Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Многу ми се смешни серииве што ги гледаме.
    Обавезно мажите се мачо-менови, со јаки коли, богати, типката нема вода во очи да фрли, ама он неа ја љуби. Обавезно на почеток он е ладен како камен, за на крај да ја однесе некаде девојакта и да и ја раскаже срцепарталната приказна на неговиот живот, зашто он станал лош и ладен. И она сочувствувајќи со него ќе му се фрли во прегратка а богами и кревет.
    И нагласувајќи дека не е фората во неговите пари, него ружната му фаца и сокриено ама добро срце, завршуваат засекогаш заедно, претходно поминувајќи низ сопки на блиските во семејството, бившата жена, симпатизерот на девојката..

    |(

    По филмовиве посакувам да бев сељандура неизмиена, валкана, сиромава, и сигурно ќе си најдев некој милионер, кој е ружен како тавче во главата, ама битно на мене ќе ми беше најубавиот принц. А јас ќе му бев невината девојка, на која се ќе и купуваше, ама нели пошто мене нема да ми биде за неговите пари, (кхм, кхм да се накашлам) важно ќе биде дека ќе ги поминеме сите сопки на животот.

    Леле луѓе дај бе разбудете се.
    Не ве можам жими се. Бевме 5 години под турско ропство, еве не повторно на културно ниво. Не трујат сите оние клише приказни и нискобуџетни серии . Не викам дека некогаш не сум седнала пред тв да видам што серии се, на почетокот оние Долина на волците беа нешто ново, бидејќи немаше толку серии и беше поинаква, пукање, адреналин, бла бла, ( сега веќе и они го претераа) ама не се задлабочувајте во редовно гледање на истите. Посебно на овие љубовни бајки.

    А да не спомнам за сихронизацијата. Како задавени кокошки да се дерат на телевизија. |(

    ЗНам дека и целиов муабет ми е клише, ама во моментов тв ми е пуштено на сител и случајно наслушнав дел од Аси, и искрено, срање у боја.

    И воопшто зашто би гледала туѓи „судбини“, минато, болки. Да плачам на туѓи животи.


    Долго време не сум била во театар, и вечерва одам на госпожата Министерка. :rock: Толку време се натегав и конечно. Сега се радувам.
     
    На Chica.Loca, kravce, tweety26 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК дека оваа земја не е свесна што држи хахаха ГУЛАБИЦА била пеачка хахаха јас ја гледам како да е за во циркус затоа што кога нешто ми е скиснно ја пуштам и се смеем како некоја будала погледнете го видеото и изнасмејте се
    http://www.youtube.com/watch?v=YJVxKb4o23I
     
    На cheetah.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Со поглед ќе ти раскажам, дека без тебе неможам... :)
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Уфф утре понеделник.. |(
     

    Прикачени фајлови:

  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа што ме разочарува.

    54,9 % невработени млади во МКД, поразувачки!

    ЕХ која иднина ја имаме, поразувачки бројки, депресии, самоубиства, сиромаштија.. ах красна Македонијо, засрамете се политичари, си ја убивате и бркате младината..


    http://www.onlinecolleges.net/2012/05/2 ... -problems/
     
    На Divinebutterfly, Sunchild, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Прво научи да одиш , па после летај!
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Вчера дознав дека едно девојче каде стаса ме навредува и оцрнува и пред блиски,но и пред луѓе што ми се само познаници. Да ви кажам се извадив од такт, знам дека не треба да се нервирам и тревожам заради тоа, повеќе од свесна сум дека е гнила душа без самодоверба,ама успеа да ми ја расипе вчера вечерта,а богами и денес денот. Помини замини само на тоа мислам. :|

    Од друга страна испитот ме притиска,писмениот дел толку не,ама усниот дел ми е ноќна мора. Писмениот дел е чиста работа,ваму мисли се на каков професор ќе налеташ и како ќе му се потрефи денот. Ама признавам, не се осеќам доволно спремна.

    Ненаспана сум ,уплашена до немај каде и нервозна. Ама сепак му давам шанса на денот да ме развесели. :angel:
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Како што гледам во форумов скоро сите ме мразат..Па најпаметно ке е јас да си одам..Несакам да ви сметам... :| Чао!!
     
    На Moschino, EleMental, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
    ^Јас не те мрзам! Не ни сметаш! :)
     
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Аххх де :worried:
    Си мислев јас ќе завршам факултет и ќе се вработам , дури сега кога ми текне кои надежи сум ги имала за време на студирањето ми паѓа смешно и вака да си направам :headbang:

    И уште учам , до раните утрински часови си седам над книгата или куцам семинарски и не ми е криво не може да имаш штета ако научиш нешто ново но мака ми е за партиципацијата што ја плаќам и давачките за испити и патувањето за предавања . Е тоа ми е мака повеќе од 2000 евра ќе ме кошта а знам дека нема да си ги вратам ... А нели инвестираш во себе па да се исплати , не ми е жал за часовите поминати над книгата жал ми е за парите ама нели пуста надеж дека повиско образование ќе ти помогне да најдеш каква таква работа . Како не :D

    И немој да мислите те така си кукам дека немам работа , не сум само јас. Ами мојава генерација , колеги школски ... кој и да видам и го прашам крева раменици и вели дека пратил 100 цвија а никаде одговор ...
    Неколкумина веќе се во странство кој отишле во Америка и останале на црно а кои со петни жили се трудат да заминат па надеж им се сините карти за Европа ...
    И да ви кажам кој работи во државна институција сите се смееме оти работата не е за смеење ами за плачење ама толку е апсурдно што мораш да се смееш ...

    И така отупив малку ,ретко се жалам ама ете ме погоди постот на љубам :)
     
    На Annath, kravce, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Една душа која многу ја почитувам, вчера напиша многу убав пост. Иако половина пост беше наменет за мене и тие зборови искрено не ги заслужувам, но тоа сепак е нејзино мислење во кое не и се мешам :) .
    Особено ми се допадна оној дел каде ја опишуваше издржливоста на човекот. Можеби тоа значеше да не се откажеме лесно од форумот, заради една или повеќе личности, но таа даде една голема поука. Нашата издржливот воопшто кон се’ во животот. Да, ова е виртуелен свет и можеби за некој безначаен, ама сепак е релност. На некои се ова им е само забава, но на некои тоа им е реланост, како онаа секојдневната и физичка, така и оваа виртуелната. Да се класифицирам прва, јас сум една од оние вторите. Зашто знам дека зад секој пишан збор, постои душа иста како мојата или нечија друга.

    Можеби воведот не ми беше баш соодветен, ама сакав да напишам сосем нешто друго. Сакав да кажам неколку искрени зборови за сите личности кои сум ги запознала овде. За оние кои знаат скоро се за мене и јас за нив. За оние кои сме си ги довериле и најинтимните тајни што никој досега не ги знаел.
    Од сите со кои сум контактирала (а искрено ги имало премногу и ми е мило за тоа), а ни една досега не издала ни една наша тајна, па ни јас нивна. Она што се кажало, останало во нас. А останало бидејќи сме пристапиле со чисти, искрени и отворени срца. Баз ни една скриена помисла во себе и без ни еден збор кој би имал друго значење од она што е напишано.
    И затоа повторно ќе се навратам на почетокот на таа девојка која го напиша вчерашниот пост. Дека сите околу нас не ни мислат само лошо и дека сепак постојат добри луѓе. Јас тоа го потврдувам и потполно се согласувам.

    Денес една (феминка) беше и во нашиот скромен дом. Не за прв пат, туку втор пат. Верувам дека ќе имаме уште многу, многу такви мигови исполнети со дружење, но најмногу со вистинска искреност. Со љубов и взаемна топлина. Малку време беше тука заради обврски, но за мене тоа е скапоцено. Нејзината почит кон мене, кон сопругот.
    Се запознавме во еден миг кога и беше многу тешко. Не велам дека јас нешто сум придонела, туку таа, нејзината силна волја. Најточно кажано, Бог подарил убави и топли зборови за да и се стопли срцето и потполно да го промени животот на подобро. Искрено многу се радувам за неа. Зашто беше, а сега е и уште помилна, посмирена... со еден збор прекрасна :inlove: .
    Првата која ја запознав беше една девојка која денес е прекрасна мамичка. Прекрасна пријателка, која ја запознав прва и остана таква се до ден денес. Нашата средба беше мала, но оваа година ќе ја направиме да биде малку поголема.
    Другата ја запознав покрај неа и навистина ме воодушеви со нејзината чиста душа и зрели размислувања за животот, а сепак помалечка во години.
    Потоа тука е една прекрасна девојка која ми е уште една сестра по душа. Поради околностите малку се изгубивме изминатиов период, но сестра никогаш не изгубена, туку најблиска.
    Една девојка која не е активна, но секогаш чита и која верувам ќе се пронајде во овие неколку редови, ми е сваќичка, идна сваќичка (ако даде Бог). Ете таа и покрај што не ме познаваше физички воопшто, туку само виртуелно и само од една блиц средба, дојде на гости кај нас дома. Се подготви и помина повеќе од 200км од нејзиниот дом за да дојде кај нас. Не ден, туку цел викенд. Навистина и се воодушевувам на нејзината духовна топлина. На нејзиното предобро срце и душа.
    Друга ни беше гостинка дури и со сопругот. Еднаш ние, другиот пат тие. И верувам така уште многу пати.
    И не само овие кои ги претставив малку во пошироко светло, туку и колку други има на број :) . Оние со кои комуницирам скоро секој ден по лп. Таа топлина и љубов никој и ништо не ја заменува. Зборовите испишани во една можеби малечка реченица. Од која зрачи толку неопишлива топлина. Да знаеш дека секогаш имаш некој кој би помогнал со еден збор и утеха.
    Непроценливо.

    Сакам само да кажам, дека околу нас секогаш имаме само на себе сродни личности. Секогаш ќе ги најдеме на овој или оној начин, зашто Господ сите ќе ги испрати во вистинското време. Кога сме радосни заедно да се радуваме и да ја умножиме радоста, а кога сме тажни, да ја споделиме и да ја олеснеме таа тага.
    Виртуелниот свет не е само имагинација, туку реалност. Ако не беше Фемина, каде ќе ги запознаев овие прекрасни личности?! Каде ќе ги пронајдев?! А тие денес станаа дел од мојата душа :angel: .
    Има, и секогаш ќе ги има тие добри душички. Вистински сум благословена што ги познавам и секогаш ќе ги чувам како нешто најсвето :f: .

    Ви благодарам на сите што сте дел од мене и што вие ми докажувате дека сепак постојат и розеви нешта на овој свет.
    Секоја чест :bow: .
     
    На Lux, Divinebutterfly, Sunchild и 34 други им се допаѓа ова.
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Како прво никој овде не те мрази само едноставно те скролат и готово..
    Следен пат внимавај како се изразуваш..
     
  13. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Не ќе беше лошо пред заминување да ни кажеше кој друг го откри на форумов.. ;(
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.722
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ви кажат дека очите понекогаш ви се големи како на коњ,комплимент е тоа??? :^)
    :D
     
    На Serafima, Micheleljubov, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Поговроката Дузи што ја бараше е "Кога ќе се изгориш на благото ќе дуваш на киселото " :)
    И тоа дали озбилно вие верувате у таквите розеви причи од типот, тој е нај, јас сум нај, ние сме нај, ама најнајнај заљубени на светов, нема никој позаљубен од нас?
    Искрено тоа ми е мене толку безобразно и толку лицемерно.
    Who are you do dare to take all the love in the world? :^)
    Абре љубовта не е привилегија на одредена група,па само тие да имаат право на пристам до неа.
    Зарем постoи човек кој мисли дека е најзаљубен на светот, само он и никој друг?
    Јас не гледам така на љубовта, и не гледам само на таа љубов.
    Секој е исполнет со љубов, и дава и прима секој ден, секоја минута.
    Љубовта е како воздухот достапна за сите, и толку потреба за секого, млад,стар,богат, сиромав.
    А за оние кои се расфрлаат само со зборови, за нивната идиличност, и пристрасно си ја препишуваат сета среќа на овој свет, велам не им обрнувајте внимание.
    Како велат рибата смрди од главата.
    Ништо не е соврешно, се си има апс анд даунс.
    Имаше една убава детска компарација, Лајф ис лајк ролеркостер,љубовта исто така.
    Ама треба да има малку и сивко,за да можеш после тоа поубаво и пореално да го гледаш розевкото.
    Нема ништо полошо од замаглени наочари, погрешна перцепција и наведува на заблуда.
     
    На Lux, Divinebutterfly, Sunchild и 24 други им се допаѓа ова.
  16. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Ах физика,физика.
    Учам,учам ама не научив се.А фемина само го врти вниманието.Си викам уште оваа тема да ја отворам,уште ова да видам и од се стемнило :D . Затоа сега одам да до учам што ми остана,а и утре нема да можам да се уклучам на фемина бидејки ке ми биде последен ден за учење,за физика.Што побрзо да го направам полугодишниот тест бидејки стварно нервите ми се при крај :D . :)
     
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.125
    Допаѓања:
    179.672
    Пол:
    Женски
    СДК..... да нема дилеми !! :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, SnowWhite91, Rubiii и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК таман работа ако сите бидат министер или министерка, што останува за другото...ќе треба да пропадне една држава.Не мислам за состојбава со нашава невработеност.Затоа пред да се осуди, треба да се провери дали е виновен некој или не.
     
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.752
    Пол:
    Женски
    I should be studying right now...ама кај може да се одлучaм да седнам да учам кога постои Фемина :D
    Па уште сега од 7 италијанска вечер на канал 5, ништо не може да ме натера да пропуштам :!: :inlove:
    E па, conclusion: just do it later...or tomorrow...or...whenever :lol:
     
  20. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    СДК, изгледа во мода е да се хејта понеделник...
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.