[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Сдк денов е прекрасен. Сонце..но со заби. Лаже. Ако шеткате облечете се потопло.
    Нов член сум, сакам да ве поздравам сите, и очекувам дружби, дискусии.. одличен форум.
    Имајте убав ден :hug:
     
    На Ema.Sk, Lepaaa, Juicy03 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Вчера како мало дете се налутив сама на себе. И си ги изгасив сите профили од секаде, мислејќи дека ќе добијам малку мир и помалку глупави прашање и тормозење.
    Очигледно згрешив, луѓето сепак имаат мој број. Сепак се јавуваа. |(
    Затоа денес смирена, наспана, и оперирана од се што може понатака да следи, си ги вратив профилите.
    Кога ќе видат дека пораката е видена но одговорот не е вратен, ќе сфатат кај лежи зајчо.

    На масата седи кесичката која чека да биде вратена.
    А мене ме чека другарка.
    Имајте убав ден.
     
    На Lepaaa, ludoto19, Libera и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Ја з’к ако некој не ти го гледа сјајот во очите. И од радост и од тага. Луѓе што не те Гледаат, не ти требаат.

    Ова си мислев, и утрово во тој фазон се препрашувам и испитувам. Колку луѓето околу нас, навистина ни ја гледаат душата, ни го ѕиркаат вистинското Јас, тука се да подадат рака, срце, миг за нас, колку што ние за нив?
    И за да не ме заболи глава, си направив кафе, житарки и му пратив порака да се вклучи на скајп пред да одам на забар. Утрово ќе ми биде полно, агендата уште сега ми е закатанчена по часови. Попладнево сум во кинотека, па да ги исчистам точаците, па Наточак, па на промоција. Вечер ќе папсам, ама ако.
    Некако, кога ги правам работите што ги сакам, само тогаш си потврдувам дека сум жива.
    Светов е отиден во Хондурас, и се’ повеќе ми требаат Луѓе, само Луѓе. Да не ми фалат. Баба ми секогаш така викаше - и да немаш леб, Луѓе ако имаш, ќе се снајдете. Множината ги прави нештата полесни, поисправни. Но, денешницава дошла до џаде на заборав, отуѓеност, претенциозен индивидуализам и срам ако цениш некакви семејни, топли, човечни вредности. Кило хејт побрзо оди од кило љубов.
    Ме нервираат дечиштава што продаваат памет, а уште не ги здоболеле некои основни маки што животот ги носи. Не дека сум престарена, ама прле пред магаре не оди. Чекај животот сам да си истече, да донесе и врв и дно. Факт е дека се распаѓаат фактите, ако може да се каже тавтолошки сево ова.
    Сонцето грее за сите, ама за некои е само пречка и си ставаат наочари.
    Среда е, пробувам да си ги неутрализирам сите прашалници, ама не можам.

    Состанокот со издавачкава куќа помина супер, разговаравме за дизајнот, можните исправки, лектура и коректура, па нека светло ми почне денов. Утре одиме на ручек со другаркиве, сакам гушкање и наши муабети. Чекам да се вратиш, и да ме сочуваш уште посилна.
    Немам заклучоци денес, само прашања...
     
    На Lux, Lepaaa, Divinebutterfly и 17 други им се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Продолжение на авантурите на болните во Италија. Ме гребе грло, ме боли глава. Креветов голем ми е како гнезденце, сите ситнурии сум ги собрала околу него. Лаптоп, книги, марамчиња, апчиња, чаеви, шишиња вода. И за момент звучи глупаво, ама ми требаше боледување. Настинка е најубаво оправдување. Не е доволно сериозно за да трчаш по болници, но треба да се одлежи. Па да ја одлежиме.

    Ме дрма инспирација за пишување, па довршувам статии за некои списанија. Си прибирам идеи од пинтерест и го глава си ја дотерувам собата дома. Мачки, рецепти, убави градини и домови, абре цел ден можам да ги гледам. Алал им вера на оние кои имаат време и нерви да ги ставаат постојано.

    Утре или јас ќе научам нешто италијанско да готвам или цимерката ќе научи кифлички како се прават. Има ли име за кифлички на друг јазик? Не можат да го изговорат тука. Ми фали овчо сирење со нив ама ќе поминат и вака. Се расчитав за мекиците прееска и сега и тоа ми се јаде. Баба ми ќе биде ангажирана како никој во март.

    Си шмркнувам мали делови од животов и сфаќам дека се поубави од големи. Само кога ќе го сфатиме тоа. Вчера налетав на една изложба со слики од Дејвид Боуви, од концерти, приватни колекции и рандом моменти. Јас се смешкам, во галеријата се смешкаат што само јас се шетам низ трите соби. Шо убо.
     
    На anabel-a, Serafima, ludoto19 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    „На слепото пиле, Господ седалка му прави.„
    Колку е вистинит секој збор од оваа поговорка.

    Излегувам утрово надвор и што ќе видам. Едно малечко гугутче застанало на тенџерчето од ова ѕверчево наше и тажно гледа. Во очите му се гледаше толку тага. Кутрото си барало храна, ама не стигнало да најде. Кога го видов такво смрзнато, до срце ме повреди таа глетка. Го зедов во рацете и го симнав на подот, но ни ножињата повеќе не го држеа. Целото се нишаше. Го стегнав на гради и право дома. Го обвиткав со крпи, па веднаш шприц со млеко и си седнавме до топлото оганче. Можеби половина час го држев во рацете само да се стопли малку и да започне да реагира. Му кажував милни зборови зборував постојано, дека ќе оздрави, дека повторно ќе си лета со другарчињата, дека повторно ќе си го гледа небото, дека убаво ќе си живее и дека секогаш ќе му бидам другарка која ќе си го сака многу и ќе си се грижи за него. А тоа миличко кога ќе ми го слушнеше гласот се успокојуваше и ги затвораше очињата за спиење како да го разбираше секој збор. Душичка.
    Додека го преместував ме погледна со тоа малечките црни бисерчиња и ми гукна. Мислам дека срцето ми се стопли.
    Сеуште си спие и додека ги пишувам овие редови за него. Тоа си е покрај мене и си се дружиме двајцата. Размислував да му ставам едно ланче кое ќе си го носи додека е живо. Тоа ланче ќе биде круна на нашето пријателство.
    Толку сум радосна, што тоа душиче Бог ни го испрати да се погрижиме за него и да живее :angel:.

     

    Прикачени фајлови:

    • Picture 655.jpg
      Picture 655.jpg
      Големина на фајлот:
      205,5 KB
      Прегледи:
      448
    На sweet-star, Fearless, Lux и 43 други им се допаѓа ова.
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Често кога пијам нес со цевката ја собирам цела пена и ја лижам. Многу ми е интересна. Всушност и заради пената може го засакав овој вид кафе. Како мала тоа го правев и со пивото. Ќе си ставеше мајка ми пиво, а јас ја шмркав пената. Интересно ми е бе и немојте да си помислите дека тука има некакви dirty mind знаци. Може па и има? Ај да престанам да се правам премногу скромно и културно битие.
    Сонував бемка, според соновникот на фемина ќе чујам лоши вести. Ма јас се навикнав на тоа. И затоа сакам промена. Ајде нек ме дрмнат малку тие добрите вести. :angel:
    Моето куче секогаш кога ќе ме види како се бакнувам со брадосаниот и тој сака. Се качува врз нас и се гали, па го лиже за брадата оној мојот. Абе чудо е. - Муј бонитос моментос -
    А вчера гледав клип каде што кучето зборуваше. Абе со иста интонација завиваше како што луѓето му зборуваа. Злато. Всушност не го гледав туку само го слушав додека миев садови. Ама шта чеш.
    Отсекогаш се чудев зошто мајка ми ретко ми даваше да мијам садови. Дали жената сакаше да ме заштити од тоа уште од мала да започнам со тоа? Ама чудна ми беше.
    Atonement, колку и да ја посакуваш среќата и љубовта, колку и да си добар и колку и да чекаш, на крајот остануваш само со своите имагинарни мисли. На крајот, откако убаво ќе те зафркнат оние кои сакаат да си поиграат со тебе, остануваш со спомените кои вистински траеле нешто повеќе од еден ден. А ти останува да се надеваш дека во некоја друга димензија ќе ја продолжиш твојата среќна приказна, која во претходната била само неостварена имагинација. Па затоа уживајте во тој нешто повеќе од еден ден.
     
    На Juicy03, anabel-a, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Како некое мало девојче си се радувам :party: :D
     

    Прикачени фајлови:

    На butterfly33, Agrona, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Не знам зошто,ама секогаш кога сакам да си го средам животот прво почнувам од собата и станот. Чистам,преместувам,фрлам ѓубре. Знаете она кога еден брод плови предолго на него се нафаќаат еден куп школки ,па го укотвуваат во слатка вода и го чистат,за да може да продолжи со пловидбата не оптеретен од тоа што се наталожило на него со текот на времето. Така и јас. Прво чистење на домот ,па на плакарот,па средување на себе си,мал шопинг и време поминато со најмилите. Тоа е тоа што ме опоравува најмногу. Овие денови морам фантастично да ги искористам. И знам дека така ќе биде.

    Имајте убав ден и дајте си оддишка,одмор и `исчистете`ги школките што се наталожиле и на вашите срца. :*
     
    На Juicy03, anabel-a, AwesomeGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Верувам дека секој од нас нели сме способни да сакаме некого , да си ги сакаме едноставно луѓето околу нас, во нашиот круг. И моментот кога нели сме способни и светот да го превртиме за нив, па иде и моментот кога онака ке замижиме на некоја раб која нели не повредила ама ајде сепак било кажано/сторено несвесно , нели ...
    А што кога истото тоа пак и пак се случи ?
    Што кога зборовите од таква нели блиска личност пак те удираат у лице и после иде објаснување дека нели е зафрканција а ти више стаписан/а ко прегорена се осеќаш м? Што после ? Има назад ? Може назад ?

    Скрши вазна де па пак состави ја ајде ајде да те видам ... :^)

    Има луѓе разлика од зафрканција до зафрканција, ама има и муабети кои НЕ СМЕАТ да се стават под овој поим, и неможат да се стават.

    А ја у себе и се осеќам више скршено, едноставно се скрши нешто у мене... Јбг ми треба време , којзнае уствари што ми треба. Ама битно сакам вака да остане да се дистанцирам да се издигнам пак.

    Поздрав
    [​IMG]
     
    На Serafima, Libera, Angy.g и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Пресрекна сум. :) :inlove:

    Денес е прекрасен ден.Прекрасен е многу мал збор за да се опише.Денес и е роденден на мојата најмила класна што ја сакам премногу,како втора мајка ми е. :) Таа е супер жена,жена за пример.А и ние сме супер одделение што многу ја сакаме и и направивме едно гоолемо изненадување.

    Се беше убаво,а класната се воодушеви,се расплака.
    И купивме прекрасна торта во облик на срце со ружи,ланче и обетки,црвени.И едно бело платно на кое што пишуваше среќен роденден наставничке,а од другата страна имињата на секој од одделението.Би сакала и во средно да имам таква класна,небитно по кој предмет ке предава.

    Премногу сакам изненадувања да приредувам,премногу сакам сите да се среќни. :)
     
    На Serafima, Libera, Stoimenovska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Тие што ме оставија за една грешка, тие само ја чекале таа грешка.
     
    На Lepaaa, Divinebutterfly, Juicy03 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Понекогаш по малку се демотивирам..ама ми поминува, човек на се се навикнува, па дури и кога ми е тешко секогаш има нешто што може да ме насмее.
    И сега официјално не униформираа, иако јас не верував
    И за крај да споделам една екстра феминистичка мисла " Послабиот пол е посилен пол поради слабоста на посилниот пол кон послабиот пол" епа девојки искористете ја таа слабост.
     
  13. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    362
    [​IMG]
    Симболот на животот, кругот го претставува почетокот и завршетокот на живото вертиката е среќата а хоризонталата тагата.
    Симболот на сонцето, келтски крст,навахо симбол за изгрејсонцето,некој ја нарекуваат и розета на животот.
    Врти го како сакаш едно те исто е, се провлекува низ целото постоење на човештвото( можеби не баш толку но тука е) јас се си мислам дека тој што го осмислил симболов не сакал да тера филозофии.
    Едноставно сакал да каже - Животот е тркало, денес си горе утре си доле. Дотука бива.
    Да се надоврзам на текстов од погоре да не испадне дека штракам на празно, некој да не си помислти што и е на оваа Дебиштево.
    Одредени луѓе забораваат од кај потекнуваат кој им биле нивни предци од кај се дојдени и кој ги донел овде, па се дрзнуваат да се постават над сите други.
    Деедоти бил сточар, немал вода во очи месо јаделе еднаш годишно и се бањале за велигден и божиќ ( евентуално пред куќната или селската слава ) така ќе останело уште долгоооооо можеби и до денес ако по некоја случајност не била втората светска војна
    На чело на тогшната држава застанал паметен човек кој му овозможил на твојот татко да се школува, го симнал од планина завршил средно одслужил војска се вработил , ја запознал мајкати те родиле тебе и твојте браќа и сестри.
    Татко ти е ништо повеќе од селанец кој што имал среќа да има подобра иднина, која нај случајно за време на транзицијата бил на позиција директор и ја ограбил фабриката која што сите заеднички ја граделе.
    Не не можеш ти да ми кажеш дека си плава крв не си ни блиску до тоа, тињата која што ти тече низ вените е црна. Уште многу генерции ќе поминат додека да почне да посинува ВЕРУВАЈ .
    Живото е тркало денес си горе помеѓу ангелите утре си долу во калта со свињите, епа татино/мамино ајде ќе те видам утре при првата поголема неприлика како ќе се извадиш ти од калта, а јас само ќе седам од страна и ќе фаќам прибелешки ( можеби и по некоја фотографија да стегнам ) е од како се ќе помине и од како ќе се извлечеш или уште повеќе се укопаш , тогаш со најголема насмевка ќе дојдам и ќе ти кажам зошто не ми кажа порано знаеш дека секогаш сум тука за да ти помогнам.
    Но со таков цинизам и иронија има да ти се иде да ми го извадиш гркланот со два прста, ќе ликувам пред тебе ти се колнам.И нај добронамерно ќе ти предложам да се симнеш во подрумот и да ги побараш опинците кој што ги скрил таткоти. ( Да се рабереме селаните ги почитувам ама СЕЉАЧАНА не поднесувам )
    Може сум злобна но некој луѓе дефинитино лекциите мораат да ги научат на потешкиот начин, ако јас пак ќе бидам наивната глупата онаа која што секој може да ја излаже на секого што би му помогнала и би му подала рака кога му треба помош, не барам ништо за возврат а знам дека од толку личности на кој некако сум помогнала барем една или две ќе пружат рака кога мене ќе ми треба, а ќе видиме тебе кој ќе ти подаде рака кога ќе се давиш.
    Со насмевка,лижење,упикување ќе се извадиш еднаш/два/три пати не можеш со лажна насмевка и медени зборови (кој што горчат) секогаш да се вадиш од го***
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    101.566
    Пол:
    Женски
    Верувате дека во животот добро,со добро се враќа?

    Мислам дека е тоа чисто масовно замлатување на луѓето кога видат дека од некоја ситуација немаат излез,и ќе бидат оштетени или повредени,за полесно да ја пребродат таа акутна болка,сметаат дека секој ќе добие по заслуга, а на нив добрината со камата ќе врати.

    Животот во 99% случаи ја демантира оваа умствена творба.


    [​IMG]
     
    На kravce, Divinebutterfly, Lov3 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Велат,колку си помал,толку поголеми желби имаш.
    Сигурна сум дека спаѓам во оние возрасни кои сеуште веруваат во чуда,во својата фантазија,и пред се,во своите желби.
    Нешто си принтав,нешто си исеков од списание,и да,на 22 и кусур години богами,си направив Dream Board.
    Прво ми е - Да го пропатувам светот. Ајфеловата кула,биг бен,статуата на слободата,кинескиот зид,и доста плажички,Куба,Тајланд,бакнување со делфинчиња и хранење на малечки лавчиња со цуцла.
    Второ - Дечиња,играчки,слики од големи,убави мешиња.
    Трето - Срциња во секоја боја и форма,слики од најмилите,членовите на семејството,драгите пријатели,и едно место се чува нели,за тој посебниот.
    Како само ми ја краси собичката,па секому му е дозволено да има желби :)
     
    На kravce, Divinebutterfly, anabel-a и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Зашто сум таков паничар, зашто? Параноична... груба и сурова према луѓето околу мене, се осеќам ко да ги повредувам, ко да преферирам да ги повредам нив, наместо гордоста и егото... а нејќам, за секакви глупости им назборувам. Каква е оваа негативна енергија, нека си оди од мене!!!
     
  17. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Можам да и љубоморам на Адриана Лима на телото, ама може и она мене на сите изедени пици и сендвичи.....
    Поздрав до сите кои сонуваат за тело како на Адријана :*
     
  18. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Пред неколку години..другарка ми ми раскажуваше во солзи за загубата на нејзиното маче. Не ја сфаќав таа љубов..и мислев никогаш нема да ја сфатам, се до тој ден кога во нашиот дом дојде мало, беспомошно маче кое што го засакав со сето срце и душа. После една година роди мали маченца. Две дадовме и едно за нас, најбелото. :inlove: . Тие две станаа дел од нашето семејство, дел од нашите животи. Од дворот надвор нигде не одат. Денес.. ;( баба ми кажа дека белото маченце..кое за 20 дена ќе наполнеше 1 годинка исчезнало. ;( Го нема да се врати дома (сигурно е отруено или задавено од страна на други мачки). Толку многу бeв приврзана за него, секое утре ме чекаше пред врата и ми посакуваше добро утро со неговите слатки очиња :worried: . Многу го сакав..и ќе го сакам. Солзи ми течат сега додека ова го пишувам...неможам да се воздржам. Конечно ја сфатив таа љубов...љубов спрема животните. Оној кој не ги сака...НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА СФАТИ ОВАА ЉУБОВ.
     

    Прикачени фајлови:

    На bluegirl7, kravce, Divinebutterfly и 11 други им се допаѓа ова.
  19. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    СДк дека ептен ама ептен ми е досадно.Значи деновиве не правам ништо корисно освен што станувам во 12h ќе потсредам дома и скапувам пред компјутер.Ми се здосади више.Одвај чекам да почне втор семестар па да почнам да учам.И книгите што ги имав ги исчитав,и не ми се излага од дома да прошетам и јас не знам што ми се прави..
     
  20. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Како ни направија со ова одложувањево да не знаеш кој ден треба да одиш и од колку саат. Па ако отидеш за џабе си отишол нели одложено е. Можда и денес ќе е но проблемо..и така. Ме нервира студов ама многу, јануари си заминува февруари доаѓа и едвај чекам и март да дојде :lol: Оп се стоплии си ја вадам кожната јакничка, наочарите и весела за цел живот.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.