Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Ма ништо не му кажувам, ниту му пишувам. Фраеров се откачи демек да не го сватам погрешно. А како да сватам ??? По сите муабети цел месец од типот како си, како ти помина денот или пак ,, нема да излегувам вечерва, убаво е да се зборува со тебе ,, и ред други муабети кои траеја по 3 часа Од најубав муабет го снема... :swear:
     
  2. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    ...Што кога знаеш се? Во грлото една огромна грутка, што проклето боли. Незнам што е полошо, незнам што е најдобро. Јас сум таа што секогаш ја спасува ситуцијата. Таа што ќе замижи пред сите лаги. Јас сум таа што оди против себе и прави работи кои никогаш не ни помислила дека ќе ги прави. Да спаси нешто, за неа вредно, да не е залудна борбата.

    Борба, игра, живот. Што е? Многу поминавме за до тука да стигнеме. Тука? Ех, кога би знаела. Немаше да се впуштам во ова можеби. Ma, кого лажам. Би го сторила тоа повторно, без двоумење.

    Еве, гледам низ прсти повторно. За да не се каам ако разделбата е моја вина, за не ми ја оставиш целата на мене. А умееш да го правиш тоа. Проклето добро! Ќе молчам. За прв пат во животот, ќе премолчам. Мене ќе ме боли, тебе не. Ќе ме тешат моментите со тебе можеби. И не кажувајте дека такво нешто не се премолчува! Лагите сами ќе излезат на виделина, кога тогаш. Знаеш, подобар играч сум од тебе. Пред неколку години се запознав со трпението. Никогаш не се покајав што влезе во мојот живот. Никогаш и нема.

    Човекот не се менува. Ги менува само навиките. Понекогаш, ниту нив. Што ако трпението падне на тестот на времето и лагата? Тогаш што ќе се промени? Навиките или ние?
     
    На tweety26, julie77, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк имам јас соништа, скромни, верувам во нив така да проблемите нема да бидат препрека.


    Имам некое внатрешно чувство дека се` ќе биде подобро, само да верувам во себе.


    Има Господ ни го дава она што сме го заслужиле во соодветното време кога е потребно.
     
    На butterfly33, sweet-cherry, la-chicka и 8 други им се допаѓа ова.
  4. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    СДК дека веќе ми е преку глава од сесијава, веќе неможам да поднесам да учам, цел месец не сум излегла ко шо треба, веќе не ми поднесува главата нови информации и дека едвај чекам да идам во Маврово. :beer: :beer: :beer:
     
    На Allthatglitters21 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да ви кажам што правам, после ми текнува дека последниве два дена ама апсолутно ништо не правам, некако ме умори светот и луѓето ми станаа напорни. Кај бев - ама не бев никаде викендов, толку ме боли главата што не ми е јасно, дали се синуси, или некој дошол ноќеска и ми мавнал бокс, што не ми се мрдаше од кревет. Најверојатно се синуси, по сета промена на времето и рогови ќе ми никнат. ]:)

    И робувам на куќава, прилично несвојствено, мене ме фаќа сафра ако седам долго време на исто место, ќе испаднам до доле ако ништо друго, ама деновиве, не. Сестра ми ми е друштво, пу бе, ќе си го земев детето во Скопје да беше поголема. Циркузи е, прееска бојкотираше оти утре е на школо и лежеше пола саат на земја, со сите четири испружени и плеснати наоколу. Бог да чува. И реков да лежи до кога сака, ќе и се здрви грбот утре и ќе и биде полошо кога ќе седи на столчето.... на школо. Па одма стана. :D

    Планирам од утре малку поактивна да бидам, џр мр, ово оно... :D Пробувам да гледам филмови, да читам, да гледам телевизија, ама се ми е половично и колку да се рече дека правам нешто. Да се најдам во муабет што се вика. :wasntme:

    Шокирана сум, шокирана сум од тоа што како да знаев кога го напишав тоа вчера, до кај одат девојките за машките, и бам, денеска, флешбек. Како да се гледав јас, истите зборови, истите постапки, истите мисли... Предвидував што и како ќе се одвива работата и знаев, и сега знам како ќе се заврши сето тоа. Ќе се тегне и ќе се влече како мастика залепена на патика, која пробуваш со се да ја извадиш, ама всушност и нејќеш баш, затоа што ако сакаш, ќе земеш и целосно ќе ја одлепиш со нож... Можеби ќе ти ја оштети патиката, ама битно ќе ја нема. Нема да ја буцкаш со чачкалица одоколу, нема да чекаш да се залепи на тепихот, и дефинитивно нема засекогаш да си ја носиш со тебе.

    Ама изгледа секој треба да помине низ некое искуство, себично да го чува и несебично да го споделува на другите, за да се сфати колку сето било просто како 1+1 по неколку години...

    Иииииии откритие на денот - на моменти сум идиот. Ај чао, одам да гледам ТЛЦ. :sweat:
     
    На Lux, marama, Lepaaa и 20 други им се допаѓа ова.
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559

    Потполно се согласувам!
    Мислам, одвреме навреме ви ја читам сагата за откривањето на идентитети и не знам зошто се обвинуват дека постојат "одредени" детективи или како и да ги нарекувате. Океј, не велам не постојат и такви особи кои немаат попаметна работа отколку да читат мислења едно по друго, да бараат на Фејсбук кој е кој. Што е за мене апсолутно губење на време, богами треба тежок психолошки случај да си за да се занимаваш со таков вид на stalking.

    Ама многу луѓе и сосема случајно можеш да ги откриеш кои се. Еве, лично јас имам неколку феминки препознаено, сосема случајно. Модни критики, стилот на пишување, па и омилени работи кои се откриваат на форумот и лесно може да се познае некоја особа на Фб или воопшто која е. Но пак велам, секој си е сам одговорен за тоа колку ќе открие за себе. Како може да се стават слики во Модни критики а да се очекува никој да не ве познае? Како може да се пишуват толку случки од секојдневниот живот а да не помислете дека некој кој барем малку ве знае ќе ги прочита и ќе си поврзе 2 и 2? Јас имам ставено слики во таа тема, имам пишувано, па не којзнае какви интимни работи ама барем по нешто сум сигурна дека има типично за мене по што можам да бидам препознаена. И? Тоа си е само моја вина, толку сум допуштила и крај.
    Како што кажав имам сосема случајно откриено неколку форумаџики ама немам јас што да злоупотребувам информации од нивниот живот или да прераскажувам некому :^) . Ова не дека се правам туку стварно, каква полза од тоа? Со други пак кои ми се драги овде си имам разменето Фејсбук, не гледам стварно на кој начин би можеле тие да влијаат или да загрозат нешто мое или пак јас нивно?

    Поентата ми е всушност, се откривате колку што сакате и колку повеќе откривате за себе толку повеќе луѓе ќе ве препознаат. Тука нема никој кривец за тоа, сакате апсолутна анонимност не пишувајте толку лични случки, не објавувајте слики од себе, кога ќе размислам подобро човек може и по едно нешто да те препознае но тоа е помалку вероватно, вака ќе си поврзеш повеќе работи и ете.
    Пак велам, јас немам ништо против и некој да ме препознал, не пишувам којзнае што, таа личност сум. Но доколку на некој му смета, единственото решение е тоа :) .
     
    На JuLleE и Serafima им се допаѓа ова.
  7. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Зошто секогаш кога ќе излезам со друштво наместо да се расположам јас го правам баш спротивното.Се онерасположувам и се ме нервира.Дали моите размислувања не се поклопуваат со мислењата на другите,дали имаме различен став кон некои работи или пак можеби моите моментални фрустрации влијаат на оние околу менепа веќе и тие не можат да ме поднесат? Кој е во право,а кој не?
    Искрено и јас не го знам одговорот на ова прашање.
    Најверојатно е до мене.Не дека сум не друштвена,далеку од тоа,но моите нервози ги пренесувам на другите и тоа многу често,затоа и никогаш не сум се расположила кога сум со друштво.
    Од друга страна пак,како да не се нервирам.
    Како прво-се нашла некоја гуска,појма што нема од животот да ми соли памет.Зошто сум постапила така,зошто сум направила нешто...па лекции од типот немој да го правиш тоа,немој вака,немој така...
    Се ставила ли таа некогаш на мое место за да знае како ми е?Сигурно не.
    Второ-тој!Значи по живци ми оди последниве неколку дена.Од ден на ден се поразличен и поразличен е.Не можам да го препознаам.Еден ден мислиш умира од љубов по тебе,а веќе другиот ден сфаќаш дека грешиш.
    Знае дека не можам да ги побарам и не се јавил цел ден.Можеби така му одговара. Или па сега со друштво е и не може да се јави,ќе му се смеат другарите ако зборува со девојката,а истите тие "фраери" го прават тоа.Кога некој те сака,сака да те види или слушнеќе најде време за тоа.Во мојов случај очигледно не е така.
    И трето-финансискава состојба ме убива.Да барам од мама и тато не сакам.
    Преку глава ми е од се!!!
    Понекогаш се прашувам дали некогаш и јас ќе бидам расположена и весела како останатите девојки.Наместо да уживам во најубавите години,јас ги трошам на нервози и погрешни луѓе.Ќе ги барам некогаш овие години,ќе го барам ова време,ама џабе,нема да се врати.
    И уште форумов да не постоеше ќе немав каде да си ја кажам маката,бидејќи нели никој не ме разбира,а не сака ни да ме слуша.
     
    На butterfly33 и Angy.g им се допаѓа ова.
  8. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    Женската интуиција е страшна работа :!:
     
    На Lux, marama, Lepaaa и 17 други им се допаѓа ова.
  9. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Беше преубаво за да трае малку подолго. И знаев, очекував. Кратко трае магијата. Затоа треба да се ужива во неа додека се може. Ама што кога постојано така ти се прекинува нешто убаво? И веќе кога знаеш каков ќе биде исходот, и она уживање ти станува вештачко. Како последните денови од распустот, знаеш дека привршува, дека ќе мораш пак да одиш на училиште, и се трудиш да ти бидат убави последните денови, да не мислиш на тоа што следува.
    Таман си ги наполнил батериите, некоја стара машина ти ги испразнила двојно побрзо од времето потрошено на полнење. Вреди ли?
     
    На marama, butterfly33, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Во право си, кармата е кучка... ]:) На крај секој ќе си го добие тоа што го заслужува, нели?
     
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Да те поправам 500 години под турско ропство, што значи тортурава продолжува :D Сега ќе не малтретираат уште 500 години психички :D
    Prepare...
     
    На Whitecloud95, Micheleljubov и kravce им се допаѓа ова.
  12. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    СДК ми се вришти од што не ми се оди на работа :yawn: А морам да одам сега, за некоја минута :(
     
    На Doozy и ludoto19 им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Саботата, цел ден, го поминав решавајќи математика задачи. А вчера другите предмети, по 2-3 лекции. Признавам, не ги чепнав сите предмети, туку само тие што ми се интересни. Сакам да си го фатам редот. Кога сум веќе кај математиката, не знам за вас... Ама мене дропките се' уште ми се слаба страна. Уште си цртам пити/буреци на страна и си ги бојам. Ахааа, значи сега има 2 цели и 2 осмини, сега има 3 цели, сега воопшто нема цели. Ама озбилно, поинтересно е. Кој ќе бара заеднички делител, множител, содржател... Тоа е за паметни. :D

    Завршив со некои предмети, се избањкав, си се налакирав. И сега, можам да уживам. А да, на сестра ми и направив една како семинарска за на фак. (оваа кратенкава лошо звучи, ај нека биде факс.) И ми вети... ако положела, ќе ми купела чоколадо. Така, сега и држам палци, она да положи, за јас да си добијам чоколадо. Да не излезе после... Паја остаде без јаја. :D Кога сум веќе кај Паја остаде без јаја, за жал, никогаш повеќе нема да има толку добар филм/серија, подобра од Жикина Династија, никогаш!

    И ми цркнало нинтендото, бе. Ич не е фер. Нејќе да се уклучи. :(
    Не знам за вас, ама јас ич нејќам да губам во Супер Марио. Чим ме смалат, или не фатам некоја паричка, од почеток уклучувам, од прв левел. А камо ли пак, да паднам во некоја дупка. Како може така, да имам 2 животи? Мора да имам 3. И така, никогаш не влегувам во второ ниво. И никако да се научам, да се качам на шипката, до крај. Или ќе се улетам и од толку улетување ќе се симнам назад по скалите, или ич нема да скокнам. :D A секогаш кога играм Супер Марио, гледам да не седам на столче. Затоа што многу се унесувам во играта, па можно е кога ќе скокнам и јас заедно со Марио, да го промашам столчето и да си треснам на земја. Вака кога си седам на земја, сигурно е. :D

    А кога сум кај Супер Марио, еве едно клипче. Ме насмеа.

    Треба од утре, да ги расчистам сандацуте. Ништо не се знае, каде стои. Можеби ќе најдам нешто интересно. Иначе, сандаци, во превод значат они долгине шкафови, од горе до доле, што се. Од земја, па до таван. Ги знаете. Не знам на што, сте помислиле вие. :rofl: Среќа што кај мене во соба се бели. Иначе, најискрено не знам како би изреагирала да видам среде ноќ, нешто така големо, високо... Ќе се извадам од памет. Еднаш, кога уште не беа излезени овие модерниве сушалки демек, мајка ми немаше каде да ги суши алиштата. Ќе ги пружи на тераса, ќе се скаменат... а на печка собира само 2-3 парталчиња. И и текна една извонредна идеја. Сите алишта, ги закачи на посебна закачалка за алишта и ги закачи на секоја посебно, на секој рачка од сандаците. Насекаде имаше само алишта. Како страшила за бостан, изгледаа. И таа ноќ, татко ми да се врати од трета смена на работа, да не го запали светлото... Мислам дека срце ќе го стрефеше. Од памет се извади. :D

    Иначе, не следам туски серии. Ама кога некој е на компјутер, приморена сум да ги гледам. :D Кај се најде баш вчера тоа да биде, кога има Бурни времиња? Баш во најтажната епизода. Се изнаплакав, бе. Цело време шмркав. А у соба, сите шмркаат, никој не признава дека плаче. Чим заврши, сите се редат за во веце. Ај, бидна и тоа.

    Него, конечно се вратив во нормала. Со спиењето. Денес сум станала во 7 саат, ехее. :rofl: Јас тоа време, за распустот уште не бев легната. Напредувам, напредувам. :D
     
    На Ann.94, butterfly33, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека сум многу среќна за Сноу :) навистина ми е многу многу мило..
    колку посакувам и јас да доживеам голема љубов, да ме види да ме грабне пред сите, да ме извлече од таму и да ме избацува (после караница) и да ми рече дека се плаши дека ке ме изгуби и дека не сака више да се караме ( :( пример реков |( ) ама тоа е тоа..

    Јас бев во неговиот Град, си планирав да го изненадам па да ме викне да се гушкаме, оти се немавме видено асално 2-3 недели .. ама местот тоа, типов ми вика јас ке излезам со другарите..
    Ме фати инат, почнав да плачам од мака, јас за него дојдов а он гледај како се понаша..после 10 мин си реков ма и јас ке излезам па што сака нека биде.. и излегов, влагам во кафиш поминав покрај него и нит го поздравив ни ништо..
    си седнав на сепаре (кое го резервирав 10 мин пред да отидам, и иако беше препуно во дискотеката му го свртев мозокот на газдата и ми го чуваше) :lol:
    И се решив дека ке бидам највесела, најгласна.. и така се утепав играјки, пијачки само се носеа на маса и и реков на другарка ми вечер сакам да одлепам..
    Он од моја лева страна со друштво, јас со друштво! А па да не мислеше он дека ке седам дома и ке плачам? Така и јас мислев ама се смени планот..
    и така луѓе идеме послем тоа на друго место, дојде и таму и само во образ го поздравив, па дојде и на другото место..Јас веќе од мака пиев, толку не ми беше добро ама глумам ко да ми е time of my life
    и на крај ми вика собери ги работите и идеме. И јас а каде?! и он ми вика таму каде што јас ке кажам
    и јас пак :(
    Си ги собрав стварите и отидов, седнавме и демек ке праиме муабет ..
    Кој муабет жити се? Јас 1 збор, он 5 збора..Ако нешто умислил во тоа неговата глава, џабе е! Господ да се симне нема да му го смени мислењето..
    И значи дечки, се договоривме да не се договориме..
    И пак нашево не се знае.. ама после многу разговори со многу луѓе одлучив да му оставам простор, ми се чини ни он самиот не знае што сака.. Така најубаво
    Нека види па нека ме викне на разговор, ако сака нашево да биде.
    Ако не, здрави живи..
     
    На marama, Lepaaa, butterfly33 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    А јас па се си мислам дека што и да се случи ме чека подобра иднина. И покрај тоа што не знам дали утре ме чека нешто уште полошо од тоа што ми се случило.

    И навика ми е, врежано во мене е секогаш кога ми се случува нешто лошо да речам дека сепак сум го заслужила и покрај тоа што доста често знам да Му се налутам на Бога за мојата несреќа, за што подоцна се каам нормално.

    Има работи кои ми ја греат душава почнувајќи од моето кученце ( да знам отеков, но ќе го спомнувам секоја минута ако треба бидејќи си зафаќа посебно место во моето срце).

    И не, нема на сите да им се допаѓа како се облекуваш, однесуваш, изгледаш, зборуваш...

    Постои само Еден кој ги сака сите безрезервно, за кој сите се еднакви и кој ги гледа без никакви предрасуди. Ама и Него сите не го сакаат, не Му веруваат...
    Јас Го сакам и безрезервно Му верувам.

    И се си мислам ми фали уште едно домашно милениче... Сакам животни многу..
     
    На Divinebutterfly, Lepaaa, butterfly33 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    колку е убаво чувството кога некој ке ти каже ме израдува :$
    девојката на која и преведував ја очекува испитна сесија и бевме заедно сите на купче собрани во Саботата на медитација а имаше и гостинки од Ниш дојдени ама вчера не дојде мора да учи-ја свакам како и е па и ја посакувам цела срека на светот да ги положи со добри оцени :*

    Додека сите медитираа минатата вечер мислите ми беа сконцентрирани на женственоста и изгледот на една млада 27 годишна девојка-каков би требал да биде и како јас ја комбинирам гардеробата за различни прилики и добро ми оди :) ако заглавам со нешто тука е мајка ми и брат ми-советници кои што не ги менувам за ништо на светот :shake: и гледам каде и да се појавам да сум тип топ скоцкана како што и доликува на една млада дама во склад со приликата се разбира :) а тоа што понекогаш знам ептен да се дотерам и кога не треба :wasntme: ама тоа се поретко се случува :!:
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Нема полошо од тоа некој да те исплаши до тој степен да не знаеш како да изреагираш. :|
    Укоченост, збунетост, страв..
    Еден куп непријати чувства!
    Дури после неколку минути почнав да викам и да го мавам со раце и нозе.
    Нема веќе да барам разлики на слики, не после ова..
    Звучниците ги пуштил до даска, јас занесена барајќи ги разликите и на крајот таа грозна фаца и тој застрашувачки вресок.
    Ужас, ужас, ужас.. .
    Иронично е тоа што финтата била стара, а јас наседнав! УЖАС! :o :@
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк го живеам животот како што сакам,не сум марионета некој да ми кажува што да правам,еднаш се живее и сите ми завидуваат,ама не се секирам гајле ми е. ;)
     
    На srcekrsacka и tweety26 им се допаѓа ова.
  19. Eleanor

    Eleanor Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    5
    Дали ја заслужувам оваа промена во мојот живот?
    Баш ми требаше ова, ме уби монотонија.
    Како луда си потскокнував по улица, не ме интересираше дали некој гледа.
    Среќна сум! :)
     
    На Claire, butterfly33, Gray и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Уствари, многу често недоразбирањата произлегуваат од недоискажани ствари. Некој си помислил, некој друг не домислил, овој првиот си замислил за вториот да си измисли итн.
    Тишината иритира. Сериозно.

    И така малку ми паѓа криво што инвестирав време, љубов, живци, ризикував сопствено здравје и потрошив сопствено слободно време. Ама нејсе. Животни лекции еден куп. Очигледно си мислев нешто што не е и никогаш не било, ниту некој тоа го ценел. Се покажа еднаш, се покажа и втор пат. А што друго очекував?!

    А можеби се е само знак дека нешто не е доискажано. Ама немите, ни сопствената мајка не ги разбира, така се велеше нели?
    Јас мислам дека бев доста гласна. Си ветив дека ќе повлечам дебела, ама ептен дебела линија и дека конечно ќе замолчам. Да лепам скршени грниња не можам.
    А на зборови као „срце мое најмило, нунуну, цунки бацки...“ и други патетични с*ања, не паѓам повеќе.

    И да. Се треба во животот да се заслужи. Дали љубовта, парите или најважното, пријателството. Ако не си ги негувате пријателствата со луѓето, ако не процените кого треба да имате покрај себе а кого не, не очекувајте дека после неколку години тие пријателства ќе останат непроменети. Нема.

    Од друга страна, од сосема друга страна, многу им се восхитувам на луѓето кои имаат еурокрем и млеко секојдневно и не успеваат реално да согледаат дека тревата е зелена, а не розева и дека небото е сино, понекогаш тмурно, а не секогаш пурпурно со летечки мечиња.
    За нив секој ден е шарен. Нека им биде, ама да ме убедуваат во нешто што не е, нема баш да им успее.
    Мислам, ок е. Јас јес да сум позитивен човек, ама идеалист нит сум била ниту пак ќе бидам. Сеа да не се лажеме до толку а? ;)

    Шарен понеделник ви посакувам. Колку и да не е. А реално, не е .
     
    На antonina, FridaKahlo, Sunchild и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.