[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК се е минливо во животот, па дури и ние.
    Некогаш и нема потреба од зборови, кои можат да бидат не доволни за да се каже или објасни, како и да е.Не може човек да има контрола над нештата, колку и да сака, а ако мисли дека може, тогаш дефинитивно се лаже, ако пак за тоа се убедува во себе си, причината е не прифаќање.
    Живот, некогаш убав и згоден, некогаш неубав и незгоден.

    Блокада на мозокот, сакам кажам, незнам речам :D :worried:
     
    На Serafima, anabel-a, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    ... обична приказна за тоа како се роди стереотипот и осудата...
    На фитнес доаѓа со јако исцртана туш линија, 16 грама римел и обетки кругови колку просечна глава на новороденче.
    Хелоу Џени фром д блок ! |( Прекрасна си, ајде рашетај си ги уште малку трењерките со цирконски натпис sexy на газето помеѓу сите маалски јебо нафурани билдерчиња (зашто стварно нели треба да им се остави впечаток) :D , и остави на нас, обичните смртни прасенца да се потиме.
    Ти си предобра за ова место малечка, и премногу кул и фенси.
    Чаоска!
    |(

    Пример бр. 2.
    Мислела дека коктел-забава е забава на која се пијат само коктели!?
    :^)
    Душааа... како да не ја погалиш по главчето? Ама ајде кажете - како? :D
    И после некој ќе ми рече - злобна си, осудуваш.
    Да, осудувам.
    Со полно и легитимно право.

    Значи глупоста не` гризе буквално отсекаде, и во секоја сфера.
    Ми пречи, ме лути, ме ужаснува.
    Ме депримира и разорува.
    А немам повеќе сили да се докажувам и расправам.
    Ме убедува дека читала исклучиво книги на англиски, а Twilight ми го изговара како Твилајт?
    Кого лажеш? Зошто лажеш?
    Пробувам да не ти го осудам глупиот вкус за литература, и таман добро ми тргна, слушам Твилајт.
    :D

    Не дека не се потребни приглупи луѓенца на светот.
    Си требаат, си имаат и тие црпки соодветна намена.
    Ама зошто секогаш ми се вртат во близина?
    Зошто за промена не можам да налетам на умни луѓе, од кои ќе научам нешто, ќе ме воодушеват и восхитат и ќе се засрамам на кратко, ама воедно ќе се радувам и ќе се почувствувам фино. Зашто ете, не сум го знаела тоа.
    Ама сум го научила. Некој ми го кажал и сум горда што ја познавам таа личност.

    Каде се тие луѓе?
     
    На sweet-cherry, SparkyAngel, Buttterfly и 43 други им се допаѓа ова.
  3. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Фала ви на сите кои сте ми честитале роденден но утре ми е :D :)
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Мм дефинитивно некој ден ќе ми забрани да се уклучувам на фемина :lol: мислам не е нормално во 5 саат сабајле да читаш и да се смееш на цел глас, не си легнувам веќе толку рано па може ќе се спаси од моето смеење во раноутринските часови а ако ми се буни ќе почнам да драматизирам како не ме сака и сака да бидам тажна а не среќна :rofl:

    Инаку во однос на постот на најубавата не можеш никако да им погодиш на луѓето, викендов се искинав од смеење баш во однос на тоа колку се ненормални луѓево.
    Едни познаници на татко ми беа на гости кај него и кога дојдов јас, жената ми вика:
    Ауууу машала колку пораснал малиот, ајде сега време ви е за второ |(
    Јас се смешкам и викам да, да ќе биде, нели немам потреба на секого да кажувам дали сум или не сум бремена.
    Го вика син ми и му дава пари и му вика еве да си купиш братче или сестриче, тиквава моја зелена и ги фрла парите и и вика имаме :D
    Таа се врти накај мене и ми вика:
    Ааааа ај честито ново со една кисела фаца небаре сум и ја заклала мајката и ми вика а нема да ти е мала разликата, тешко е многу со две мали деца |(
    И ај сега најди и го крајот, пред една минута ми вика време е за второ а после мала ќе била разликата, никако не можеш да и погодиш, јас си се изнасмеав и кажав ако имам потреба ќе ја викнам да ми ги чува децата исто како сега што ми го чува малиот ]:)

    Си уживам во последните безгрижни денови се решив да одам на работа малку пред да се затворам дома и со второто, доста е скоро 2 години одмор, од понеделник на работа почнувам.

    Поплавите и пожарите ни се нормални работи тука ама последните поплави во Квинсленд го изненади едно градче со огромна пена парти а и еден шлакнат кој не бира во какви услови ќе вози :o

    http://www.youtube.com/watch?v=lMlOQFz-VkM
     
    На Hipster, Annath, Serafima и 28 други им се допаѓа ова.
  5. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Дали сте приметиле...?
    Бившите ќе се сетат дека дишете нa овој свет кога ќе сфатат дека сте среќни без нив.И тогаш ќе затропаат на врата,и бараат уште една шанса,да биде како порано.Со кое право ?
    :envy:
     
  6. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Леле ова попусти ме уништија :rofl: Страшно..како човек се лаже.Као,еј евтино,овде 400 онде 500,овде 300 и се такви некои цени,и си викаш еее џабе!! Аха!! Оп,додека се свртиш без динар си останал...отидоа сите парички...Али затоа кога стигнува нова роба у нова сезона ,нигде ме нема,... си чекам ја попусти :lol:




    ^ trendafilka Секоја чест !!! До утре ке се смеам!!!
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    СДК се мислам дали да се ставам "single" или "it's complicated" :^)
     
  8. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Сакам да кажам... ме немаше долго време, но сватив дека нема што да се прави ако не е фемина затоа пофторно се активирам на форумов.. поздрав феминки :D :*
     
  9. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Секогаш има некоја будала што ќе ти го расипе денот, секогаш...
     
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.482
    Допаѓања:
    183.783
    Пол:
    Женски
    СДК....
    ..дека мене ова често ај да не речам и пречесто ми се дешава и коа нема попусти.. ама се деси и денеска, за време на попустиве значи!! Редовно коа ќе ме собере некоја другарка за да си купи таа нешто, најчесто ја сум таа шо си купила :$
    Денеска на пример, муабетот беше да шетаме само, арно ама ние подлегнавме на искушението прво пред кафулето кај шо редовно си идеме... е жени де :D бевме се измориле од дома до таму (нема ни 10 мин. се на се иначе..), па фино лепо си седнавме на кафица :D кафето ни даде вероВатно енергија за да ги поминеме бутиците со ред :$ :rofl: и така отидоа парите.... за ќутек сум некогаш, не викам не, ама шо да праам, коа ќе влезам во продавница мозоков веќе не ми функционира нормално :D
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... се плашам од тоа дека луѓето еволуираат во роботи без душа. Возрасните се преокупирани со обврските на работа, забораваат што е семејна љубов, како е да седнеш на иста трпеза со децата и партнерот и да ручаш. Младите следат некои очајни американски трендови. Мразам да го дишам истиот воздух со пичондри чија главна цел во живото е да бидат певаљки на Пинк.
    Сакам луѓе, а не машини.
     
    На sweet-cherry, Buttterfly, Monna.Monna и 17 други им се допаѓа ова.
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Правев 3 саата семинарска за производство на чоколадо и уште од првиот процес на производството уште кога чоколадото е зрно какао, ми течат лиги. Буквално подголтнувам плунки, а дома ништо благо ММЕ |( Мајка ми примети, и вика еве ти 100 денари купи си чоколадо, доста го гледаш на компјутер. ^_^ Не сум голем обожавател на чоколадо, би избрала радо чипс, ама ета вака на месец два, ме фаќаат тачките и ми се јаде чоколадо како што на трудна жена и се јаде лубеница на сред зима. :wasntme: Ох. :worried:

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, Serafima, Annie.mk1 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Секогаш има некоја будала што ќе го дозволи тоа...
     
    На Monna.Monna, Micheleljubov, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  14. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Why can't life be like fairy tales? A happy ending would be nice every once in a while.
     
    На teddybear и crazylady им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Ме боли глава и ми се јаде чоколадо.
    Дупли рак пред добивање.
    Постпразнично излежавање и депримирање по дома.

    Сите ги мразам веќе подолг период. :rofl:

    Почнав да гледам телевизија. Обично гледам Дискавери или Да Винчи Лрнинг или Хистори или 24Кичен, а во последно време почнав со Травел енд ливинг и Е! каналчето, да сум во тек со најновите трачеви на светската естрада. Од една страна сум толку длабока и промислена со каналиве :D , а од друга страна како најголема глупача седам и гледам како 40 годишна жена крие од семејството дека е бремена. Нема веза, нема типката пари, мажот и оди во затвор трипати годишно, веќе има три деца и пак е трудна. Абе браво. Мада што пробувам да имам фри-чојс полиса, не можам, апла се глупи луѓево.

    Кај ми беше муабетов... :!:

    Некако се влечкам деновиве, ме мрзи да пишувам, ме мрзи да читам, скролам долги филозофии, не читам вести на интернет и избегавам секакви информации од надворешниот свет... Си седам со мојот плиткоумен телевизор и чик литература со (ама ептен) лош превод, јао брате, варам чај во едно тенџерче и се лигавам, си каснувам секакво јадење со еден лут томато сос и то. :D Открив дека тоа блоковите чоколадо од Агроплод уопште не се лоши а се многу блиску до задоволството кое го носи сркањето еурокрем. Моментот што просекот по првиот семестар е ист со ланскиот ми покажува дека животот можеш да си го наредиш и со помала мака... па така ќе терам отсега.

    Деновиве само сакам да си ги минам со баба и со дедо. И моите дома кога им се прави муабет. Утре пак ќе им одам цел ден на гости, и си уживам во времето поминато со нив. Решив дека и наредната недела ќе си одмарам дома, здравје од 11, психички се спремам и хир ај кам хир ај гоу. Шта се мора, мора се.

    Дотогаш, капата настрана и на сркање еурокрем. (Лажам, нема, ми го исркаа веќе) ]:)
     
    На sweet-cherry, Mrs.Bass, Buttterfly и 28 други им се допаѓа ова.
  16. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Денеска прошетка со рандом луѓенца дојдени од различни краеви на светот.

    Не ми се веруваше кога се разбудив и ме дочека црна темница надвор, а веќе имаше заминато 7 часот.
    Бев готова да се вратам во креветот и да им откажам, ама се жртвував и се исплатеше.
    Воглавно убаво поминат ден, немаше потреба да се напрегам на некого да му се допаднам, да размислувам што да кажам следно и да избегнувам awkward ситуации.. Се одеше природно, се чувствував како да ги знам цел живот и се изненадив од тоа колку се топли и спремни да ти помогнат..

    Посетивме неколку предобри музеи, фабрика за чоколадо, и на крај ручече во индиски ресторан.
    Успат заглавивме во неколку музички продавници, со огромен избор на цедеа, плочи, постери и знамиња.
    Сфатив дека покрај купување книги, имам страшна пасија за купување цедеа и плочи и тие ќе имаат почесно место во мојата идна огромна библиотека. Си купив неколку дела од Моцарт, Бах, Вивалди и Шопен.

    И на крај, изморена и накисната од дождот фатив воз.. И ми пријде една девојка, со торба преку рамото, интересно потшишана коса и стил и ме праша за една станица. Дознав дека е од Полска и дека е дојдена само на два дена, за да учествува на некоја аудиција за танцување. Ми дојде како сцена од филм, девојка која дошла во големиот град за да си го оствари својот сон.

    Кога ги гледав таквите филмови и јас посакував да можам да заминам на некое место, да почнам нешто ново и да се борам за моите соништа... So I guess, here I am ...
     
    На sweet-cherry, bittersweet, Monna.Monna и 12 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.077
    Јас и тој имаме една посебна слика.

    Чуства, сеќавања и насмевки повторно и повторно се будат во мене кога ќе ја погледнам.
    Ниту една од илјадниците слики кои ги направивме потоа не можат да ја заменат.

    Со состојба сум со саати да зјапам во нејзе и да не изустам ниту збор, ја упивам во себе.
    Како некоја книга која кога ќе ја зедеш не ти дава да ја испуштиш од раце , те хипнитизира и те опседнува. Но без разлика колку е долга приказната, знам дека на крајот повторно и повторно ќе дојдат празните страници кои чекаат да бидат испишани во иднина.
    Тие празни листови ми говорат дека ја гледам нашата иднина, ја гледам нашата способност и храброст да ја презедеме приказната во свои раце и заеднички да го пишуваме секое наредно поглавје.

    Во нејзе го гледам нашето минато и нашата иднина.
    Само една слика меѓу купчето, но со толку посебно значење за мене.

    Тие плави очи кои така длабоко гледаат во камерата додека јас се убидувам да му дадам бакнеж на образот.
    Тој поглед во неговите очи беше повреден од милион зборови кои предходно некој ги имал изговорено, но кај мене не пробудил ниту делче од чуствата кои ги измами тој поглед.

    Стопати сум ја ставила kако профил фото.
    Без разлика колку добри слики сум извадила, на оваа секогаш и се навраќам повторно и повторно.

    Денов беше исполнет со многу емоции и сеќавања.
    А јас ....
    Чуствувам како силно ми бие срцето за него додека ја наведнувам главата на неговите гради и го чуствувам отчукувањето на неговото.

    Го чуствувам во себе.
    Во срцето, во главата, во струењето на крвта :l:
     
    На Lux, bittersweet, Monna.Monna и 24 други им се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам сама да сум остајте ме сите раат, не ве поднесувам... ужасни сте. Одвратни. Не сакам да ве гледам.
     
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Абе,зошто на секое ми се допаѓа,ме носи на наредна страница? Се скапав враќање назад :D
    Реков ќе ве читам сите од каде што застанав.

    Ејјј долго го чекав ова,мир во судницата,ова деее,фемина :D Мило ми е да гледам дека сите се поткрепувате.Па секој има успеси и падови,убаво е да ги делиме чувствата,место да се напаѓаме и секој да гледа за себе и да се брани и да има штит околу себе.Аууу од каде па таа определба ако покажуваш чувства си патетичен? :^) Зарем овде не кажува секој што му лежи на душата? Па ова е она место кај што сеуште можам да се искажам без некој да ме обвинува и критикува.А и нека проба да го направи,ако има некој кој никогаш тоа истото не го правел.Сите сме цмиздреле овде,сме тажеле,сме се радувале,сме биле со изгубена самодоверба и слично,ама секогаш некој ќе се најдел да ми ја дигни главата и да кажи немој,заради тоа и тоа...Јас искрено многу си го сакам форумов.Ме откриле,не ме откриле,пак ќе пишувам.Ко синкир не ме знаат многу досега.Па и да ме знаат,таа сум,не се кријам под некоја си маска.

    Второ,греота е да се пожалиме оваа зима од студ. Па жими два пати што заврна снег. Ами да беше како минатата? Е тогаш ќе си го добиевме. Не дека не е ладно,ама се издржува.

    Трето,Марамке и јас го имам проживеано истото со Рекорд,мислам дека можам да замислам како ти било :D Баш ми е мило што доживуваш убави емоции.И патем ме потсеќаш на другарка ми,незнам,незнам и со тоа незнам сега стигна до свадба :D

    Четврто,другарки...Па има и такви кои навистина ме ценат,се сообразуваат со мене,делат се со мене,ме третираат ко што треба и се тука и за да ми помогнат,а има и такви кои мислев дека ми се другарки.Кога треба да помогнат и да ти направат и тие тебе услуга ги снемува.Толку ли беше тешко за 20 минутна работа да ме одбијат и да се извадат,бидејќи немаше како јас од Мк да ја средам? Ама ок,ќе памтам кој се покажал како прав пријател,а кој не и како некој што постапил со мене,така и јас со нив.
    За разлика од денешниве,кои и ден денес ме викаат да се најдеме,да се собериме,да пиеме по едно кафе или да јадиме некаде,па да се посмееме и олесниме душичката,а и да ми требало нешто секогаш правеле се. Денес значи,ме заболе стомакот и од јадење и од смеење :D Ни текнуваа разни ситуации од средно,кај сме оделе,како било,со кој,каде,колку беше поубаво и интересно,секогаш имавме што да правиме и ништо не не спречуваше да излезиме,ни дожд,ни снег,секогаш ни беше интересно.Си ги сакам најмногу :) Така одамна се немав насмеано од срце,а и секогаш со нив мора да се изнасмееме,не поминува гледање без тој елемент.Затоа ги сакам тие женски излегувања.Оние од Сексот и градот можат да ни позавидат,ние одамна сме го имале тоа :D
    Епа затоа после неможам да ве сватам како тоа не ви се оди на училиште,досадно ви е и незнам што.Па јас би одела уште 2-3 пати да ме пуштат :D Тогаш се најубавите спомени,најубавите случки,најголемите лудости и секогаш е интересно.Мене ми беше досадно кога не одев,а не кога одев.Макар што беше напорно.Ама затоа имам другарки за цел живот и спомени за цел живот.

    Петто,мора ли на секое да рекламираат секси шоп Валијант,па и деца слушаат радио да му се сневиди,по цел тен тоа па тоа,ко синкир тоа е најважно,ете на тоа треба да се учат,а? И после младината се расипала...Па кога им е достапна насекаде сексуална содржина,како нема да биди тоа така? Порано имало некоја граница. А и што,ко демек сексуалниот живот нема да ви е интересен ако не си купите играчка,псссс...(сега ја слушнав пак,па морав да искоментирам)

    Шесто,кафето...лошо е кога претеруваме,ама факултетот без кафе незнам како ќе го завршев.Едно време,во најтешките сесии пиев по 5-6 на ден.Па и пак не ми беше лошо.Ги дочекував и утрата понекогаш,ама барем имаше резултат,си ги положив испитите.Ете тогаш ми беше најтешкиот период,ама затоа па сега со насмевка се сеќавам на тоа и ќе ми недостига.Ќе ми недостигаат и кафињата со колешките,кога сите после факултет ќе се соберевме или па во паузите меѓу предавањата кога мораше да чекаме по 2-3 часа па седевме во кафетеријата на факултетот : ) Убави спомени имам.А и домот таму нема да си го заборавам и кафињата со цимерките кога се расонувавме па учевме заедно.Воглавно убави времиња :D A кафето секаде ме следело...Сега,си го пијам за да се освестам насабајле,а и од послабото,она од ѓезве онака за мерак, со мајка ми и татко ми.Вие како си сакате така пијте го,но сепак,уживајте во него : )

    Седмо,убаво е кога знаеш дека веќе можеш и сама да заработуваш,се да средуваш,дека животот ќе ти се среди и ќе тргни во некој правец,па да се надеваме дека тоа ќе е оној најдобриот.Всушност и сами си го одредуваме патот,па јас мислам да продолжам по овој мојов,тежок е,ама е чесен и се што сум направила,сум направила сам и сум успеала.Она што е мое ќе си дојди,ќе го добијам она што ми припаѓа.Сум се борела одсекогаш,ќе се борам и понатаму.

    Па имам уште многу работи да кажам,но нешто ќе оставам за нареден пост бидејќи и онака се изнапишав,а и ми се приспива веќе...А да,осмо,почнада ми се спие во 11 хахаха,од ко бев во Бугарија,ми се смена ритамот и поубаво ми е вака бидејќи и порано станувам и си го фаќам денот.А и секако треба да се навикнам вака. А сега ви посакувам добра ноќ и се читаме пак од утре.
     
    На Monna.Monna, ilipili, Serafima и 9 други им се допаѓа ова.
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Кога те прашаат што е ново, а речеш ништо, често луѓево сметаат ех, која монотонија и е и едноличност, без да размислат колку понекогаш е подобра таа некоја си константа на ништо...
     
    На sweet-cherry, AwesomeGirl, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.