Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека форумчево ми е некако празно и чудно.
    Ако сте отишле кај Аца Погледни Газ на концерт ќе си насадам крушка во саксија, ќе ја чекам да порасне и на неа ќе се обесам. :(
     
    На Cynthia, funkygirl, Shana и 24 други им се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Денеска е Ацал Лукас концерт 1 дел. Некај Нова година ќе има концерт бр. 2 во Кавадарци, ако не се лажам.

    :fubar: Оди, обеси се море.
     
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Многу сте неактивни во темата ваша поезија и проза... ајде распишувајте постирај те..сакам да ве читам.

    Туку денес Малме ме обви со целиот студ, премрзнав. Ветрот е толку силен, ниту капи, ниту шалови ме спасија. Се бев скрила како желка.

    Во весникот излегоа првите мои фотографии,убаво е да го држиш делото во раце. Ме поздравија дека сум квалитетна. Денес пак сликав во нидено време ме испратија во театар, не дека разбрав нешто ама убо ми беше да пробам да доживеам според сценографија некои нивни времиња, инаку глумците беа тапа, морам да признам немаше душа во тоа што го првеа освен една девојка.

    Љубово ми напишал поема и ми ја прати заљубен он, ама имам чувство дека далечинава почна да си го прави своето.

    Море денес бев жена си купив винтаж кондури, леле им се радувам одамна ме немаат раздрмано чевли така, освен ташни и марами..

    Ми фали се, ми фали таа, не можам да ја добијам деновиве мака ме фаќа.. Ми фалат другарите, ми фали сестра ми, мајка ми.. ах..

    Ноќва пак ќе биде со средување фотографии и мартонско гледање филмови..

    Имајте убава вечер..
     
    На ines.h, stylishh, BeYourself и 8 други им се допаѓа ова.
  4. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Денес ми беше фин денот, во глобала. Продуктивен што е многу битно :)
    Манијачки, мислам ништо ново, како секогаш.
    Ладен, со топли спомени кои ги вртевме низ маало со маалска другарка. Повторно се слушна смеење по улици :) Се исполнив.

    Од една страна се‘ ми се уништува, а од друга страна повторно се раѓам. Да најдам НЗС - не сакам, убаво ми е вака. Неспособно способна тоа е, да се ставам под наметката на Диоген, а да знам дека е залудно, и тоа не сакам. Ќе се насочиме кон таа убавата страна, млади сме да паѓаме в депресии.

    Мило ми е што не сум патетична, што сум среќна и со многу малце, што туркам и кога ми е најтешко. Некои би рекле маска, јас би рекла сила. Без ниедна ронка глума. Впрочем, не би знаела да се снајдам во некаква актерска улога. И не знам од каде ја собирам, не мора да знам, се‘ додека ја поседувам, и е покрај мене. Ќе биде подобро, мора да биде.


    П.С. Предноста кога имаш шашаво куче, е што можеш да запознаеш тип со истотака шашаво куче. И тоа згоден тип. :)
     
    На zhap4e, ljubam и Monroe им се допаѓа ова.
  5. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Хеј фамилиo!
    Така ќе ве викам, фемина фамилија :wasntme:
    Ми се погодија зборчињава на ф периодов (може и некој Филип ќе си најдам) :rofl:
    Ај сега да ви се пофалам, пак на Ф - Фалбаџика :tmi:


    Ви текнува на оние две ангелчиња за кои зборував, епа дедо мраз подранил и денес ги донесе на овој свет :D Ах немате претстава колку се радував, првпат да не се лутам што некој рано наутро ќе ме разбуди со порака. Ја препрочитав 5 пати и се освестив дури по 10 минути, мила таа веднаш штом и поминало дејството на анестезијата ми пиша дека станала мамичка :inlove: И се јавив и од возбуда незнаев што да и кажам, само честитав и ја оставив да зборува и да ми раскажува :D

    Денес цел ден се фалам, на кој стигнам :rofl:
    Тетка Г - како фино ќе звучи од тие две ѕверчиња во хор кога ќе кажуваат 8)

    Ах да не заборавам како една другарка благослов што кажа, да бидат живи и здрави и секогаш да им бидат прави :rofl: Мажиња мали ;)
     
    На Gordana10, Miss-Independent, ines.h и 23 други им се допаѓа ова.
  6. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    22.875
    Пол:
    Женски
    Да, на 24ти мислам, во салата Јасмин ќе пее. Цена на картите е 350-400 ден некаде. :puke:
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам дека ако постои мерач на човечката среќа ... мојот вечерва ќе експлодираше.
    Доволно е само да кажам дека сум пресреќна. Најсреќна ...
    До небото и назад ...
    А исто толку и го сакам ... можеби малку повеќе ...
    :f:
     
    На kate21, Miss-Independent, ines.h и 14 други им се допаѓа ова.
  8. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Its facebook not diarybook!
     
    На Chocoholic му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    10 Декември ..21 ден останва, Ме фати новогодишна еуфорија и то многу. :$
    Знам дека е рано, ама ние веќе знајме кај ќе одиме, шо ќе прајме како ќе прајме, ниедна нова година, ја немам чекано толку, колку оваја. Нестрплива сум. :wasntme:
    Го мразам времево, мразам палта, чизми, мразам снег...Отии?? Ај нека помини оти ептен го нејќам. |(
    Ладно ми е, не можам да се стоплам, не си ги осеќам рацете, ќе се напијам топло чајче. :wasntme:
    Имам најлудо друштво, јадење, смеење ненормално, присеќавање на се она шо се дешаваше
    Охрид-летото, ех колку ми фалат тие времиња, колку ми фали летото. :doh:
    Ми фали и тој, да ме гушни на ова преладно време и да си бидиме заедно под едно топло ќебе и да си гледаме филм Гушнати, си имам работа со животно неразбрано-ова од другарка ми :lol:
    Ми фалишшшшшшшш ненормално многууу не можам да се помирам со оваја ситуација.
    Ко ќе видам некој пар гушнати, за рака, се сеќавам на нас. А ти не си тука оној миг ко ќе ми си најпотребен.
    Те сакам многуууу. :doh: :|
    Си кажав то шо ми лежи на душичката, ќе остам малку и за утре.

    Добра ноќ. :*
     
  10. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Знам дека прашњево го поставувам во несоодветна тема ама ми е итно и сдп е заклучена =/
    Да не знае некој да ми објасни каде точно се наоѓа кафе бар Дома? Знам само дека е на Ленинова, прееска поминав и не го најдов-.-
    Ако може некој да ми објасни ќе му бидам многу благодарна. :) :angel: :$
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Многу е зае*ано чувството кога желбите што сте ги посакувале се остваруваат токму во период кога не ви значат воопшто. Ама да... речиси секогаш е така, а човекот е незаситно створење |(
    Се чувствувам посилна и помоќна од кога и да е во моиве 22 години и некој месец, и да, чувството е факинг прфект, но ни приближно до она што за мене претставува благосостојбата.
    Сега од моите одлуки зависат неколку љубовни приказни, мхм, сега се зависи од тоа јас што ќе кажам и направам, се додека повторно не се сврти тркалецто (што според моите пресметки треба да потрае подолго време :P ).
    Енивеј, моето отсуство се должеше на технички проблеми, сега сум тука, па да видиме до кога ќе потрае, познавајќи ги моите малерозни демначи деновиве пак ќе ми се зезне нешто со пц-то :|
    Старо-ново има многу во последно време. Се мразам што секогаш се двоумам и сум неодлучна, што секогаш сакам нешто повеќе, нешто друго од она што го имам. Кога добив се што сакав, се предомислив. Сега сакам друго... секогаш мислам дека тоа друго ќе ме направи посреќна, секогаш тоа што не е мое не ми дава мир, а кога го имам го мразам.
    Луѓе јас навистина се променив, дали е до годинитите или од презаситеноста на се што ме опкружува незнам, само знам што сакам т.е. кого сакам во моментов. Нова цел, ја освојувам со полна пареа ]:)

    Останете ми поздравени, јас имам околу 400 мејлови што треба да ги читнам :)
    :f:
     
    На Sparks, Magnolija, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    СДК, дека бројот на новопечените парови расте правопропорционално со студенилово, или ако повеќе милувате, е обратнопропорционален со температурите - како се намалуваат степените под нулата, така новосоздадените врски се множат.
    Абре, парови, тоа вришти градов, а јас просто њамам думи обаче. :D
    Ма до времето е, им треба екстра топлина на жениве или јас сум црееееп !?
    Уатевр, јас имам ново капутче, кое го исфрцкав вечерва низ град, а екстра топлина очигледно не ми треба, барем во моментов (лажам). :angel:
     
    На Noemi, Rozich, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    СДК и ти си била другарка...? :^) I don't trust you anymore, no, no! :x за глумица си прва лига, никој не ти е рамен.
    СДК 2 леле колку е ладно :o се смрзнав, не си осеќам ни раце , ни нозе ни ништо. И носот ми е како на Рудолф :$ :D
    Ајде сега добра ви ноќ феминки... :* :)
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Ахх Куманово колко си за нигде , а ипак те сакам !
     
  15. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
  17. rosie

    rosie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    32
    Ми треба љубов .. ми треба машка силна прегратка полна со љубов и топлина.
    Животот ми е исполнет, другарки без кои не можам да си го замислам денот, родители без кои не би опстанала на овој свет и не би била тоа што сум денес, брат, братска прегратка, братска љубов и братски совет без кој ќе скршнев на многу погрешни патишта, прекрасни другари без кој не би бил интересен овој свет .. Али сепак фали нешто .. Фали љубов, вистинска љубов. Ми фали тој. Да го запознаам вистинскиот ТОЈ! Тој што едноставно ќе ме излуди, тој што ќе ме згрее со еден збор, со еден поглед, со еден допир! Ќе го чекам денот кога ќе го запознаам TOJ што ќе ме остави без зборови! Не барам совршенство, не барам посебна убавина, не барам посебен карактер, само личност со своето ВИСТИНСКО ЈАС ! Не ми требаат повеќе лажни љубови, кратки авантури и слично. Од овој ден се посветувам себеси !!! .. А за понатаму, се надевам дека еден ден ќе запознаам некој што се издвојува од другите, некој што едноставно ќе ми се пикне под кожа...
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Станав. И не дека ми се стануваше, ама од возбуда.
    Пих, смотле на мама и тато, заборавив да ве поздравам.
    Во нивна чест, да не кажете дека не ме воспитале, оти јас како што тргнав, немам намера да ви кажам, ама ајде.

    Па...Добро утро!
    Нека биде добро.

    И да си продолжам јас, до кај застанав? А,да, оти станав од возбуда.
    Ама, и од нешто друго.
    -Двоумење.

    Боже, зашто така ми правиш? Демек можам да бидам во исто време на две места?
    Јас секако ќе одам за наградата во библ., ама, сакам и на друго место. Па, се планира флеш моб за после по повод отварање на лизгалиштето, ама тоа е во 12ч, а моево во 13ч. Е ајде де.
    И не планирам да не ја почувствувам онаа зимска идила, кога со смрзнато носе влегуваш во библиотеката, а таму те чека награда.
    Ќе прашам моите за совет, оти ми се оди и на второво.

    Ама, секако одам во библ.

    Ех, расцветав уште сабајле, сабајле. Боже, го сакам ова чувство на возбуда, среќа, исчекување. Можеби стварно среќата трае кратко, ама за ова ќе се радувам цел живот.

    Дете...
     
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Срамежливо сонце ѕирка од прозорецот :sun: . Милува со своите зраци, да се нурнеш малку во себе си и да размислуваш некои работи. Исполнува со топлина и ги разбудува сите потиснати чувства.
    А Серафима седнала и размислува, мисли ли мисли. Наместо да направи нешто добро, таа ...
    Е тука нема лабаво. Има да работиш!
    Ајде сега во поход, во поход на творење добри дела и многу работа :l: .

    А сите вие имајте убав ден и викенд :f:
     
    На Fearless и teddybear им се допаѓа ова.
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека пола од прашањата секогаш ни остануваат неодговорени. Некогаш е толку тешко да ги кажеш работите што ги мислиш, а истите кога не се толку важни и вистинити за тебе ги кажуваш толку лесно, како да го кажуваш твоето име кога се запознаваш со некој странец. А, тогаш, кога ти е тешко да ги кажеш, ќе смислиш милион други факти и реченици или едноставно нема да се вратиш на она што те прашуваат, на темата. Како да боде под кожа, како да е опасна.

    Се пореметив вака сабајлечки. Јас не си разбрав ништо од ова, вие?
    Не е важно.. Вчера гледав еден филм во кој се збори за светот во време во кое не постоеле лаги! Се` се сведувало на искрени зборови, разбирање помеѓу луѓето и сосема мирен и нормален живот. И ептен се изнасмеав кога во филмчето видов реклама за пепси- when they don't have Coke! или пак на големата табла пред дом за старци- Sad place for old people with hope, ти се молам! Се ова на прв поглед изгледа смешно, но во суштина е реалност. И така во филмот се си тече нормално, додека не се појавува главниот лик. Типче на кое му се активира сетилото за лага и се си сведува во своја корист, сите му веруваат него, а не на компјутерот. Тогаш започнува новиот век!
    Но, бек ту риалити, во денешницава што е светот без лаги? Се се сведува на синтетички насмевки и извлекување на корист од длабочината на човечката психа. Нема ден во кој не е кажана лага, дури и да е за да се заштитиме себеси, или некој близок. И овој пост е лага, инспириран од добар филм. Тоа беше само добро сценарио кое ме натера да размислувам за работите за кои сум навикната да живеам. Работи кои ги гледам како секојдневие и нормала.. всушност сето тоа е ненормално лудо!
    Тоа е човечки, светот е лага и секогаш бил!
    Јеботе.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.