[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Вејќе се ми ее преку глава.... минаани се сите граници,ја прелива чашата со вода..па на се има ДОСТА....
    Јас не сум должна на некој празноглава да ги трпам љубоморните испади секој ден во школо.... |(
    па и мајка и ќе ја вика и мене ќе ме викаат кај директорката дека сум ја навредувала ..епа ало и јас имам родители... али пред се почитувам сама да си се бранам...ојдех одбрних си се...и на крајо коа ми кажа дека лажам и коа почна да ми се дере се изнервирав и се јавив на татко ми...епа јас не морам да ве трпам и баш ми беше мило онака ме исполни тоа што директорката ги изруга и двете... :party: :party: :party:
    епа јас неможев вејќе да ги трпма...и на крајот кога излегов и реков
    -ЗА ДРУГ ПАТ ПАЗИ ПРОТИВ КОГО ОДЕШ,И ДО КОГО ИГРАШ И ШТО КАЖУВАШ ОТИ СЕ СЕ ДОЗНАВА И ТИ НЕ СИ НАЈПАМЕТНА ИМА ПОПАМЕТНИ ОД ТЕБЕ.... :!: :)
    и после наставничката од прво до четврто ќе ми вика требало да си молчеш неееубаво тава шо си го направила и не требало да го викаш татко ти
    -ААА ДА ОНИ ЌЕ МЕ НАВРЕДУВААТ А ЈАС ЌЕ ГИ ГЛЕДАМ??? :?: епа нема да е така И ВИЕ ПРОДУЖЕТЕ ДА ГИ БРАНЕТЕ САМО ЕДЕН ДЕН И ВИЕ ЌЕ ОСТАНЕТЕ КАКО МАЈАКа И БЕЗ РЕЧНИК.... :!: мене ме знае цело школа каква сум и они не можат против мене...оти да не дојде ден јас да ги употредувам врските оти тогаш навистина ќе ее тешко....се додека има вакви прости луѓе кај нас ние нема до никаде на стигнеме ...
    Не говорам групно има луѓе стварно културни,паметни и знаат до каде со се нај...али овие другите со нивните глупости ги минат сите граници...ПА ГОСПОД НЕ СЕ ПРАВИ ВАЖЕН КАКО НИВ... :|
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    ако некои луге се тоа сто се,ние колку и да правиме добро или лосо тие се такви не се менуват...немат никаква смисла :^)
     
  3. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Во еден момент сум среќна а веќе во следниот сум несреќна, но зошто , зошто мора да е така ако една грижа ми се симне од врат веднаш друга потешка ми тежи и ме тера да се чувствувам мизерно и најнесреќно. Каде се среќните и безгрижни денови кога ништо на светов неможеше да ми ја расипе среќата, кога соновите ми стануваа јаве, кога играта на маалска улица беше среќна и времето леташе без да почувствувам.
    Сакам да кажам уживајте во безгрижните денови додека не ве превтаса бремето на светот на грижите, проблемите и неспокојот.
     
    На Angy.g и Serafima им се допаѓа ова.
  4. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    И конечно најдовме решение за нашиов проблем.Па за се има решение,не ли сме 21 век :lol:
    За Еректилна дисфункција има решение.Иако се мачевме 20 дена решивме за проблемот да побараме стручен совет и се обративме кај лекар.Дечко ми си направи муабет со лекарот и да ви кажам право ни еднаш не ми рече дека му е срам или незгодно да зборува на таа тема.Јас му предложив тој прифати и заедно отидовме.Му препиша апчиња,ги купивме и сега можам да кажам дека навистина има подобрување :clap:
    20 дена се чудевме во што е проблемот.300 филмови си направивме во главата.
    Ама ете се реши и оваа.Едно гајле помалку имам :rock:
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    СДК тоа што се фалиш дека можеш да го употребиш истото оружје, но нели од висок праг на свеста :emo: не го правиш тоа, те става на исто рамниште како и оној кој го употребил и кој воопшто не се покајал.
    Remember that ;)
     
  6. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    I just wanna..
    [​IMG]
    далеку од ова исфрустирано опшество, личности без карактер, дволични, личности кои ти се смешкаат в лице и ти посакуваат да те уништат,личности кои мислиш дека ти се пријатели а во прва прилика ти забиваат нож во грбот.
    Нема воздух за дишење на планетава од таквите :!:
     
    На EleMental и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.576
    Допаѓања:
    175.050
    Ако може да биде утеха-многу трудови останале незабележани кај многу од нас што дружиме по форумов.
    Кај која семејниот ручек кој 2 дена ќе го правиме само за да импресионираме и задоволиме ,кај која незабележана ќе остане новата фризура,новиот фустан.... насмевка.
    Но,најмногу од се,според мене боли,кога ќе остане незабележан сјајот во нашите очи,гладта за љубов и долги гушкања.
    Каде ли е,што ли прави сега,со кого е?
    Толку ми недостасува едно долго и силно гушкање.Со него...
    Но,не.... оваа моја желба ќе остане само желба...незабележана.
     
    На crazylady, Monna.Monna, mims-89 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Jaс пак,не сакам да заврши Јануари,беше толку прекрасен со мене и направи да ми се случат убави работи.Дај боже вака лесно и убаво да поминуваат и останатите месеци.

    Седам во темно,единствената свелина што ја има се боите од лап-топот.Буквите не ги ни препознавам но стискам на нив,знам каде се,од навика.
    Е токму од таква навика,многу работи не можам да избришам од оваа глава.Лоша е навиката,и тоа многу.

    Испитите се во тек.Јас ангажирана околу нив,се надевам на позитивни резултати.
    Ми преостанува да си се избањам и да ми олесни на душава,да си ја гушнам перницата и да сонувам.
    Толку.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали некогаш толку ќе се бори за мене и дали некогаш ќе направи барем пола од тоа што го прави за неа.
    Никогаш!Никогаш!
    Се чувствувам понижено.Како ѓубре,како непотребно парталче фрлено во некој стар контејнер.
    А него сигурно му е сеедно.
    Сите овие тежини што ги носам во душава се џабе.Се е џабе.Што и да направам никогаш нема да бидам како неа.Напротив,подобра сум,но не и во неговите очи.
    Се што јас правам за него,се што чувствувам кон него тој го прави за неа.
    Но,не сум тажна.Разочарана сум и душава ми е полна со гнев.
     
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Подготвувам испит кој е премногу лесен, а мене учењето ми оди проклето тешко.
    Утре полагам, а кој знае дали ќе положам? :worried:
    Се чувствувам депресивно, осамено, тажно..
    Јас се вратив денеска дома, а неговите се враќаат утре.
    Нашиот заеднички живот од еден ипол месец заврши. Плачка сум, си плачам и подголтнувам кнедли а знам дека тоа ништо нема да смени.
    Тој вели: Нема уште долго да трае, наскоро пак ќе бидеме заедно, но кога е тоа наскоро? :|
    Сама сум, а се навикнав да не сум.
    Тажна сум, а времето поминато со него ме правеше среќна.
    Посакувам да го бакнам, но не е покрај мене.
    Ќе спијам сама, а заспивав со него.
    Знаев дека враќањето во реалноста ќе биде тешко, знаев дека душата ќе ми биде тажна, знаев.. .
    Знаев дека ќе биде вака.. .
     
    На crazylady, anabel-a, Markusa2 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Не го сакам,навистина,ни најмалку.
    Само секој ден,кога ќе излезам во град,го барам токму него,со надеж дека барем,ќе си размениме една детска,наивна насмевка. Кога ќе се вратам,срамежливо,како вљубена средношколка чекам секогаш тој прв да ми пише,прв да ми се јави. И ако е така,ја губам главата од среќа,почнувам да се тркалам на креветот,на подот,почнувам да скокам од среќа со помислата дека,и тој помислил на мене.
    Не можам да престанам да му ги гледам сликите,да пишувам песни за него,да пеам песни за него,да седнам и да се смирам.
    Не можам да гледам кога стои покрај друга. Навистина не можам,не дека не сакам или не ми е убаво,или се лутам,јас навистина не можам. Мислам дека во секој момент ќе пукнам,очиве ми се полнат со солзи,голтам кнедли,полека вдишувам и издишувам. Мачно како да ти ставиле сол и мраз,на ранета рака.
    Но не,та само што се запознавме,не може да го сакам.
     
    На Chica.Loca, EleMental, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Возбудена сум затоа што утре ќе пишувам писмо за еден дечко од Хрватска со кој се запознав на блог, а најверојатно имаме и исти интереси и исти работи ни се допаѓаат.

    А писмо немам пишувано со години, многу години немам почувствувано како е да добиеш или да пратиш писмо. И ми недостасува тоа чувство, па баш од таа причина се согласив да си праќаме писма.

    Се надевам дека ќе успее.
     
    На Lux, crazylady, anabel-a и 22 други им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Љубовта секогаш помага!
     
    На crazylady, bittersweet, EleMental и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    СДК...до денес секогаш бев горда на мојот војник, но денеска... :inlove: уште повеќе, навистина си ХЕРОЈ

    [​IMG]
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Уау, го изглеав својот прв 3Д филм во кино. Многу јако беше, сакам пак во најскоро времееееееее! А и воедно сум многу среќна, зошто немаше да отидам да не беше сестра ми причината за тоа. Малечка е и никогаш не била во кино, па решив да ја носам за првпат во Синеплекс и тоа на 3Д на анимиран филм. И стварно супер си пројдовме, наскоро пак!
     
    На Waka-waka, Jagoda123 и Doozy им се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Уф,испомешано ми е се во главава...

    Само да се надеваме дека ќе испадне се ко што треба... :)
     
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    101.566
    Пол:
    Женски
    Абе ќе си пукнам :envy:
    Се сеќавам на времето кога јас бев дете и кога имаше поквалитетна тв програма.Со душа се чекаше ноќната програма или во зимскиот период зимско кино...а сега што имаме...Од научни емисии имате Прељубници,Се или нешто,..и тука баш можеш многу да научиш за својот народ...Од филмови Титаник по милионити пат,или со култниот Жан Клод Ван Дам...од емисии од забавен карактер имаш бре да бираш...од Бекстејџ до Гранд паради...Од серии имаш Секс и град и тоа само првата сезона како да сме застанати во времето,турски серии во изобилие,ненадминливата Мала невеста...мексиканските нешто ги снема...потоа имаш за бистрење на мозокот Криминални умови,Истрага на лице место, :D ,Истрага од Мајами,од Лос Анџелес... :?: После имаш пауза со некои небитни натпревари...па наша репрезентација која за чудо учествува во некое европско натпреварување...за на крај да зачиниме со вести и со зелената кошула на Латас, за да одмараме очи на неа...или укочената Тања која ми се чини не е воопшто среќна што работи во Канал 5.Секако помеѓу сето тоа и реклами како најдобро да ја исчистиме вц шољата.... :puke: (ќе почнам со ултравиолетова ламба да си ја посматрам шољата ,жими мајка)
    Сакам еден тв канал на кој ќе има квалитетна програма ,без ништо од горе наведеното... :rock:
     
    На Lux, Peppermint, eli25 и 23 други им се допаѓа ова.
  18. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Ми треба нешто што ќе ме избаци од колосек, од точката на мирување каде што сум застаната.ОЧАЈНО МИ ТРЕБА ПРОМЕНА!
    Секој ден се исто, само болката во грлото ми е најнова. :(
    Фервекс и антибиотици, термос со топла вода, а јас сонувам за сонце...За топло,за сладолед, за искрени насмевки.
    Во лето се е полесно.
     
  19. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Ах јануари јануари...
    Секогаш знаеш да се покажeш и изненадиш во деведесета минута :angel:
    Прекрасен беше,а што ќе правиме после со спомените м ?
     
  20. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Клошари, фраери на батерии, смотани таксисти, глупи женски шмизли, неспособни дегенерици се кријат зад воланот на секој втор автомобил, простаци шофери на автобуси, по некој напален камионџија во комбинација со група комуналци кои зјапаат и свиркаат на се што им личи на женско.
    Потоа празноглави моторџии, велосипедисти кои запоседнуваат пола улица (не дека се они криви што немаат лента) до безобразни пешаци, пуфли кои мислат дека го освојуваат светот додека светлосни години поминуваат улица најчесто каде што нема пешачки...

    Излези како пешак и протнувај се помеѓу паркирани автомобили на тротоари, со ризик кога врне да добиеш гратис туширање. Понекогаш жалам што со себе не носам сапун, пешкир и нови гаќи, барем да биде фул сервис. Навечер жив хорор: ако не налеташ на некој манијак тогаш си жив среќник.

    Со велосипед иста приказна, плус поголема веројатност да завршиш во некој ендек.

    Во јавен превоз особено вторник и петок да зажалиш што си се родил или од толку дрнкање да заборавиш зошто си излегол. Мирис од скоро набран праз, тазе кромидче, ќебапчичи доаѓа од секое ќоше. А па летно време да не зборам... Обесена, усалена, три недели небричена мишка и да сакаш не ти бега од пред нос.
    :sweat: :puke:
    За такси ако имаш вишок пари или нерви да трпиш нечии фрустрации, временски прогнози, животни стории, пропаднати љубови, лесни женски, бош муабети тогаш е ОК. И тука постои голема шанса шоферот да е исто така долго време немиен, да испушти гас, да корне на цигари, да ти отвори прозор и те скине промаја... Или па те гледа брзаш, а вози со 30kmh и обратно: сече ленти, шиба ко луд мислиш на пораѓање те носи.

    Со кола ризикуваш да собереш некој камиказа или да те собере некоја будала - едно од тие не ти бега. Плус зонското паркирање го прави секој изминат час скапоцен, а џек пот е ако само 15 минути бараш слободно место. Веројатноста дека колата после ќе ја најдеш во иста состојба е многу мала, скоро и невозможна. За цената на бензинот веќе не ни станува збор.

    Никако не бива. :?:
    Размислувам како да си инсталирам крилја или можеби да почнам да копам тунели ко крт?
    Моментално тоа ми изгледа како најсигурна опција за превоз низ Скопје.
     
    На Chica.Loca, Lux, crazylady и 25 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.