Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Ах убавини :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Serafima, Ingvild, malecka91 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Ахх колку ми е криво што вечерва си останав дома ...наместо да си се шетам на ова прекрасно временце...Надвор врне снег,јас дома во топло си седам + http://www.youtube.com/watch?v=HpAIDSSc_Y0 но ете...секогаш сакам кога ќе врне многу снег да шетам а секогаш дома останувм....
    А сега не би излегла...касно ми е ќе спијам уште малце ахаххаха :$
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Секогаш сум се држела до она:нека прават што сакаат ,ако тоа ги прави среќни,генерално.АМА како може да те исполнува нешто како озборувањето?! Не,не сфаќам.И ,не зборувам за онаа трач партија со друштво+ палачинка/кафе/алкохол/ватевр еднаш во 2 месеци,дури ми е и слатко.
    Што со 'дотичните' што секој ден после предавања/часови/пауза на работа ги полнат кафиќите во центар да си го зачинат ионака досадниот живот со Х ситуации ил ликови...Морони!
    : '' Ме оговараат,значи ми љубоморат '' -
    не бе маче,верувај не ти љубоморат,само си го билдаат нивното сиромашно его.
    Би рекла дека лично ич не ме боли за горноспоменативе особи,не ме интересира воопшто за кого и што зборат,кога мене ќе ми се избацат со некој 'сочен' трач,или пак кога јас сум мета на истиве(уствари уопшЧе не ме занима некое мислење,освен на оние што мислам дека треба да се во мојов живот,и некој збор добронамерно уфрлен од странец)...Но,од овие типови на луѓе сместени секогаш некаде во позадина допрел некој атом до моето тело,па ме инспирираа за денешниов пост.
    Ме деконцентрираат.Му штетаат на мојот желудник.

    Како што љуби да каже мојот класен и проф. по мак.јаз. и летература : ''Деца,земете прочитајте некоја книгичка и билдајте речник''...наместо его!
    Спортувајте,сликајте,пишувајте,креирајте,компонирајте-
    исфрлете ги фрустрациите.
    Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи?

    Koфа пуканки и цела сезона од нова омилена серија,не може подобро.
    :~:
     
    На anabel-a, Serafima, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Не знам од чив брилијантен ум излегле речениците Сега стилот на Тоше е андерграунд и Купи си туарег, Господ да те види.
    Ми се гади, повраќа од неписмени гомна што врв во животот им се тешките досетки врз смртта на некој човек. Не можам да останам имуна на такви кретенчини. Немам сила за да ги осакатам од ќотек, ама белким Господ ќе ги докачи некој ден.

    Не е ниту хумор, црн и шуплив ви е мозокот.


    Ја не знам со што некои луѓе го заслужиле постоењево на светот, барем исчурете сами од себе да ве снема. 100 пати подобри луѓе си заминаа, а 100 пати поголеми морони се накотија.

    Боли што го нема, јас секогаш ќе имам солзи за него, ама со говеда, имбецили, трули и бедни луѓе тој не заслужи да живее!
     
    На Lux, Annath, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК дека овој пат најмногу ке ми недостига :( :( :( премногу се навикнавме еден на друг, скроо секој ден бевме заедно, а сега еден месец нема да го видам ама тоа е што да се прави за наше добро е морам да издржам без него, ке го чекам, секој ден и ке ги бројам минутите кога треба да се врати .... ГО САКАМ
     
  6. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Се собра се во мене ... ;(
    Душата ме боли , ме боли буквално..
    Го изгубивме бебето.Таа радост со која започна годината изчезна во една минута.Солзите сами течат, неможам , многу е тешко за сите.. ;( :worried:
    Арна ми рече еден човек 'ке видиш се се враќа'
    И стварно.Ке ви кажам и зошто. Сестрами го направи тоа што не требаше.Незнам некогаш неја ја обвинувам некогаш не.На претходниот дечко му раскина.Имаше изговори од типот подобро сега отколку кога ке имаме створено фамилија, или поарно додека е врска отколку да се разведуваме.
    Јас прееемногу го сакав беше добар дечко, мирен, смешен ;( Многу многу многу го сакав.
    Го остави по 6 години врска.Тој сеуште ја сакаше...но тоа беше. Имаше молења..,плачење од нивна и моја страна но ете така требало да биде..Месец дена подоцна нов дечко.Се беше во ред до денес кога стварно кога на некој лошо му направиш се му се враќа. Неможам повеќе тие насолзени очи в фамилијата , се воздржувам пред другите..Несакам да плачам несакам ... :(
    Јас разбирам сето то ама мора , животот продолжува, имам само 15 години , неможи да живеам во грижи постојано.Излегувам со надеж дека добро ке си поминам , а секоја случка, збор, муабет ме потсетува на ситуацијата дома.
    Имам стварно убави моменти во животот го сакам и ценам , ама кога ми е тешко..на се помислувам.
    Несакам вака да продожи годината, започна премногу убаво и позитивно за се во еден момент да се руши. ;(
    Имајте убав викенд, и се извинувам, но премногу тежи.
    Можеби ке речете што разбира на 15 години, но имам многу доживеано така да.. ;(
    :*
     
    На Nati.P и Elichka им се допаѓа ова.
  7. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Ако нешто ме боли, тоа е по незнаам кој пат да поминувам низ овој пекол.
    Се плашам.
    Ајде интуицијо, те молам :!: Барем овој пат погреши.
    Само што ја најдов сродната душа, немој сега да ја изгубам...
    Не би можела без него, не умеам...
     
    На julie77, francais и Mishela им се допаѓа ова.
  8. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Живеам ден за ден. Буквално. И да, паѓам во ужасна депресија затоа што мразам меланхолика, а за инает на мене, меланхолика има во секој проклет ден, кој толку проклето потсетува на нешто за кое горко се каам. И најомразената монотонија која се исправа гордо пред мене плескајќи ме в лице. Исти дождови, помешани со снег, ветришта.. Се е толку исто, толку проклето исто со Ноември. Рана, доцна есен. Рана, доцна зима. Па и сеедно е веќе. Се навикнав, на мое големо изненадување. Мислев дека никогаш нема да се помирам со некои факти, но ете и тоа бидна. Секако, никогаш не би рекла дека ми е сеедно и дека во најмала рака, барем сум среќна. Затоа што никогаш не ми беше сеедно и до ден денес не ми е. И никогаш не бев среќна, и до ден денес остана така. Помнам се, буквално се, а колку се трудев да заборавам.. Не заборавив. Веројатно и нема да заборавам никогаш. И тогаш, баш кога ми е најтешко, се потсетувам дека другите имаат право на среќа, а јас немам право да им ја уништам истата. Па затоа молчам. Не сакајќи да повредам некој друг, колку што јас бев повредена, се повредувам уште толку. Но, и тоа ми е сеедно. И на тоа сум навикната. Но не сум навикната на оваа проклета носталгија по се што немам. И упорно ми се треска в лице, како монотонијата, како нејзината сестра родена, братучетка, одново и одново, правејќи лузни кои не сакам да ги гледам. А морам. И тоа секојдневно. А не сакам нови рани, стари случки, тажни спомени. Не, ништо од тоа.
    http://www.youtube.com/watch?v=EDR-1L-S7sM
    „Pjesma uvijek miriše na uspomene."
     
  9. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    да си земам палома оти отиде тастатурата со песните на Тоше ;(
     
  10. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК несакам да изгледам како некој кој постојано се жали и не сакам да ја пренесам негативната енергија,ама деновиве се чуствувам отфрлено,како да нема место за мене...
    Знам дека не е така,ама незнам ете тешко ми е,единствено нешто што ме располуожува е читањето и мачката...
    Тешко ми е,знам јас си сум крива,ама зарем на овој свет никој не греши?
    За се јас сум казнета,бар така се чуствувам,секогаш сама сум се обвинувала,ама баш секогаш,кој и да ми рече и без разлика што јас се обвинувам,да Киккки ти си виновна,зошто направи вака,зошто така?Ама неможе секогаш јас да грешам,знам кога ќе им дозволиш на луѓето еднаш да почуствуваат дека си им потребен ќе си играат со чуствата..без разлика за кој пол станува збор.. :worried:
    Не,навистина се извинувам,знам меланхолично се однесувам,несакам да ја пренесам негативноста во вас,но потребно ми беше да напишам!!!
    Имајте добра ноќ! :* :* :*
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  11. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    zошто некои луге не научуваат да го користат зборот извини ?навистина потербно ми е да го слушнам..бидејки го заслужувам тој збор..збор кој изменува 1000 работи.ама кој како сваќа ;(
     
    На K.Mari4ka и Nati.P им се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Толку познати личности од тв екраните ги нема, но никогаш кога сум ги гледала не ми пробудиле некоја солза.
    Него луѓе, не дека беше наш, ама душава ме боли. На новиот спот, која болка ми беше во градиве бре го чувствувам како дел од мене. И она страшно болно чувство додека го гледав зад замаглениот прозорец што очајно те тера да веруваш дека навистина е Тој. Не знам зошто, но како минува времево се повеќе и повеќе сакам да е жив, барем да имам можност да го запознаам.

    Зошто сфаќам дури сега дека всушност тоа е привилегија? А сте виделе ли за некој друг пејач дури и владата да се залага? За никој. Сите знаеа дека е посебен. Сите! Зошто бре не сфативме порано? Кога беше тука? Зошто не сфативме дека се умори кога беше непрепознатлив на последното интервју и изреволтирано рече Сакам да се тргнам на страна ама не можам, до тука ми е од се! (покажувајќи со раката на челото). Тоа ли беше нашиот Тоше што го познававме? Зошто успеавме едноставно да го избркаме за потоа да го бараме секој ден одново и одново..

    Да толку бевме очајни што во секоја наредна прилика го баравме него, па дури и на Лозано му ја дадовме таа привилегија да го наградиме со надимакот Тоше Проески втор дел, бидејќи некој тон во неговиот глас страшно не потсеќаше на него.

    И штом и него му дојде преку глава, нели е време да се запрашаме до каде сме бе луѓе? Што правиме ние? Зошто пропаѓаме вака.. Верувајте ми, пропаѓаме во сивило...
     
    На Lux, tweety26, green.eyes и 22 други им се допаѓа ова.
  13. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Другарка ми секој втор ден само постира слики на фб, подароци од дечко и, братучед и, мајка и, татко и... Најново, мечка огромна од џамбо, повод глупав, ги положила сите испити за семестаров.
    Јас факултетот го завршувам, никој не ме ни прашал што оцени имам, не да му текне да ме почасти.
    Веќе ми се плаче, не сум добила подарок од роденден, и тогаш дечко ми панталони ми купи, 5 пати ми се јави дали да ги земе или не, нормално јас викав не се троши немој, не беа ефтини реално, ама па 5 пати да ме препраша и на крај му реков што мислиш тоа прави и ми ги купи. Оди, купи, подари ми ги, ако не се добри, заедно ќе одиме да ги замениме. Не бе не му текнува на тоа.
    Сакав пакетче за нова година, мало, просто, најефтино, најобично, со 5 чоколатца и едно смоки внатре, само да е пакетче, сите знаеја што сакам, никој не ми подари. Мајка ми ги израдува сите братучеди, внуци, само мене ме заборави.
    Криво ми е, јас на сите им подарив нешто.
    Имам две бебенца поблиски, се убив од купување за нив, кеиф ми е да израдувам некого, мене никој... Денес ми беше премногу лошо, и се јавив на мајка ми, ми рече да земам од шкафчето за благи работи и грицки кај што чуваме, имала нешто за мене, уште да се расплакав од радост кога видов сникерс и тоа за мене бил.
    Несакам скапо нешто да е, најситно, само да ми каже некој повели за тебе го купив, се сетив на тебе!
    Не дека сама неможам да си купам, ама внимание малце, изненадување, никому ништо.. Тажна сум, никој не мисли на мене.
     
    На Moira, Monna.Monna, Markusa2 и 23 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    И еве ме мене пак.
    Иако пред нешто повеќе од недела дена најавив дека си одам од форумот... се покајав брзо... Сфатив дека потклекнувам на провокаците на едно 13 годшно девојче што има уште многу да учи за животот, и што од дома очигледно не ја научиле дека не треба да си го пика носот кај што не и е местото (ако си го сфати како навреда... па, нека си го сфати како сака...)
    И сега, зошто се враќам... Се враќам затоа што на форумот оставив дел од себе, ми помогнале многу, помогнав на многу. Не сум личност која се жали, не сакам да зборувам за своите проблеми, ама тука секогаш можам слободно да ги испишам без да се замарам, да бидам сигурна дека нема да пречам на никому, а од друга страна често сум добивала и утеха, смирувачки зборови. И не се замарам, јас сум само една обична 21 годишна девојка, немам од што да се срамам, немам што да кријам. Да, не сум безгрешна, ама никој не е... Сепак сум само ЧОВЕК...
     
    На Lux, Annath, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Последниве неколку страници се исполнети претежно со тажни мислења. Секој има ваква, таква или онаква тажна приказна, тажно минато... Пребродете го тоа! Најдете нешто што ќе ве радува...радувајте се на животот, на минатото што е зад вас, на сите лоши искуства што ве направиле посилни.
    Ќе си речете што оваа сега ни дроби овде кога не знае како е да се биде јас.
    Но, ни ти не знаеш како е да се биде јас, ниту таа не знае како е да се биде ти. Но, јас верувам дека сите ние сакаме подобро утро. Легнете си со позитивни мисли, наспијте се добро и запаметете дека вие сте најбитни во вашиот живот.
    Верувам дека сте го прочитале ова до сега некаде-смеењето активира околу 15 мускули на лицето, со што кожата станува еластична и сјајна! Блеснете, сите го заслужувате тоа!
     
    На Moira, Monna.Monna, tweety26 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека ми се пие кафе но малку е касно, а и ако пиам сега нема цела ноќ да заспиам.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Секогаш е време кога се прашуваме, арно ама нема време за поинаку да се живее, како Тоше.Нема време, бидејки некако луѓето се настроени да враќаат некому, ако тој некој им згрешил.Математики до недоглед, расчистување сметки, бидејки едноставно сметаат дека тие треба тоа да го направат, да ја земат работата во свои раце.Не може да се очекуваат добрини, убавини, кога обратното се презентира, во однос на тоа, таков е и одговорот, последиците.Ироничен е животот, но не секогаш.Пример, конкретен во врска со свинскиот грип, научниците демек правеле напори за да го спречат, но уствари создавале нови вируси, кои наместо позитивен ефект, имаат негативен, значи јасно е што мислам.Кој е крив тука? Второ, оној што беше човекот, атеист, мислам беше, имал болно дете, па поради тоа за него Бог не постои, го нема, ако постоел што не спречел? Не разбирам, зошто луѓето вината ја насочуваат кон нешто друго.Зошто самите научници не направт нешто за да го спречат ширењето на вирусот, наместо да создаваат нов? Зошто тој човек не направил се што може за да го спаси своето дете? Милион лекари ако треба ќе праша, за да го најде решението, а не од истото да избега, па после Бог е крив и истиот не постои.И други секојдневни примери.Џабе не се оние изреки “ Се што сакаш другите луѓе да ти прават, прави им и ти на нив“ и оние стари изреки, само кој да ги разбере, што дека биле кажани, кога не биле применети, кое фајде? Морам ова да го спомнам бидејки е поврзано, се.Не може да биде совршено, ама незнам кој е тој човек што го сака лошото.Веројатно нема таков.Не е нешто што е непознато за некому, но едноставно е игнорирано, поради причината што ја кажав на почеток.Но така стојат нештата, некоја рамнотежа помеѓу добро и лошо.А пропаѓањето, е полошото, божемски човештвото го достигнало врвот, ама е на дното.Ретко ќе има човек како што беше Тоше, ретко. Зошто сите го сакаат? Зошто тој нив ги сакал.Тоа е тоа, не е ништо друго.Се е во нас, нема ништо надвор од нас.За некого можеби ова е смешно, но за мене не е, е нешто кое треба сериозно да се разбере, инаку, ќе тапка човек во место, доброто ќе си остане апстракција, а кога ќе се свести човек, незнам, до тогаш кој како знае и умее на најдобар начин ќе уништува некого, се додека им се може.Џабе е се, ако нема промена.Ниту ч од човечност ќе има, за тоа можеби само на филмови и слично.Тоа е.
     
    На Miss.Ricci и mimiiiii им се допаѓа ова.
  18. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Убав денов :)
    Пе веќе редно беше,после сите оние денови проследени со досада и нервози.Не дека овој немаше досада и нервози (секојдневие ми е тоа),туку едноставно беше убав без некоја посебна причина.
    А сеуште во себе чувствувам некоја празнина. Не знам зошто.
     
    На Nati.P и homealone им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... не можам да разберам зошто толку неискреност, злоба, правење лице, зборување зад грб, а потоа правење дека најмногу се сакаат. Зошто, зошто, зошто? Каков плус во животот ќе ви придонесат такви „пријатели“? Не докажувате со тоа дека сте фини со сите, туку дека сте петолични пичондри без свое цврсто „јас“.
     
    На tweety26, green.eyes, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Од декември чинам 2010,па се до денес јас тука сум сретнала се и сешто.
    Господе чувај ме од пријателите, од непријателите сам ќе се чувам.
    Така и тука.
    Јас на фемина со никој никогаш не сум се спријателила, ниту имам намера да го направам тоа.
    Не сакам и немам потреба.
    Овдека, само овој бел правоаголник е местото каде што го пуштам мозокот на пасење.
    Секој на различен начин се опушта де.
    Незнам до каде ќе оди овој пост или ќе биде премногу долг или прекраток.
    Значи типовите на форумски ликови
    Неми посматрачи- читаат, го знаат сечие мислење и после некое време се регистрираат на фемина,но ја продолжуваат својата активност.
    Очајни-најчесто забележани во модни критики со лажни слики. Желни за нечија пофалба,зошто тоа било единствениот начин да се докажат и покажат.
    Упс,ја заборавив и НАТАША која отиде до тој екстрем да си ја исценира сопствената смрт.
    Оние што им одат зад петици на очајните- доказ дека со жена не се игра. Ги разоткриваат побрзо и од Хорацио од ЦСИ-Мајами.
    Авторитетни-Оние чии што мислења се читаат секаде и секогаш. Не можеш да ги прескокниш,зошто имаат што да кажат. (поздрав до старите добри Пирамид,Теодора,Ливинг Глам,Лилит,Боа... пак имам заборавено некоја)
    Лижачи-оние што без разлика на напишаното,па макар и тоа да било "Денес добив мензис" го сакаат и го почитуваат. Го поздравуваат цел форум, се имплементираат во некои од поактуелните ликови со надеж дека преку нив ќе станат попопуларни.
    Пријатели-Луѓе дојдени за да се запознаат и да го збогатат социјалниот живот преку виртуелен форум. Не ги знам многу кои се ,но тие се причина за честите понатамошни препукувања меѓу истите нив.
    Истражувачи-Оние што не можат да ја скротат желбата да го дознат идентитетот на некој форумски лик. Најчесто одат во помали групи и секое мислење на жртвата бурно го следат за да дознаат нешто повеќе.
    Срцки-најмало внимание за нив значи премногу.
    Диктатори-како малечката и слични на неа. Отвориле тема и се мислат тие запоседуваат со неа и селектираат кој да пишува,кој ја уништува и тако даље.
    Јас толку имам да кажам, испадна мал пост,ама не сум компетентна за повеќе. Највероватно зошто само ги читам мислењата.
    Сакав да го кажам ова пред се да видам колку можам да напишам за поединечни групи,ама ништо не фати повеќе од два реда.
    Заклучок-колку помалку знаете за некого,толку помалку се замарате.
    А,мене денес? Прекрасна вечер,исполнета со пријатен соговорник.
    Си имам и многу пријатни комшии.
    Тие од спротива ги чувстувам како роднини,нивниот дом е и мој дом.
    Поготово комшијата кој ме има видено во секое можно издание,по бањарка, во косата како трофазна да ме стегнала, со размачкана шминка или без шминка, пијана, трезна,расплакана, нервозна,насмеана.
    Најмногу си ги сакам.
    И оние под нас што се...посрцки луѓе не постојат. Пред некој ден ми донесоја 10 еклери. Сите сум ги изела без грижа на совест што ќе нема за брат ми.
    Кога луѓето околу мене се луѓе со чиста душа, а не само луѓе за пополнување време, мене не ми треба ништо друго.
    Се надевам дека постојат и кај вас, луѓе пред кои ти си истата личност што си и пред мајка ти и пред татко ти.
     
    На Monna.Monna, tweety26, Springy и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.