Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Денес бев вредна домаќинка, 3 вида на колач направив. Ај до после ако имам време ќе го пшам рецептот на едните, ако не, утре :) Битно им се радував како мало дете на чоколадо. А па колку убави излегоа... мх мх мх
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Ми го зеде зборот од уста за денес..... :(
     
    На UnknownLadyDi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ripkata

    ripkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    68
    Во средно не бев примерна ученичка.
    Имав многу неоправани, лошо друштво...за отценките да не зборувам. Дома на моите им бее многу тешко што ме гледаат како полека пропаѓам а тие неможат да сторат ништо. Само се надеваа дека еден ден ќе сватам што правам и ќе го одберам вистинскиот пат.
    Како што созревав сватив дека светот не е толку розов и дека животот не се состои од пиење по 3 кафиња секој ден , пијанчења за викенд и дерење.
    Мило ми е што тоа го сватив навреме.
    Кога наполнив 18 години почнаа студиите и јас си ветив самата дека ќе бидам подруга личност...подобра...
    Го одбрав тој пат. Почнав да учам многу , веќе 1 година немам капка алкохол внесено во мене, повеќе време им посветувам на моите, не му викам , гледам да најдеме некој компромис околу се... дури и чудно им е.Нека... Се топам кога ги гледам ...Дури ни јас самата сеуште неможам да си поверувам но , го исчистив првиот семестар.Господ ми дал прилика да сватам дека не сум безвредна. Факултетот си го сакам неизмерно многу и се надевам дека еден ден ќе работам ова што го учам.
    Денеска додека се возев со такси , се смеев и првпат зборував со еден многу пријател таксист ( не како оние штто зборуваат за состојбата на времето :D ). Му кажав дека си положив се и ми рече дека моите родители сигурно се многу горди на мене. Една солза се слизна по моето лице. Сватив дека сами си ја креираме својата судбина и дека ние одлучуваме дали ќе бидеме среќни или не . Насмевнете му се на животот и тој ќе ви се насмевме вам !! :)
     
    На Divinebutterfly, kravce, K.Mari4ka и 15 други им се допаѓа ова.
  4. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...Расположете се, пуштете си забавна музика, дотерајте се, нашминкајте се и налакирајте се.Излезете, играјте, флертувајте!

    Ние сме жени, искористете го тоа!Наместете насмевка на лицето и забавувајте се 8)
    Бидете среќни,животот е убав :)
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Понекогаш тоа не е така лесно.
     
    На Springy, Juicy03 и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Знам.Понекогаш едноставно не сакаш да правиш ништо или да видиш никого, само сакаш да си останеш во кревет, стуткана со ќебето и да плачеш.Разбирам дека не е лесно.Ама подобро е.Да бидеш позитивна, значи несвесно да предизвикуваш да се случат позитивни работи околу тебе.Да запознаеш некој нов, да се заљубиш или едноставно, да поминеш многу убава вечер со другарките.Само ако ја пронајдеме таа внатрешна искричка од позитивна енергија што сите ја носиме :)
     
    На K.Mari4ka, Juicy03 и UnknownLadyDi им се допаѓа ова.
  7. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Понекогаш тоа не е така лесно.[/quote]
    Знам.Понекогаш едноставно не сакаш да правиш ништо или да видиш никого, само сакаш да си останеш во кревет, стуткана со ќебето и да плачеш.Разбирам дека не е лесно.Ама подобро е.Да бидеш позитивна, значи несвесно да предизвикуваш да се случат позитивни работи околу тебе.Да запознаеш некој нов, да се заљубиш или едноставно, да поминеш многу убава вечер со другарките.Само ако ја пронајдеме таа внатрешна искричка од позитивна енергија што сите ја носиме :)[/quote]


    Човекот сам себеси не може да се излаже. Кога останува сам доаѓаат оние прашања на кои ги дава најточните и најреалните одговори.
     
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    А, мајката, кога треба експресно да се избрише нешто, одма ве има, а цела недела што замарам народ да контактира некого оти не можев лозинката да си ја вратам, сите одеднаш ко да умреле.
    Среќа сум тврдоглаво магаре, па си играв игри со сопствениот мозок, дури конечно после стотици обиди и осум можни лозинки во најразлични комбинации, да ја погодам вистинската, нели, според Марфиевиот закон дека точната лозинка секогаш ти текнува последна.
    Јок, ниту еднаш ме нема заобиколено мајчиниот!

    Туку, ве поздрави Пане Панев за добра ноќ.
    [​IMG]
    Ај поздрав. :hai:
     
    На pamelche, Micheleljubov, JoxyTheFreak и 18 други им се допаѓа ова.
  9. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Со тек на време, од лично искуство, научив т.е. сфатив дека ако ти не јадеш го*на за другите, другите ке јадат за тебе! :!:
    НО, и покрај тоа, јас сеуште си го терат моето. Пробувам да бидам добра, нормално кон оние кои залужиле и да не јадам го*на за никого затоа што го знам чуството кога ми го правеле тоа мене, сум го почуствувала и знам дека воопшто не е пријатно.
    Секако доколку некој заслужи, ќе си го добие своето! ;)

    Секогаш си велам: Кој што заслужил, тоа ќе си добие. Кој како ќе се однесува со мене исто и јас со него!

    Значи, се‘ по заслуга!! 8)
     
  10. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека вечерва е многу чудна до пред 15 мин се смеев сега плачам зошто ни јас незнам
     
  11. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Кога пред неколку месеци се преселив тука плачев како мало дете. Тогаш мислев дека е до местото, ама сега сфаќам дека е до осаменоста. Тука бев потполно сама, среќа што имаше се сретнав со една познаничка па ми помогна да го пребродам тоа.
    Сега, скоро 5 месеци откако сум тука сакам да кажам дека сум среќна. Можеби на овој студентски дом му фали хигиена, му фали подобра храна, помалку музика, подобра осветленост. Но ова место стана мој дом.
    Среќна сум и горда на тоа што имам вакви цимерки, постојано се покрај мене, не даваат да се мачам сама со животот, не им давам и јас на нив. Ние сме семејство. А скромната соба ни е дом.
    Обоена е онака, типично хаотично. Има цртежи на ѕидот што не опишуваат трите.
    И не е битен мебелот, колку што е важна топлинава во собата. Има топлина на дом, тука сме среќни...
    Мразам кога некој ќе ми дојде од страна и ќе ми мрчи за собава. Каква, таква наша си е. Ја сакаме!
    Мене во собава ми се случиле најубавите моменти во животов...
    Тука го запознав него, тука тој се заљубил во мене, тука за прв пат дознав како е да си сакан....
    Така да луѓе бидете среќни во вашите домови, посебно вие што живеете во Скопје. Ние кои сме дојдени тука, ја немаме топлината од семејството, а чиста среќа е да најдеме цимерки кои ќе ни бидат како семејство :)
     
    На Divinebutterfly, Moira, kravce и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Искрено, по малце им завидувам на луѓето кои ставаат розовки наочарчиња и така го гледаат саканиот. :?: Најдобар, најубав, најпаметен, идеален, совршен. Нема маани, не прави грешки, не ве лаже, нема да ве изневери, нема да направи ништо да те повреди. Мистер Совршен, погледнат од заљубените очиња, а Мистер Нормален погледнат од другите луѓе.

    Да бидат работите уште полоши, се почесто го среќавам баш Мистер Ненормален во Совршен, од страна и реално гледано. :tmi:

    Некако мислам дека никогаш нема да можам на некој толку да му верувам. :^) Мислам, да се разбереме, не сум опсесивна, љубоморна па ич, сакам да гледам од убавата страна на работите, ама никако не би се нафатила 100% да си ги затворам сетилата и да го зашушкам разумот. Упорно и упорно да наоѓам оправдувања за некои постапки, да се држам како слеп за стап за нешто што, ете, не оди... Или да присилувам некој да биде покрај мене кога е очигледно дека не сака, или па тоа па, бори се за нешто, дрн дрн. Не го сфаќам тој момент и тие постапки, озбилно.

    Дали оти кога ќе се изгориш и на јогурт дуваш, не знам. Не барам совршенство, ни случајно, прва сум да најдам маани :D , ама и да пофалам кога е нешто како што треба да биде. Дали толку некои се наклонети кон некого што го идеализираат, стануваат зависни и забораваат на сопствените желби и барања и се трудат од петни жили да се прилагодат на неговите желби и мисли и барања... Не оди бре тоа така, не оди и не може да тргне.

    Свесна сум со кој се сум се впуштила во нешто повеќе, свесна сум и кој колку вреди и зошто би требало јас да им обрнам внимание. Ама исто правам и тој другиот да е свесен дека јас во секој момент можам да си го завртам грбот доколку нешто не е како што треба и да си отидам без око да ми трепне.

    Се враќам назад неколку години, нели кога претече млекото и се испогорев од собирање кајмак |( , кога си мислев до кај одев и колку драги луѓе избришав од животот и повредив и не можев да замислам да станам наутро а да не ме разбуди порака од дотичниот, што сега си изгледам... благоречено патетично. Детско. Идиотско. Да се случува тоа денес, не би издржала ни една недела со него пред да му ја покажам вратата и средниот прст. И ќе му кажам дека е сељак и е чиста среќа што сум му обрнала внимание.

    Како и да е, муабетов, за самосвесност и идеализирање ми забега. Отварајте очињата, не ги ширете рачињата (ни ноџињата) на секој, и то...

    А јас ќе се трудам да почнам другарчево да го притиснам во мојата слагалица :tmi: , по секакви чуда што прочитав деновиве, типот е принц на бел коњ во споредба со другите. :emo:
     
    На Lux, crazylady, Divinebutterfly и 37 други им се допаѓа ова.
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Многу внимание обрнував на непотребни работи искрено. Се при срце си зимав. Кога ќе се сетам само за какви глупости сум се трескала, сум се нервирала, ми иде еве во мојов момент да земам да се отрујам :lol: ма брчки на рани години ќе добијам :lol: од денес па натаму веќе абе за ништо не ми чуе! Кој што сака нека каже, кој што сака нека прави. Јас ќе правам што мене ме прави среќна и ич не ме жуљави што мислат другите. 8)
    Е така. :lol:
     
  14. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Болка, Нервоза, Тага = Реална состојба - (минус) Посакувана состојба

    Значи, болката, нервозата, тагата и другите глупости ни доаѓаат, така да се изразам математички, како разлика помеѓу реалната состојба во која сме и онаа состојба во која сакаме да бидеме. На пример, ако сме сингл (реална состојба), и ако толку многу, многу, многу ... сакаме да сме во врска, тогаш резлутатот ќе биде чувство на нервоза, на некомплетност, на немирност. Втор пример, имаме проблеми на работа или пак моменталната работа и не ја толку сакаме, или не не' исполнува (реална состојба), а толку многу сакаме да го работиме она за што сме мечтаеле, сонувале, или сме имале и се уште имаме претстава за идеална професија. И така можеме да редиме уште многу примери. Или, на пример, велиме дека сме опкружени со негативни луѓе, појави, нешта, а сакаме да бидеме во друштво со позитивни, весели луѓе, да ни се случуваат убави нешта, да бидеме среќни.

    Сакам да кажам дека механизмот на болка е многу прост и едноставен. Дел од процесот на растење и созревање е и способноста на менаџирање на сопствената болка. И тоа self-management (само-менаџирање). Ние треба самите (да можеме) да се ослободиме од болката.

    Ама мора да бидеме начисто во што е нашиот проблем, оти психологијата е заебана наука. Ти си мислиш дека другарките ти се криви, љубоморни и негативни, а уствари имаш проблем со дечкото, кој не сакаш да си го признаеш. Или на пример, не ти се учи, оти студираш поради милион надворешни причини (оти сите студираат; оти родителите така ти рекле; оти секоја будала е на постдипломски...), а не студираш заради љубов кон науката, кон знаењето, кон истражувањето. Или си мислиме дека не е се' во парите, ама кога уствари ќе видиш, пари ни требаат, па се нервираме поради парите.

    Значи, првиот проблем е добро да откриеме што ни е проблем :P Колку сме поискрени и покритични кон самите себе, толку подобро. Не велам дека нема негативни другарки, или дека факултетот кој искрено го студираме од љубов, не е тоа што сме мислеле, па затоа не ни се учи; и не велам дека не сме свесни дека парите се важни ... ама мораме навистина да сме сигурни што ни е проблемот и од каде ни е болката.

    Втората фаза е состојба на помирување и смирување со реалноста, освен не дај боже, реалноста да ни е толку страшна, па да мора да се брза со дејствување. Не секогаш можеме веднаш да дојдеме од реалната состојба до посакуваната состојба. Треба време, сила, енергија, пари, труд, борба, трпение. Јеби га, тоа е животот.

    Поентата ми е, целта на болката е да не' придвижи кон она што го сакаме и да избегаме од она што не го сакаме! Значи, мораме да знаеме од каде ни е болката, и што сакаме во животот. Нормално е понекогаш, и да сме збунети, и да не знаеме што ни е, и да не знаеме што сакаме, ама тоа треба да е привремена сосојба, колку да се соземеме, да здивнеме, и да продолжиме понатаму со животот.

    Дефинирањето и признавањето на проблемот е половина решение. Втората половина е дејствувањето кон новата цел. Најлошата опција е да бидете во состојба на болка, да кукате и да се жалите постојано, ништо да не правите, и да чекате работите сами од себе да се решат. Тоа е дефинитивно патот кон себе-уништување на долг рок, што би рекле, економистите.

    Се надевам, дека ме разбирате. Јас во последните година-две, тоа го забележав кај мене. Сега и кога ми е тешко понекогаш, знам од каде ми е тоа, и знам како да го надминам, смирено, без нервоза, а со дејствување.

    Крајната цел е состојба во која среќата ќе ни биде прашање на наша свесна одлука, а не на предодредена судбина, сплет на околности, негативни луѓе околу нас, или ладно време, или ... бла, бла, бла,...мене никој не ме сака :)
     
    На Moira, kravce, karenin и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    СДК кругот се врти. И се сврте. И сеедно ми е. Така се чувствувам. Уствари ништо не чувствувам. Можеби и се опаметив на крај. Преубаво си поминав. И ниту еднаш не помислив на него. Добро, освен кога ми звонеше и не му кренав. Ама и тогаш ми беше сеедно. Ништо не осетив. Се можело и без него.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Јас како особено пожртвувано створење кога ќе се посветам на нешто се занесувам и внесувам . Да кажам дека бев под јак стрес прериодов е преблаг збор . Мислев дека не ми е ништо дека е само таков денот , неделата и месецот . Ама моите жртви што ги давав спиење 3 часа на ден , јадеење минимум нервози за секоја битна и помалку битна ствар , битна и помалку битна личност си го зема данокот .
    И требаше лекарот да ми каже Еј Забави малку !!!
    Физички паднав психички уште повеќе и силата испари и еланот и нервите .
    Требаше здравјете да ми откаже послушност и да ми каже Венди убаво од тебе што живееш ко да нема утре , и што сакаш се да достигнеш и постигнеш ама јас не можам да те стигнам .

    И така да работава овој пат ја сфатив сериозно . Гајле ми е за обврските , гајле ми е за парите и гајле ми е за личностите кои немаа разбирање ни доблест да ми признаат дека трудот што го вложив се исплати и заслужив да ги соберам плодовите од напорната работа . Така да биле не биле , не ми е сеедно ама тоа е Живот . Никогаш никого не познаваш вистински колку и да мислиш дека е така .
    Сега сум само јас центар на светот единствена обврска ќе ми биде да се погрижам овој пат за себеси моите желби и потреби . Никој и ништо друго не е побитно , изолација , музика , книги и планина тоа е мојот мир мојот спас ми треба време за себе. Забранив да ме нервираат , попуваат и испрашуваат ќе пробам да поживеам на друга планета .
     
    На kravce, Lemonade, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Почнува третирањето на косата.. Нови 7 изгубени часа се на повидок |(
     
  18. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    4.115
    Пол:
    Женски
    Ќе се деси чудо дол а да си легне пред 4 ?
    Дефинитвно не барем не додека не почнам со факултетов...
    Леќа ноќ феминки :)
     
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    17.277
    Да беее, немало лек да се исправам со ова мојто спиење.
    Вчера вечер (сабајле) спиев 3 саата, вчера преку ден не спиев ич и синоќе у 1 саат умрена, одма заспав. И ете у 7 ипол разбудена, наспана. :) Имало лек и за ова.

    Денес денов ќе ми биде смрт, треба да завршувам цртежи ликовно = цел ден изгубен.
    Сакам да одам на гости некаде, да шетам, само да не бидам дома оти ќе мора да се замарам со школото.

    И така, имајте убав студен ден. Нека ви биде исполнет со убави јадења!
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.721
    Пол:
    Женски
    И овој ден сакам да го живеам како да е прв,последен и единствен ден од животов.
    И во овој ден сакам да сум поткована со оптимизам,да ја сочувам рамнотежата на духот,да ја зајакнам надежта.
    И овој ден сакам да чекорам со сигурност дека ќе стигнам таму каде што одат моите мисли.
    И овој ден сакам да го пронајдам доброто во другите.
    И овој ден сакам повторно да се родам во неговото срце.
    Сакам...сакам...сакам...
     
    На Lux, Foreveryoungiwannabe, crazylady и 33 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.