[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Одамна немам напишано од темава... колку и да сакам да се откажам од фемина, не можам... зависна сум :wasntme: ... можеби не сум единствена што сум приметила дека не е како порано, многу квалитетни постови нема, квалитетни феминки си замина.. а и старите што останаа се поретко ги читам, а толку ми е жал. И уште еднаш на никој да не му текне да си оди од форумов, ние, членките и мислењата го правиме форумот! А некој зузне дека ќе си оди, ќе се караме. :D

    Туку... колку пати ми имаат кажано: „Ти не си како неа, таа не правеше вакви глупости како тебе“, „Таа не се однесуваше толку дрско како тебе“ или „Како девојче беше посрамежлива, а ти на секој збор капаче си, не знаеш да ќутиш“...
    Зборов ми е, колку сме различни јас и сестра ми, како два различни света, јас север, таа југ, таа има различен вкус, различни сфаќања и гледишта, сака различни работи, има различен карактер, понежна, помила, јас подрска и на некој начин побунтовна... толку различни, а на средина пак не поврзува нешто, сестри сме, иста крв сме...

    Камо сега да беше до мене и силно да ме гушнеше, многу ми недостасува. Иако не двојат само неколку километри. Убаво ми викаше татко ми кога бевме помали: „Тепајте се сега, утре ќе се барате“. И точно е ... дадичке ако постои некаква можност да го видиш ова, утре ти ја посакувам цела среќа на испит и едвај чекам што поскоро да се видиме.
    Те сакам ^_^ :hug: :l: !
     
    На LittleFairy, Gi.ir.ll, Lux и 4 други им се допаѓа ова.
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Има една работа за која ретко зборам, но... поттикната од еден настан, морав.
    Од многу мала се запознав со поимот - смрт.
    Починаа неколку школски другарчиња од основно за краток период.. Брзо после тоа почина наставничката од прво до четврто, која не ми беше само наставничка туку и пријателка со моиве, и ми беше како втора мајка затоа ме изгледала од кога сум била бебе се до нејзиниот крај, многу бевме блиски. Ја обожавав. И ја видов, како лежи во розев костум. Спокојна.
    Меѓувреме починаа и уште неколку пријатели на моиве со кои и јас сама бев блиска, се сеќавам на начините на кои мајка ми ми соопштуваше.
    Во средно за период од две години починаа двајцата родители на мојот најдобар другар...
    Прабаба ми почина годината кога славев матура, некој месец пред тоа.
    Да не ја спомнувам смртта на брат ми, кој починал пред да се родам и никогаш не сум го запознала, но и покрај тоа, тука е ме прати на различни начини. И боли на некој чуден начин. И недостига, иако не го знам.

    Што ми беше зборот... Човек ќе помисли со време се навикнуваш, кога некоја работа се случува често отрпнуваш.. Но, не. Секој пат боли исто. Секој пат е истиот шок...
    И после нели... се продолжува да тече, ко ништо да не било.

    Поентата ми е. Луѓе, животот е прекраток за да си ја жртвуваме нашата среќа само затоа што "така треба" и така ни налага околината.
    Ставете го вашето време на земјава пред се друго, и искористете го до максимум.
    Всушност, убаво пишал Толстој - Ако сакаш да бидеш среќен, БИДИ!
    Но, тука зборам и за мене, јас прва не ги применувам моите совети.
    Ама свесна сум дека колку и да е суров,животов ни нуди опции.
    Што не спречува да ја одбереме таа која ќе не исполни? Што не тера секогаш да го бираме полесниот начин и оставаме нештата да течат сами, наместо да имаме некаков удел во тоа?

    Вечерва со мисливе сум растргната на многу страни, а утре имам испит.
    Едвај чекам да се раздени, утре ќе биде подобро, знам. Секогаш е најмрачно пред разденување, нели.

    Како и да е.
    Нека мотивот за овој пост почива во мир.
     
    На Chica.Loca, butterfly33, Lux и 49 други им се допаѓа ова.
  3. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    [​IMG]

    затоа што полесно е да се скрие сето тоа и да се каже „добро сум“..
    :(
     
    На julie77, Rozich и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
  4. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Ги знаете оние денови кога само си го чепкате носот и ништо не правите?
    Е јас сум во таа фаза.
    Дремам по цел ден на фемина и фб и ништо не правам.

    Во фаза на тажење сум. Во црно ќе се облечам.
    Бев на очно денес и ми кажаа дека мора да ги оставам мојте најсекси ночари, кои на моето лице личеа како на професорица. :geek:
    Сега треба нови .

    Чувствувам некоја болка во вратот, како и да го свртам боли. Како мавнат був сум.

    Денес плачев како мало дете.
    Гледав филм, кој е хит веќе некое време, и бидејќи е на мојот „втор“ јазик :D за мое изненадување 60 % сфатив. :D Битно на крајот, се наплакав како мало дете.

    И расеана сум. Многу. И сакам да легнам, и да не се разбудам подолго време. Или можеби само да пукнам некои мозочни клетки и да заборавам на некои работи.
     
    На anggell, julie77, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  5. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Дали во ова време се вежба пилатес,ама шо убаво ми дојде за мерак сега ке си запијам ка :rofl: ко мече
     
  6. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Има , проблеми знам и сама ги сносувам
    но не откажувам , исто ко ништо да сум постигнала чим плачам,
    останувам до крај.
    Додека имаш срце ќе има некој што ќе ти го скрши.
    Незнам дали праведно е што го стегам грлото да не пуштам ниедна солза. Во огледалото го видов одразот на сите што ги сакам од последен другар па се до мајка. Ако мојта солза им носи на срце тага, ако е така нема никогаш да плачам, ни у ваква мака... Во хармонијата извини незнам да се снајдам кога цел живот сум дел од калта..
     
  7. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
    Не очекувај денеска да бидеш сватен од некој.Не очекувај дека коа ќе тонеш во Бездна некој ќе ти подаде рака.Луѓето се толку опседнати со самите себеси, што немаат време да се свртат околу нив а најмалку да ги валкаат рацете.Да валкање, затоа што ако го наречам жртвување ќе изгуби од смисла. Но секогаш има нешто позитивно, барем ќе видиш дали некој има особини на човек или ќе си го потврдиш кажаното.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека ми се пие кафе ама сама не ми се пие па сеа си барам друштво.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.274
    Допаѓања:
    81.843
    Пол:
    Женски
    Сакам виткана коса ...
    Сакам развеани снегулки и сакам да си ги прибирам разлетаните локни под сивата беретка, а едно виткано праменче да ми штрчи. И да се разлетува.
    Сакам удобни потпетици и совршената нијанса на црвен кармин. И да тропкам со леснотија по улиците ...
    Сакам дебел волнен шал што мириса на топло какао и многу љубов и ми треба, ужасно ми треба да го слушам неговото ритмично дишење додека спие до мене и да му ја прочитам среќата од лицето за да заспијам мирно.
    Ма (пак) сакам зимска идила некаде во пустелија и сакам секакви облици на љубов со него ...
    ***
    Си дадов одмор денеска. Од сѐ.
    И навистина - давајте си одмор, дури и почесто отколку што треба. Не со цел да безделничите и чмаете, ами да ги потсредите мислите. И да се потсредите себе си. И да се смирите.
    Па макар било тоа одмор од пет минути и осумнаесет секунди или одмориште во вистинска смисла.
    Понекогаш и малку значи многу.
    Навистина.

    Бидете умни. :hai:
     
    На crazylady, ilipili, Monna.Monna и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Кога прв пат дојдов, се почувстував како излезена од Дизни-индустријата.
    Гледаш во големата зграда и си викаш this is it.
    Дали под импресии од неодамнешниот филм или слично, во секој случај убаво чувство.
    Скалило погоре, со надеж дека јаготката на шлагот ќе биде пристојна работа,а ти ќе парадираш по костумчиња во најновиот мерцедес.
    Еееее или тоа или ова.
    Сега моментално, седам дома. На топло. Што од тоа што немам купено вентилаторче за лаптопов, па ми ги топли копанчињата, што од печкава на која сум потпрена.
    Само има една работа на која ќе треба да се навикнам.Секогаш ми се здрвува газот или задникот, како милуваш.
    Ама ќе го одржавам,ветувам.. и онака кога не онде, тогаш овде 40 минутно пешачење, слушалките на уши и фурај.
    План, за план, а во моментов ги живеам најлошите пмс-денови.
    Тешко е, ќе биде уште потешко,ама овој налив на емоции во моментов не се смирува.
    Накратко, вечерва се чувстувам : смирено,очајно,бесно,трпеливо,надежно,пропаднато,храбро,непопустливо.
    Еден идеален микс на чувства,емоции или како и да се викаат.
    Само знам дека едните беа 4 основни.
    Anyway.. размислувам дали да летни подалеку или да оди само на хајд. Не можам да ги читам тие срцкасти изливи на љубов. За мене не ми е жал, јас знаев,ама за девојчево... а, ќе речиш големи сме.
    Бериќатварсан мене имаше кој да ме подучи.
    Никогаш не сум се нашла во ваква ситуација,ама вака од страна гледајќи ми е многу смешно.
    Да ми ја посвети "дал она зна" фали.
    Како и да е, кутро девојче не е криво.
    Машкиве се криви, викам јас.
    Не е ни девојчето криво што му дала на Били Ѕвер. Тој каде си ги копа очите да би си ги ископал со малолетничка?
    Ај таа знаеме мала е,но зрела за нејзините години како зелена банана.
    Ама, тој?
    Стока.
    Нека прелажи така некоја на негови години.
    Ај оваа е барем мала, ама оваа другава?
    Трагедии, трагедии.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК музикава на Бетовен, Моцарт и др., совршена, фантастична која го остава човек без зборови :music: :angel: барем имале тенденција за истата да ја создадат, а денес...сосема поразлично од тогаш, не дека некои работи кои ги има денес, ги немало порано, но на човек пред вакви совршени дела, му останува само да им се воодушевува, ако ништо друго.Но и не за друго, тие си овозможиле да ја имаат славата до ден денес.Ми текна на Мис ричи, кога во еден нејзин пост отприлика рече “ Каде сме ние луѓе денес“ , е каде сме де, додека некои како тие на почетокот кои ги спомнав, а и други го насочиле/насочуваат својот живот кон нешто подобро, трети со желба кон нешто полошо наводно достигнувајки си некоја правдина, а кое истото е ем осудено, ем заборавено.Кое е доброто? Или не е воопшто важно, туку што е полошото, вложувајки ги сите сили за тоа, како за демонстрација на некаква си сила, колку за придобивање на публиката, која патем секако би го одбрала доброто.Многу е едноставно, само некако луѓето го комплицираат животот, а притоа кога ќе им се укажат некои работи на кои тие не им обрнале внимание, бараат начин истите да ги увидат.Секако мислејки за себе си дека многу добро проценуваат, за подоцна да разберат дека згрешиле.Ете една таква музика како на Бетовен и неговите колеги, може и истовремено да го подзамислат човек, секако ако му прија на увце.

    Вистината боли, ако човек не ја прифаќа или не ја осознал.
     
    На Miss.Ricci, mims-89, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Just.Passing.By

    Just.Passing.By Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    60
    Сакам да кажам....

    Абе сум сакал да кажам ... јас кога тербало да кажам не сум кажал сега ке кажувам ..

    Абе ок е да правиме срања во животот ... некогаш намерно некогаш ненамерно ... не дека се обидувам да си најдам некоја утеха или некој изговор... грешиме , луѓе сме ... е сега некој од сета таа ситуација излегува премногу повреден а некој се понаша како идиот ( можеби и е идиот) па не и дава многу внимание на сета ситуација како што некој му посветил него внимание...
    Но што е тука е... Животот продолжува понатаму ... некој ја научил лекцијата која скапо ја платил , а некој допрва можеби ке ја научи...
     
    На tweety26, Angy.g, karenin и 4 други им се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк Боже те молам помогни ми да им простам на моите непријатели иако тие ГАДОВИ не го заслужуваат тоа.Кравче те разбирам дека треба да се прости,ама има луѓе кој едноставно не заслужуват ни да ги сретнеш а камоли да им простиш.
     
    На tweety26 и Angy.g им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    ^ Колку и да е себично ова што ќе го кажам, ако не простиме, не може да очекуваме и да ни биде простено. Можеби тврдоглаво стоев зад сите работи низ кои поминавме и не сакав да попуштам, но поголем е оној човек што знае да прости. Па наредниот пат кога ќе дадеме извинување и покајание, може и нам искрено ќе ни биде простено.

    Сакам да кажам, дека си ги најдов мислите во некои од вашите постови. Не знам дали не допрела истата вистина, но без разлика дали е или не, верувам дека е исто болна. Срцето мислам дека ми се скрши на милион парчиња. Верувам дека смртта е големо олеснување, дека кога некој умира се ослободува од својот товар наречен тело и болка и сите проблеми од овој свет, но што е со оние што остануваат?
    Сакам да ви кажам да не се нервирате и оптеретувате, да примате само љубов на срце, а проблемите како дошле, да си одат. Стресот е најголемиот убиец на денешницата. Не им замерувајте на луѓето, дишете длабоко, сакајте, смејте се. Не е едноставно, не е лесно, можеби и наивно ќе бидам сфатена, ама не можам повеќе да слушам и гледам како млади животи се губат. Сакам само секој да си расте во своето семејство. Живот е, ќе преминеме преку се, ама понекогаш сами влијаеме до колку ќе издржиме. Стиснете заби, ако не за себе, за оние кои ги љубиме, има за што и за кого да живееме.
     
    На Lepaaa, ilipili, Divinebutterfly и 34 други им се допаѓа ова.
  15. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    СДК најсреќна сум на цел свет. Вчера го положив последниот испит. Конечно после 4 години патешествија "црнилa" и "тешкото", 4 години "акање" по ходници и кабинети, чекање професори, 66 положени испити и оцени во индекс, 66 стресови, 66 неспани ноќи, 4 години дружење со колеги и со некои прекрасни професори, тоа сето остана зад мене. Уште малку фали, уште дипломската ќе биде за брзо. Дај боже сите што студирате да ви се врати вака за убаво. Прекрасно е чувството кога ќе се положи последниот испит.
    :$ :inlove: :* :clap: :hai:
     
    На butterfly33, Lux, Lepaaa и 31 други им се допаѓа ова.
  16. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Знаев дека овој нов ден ќе биде тежок поради мојот нов проблем, кој се појави токму кога мислев дека со таа работа се е завршено со среќен крај, но не било така и сега јас седам на работа и цело време мислам на проблемот, кога ќе им дојде крај веќе на проблемите малку да здивнам и спокојно да седнам да ги затворам очите и да уживам во спокојот додека не се науживам на таа моја состојба. Сакам да кажам денес ми е ужасно тежок ден.............. :(
     
  17. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Сите кои ја чекаат славата Свети Атанасиј нека им е вечна и многу многу здравје и благосостојба во нивниот дом
     
    На sm1zla, Angy.g, karenin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.738
    Допаѓања:
    17.702
    Џабе учев вчера кога денес не отидов на школо. Да, точно дека не ми се ни одеше, ама подобро таму него во амбуланта.
    Идам да ми снимат таму синуси и чекам докторо на лап-топо да изгледа еден спот. Гледав и ја, шо ќе правам. Патем, како мојо лаптоп има.
    Во ходникот кога чекав за снимањето, мислам дека се разболев уште толку. Значи надвор е потопло. А унатре кај докторо - сауна.
    И тоа ми беа „импресиите“ денес од амбуланта.
    Сега треба да бидам многу претпазлива и внимателна синусите да не ми прераснат во хронична болест. Мхм, да.
    Ај.
     
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Балканштината т.е. македонштината ќе не дотепа.
    За жал си живукраме во едно забатисано, закоравено, без тендеција за поголем развој, трачарско опшество. Искрено, ама најнај искрено жалам што сме такви, што несвесно ги прифаќаме „принципите“ кои делумно родителите, делумно родбината и околината ни ги дала и сервирала на тацна:
    „-Ево изволте“ .
    А малдинава сервилна и забегана до немај каде (свака част на искључоци), за постарите и да не отварам уста, оти пештера ќе ми стори. Колку и да глумите современи и модерни, факт е дека сте затуцани. Без увреда, али ја незнам кој тоа рекол дека ако имаш долга врска мораш да се мажиш, ако до 30 не се омажиш никој нејќе да те земе, ако се вериш и одма не правиш свадба немаш пари, ако и после година дена од веридба или свадба не си трудна-грев си, неможеш деца да имаш (пу, пу далеко било).
    И не ви зборам на памет, еве од себе ќе тргнам кога почнав со Петко да се маткам, да си преспивам кај него, одма фрчеа муабети дека ќе се мажам, па кога се веривме, со нож на гркљан гарантирам дека 80% од познаниците мислеа дека сум трудна, кога и после 2 години не ги викнав на свадба, гарант ме жалат-немаат старциве пари да ги најадат и напојат-си мислат, а кога ќе ме прашаат дали има нешто ново мислејќи дали сум трудна(?), :^) |( :fubar: , одма местат некои благо ожалостени фаци, ко демек грев сум.
    Побогу, незнам што има лошо ако решиш на млади години да се вериш, незнам што е лошо ако факултетот ми бил приоритет а не раѓањето деца, незнам зошто мора родителот кој те створил од сперматозид и јајце клетка, те исчувал од 1 килограм месо, те направил човек, те донел на правиот пат, истиот тој да мора сега и свадба да ти плаќа. Чудна сум можда, ама не, нејќум мајка ми да се заглавува во кредити само јас свадба да правам, нејќум да раѓам деца и стварам свое семејство, ако немам макар свое скромно катче, нејќум да барам пари од мајка ми за пелени и каши, нејќум и точка.
    И дали ако сакам во животов прво себе да се обезбедам, без никој да не страда грешам?
    Дали ако несакам свадбиште да правам не сум жена?
    Дали ако несакам наскоро да раѓам сум стерилна?
    Дали ако пркосам и неподнесувам авторитет и лажговци сум безобразна и некултурна?

    Еве ви к*рац, слободно п*пушете, ама ме заболе за туѓите мислења, ме заболе за туѓите блебетања, за све ме заболе.
    Отфрлете ги прангите кои ви тежат, ослободете се и уживајте, еден е животецов, јаден и страден ама мил е, јас досега направив се што сакав, уште малку ми остана за да бидам комплетно среќна и исполнета, не дека сега не сум, ама ете, сакам јас и Петко сами, заљубени, во свое катче, со све што ќе имаме да биде наше, љубовно. А сите други, ајде ишшшшш, тука сме-тука ќе бидеме, ама олабавете, мојот свет се врти окулу мене, и ако јас ве примам во мојата галаксија О.К. ако не, молим лепо не-ме-замарајте!

    И не, не сум љута и нервозна, само некако огорчена, како кога расипано сончогледче ќе грицнеш, но ако тоа не чинело, незначи дека цела ќеса е таква, ама ете барем за кратко ќе те стави во дилема на уште колку такви, расипани, ќе налеташ во иднина.

    Имајте убав ден, смејте се и радувајте и се на оваа топла и сончева зима, оние на Сибир плачат за зрак сонце.
    Хвала пуно, аривидерчи и адиос. :hai:

    П.С. Ајнштајн у право бил кога се прашал „Аm i or the others crazy?“
     
    На Lepaaa, ilipili, Divinebutterfly и 42 други им се допаѓа ова.
  20. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    не се трпат повеќе овие училиштата. Мачење без логика :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.