Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    деновиве сум ко заспана-не можам да се освестам ни со капучино ни со ништо :x
    спијам до 9 до 10 :yawn: песнава ко за мене http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... pwwOVd6fm4 :rofl:
    а и патриотското се разбудило во мене очигледно со песниве http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... bd7lCLJiXY и http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... OYwOqCims-што ли ми стана :wasntme:
     
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Некои созреваат доста рано. Околностите ги принудиле да бидат и станат она што се. На некои тагата од минатото ги подигнала да бидат добродетелни личности, но некои нажалост стануваат потврди и покрути од оние кои ги повредувале порано.
    Знам дека има некоја празнинака, некоја дупка која се гледа оддалеку, ама таа не е видлива за другите, освен за самиот себе.

    Навистина се пронајдов и во дел од другите животни стории, особено на оние кои детството го поминале малку помизерно во однос на околината.
    Не бевме до толку сиромашни, за леб се наоѓало, фала му на Бог, ама за другото послабо. На училиште додека одев, сум била облечена само во тренерки и тоа што ми ги купувале од Велигден на Велигден (потенцирам, најефтини). Додека еден нов пар фармерки и една нова блуза, секогаш за почетокот на учебната година. Тоа беше се.
    Затоа можам да ја разберам онаа девојка која поминала низ тоа, бидејќи бев истиот случај.
    За прв пат едно момче ми беше симпатија во седмо одделение од другиот клас. Ме здогледал на една училишна екскурзија и му сум се допаднала, но потоа го разочарав. Тој единец на мама и тато, секогаш со оргинали на себе, а јас пепелашка (исклучувајќи ја убавината на пепелашка). Кога ме виде со тоа тренерчињата кои ги носев по месец и едни најефтини шангајки за време на целата учебна година, верувам дека му се превртувале очите во главата што видел тој ден.
    За на училиште секој ден ни по 20 денари немав, туку по скромни 10 денери. Кои ги штедев, не јадев, се со цел барем да си купам една нова блузичка и кои верувајте и ден денес си чувам две од нив. Толку ми се драги. А за некој да ми речеше да купиме тост или сендвич, веднаш бегав и се криев. Од срам сум се преправала дека сум болна, дека не ми се јаде, дека имам за учење... само да не излезам на големиот одмор.
    Информатиката си е посебна тема. Имав фобија од компјутери и тоа само затоа што се плашев, се плашев да не го расипам компјутерот, зашто тој за мене беше многу скап предмет. Ми беше срам да одам на часот по информатика, зашто не знаев ни каде се вклучува компјутерот, не знаев да пишувам, врска немав од ништо. Толку се срамев од самата себе и тоа за да не ми се смеат другите во одделението и да не викаат „еве оваа е проста„ .

    Интелегенцијата од секогаш ја гледав во изразувањето на другите, нивниот говор, гестикулации. За мене тоа беше мисловна именка. И тоа е мојот хендикеп и денес. Факт е дека не сум којзнае колку образована, интелегентна, скромна со изрази и денес во моите постови, но таа сум. На тоа ме научило моето скромно семејство, кое никогаш не било во друштво со никој толку образуван, туку со обични необразовани селски луѓе. И затоа секој може да ме анализира и денес што не сум нешто, туку обично ништо.
    Но искрено денес јас не се срамам од она што сум, најискрено. Дури и се радувам во себе што сум го доживеала тоа. Тогаш било тешко, да, сум плачела, ама денес сум благодарана на моите родители за тоа. Добив највредна поука во животот. Околностите го направиле тоа, сепак по Божјо допуштение, но изградиле во мене чувствителна личност, скромна личност, која скромност и ден денес ја носам како најскапоцен бисер на себе. Исто и мерилата за интелегениција некако ми се поместија на некои други критериуми, што како дете не сум ги размислувала.
    Душата.
    И не ми е срам и денес да седнам да разговарам со некој кој е двојно, тројно пообразуван од мене. Ќе бидам онаа скромната која ќе лови сосем поинакви поуки, сосем поинакви нешта од туѓиот живот. Можеби во тие очи на тој соговорник би била проста, не ми е воопшто важно. Ќе се потрудам да ја пронајдам и онаа скриена добрина зад таа фасада на интелегенција. Можеби би копала длабоко и би се измачила доста, но тоа денес е мојот приоритет во животот.
    Искрената насмевка на туѓото лице.

    Овие мигови секогаш остануваат во срцето. Горчливи спомени кои горчат повеќе од пелин во устата. Да не ги изговориш, туку да ги чуваш само за себе и да не повредиш некој друг. Затоа нека не тагуваат некои што немаат нешто да раскажат. Подобро е тоа.


    Особено би упатила неколку скромни зборови до lunicka .
    Немој да ти биде жал, дека немаш што да им раскажеш од својот живот на децата, внуците.
    Имаш.
    Имаш чиста душа. Непобедлив борец си кој паѓа како слаб човек, но станува и продолжува да се бори како лав. Затоа имаш да им раскажеш на децата многу нешта. Поуките за животот, најважното нешто. Што и искрено познавајќи те вака скромно и виртуелно, сепак мислам дека ти си им го дарила се’ тоа. Им го даруваш секој ден со својот живот. Им ги полниш душите и срцата со топлина и љубов, што верувај ми, никој тоа не го може како ти. Која си верна сопруга и мајка борец. Само од тоа секојдневие, тие веќе добиле скапоцен дијамант покрај себе :hug: .


    п.с. Простете на моите срцепарателни постови. Слободно скролнете ме, заслужувам. Ама инспирацијата ми е од lunicka. Сакав да кажам само два -три зборови, ама станаа многу.
     
    На Lux, Divinebutterfly, VayaConDios и 48 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    I don't feel any pain
    A little fall of rain
    Can hardly hurt me now
    You're here, that's all I need to know
    And you will keep me safe
    And you will keep me close
    And rain will make the flowers grow.
    [​IMG]

    Не сум видела дете толку да се радува на снег, како кучкава моја што се радува. Рано рано наутро се растрчала, мислам да можеше и ќе запееше некоја снеговска песна. И џабе да и викаш, сред снегот, врне, таа стои, цели нозе под белина, мокра ама ужива. И за вирчиња е таква, како мало дете, обавезно мора да се зашлапка во некој вир па и 3пати да помине преку истиот. И сега, сигурно седи дома нестрплива, не чека заедно да играме или чистиме, да се радуваме.
    Едно време ми текна да истражувам што е разликата меѓу дог пипл и кет пипл, ама не се водам по универзални правила па баталив. Ама видеово ми остана на ум
    http://www.youtube.com/watch?v=uus3EKoVW4g
    Денес патем открив, нов остров на мапата. Мислам не дека го открив, таму си беше, ама му се фатив за името :D Franz Josef Land, земјата на Франц Јозеф. Името му го ставила групата експедиција, по австрискиот Франц Јозеф. После тоа и се карале ми се чини и Русите и Норвежаните, пошто они сакале друго име да си стават, некое свое :^) Патем, побарајте ја на гугл да видите уствари за кое парче земја се карале :tmi: Туку, муабетот ми беше, да наша експедиција (јех рајт) открие нова земја, како ли ќе ја крстат? Грујо Ленд, Аце Велики Ленд, Земјата на лавот...? (само да напоменам дека политиката ме силува секојдневно, и дома и на работа и по пат, продавница, состаноци, роднини...од сите страни, ќе се мрднам ми се чини :| ) Јас да сум, кравче ленд :^) не би, можеби нешто убаво што алудира на мир. А јас па најдов нов остров, па побрзав и да го крстам :tmi: ох брее... Најдобра земја да се биде крава е веројатно Индија...да се биде човек и не баш.
    И така. Сакам море, река, езерце било што. Неверојатно е тоа колку ме смирува. Да живеам на плажа покрај море, на планина покрај река/поток/извор, па да видам после која политика ќе ме силува :!:
     
    На Moira, Sunchild, teddybear и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Сите го баравте снегот, еве ви го. :devil: Јас не го сакам воопшто. Бев да пазарувам, лом се направив и смрзнав. Сакам кога нема вакви кашаници низ улиците, кога е убаво топличко времето, дува нежно ветре... Милина.
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ај некој од модератори нека го блокне profil/sara.kiss/ мислам дека хакнат профил, па сега некој си ги остава фрустрациите кај стигне!
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Уште еден profil/nikola-p/
     
  7. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    и јас истото ќе го пишев......за sara.kiss.....па ова не се трпи.лечат комплекси овде....ненормални :^)
     
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека истиот бадијалџија..
     
    На Speechless и majicka им се допаѓа ова.
  9. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Сдк дека ми се смачено од овој народ, држава од самата себе.
    Цел живот мислиме за иднината како да ја правиме подобра, оптеретени сме со минаното, и ја губиме сегашноста. Поточно не живееме никаде.
    Порано, среќата на моите најблиски, една насмевка па макар и едно чоколадо значеше среќа за мене.
    Сега се е поинаку се се сменини, сите ги интересира само пари среќата значи пари. Исто и понижувањето значи среќа кој кого повеќе ке навреди.Жално.
    Посакувам само подобро минато сегашност иднина.


    Како и да е сите имајте прекрасен ден исполнет со многу љубов. :hug:
     
    На Cacy и RIRIFENTY им се допаѓа ова.
  10. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Оној кој ме мрази неможам да го сакам,ама затоа можам да ги сакам сите кои ми помагаат и сакаат... ;)
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    http://www.ringeraja.mk/statija/banjanj ... _2556.html

    Дами, одвојте пет минутки и погледнете го ова совршенство. Јас вакво нешто немам видено. Ангелче мало, преслатко и преубаво. Таква невиност и чиста душа. Совршено :)
     
    На tweety26, Angy.g, Moschino и 6 други им се допаѓа ова.
  12. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Преку глава ми е од негативни луѓе.
    Да, знам дека ситуацијава во државава е никаква, знам дека е тешко за вработување, знам дека ретко постои вистинско пријателство и дека друштвото може да те зезне кога најмалку очекуваш и да ти го сврти грбот кога најмногу ти треба, знам кои идиоти од луѓе може да ги сретнеш и да ги засакаш па да те повредат, знам дека може светот да ти се сруши и животот да ти се смени преку ноќ но зарем мора цело време тоа да се нагласува? Зарем мора на сите да им се пренесува таа негативна енергија? Зарем неможат некои луѓе барем еднаш во животот да се обидат да бидат попозитивни, да делуваат посреќно, дури и да стават една лажна насмевка како и многумина други... Зарем неможат?! :emo:
     
    На Marjan007, Miss.Ricci, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... верувам во позитивна мисла, во енергијата која ја насочуваат луѓето и аурата која ја влечат со себе.
    Ако е чесна и добра, искрено сум убедена дека нема да помине незабележано.

    Денес се случи нешто, за кое многумина би рекле дека е чиста коинциденција.
    За мене е знак од Универзумот, дека треба да се дејствува.
    Кога животот ти дава лимони, ниту прави лимонада, ниту барај текила, туку извади ги семчињата и посеј ги.
    За да си имаш лимони за цел живот, и за лимонада, и за со текила и за чај.

    Веројатно ви звучи како извадок од самопомагачка литература. Ве убедувам дека не е така, ниту ги мирисам, ниту ги читам.
    Ама кога среќата упорно ви се пика пред нозе, а вие зачмајувате, или се предомислувате, или кенкате, или ви треба долго време да се охрабрите и да донесете одлука... кој е тука виновникот?
    Секогаш кога сум изреагирала навреме, брзо и инстинктивно дури, ми донело одлични резултати.

    И така го напишав мејлот, го прикачив сивито и кликнав сенд. :)
    За помалку од 3 минути.

    Па ако биде нешто... е тогаш ќе напишам самопомагачка книга.
    :D
     
    На Divinebutterfly, tinkerbelll, antonina и 36 други им се допаѓа ова.
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    17.276
    Нејќам да имам дете како мене, оти знам колку нервози и ствара на мама викањето у школо да си го сменам однесувањето према наставниците.
     
  16. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Ми треба малку мир.Преку глава од сите луѓе кои се претеруваат се со цел да помогнат нешто, а знаат дека ништо неможам.
    Сакам да сум сама.Ми требаат куп книги да се вратам во живот.Сакам да се опуштам во една темна соба, со мелодиите од Бах, Чајковски, Бетовен и најубавата книга :| :worried: Со топол чај да се опуштам да размислам, на рајат да се исплачам , да се вратам во животот и во реалноста..
    Ова ми треба :!:
     

    Прикачени фајлови:

  17. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Понекогаш треба некој да ми залепи шамар.
    Ама така толку силен да ми зујат ушите цела недела! И да се освестам, да се запрашам зошто упорно ја бркам среќата од мене. Зошто упорно барам проблем каде што го НЕМА!

    Го нема бре жено свести се |(

    Епа не му правам ќеф на ѓаволот! Ќе дигнам глава и кога ми е тешко, ќе се смеам и кога не ми е до смеење! И така јас ќе победам! :rock:
     
    На senza.parole, Bubbi, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.419
    Допаѓања:
    287.274
    Верувам дека секој од нас се раѓа со пар карти.
    Некои се среќници па им се поклопиле картите. Живеат во хармонично и финансиски стабилно семејство, високоразвиена држава...
    Други, едноставно добиле лоши карти.


    Но без разлика каков ти е стартот, секој од нас сам мора да ја играе играта и да извади максимум од тоа што го имал на почетокот.
    Некој ќе оди нагоре, некој надоле, трет ќе се држи по однапред превидената патеката и ќе си се помири со тоа што го има.


    Животот е премногу краток, времето минува и на жалост за некои нешта нема врема за втора шанса.

    Длабоко во себе верувам дека се додека знам што точно сакам, потребна ми е само упорност и храброст да го постигнам, барем делумно ако ништо друго.

    Јас одлучувам за себе, од мене зависи мојата иднина и јас ја играм мојата игра.
     
    На Lux, Divinebutterfly, Annath и 26 други им се допаѓа ова.
  19. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Последен пат кога те гушнав
    посакав вечно да траеме ние
    најди си друга од тебе слушнав
    ноќта те зема за да те скрие ........................................
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК човечки е да се греши, да се извини човек, а почовечки е да се прости, арно ама за простување има специјален празник, само тогаш, инаку другото не се важи :D :wasntme: Незнам што е толку тешко за човек да се извини, да си ја признае грешката.Уствари, прашање е егото, не може преку него да се помине.Ах тоа его, што проблеми им прави на луѓето.
    Друго, незнам како може некој некого да мрази само поради својата не точна замисла за тој некој, стварно не ми е јасно, излегува како да го мразат сопствениот начин на размислување, а не оној за кого истото е наменето.Малку некогаш некои работи имаат обратен ефект.После секако дека тој некој нема да е во право.
    Трето, шо убо врнеше снег, убаини.Ќе кажам оти имам право на тоа, како што друг има право да мрази некого без причина.Кој се лути, се лути и нека се носи со својата лутина :emo:
    Четврто, море кремчево од Балеа, шо убо ми мирисат :geek: несвест :D да ми е жал да го дотрошам :wasntme: Не дека многу ми значи, ама чисто да кажам.
    Само за во парфимерија сум, само да влезам, има да се заборавам и оставам таму :D :wasntme: Ми текна ради кремчево.
    А и нашиве, со новиве скулптури и се, цел свет дека нас го донесоа :D ептен ориџинале се :wasntme:
     
    На Divinebutterfly, LittleFairy, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.