Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Што е за мене идеален ден?

    Започнува рано, додека низ прозорците пробива силна светлина од белината. Му подготвуваш кафе и доручек на љубениот. По неколку часа, се искачувате на рид, ти се смее на немањето кондиција и сосема неочекувано ти го покрива лицето со снег. Ти се заруменуваат образите и носот.
    Не му се лутиш, се радуваш. Се радуваш на чистиот воздух, над глетката на цело Скопје под твоето нозе, на кучето кое си игра во снегот.
    Се наближува времето кога сосема ќе се затемни и ќе падне вечер. Вадиш пластични чаши и сипуваш кафе од термосот. Му даваш една ракавица на дечко ти и со една на твојата рака започнувате да правите Снешко. Има време само за една топка, но не е битно. Додека тој ја обликува, ти му пееш - "Никола, Николаааа, нешто чудно ми се случува..." Продолжува со тебе. Те потсетува на почетните стихови и пеете заедно. И тогаш не ви е гајле што ви чкрипи гласот, ниту што се глупирате и скокате како дечиња.

    Дома ве чекаат Божиќни филмови. По некоја случајност, токму ден пред да падне снег си му ги пратила да ги спушти. Моментот не може да е попогоден. Се топлите под ќебиња, гушнати, се смеете на филмот, а одвреме навреме го креваш погледот нагоре и чекаш бакнеж.

    Се симнуваш кај сестра ти и играте карти. Пиете вино, учите нова игра и се нервираш што си толкав баксуз. Ама по неколку голтки, веќе и не е од толкава важност. Ти се смеат на глупостите кои ги тресеш, се клештиш и ти на своја сметка и пееш во дует со Бруно Марс.
    Убаво ти е некако на душата. Тој се зближува со луѓето кои ти се крв.

    Не сум оправдувала, ниту имала интерес да се пикам во нечија фамилија. Да присуствувам на нивни прослави, да ја делам масата со нив, да бидам блиска. Но, да бидам искрена, нема поубаво чувство од она на прифатеност. Кога неговите зборат за вашата иднина, прават планови, се смеат како ќе се дружите во таа куќа. Или кога ќе ти дадат да го видиш тоа бебче за прв пат. Или кога ќе седнеш да ручаш со нив и уживаш во смеата, блискоста нивна и хармонија. Кога мајка ти се грижи да му подготви нешто вкусно за појадок или татко ти ќе помогне да ја направи колата.

    Нема ништо поубаво од сознанието дека некој те почитува и цени, сака да помогне да се чувствуваш удобно и е среќен што токму ти усреќуваш некој негов близок. Нема ништо порадосно од зголемување на фамилијата.

    Да се вратам назад - идеалниот ден завршува повторно во прегратка, со делење на ист кревет и перница со оној кој го сакаш. И будење повторно со неговите раце околу твојата половина.

    Што ми треба за идеален ден? Топлина околу срцето. Малку радости. Многу љубов. Блискост и вадење на површина на детето во тебе. И повеќе од совршено е.
     
    На Foreveryoungiwannabe, Lux, Divinebutterfly и 49 други им се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно , оти толку се исплашивте од шмизла , тинејџерка која лута оти ја откриле и во наплив на емоции и таа препознала некои нејзини врснички . Јас сум повеќе од сигурна дека тие што се детективи го прават од лична побуда ( некој им сметал , завист и сл ) и не верувам дека тука ќе пишат дека ве откриле туку оговараат зад грб :worried: и пренесуваат на други

    Шмизла не верувам дека некој те мрази, само твојата имплусивност и непромисленост беше погрешно разбрана и немајки кој да обвинат ти се најде на мета
     
    На kravce, Miss.Ricci, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски

    Ова е нешто прекрасно. Ем прекрасно напишано, уметнички, ем чиста вистина. Од неодамна сум зачленета на форумов, ама го посетував уште пред неколку месеци. Навистина ми се допадна ставот на членовите. Фемина форумот функционира како едно големо семејство. Иако меѓусебно не се познаваме, овде ни се пружа можност да си помогнеме со совети, да се насмееме на некои од поставените теми, дури и да плачеме заедно. Поздрав, :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.657
    Пол:
    Женски
    Мојата животна приказна напишана во 3 реченици.

    Ima mnogo rasparenih ljudi i mnogo neparnih kombinacija. To je česta životna priča. Ili ste sami ili ste suvišni.- Duško Radović
     
    На Sunchild, Angy.g, NoellePage и 3 други им се допаѓа ова.
  5. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    ее да има и такви шо едвај чекаат некој нешто да згреше па да го нападнат..и не само еден или двајца..туку цела багра :o до сега немав вакво нешто видено.. :?: и да тие 3 личности шо само ЈАС ГИ ЗНАМ на никој нема да кажам кој се ни шо се ;) не се секирајте :* и сакав само да кажам дека доста ми е од сите навреди и голем позз до нив се знаат они!! |( :clap: јас го кажав моето аа вие дали ке продолжите да ме мразите тоа е ваше..Инаку не ми пага на акл да почнам да говорам за тие шо сум ги открила..Па незнам...И јас да ставам слика од мене и без да го покријам лицето и најнормално и вие ке ме препознаете ;) мислам ги има многу сега да не ги спомнувам али тоа е :) ии да T.e.d.d.y не му ја секирај ти за мене дали јас сум открила некој или не..голем позз до тебе ..

    Благодарам за вниманието..Ве сака вашата шмизла..
     
  6. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Не ми се учи.Си мислам јас на симпатијата. :$ :D
    Туку,сакав да кажам дека кога ке пораснам сакам да бидам како мама. :) Бидејки ги има најубави човечки особини.Трпелива е,ама со граници,хумана,разбирлива и човек од збор.Исто така секогаш насмеана,весела и никогаш не гледа негативно.А јас ко за беља на ѓаволот сум се метнала на татко ми. :)
     
    На sm1zla му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Немената на овој форум не беше луѓе да видиме колкава е итроста ваша да откриете нечиј идентитет.Значи во последно време само тоа се чита по темиве :кој кого открил,кој што направил,вие се натпреварувате меѓусебно кој повеќе ќе дознае нешто за некого или ... ? Не ве разбирам.
    :x Што се не трпи оваа земја ??? :fubar: :fubar: :fubar:

    Форумов не служи за таа работа,значи да ако не знаете да го користите чао - пријатно :hai:.Јас сум тука за совет,мислење и дружење.Ми се здосади да читам мислења кои џабе зафаќаат место по темиве а членовите кои вредеа една по една го напуштија форумов. :!: .Најискрено мене лично ми фали ЛИЛИТ.

    Затоа ве молам детективи да си играте по дома,форумов ја губи свежината и смислата зошто постои само поради луѓето како вас.Ако имате било каков начин да помогнете некому добредојдени сте за останатите копчето ОДЈАВИ СЕ е вистинскиот избор за вас. :!: :hai:

    Ви благодарам на вниманието.
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Навистина е макотрпно искачувањето едно скалило плус во животот. Претешко е да се натераме да седнеме, да го ставиме прстот на чело и да размислиме што сакаме да промениме кај нас.
    Многу години, еве кај мене помина може и цела деценија, откако јас станав јасна што ме кочи и што би можело да ме кочи во животот. Уште тогаш заклучив дека истото тоа ја кочи мојата самодоверба, а и истото тоа долго време ме одалечуваше од луѓето.
    Почна онака, како детско размислување. Тоа беше мојот комплекс, истовремено и мојата најголема желба. Бегав од се живо кое не ми се допаѓаше и не ги исполнуваа моите стандарди за човечност.
    Бегам уште! Знам дека сум со предрасуди од тој тип. Исклучиво од тој тип. Ако некој е тип кој исмејува, завидува, љубомори, навредува, постојано е љубезен и добар и др. Немам предрасуди кон тоа ако некој сака да живее било како, само доколку не нанесува било какви негативности во животот на другиот.
    Начисто разбрав дека нема да си ја исполнам таа желба. Знам дека нема никакви шанси. Е сега што ми преостанува друго? Што кога знам и дека тоа е мојата водилка за приближна среќна.
    Па ми преостанува да се трудам да бидам проклето успешно добра во другите области кои ми лежат на душа. Започнувам од оние лесните и баналните. Промена на мојот стомак и задник :D. Се ставив на диета. И цврсто сум решена да ја истраам.
    Одам натаму... Сакам да ги исфрлам честите негативни мисли. Сакам да ги исфрлам и оние предрасуди кон некои луѓе. Сакам, кога ќе имам можност да ми се спротистави некое лице да можам да размислам зошто тоа лице станало таков идиот. А не сакам веднаш да го исклучам од мојот живот.
    Сакам и да научам како би можела да ги насмеам татко ми и мајка ми. Се чувствувам неисполнето што сеуште не сум свесна што нив ги прави навистина среќни. Иако знам дека позитивно ги исполнува мојот избор на љубовен партнер, не сакам само таму да застанам.

    Па се изморив, другото го оставам за друг ден.
     
    На kravce, tweety26, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609

    ... тие што првпат ги гледаш, веројатно не ги ословуваш со епитет другарка, нели? ;)
    ... јас и другарка ми конкретно си се викаме исклучиво по име.
    Така е и со останатите мои пријателки.
    Сите што ме познаваат, знаат дека не ги ословувам блиските со мацо, срцка, цуци-буци и такви будалаштини. |(
    А дека би се навредила ако другарка ми ми рече дембел, да - би се навредила.
    Или сељанко, глупачо, ретардирана... :D
    Ме убедувате дека ваквите називи ви доаѓаат in the heat of the moment на другарство и се искрени и од срце?
    |(

    Што ви готват деца по дома, или ви ставаат нешто во водата?
    Без навреда, секој си има свое мислење за тоа како треба да функционира другарство.

    Во секој случај, не знам дали сум многу веродостоен примерок кога стануба збор за другарство, јас си имам само една, ама премногу вредна, и функционирам со неа на овој начин цели 13 и кусур години без ниту еден ден кавга.
    Немаме буци-муци, ниту вулгарни и недолични имиња една за друга.
    Не се лигавиме беспотребно, и не си позајмуваме алиштенца никогаш.
    Такви сме си, чудни.

    А оние што се довикуваат дебела и крава, само зашто се ептен искрени до срж нели, и нелицемерни (читај - невоспитани и простачки вулгарни деришта) |( и имаат по 16 најдобри другарки, пардон, СЕСТРИ без кои не можат да живеат... слава им.
    Ме смеат и расплакуваат истовремено.
    Од патетичност.
     
    На Foreveryoungiwannabe, Divinebutterfly, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Викендиве стануваат чудни откако мајка ми почна да оди на работа секој ден.
    По 12 часа мора да е во канцеларија - од 7:30 до 19:30. Скоро и да не ја гледам деновиве, а така и ќе биде во наредниов период. Не знам како издржува со толку многу работа и знам дека едвај чека да поминат избориве за да може да здивне.
    Не можам да и помогнам, не знам ниту како да ја утешам, па само и викам: Ама мамо, замисли кога ќе помине овој турбо период, оп! - те чекаат две плати на сметка!
    А таа: Ана, џабе ми се и три плати, кога бел ден не гледам од работа! Не можам ни вас да ве видам на раат, не знам до кај сте, што сте, како сте.
    Кога бев помала, и замерував што на периоди немаше време за мене и сестра ми, ама како созревам, се повеќе ја разбирам. Отсекогаш велеше дека онаа мајка што има ќерки е најбогата, па во вакви периоди со сестра ми ја преземаме целата нејзина работа низ дома. Сега ние сме главни домаќинки задолжени за готвење, чистење, средување и се по ред.

    Туку, доаѓа малава денес за да пишуваме домашна, и ни купила по едно киндер јајце.
    Ми нуди мене, ја одбивам. И нуди на сестра ми, и таа исто.
    Па се издиша и вика: Тууу што братучетки ќе имав, цел живот се на диета! :lol:

    Патем, мразам кога ќе заглавам во некоја строфа кога пишувам. Ми застанува мислата, тотално се блокирам и не можам да продолжам. А освен тоа, тапа сум за смислување наслови. Ако ми требаат 15тина минути да ја напишам песната, ќе ми требаат 3 дена за да го смислам насловот |(
     
    На Foreveryoungiwannabe, Lux, Divinebutterfly и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Секое утро кога станувате и си го пиете првото утринско кафе,чај,ракија или што и да пиете,свртете на некој непознат број и извреѓајте ја личноста која ќе ви се јави. Така ќе стекнете отпорност на сите навреди и пцовки кои секојдневно ги слушате и читате во школо,на работа,на телевизија,на компјутер,на фејсбук,дома...
    Кога ќе влезете во автобус,најдете четири личности на кои ќе им нагазите на ногата. Првата нека биде некоја стара,дебела баба (по можност во скапа бунда),втората 16 годишна дро*а која глуми дека има дваесет и пет години (по можност со јакна до папокот на -3 степени), момче од чиви слушалки рика Сека Алексиќ или слични такви суштетства (по можност со дијамантски ушник),а четвратата личност одберете ја сами.
    Ако не користите јавен превоз туку имате автомобил,потрудете се да ги изнервирате сите околу себе. Не обраќајте внимание на сообраќајните правила и прописи.

    После училиште или работа,кога сте мрзоволни заради нешто што ви се случило,влезете во туѓ двор и изгазете ги сите цвекиња,превртете ги сите саксии,ако има овошки,изедете ги сите. А ако е зима,едноставно искршете неколку гранки од дрвјата. На тој начин своите грижи ќе му ги оставите на домаќинот.

    И по сето ова,некои ќе мислат дека сте ненормални,можете дури да завршите и на психијатар. Но тоа не е важно,вие ќе си бидете сигурни дека сте во ред. Бидејќи нормалните луѓе денеска се токму такви. Ако сепак можат да се наречат луѓе.
     
    На Monna.Monna, lunicka, Serafima и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    За тие новодојденките, јас не ги ословувам никако, ама тие мене да :)

    Јас лично, поточно јас и другарка ми се довикуваме на секој можен начин. Во ниту еден момент јас не сум зела при срце некој од тие називи, а се надевам ни таа, бидејќи тие називи јас не ги употребувам за да ја опишам неа, ниту пак ги употребувам во знак на величење на нашето другарство, едноставно меѓусебно се зезаме со такви глупости. Доволно долго се дружиме за да си ја имаме таа слобода, секако мене нејзиното ословување нема да ми биде главен знак за пријателство, ама ете, нашето е дојдено до тој степен и да ме нарече глупачо нема да и се налутам доколку сме во тој фазон на заебавање.
    Тоа што ти си го опишала секако дека е нормално другарство, меѓутоа ако ти не го правиш тоа што некој друг го прави не значи дека неговото е помалку вредно или деградирачко или лажно.

    За такви трендовски називи како принцезата и нејзините кучки не коментирам, мислам пријателство на 16 годишњакињи кои завчера се запознале а денеска веќе се главни кучки, или порано сестри за цел живот не ги коментирам, нив не им е проблемот во именувањето, во главите им е.
     
    На kravce, Elichka и zhap4e им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.476
    Допаѓања:
    91.913
    Пол:
    Женски
    Јас не сум од оние луѓе на кои кога некој ќе им рече дека нема да успеат нешто да направат, се заинатуваат и го прават. Кај мене не важи онаа обратна психологија. Јас не сум од оние луѓе кои прават нешто што не сакаат. Понекогаш и да имам желба нешто да направам кога некој ќе ми пререче ми се уништува целата желба.
    Јас од неа имав речиси се... еден куп пари, еден куп задоволства, еден куп остварени желби. Од неа добивав речиси се што ќе посакав. Но, никогаш не верувала во мене или пак не знаела тоа да го покаже. Кога ќе посакав некоја активност, на почетокот се ангажираше да види каде, како, а потоа се откажуваше со изговор дека сум многу нежна, кревко дете кое не може да го прави тоа.
    Најголема желба ми беше да одам на танц. Ми рече јави се, распрашај се каде и кога. И се јавив со огромна желба и надеж дека ќе почнам со часови. На крај се откажа, премногу бев нежна за да одам на часови, па испотена да се враќам дома, па дали ќе може моето тело да го поднесе тој притисок.
    Сакав фармација, но никогаш не беше прифатена од неа. Бев кревко, нежно дете и за тоа. Ако е и аптека ама може на некој да му се слоши, па јас нема да можам да се справам со тоа.
    Сакав да полагам за кола, ама не моите рачиња нема да можат да управуваат со волан.
    Сакав многу работи ама јас не бев способна за нив. И сеуште не сум...
    Наместо да ме мотивира и бодри постојано ми кажува колку сум јас неспособна. Ништо нема да направам во животов.
    Не ми беше право што луѓето ме гледаа само како кукла, но кога таа ќе ми рече дека сум само убава, а и таа убавина ми е џабе и не знам да ја користам, зошто тогаш би им се лутела на другите?
    Во период кога спремам испити, кога знае колку ми е важно да положам прво добивам подршка - Браво, се гордеам со тебе. А потоа моите оценки не се оценки, потоа јас не можам да го остварам мојот замислен план. И повторно она - од тебе ништо не бидува.

    Ретко кој ме познава вистински, многу ретко. Моите и не знаат што навистина јас чувствувам, што посакувам. Јас зборувам, но никој не го слуша тоа онака како што го кажувам, туку се толкува онака како што се сака да се слушне.
    Почнува и да ме сфаќа страв да го зборувам пред луѓето она што го сакам, можеби е подобро да бидам само кукла.
    Зјапам со часови во таван, за да не се јавам на некој што навистина ме познава и преку само едно Ало знае што ми се случува.

    Ма небитно е се...
     
    На Allthatglitters21, Lux, Monna.Monna и 32 други им се допаѓа ова.
  14. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    ДОЏЕ МИ ДА ВРИСНЕМ!!! Не најсериозно сакам да отидам некаде далеку, да се изнаредам, да искршам и искинам се што ќе ми дојде при рака. :@ :@
    Се осеќам како со глава ѕид да туркам, многу сум напната и се ради НЕГО. А не знам зошто.
    Море знаееееееш ти знаеееееееш, само си се тешиш самата. Кога си смотана арно ти прави, така ти треба!!!! :@ :@ ;( ;(
    УМОРНА СУММ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! ;( ;( ;(
     
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    17.277
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    4.943
    Пол:
    Женски
    Посебно убав ми е вкусот на чоколадата и бомбоната од портокал што мајка ми ми ја даде. Знам дека не ја најде случајно во џебот, како што ми кажа, туку дека ми ја купи и ми ја чуваше бидејќи знаеш дека би ме расположило до бесвест таквото нешто. Да, ме прават среќна малите работи и ги ценам. Го сакам мирисот на какао наутро, а највеќе кога ќе ми го направи жената што се жртвува за мене. Никогаш не би можела да го погодам бројот на зрнцата шеќер како неа. :hug:
    И не ми е гајле што некои особи ми велат дека се понашам како мало дете понекогаш. Живеам и го чувствувам тоа. :)
     
  17. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Ахх...зошто е повторно понеделник? НЕ САКАМ...не сакам да станувам рано...не сакам цели 8 часа да седам на школо...
    Единствено што сакам е да отидам на планина каде што има снег и да уживам.
     
  18. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Само што си стокмив убаво кафе фрапе... Наздравје =)
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.350
    Си спремам плеј листа за утре. Три саата на пат. Обично не се замарам, слушам радио, што пуштаат тоа, се јави некој слушател одговара прашања на квиз, јас му кажувам, Кина бе, он се мисли, сигурно гугла умеѓувреме, додека јас веќе нервозно се дерам, Кина бе камбан Кина речи, глупа раја еј се ударам по чело, ударам по волан, за одговорот да го каже после три семафори, и да ти било Нов Зеланд точно. Мењам станицата. Глупи квизови, пуштете музика бе :!:

    Туку сакав да кажам каква терапија е правење на листата. Се друго заборавиш. Друга работа е како ќе пцувам пола саа по цела технологија додека да го поврзам плејерот со колата, ама засега не е важно тоа. Се замислувам како стојам на семафор утре. Во другата лента до мене застанува екстремно модифициран голф, од оние со неонка оздола, багажник што не собира ништо веќе оти е полн со звучници, музиката не се ни слуша што мелодија е од басот. Тука отварам прозор и трештам Стани моме да заиграш. Гумите има да му издишнат :D
     
    На Sunchild, Monna.Monna, Markusa2 и 24 други им се допаѓа ова.
  20. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Сеќавањата во животот најмногу болат... ;( ;( ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.