[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    За мене парфемите се спомени во шишенце.
    Со секое вдишување на мирисните ноти, се потсетувам на некои убави спомени. Секој мирис со врзувам за одредени личности и настани и баш затоа никогаш не ги фрлам празните шишенца. Ти ми се времеплов.
    Кога пред некое време ги средував фиоките, ги извадив сите парфеми и почнав да ги мирисам еден по еден. Сакав да видам со какви спомени ги поврзувам. Стигнав до Far Away Exotic – парфем кој си го порачав од Авон и стигна на денот кога положив гпп кај Арсен. Беше јунска сесија, а надвор ненормална врелина. Бев под огромен стрес - обемен и мошне важен предмет, со милион поделби, рокови, норми, видови тужби и што ли уште не.
    Кога го мириснав парфемот, пред очи ми излезе Арсен со неговите три книги за парнично, вонпарнично и извршно право |( И зошто сега едно такво убаво парфемче да го врзувам со такви спомени од безброј непроспиени ноќи и предозирање со кофеин?
    Шишенцето е полно, скоро и да не е користено, а изгубив желба да го користам.
    Најверојатно ќе и го подарам на сестра ми, затоа што не сакам при секое вдишување да се потсетувам на факултетските маки. Од таквото претерување со кафе, доаѓаат вакви периоди кога морам да пијам само чај, за да го одморам организмот.
    Што би рекла Зои: Oh, me? I'm not 80% water. I am 80% coffee, and a little bit of sass.
    [​IMG]
     
    На Lux, crazylady, mims-89 и 34 други им се допаѓа ова.
  2. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Во последно време многу малку ве читкам и искрено многу ми недостасувате со башите мисли и постови.Имам многу за учење, и немам време многу за интернет.Сега почна школото и право обврски,домашни,роденденовци,спорт...Ве читкам ама немам време толку како порано.Само викенди ќе можам.Ве сакам сите,немојте да ме заборавите... :* :hug:
     
  3. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Неделата секогаш ја мразев.

    Добро не е недела, малку закаснет пост.

    Покрај тоа што го имав тоа грдо чувство дека утредента е понеделник, започнува новата работна недела или уште полошо морав да патувам рано Сабајле за скопје, имаше уште едно нешто кое ужасно го мразев.
    Мајка ми обично тој ден ги переше завесите и ич не сакав да ги гледам големите прозорци без завеси..
    Се чувствував како под стаклено ѕвоно, како сите да ме гледаат, како гола да не речам..
    Седев во мојата соба додека не беа исушени и закачени.

    И која иронија, сега мојата нова соба има огромен прозорец. Ма не, ова не е прозорец ова е цел стаклен 'ѕид' . И секако, без завеси. И до него ми се наоѓа креветот и огромното биро.

    Од почетокот ми беше чудно, ама сега се навикнав. И кога ми е досадно, зјапам во другите згради да видам кој што прави.. Кој слика на платно покрај прозорецот, друг седи на компјутер, трет го шета бебето низ соба.. Само уште да не заборавам па да почнам да се соблекувам :)

    И така, од кујната ечи џез, колективно се готви, мириса на некое јадење, една девојка сецка зеленчук и се смешка, којзнае што и шепоти дечкото на увце.. А јас седам на мојот лаптоп и длабоко воздивнувам, да не заплачам...пак..
     
    На kravce, tweety26, Serafima и 11 други им се допаѓа ова.
  4. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    и многу кафе не е на арно! цел ден по кафинња, па сега не можам со тахикардијава да се оправам..... ау! :@ :@ :@ башка денов убав :D
     
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека секој ден си викам од денес ќе учам и никако книга да фатам се нешто ми текнува или некој ќе ме викне негде да одиме а 4 еве го кадее за 5 дена полагам а јас абер си немам е готово е од вечерва дефинитвно ќе учам , мобилниот исклучен , кафето до мене и книгата во раце.
     
  6. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    Kога бев малечка ме учеа да бидам добра, да бидам чесна. И бев. Навистина бев.
    Се додека не сфатив дека кога човек е добар со лошо му се враќа.
    Можеби не секогаш. Ама во повеќето случаи е така. И ние многу добро го знаеме тоа.

    Колку си повеќе добар спрема некого толку повеќе ќе те гази, ќе се однесува со тебе како ќе му дојде...
    Но не и тогаш кога ќе му покажеш заби. Кога ќе му дадеш до знаење дека можеш да бидеш како него.
    Па дури и полош. Е тогаш ќе те цени. Дали од страв или не, небитно. Битно ќе те цени.

    Тогаш сфаќаш дека улогите се смениле и дека ги имаш конците во твои раце. Убаво е, нели?!
    Тогаш сфаќаш дека светот така функционира. Е тоа веќе не е убаво, така?!
    Тогаш сфаќаш дека АКО НЕКОЈ ТЕ УДРИ ПО ЕДНИОТ, СВРТИ МУ ГО И ДРУГИОТ ОБРАЗ тука не важи.
    Тогаш сфаќаш дека мора да бидеш таков, мора да бидеш како нив и мора да се прилагодиш ако сакаш да успееш.
    Тогаш сфаќаш дека немаш друг избор.

    Епа убав ден.
    И не заборавајте да бидете безмилосно лоши спрема оние кои тоа го заслужуваат...
     
    На crazylady, mims-89, tweety26 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Не за џабе рекле “дај му на човек прст, ќе ти ја земе целата рака“!

    Неблагодарни луѓе на сите страни, најдобар другар сум ти да, ама додека имам корист од тебе, а кога ќе си го остварам посакуваното, може на улица “ненамерно“ да те одминам.

    Полна сум со искуства со секакви луѓе, а за ваквите користољубиви паразити можам роман да напишам.
    И пак не си ја научив лекцијата...и пак со резерва ги гледам сите луѓе, во смисла “можеби се сменил, можеби овој е ЧОВЕК, можеби е поразличен“ и пак им давам шанса да се докажат....хм да се докажат, да докажат уствари какви ѓубриња се.

    И немојте да мислите дека ако ќутам сум глупава или срамежлива и слично... Не! Чекам прав момент, не да ве изгорам или да ви наштетам, туку јас самата да се издигнам и тоа толку високо што самите вие да сфатите какви мизерни луѓе сте биле и да се засрамите од вашите постапки.
     
    На pinkylady, tweety26, Angy.g и 6 други им се допаѓа ова.
  8. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Прерано згазнат живот на моја познаничка,за мене не верување, шок,ја видов само пред 3 дена направивме два три реда муабет и се разминавме.Денеска добив информација дека не е повеќе меѓу нас.Колку е животот краток,како зрно песок кој што за миг може да оди во неповрат,за миг се да се руши.Нас само ни поминува низ очи ,си мислиме бавно а додека да се свртиш оп веќе имаш 30,40,50 години ако ги доживеме тие години со оглед на тоа во какво стресно време живееме и што се се случува околу нас.
    Периодов ми е така стресен,безвезе,немам желба за ништо па дури ни за пишување овде.Нашиот ден се одложе до кога не знам ни самата ,причината никој не ја посакуваше но што е тука е.Се прашувам некогаш што имам направено толку за секогаш кога ќе испланирам нешто да не излезе како што треба,секогаш мора да се случи нешто непредвидено.Зарем толку мора да е се против мене,па што згрешив толку се прашувам,можи желбата ми е преголема па бог решил да ме донесе до уште едно искушение и уште еднаш да ме тресни од земја и да ме свести дека не треба многу да планирам и да се надевам и дека . И дома не е како што беше до пред три дена ,некако го снема тој ентузијазам,радоста кај моите.Причината не сум јас , нешо друго е,но сепак ме боли кога ја гледам нивната тага и нервоза.Ми доаѓа да заминам некаде на неколку дена да ги разбистрам мислите,да се надишам воздух незагаден од злобата на луѓето и да се вратам.
    Но, не се предавам иако не со истиот ентузијазам како до пред 3 дена јас повторно се надевам дека се ќе биде како што треба и дека тој ден за нас ќе биде пресреќен и волшебен кога и да е.
     
    На bittersweet, kravce, Jagoda123 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Денеска направив нешто некој се сомневал во тоа дека јас ќе го направам. И ете се заинатив и го направив. И се гордеам со себе. И ќе им се смеам во фаца на тие што не веруваа во мене.


    [​IMG]
     
    На Serafima и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.738
    Допаѓања:
    17.702
    Очите ми се затвораат, за учење имам многу. Поточно не е многу, еден предмет е, ама кога ќе ми текне кој е предметот губам желба за се, буквално. Едноставно го мразам предметот, ги мразам лекциите, го мразам наставникот, ја мразам црната табла со бели линии во таа училница ме потсетува на затвор, го мразам местото каде што седам веќе 4 години кај вратата, го мразам тоа пијано таму. Монотонијата ме убива едноставно. Единствена работа што ја сакам од таму е погледот низ прозорот.
    Него, веќе преку глава ми е секоја среда прв час да се нервирам. Ме нервира тоа лице, тоа циничко смеење, тоа понижување на другите. Утре ќе гледам прв час да не идам, несакам да си го расипувам денот уште од 7 саат. Неможам да ги учам тие лекции (една лекција - 7-8 страни, оди научи ги), кои ни он не ги знае, ги чита само „ни ги раскажува“.
    Уф!
     
    На butterfly33, Jagoda123, Rose96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    Мислам дека утехата и прибежиштето од сите срања што животот ми ги понуди си ја пронајдов во музиката. Конзумирам музика со секоја клетка, со секое вдишување, наоѓам инспирација во неа, се инспирирам за да постигнам нешто повеќе во животот, покрај сите тие идоли кои ги имам. И стварно станав посмирена личност, имав посебни чувства на гнев кон одредени луѓе, кој гнев мислев дека никогаш нема да го снема, но исчезна, и јас се чувствувам поубаво. Како одново да се родив. :)
    https://www.youtube.com/watch?v=z0DAnu5Sq6k
    Уживајте :hai:
     
    На blaa, sweet-cherry, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  12. ilovecupcake

    ilovecupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    77
    Јануари дефинитивно е најдолг месец! Деновиве хаос, да ги преспиев подобро ќе беше. Ни сама не знам што ми е, дали период пред ПМС ама знам дека сите ме нервираат и дека не можам ништо да трпам. Факултет, испитна сесија, часови, професори, оценки сите ми се преку нос! Од учењево најмногу. Цел месец го поминав со книги.

    А и луѓе не поднесувам. Најверојатно само животни би ми одговарале сега. Штета што немам некое милениче дома, за времето ми поминува побрзо со него.

    Само тој заљубено ми збори. Сакам кога ми зборува а јас се губам во неговите очи и тогаш апсолутно ништо не е важно. Ми фали многу периодов. Само нека заврши се и да поминеме повеќе време заедно.
     
    На tweety26, Loritaa, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Денов, како-така, стана петокрака... си помина.
    Во глава цело време ми се вратат некои детски песнички. Цеел ден.
    Иначе, да Ви наговестам, следуваат песнички. Си се испразнив.
    [​IMG]
    Ми текна на една песничка, не можам да ја најдам на интернет.
    Кре, кре, кре, кре, кре. Среќни жаби сме, кога играме и се смееме... Зелката има кошули триста, секоја нова, секоја чиста... Сакам кола убава, не сакам ни лада. Лада. Лада, вози дада... Кој си носи чадорче, не наврнува, a си поминува, а не настинува... Нани мило, нани, нани. Светот има осум страни, четири од нив се светски, а четири само детски... Во светот на бајките само, чудесно тајно веруваат, децата што мечтаат, децата што сонуваат... Боби, баш ми е гајле, нема да плачам по тебе. Нека сум сум нула, но, ти си едно разгалено петле... Никола, Никола, нешто чудно ми се случува, што е тоа знае мајка ми... Маре, Маре, Марионка лични на јапонка. Маре, Маре, Марионка лична македонка... Ех тој Тоше, ех тој Тоше. Денес стои пак во ќоше. Стои така како трска, а со книга нема врска... Дали знаеш, како ми е? Како чука срцево мое за тебе?... Како ли јас да пораснам? Се' до небо, се' до ѕвезди високо... Сител бамбини, поголеми и помали... Супер, супер, супер ѕвееезда. Супер ѕвезда сакам да сум јас...

    Кога си слушав песнички по јутјуб, налетав на песничкава на Тоше. Толку ми требаше... ;(
    http://www.youtube.com/watch?v=UO3Y7rSe5js

    И за крај... АБВГДЃЕЖЗЅИЈКЛЉМНЊОПРСТЌУФХЦЧЏШ.
    Е, ај нека проба некој, да ја каже азбуката, без да ја пее. :wasntme:
    И не ми замерувајте. Ми се спие, ми се плаче. Ќе си легнам да спијам. И гајле ми е.
    Лека Ви ноќ!
    [​IMG]
     
    На butterfly33, EleMental, Foreveryoungiwannabe и 13 други им се допаѓа ова.
  14. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Колку ужасно....Се осеќаш како најголем дебил,трчаш по интервјуа,ни сама незнам колку CV имам пуштено,не се ни бројат,и кај ќе најдам работа-само во никаква фирма,впрочем без врски само таква и се наоѓа,си играат мајтап со тебе 1 година а откако ќе ги видиш какви се,не им чиниш,наоѓаат друг за да го мајтапат и се во круг............
    Сакам нормална работа,сакам да одам на работа, не на стрес тест ;(
     
    На EleMental, kravce, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Нокеска по завршувањето на Беверли Хилс серискиот филм размислував на тоа што понатаму
    сега е интересно шетање, излегување, менување на партнери/рки-ова за машките важи :!: па и за девојките журки, пијанчење и сл. ама времето лета и додека се свртиш имаш 30 години-според некои непишани правила , време е да оформиш семејство-ок барем да се омажиш/ожениш а за дечиња-како кој
    незнам што е потешко да бидеш невеста во нечија кука или зет-секоја планина своја тежина барем така се вели, а тоа што во денешно време е многу тешко да најдеш асолен човек и да оформош семејство е друга работа-според некои мажи е тешко и асолна жена да најдеш па затоа и од Албанија почнаа да ги носат во државава(зборувам за по селава) и баш ми прелета низ главава за него-на сликите го гледам ко семеен човек прикажан се со неговите |( а и другар му и колега му е скоро се женеше, знам дека има влијание врз него, не е камен ко што изгледа а пред некој месец наслушнав во партија дека е женкар и секогаш имал некоја на лагер-сега не личи на таков(волкот влакното го менува ама карактерот НЕ :!)
    помал е од мене да, ама и тој како и јас пополека се наближува кон 30 ката
    а што се однесува до мене, знам дека ке бидам примерна сопруга како што сум и добра керка што постојано трча по моите дома за се што треба-типичен рак :wasntme: ама кога ке ја најдам личноста што мислам дека ме заслужува покрај себе, и кога ке се чуствувам подготвена на неден таков чекор :)
    се во свое време, полека, без брзање се ке биде :)
     
    На H.VAGA и DeMelo им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    хоум свит хоум :sun: :sun: :sun: само што си дојдов, капната скапана умрена, протерана ко највечи криминалец :rofl: .
    е сега, гардеробата што си ја понесов од дома, си ја оставив кај малиот, немав место у куферот,прсна :D .
    ако раскинеме, ќе биде село весело :rofl: :rofl: ќе го терам по пошта да ми ги врати, или нека си ги чува за спомен и долго сеќавање :lol:
    сега да се сконцентрирам на испитите, не планирам да презапишувам овде по 20 пати :rofl:
    и тоа жени се слушаме во друга прилика 8)
     
    На crazylady, Monna.Monna, koritsaki и 15 други им се допаѓа ова.
  17. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    7.339
    срцекршачке те читам веќе подолго време и искрено ти посакувам да најдеш некој што ќе те сака,што ќе те цени и секако ти да имаш чувства кон него.за жал живееме во такво опшество што кога се доближуваш да триесетката почнуваат да зборат дека е време за мажење/женење.но што ако тогаш не го пронајдеш вистинкиот?треба ли да бидеш со некој што нема да те усреќи само зошто средината мисли дека дека ти минуваат годините а ти остануваш сама?за тоа ич не се секирај.уживај си,гледај си ја работата а вистинскиот кога тогаш ќе се појави.подобро е да почекаш и да си уживаш во животот отколку да бидеш со некој женкар што не може да те усреќи и секогаш ќе те јаде тој црв каде е и што прави кога не е до тебе.
     
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.483
    Допаѓања:
    183.787
    Пол:
    Женски
    IWTS..
    I'm not reαlly sure who I αm sometimes... but I love reαding books :l:
     

    Прикачени фајлови:

    На Lux, mims-89, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Лош период. Тежок период. А допрва следи уште полошиот дел, тоа веќе го знам :|

    Изгледа до тука беше, толку, пукна тиквата. Меѓу мене и фирмата кај што работам. Ај што се влечев до сега со изговори дека нема друга работа се влечев, се вадев, не седнав асално да побарам друга работа, тоа е факт. И пропуштив неколку шанси да си заминам на време (од кои за една посебно жалам, и да можам од г**от ќе си каснам, ама тоа е :devil: ), и сега Цацко крив. Епа не е Цацко, нормално, јас сум крива. Само јас и никој друг. Додека се уште беше состојбата со работни места во општествово колку-толку подобра, јас си спиев на лево уво и око не ми трепнуваше зашто мислев дека ми е добро. Уствари, не мислев, ми беше добро. Знаев дека нема вечно и долго да трае тоа, ама времето ме прегази. Не сакав да се замарам за нешто што ќе треба да се случи за некое време. Епа, чорба Македонче. :smoke: Сега се замарам, и тоа како се замарам. Око не сум склопила како што треба од петокот наваму. Цело време сум во исчекување дали воопшто ќе земам плата за некои две недели, дали ќе биде пониска за 10% или за 20%.....Се пребројувам и со двете суми, и искрено, ни домашниот есап не ми испаѓа како што треба, а не пак оној на пазар :worried: Бројам, сметам, и како и да завртам, од кај и да скратам-нема пари. Ни за лек. Жива среќа што не сум мажена и немам дете, па не зависи никој од мене. Додуше, не дека не оставам пари дома, тоа се подразбира и не треба ни да спомнам. Ама со новиве прилично завидни суми на новата плата ако воопшто ја има.....евентуално за џепарлак може да послужи. :| Онака, средношколски, за пијачка-две на искачање. :| Ситно де.....да не е без ич, ќе ни дадат да не почастат нешто. |(
    Е не можам и не можам! Не сакам и нема да се помирам со ситуацијата во која се наоѓам. Многумина ме тапшаат по рамо „лилеееее срцкааа, знам како ти е, ама знаеш секаде е лошо, онаа мојана вчера не ни правеше муабет, секаде е лошо бе срцка, секаде ќе се расправаш со будали ккао мојава“ Алоооо бре, јас на работа имам реални проблеми. Јас немам шеф/ица со која единствен проблем ми е нејзиниот пмс или промени на расположение. Јас имам луѓе на работа кои ми ги бројат секундите додека сум излезена на тие драгоцени 5 минути до преку улица да си купам геврече и јогурт. Јас имам проблем со неверојатен притисок и мобинг. Имам проблем зашто на некој му е поважен мојот приватен живот, со кого се дружам и каде се движам, отколку мојот труд. Проблем ми е тоа што се сомневам дека ме следат. Јас имам проблем со цел менаџмент зашто наводно ништо не работам, (затоа 90% од обврските мене ми се дадени), а всушност јас немам време до тоалет за одам, и муабетите се само зашто јас единствено немам „грб“ некој да стои зад мене и да ја прикаже реалната ситуација. Јас имам проблем со ненормални претпоставени на кои многу побитно им е колку пати дневно одам до тоалет отколку дали сум ги завршила обврските. (не, не карикирам, навистина запишуваат кој колку пати оди во веце, има луѓе кои се платени за тоа :@ ) Имам проблем со секоја божја минута помината на работа, зашто буквално секој ден од Нова Година наваму барем по еден вработен дневно добива отказ. И тоа луѓе кои стварно работат и си ја бркаат работата како што треба и кои не се вишок работна сила. Имам проблем со тоа што со години сум пријавена со средно, имам завршено факултет, по систематизација работното место бара ВСС, а упорно не ме пријавуваат со факултет, туку со средно. Имам проблем со тоа што токмакот на врата зема поголема плата од мене, и тоа бајаги. Е баш тој, кој не знае ни да се потпише од што е необразован и неандерталец, и на кој единствена работна задача му е да стиска на кец и двојка и да запише кој кога одел во тоалет. И одлучив дефинитивно-дента кога ќе земам плата, ако биде помала од она што е сега-си одам и не се враќам. Ако евентуално не земам плата (поверојатната варијанта, според мене)-со брзина на светлината си одам и не се враќам. Требаше многу порано да се случи ова, ама не е битно, и онака сум навикната цел живот за се' да каснам, па зашто не и за ова :D

    Имала или немала поддршка-мора така да биде. Кога веќе нема друго. Од него веќе имам поддршка, и најбитна ми е неговата. Дури и едвај чека да си дадам отказ, сакал конечно среќна да ме види. Моите.....не сакам пред време да ги потресувам. Ќе дознаат кога ќе треба. Знам дека прво ќе се туфкаат и ќе се грижат, ама со тек на време ќе сфатат дека правилно сум постапила.

    Има една маааала шанса за нешто друго. Ама ќе ќутам. Кога и да се истрчам да се пофалам некому, ништо не биднало. Ако биде, супер, ако не, никому ништо. Не е ништо посебно, ама ќе заврши работа за одредено време. А ако биде.....ма мислам на ТВ Шутел сама ќе си се поздравам во честитките од среќа :D Време е за нешто друго. Време е за некоја нова будала да ме малтретира. Или што се вика „Дај ново дете“.

    п.с. Се извинувам на долгиот пост, ама морав. Постот само ја изразува состојбата во која се наоѓаме на работа и тортурите кои ги доживуваме. За среќа, уште многу кратко.

    http://www.youtube.com/results?search_q ... cvPcYodYp4

    Ај малку за добро расположење.
     
    На EleMental, Trnche, ilipili и 3 други им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Вага
    го живеам животот најнормално(дружење, излегување) а тоа што ми надоагаат мисли за иднината тоа е нормално за девојка на моја возраст-што се однесува за партнер не две очи туку дваесет да ги отвориш малку е и како што ми рече една жена скоро -и подоцна да е ама со вистинкскиот и е во право :!:
    да ти кажам искрено мене не ми се брза воопшто, животот е пред мене :)
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.