[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... постои една личност што ја запознав премногу чудно, но одвнатре е копија на мојот дух, а морфолошки е се` што посакувам кај едно момче.
    Кратка темна коса, темно кафени очи и кратка брадичка. Паметен, либерален, саркастичен и духовит, сака пиво, кафе, добро друштво, опуштени излегувања... Со исти вкусови за музика, љубители на исти книги, филмови...
    Го разбирам уште пред да почне да зборува.
    Не знам забележува дека сме на истата фрекфенција.
    Дали некогаш сте се чувствувале како да можете да имате нешто совршено, нешто што сите го посакуваат, а се плашите да мрднете чекор напред?
     
    На Monna.Monna, zhap4e, Markusa2 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    понеделник повторноо.. :@
    Ич не ми се оди научилиште.............. :devil:
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Мрзливо ја стартував годинава, свесна сум, ама нели велат ако признаеш- пола ти се простува.
    Агендата за престојниве месеци беше и онака накрцана, па со недовршените обврски е фул.

    Се пронајдов во постот на Марама, можеби не се истите настани, но поентата е таа.
    Јас порано бев страшно јака, недопирлива, си го терав моето оро, ама некои шамарчиња ме столчија, обесхрабрија, ме направија несигурна во себе, лесно ранлива од страна на најблиските, а камен за сите останати надворешни пријатели, роднини...
    Ми треба искрена подршка, па кога ќе размислам и лажна нека биде, некоја поголема амбиција од она што го изнаслушав, зошто тоа не сум ни јас, ни моите соништа- туку тоа што он го мисли.
    Јас ќе успеам, и тоа за многу брзо време, еден по еден соновите ќе си ги остварувам, имам јасен пат пред себе по кој чекорам, и верувам во себе.
    Убаво вика сестрами- некогаш и лажната надеж ти е мелем, те смирува, ти враќа надеж па била и колку зрно голема.
    Не се оптоварувам веќе, толку ситуации ме навредиле и повредиле, омаловажиле, и ако 10ка не е доволна за едно браво и честито кое на било кој ќе му го изустиш, што друго да кажам?
    Знам дека ми посакува најдобро, и мисли дека ме јача како личност, ама тоа е последниот ок метод, последниот!


    Енивеј...
    Спремам испит од погрешна книга, јадам како луда- калории се товам, ми се спие, и се признавам, ама овие мачкиве збеснаа!
    Знам дека е нивно време, ама многу се гласни и здивени, како само во овој период да се дружат!
    Или им љубоморам? :^)
     
    На Sara123, Moira, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ќе си го поздравам моето 30дневно задоволство и ќе му се заблагодарам што ми приреди толку убави денови и моменти.
    Часовите одминуваат,па така дојде ред на моите обврски кои треба да ги завршам и да го доведам факултетот во ред.
    Да беше некоја од преходните вечери ќе седев на фемина до раните утрински часови и одново и одново ќе читав мислења кои пак би ги прочитала уште најмалку 100пати.Арно ама вечерва,со голема шолја кафе и книги ќе го дочекам понеделничкото утро и ќе полагаме.
    Морам да се стабилизирам и да се вртам во нормала.Многу се опуштив зимово.

    Јадам слатки задоволства кои ги направи мама за да ме мотивира за учење.Ми пружи огромни задоволства ова зимо.Епа неможам да не и вратам со иста мера и да положам се што имам.
    Се читаме фемино за неколку денови.Јас се ќе научам.
    Ветувам.
     
    На Ingvild, Waka-waka, Katerinceee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто но секогаш можам среќата да ја искажам а тагата никогаш.Секогаш кога сум тажна слушам некоја песна,плачам и се сеќавам на нешто,а кога сум среќна скокам до радост и се смејам како ненормална.Кога си среќен,сите се среќни околу тебе а кога си тажен и плачеш сите те напуштаат зошто во тој момент најмногу ти требат.А луѓето од ден на ден се повеке и повеке се безчусвителни и без грижа на совест.Кога немаат нешто што ти го имаш многу се љубоморни и одвај чекаат да ти го земат,а јас за среќа не сум таква.Знам да се радувам на мојата среќа,ама јас најмногу се радувам на туѓата.Кога сите се среќни и насмеани околу мене и јас се чувствувам супер и некако исполнето.Знам да се радувам на многу мали нешта,за заж големите работи не ме прават среќна како на пример парите или подароците што секојдневно ѓи добивам.На мене ме прават среќна луѓето што се околу мене,успесите,насмевките на непознати лицата,помошта на друѓите,трудта и цењењето на нешто.Некои луѓе само знаат да се радуваат на пари и ништо друго.И без пари можеш да си многу среќен-со прите не се купува среќата,љубовта и здравјето...
     
    На lunicka и Angy.g им се допаѓа ова.
  6. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Сеуште се прашувам, па зарем е можно бе да постојат вакви љубоморни змии по светов? Си нема свој живот, очигледно е. Па си го пика носот во мојот. Е баш е среќница што налетала на мене, таква мирна и тивка по природа. Ама тешко неа ако некој ден избувнам. Ако така ви викам дека тешко неа, нема да биде така. Пак ќе си премолчам и пак ќе сакам на некој начин културна и учтива да бидам. Ама не идат вака тие работи, клин со клин се вади, нели? ]:)
    Незнам, уште од мала ме демнеше каде и да одам што и да правам. Ама веќе ја претера! Дојде до тој степен што ми го хакна фејсбукот и пишуваше во мое име на некои повозрасни дечки, за кои прислушнала дека ми се симпатии на некој начин. Само да седиш по цел ден на школо и да се трудиш да слушнеш што зборува, што и се случило на некоја си... Стварно е претеризам. Недај боже да чуе нешто, ти мисли денови и ноќи како против тебе да го искористи. И овој пат можам на сон да погодувам што читала и што пишувала во мое име. Ненормална работа. Претерано е веќе. Ама ако затоа кармата враќа, мислам дека нејзе досега и повеќе од доволно и има врате штом дојде до тој степен да се меша во туѓи животи. И да продолжи да и враќа, го заслужува тоа. Ако, сама си е крива, затоа си остана сама. И единствената наводна другарка што ја имаше веќе не ја ферма. Враќа кармата, враќа и тоа двапати полошо. Ама ако ќе и врати и за тоа, а јас нема да и судам, има кој да и суди. Само ќе седам мирна настрана трудејќи се да се заштитам.
    И да сакам да ви кажам да почнете да вежбате. Барем малце бидете повеќе физички активни, некако те тера да си смирен и да не реагираш бурно и неправилно во некои ситуации. Едноставно си посмирен и помудар, и прво размислуваш па правиш. А може и така ми се чини, оти во тие години сум кога полеча почнувам поразлично да гледам на работите. Останете ми поздравени, а јас ќе одам да си легнам, да се трудам да заспијам оти утре нели, понеделник е... Нема тука што повеќе да зборувам, си знаете :doh:
     
    На Monna.Monna и Katerinceee им се допаѓа ова.
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Мисли еден рој се намножиле та ми зујат во главава. Се фаќам како ме дрма некоја нервоза, некое немо исчекување и го молам Бога да ми даде малку мир да ме растерети. Милиони зошто и уште толку затоа.
    Правејќи си план какво кафенце да пијам, се фатив да размислувам за тоа кога некој послден пат ме прашал како се чуваствувам. Не како си, она ноншалантно секојдневно на кое и баш не не’ интересира повратен одговор. Туку она Што ти лежи на душа?
    Знам, Бог не ни дава поголем товар одошто можеме да носиме, ама па добро е кога некој ќе ти помогне да го симнеш, макар за малку да заборавиш. Штета што и тие некои ако те растеретат макар и за миг, си мислат оти им го препушташ и твојот товар за носење, а всушност бараш рака која ќе ти помогне да си го ставиш пак на грб, а да чекориш со насмевка, без разлика колку ќе ти надвисне на плешките...
     
    На MacenceEna, lunicka, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.842
    Пол:
    Женски
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    СДК...прекрасен ден :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На lunicka, Serafima и WomanInRed им се допаѓа ова.
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Коцките си се редат...коцките кои се по мој избор и мерак да се разбериме...
    Работава е долга, сигурна, прекрасна.

    Пост колоквиумски одмор и одново искусувајќи и впивајќи го сокот на животот...
    Дома сум на кратко, ама ако, дома сууууууууууууууууум!
    Нови серии и ново арабско кафе пред мене.

    Деновиве брзи и предобри, динамични и енергични.
    Ме имаше секаде, видов и искусив се што стигнав.
    Колеги од злато, да се биравме ќе имаше утка секако!

    Единствено нешто што на нерви ми удараше целава недела се бескрајно безобразните и проклети автобуси и (некои)шофери и проклетиот дожд кој иако во принцип многу го сакам, не ми идеше во прилог, не оваа недела, пошто паметната Ана, си ги троши богородиците како на дрво да и растат, па после ќе се чуди што ја снашло! Дај Боже опрај ме, жити се, зар не гледаш каков никаков штедач сум?!
    Ииииии, кога веќе сме кај шоферите на ЈСП, да спомнав дека пак имав убаво, спонтано возење...
    Таа ретка бројка, ми дојде од никаде, ден-испит, а јас скоцкана охоооо(научена, и плус време си имав, па си се средив, долго време не сум се средила па ми дојде пусти мерак, пудричка, креонче, маскара, перли, бои склопени, ташна, фризурче фенирано со венче) без штикли секако, но прекрасна бре! :D
    И - шо да видам, шоферчето шо пред некој месец флертуваше со мене...
    Ете за кој било средувањето!
    И, ако ви се верува, сериотиот ме памти, здраво како си, ми вика, целиот опечен :D
    Ќе лажам ако речам дека не ми пријаше разговорот... :D Малку флерт, на никого не му наштетил.
    Одлично јас му викам, до факс на испит. Не ни праша кај одам, ако си кажав јас, како будала, додека од ташна си ја вадев картата со 10 куцања.
    И овој ме гледа пред да почне да возе, а позади мене, уште два-тројца, бусот полу празен, немаше смисла да стојам до него како последниот пат, и се куцам јас, овој ако ви се верува поглед во очи, не тргнува, и му се смешкам само јас, наивното милно девојче, море море, да ме знаеш каква сум! :D
    И тогаш приметив дека всушност, дечково е млад, не му давам над 30 години да речиме, ако е возможно, или е проклето премладолик!
    И си се куцнав, и продолжувам да си седнам, си седнав со грб свртена.
    Минавме многу станици, и дојде ред да си се симнам, имав слушалки на уши, и си застанувам на средина.
    Се свртува со глава позади, стоевме на семафор, и ми вика дојди, мислам дека ми рече дојди, пошто носев слушалки, ги извадив, и го погледнав, и со рака накај него ми вика дојди, дојди да те прашам нешто :rofl:
    О Боже си викам, немој само да ме дави, не ми треба деконцентрација пред испит! :D
    И одам јас, застанувам спроти него до врата, ми вика дојди поблиску (јас се зачудив прво, после баш ме заинтересира шо би ми кажало младото надежно шофериште).
    И мене ми пукна филмот, кога некој флертува со мене, и малку ми се допаѓа, некогаш правам глупави работи, а кажувам уште поглупави, а башка, испит битен пред мене, овој на работа, онака сто мисли ми летнаа низ глава, па дури и дека дечко имам, што се мисле овој (се смеам додека пишам, многу смајлиња има постот па морав да кратам)
    Му викам- А бе дечко, кажи шо ти леже на душата побрзо оти за 20 секунди ќе ме нема :D
    А овој лабав еден, нашол со кој да се зеза. Ми вика, ништо посебно сакав бар име да ми кажеш, да знам следен пат како да те поздравам, доколку има простор за тоа и се смешка.
    Јас, ретарда, во принцип не сум срамежлива, ама овој во костумче скоцкан, намирисан дури, свежо намирисан ваљда, симпатичен, онака постар од мене, мх мх мх, во момент на нервоза и збунетост, само брзо му реков, Ана, и имам дечко, да не се збуниш следниот пат со второто прашање :) Баш, таква насмевка му дадив, и кога се свртив да се симнував, како во филм, таман секундите, овој сигурно уште позагреан гледајќи во моето совршено големо и напрчено газе, само дофрли - Ми го уништи денот жими све...
    Аххххххххххх, што да кажам повеќе, освен дека растурив на испитот 8)
     
    На mila89, Adi888, Divinebutterfly и 28 други им се допаѓа ова.
  11. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Имав многу лоша ноќ,се изнамачив дури да заспојам поради тој мој страв.И сум ги сонувала роднините од Г.Кога се разбудив се мислев дали да го кажам сонот ама си реков ај не,не е толку битен.
    Денов помина така лежерно,досадно...
    Се до пред едно два часа.Токму роднините што ги сонував ни пишаа за да се видиме на скајп.Во ред често го правиме тоа.Си поразговаравме,и туку наеднаш...додаден уште еден член во нашиот разговор.Тато не приметил и наеднаш го слушаме нејзиниот глас.Толку многу се налутија моите и веднаш го прекинавме разговорот.Незнам како ли се осмели да побара да не види жената,толкава храброст и бесрамност...
    Секоја чест.Ама не,не попуштаме.Нејзина најголема казна ќе биде што никогаш нема да може да не види,особено мене.
    Понекогаш многу размислувам за неа,навистина.
    Никогаш не сум била нечија миленичка.Обично тоа беа моите две помали сестри.Секогаш сум се чувствувала некако отргнато од сите.Само две личности постоеа на кои јас им бев миленичка.Едниот беше тој,мојот херој,мојот најдобар и најсакан дедо...нмо останав без него иако уште не сум свесна за тоа...
    А втората е она,таа што ја мразам,таа што ни одзеде се без ни малку грижа на совест...
    Знам дека посакува да ме види,веројатно посакува и со неа да останам кога ќе и се ближи крајот...само не е свесна колку е голем мојот гнев кон неа...Ма не ни сакам да пишувам за неа ми го грди постов!
    А постои и уште една личност,која мене ми е омилена,таа ми е како втора мајка.Премногу ја сакам и почитувам.
    Е ама станав сентиментална и се распишав за фамилијава се поради еден разговор. :lol:
    Читајќи го мојов пост си забележав дека сменив премногу расположенија пишувајќи го. :D Типично за мене. :lol:
     
    На ana-girl, Serafima и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Неделна идила.
    Одиш на гости и ти пуштаат Бурни Времиња.
    Османче ќе пораснел.
    Па викаат, кога една врата ќе затвориш друга ќе се отвори.
    Само што јас мојата ја подзатворам колку да се одморам на кратко. И да потонам во зимски сон, во месецот со најголем процент на суицидни мисли-февруари и све што следи после него.
    Онака ќе оставиме жарче, за во постудени зими да си запалиме оган.
    Некогаш е тешко да превземиш чекор напред, а да знаеш колку многу ризикуваш.
    Некогаш и ризикот го занемаруваме, надевајќи се на успех.
    А, успехот не е единствениот исход од ризикот што сме го преземале.
    Но, ништо страшно.
    Уште триста пати да падниме, додека сме живи-ќе стануваме. Зошто досадно ќе ни биде да се криеме од светот и од себе си.
    Но, тука не запираме.
    Имаме уште многу нешта да направиме,да промениме. Чуда се случуваат за еден месец,а не пак за една година.
    Само да не завршам на породилно, како што ми предвидуваа бајачите.
     
    На lunicka, Angy.g, Moira и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    СДК дека тоа што го правите е смешно, проклето смешно. А и премногу сте поетични во последно време, само штета што никој не ве сфаќа сериозно :D
     
  14. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Го знаете она чувство кога ќе си го изгорите јазикот од какаото кое сте си го направиле пред 10тина минути, а кое по некое правило сто пати поспоро се лади од секој друг топол пијалок? :D

    И после се' е залудно.
    Единствено ги чувствувате трпките и одвратниот допир на изгорените рецепторчиња за вкус! :|

    А, ќе правев зимска идила, додека надвор се' е заледено на -10.
    Сепак, мислам дека со сладоледот многу подобро комуницираме. :rofl:

    Stay tuned :talk:
     
    На Divinebutterfly, Lepaaa, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    СДК секоја вечер истата песна. Незнам кога станав толку ранлива, морам да прекинам со ова. Морам да прекинам пред да завршам во лудница со сите овие мисли кои ме измачуваат 24/7. Само знам дека некој ќе излезе повреден од целата оваа ситуација, а тоа воопшто не го сакам. Ова дефинитивно не сум јас :worried:
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  16. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Пред година дена, му подарив цд. Така, му го тупив. Не беше ни потпишано. Ги имаше сите слики од мене и него, слики од места каде сме биле заедно, песни на кои сме се дереле, сме плачеле, сме играле, имаше и еден голем текст.. Му реков да го отвори следниот ден, но тој тоа не го направи. По обичај мајка му го расчистува бирото и сите цедиња ги става во една кутија. Сигурно сега е замешано со многу други непотпишани..
    А ноќеска го сонував. Беше со друга, лежеа како што најмногу сака да лежиме, ја галеше по лицето како што јас најмногу сакам да ме гали, исто и таа него.. Ги гледав од страна, но не бев присутна таму.. Само немо посматрав во девојката што ги имаше сите особини што јас ги немав, што тој потајно посакува да ги имам. Беше совршенство. Барем имав такво знаење во сонот. Таа енергично стана, случајно го најде цедето, паднато позади биро.. Го отвори и виде се што има на него. И таа се почувствува како мене, дека нема никогаш да биде сакана од него како што бев јас. Мислеше дека јас сум совршенство.
    Сакам да кажам, покрај се, тој е предобар. Не го заслужувам. Вистината со која не сакав/м да се помирам. Горчлива или не, вистина е. Не знам дали некогаш ќе имам некој покрај себе што ќе ме сака толку силно, што ќе дели се со мене, што ќе го потроши последниот здив само за мене. Знам дека ќе го изгубам порано или подоцна, со или без борба.
    Дали нешто треба да биде совршено за да се сака или треба да се сака па да биде совршено? Дали некогаш ќе бидеме среќни доколку го најдеме она по што сме трагале или се што подоцна бараме е бледа копија на она што сме го изгубиле..?
     
    На fatamorgana123, marama, Lepaaa и 34 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.830
    Пол:
    Женски
    Вчера ми стана јасно каква грешка направив. Каква непромислена глупост. Се си мислам дека сум промислена, самокритична, ама некако испаѓа дека сум во заблуда. И само слушам, ајде паметна си ти, ќе биде, ама дали? Паметна? Хммм, некако се укажува на спротивното. Не знам што се случува, пред две години знаев што сакам, ми се свиѓаше каде се наоѓам. Сега... Сега не ми се ни збори за тоа. Се оди надоле. Полека, ама сигурно. Најдобриот начин. Ми се чини дека сум ги кажала веќе тие зборови.
     
    На Angy.g и Micheleljubov им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.318
    Допаѓања:
    259.543
    Тебе!
    Па ве молам навистина мислите дека девојчето е виновно за откривањето на идентитети па и се нафрлите како единствен виновник за се? :^)
    Ставате слики, откривате ликови, си го опишувате букавално цел ден и не е воопшто тешко да препознаеш некого. Јас лично препознав една девојка овде. Знам која е, ете сега и ги знам и проблемите бидејќи премногу работи откри за нејзе, а потоа си го откри и ликот. И што сега, јас сум шпионот?
    Не девојки, самите сте си виновни, откривате премногу, на фб се спријателувате. Знаете колку од вас ми имаат излезено на фб? И ги препознав. Дел од оние што си го имаат откријано ликот имаат голем дел од форумџиките на фб, па доволно е само еднаш да и го посетите профилот и ќе видете кој е кој. И немојте ве молам со приказните дека вас не ве интересира кој се крие за нечиј ник.
    Смешно е веќе, сами си се издавате кои сте, а после други ви се виновни. Еве јас знам многу од девојките, баш поради тоа што го наведов, а немам никого на фб. Всушност само една девојка која си заслужи да и дадам фб и сум сигурна во нејзе, ама не е исклучено некоја друга да ме има препознаено. Или пак според мислењета. И што сега, да си одам, да плачам овде, или да обвинувам некого заради тоа што јас сум дозволила да се знае за мене. Сите што си отидоа и што се пожалија на откривање на идентитетот самите си се виновни. Тие си дозволија да ги препознаат. Ако веќе барајте вина, тогаш барајте ја во вас и кај оние кои ги имате на фб и сте им го откриле идентитетот, а не во некое си девојче кое случајно открила некоја која веќе сама сакала да се открие.
     
    На ludoto19, antonina, Divinebutterfly и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.754
    СДК роденден му е а тој е многу далеко од мене :( :( :( колку би сакала да сум со него сега заедно да го пролсавевме родендено но што е тоа е....го чекам со душа да си дојде иако има уште многу време но колку и да треба ке го чекам бидејки премногу го сакамм
     
  20. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Ви се случило во животот, да сретнете маж, кој знаете дека ви одговара во се, хумор, изглед, однесување, мислење?
    Епа јас налетав на таков. Но дефинитвно шансата за нешто што би можело да се случи оддамна ми ја изгоре душата. Кога и да го видат мојве очи, пламнува нешто во мене, добивам желба, да го пољубам еднаш, да го прегрнам, да го..
    Многу рано ја прекина нашата комуникација, без да добијам повратен одговор. И после толку време добивам еден poke на фејс. :?:
    И сега? Сега веќе е оженет човек, кој живее хармоничен живот со љубената. А јас живеам во нешто што немало, не се и нема да се деси.
    Извини, ако не ни успеа сега, ќе ни успее друг пат. Можеби друг живот.

    Јас оддамна одбрав друг пат, и касно е за враќање. Касно е за тебе.
     
    На marama, Springy, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.