќата се враќа како бумеранг, подеднакво како и сите други работи.
    Ако даваш ќе ти се врати, ако не, не ни ја очекувај.

    Никогаш нема да ги сфатам тие што не го прават истото. Да немаш ќе разберам, ама да имаш и да си молчиш за мене е најголемиот грев. Да вртиш поглед и да се правиш дека не допира нечив повик за помош е најлошото кое може да го сториш. Да се правиш слеп пред нечија лоша судбина и да немаш трошка човечност за малку да помогнеш и можеби да ја промениш.

    Како спиете бе луѓе?
    Нели ве прогонува совеста?
    Каде е човекот во вас?
    Вербата во Бог, постењето и одењето во црква нема да ве испере тоа што сте такви - никакви.
    Што ако стануваше збор за вашето дете, татко, мајка, брат или сестра?
    Не верувам дека и тогаш би ви било сеедно.

    Знаете да кукате како животот е лош со вас, а какви сте вие кон другите? Исти! Лоши и гнасни.
    Епа немој да очекувате промена се додека сте такви.

    Плачам во себе за тоа до каде оди човечката себичност.
    Не сакам да живеам во ваков свет и покрај вакви луѓе.
    Паѓам во депресија и се' повеќе се разочарувам.

    Инспирирана нажалост од вистинска случка неодамна на која бев сведок.
    Извинете за замарањето имам грутка во грло, а немам каде да се ослободам.
    Не сум лицемер ниту пишувам ради реда. Оние кои ми се блиски многу добро го знаат ова, а се блиски зошто делиме мислење и реагираме идентично особено на оваа тема.
     
    На Lux, eli25, kravce и 34 други им се допаѓа ова.
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Заминувањето на Тоше сеуште не успеав да го прифатам.

    И денес го доживувам како да е тука, се чувствувам исто како да е некаде во странство и дека ќе се врати. А на ваквите денови кога го славиме, и секогаш кога излегува некоја нова песна од него, сфаќам дека е пожив од кога било.
     
    На Ingvild, kate21, EleMental и 2 други им се допаѓа ова.
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Значи да сакав денес, немаше намерно толку глупости да направам...
    Прво станување од сабајле, си ги испозаплеткав нозете во јорганот, и се спружив колку сум долга и широка во собчено мое кое што е полно со ќошиња, и арно жива останав. Го гледам него сиромав, сум го напикала до ѕид откриен, може и ќотек сум му удрила во спиењето бидејќи спијам како силеџија невиден. Ко да не беше доволно, станав, видов каде боли каде не, си проуфкав и си отидов на работа. Само што излегов од кола во ниедно време утрово уште темница надвор, ми се испуштил работ на панталоните, и ко си го згазнав, реприза... Чуварот врат искрши за да ме крене, викам значи Елено, падавица имаш ама незнаеш, глупачо... Ми се расипа телефонот на работа, од 100 обврски ми излегоа 500, и ко да не е доволно, му "влетав во загрљај" на мојот мил и драг генерален директор, откако си ја згазнав проклетата врвка од чизмата! (знаев дека требаше да ги купам тие без украсни проклети врвки) И си добив едно - де бре дете, што си се растрчала по фирмава ко крава по росна ливада??? Значи, изјавава му беше една и единствена, уникат...
    И сега ми се наближува времето за одење дома, страв ми е од столов да станам, да не останам без главава на рамења, или пак уште полошо на некого да му ја одрубам главата како што сум тргнала.

    Браво Елено легендо, ќе те памти овој петок... :rofl:
     
    На sweet-cherry, kravce, Elennaa и 11 други им се допаѓа ова.
  12. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Лошо време,врнежливо,тмурно,ме збунува и мене.Ми влева некоја нервоза,ме поттиснува,ми дава 100причини за да ме потсети дек сум чуден метеопат.Реков чуден бидејќи некогаш ми влијае а некогаш не.

    Спијам како ненормална.Незнам што ми е,изгледа периодот е таков и цело време си повторувам "Од соништа не се живее",и џабе,нема никакви резултати.
    Вечерва,ќе славиме пак.Ќе го заокружиме последниот викенд пред секој да се врати на своите факултетски обврски,иако некои веќе одамна се вратија.Ама нели,колку да се напомене нешто.

    Се фатив себеси како пијам многу кафе овие денови,знам дека не е убаво ама сам ми бара организмот бре.Еве сега го пијам првото кое што по некој навика ми кажува каков ќе ми биде денот.Така сум си замислувала од секогаш.

    И пак имам некое чувство,и пак...Е неможам веќе.Не сакам да ми се случува ова...
     
    На kravce, Micheleljubov, DeMelo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    55
    Досадно ми е..ужасно ми е долг денов, едвај чекам да си одам дома од работа и да си уживкам
     
  15. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Пред некој ден спомнав дека ние луѓето сме егоисти, љубоморни, себични, па дури и понекогаш самобендисани. И сеуште стојам позади тоа. Сеуште мислам дека нема искрено добар човек на планетава, дека сите се прикриено љубоморни, себични, лоши. Не верувам кога некој за себе ќе каже дека е добар, затоа што сум го затекнала, а верувам дека и тој самиот се затекнал во ситуација кога изреагирал лошо. И секој ден се уверувам дека има се повеќе и повеќе такви. Затоа јас за себе не викам дека сум искрено добар човек, туку велам дека сум добар човек со лоши примеси и лош човек со добри примеси истовремено.
    Сакам да кажам дека имаше само еден човек што според мене беше ако не искрено добар, барем добар човек. Знам дека веќе знаете за кого зборувам. Да, зборувам за Тоше. И не го спомнувам бидејќи му е роденден и колку да се рече, туку сакам да кажам дека иако можеби не беше најсовршениот човек на планетава (никој не е нели), сепак имаше големо срце што бликаше со љубов и топлина. Отсекогаш го памтам како хуманитарец, во главата го памтам по сликите каде е гушнат со несреќните деца, ја слушам реченицата Ве сакам сите! и некако преку неговите песни го чувствувам како да е жив.
    Признавам јас не сум најдобриот човек, понекогаш сум егоист, љубоморна, самобендисана, себична, па дури и лоша, ама во моментите кога си споменувам за ваквите луѓе, се трудам да станам подобар човек, да го најдам светлото во секој мрачен пат, да им помогнам на немоќните, да го најдам своето јас.
    Треба сите да пробаме. Ако не секој ден, еве барем денес. Ако не за нас, барем за Тоше. Да му докажеме дека сеуште се сеќаваме на неговата добрина и дека се што направил не било залудно.
    Да бидеме подобри луѓе!
    Останете ми поздравени и уживајте во денов.

    http://www.youtube.com/watch?v=8TxTqFgNrUs
     
    На lovely91, Katerinceee и julie77 им се допаѓа ова.
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Сте ваделе умник? Јас два имав извадено до вчера. Ги вадев со ептен мала болка и за 5 минути си одев од ординација. Синоќа третиот умник ми наплати и за останатите два. Три саати го вадеа. Влечи, тегли, боцкај, не попушта. Болно беше и за мене и за докторот што се препоти сто пати.
    По некоја случајност и мајка ми беше со мене. Се утепа од плачење затоа што ме боли а не може да помогне. Мајка!
    Доброто од се е што сега сум без болка, но со отечена уста џоа Анџелина Џоли. Сега сум Блонд Џоли :D :rofl:
     
    На bittersweet, sweet-cherry, kravce и 23 други им се допаѓа ова.
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека просек со 5.00 не е воопшто доказ дека одредена личност е паметна и умна, get over it.
     
    На sweet-cherry, Chica.Loca, antonina и 20 други им се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.350
    Се враќам од ручек со еден што ми беше шеф. Додуша си бевме поддршка и надвор од работа па одржуваме контакт, ама муабетот се сврте за работа и како се имаат променети работи откако си заминав од таму, да после чаша вино падна понуда на маса. Овој е пијан од една чаша?! :o
    Не бил пијан. Понудата не е од него туку е пратена преку него.
    Епа како во небрано не знаев што да речам и се разделивме со јас ќе размислам и ќе им се јавам. Сум за она нов бунар копај во стариот не плукај, ама јас тек само што поминав со оние прачките за барање вода да решам каде да го копам новиот. Целата сум збунета и не очекував да ме некогаш некој бара назад, од никаде, посебно кога толку лесно ме пуштија овие да си одам. Работата беше, ме ставија во мат позиција да немам избор со тоа што не се согласија на моето барање за неплатен одмор во време на семејна криза и јас решив дека сепак имам избор и им реков пријатно.
    Ама сега? Не сум нити пцувала нити ругала така да чист образ, ама еднаш таа врата ја затворив. Од друга страна веќе почнува сомнеж да ме јаде дека стварно фрлам научено, искусено и усовршено во вода за да почнам на ново и влегувам во компетиција со помлади девојки за идна работа, која знак прашалник е кога и нај несигурното е дали воопшто ќе ја добијам. Од трета страна пак, тоа за што се одлучив сега да пробам, го сакав кога бев помлада ама реално немав услови да тргнам по тој пат. Ако не сега, макар и покасно било од што сакав ама повеќе никогаш нема да се нити надевам а камо ли одлучам на такво нешто. Не ми требаше ова денеска.


    Не знам, јас мислев ми поминаа ноќите на мислење со што понатаму.
     
    На bittersweet, AIT и kravce им се допаѓа ова.
  19. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Пет минути ми стои Испрати одговор и незнам од каде да почнам. |(

    Епа ајде да почнам со Тоше. Не ми е страв или срам да пишам дека премногу го сакам Тоше и дека цел ден буквално го поминов со него, со неговата музика. Ова го викам, затоа што многу ќе си помислат: Ее.. само денес ви текнува на него, но не, мојот живот помина со него и неговата музика, и дух :)

    Го изгледав новиот спот 123 пати и го ислушав 456, но малку ми е. Просто приврзана сум до неговата музика и неговото дело. Многу тешко ми падна кога него некој го имитираше, што неможеше тоа да биде лично тој. ;( Добро беше што барем не му го покажаа целото лице на манекенот, тоа ќе беше апсурдно :fubar:

    Да продолжам...

    Од сабајле се влечев по доктори, имам проблеми со желудникот. Па ај после тоа, фрли се веднаш на бубање. Ноооо, сега да се спремам и одам да го освојувам светотт. Јеаах :lol: ]:)

    Како и да е, животот мора да продолжи. Сите еден ден, бавно и болно ќе го напуштиме светот. Разликата е тоа што некој порано, некој подоцна, а додека сум во состојба, сакам да го искористам својот живот, затоа што едно е да бидеш жив, а друго да живееш. :)
     
  20. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    СДК од душичкава моја само Д ми остана :!:
    А од нозеве ништо :D

    И си седнав да се подружам со вас додека да ми се врати сопругот, малку да се расположам и одморам.

    Али “маката“ не беше за џабе, си купив парфем, oh yeah ! 8)
     
    На Ingvild, srcekrsacka, ana-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.