[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    2.465
    Ау како ми дојде овај одмор :) како кец на десетка. Преубаво ми е, фала богу и јас малце да одморам. Уште ако ми се исполни желбата и ќе бидам најсреќнааа :)
     
  2. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Интуицијата никогаш не ме излажала.Така и сега.Значи знаев дека нешто не е во ред.Знаев!!!
    Не за џабе го немаше 2-3 дена,оправдувајќи се со тие негови глупави изговори.
    Пак некој замешал прсти во сето ова.Зошто некои луѓе не сфатат дека веќе е редно да си го живеат својот живот и да не се мешаат во животите на другите?
    Се само некои измислици,лаги,зборови кои сум ги рекла,а искрено и јас првпат ги слушам.
    А и тој-повеќе им верува на другите отколку мене.И не знам што се навредил толку.
    Да не треба устава со селотејп да ја залепам и ништо да не кажувам? Можеби тоа што сум го рекла не се однесувало на него.Па не е само тој на светов. Не знам што се уфилмал толку,да не мисли ќе го молам.
    Само ми е криво што ме обвинува за нешто шти не сум рекла.
    До кога вака???
     
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    После сите тие вежби за стабилизирање на мојот лош темпераменет, во вода ми пропаѓа се со само еден збор.
    Значи треба вистинскиот човек за да го наруши моето спокојство. Горда сум што се испукав тука, што се изнапишував се на некој празен документ, и што не го нарушив моето достоинство.
    Од сега натаму, јас Мишелљубов, ветувам полујавно дека, ниеден полумаж (какви што само има во моите генерации) нема да ми ја земе енергијата и трудот кој долго врме го градев.
    Бев при нервен слом, бидејќи кога знаеш дека некој не е во право и намерно те нервира, страшно се вадам од рамнотежа. Можам да задавам некој.
    Кога со луѓето пробуваш да бидеш најсмирен и толерантен, така ќе те бапнат во нос, што нема да поверувате.
    Сите оние полусаркастично, полунервотични, полунапишани пораки и абери од луѓето, можат да ме доведат во афектна состојба. И да им ја скршам кичмата. Мајке ми.

    Незнам кој дел од моето карактер ги води луѓето во паника, ама сите оние незадоволни луѓе јас незнам што сакаат од мене.
    Прават глушпости, те гупат како девојка, другарка. А потоа те губат како човек. Бидејќи бесни на она што направиле, прстот од нос, право кај мене го пуштаат. На крај Мишел крива.

    А сега, добра ноќ. Одам да се вратам на мојот зен, мојата нирвана.
     
    На Divinebutterfly, marama, Gea и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Savannah

    Savannah Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
    СДК дека едвај го чекам летото да си го видам дечко ми од Прилеп ^_^
     
  5. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    unique.ти ли си тој тој Џони Далавераа... ајде добра ноќ ви посакува ВАЛЕ ГУЛАБИЦА :D
     

    Прикачени фајлови:

  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Не се издржав сабајлево, станав у рани зори...не замеравајте.

    Зашто о зашто сум толку добра и сочувствителна со луѓе бре? Зашто? Секојпат јас го јадам подебелиот крај и не си ја учам лекцијата и не си ја учам лекцијата. Поарно со животни да бидеш таков, можда и ќе ти вратат за тоа. Глупача!!! :@

    Иначе почна тој дел од месецот коа ме маваат хормоните и мозокот се з***ава со мене. Не е убаво, не е хумано стварно...башка сум на интервју за работа попладне и таква целата hormonal да отидам...не иде. Cакам домаааааааааа!!! ;(

    Some minutes later

    Ауу брука...теси скри се одма молим те...
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Пошто форумов е преполн со жени, ја би вака еден апел до сите, па кој прифати прифати, кој не - не мора, Пирамид тука нешто се разбудила на десно и пол и тресе зелени, нек си дрнда :D

    Ко прво ја би да апелирам, жени, женчиња и девојки, не се лигавете. Немојте да сте нешто што не сте. Ако не чуствувате некоја милина кон некој а сепак треба да настапите учтиво и културно, има и други типови на насмевки со кои на другата страна ќе и биде пријатно, и оп цуп, ствар завршена. Мислам, чуму лигавештини до јаја? Одвратно е и ме потсеќаат на McDonalds политика, претерано те сакам, претерано сакам да ги потрошиш твоите пари тука, претерано ти го тупам, претерано ти се лигавам....и муштеријата едвај чека да плати и да кидне. Плус се осеќа дека не е природно, дека не иде онака „из срца“...не иде.
    Ко второ јас ве замолувам, во име на вашите интегритети и она на кое повикувате, нешо као who run this world, GIRLS! |( просперирајте користејќи го вашиот ум, интелект, знаење, желба за знаење. Дај бре не ја користете вагината за секоја желба за напредок, кариерен или каков и да е. И не, не е ок ако се користи устата за истите цели, ако ме разумете :wasntme: Амбицијата не подразбира „бутни ми се под гаќички па унапреди ме“ мхм .... јаката амбиција. Ако сакате, имате можност да си станете по пропис нешто такво. Не им го заземајте местото на оние кои навистина знаат нешто повеќе од тргање гаќички во рок од 2 секунди.

    Толку од мене, па вие како сакате.

    Освен тоа, вторникот е тапа ден, ама планирам да се претвори у нешто пријатно. Џангоуууу! Леле како му се радувам не сте ни свесни, мислиш ќе ме носат на Златно славејче :D
     
    На Monna.Monna, danichap, Sexybaby86 и 21 други им се допаѓа ова.
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Нервозна ноќ испреплетена со солзи, лутина и си останав неспиена...Демек велат утрото е почеток на нов ден кај мене :!: не беше така .... па уште и ѕвони телефонов :mp: леле на живци ми иде :punch: само да можам да успеам да го издржам денов без нервоза :headbang: уф...дај боже да успеам да не пукнам ;(
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Еластично разбирање...се шири, проширува до немај каде. Изненадена сум од самата себе, повеќе оправдувања имам за другите отколку за себе. Понекогаш стварно посакувам да запре оваа жичка, што и да е, што упорно ми го загризува јазикот кога сакам да кажам нешто. Милион и милион анализи, секогаш ќе се најде збор изустен што ќе повреди некого. Ама до таа рамка да се оди, да се размислува за секој еден непознат човек што ќе биде исклучок од правилото? Што по ѓаволите прави овој мозок мој и дали има други очи освен моиве, што вака размислува? Секогаш, ама баш секогаш ќе има исклучок, нема универзално правило за сите, а јас се почесто и почесто се замолчувам, анализирам, бришам па пишам. Онака, за секој случај. :| Не знам ни дали да се жалам за "проблемов" затоа што порано често излетував зборови без помисла однапред како ќе бидат примени. Ама понекогаш посакувам да замолчи, да прекине да анализира и да оправдува, затоа што некогаш и навистина нема оправдувања.
    Чудно е, ама ми треба еден ден само, да пцујам и да викам и да се олеснам стварно. Пцуење, тоа три пати гризам јазик ако ми излета. :x Читав за некое гратче во Шведска ми се чини, каде луѓето навечер во исто време излегувале на балконите и викале гласно. Која терапија е тоа само. :up: Можеби треба да појдам само на некој спортски натпревар :^) Чувствувам некое гласче во мене како вриска, додека јас во овој надворешен свет се смеам и пеам и танцувам како будала. Дежурен кловн со разбирање и доза глупирање на задоволството на сите. |(

    Како цреша на тортата, нему му иде роденден, а за неговиот роденден колку е поглупав/полуд подарокот, толку и тој е посреќен. Како совршена работа за мене нели. Кои се идеи ми доаѓаат, креативност на највисоко ниво за глупости :| Барем да е среќен, најсреќен. Го сакам.
    Делам од моето разбирање, ако воопшто можам да бидам разбрана :^) школка со бисери или празна?
     
    На Sexybaby86, marama, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Некогаш е подобро да се откажеш за да се подготвиш за наредниот успех, или не?
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Мојата малечка вчера ги направи првите самостојни чекорчиња и тоа пуштајќи се кон кој друг ако не кон мама.Толку многу ме израдува и ми го наполни срцето што цел ден бев насмеана од уво до уво.А таа беше толку горда како да се искачила на Монт Еверест.И можеби навистина го направи тоа :^) За во сабота закажав прослава со правење на постапалчиња и се надевам дека ќе успеам да ги направам токму онакви какви што ги замислувам :rofl:
     
    На Lux, Divinebutterfly, Monna.Monna и 48 други им се допаѓа ова.
  12. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Сакам да кажам дека денеска сакам да ми биде и ќе ми биде убав ден :sun:
    Ќе завршиме со часови порано, па ќе одиме во седмица со другарките, па после на тренинг.
    Си го сакам животов бреј, без некаква конкретна причина! Убаво ми е.
     
    На Lov3 и Libera им се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.339
    Допаѓања:
    13.082
    Пол:
    Женски
    Се вработив...
    А од првите пари што ги заработив и купив капут на мајка ми. Никогаш не сум се чувствувала поубаво и поисполнето.
    Солзите во нејзините очи ме расплакаа и мене, ама гледам колку е задоволна кога ќе застане со капутот пред огледало. Одеше со јакна што ја носев јас поголемиот дел од средно, изветена, истенчена, никаква. Смрзната. Капутот е скап, на рати ќе го плаќам. Јас. Јас можам да и помогнам на мајка ми. Горда сум.
    За татко ми колонска, за брат ми ќе следат фармерки.
    А мене ми е доволно што можам да си купам книги за факултет.
    Среќна сум.
     
    На tinkerbelll, JoxyTheFreak, pinkylady и 89 други им се допаѓа ова.
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Оној тип на луѓе што се вечито незаинтересирани за тоа што се случува во светот, од типот Што ќе ми е во животот да знам кого и зошто напаѓа Америка? Не, најлесно е да си зацементиран на Фејсбук, и со чатување да си го оправиш речникот.
    Немој случајно да дознаеш нешто надвор од тоа што учиш-студираш, немој жити се, дополнително ќе го отупат и онака издлабената дупка во мозокот. Немој случајно да прочиташ некоја книга, тоа го прават луѓе што немаат соушл лајф, немој крстозбор, судоку било што да решаваш, уствари како ќе решаваш кога немаш никскво познавање од општа култура.

    Стварно нејќам да судам за нечии животи, секој си ка избира едноличноста или динамичноста на својот живот, ама како да очекуваме дека младината ќе го оправи светот кога доаѓаат се поглупи генерации, ништо не им се прави, кул е да не се замараш, само кога и ако дојдете во ситуација кога ќе пораснете, кога ќе се најдете во средина каде не знаете реченица да сврзете за да влезете во дискусија, да не знаете да си го одбраните сопствениот став, е тука нека ви тресне од глава како цел живот во денгубење сте го прошле, самите себе сте си наштетиле.
    :x :|
     
    На Divinebutterfly, butterfly33, ludoto19 и 36 други им се допаѓа ова.
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Многу лош период ме гони, не е ПМС, не е колоквиумска, друго е, а нема да помине, впрочем од оваа гледна точка, само може да се влошува. Или можеби си имам јас периоди кога реалноста така ме треснува по глава, што од болка не знам што да помислам веќе.
    Почнувам да се ориентирам од егзистенционализам кон нихилизам, двата правци што најмногу ги мразам, бидејќи преферирам една лажичка среќа во кашата кошмари. Ми фали доза надреализам, само уште да можев деновиве да ја набавам, иако деновиве се се само погодни за тоа не. Како Таа, се само обична не |(

    Во денови на револт и ренесанса, да си кажам јас што ме нервира, па вие како сакате.
    Ме нервира тоа што нема повеќе вистина. Се помирив со тоа дека нема љубов и дека се е хемија, гад блес да хормони, мислам супер е се тоа, само зошто побогу никој не сака да си признае и да си ја прифати реалноста. Ти биди будала колку сакаш, ама не ме убедувај дека си паметен.

    Не разбирам и никогаш нема да разберам, девојчиња/ женишта на кои карактерот им го гради дечкото а не тие самите, а со секој нов имаат различен карактер. Ме нервира фактот што за да имаш врска треба да трпиш многу големи срања, и што никој не го признава истото туку сите си ги прифаќаат срањата како добредојден дел од секојдневието плашејќи се да не останат сами, живеејќи среќно во незнаење, идеализирајќи си ја својата подобра половина. Дечко ми секојдневно ми ги корне живците, на фејсбук се допишува со секакви курветини, нема ни трошка почит за мене и секоја моја желба е всушност негова желба, ама хеј, не ме изварал до сега па тоа е знак дека ни е совршено...мислам убијте ме подобро ако некогаш бидам ваква. Љубов е кога го прифаќаш со сите негови доблести и маани ама една твоја грешка и ти леташ од кадар? Не знам, се надевам само дека се е минлива фаза, нешто ко пубертет или средно, кога ќе се свртиш назад, се прашуваш кај ти бил паметот. Се повеќе се уверувам дека некој би претрпел секакво понижување само за да остане со некого, дали од навика или од страв да не биде единствен сингл во друштвото, бидејќи нели кога си сингл доаѓа крајот на твојот свет. И сега, во чекор со новото време и новите трендови, јас треба се ова да го проголтам и утре да излезам со насмевка и за рака со мојот идеален партнер и да речам, вау колку се сакаме.
    Не знам, можеби јас не сум нормална што не можам да трпам нечии фекалии, ми смрдат бре, не ги можам. Каква врска е таа каде треба некого јас да трпам или некој да ме трпи. Треба да се сакаме, а јас не можам да сакам некого што буквално ме измачува.

    Ме нервира фактот што се се гледа низ партиска призма, што нема веќе нормален човек, мора да си или од едните или од другите. Гледаш човек со потенцијал, му даваш шанса си велиш конечно некој што нема да биде потрчко, и одеднаш слушаш во позадина како си ја пее политичката химна.
    Ме нервира тоа што буквално таквите ме бркаат од родното место, да, ме бркаат, можеби не дошле на врата да ми речат оди си, ама доволно придонеле со нивните постапки да не сакам да живеам веќе тука. И криво ми е зошто јас морам да си ја барам среќата на некое друго место, наместо да му дадам шанса на ова кое ми е прираснато за срце, каде сум го поминала моето детство, а каде од кога пораснав не гледам никаква иднина за мене. Не сакам да живеам на место каде што некој ќе ме гледа со други очи заради (не)определеност, заради една толку глупава работа како политика, каде за да ме прифати или не дај боже да ми направи услуга некој, мора прво јас да се придружам на неговите.
    Мислам, пријателство, семејство, воопшто човечност, што беа тие работи?

    Друго ме нервира што нема веќе душа во ништо, во која професија и да погледнеш, нема душа, или ако има душа...не можеш да ја јадеш душата. А сакам мојата професија да има душа, сакам да работам нешто што има значење, што кога ќе се вратам дома ќе бидам импресионирана од тоа како денот ми поминал, да бидам инспирирана од работниот ден, работниот ден да не го сфаќам ко работен, сакам уметност, било каква.

    Сепак до мене е, јас сум родена во погрешно време. Ако бев родена во вистинското можеби сега ќе горев на клада, ама важно е да има забава :D Рецептот за среќа, челични живци. Затоа дечки, јадете спанаќ.
     
    На ludoto19, sesilija, Monna.Monna и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    СДК дека денот ми почна добро, но кога си дојдов моите многу ме изнервираа. Понекогаш сите знаеме да му наштетиме на оној кој најмногу го сакаме. Ќе сфатат дека згрешиле, избрзале во донесување на одлуки, за тоа не се грижам. Се грижам за тоа да не сфатат кога ќе биде премногу доцна. Човек што не го цени тоа што го има може многу лесно да го изгуби. Сепак, времето ќе покаже.
    Фактот што мојата љубов е до мене ме усреќува, ме успокојува. Успева да ме насмее кога сум најтажна и највознемирена. Најважно ми е тоа што имам барем една личност до мене што најмногу си ја сакам, ме разбира секогаш кога ми е најтешко, ми простува кога осудувам без да размислам, ја заборава секоја кавга. Имам некого што е со мене и кога сум најлоша, но и најдобра. Да не беше дечко ми, што ми е најголема подршка, не верувам дека би успеала да ги издржам сите удари што ми ги зададе животот.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Намерно ве оставам таму каде, не ве туркам напред, зошто неможам да направам јас чекор за вас морате вие и само вие сами тоа да го направите, така ќе го почувствувате заморот од движењето и така ќе полесно ќе ги сфатите сите околу вас и ќе сочувствувате со нивните падови и ќе се радувате за секоја нивна победа, во спротивно нема да ги имате овие човечки вредности и доблести. Сакам да кажам човекот е голем колку што се големи неговите доблести. Доблест е да си скромен, добар, мирољубив, но колкава е нивната вредност зависи од човечката природа зошто секоја доблест произлегува од таа природа но мораме сами да ја извлечеме од себе и да и дозволиме да пораснат во нас за да ни ја краси душата. :)
     
    На kravce, DeMelo, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  18. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935

    И јас сакам да ти кажам дека ти се восхитувам на напишаново,и едно големо ама огромно браво за тебе...Незнам веќе што да кажам,се осетив како да сум била таму,цела слика околу дедото си направив,алал да ти е девојко... :clap: :bow:
     
  19. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Моментално размислувам за мојот живот во изминативе две недели и заклучувам дека имам толку монотон живот... Значи секој ден ми поминува исто :!: откако станувам сабајле одам на училиште |( ,до 1 или 2 сум на училиште :sweat: 30тина минути на фемина додека чекам ручек ]:) , потоа пак учење :( , малку ТВ :tmi: , спиење :yawn: , утредента пак се од ново ;( ...
    Моментално уживам бидејки ги трошам најубавите 30 минути од денот
    поздрав ФЕМИНА и сите феминки и фемини :P - ми го разубавуате и развеселувате денот ве сакам ситее :*
     
  20. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Има моменти кога не го сакам овој свет. Свет кој ни нуди толку многу, а истовремено ги одзема саканите. Луѓе сме! Имаме чувства. Што ни вреди хартијата и металот во најразлични облици ако ги нема нашите блиски, луѓето чие присуство толку многу ни значи. Зошто горат млади души? Зарем суровоста и незнаењето во овој Модерен свет е дотолку далеку отидена. Зборуваат за напредок, успеси, амбиции, достигнувања, сите се психолози на туѓите умови, сите ти го планираат животот, а всушност не гледаат подалеку од сопствениот нос. Наместо душата да биде огледало на човекот и двигател на животот, сега, сѐ гледаме низ кристалните шепи на јароста.

    Не дека порано не било така. Секое време со себе си носи и убави, и неубави нешта. Но, јас зборувам за моето Време, она за кое мене ме боли кога ќе го видам на телевизија или прочитам низ социјалните мрежи на Интернет. Од роденденот на Тоше бев во мисли за тоа колку само животот може да биде непредвидлив, сите сме тажни кога ќе слушнеме за некоја немила случка, а длабоко во себе се надеваме секогаш да останеме само на позицијата сведоци. Страв ни е, а всушност треба да се бориме така да биде, бидејќи сѐ е во нашите раце колку и немоќни, и кревки да изгледаме во рамките на општеството. Сознанието за пожарот во Санта Марија, Бразил некако ми ја заокружи сликата. Тажно е. Навистина е тажно за смртта на толку многу млади.

    Нека почиваат во мир.

    [​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=XR6Rm5vpwhk

    Quién puso en tus manos odio de regalo,
    quién con tanta ira te lastima
    como pudo la inocencia convertirse en destrucion.
    Quién te habrá robado el mundo en un disparo
    quién le puso precio a tu vida,
    cómo vive la conciencia con tanto dolor,
    dime quién como y por qué, soldado de papel.


    ...

    Кој стави во твоите раце омраза како подарок
    Кој со толкав гнев те повредува
    Како можеше невиноста да се претвори во пропаст
    Кој ти го украде светот со еден единствен удар
    Кој стави цена на твојот живот
    Како живее совеста со толку болка
    Кажи ми кој, како и зошто, војник на хартијата...
     
    На Divinebutterfly, kravce, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.