[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.738
    Допаѓања:
    17.702
    Психичката болка е најболна!
     
    На Lux, marama, sweet-cherry и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    ..
     

    Прикачени фајлови:

  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    А да не си го прочитала од мене вицот, хехе :D јас го постирав тој вчера :$
    Баш ми е мило што сум те изнасмеала :*
     
  4. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Колку лесната храна ми помогна на расположението! Или само на психата ми удри...
    Ама ако, убаво ми е.
    Она чувство на исполнетост ретко е тука, но кога ме обзема...ах гледам небо со сјајна месечина сред зима!
    Која будалетина сум јас, се радувам на нешта поситни од ноктот. Ама многу ми значат. Како на мало дете очите ми светнуваат. Насмевка како да со кисело млеко ќе ме бањаат (што би рекла баба ми)

    И денес кога се гледам во огледало, среќна сум во тоа што го гледам.
    Реткост е оваа ситуација...сонце да ме огрее сред зимска вечер.

    Епа, мотивацијата е одговор на се`. И мислам никој ништо не ми може сега! Ќе пуштам гласна музика и ќе го славам ова мое духовно ослободување... :rock:
     
    На kravce, Heleny и Serafima им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога судбината ке реши да вмеша прсти во твојот живот и да те соочи со оној кој од се срце сакаш да го заборавиш, за кого највеке солзи имаш ронето, и неколку неофицијални понуди брак одбиено :x
    да знаев дека ке се доделуваат награди на спортисти, немаше ни да отидам :!:
    за срека тој не ме ни виде дека сум таму :whew: -стоеше негов другар измегу а луге цело Скопје беше таму не ни останав ни половина час , едноставно ме снема-го познавам каков скандалозен тип е, најпаметно што можев да сторам :)
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    притисок,
    рутина,
    300 „умни глави“ кои без никакво право се ставаат во мојата кожа и ми кажуваат што е најдобро за мене.
    Горете сите.
    Јас сум знам најдобро зошто јас, јас и само јас вртев на точак два часа дневно и гледав во замислена точка во просторот, јадев бљантави помии додека сите после кафе одеа кај Вили, мене ми се тресеше земјата од што ми беше истоштено телото и мускулите од се`, и кога ќе кажам дека очајно многу сакам промена и некој друг спорт треба некој да ме послуша, тоа е единствениот начин да не заебам се...
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.607
    Пол:
    Женски
    Направив мафини...малку си го измодифицирав рецептот, спред состојките што ми се наоѓаа по дома, па наместо во едниот дел во тестото да ставам какао, ставив мелени ореви, а во другиот наместо кокосово брашно, ставив рендана кора од портокал и излегоа.....ммммммммм...прекрасни, а уште поубава ми е миризбата на ванила што ја исполнува целата просторија. Домашна атмосфера, во рерната се печат колачи, детето во пиџамчиња чека приказна за добра ноќ, а маж ми пуши цигара под аспираторот во кујната, потсетува на слика од некое ретро семејство, освен цигарата под аспиратор, би требала да биде на веранда :)
    Убаво ми е... само ме мачат сказалките на часовникот што брзаат кон означување на новиот ден, а моето будење е во рани зори, пред изгрејсонце, тогаш кога сонот најмногу ме мами. Најтешкиот дел ми е станувањето од згрејана постела и фрлањето на ладен млаз вода врз лицето за освестување. И денот почнува, забрзано, некогаш релаксирано, некогаш напнато и додека да трепнеш понеделник станал петок, први станал триесет и први,јануари станал декември...
    И си направив компилација од прекрасна музика, а дечково ми е откритие на годината:
    http://www.youtube.com/watch?v=PGPkSyEY-YU
     
    На NoellePage, Monna.Monna, marama и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Денеска ми кажаа дека наредната недела почнуваме со предавања. Пак. Пак почнува семестарот и пак се одново. А жими мене, толку сум уморна од неправење ништо, што само сакам да лежам и да зјапам во таванот. Нели штотуку поминав цел месец во правење на баш тоа?

    Едноставно, не сум спремна за февруари и се што февруари носи со него. А потоа март, а после март април, и мај, и јуни... Оф, се уморив. :|

    Треба да средам некои работи, да испијам некои кафиња и конечно да расчистам дали си имам нови другарчиња, или нешто повеќе, затоа што, жими мене, не знам ни ја, карма каша ми е во главата. Да видам дали ќе земам или нема да земам стипендија, со тоа што ако ја земам, делумно ќе си ги олеснам работите во наредните 3 години. Да почнам пак да бидам продуктивна, Боже мој, како да почнам да станувам пак во нормално време, некако ми е незамисливо сето тоа. Ќе треба да стаса договорот за работа, и тек тогаш ќе почнам со хистерија, затоа што јас искулирано искулирано, ама во последниот момент ќе скренам. Пак редовност, пак активност, пак расправање со се и сите...

    Знаете, многу е лесно човек да си се затвори и залежи во комфорт зоната, некако како да одбивам да испаднам од неа. Убавко ми е дома, не се замарам со ништо, топличко (до некаде), јадење, не правам ништо, не одам никаде посебно, некако, лесно е да се препуштиш. А сега ми кажуваат наеднаш, треба од понеделник пак да почне целата борба одново, и тоа овојпат поголема и потешка. Па чекајте луѓе, да се освестам.

    И се мислам, дали да им кажам на сите се што треба да им се каже, или едноставно да си зачувам некои работи за себе? Од една страна, тоа кажувањето, ќе донесе со себе друг терет, поголем, ама па од друга страна, некако мене ќе ми олесни некои работи. Се прашувам дали писмо варијантата е добар избор? :!:

    Боже мили, моите ПМС дилеми... Оф. ]:)
     
    На Markusa2, marama, Gea и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Падна и првата оценка во индекс :lol: 10ка :geek: :clap: фино ми е деновиве, задоволна сум, среќна, по малку уморна, и да денес добив и долго сум немала олку болен прв ден менструација |( важно беше исполнет, и пред се НЕдосаден ден :D кревам два прста за повеќе вакви деновииииии, и повеќе слобода, и воздух, и муабети, и љубовввввввввввввв :hug: :l: едвај го чекам следниот ден, т.е. вечер коа ќе искочиме, ииии иако тоа ќе биде утре ( :lol: ) сакам да одиме во кино или на некое друго интересно место и да биде необично. Веќе ми се смачило од обични ствари изгледа, или до добиеново е... :^) нвм, ја чекам чоколадната торта со бисквити и ореви и да, планирам да ја изедам цела. Чекам да си ги тестирам можностите и капацитетот на желудикот, а дотогаш ќе продолжам да си глеам тв и да си муабетам. Бе гууд :hai:
     
    На Divinebutterfly, antonina, Gea и 8 други им се допаѓа ова.
  10. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Криво ми е. Не сакав да се доведам до овој степен да не можам на 5 мин да излезам пред врата. Морам некако утре да му надокнадам, иначе ќе ме убие грижа на совест. Не идам утре на работа. Си зиам ден. Морам да се опоравам и ќе одам порано на тренинг. За жалтој утре е цел ден во фрки...иначе немаше да се одвојам од него. Ах колку ми фали. Само не сакам да ми се лути, и иако знам дека не се лути пак ме јаде јанѕа. Ко средношколка се понашам човече, да не ти се верува. Само тоа па тоа ми е у памет. Тренинг, тој, тренинг, тој. И баш ради тоа почнав едвај 4 саати да спијам, на работа, па два тренинга, па со него и ...еве го исходот. Ете што бидна. У к*рац.
     
    На Sunchild му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Неможам да верувам,година и половина има од кога започна тоа и јас сеуште неможам да верувам. Како можи да му го прави тоа на некој со кој е 5 години во врска,некој кој многу ја сака,трпи,би направил се за неа и планира брак со неа ? :^) Можеби не е мое да судам но,ете незнам како е способна да го изневерува. Иако ми е другарка нема да ја штитам. Дури некогаш ми иди се да му кажам на дечко и дека таа си игра со него. |( Да и згрешил нешто,и тој да ја изневерил би разбрала некако,ама вака без ништо ? И ај да е некој повреден од него,побогат,поубав,попаметен ... Ама НЕ Е ! :fubar: Незнам,незнам премногу ме иритира. Башка тоа,дури и дома го носи бе,еееј. :x Браво ! :clap:
     
  12. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Гледам познаничка се верила со другар на бифшиот мој, генерација се.
    Си велам, да се бореше ти за таа љубов и тебе ќе те очекуваше вакво нешто за брзо време.
    Има денови кога ми недостига, ми се пара срцето само гласот да му го чујам, би дала се за еден негов допир.
    Ама...
    Џабе е. Нема да се смени тој. Месец само ќе е различен, потоа пак ќе си се врати на старите негови идиотштини.
    Мојата нова страница се пишува пополека ама сигурно. Тој ме стиска во прегратки, не се бори само со неговите внатрешни демони, се бори и со моите.
    Баш таков и ми треба. Да ме заштити. Само со поглед да ме разбере, да знае дека имам матен поглед, дека позади насмевката се крие болка, дека палам цигара од нервоза.
    Не е совршен, тоа е јасно. Точно ја знаам неговата огромна мана, само што длабоко во себе нешто ме убедува дека нема да ни ја уништи врската.
    Мојата интуиција никогаш не греши. Така да, со среќа нека им е на мојата познаничка и на вереникот нејзин. А на мојот бифши му посакувам да си најде љубов вистинска, некоја која ќе го сака искрено, а не пролазно, која ќе му дари се што не умеев јас и која ќе му врати за пеколот низ кој поминав јас во изминатите години ;)
     
    На Divinebutterfly, marama, moonlight-girl.55 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Денес се дружев со едно бебенце,ххихи ме разнежни,мирисот негов буди некој спокој..

    А инаку би сакала да полемизирам малце во врска со воа фејсбук лепотициве,на секој чекор,сите фотомоделки станаа... ау страшно.Абе убаво изгледа тоа на фотошоп..магична програма е.. :D
    Само во живо гроб што се нема везе.И сеа као демек ја воа од љубомора,од која црна љубомора бе,бедни се.. по 700 лајка цицкине ги отвориле,се ложат некои манијаци и следат коментари СРЦЕ ТОП СИ,НАЈУБАВА,НАЈЗГОДНА,дај малце нека се видат бе,нека се приберат,цц штета младинава такви примери сака..
     
    На Divinebutterfly, CIA и Shpagetta им се допаѓа ова.
  14. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    сега со светот владеат 13годишните пубертетчи или мене така ми се чини?!
     
  15. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК можеби за некој ќе звучи смешно и неважно, ама...

    Лута сум! Си мислев: неделата добро ќе тргни, само позитивни мисли и добри вести... Не за долго.
    Изгоре планинарскиот дом Копанки. Молам??? Домот кој секогаш те чекаше таму горе во планината, да се напиеш топло чајче и да се одмориш, па да продолжиш по зацртаната маршута (најчесто до Јоргов Камен или Црвени Стени). Сега го нема, изгоре до темел. Домот за кој секогаш дедо ми ми раскажвал приказни, домот кој постои над 50 години и за кој конечно постоеше надеж дека со новите концесионери повторно ќе заживее. Жално, навистина жално... Ќе требаат многу години повторно да се изгради на оној тежок и непристапен терен. Не останува ништо друго освен да си ги чувам спомените во срцето за деновите поминати таму и да го памтам домот онаков каков шо беше :(
     
    На ilipili и Juicy03 им се допаѓа ова.
  16. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
    - Christina.A ^^ Знаеш понекогаш чувства се во прашање, некоја необјаснувачка хемија а не финансиска состојба, лепота или што да и да е.. Тие не бираат, тие водат и тоа често по она забранетото без некоја посебна причина.. На две жешки столчиња е другаркати долго време, сигурно би било подобро да збориш искрено со неа и да видиш кај лежи проблемот па можеби би можела да и помогнеш место да ја судиш .. :)


    -А јас.. Па јас незнам главата каде ми е од целодневно учење, колоквиуми, испити :sweat: :sweat: ..
    Нека помине проклетава недела па да видам и јас социјален живот малце .. :doh: :)
     
    На Ingvild му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    362
    Рано во кревет, помислувам од држење во скут лап-топов уште малку мамо ќе почне да ме вика .Нема врска а зошто и би имало така сите живееме денес, демек брзо и динамично а всушност премногу утупено,и тоа нема везе.
    Салепов ме мами, исто како на цртан филм навистина ви велам пареата што излегува од него полека излегува од шољата ме зграпчува за нос ме влече кон него :)
    И колачиве не се лоши мхм, но некако сетo ова ми буди некое лошо чувство ме удираат бедови ми навраќа флешови од денешниов ден како да сум на некоја лоша дрога, да сериозно дури и посакувам на некој начин да бев на некоја лоша дрога и се да не е вистина и се да е само еден лош трип, чувството на вина во моментов во мене толку е големо ако го испуштам надвор цела зграда ќе ја исполни ( не се шегувм )
    Денов си започна нај нормално, обврски после обврски шетање , само јас и таа.
    -Одиме во Вегера да каснеме нешто, многууууу сум гладна.
    Незнам кај бев отпатувала со мислите па потврдно одговорив, се освестив на што се согласив но веќе беше касно, земав еден кроасан ете ради реда и да не испадне дека за џабе фаќам место.
    Кога се движевне накај вегера, погледнав еден дедо како собира остатоци од сендвичи и пецива ( пристојно облечен човек во стари алишта кој нај веројатно беа од минатиот милениум 70десетите ќе да беа) си помислив сиурно собира за миленикот, ми пролетаа 300 мисли ете како тој собира храна за кутрето затоа што не оже да дели од својата а нема пари за да купи посебна храна, си го замислив и цуцето како радосно рипка на вратата кога дедево влегува внатре, нај веројатно тие си се’се на светов па си ги туркаат заедно деновите.
    Го гњавев кроасанот полека, во просторот помеѓу ушиве само една мисла ми се вртеше –Изеди го тој проклет бурек и ајде да си одиме.
    Но не, не може се така едноставно да биде, започна со приказната колку и е тешко како неа никој не ја разбирал како се чувствува изгубено и празно ( и пуштив една шуплива насмевка , да да тебе ти е најтешко) по која што следуваше ти НЕ ЗНАЕШ КОЛКУ МИ Е ТЕШКО БЕЗ НЕГО,ТИ НЕ ЗНАЕШ КАКО Е ДА ТЕ НАПУШТИ НЕКОЈ КОЈ ГО САКАШ !
    Ало девојче,јас останав без БРАТ !! Ти си раскинала со некој кој во твојот живот бил не цели 3 месеци, не си единствената која што раскинала некогаш сите сме имале по некој дечко на кој или сме му раскинале или ни раскинал. Ова се издрав во себе, не и реков ништо зашо немав воља да се расправам да исправам правдини нек се гони ....и онака немаше да траат уште еден месец заедно постојано си раскинуваа и очите си ги вадеа.
    Кое изненадување додека ја слушав како ми блаботи за неправдите кој и се нанесени од страна на нејзините, затоа што не и дале 600 евра за да отиде на копаоник за нова година ( ЛИГЛО 600 евра се нечии три плати со кој што издржува семејство) го видов Иле како влегува, штом ми падна погледот на него веднаш станав и како тинејџерка се развикав Илеееееееее па кај си ти отиде за Австрија и не заборави нас овде :D
    Се изгушкафне убаво, пробав одоколу да дознаам има ли некоја нема, кај бил ( па шо бе симпатија ми е уште од 8-одд :inlove: ) си шетал си бил кај некоја а ??
    -А не , дојдов да земам еден бурек и морам да одам мајками ме чека.
    -Ај не лажи сигурно ќе одиш кај некоја на кафе ;)
    -Какво кафе Деби, мајка ми ме чека во градска татко ми имаше собраќајка , цела ноќ е покрај него чекаме да ни кажат дали ќе го оперираат. Буреков го земав за да не ми припадне и она па да трчам по двајцата.
    Упс се пресеков,се извинив извинувањето беше прифатено
    -Немај гајле, знам дека се шалиш.
    Замина Иле
    Првата реченица која што ја изусти мојата ценета другарка Маца – Леле ми цвета косаваааааа, за никаде сум . Ќе се убијам. Посакав да и понудам јас да ја завршам таа работа наместо неа :devil:,затоа што нема грам сочувство во себе ама го прескокнав и тој предлог.
    Со нетрпение само сакав да станам од таму и да си одам дома, зјапајки надвор го здогледав Дедото ( знаете оној дедото што го спомнав погоре што собираше остатоци ) седна на една клупа , почна да ги селектира отпадоците и да јаде од нив .
    Во моментот не ми се веруваше што гледам ниту пак можев да го процесуирам, гледам околумене оставаат храна во тањирите полу изедена,малку каснато и се така оставено .
    Го погледнав и мојот кроасан,сватив колку сум среќна но во ито време и не благодарна, станав си ја земав јакната на Маца не и реков ништо отидов до каса земав пита бурек 4 јогурта излегов и му ги дадов на Дедево му ги дадов и последните 700 денари кој ги имав во мене.
    Човеков се расплака ме прегрна и почна да ме благословува и да ме нарекува ќерко :( се расплакав и јас ;( тргнав дa си одам не ни се завртев да видам кај е Маца што прави, веќе беше небитна ако на некој најголем проблем во животот му е И-Фонот и расцветаните врвови и освен ЈАС ништо и друго не знае тој не знае ни за сочувство, не ми требаат такви личности во мојот живот.
    Полека одејки покрај кеј кон дома, си помислив колку е убаво чувството на некого да му го разубавиш денот но и искрено се апрашав дали тоа го направив порди дедото и неговото одамна изгубено достоинство или го направив тоа за да јас се чувствувам “ НОБЕЛ“ се едно дедото денес ќе јаде тазе бурек, доколку го видам утре / задутре повторно ќе му купам се мислам дури и на ручек да го повикам.
    А да ќе заборавев Иле ми се јави вечерва, татко му ќе биде добро нема да го оперираат ќе одиме на кафе деновиве кога ќе најде време. Маца ми пишуваше нешто на фб ( ја блокирав ) од денес ќе гледам колку што можам повеќе да им помагам на оние околумене и малку од малку колку што можам јас да го направам светов подобро место за битисување мора од некаде да се почне.Бедовите ме маваат зошто воопшто дозволуваме човечко суштество да дојде до таму остатоци фрлени во канта да јаде колку можам јас ќе помагам. Знам и сигурна сум дека можеме светов да го направиме поубаво место за сите,сознанието дека како битија премногу себично делуваме не е лесно ниту е лесно кога ќе слушнеш секој си има свој проблеми и секоја планина своја тежина, да но нечии проблеми на врф од игла ги собира а нечии се егзистенциални проблеми и тежат цели планини, колку некој се би дал најголем проблем да му бидат дечковци или девојки колку некој би се израдувал и на нај обичен телефон а не да плаче затоа што не му го купиле нај новиот модел на И-Фон како луѓево се борат од денес до утре а размазени тинејџерки паџаат во депресија затоа што не им се исполниле плановите и не им е се наредено како тие што мислат дека треба да биде :@
    Туку се распишав јас цел реферат салепов ми се олади, а можеби и на повеќето феминки ќе им биде досаден текстов, ај дa не тупам доста беше и волку . :D
    (Не замерувајте ако има по некоја грешка во текстов, тастатурата е расклатена целата )
     
    На Divinebutterfly, Monna.Monna, Sexybaby86 и 24 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.484
    Допаѓања:
    183.801
    Пол:
    Женски
    СДК.. за воља на вистината... некогаш далеку пофино е да бидеш љубезен.. отколку да докажуваш колку си во право... вистината (каква и да е, која и да е..) еднашка секако ќе исплива на површина!! :)
     
    На kravce, Hopeful, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Сакам да ти кажам дека ти го читав текстот и ти се восхитувам. Најпрво за другаркати која си ја откачила ( женската имала проблеми ) леле ... какви се нема по светов, не си знаела како и било ццц читам и ме изневира, иако не ја познавам. Сакам да ти кажам дека ретки се луѓето како тебе, кои им помагаат на луѓе кои имаат потреба од помош ... СИТЕ СЕ ЛУЃЕ, НО РЕТКО КОЈ Е ЧОВЕК ...
    Искрено со задоволство го читав твоево мислење :) П.С. Ти посакувам убаво да си поминеш со Иле на кафенце
     
  20. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Забележав дека кога најмногу работи ми се случуваат,тогаш имам најмалку да кажам.
    Никогаш не ја сфатив поентата на тоа.
    А кога сум во некој шит период,каде досадата мие почесен гостин,полна сум со инспирација.
    Да се разбереме сега не сум баш во шит период,среќна сум и исплашена во исто време.
    Ова тие еден вид како забранета среќа,вештачка,чудна,ама те крева до небо..
    Интересни ми се некои персони,мислам интересни,смешни по малце, очајни на некој начин.
    Не сакам да звучам ниту иронично,ниту саркастично,а најмалку патетично..
    Обично немам навика да хејтам нечии статус,мислење..
    Можам само вум да си кажам нешто,ако не ми се допаѓа,а некогаш знам и да не можам да се воздржам.
    Дотичнава дама,една од моите ретки душманки,по се изгледа посетува некој фитнес центар,девојката просто по само една помината недела се внесе,постојано статуси за витко тело,мускулеста маса,здрав режим на исхрана,на ковер слики со некои ЈАКИ типки..
    Зошто толку форсирање бе девојко ?
    Вежбај си билдај се,ама мора сите да знаат колку сега ти ќе бидеш секси и јака пи*ка ?
    Не е фејбукот дневник,не може никогаш ни да биде...
    Колку само еден ПМС може да ти влезе во кожа и да ти реновира еден куп на емоции-.-
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.