[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Понекад стварно се осеќам ко граѓанин од втор ред. И ко ќе ми текне колку е смешна таа фраза, ќе зеам ќе се изнасмеам и скроз ќе забораам на тоа пошто и нема никаква причина реално да се осеќам така. Смешно, зар не?! :lol: :D :rofl:
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    SDK…eve momentalno sum na straza i pred mene imam prekrasna gletka, sneg skoro metar. A sonceto ubavo si gree snegot kako kristal svetka…raj za oci.
     
    На Micheleljubov, Ingvild, Cacy и 7 други им се допаѓа ова.
  3. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ако времето е пари, по мојот новчаник е 00:00h
    :!:
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    можете да ми се смеете или да ме мислите будала ама јас едвај чекам да си одам дома и да си ја изгледам новата епизода од султанот :D што да правам мора да се паси мозок :lol:
     
  5. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Сакам 40 степени, сакам сладолед, сакам сокчиња со коцки мраз, сакам плажа, сакам сонце, сакам по цел ден да бидам надвор, сакам да се будам во 12:00h. Сакам ЛЕТО! :inlove:
     
    На Elichka и martinuska им се допаѓа ова.
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Пробав да се релаксирам ,да си ги дотерам ноктите според еден нов туторијал што го гледав,ама добив таков хаос што е ужас да се гледаат,исто како што сум и јас моментално.
    Од сите страни ме снајдоа работи и не знам како да се справам со нив. Се чуствувам неуспешно и неспособно,дури мислам дека и татко ми и тој ме гледаат така. Може цел труд да ми пропадне во вода. Цел успех и се пред мене што би ми престоело да бев малку психички посилна. Се надевам само дека ќе извлечам добра поука од сето ова. И дека ќе се борам.

    Со него работите ни се за никаде. И повеќе од јасно е кога почнав да не се сакам себе,дека нема да можам да го сакам ниту него. Грозно ми е. Многу се променив. Станав несамоуверена ,станав тажна,станав човек што постојано се жали. Морам да се променам. Дури и тоа да значи да се откажам од него,за да се најдам себе пак. Зошто дел од мене уништи и тој. :|
     
    На Primrose.x му/ѝ се допаѓа ова.
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Дедо ми си купи мобилен и од што е радосен ми се јавува на секој 10 минути и се прави дека не ѕвонел тој :D Колку сум радосна што го гледам ваков,дефинитивно ми го разубави денот.Понекогаш многу ми е жал за него,дека седи сам дома и само го терам брат ми да оди таму,но и јас одам само не толку често,едноставно нема за што да зборам со него како што зборев со баба ми.Многу ми е смешно кога ќе дојде кај нас и ќе се "караме" за нешто без врска и на крај ќе си оди дома божемски е лут и пак ќе дојде.Мислам дека 100 пати на ден ми го повторува тоа дека јас треба да сум домаќинка,дека више сум голема а пак јас само се смеам и он се нервира дека не сум го сваќала сериозно :D Како и да е за мене дедо ми е на еден начин херој зашто издржа и покрај сите лоши работи што му се случија. :)
     
    На mims-89, Divinebutterfly, kravce и 24 други им се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сакам да кажам дека некогаш ни самите не сме свесни какви навистина се душите на нашите најблиски. Перцепциите кон нашите сакани не ни се веродостојни ама ни 55%. Несомнено тоа е така бидејќи ние ги гледаме со други очи. Најчесто тоа се очи полни со љубов и почит. Но само малку ако ги продлабочиме таквите перцепции ќе се запрепастиме. Да Драги мои!
    Ќе видиме дека нашиот тетин е идиот кој ја остава својата жена за друга на своите 57 години. Истиот тој ги искористува децата како извор за финансии. И за истиот тој човек јас сум сведок кој може слободно да каже дека е нечовек. Памтам уште кога како мали го гледав како си ги лечеше сопствените фрустрации врз децата и жената. Дали верувате дека кај нив постојано он викаше?! Постојано он делеше некоја еб*на правда која никој не ја сфаќаше. Ејјј нозе му миеа/мијат во леген. Ејјј :tmi:А беше и е здрав и прав човек.
    Тетка ми од него пошандрца. Илјада несреќи ја снајдоа. Па виде невиде и таа почна своите фрустрации да ги пренесува на децата.
    Гледам како се однесуваат и други на било кој начин, мои или на моите другари блиски. Доволно е само да ги погледнеме објективно и љубовта да ја ставиме за миг настрана. Со што ќе се соочиме? Што би виделе во нивните очи? Еве јас кај повеќето видов среброљубие на кило, завидливост, празни зборови како сакаат да ти помогнат и како се интересираат за твојот живот... Бла бла, во круг, бла бла.
    Сите вртат некоја љубезност кој јас не ја разбирам. Сите се однесуваат толку дебилски. Што ми е најтешко, ми е тоа што никој не се почитува повеќе. Луѓето започнуваат да живеат заедно, да прават деца од корист. Да, користа од секогаш ја имало. AМа без почит ништо не правиме.
    Совет: за да го најдеме нашиот партнер мора да се решиме асално да проанализираме, да согледаме кој е вреден да го почитуваме онака вистински, ама и да процениме кој би можел нас да не почитува онака како ние би сакале. За една недела остајте ги настрана оние желби како да најдете богат дечко. На нивно место таа недела нека ви се врти во главата само тоа од кој ќе ја добиете најголемата почит, кој ќе ве величи како личност, не како тело. И кој вие ќе го величите и почитувате исто, на иста бранова должина како и он вас. Рамноправност.
    Јас си кажав дека сакам во љубовта да пристапам искрено и да не дозволам никогаш да го омаловажувам мојот партнер. Што би постигнала ако него му го правам тоа. Ништо друго освен омаловажување и на самата себе. А тоа е толку недостоинствено. Со тоа ние покажуваме колку се сакаме самите крај краева.
     
    На sesilija, tweety26, Monna.Monna и 5 други им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    101.847
    Пол:
    Женски
    Роденден на маж ми е денеска.Полни 44 години.Ручекот крчка,подарокот е спремен ,практичен е признавам.Некако немам воља за некои сензационални и интересни подароци.Стареам очигледно.Сношти ме прашува ќе ми направиш ли торта.Секако велам.А која??Бронхи торта.Да не имаш намера да ми го лечиш бронхитисот? :D :D
    И така се е спремно за вечер ,а јас некако губам сила...
    Можеби затоа што мојот труд повторно ќе остане незабележан,непочитуван ...
    И затоа можеби ќе се почувствувам оштетена.И сум.Барем годините наназад тоа го покажуваат.А тука си земам за слобода емотивно да се соблечам.Можам јас нему многу ,и се да му простам,ама себе си никако не можам да си го простам него.Дигам галама да не умрам од собирањето на се и сешто во себе.И на сите страни галамам....и така преживувам...
    ...живот...толку сакам да го обојам розев,а тој пустиот сив...никаков...празен...
    на здравје...нека ти е среќен роденденот... :d:
     
    На Lux, Divinebutterfly, kravce и 33 други им се допаѓа ова.
  10. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    182
    СДК...едноставно на некои луѓе неможеш само да им се насмееш и да си заминеш.Треба прво да ги истепаш :!:
     
    На crazylady и ana-girl им се допаѓа ова.
  11. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    СДК - САКАМ ШО ПОБРЗО ДА МИ ПОРАСНЕ КОСАТ-А-А-А-А..... :envy:
     
    На SparkyAngel и DeMelo им се допаѓа ова.
  12. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Последниве денови изгубив осет за време. Потсетете ме, вторник сме? Океј, по дефолт глупав е денот.

    Испратен и последниот посетител на моиве одаи тука, со небројни куфери, поклони и пижами. Уште еден месец и ќе го терам и јас истиот пат. Не знам како да одговорам кога ќе ме прашаат дали сакам да си одам. И да и не, тој глупав одговор што секогаш ме иритирал. Ама мислам тежнеам кон да. Доста беше од туѓиња, сакам да си ја нушкам домата. И сакам шампити.

    Не ми се јасни користољубививе луѓе. Нешто што секогаш сум мразела се драматизирања за глупости, ама некој сам си го бара. Јас, јас, па само јас. Балон да беше ќе пукнеше од толку дување. Ладно е, а дуксерот ми е далеку. Ми се јаде благо, а шлагот е долу. Сакам да си го греам газето на печка и да не мрднам. Да се потсетиме колку е глупав вторник.

    Се префрлам на надокнадување на серии, мислења низ темиве, недочитани статии. За учење од надерната недела. Три дена заслужен одмор и со малку среќа дремење во када во сабота. Вторник...пфффф.
     
    На mims-89, tweety26, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се договаравме со еден човек да се запознаеме во текот на неделава-малку повозрасен од мене е-три годинки само :wasntme: да не ми е криво што не сум си дала шанса да го запознаам, и да разбиеме малце монотонија :P
    и најискрено не сум ама ич импресионирана од досегашните разговори на моб ама ај да видиме што сорта е -па ке видиме да не зборувам ништо однапред
    чисто онака-кафе муабет,па ке видиме како ке се одвиваат работите понатаму :)
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    СДК на злобата и нема крај...Ако некој некогаш не го раскажал својот живот некому, веројатно е поради тоа што тој некој не бил достоен за истиот да го слушне.За да има човек нешто во животот, треба да заслужи.
     
    На Annath, kravce, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Еден куп обврски и како да немаат намера да се намалат туку само се трупаат ! :| Незнам веќе главата кај ми е,незнам ни што побрзо да учам. Дали да се спремам за есејот или пак за најглупавиот предмет на свет кој го одбрав без да прашам некој за искуство. Ах ... Како и обично јас го фаќам возот 5 до 12. |( Ја мразам таа особина кај мене,никогаш незнам да завршам нешто на време. :( Не се може веќе вака,мора да се превзме нешто за понатаму. Наредниот семестар мора да биде се во свој ред,МОРА ! Ако пак почнам со старата песна самата ќе си удрам шамар жими мене ! Христинооооо никако не ти иде умот. :fubar:
     
  16. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Не се сложувам целосно со ова.Јас сум личност која незнае да глуми чуства :!:
    Кога ми се смее се смејам,кога ми се плаче плачам.Никој не може да ме присили да се насмеам кога несакам или едноставно не се чуствувам така :)

    Да не бидам офф,едвај чекам да дојде пролетта!Некако ми е пожива и повесела.
    Зимата е ладна и сурова :geek:
     
    На mims-89, tea4e, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  17. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    СДК дека денот ми беше ужасен. Како е тргната оваа недела, којзнае како ќе заврши. Деновите ми се ужасни заради тебе. Јас цело време се трудам да ти ја покажам мојата љубов кон тебе но залудно, ти ни со прст не помрднувш. :( Навистина не разбирам како да ја поднесам и оваа болка и оваа невозвратена љубов. Или можеби и ти ме сакаш но како како да дознаам? Главата ми пука полна ми е! Неможам повеќе, да трпам. Секоја ден поминат без тебе е полош и полош. СДК дека секој ден ми е ужасен кога не ми ја возвраќаш љубовта. А знам чувствувам дека и кај тебе не е баш така празно, но пуста срам повлеченост, не дозволува нешто да се случи помеѓу нас. Премногу сум изнервирана! Заради животот заради оваа болка.Па кога не ми оде во љубовта и во ништо не оде. Школото катасртофа, дома напната ситуација со моите родители постојано за нешто ми замеруваат а јас повредена од се и ова мора да го трпам. Многу е тешко кога во овие тешки ситуации и тебе те немам, не можам да те гушнам. Ахх уште колку морам да трпам тебе да те немам. :worried: :'(
     
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Мразам да одлучувам.
     
    На srcekrsacka и Cacy им се допаѓа ова.
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    СДК како вештерка си станала :devil: :devil: :devil:
     
  20. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    'Цаци ти изгледа не си работела душо.Таму нема имав нервозен, ден дечко ми ми раскина, или што и да е..да не ги спомувам па проблемите кои идат кога ке оформиш фамилија, станиш мајка, колку банални ке звучат првите две работи што ги набројав...
    Ке трпиш предпоставени иако ке ти иде да им закачиш еден тупан,но ке климаш со главата и љубезно ке се смешкаш.
    Тврдам не е возможно да постои човек кој во животот не изглумил.
    Сите некогаш сме се нашле во таква ситуација.
    И тоа не е лицемерие, дали од љубезност, култура, личен интерес..
    Како и да е..

    Денес направив голема глупост, пуста сиромаштија не ми се даваат пари за на фризер, па последните два- три пати дома сама си се фарбав, срека што бојата не е мн нијанси различна, па не се познаваат моите лудории.
    Но денес, денес ја претерав за сите пари!
    Не можам во огледало да се гледам. :tmi:
    И преходно не можев никаква форма немаше, ама сега па сум како 3 годишно девојче што мрдало додека и ги шишале шишките :wasntme:
    На половина од челото ми се !
    Кај ми беше паметот. :fubar:

    Ете така, а пратив еден маил деновиве чекам позитивен одговор за работа.
    Стискајте палци за мене, сите ке ве частам, и не само тоа нема веке да ви пракам негативна енргија со депримирачки постови, само позитивност ке лета на сите страни :emo:
    Но како ке се појвам ваква во главава, не можам ни настрана да ги однесам, ама баш ништо не можи да се стори :(
    Поука! Не експериментирајте сами дома со косата, освен ако не сте професионалец, а и таквите бирај те ги добро.
    Ете толку. :hai:
     
    На mims-89, Divinebutterfly, Cacy и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.