Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    По 10дневна пауза од форумов, сфатив дека ова ми е место каде си ги кажувам сите маки и среќни моменти и нема смисла да го напуштам поради некои членови, бидејќи овде си пишувам за мене да ми е убаво не за дотичните. Ве читав овие 10 дена, до некаде знам што и како се случуваше... Епа добро ве најдов. :)
     
    На Ingvild, NoellePage, Ariel и 31 други им се допаѓа ова.
  2. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Јас својата зрелост ја достигнав многу одамна.
    Од една страна сум горда на тоа, но од друга страна жалам за скратеното детство.
    Виновни за тоа се моите родители. Човек МОРА да внимава во кое време и пред кого дискутира за проблемите. Децата не треба да се дел од таквите дискусии.
    Секогаш се разликував од моите врсници, не ги разбирав нивните шеги и теми на муабет. Ми одговараше друштвото на неколку години повозрасни од мене.
    Не и се чудам веќе на мојата генерација, затоа што нивното созревање низ годините си доаѓаше по природен тек.
    Денеска им се чудам на на оние повозрасните кои никогаш не созреале..
    Во години кога човек треба да размислува на тема СЕМЕЈСТВО, бидејќи биолошкиот часовник отчукува и времето не застанува да те причека да се освестиш - некој седи на компјутер 24/7, нема живот, а притоа сам е.
    Сите пријатели и се веќе во брак, со деца, некои без деца - но во долги и озбилни врски, а таа каде е?
    Веќе некое време размислувам на нејзе и нејзиниот празен живот.
    Јас гледам дека е тажна и осамена, но ништо не превзема да го промени тоа.
    Прееска и правев анализа на објавите и коментарите на фејсбук, имав што да видам.
    35 годишна девојка води дискусии за цртани филмови, самовили, принцези и замоци..
    Јас сум и најблиска роднина, се обидов да и помогнам со неколку совети, но сфатив дека е многу горда да ги примени и испочитува, а знаете зошто? Бидејќи сум доста помала од нејзе, направив да се почувствува лошо наместо да успеам да допрам до нејзе.
    Понекогаш имам потреба од друштво па ќе ја повикам на кафе и ќе се покаам.
    Јас не можам со нејзе да направам ред нормален муабет, додека јас зборувам за нормални нешта, за животот надвор од дома, таа нема што да сподели со мене.
    Слушајки глупости, веќе и јас не знам што паметно да и кажам.
    И срцето ме боли кога ја гледам како пропаѓа сосема сама. Не успеав да најдам начин да ја извлечам од состојбата во која се наоѓа.
    Познавам многу на нејзина возраст кои се без дечковци, но не се сами, не се осамени, имаат живот, ја градат својата иднина вака или онака.
    Имаат планови и гледаат напред.
    Оваа девојка не гледа кон иднината, зарем не се плаши од времето кое со секој изминат ден ни е зад петици, а нејзе веќе дури и ја гази?
    Да, јас се плашам од времето и се додека се плашам добро е.
    Не треба човек да и препушти се на судбината, нема судбина, судбината ние самите си ја креираме.
    Зарем овој еден живот што го живееме треба да го поминеме така, сами и осамени???
    Се плашам, многу се плашам од времето, од она изгубено време.
    Додека јас со секој изминат ден правам спомени, некој се изгубил во времето и просторот.
    Нема полошо од тоа човек да нема со кого да го сподели својот живот.
    Пријатели, љубов, семејство, деца, па не можам и не можам својот живот да си го замислам без овие нешта.
    Мене осаменоста ужасно ме плаши!
     
    На Lux, bittersweet, marama и 30 други им се допаѓа ова.
  3. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Се осеќам среќно, а истовремено и тажно. Сакам да е така а уствари е онака. Ете си реков тоа што сакав да кажам. Ај сега чао. Ве обожава вас ваша Бисерка :)
     
  4. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    СДК дека си добив бело цветченце и многу сум си горда.
    Пошто за релативно брзо време ми пристигна цвеќенцето,се надевам дека не ми беа мислењата само така нафрлани...
    И уште што се надевам е тоа дека ќе се дружиме уште доооолго долго со многу корисни советчиња и цвеќенциња за сите. :* :inlove:
     
  5. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Денес сакам да ви го претставам мојот живот каков што никој не го знае, особено гледано од финансиски и социјален аспект.
    Од мојата четврта година започнавме да градиме куќа. Таткоми земаше добра плата за тие времиња, се беше ефтино ама сепак како и да е, повеќето пари одеа за куќата. Моите ми немаат купувано играчки како на сите други деца. Единствена играчка што ја добив беше од таткоми - коцки за редење, кои сеуште ги чувам. Не се лутам. Не сум ни разбирала тогаш, не ми се ни биле потребни пари. Морало да се штеди за куќата.
    Во периодот од прво до трето одделение таткоми ја изгуби работата и живеевме од социјална помош. Моите секогаш гледаа да заштедат на се, за да може да преживееме со парите од социјалната помош, се разбира дека таткоми понекогаш наоѓаше некоја ситна работа за една или две надници, и тоа беше нашиот вкупен доход. Јас моето детство го поминав со бедни 4500 ден за цело семејство. Имав само 2 пара облека за школо. Едните ми ги облекуваа едната недела, другиот пар наредната и се така до четврто одделние. Еднаш другарка ми ме праша зошто секој ден одам во иста облека. Се засрамив. Иако бев мала сеуште се сеќавам на тие зборови, на топлината која ме облеа кога ми ги рече тие зборови.
    Израснав гледајќи ги другите деца секој ден во различна облека, со убави тетратки и нови ранци секоја година. Моите тоа неможеа да ми го припуштат. Дневно ми даваа по 10ден за јадење. Колку често сум доаѓала во ситуација да побараат другарките да јадеме сендвич, пица, бурек или чоколада а јас секогаш морав да наоѓам изговори и да се вадам.
    Во четврто одделние таткоми пак доби работа.
    Наредната година и јас добив нов ранец и нови алишта.
    Оцените уште ми беа исти ама јас не. Веќе ја имав изгубено самодовербата што поради парите што поради изгледот. Бев доста покрупна од останатите а од што? Од ефтините паштети со кои израснав, ајварот и секојдневните прженици на мајками.
    Другарките веќе почнуваа да зборуваат за момчиња, за симпатии, за некои кои им се удварале а јас само слушав и се плашев. Мислев дека никој нема да ме сака оти бев покрупна од другарките и подгрбавена. И сеуште ми даваа по 10 ден за јадење. Сеуште морав да лажам.
    Почнав да излегувам после полуматурата. Ослабев. Добив убаво тело, не се работеше за многу вишок затоа, ама со супер згодни другарки и 5кила ти се гледаат страшни.
    Си фатив дечко со кој и ден денес сум заедно.
    Цело средно го поминав со бедни 20ден за јадење иако таткоми одамна зема голема плата.
    Ви се верува ли ако ви кажам дека јас никогаш немам идено на одмор? Незнам ниту да пливам.
    Ви се верува ли ако ви кажам дека кај нас риба, пилешко и скара се прави еднаш годишно? Времињата се изменија ама навиките сепак останаа. Сеуште јадеме преженици секој ден.
    Понекогаш се чудам дали навистина со 45000 неможе да се дозволи некое патување или одмор.
    Дали моите штедат за факултетските денови кои не чекаат мене и сестрами или навистина е толку голема скапотија што не остануваат пари за нешто плус.
    Сега сум матурантка. Времето помина ама моите сеќавања се тука. Ништо добро. Што ќе им кажувам на моите деца? Истото што и моите ми го кажувале мене? За големата сиромаштија? Се разбира дека имам и убави сеќавања ама џабе е. Покрај толку маки не го ни осетив доброто.
    За сите во градот моето семејство се смета за домаќинска фамилија. Колку и да немало за гости секогаш имало. Секогаш сме биле чисти и дотерани.
    Никој незнае какви маки се претпеле.
    Се остана меѓу нас, за да не бие добар глас.
     
    На anuskaNESTLE, WhiteSwan, Marjan007 и 71 други им се допаѓа ова.
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Нема поубаво чуство од тоа кога си го чистиш фб..
    Кога седнав убаво, некои луѓе што воопшто не ми требаат ги избиришав :)
    и сега се осеќам поубаво..
    инаку, ми се јадеше па се мислев дали да направам сочен калоричен сендвиш или не?
    и на крај си земав салата и туна во конзерва :tmi: (озбилна сум)
    и убаво ми е, не сум прејадена таман ми дојде се :)
    сакам да го земам точакот малце да возам ама пуста мрза не ме пушта..

    Цела вечер не бев спиена и кога дојдов кога му ја легнав, се будам гледам саатот 5 :tmi:
    и се мислам дали да искачам, ама по се изгледа ке седам дома, морам да фатам малце книга да читам за 3 дена полагам пак..
     
    На Katerinceee и Ilusionist им се допаѓа ова.
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК веќе подолго време ме немаше да пишам на форумов.. но постојано ве читав и сум во тек со случувањата :)
    Денес најдов малку слободно време па попладнево решив да го поминам пред компјутер.
    Направив вкусна пица ( морам да ја пофалам) затоа што ретко правам па ете и имав среќа да испадне добра. :) Кој е за едно парче повелете :) :pizza:
     
    На pamelche, ceca-1, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    некои луге немаат пардон :x
    ни те знае ни те познава лично а те прашува дали му пречело на твојот бивши-со кој си била во најдолга врска што си ти толку слабичка :o а со денови те кани да се запознаете на кафе-СО КОЕ ПРАВО :fubar: му посакав да си најде по мерка ко за него и дека дефинитивно -ништо од кафето и да ви кажам изненадена сум максимално и разочарана тотал.
    а многу ме зачуди наставникот по Италијански што ми пратил во инбокс страница што може да ми помогне за некои работи не го очекував тоа од него и сум пријатно изненадена :hug: за него

    а кога ке запознаеш жена по чиста случајност а таа ти погодува се во врска со здравјето а најпрво од се ти вели колку си убава и ти го повторува неколку пати :^) дали е се ок со неа :D а за крај те прашува на кого личиш :tmi: требаше да и кажам на тетка ми ама ај :emo:
    сега свакам кога мајка ми ми велеше да се чувам од уроци и зли јазици-согледувам колку имала право :worried: ако мајка не те предупреди, нема кој друг да го стори тоа :!:
     
    На Anouk и UnknownLadyDi им се допаѓа ова.
  9. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Општеството е мизерно.Такви ги направи и луѓето.Недостојни,лесно ранливи.Напнатоста е во воздухот,се диши.Кога правиме нешто добро,чекаме нешто за возврат,а кога правиме нешто лошо сакаме да поминеме неказнето.Еден ангел од небото не гледа,не води,преку песните живее во нас.Врнежлив ден, и небото плаче по него.Треба да ни служи за пример,за тоа како навистина треба да постапуваме.Да бидеме хумани.
    Кога би можела,со крв би го напишала неговото име,во негова чест ТОШЕ <3
     
    На julie77 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Пред некој ден пишавте повеќе постови за тоа како ве исмеваат ради дебелината. Ве читав, али немав ни волја, ни желба, а богами ни време да го напишам постов.

    Не е само дебелината исмевана. Да видиме дали некој ќе се пронајде во мојава приказна, а сигурна сум дека ве има прилично, за жал.
    Јас никогаш не сум била со вишок кила, напротив баш во основно бев исушена додека не дојде пубертетот. Али едно 3-4 години претрпев таква тортура, што и ден-денес кога ќе ми текне на некои случки рамнодушна сум, али не ретко се случува и да заплачам.
    Ги знаете тие мирни, повлечени, бубаторчиња во класот кои поради тоа што се тивки сите ги исмеваат? Е, јас бев тоа. Бев скроз одлична, на никому ништо не пререкував, си ја гледав својата работа што се вика, а пак и носев наочарчиња. Денеска дури и во мода се, како демек паметни не прават, али тогаш не беше така. Постојано ме задеваа, постојано. Да не кажувам какви се прекари имав ради наочарите.
    Не знам зошто толку ме мразеа, и тоа девојчињата во одделението, машкиве не.
    Ми љубомореа дека ме фалеа наставниците, дека сум одлична, не знам зошто.
    Воопшто не се радувам на тој период од моето детство. Си идев дома плачејќи секој ден, памтам дека ја молев мама еднаш да ме префрли во друго одделение, само за да престанат.
    Не ни сакав да одам некогаш во школо, дотолку што ми беше мака.
    Освен навредите, исмевањата, многупати ми ја држеа вратата за да не стигнам на другиот час, да ми пишат неоправдан. Еднаш во деневник на скоро сите предмети ми пишаа единици, па после класната мораше да ги брише ... И ред други работи. Какви трауми тоа остава за 12-3 годишно девојче, а?
    Лошо беше што скоро сите наставници гледаа што се случува, али никој не зема да им даде една воспитна. А и што ќе воспитуваш невоспитани деца, тие не знаат ништо.

    Сакам да кажам, сите имаме некои лузни што си ги носиме во животов.
    Нема исклучок, животот не не гали, туку е суров. Кон некој помалце, кон некој повеќе. Али ако сами не превземеме нешто кон тоа, џабе е, цел живот ќе не повредува истото.

    Во средно, свртив друга страница. Нов клас, нови деца. Го сменив моето однесување кон луѓето, веќе не дозволив никој да ме гази. На почеток се избацуваше некој за да зборне нешто што не треба, али откако им вратив убаво, веќе не се осмелија. И досега, еве 6-7 години, веќе не сум се почувствувала така. А, луѓето верувајте дека не се сменија. Такви се, каде ќе видат дека може да исмеваат, таму ќе удрат. И децава отсекогаш сум викала дека се злобни. Такви беа јас кога учев, можам да замислам сега што се случува по школиве.

    Одамна веќе не играм по тоа побожното - Ако те удрат, сврти го и другиот образ. Не, ако те удрат, ти удри ги двапати, и тоа појако! За веќе да не се осмелат без причина да те навредуваат и газат.

    Знам дека изгледам ко кучка вака што зборам, али тоа е реалноста. Џабе си добар, кога луѓето ќе ти се потсмеваат за било што и да си различен. Да се разбереме, никого намерно не сум повредила или навредила, уште помалку исмевала ради X причини. Таквите се за мене кукавици, а јас нема никогаш да станам таква. Само станав похрабра, спремна да се борам за себе и да не дозволам никој да ме навредува како што правеа моите екс соученички.

    Значи, ако не смените нешто јас себе, и во иднина ќе ве повредуваат коментари од таков тип и уште полошо од луѓе кои воопшто не треба ни да ги слушате.
    `Ржнете малце. :D
     
    На Lux, Annath, bittersweet и 34 други им се допаѓа ова.
  11. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    ^_^ Врне снееееееееееееегг! ^_^
    Јас информација од прва :lol:
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Кога веќе започнавме со минатото...

    Со радост би сакала повторно да си ја слушам бабичка и нејзиниот минат живот. Навистина толку ми недостига што не тука. Бев малечка, ама тие нејзини вистински случки од нејзиниот живот, секогаш ми одземаа здив.

    Имала тежок живот, измеќарка уште од малечка. Се борела за парче леб, кое горко го заработувала во богатите и имашливи куќи. И фрлале парички во дворот, во домот каде работела, се со цел да ја видат нејзината душа, дали лаже, дали краде. Но таа душичка, не знаеше да каже не, а пак камоли на некој да му земе нешто. Им враќала се до последна паричка, иако била понекогаш понижувана, бидејќи сепак била само сиромашна девојка.
    Во нејзиното семејство беда. Неколку дечиња, но по за мене непозната причина сиромашни. Имала некаде 13 години кога и се родила најмалечката сестричка. Мајка и (прабаба ми) сакала да ја даде на некои побогати, но таа коленичела и молела пред неа само да не ја даде. Од тој ден започнала да работи во туѓите куќи. А како капак на се и од дома не била толку сакана и почитувана од нејзините и тоа само затоа што била добра душа.
    Подоцна се омажила. Тежок живот. Две дечиња и починале на иста возраст на 1,5 година. Дом исполнет со прекумерни обврски во кој само таа била жена, на 5-6 мажи. Толку несреќа на една место. Но ете, фала му на Бог дедо ми и се погодил како сопруг кој ја сакал и почитувал безрезервно, па подоцна им се родиле уште 3 дечиња од кое едното е татко ми.
    Можеби животот и бил тежок, но она секојдневие и живот што таа порано ми го раскажуваше е навистина неспоредливо со ова денес. Имало секогаш побогати и посиромашни, но душата им била друга. Ако на некој во селото им била потребна помош, веднаш сите се организирале и помагале. Заедно си ги паселе животните, заедно правеле се. Ако некој правел куќа сите повторно се организирале за помош. Кој носи камен, кој вади земја (глина за ѕидање), кој го клеса каменот, кој ѕида... Сите заедно правеле се и за многу кратко време им правеле дом на луѓето од селото. На сиромашните, оние кои биле болни и не можеле да заработат, се’ тие им носеле. Некој млеко, некој месел леб, некој сирење, месо, некој им берел дрва... Навистина немало до толку сиромашни семејства како денес, бидејќи постоеле луѓе.

    Кога погледнувам денес, искрено се плашам.
    До каде стигнавме?!
    До каде дојдовме со нашиот некоректен однос кон другите?
    Со нашето себељубие?
    Колку човек сака да биде човек во правата смисла на зборот, толку во очите на другите не е човек, туку само една обична будалетинка.
    Добрите мисли за помош, добрите дела, вистинската искреност... се тоа денес се само обични зборови без никакво значење. Факт е дека тој човек кој се обидува да биде човек е луд, ама попрво би го претпочитала тоа отколку да бидам нечовек.
    Нека бидам понижувана, газена, исмејувана... заради лудоста која е наречена добрина, сепак ќе бидам онаа која ќе биде човек.
     
    На Lux, stylishh, Sunchild и 30 други им се допаѓа ова.
  13. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... VkxJt6SHZk

    Се сеќавам дека кога Тоше почина, плачев со денови.. Најмало, нешто што можеме да направиме е да ги оставиме приказните за него да живеат. Најмало, а сепак големо. Заслужува да не биде заборавен.

    Го љубам дождот, мислам повеќе од било кој.. А денов ми е ужасен, некои спомени од глава не ми излегуваат откако го изгледав Trust. Ме враќаат полека во старата состојба, од која одвај успеав да излезам. Како повторно да ме натера да ги обојам штотуку обледените слики.
    Само тој како што беше денес, да остане мојата светла точка.
    Да, пак ќе кажам: Ми треба време за себе. Сакам барем малку да сум сама. Далеку. Од што толку силно посакувам, мислам дека кожава ми е претесна, дека душава ќе ми излезе од телото. Ах, ми треба самотија..
     
    На Ingvild, Libera, Lov3 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Срам да им е на луѓето околу мене, најмногу на дечко ми. Обожавам изненадувања, често ги приредувам без повод, како бе на никој не му текна мене да ме изненади, несакам нешто ваууу, абе чоколадо мони со машна на него ќе му се прерадувам! не бе, не е таков никој од вас :(
     
    На green.eyes, martinuska и Johny им се допаѓа ова.
  15. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    После неколку мачни денови,плачами искрено полесно ми е. :) Си живеам јас во некој мој свет кој не постои.Незнам зошто воопшто се филмувам.Ах,тој лош период...
    Толку ми е тешко,сакам мајка ми сега да е тука силно да ме гушне и да и кажам се,ама не можам.

    Чувам се во себе,јас си нервирам и никако да си помогнам.
    Ах спомени,спомени...
    Незнам зошто мо беше ова потребно да си го сторам..Зошто?
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Се возам во автобус и како по обичај нема место јас напред стоев до возачот, се качува една девојка а по нејзе едно МАНИЈАЧИШТЕ .. стоеше , стоеше и и се залепи на девојкава до гз! :devil:
    Го гледам девојчево цело време се врти натаму наваму, а стоевме лице до лице свртени и никако не можеше да ми заврти грб.. Јас кога приметив и викам тргни се навака и она се тргна .. ОВОЈ ПАК ПОЗАДИ НЕЈЗЕ !!! Ми пукна филм и му викам "АКО НЕ ГО ОСТАВИШ ДЕВОЈЧЕВО НА МИРА КОГА ЌЕ ТИ ЈА УДРАМ ЕДНА КАЈ ВОЗАЧОВ ЌЕ ОТИДЕШ" :devil: .. уште се развртува да види на кого му зборам брее !!
    Имаше еден дечко позади него и му вика што е работа ништо бе и гледа позади..
    Среќа и дечкото се симна на иста автобуска кај што се симна девојчето и манијаков..
    Јас да бев кога ќе му ја здрвев една во стомак сите светци ќе ги видеше ..
    СРАМОТА !! На ваквите во никој случај не треба да се ќути !
     
    На sweet-cherry, Chica.Loca, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.749
    Допаѓања:
    105.006
    Пол:
    Женски
    Абе јас озбилно се мажам а? Почнав да гледам невестински фустани, бурми, бидермаери :lol: И вака било а? Па ја ќе треба едно пет-шест пати да се преоблечам во текот на вечерта за да ги износам сите фустани, или да се мажам едно пет-шест пати :?: Се надевам за испитнава сесија ова ми е последен викенд дома, оти ке побудалам, либето ми одмара од испит а јас навелико класирам слики во фордери, ахам, венчаници, бурми, бидермаери, чекај, датуми, ресторани, цени..... Забавничко било :lol:
     
    На green.eyes, Serafima, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Чувството е поинакво кога омилената песна ќе си ја чуете на радио.
    Одеднаш, сивиот ден добива поинаква боја.
    Веќе не обрнувате внимание на турканиците во автобус, туку само се надевате дека на следниот семафор ќе застанете на црвено, за да ја ислушате до крај пред да се симнете на вашата станица.
     
    На Lux, tigerlady, Monna.Monna и 28 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.117
    Допаѓања:
    179.559
    Пол:
    Женски
    Тркалото се врти...зошто е круг....зошто инаку не се врти квадратот?! ;)
    Си го повторувам тоа на себе си кога се искачувам..после секој мој пад, а сеа Ви го викам и на Вас.. виртуелни но сепак драги пријатели. :)

    Ниту јас не можам да се пофалам со некој си среќен живот..целиот живот ми се сведува на успони и падови.. падовите пречесто биле болни, но сум ги носела на плеќи без ничија помош. Мојата животна приказна ме приморала секогаш да бидам позрела за годините (сочувствувам со една од феминките чија животна приказна се свела на истово) шо придонело да се откажам од многу работи. Сум ги криела солзите како змијата нозете. Од "(НЕ)пријателите" за да не ми се ситат, а од моите дома за да не ги загрижувам уште повеќе... имаше толку многу денови кога дигав раце од се... веев бело знаменце и се шо сакав беше се да окончам.. но, очигледно животот не застанува таму кај шо се дига знамето.. напротив, со тоа само даваме јавна дозвола за уште повеќе зла.
    Но, и покрај се, се исправив, ја истресов прашината и продолжив.
    Одлучив да не се предадам.. дека оваа глава треба уште многу да учи.
    Таман кога во животот мој воведов некаков си ред, и неколку години како така го оддржував на некое ниво..и кога помислив дека лошото поминало, веќе одма минатиот Февруари (кој шо практично ми е/или ми беше веке ни сама не знам.. омилениот месец во годината) почина татко ми.
    Сите зборови натака се излишни.
    Но, јас се изненадив себе си, колку тоа и да ме повредуваше...толку ми отвори очи.
    Боли колку го нема, но, јас ги презедов скоро сите некови обврски, праам работи шо никогаш не мислев дека ќе ги праам..после него веќе ништо не е исто...не може да биде..
    Но еј!! Јас сум уште жива и срцето мое сеуште чука и трепери за љубов исто како на сите останати... Скроз сама, не споделувајќи ништо со никого, смешкајчи се додека срцево ми се распаѓало од болка, без никој да знае, се борам со сопствените демони.. никој не знае, ниту може да претпостави шо се крие зад овие очи и оваа насмевка..
    Сум била и повредувана, навредувана, понижувана и дискриминирана и сето тоа без ни најмала причина...без јас воопшто да напраам на некој нешто..но луѓето се такви, посебно кога ќе ти осетат слаба точка, инстантно гризат!! (Но, нели во најмала рака, на ваков или онаков начин секој бил гризнат?!)
    Веќе не, ја одамна не им го дозволувам тоа.
    Ако не се задоволни од нивните мизерни животчиња, нека почнат од тоа шо ке најдат некоја паметна занимација отколку да уништуваат други, сосем невини животи само за да си го хранат сопственото его!
    Одамна не допираат нивните бедни зборови до мене..

    Позитивна до крај !! Не ми се секогаш сите овци на број, ама ништо нема да постигнам ако се сожалувам себе си.

    До девојките чии приказни излегоа директно од нивните срца, вие сте храбри.. јас сочувствувам со сите Вас и ви праќам гушки полни љубов и позитивна енергија зошто Вие ја заслужувате! Немојте никогаш да се ставате во подредена положба, само зошто на некој си небитен му текнало да ви го зае*е денот...ради болни створења шо патат од модерните комплекси. Вие сте единствени, убави, вашата насмевка е непроценлива и никој не може ништо против тоа!
    И ни на крај памет да не ви текне да попуштите или да се откажете..како вика онаа.... Луѓето и низ насмевката знаат да ги покажат своите заби! ;)
    ***

    СДК..дека кога и да ја видам сликава ме разнежнува и ме потсетува дека сеуште има вакви луѓе. Некои луѓе едноставно знаат да делат. Штета шо се ретки..
     

    Прикачени фајлови:

    На Lux, EvitaPeron, marama и 16 други им се допаѓа ова.
  20. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Значи каква мотивација ми дава за учење она кога ќе се видам прва на списокот на положени ^_^ .
    И лани приметив и годинава. Абе после тоа со мерак учам :D .
    Неделава смачкав 2 од 2 :rock: . Положив еден глуп премет и после него уште еден и поприлично сум задоволна од резултатите. :wasntme:
    Ајде уште наредна недела и после лакше ќе се дише :D
     
    На blond, Ingvild, rakce69 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.