Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Денес е мојот ден. :)
    Физикава малку ме заморува и е малку повеке од досадна,ама мора да се учи.Потоа ке читам еден прекрасен роман.Ке јадам,ке се одморам,и повторно над книгата.
    Но,вечера ве излезам малку,сама да се прошетам барем половина час. :)

    Сношти неможев да заспијам.Повторно ми се врати во мислите случката со полицајците.Толку бев исплашена што дури и почнав да плачам.Тоа беше на 28 ноември но таа слика убаво ми е врежана во главата.
    И се држам до зборот,до тоа што го кажав.За циган ке се мажам,ама за полицаец никако.

    Полицајците се толку безмилосни,груби,,незнаат да разговараат со луѓето,не прават разлика дали разговараат со девојче дали со убиец.Затоа несакам повеке никогаш да ги видам.Никогаш.

    Иако не сум направила ништо лошо,против законски толку ми е страв и секо момент се плашам да не дојдат.

    Ете,изгледа дека не се сите луѓе. :)
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... нели ве нервираат другарки што меѓусебно се ословуваат - сељанко, дрољо, курво, дебела, онака демек - од милост? Од вистинско другарство? |(
    Па мене така да ми се обрати другарка ми, мислам дека смртно ќе се налутам. И обратно.
    Ми нема тука ништо мило, ниту ми алудира на некоја вистинска поврзаност и искрено другарство.
    Само на потиснати фрустрации и комплекси и обид за лечење инфериорност.

    Па ти ако се чувствуваш потајно како дроља, не мора да значи дека и другарка ти е од таа сорта.
    :puke:

    Преполовен викенд не го бива за ништо.
    Тикви со расол.
    Во еден слободен ден, единственото задоволство е ручекот кој веќе го направив, и прошетката до Матица по нови книгички со неодолив мирис.
    Попладне со Хуго и две супер филмчиња и масажа на вкочанет врат.

    Остатокот ми нуди некои досадни обврски, ко пукнати црева на правосмукалка |( , затнат сифон на садопер, храна во пластични кутијки, која со денови чмае во фрижидер, а никој не ја фрла, нормално, и ѝ дојде крајот.
    Јас сум херојот кој го повлекува казанчето.
    Лајна од целиот свет, обединете се, доаѓам !
    :D
     
    На Divinebutterfly, tinkerbelll, WomanInRed и 35 други им се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сите секој ден сфаќаат по нешто ама никако да сфатат.
    И јас се вбројувам во тие сите...
     
    На tweety26, Angy.g, sm1zla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Кога мислам најдобро за некој тој ме повредува кога најмалку очекувам :( Е да арно рекле старите 'Може да те повреди само најблискиот, не некој друг.' :(
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Симнати 2 кг.
    Отров црно кафе и заблажени мусли со суво грозје на хоризонтот.
    Луѓе што доаѓаат и си одат.
    Мокри мачиња низ маало и симфонија што предизвикува гласни смеења.

    Договор за еднодневно акање низ Солун, можни нови фармерки, јакниче, чат пат некоја ситница, менување смени на работа и квичење зошто настинкиве се префрлуваат од еден на друг на работа како штафета. Миризливи неделни завевчиња - на мајка ми ултимејт деминутивот. Ручек - карбонара шпагети, сметки за струја и интернет ми се меткаат во ходник, мириса на боја за чевли и на некои нови радости.
    Вчера дремевме кај водолијата на чај, душава си ја топлев, се прашувам како тоа така брзо ни израснаа крилца. Сај оди на север, дефинитивно. Ја бодриме, ја радуваме, и спремаме предзаминувачки ручек, sleеpover со пица, пижами и вино, Бриџит Џоунс и серии на рипит, сакаме да си го зачуваме парчето младост и заедништво да ни трае што повеќе, и повеќе...
    Мене ми се ближи денот за Љубов, за прилепување до неговиот свет како коала на дрвце, едвај чекам да си ја стоплиме постелата, да си се видиме во јасно светло, топол Дом, да му принесам пак дел од себе и своето срце, заслужил. И сум заслужила, да го најдам таков каков што е. Мој личен будалест мачор. На пијано ми пишува гиковска поезија. Утиња букви, ми праќа фотки од сандалчиња и маици со натписи што му личеле на мене. Јас, се топам, просто пропаѓам. Нека си дојде - после, цел еден Живот ќе ме збидне!
    Ве оставам со добра музика и добра мисла, дневна доза Ана.
    Гуш.

    http://www.youtube.com/watch?v=HqTbmTaPMPw
     

    Прикачени фајлови:

    На Lux, Sunchild, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Студен неделен ден. И пак јас како и обично се разбудив во 12 иако имав намера да бидам на нозе порано. |( Аман веќе кога ќе се одвикнам јас од седење навечер до доцна и спиење до попладневните часови? Ова вака неможе,мора да се превземи нешто. Уште некој ден започнуваме со редовни часови на факултет,а јас како ли ќе се будам наутро? :^) Ах,Христинооо плачиш за ќотек,во право е кога вика мајка ми еве си признавам ! :$ Имајте убав ден феминки,јас и онака ќе го поминам со книгата во раце. |( :)
     
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Што убаво било да имаш продолжен викенд... Си се одморив, си се изнаспав, стигнав и да одам на маникир (за кој вечно немам време :^) ), си зачистив по дома, се изнагледав филмчиња и серии... Абе мераклиски поминат викенд.

    Инаку, главна преокупација викендов ми е новиот телефон (кој btw планирав да си го купам, нели и тука се пофалив :rofl: ама додека да се пребројам со париве, дечко ми веќе ми го купил, го завиткал во црвена хартија и завчера ми го подари :inlove: ) Сум ви кажала дека го сакам? Можеби само едно 1408359 пати, ама пак ќе кажам: Го сакам најмногу! Тој е моето се` (ова не дека ми купил телефон, да се разбереме :D )

    Е така, од што сум расположена, им реков на моиве дека денес јас ќе правам ручек, а тие да одмараат и да се тегнат по кревети :D Со воодушевување ја прифатија идејата, иако само ме потпрашуваат
    А тоа знаеш како се прави? Толку вода треба да ставиш, знаеш нели? А ова вака ќе го правиш? А тоа така? :D Мислам, знам дека не сум Џејми Оливер, ама па не сум ни дудук во кујна :lol: Како божем прв пат готвам, па се притресаваат тука, глумат лудило :D

    И така, сега додека се крчка ручекот, јас ќе се дружам со чупалицата, зошто веќе на пештерски човек заличив, да бидам искрена. Битно ноктите ми се убави :D

    Вишок енергија имам, во добро расположение сум и само нека трае. Нека помислата на утрешната нова работа недела не ми го расипе :D
     
    На teddybear, kravce, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  8. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    156
    СДК дека е време да си го сменам аватарот. :D
     
  9. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    СДК - ПМС-от е крив! :@
    Значи јас стварно не сакав да изедам толку ... дури воопшто не ми се ни јадеше :tmi:

    Озбилно! Најнајнајозбилно! :wasntme:
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Сите се жалат наместо да превземат нешто..
    Аман за аман...Какви станавме, секојдневниот речник на луѓето (секоја чест на исклучоците) предер, овцо, Ку*во, козо... итн.
     
    На K.Mari4ka, Lov3 и sm1zla им се допаѓа ова.
  11. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК синојка повторно си спиев со него. Не можам да сватам, зашто само со него спијам како заклана. Ама она баш заклана :angel: Сабајле додека спиевме у сон ми рече-Само една работа ти фали. Да се будиш со мене секој ден. Потоа ме разбуди со кафе и ми кажуваше како најголемо богатство му е будењето со мене. Потоа разгледувавме тетоважи пошто сакаме да се тетовираме заедно.... Мислам дека сонувам луѓе, мислам дека сонувам. :angel:
     
    На Lux, Divinebutterfly, Monna.Monna и 20 други им се допаѓа ова.
  12. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    Нова сум на формов.. се надевам убаво ке се дружиме.. :)
     
    На CIA и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  13. Christyn

    Christyn Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    8
    Многу убав ден.. :$
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Чиста кожа, чиста коса, тело. Меки и чисти пижамки и чорапи. Со лап-топот брзо вчеравечер си се вовлеков во чистата и миризлива постелнина.

    Тоа општеството го вика бањање, а јас моменти кои живот значат :lol:
     
    На eli25, kravce, Lemonade и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Мислам дека во живот вака не сум ја средила собата.Два саати местев кревет,суредував,усисував со правосмукалка,бришев прашина,ја ветреев собата и конечно седнав да се одморам.Суредена,светла соба ми влева позитивна енергија.Убав ден денес,а? Снег и сонце :mm: Имајте убаво смирено сречно попладне ;)
     
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Аууу потиснати фрустрации и комплекси :D
    Баш спротивното, повеќе ме нервираат таквите што си се довикуваат со срц, мачко, и такви слични мили називи зад кои се крие се само не милина.
    Ако до толку си блиска со другарка ти/ другарот, за меѓусебно да се нарекувате како и да ви текне во моментот без да има лутење особено потајно од ничија страна, радувај се, не барај дополнителна причина зошто е тоа така.
    Јас лично, повеќе не ги поднесувам тие што прв пат те гледаат и си ја земаат слободата да те ословуваат со некој назив, без разлика дали дроља или душа, со нивната лажна дружељубивост и скриени намери.

    Не знам, наречете ме исфрустрирана и каква сакате, ама боље ќе си ја викам другарка ми дембел отколку срц. Уствари, што ми е гајле од страна како изгледам или звучам, ако некој толку сака да психоанализира и утврдува вистинитост на моето другарство, не е мој проблем, ниту на другарка ми, без разлика дали другарка ми ја викам курво или мачко, или едноставно по нејзиното име.
     
    На WomanInRed, 2036, Rose96 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате на овој пост? Епа се одлучи еден од другарите синоќа, ама мојов обрна очи и си го виде мозокот кога му реков дека сега стварно нема каде да бега. :rofl: Многу сакам кога му зборувам за тоа и ја менува фацата веднаш. :rofl: Многу е интересен, како да сум го полила со ладна вода мајке ми. :rofl: Ама не, далеку сме мнооооооооогу од тоа. :)

    Како и да е, нека им е со среќа, само вакви убави работи да се случуваат. :* :wasntme:
     
    На Miss.Ricci, K.Mari4ka, moonlight-girl.55 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.476
    Допаѓања:
    91.913
    Пол:
    Женски
    Роденденот беше благо речено магичен. Нема зборови со кои би опишала како си поминавме, најверојатно за емоциите кои ги чувствувам со него треба да измислам нов збор.
    Беше воодушевен од тоа што се сум направила, па тек во 12 кога извадив торта и свеќичка мислам дека се стопи. И не можев да не издржам да го прашам што замисли :$ Па се извадив со смешката мајка ми која ми ја направи мене кога пред некое време замислував желба. -Што замисли? Кажи ми, пак ќе ти се исполни :lol:
    Не раздени во прегратки, а надвор навеало еден куп снег. Од топло изглеговме на таа бела покривка и нашите чекори еден до друг оставаа длабоки отисци. Впрочем како што и вечерта остави трага на нас.
    Вчера бевме договорени да нема гледање. Ме гледа на скајп и ми вели- Што планови имаш за вечер? Ако немаш да ти смислам јас. И нели падна пак договор за гледање.
    Додека стоев на Рекорд и го чекав да дојде, муабетевме на мобилен. Се свртев и го видов како преминува улица. Толку е совршен, толку е се што некогаш сум замислувала, толку е ТОЈ. Срцето почна забрзано да ми чука, а нозете ми се пресекоа.
    Чекоревме еден до друг, а потоа ми се врти и вели- Добро ти знаеш дека сме на Балкан? Знаеш дека јас сум маж? Знаеш дека треба да чекориш фатена под рака со мене и со дланката во џеб за да не ти студи? И знаеш дека последниот збор е мој и гласи- Да, драга! :rofl: :rofl: :rofl:
    Уште една убава вечер, се посилни емоции, се поискрени муабети за мене, него, за нас, за сегашност и иднина. За неговите желби поврзани со мене, за мојот страв од предавање.
    И мојот балканец не ми дава садови да мијам, баш ради тоа што нели е прав маж :rofl: Срце бе! :inlove:
     
    На Lux, Divinebutterfly, Sunchild и 44 други им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    10.329
    Си држам до она старото дека куќа без кисела зелка во зима, не е домаќинска куќа! :!:
    Можеби да не ми беше сарма омиленото зимско јадење ќе пцуев поради не баш пријатниот мирис што се шири од пресветото буре, ама засега it's a small price to pay :)
    Нормално револтов мој се должи на тоа што годинава имаме минус во домаќинлук и едниствената зимница што се правеше кај нас оваа година ја одминавме.

    Да не биде се така сиво, станувам сабајле и за добро утро го гледам чичко ми со 3 зелки на врата :D Се осеќав ко детенце за нова година кога гледа пакетче под елка ^_^

    Во некои вакви моменти си се чудам како може да станам толку опседната со некое јадење, убаво си викам...од не баш малата листа на пороци, храната не ретко ми избива на првото место.

    И да...после одреден период хронична ненаспаност, дифинитивно вонредна работна сабота не беше она што ми требаше. Затоа денес Гарфилд-от во мене може да излезе на површина, а генералка на собата ќе почека до нареден викенд.
     
    На Sexybaby86 и Doozy им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    Од постовите на Трендафилка и Ну(и)мериа може да заклучиме дека како и да се викате со другарките некој од страна ќе си помисли нешто. :rofl:
    Па најдобро ќе ни биде да не се замараме за тоа, туку да си тераме како ни одговара. :)
    Инаку, јас со полна пареа се вратив на читањето. По еден период на стагнација ми доаѓа како лек кога пак ќе почнам да читам и сфаќам колку ми фалело сето тоа.
    [​IMG]
     
    На kravce и Serafima им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.