Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Навистина тука има личности за кои вреди да си присутен и да ги читаш. И чукнете го прстот во главата што правите. Пример, Серафима, душа да ти грее додека ја читаш, а некој ќе ве испровоцира со некаков zero IQ пост и веднаш ги пакувате куферите од тука.

    Додека размислувате да се откажете од форумот кој доста ви иде во пресрет поради овде онде глупава личност, изберете ја опцијата да останете за некоја ваква топла, искрена личност, од која ќе научите нешто.

    И жени бре, женииииии!!!! Не секогаш некој сака да си игра мајтап со вас или цинички од околу да ви се потсмева, па скокате да испаднете попаметни а всушност многу одбивно е од страна и ствара негативен обрач околу вас. Некогаш истата личност сака само да помогне ама е погрешно сфатена без причина (ова го зборам поради една ситуација тука пред некој ден-небитно).

    Не сме патетични, срцки сме :) Одам да си го гушнам кучето еднаш :inlove:
     
    На Lux, Divinebutterfly, Moira и 27 други им се допаѓа ова.
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Многу точки.Многу недовршени мубети,многу пршалници во главава..
    И одеднаш ајде,се враќаме на почеток,каде што почнавме.

    Го знаете ли она чувство кога мислите дека само најлошите работи ви се случуваат токму вас?Кога мислите дека сте проколнати и неможете да кренете глава од лоши случувања кои упорно ви се случуваат? Јас го знам,и тоа многу добро.

    А сте се запрашале ли зошто е тоа така?Дали некому претходно сте погрешиле,дали некому сте му нанеле зло,за вас така да ви се случува? Епа јас си се прашав самата.Си го ставив прстот на глава и си се замислив.И си ги најдов грешките.Ги најдов сите болни работи кои некогаш му ги направив некому,и сега ме боли што некој друг така се понаша со мене.
    Карма..Карма..И само карма..
    Се се враќа луѓе.

    Грешници сме.Барем јас сум.
     
    На francais, tweety26, Princess.S и 8 други им се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Утре ми е роденден,ама денес славам.
    Денов ми е ептен убав,а вечерта да се надеваме ќе биде уште поубава ! :)
     
    На Glossy-girl, tweety26, EleMental и 4 други им се допаѓа ова.
  4. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Да го одобриш она со што не се согласуваш е покажување големина.
    Вистинска големина.

    Да се почитува туѓото мислење, да се размисли за истото од друг агол, обид да се разбере причината за таквото размислување е многу потешко отколку тоа да се отфрли и негира.
    Повеќето секогаш го избираат полесниот пат.

    Но, за мене лично е навреда кога некој ќе замолче и ќе рече дека се согласува со мене.
    Тоа е голем човек кој гледа на мене како мала.
    Размислуваат ли потоа? Дека можеби.... сум во право?!
     
    На Lov3 и ana-girl им се допаѓа ова.
  5. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Куцам проектна, а главава ќе ми пукне. Две различни книги, различен распоред на лекциите, во едната од почеток во едната на крајот тоа што е на почетокот. Во едната помалку во другата многу повеќе работи што во првата ги нема.. ќе си умрам додека ја средам.

    Иначе снегот отиде, додека се разбудив толку е.

    Туку ајде само да ве поздравам, се враќам назад на работа. Wish me luck :)

    :*
     
  6. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да заспијам и да се разбудам на пролет!
     
    На Monna.Monna, Glossy-girl, sm1zla и 9 други им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк многу е ладно,ама воздухот е чист барем некоја корист од ладново да имаме.
     
  8. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    СДК сакам лето! Ја мразам испитнава сесија! Милион работи ми се во глава, неможам асално да се сконцентрирам на испитов.. Едвај чекам вечер искочам.. доста ми беше учење за денеска.
     
    На Rose96 и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  9. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Ми се искача негде по дискотека.
    Сериозно. Од кога немам искочено во дискотека.. А што ќе идам се со 8 оделенци :?:
    Не е на арно ова. Папагалчево го имам веќе повеќе од месец дена, и се заразив со него.Го закачам! :devil:
    А што ќе правам кога ќе го нема........... :doh:
     
    На Miss.Ricci и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  10. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Ме убива времево.. чудно им е на луѓево како повеќе учам пролет/лето кога има сонце надвор отколку сега :^) а мене па баш сонцето ме полни со позитивна енергија, а тмурново депримирачко време ме бутка во кревет и не ми се ни дише што се вика...
    Немам избор, морам да ја фаќам книгата во раце и со половична енергија да пробам да учам :worried:
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Го прочитав постот на ТедиБеар каде што објасни за непријатната случка кога некое копиле, боже ми опрости, ја нарекол тенк.

    Сакам да кажам дека кога ситни, бедни душички сакат да хејтат ќе го направат тоа и ако сте најсовршеното суштество на планетата. Кога бев основно, ме закачаа за тежината, бев слаба, исушена и мајка ми секогаш ме стрижеше кратко додека оние кои ме закача имаа прекрасни долги коси. На една еднаш видов вошки како и шетат на патецот ама не се осмелив да раскажувам на сите за тоа и да ја исмевам. Едноставно си го задржав тоа за себе и се држев настрана од неа. ОК мање битно тоа.

    Значи, ме закачаа за тежината во основно, за кратката коса, за тоа дека чевлите не ми одговарале со блузата (овој коментар беше дојден од сељандура која подоцна неможеше да се запише средно па се запиша едвај земјоделска..), ме закачаа дека сум носела џемперче во кафич... за секакви глупости. Мирна по природа, си молчев, си плачев кога ќе си дојдам од школо итн.

    Во средно накачив килажа, ама се дрзнаа да ме закачат дека сум носела секогаш венчиња. Дури и ми го пишаа тоа во алманах... :tmi: Ама јас не се налутив воопшто, бидејќи 2 години подоцна го донесе Блер од Госип Грл, трендот на венчиња носење, и потоа јас нив ги закачав, на смеа на шала им велев дека сум напред со времето. Ги замолчев кратко речено.. :) Еден ден после матура лажен јузер на скајп ми пиша дека ми се гледале гаките од фустанот... :D

    Е тоа беше крајот. Сега со овој памет сега што го имам, да се дрзне некој нешто да ми замери, знам веднаш што да му вратам, ќе го срамнам со земја со зборови. Бидејќи се водам по тоа Before you point finger at me, make sure your own hands are clean. А на никој не му се рацете чисти.. :) Нивниот живот е многу позаебан отколку што мислиш.

    Како и да е, ако ви кажам дека НИШТО во животот не посакувам повеќе од тоа да дојде ден истите тие да барат услуга од мене. Да им требам за нешто, да им се заврши некоја работа. Оф леле колку болно го посакувам тоа... Оние кои одат на другата страна на улицата за да не кажат едно мочено здраво да дојде ден да ми речат срце, душичко, една услуга ако може. НЕ МОЖЕ! (grumpy cat) :D -Ама зошто? -Because fuck you, that's why. :wasntme:

    ТЕДИ душоооооо, секогаш ќе има такви, и да ослабиш, што и да правиш, секогаш ќе се најде некој кој нема живот, да оговара, да покажува со прст, да вади муабети, да јаде гомна за било што. Секогаш ќе ги има. Ама кармата е кучка, ако не се им се врати на нив, нивните деца ќе патат. Се ќе си се наплати, не се секирај. Главата горе, тери си овците и не ставај провокации на ум, од личности на кои ништо интересно не им се случува во животот па ај ќе си барат закачка. :*
     
    На BlackSwan5, Divinebutterfly, Annath и 29 други им се допаѓа ова.
  12. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Снег, зима , депримирачки.
    Добро зошто морам сега овде да дремам,наместо да излезам да прошетам како човек јас во екран ќе се ѕверам со часови.
    Навистина не е фер.
    Интернет средство за комуникација, за жал погрешно сватено од многумина па наместо да биде алатка за олеснување на животот на одредени персони им станува живот.
    Другарката останала без интернет два дена, ми се јави во 1 после полноќ ( првиот ден кога и го скинаа нетот ) седела во интернет кафе од 15 часот попладне, сега ќе затварале па ќе дојдела на чајче и да ме види.
    Не го испушти од раце лап-топот до 3 часот и ниту три реда муабет не падна и предложив да преспие кај мене, не можела.
    Гуско излези од дома остви го фб, отиди на кафе наместо виртуелно да гледаш на кафе, не ставај по 300 слики на ѕид ( од едната ноќ во 6 месеци кога си излегла некаде ) не барај лајкови и коментари немаш 12 години имаш 22, на никому не му е гајле за мартинито што си го испила таа вечер, уште по-небитно е тоа што демек некој ти се пуштал а ти си му лупнала корпа.
    Престани да ги гледаш сериите, сериите се режираат а животот не , во животот се спонтано се случува и никогаш нема ти да бидеш сиромашната девојка која што ја зддогледал најбогатиот и најубавиот дечко во дискотеката и пвеќе од сигурно никогаш нема да бидеш принцеза, доколку не си запнеш со факсот повеќе од сигурно е дека никогаш нема да носиш брендирана облека, ниту ке бидеш успешна адвокатка/правничка и бизнисжена.Тоа е ТЕЛЕВИЗИЈА.
    Продолжи како до сега и џогерот во некоја продавница или фирма не ти бега, во најдобар случај ќе редиш роба по рафтови.
    Можеби ќе имаш среќа да те земе некој што ќе му изнараѓаш куп деца, па во меѓувреме кога нема да е дома и од како ќе завршиш со готвењето пеглањето,перењето,бришењето прашина ќе си пушташ серии и ќе си чаташ на фб додека да дојде домаќинот од работа. Тоа би ти било исполнување на сите соништа,ах романтики.
    Душичке уште сега те жалам.

    Жал ми е што си го уништуваш животот и најубавите години што ги поминуваш пред монитор, без разлика дали е тоа пц или телевизиски.
    Добиените лајкови на фотографии, добиените лајкови на мислења по некој форуми не те прават ниту посебна,нито паметна личност. Тоа се добиени лајкови од личности кој што се исти како тебе,а тоа не треба да те исполнува и да те радува напротив. Тоа значи дека и тие како тебе фураат виртуелен живот.
    Си пцуете виртуелни дечковци, си гледате на виртуелни кафиња, си првите виртуелни планови,си добивате виртуелни 10-ки, си ги фалите фиртуелните флизури и копираните статуси и мисли како вие да сте првите кој што откриле стих од библијата или како да сте пронашле одамна изгубен текст од Ниче.
    Животот оди понатака, ти прави со твојот што сакаш,а јас мојот ќе си го возам како и досега.
     
    На Gocesk, Johny, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  13. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК ми треба совет од некоја девојка што баеги се разбира во секс. Глупо ми е јавно да пишам :(
     
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ова фб стана црква сите молат за лакови и седат 24/7 а бре луѓе излезете надвор видете малку што се случува наместо да пишеш статус... „Сакам да пијам кафе со другарка“ ми и да ставаш по 1000 слики на ден излези и пиј кафе...од слики на фб да се заработуваа пари до сега ќе беше најбогата на свет...секоја минута статус и секоја 2 минута на чет ај те молам лајк...имала 4999 пријатели секој ден се слика...арно не ја мрзе абре ајде ова вејќе еее чувај боже...и од пред компјутер не станува... |( |( |( |(
     
    На sm1zla му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    СДК,колку и да испланираш убаво,колку и се да направиш,мора ама мора некој да ти зезне се што си наумил,во овој случај баба ми.Зашто секогаш кога нешто ке наумам мора она да ми се испречи на патот и да расправа криви дрини?Значи ова стариве бетер од деца се!Што повеќе старее,толку повеќе наликува на мало дете што се инаети на се.
    Друго што сакав да кажам,какви личности постојат?Може ли да има толку дволични и покварени?Едно ти зборува во лице,а уште 100 работи позади грб,неможам веке да поднесам.Зар не знае дека не сум глупа и дека ке разберам?Па човек,кажи ми што мислиш за мене у лице,не ми мрчи позади грб па после моли ме да занемарам тоа што си рекла? Епа неможе тоа веќе,избриши си го од тиквата,и да знаеш дека секој чекор ти го знам гуско иако нема да ти зборнам уште еднаш.Мене лесно ми е?Лесно ли ми е?Кога се лутеше за нешто безвезно?И кога ми рече да пишам за едно нешто па после ми пререче,зашто си го пишала а и пораката кај што ми кажуваш да го пишам ти ја плеснав во лице?Те молев предходно,те молев,зашто мислиш дека мене лесно ми беше?Не не ми беше,туку бев толку многу наивна што незнаев што се ми се врти позади грб.Од сега пази се,зашто секој чекор ти го знам,јас сум на ред,еднаш ми ја пукна главата,толку се секирав заради тебе,за што?За твоите лаги и измислици,додека ти се смешкаше и шеткаше.Па затоа дојде мојот ред,ке си сфатиш што и зашто си направила и ке зажалиш за лагите што си ги кажувала,што си мрчела и што треба и што не треба,па кога си излажала дека сум била посвоена????????До кај со паметов,до кај?Секој што ке ме сретнеше на улица тој период викаше дека сум била посвоена,ме прашуваше,мене лесно ли ми беше?Е сега ке видиш,друга приказна од ден денес,зашто не те трпам веќе,едно време мислев дека си мирно и повлечено девојче,а ти си била ѓавол,ѓавол што незнае што сака од животот.Не постапувам како тебе,туку на друг начин ке ти вратам,зашто не сум толку покварена... Ако погледот ми беше толку ретардиран,и мислеше дека сум толку со тврда душа си згрешила,па после виде дека не сум таква и дека некогаш ептен сум наивна па ја искористи мојата наивност,ама нема чаре да бидеш добра со таквите како тебе...Не ги цени луѓето по изгледот,туку по душата,па мисли му ја во иднина,што и зашто може да ти се случи...
     
    На I.love.your.lips и Anouk им се допаѓа ова.
  16. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк се чувствувам празно покрај се` што има околу мене.


    Ова не е мој ден дефинитивно. :x
     
  17. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сдк деновиве ми се поврза серија од непријатни соништа поврзани со минатото. Бивши девојки, некогашни пријатели, неостварени планови и прекршени ветувања.

    Барем до сега, најдобата врска што сум ја имал траеше шест месеци и беше во текот на факултетските денови. Заврши бидејќи и факултетот заврши, последна година и секој по дома.
    Последните неколку денови пред крајот ми текнува си ги разменивме мемориските картички на телефоните, чисто колку да си ја промениме музиката, но потоа заборавивме да си ги вратиме и така остана.
    Се смеевме на скајп после како ќе ни останат како спомен тие картички и таа ми вели еј, налетав на добра песна, цел ден ја слушам иако не ја разбирам што значи.
    Ја прашувам која е таа песна, ми вели

    http://www.youtube.com/watch?v=sNLcrF2cezY

    И јас како јас, како што често знае да ми блицне нешто во моментот, ја прашувам сакаш да ја разбереш? Таа ми вели па да, стварно би сакала, еве цел ден сум на неа...а што е темата? What does "Ljubavi" mean?

    Јас и велам дека мора да одам, го прекинувам чатот и после неколку часа и праќам видео клипче со синхронизиран превод на Англиски, кое јас го составив и го ставив на YT. Беше пресреќна пред се поради неочекуваниот гест.

    Ова беше пред две ипол години, а тоа видео е одамна избришано. Го немам ни во компјутер.

    Односите ни се заладија многу, или да речам замрзнаа.

    Вчера ја сонував како ми ја пее оваа песна, но на српски. Па морала да оди до аеродромот и да си замине повторно, а јас сум и помагал да се спакува и сум организирал за транспорт, не сум можел да ја оставам сама во друга држава.

    Не сме во никаков контакт веќе две години, нема никакви чувства, да ја видам сега нема да добие повеќе од едно ракување, сум и ги игнорирал чатовите и како и сите други бивши така и со неа е завршено. Не знам како изгледа филмот пријателство после врска и моите ставови околу сето тоа нема да се променат.

    А зошто ја сонував? Од каде ми се појави? Или од каде ми се појавуваат некогашни пријатели и случки од минатото?
    Отсекогаш сум имал некое чувство на неправда поврзано со овие луѓе, како некои работи да не биле довршени како што треба, а некои зборови некажани.

    Тоа што сме го потиснале и премолчеле, неправдите што сме ги истрпеле ни се прикрадуваат во сонот.
     
    На Lux, Ingvild, martinuska и 43 други им се допаѓа ова.
  18. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Неможам да ги раберам луѓето.
    Значи,мој живот,мои правила,јас живеам за себе,а не за луѓето.
    Ако сакам и рогови ке си ставам,тоа е моја работа и не ми е гајле што ке мислат луѓето. :)
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.721
    Пол:
    Женски
    Тагата ми ја мати мислата,ама ја носам.Се снаоѓам.Солзите се мачни,ама чисти.Пливам во нив,додека тие ме допираат по образите и ми носат чуден мир.Не секогаш се грди,така се прозрачни,искрени,колкав и да товар носат со себе. :|
     
    На Serafima и NoellePage им се допаѓа ова.
  20. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Со какви луѓе си опкружен, да ти е страв да направиш некоја грешка, или пак да не успееш во нешто. Е незнам што очекуваат од мене, незнам за каков човек ме сметаат. Посебно кога правам нешто за кое одредени немаат доволно (скоро никакво) познавање, е тогаш сум најлоша. Секогаш јас не се трудам доволно, секогаш јас сум виновна за мојот неуспех.
    Јас од тие луѓе очекував поддршка, разбирање. Не очекував во никој случај обвинување. Па фала богу дека се чувствувам лошо, нема потреба да го зголемувате тоа чувство наместо да го ублажите.
    Сега не очекувам ништо. Секој за себе. Да глумиме рамнодушност е подобро, отколку ова.
     
    На crazylady, Miss.Ricci и Lov3 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.