[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Па,можит ќе ме мислите за откачена..ама ако.
    На влошкава имаше форма на срце.Најозбилно. :D

    Иначе денов..исполнет со сеќавања.Лани ова време,се беше различно.Многу работи се сменети,а исто така и личности.Се трудам,колку шо можам да не мислам на него,но џабе.
    Но како велат..И на времето,дај му време.
     
  2. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Денес.....денес се сруши нешто во мене. Не знам ни јас точно што, ама се чувствувам срушено.
    Ах тие зборови, планини рушат.
    Не за џабе рекле “Два пати мери, еднаш сечи“.

    Ама поарно вака, затоа што искреноста се цени... нели ? Или целта ги оправдува средствата ? Не се согласувам! Треба да бидеме искрени да, ама понекогаш треба нешто и да задржеме за нас, не да го поттиснуваме, едноставено да го оставиме само да си замине...

    Можеби ова не можеше да си замине, штом дојде до зборови, толку тешки, вистински, толку мрачни, а сепак вистински.....
     
    На Nati.P и Angy.g им се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Бев загрижена за испитот денеска, а ваков ден не можев ни да си замислам дека ќе имам.
    Фатив услов за нареден семестар, положив испит за кој не сакав дури ниту резултатите да ги видам.
    Бев сигурна дека сум паднала, кога покрај моето име и презиме на списокот стои 6-ка.
    Не ми се веруваше.
    Проверив број на индекс да не има случајно уште некоја со моето име и презиме.
    Не бе, јас сум!
    Го положив испитот за кој после полагањето доживеав разочарување поради она што го имав напишано.
    Е денеска урлав, се смеев, скокав.. Абе убавини! :)
    Имам високи критериуми во однос на оценувањето и секогаш кога ќе видам дека сум положила, а сум била сигурна дека ќе паднам немате поим колку ми е убаво на душичката.
    Чувството е исто како да сум освоила награда на некоја наградна игра. :lol:
    Ахххх...
    Да можев да скокнам до небесата, ќе скокнев! :wasntme:
     
    На sweet-cherry, Buttterfly, Lux и 27 други им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Чувството коа веќе не си љута, само си разочарана... и депримирана...
     
    На AwesomeGirl, antonina, Nati.P и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    колку е глупаво чуството кога не чуствуваш ништо .... изгубена во простор.
     
    На Sanjichka007 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    тоа што го зборува твојата уста тоа станува живот за тебе :rofl: :rofl: :rofl:
     
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Денес сакам да се гушкам :wasntme:
    Ви пуштам една топла вирутелна прегратка. Бидејќи некогаш прегратката изразува повеќе љубов од бакнежот :sun:

    :hug: :hug: :hug: :hug: :hug: :hug: :hug: :hug:
     
    На Alegriaa, sweet-cherry, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    3 знаци од можни 15, дека не сум го преболела бившиот е многу добар напредок за мене :) Со оглед дека лани ова време од тие 15, ја имав 16 :D
     
    На bittersweet, Nati.P, teddybear и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Јас, можам да кажам дека често имам размислувано за одговорноста да се биде родител. Не дека ми дошло времето, туку секојдневните блиски примери ми го наложија тоа.

    Бившата најдобра другарка имаше навидум семејство и живот на кој може да се позавиди. Велам навидум. Ентериер по најнова мода, голема фамилија во која интерните шеги беа секојдневие, а однатре јаболкото да ти било толку скапано. Не е лесно татко ти да и` направи пет деца на мајка ти, да ја остави да домаќинисува, а тој да си шврља на страна. Верувам, не е ни лесно да откако сте ја реновирале куќата, постојано користи изговор дека немате пари, па принудена си да молиш и плачеш за едни е**** влошки. Принудена си да се смееш меѓу луѓето кои мислат дека твојата убавина е сосема доволна за да бидеш среќна. Па се учиш да лажеш, зашто ти е срам да кажеш што ти се случува дома. Дека татко ти го виделе со друга. Дека сестра ти си ги лечи комплексите на тебе. Дека мајка ти, немајќи каде да ја истури нервозата, повторно се кара со тебе. Да се изветопериш како личност, да се научиш да ги користиш и оние кои ти мислеле добро и ти помогнале кога најмногу ти требало и да глумиш среќа, бидејќи не сакаш да се дознае тажната вистина.
    И знаеш што? После сиве овие години, кога ќе размислам на сите лаги, манипулации, можам да ти простам. Со отворено срце. Живеењето во таков дом те направи она што си. И ако мислиш дека е неопходно да измислуваш колку ти е најубаво во врската, колку вие излегувате и имате полно пријатели и колку дома ти владее хармонија, слободно. Мене ми е жал, не онака иронично, туку искрено. Ти не заслужи таков татко.

    Втор пример добив од некогаш близок, да речеме другар. Ми кажуваше за тоа како татко му е најголем дел од времето не е дома, работи во друг град, бидејќи некогаш жена си ја фатил со друг в кревет. А тогаш децата биле уште мали. И од моментот кога го дознав тоа, како цело семејство се оддалечило поради тоа неверство, како сестра му се осамостоила од мала, а тој не добил никогаш пари да го прослави роденденот, во мене се појави револт.
    Па да му се сневиди, дали детето треба да пати за нивните проблеми? Дали се свесни кои трауми ги носи дури и кога е зрела личност?
    Често ја начнував таа тема, е сега, бев дете, си влегував во филмови и така си ветив дека ако некогаш влезам во тој дом, ќе поразговарам со нив, иако не е мое да се мешам. Сакав само да биде среќен.

    Јас, во суштина, сакам сите да имаат добри родители. Без изговори. И кога ќе ми каже дечко ми дека не можеле да му дадат илјадарка на 30ти, а на први земаат плата, не можам да ќутам бре. Работи детето, не лежи дома и не е тој крив што го исплаќаат на три месеци. Во суштина не работи, волонтира за мочани 4000ден. месечно. Наместо да се гордеат што е упорен, се мачи и изнакупи за дома од првите заработени пари, тие не можеле да му дадат бидејќи моментално ќе им требале за дома. Да купат храна. А да, нели, фрижидерот сигурно е испразнет целосно и два дена ќе немаат никакво јадење. Мрчам бе мрчам. И ќе зборам против, зашто јас едноставно така не сум научена од дома. А тој ќе биде добар, и ќе ги правда, и разбирам добро срце и се` тоа, ама дај да не се лажеме.

    Моите, а како што сум прочитала и од доста ваши постови, двоеле од својата уста за да ми дадат мене и на сестра ми. И сум ги враќала парите, но за нив нема поголема среќа од тоа да не задоволат нас. И знам дека целосно се запоставиле себеси и имам дадено ветување дека кога ќе се вработам, ќе им овозможам колку можам повеќе. За мене е тоа родител. Да те прашува како ти помина денот, да не му е мака да ти го зготви омиленото јадење, да се радува со тебе кога ќе положиш испит. И не сакам татко ми да штеди за мојата иднина, притоа заборавајќи како заработил. Но, да бидам искрена, и јас сакам да бидам пожртвувана мајка на своите деца. Таков пример ми оставиле.

    Некаде прочитав, да не се обвинувате што не чувствувате толкава љубов кон родителите колку тие за вас. Бидејќи љубовта кон родителот е една, а онаа кон детето сосема друга. И нашите баба и дедо биле запоставени од мигот кога за татко ни и мајка ни приоритет сме станале ние. Кога ќе дојде на свет бебчето, веројатно ќе сфатиме колкава може да биде несебичноста, љубовта, грижата.

    Забегав малку но, целта ми беше да кажам колку сум згрозена од расклатени семејни односи. Негувајте ги, бидејќи после се` во тој дом ќе се враќате и ако таму не можете да наидете на топлина и разбирање, мирот во себе тешко дека ќе дојде. Бидете среќни сите кои имате на кого да се угледате и заблагодарете се за уделот кој го имаат во градење на вашата личност. Не е мала одговорност. А останатите, се надевам ќе имате поголема инспирација да создадете односи по ваша мерка и исто бидете благодарни ако имате некој за кој може да кажете - Тој ми покажува што во животот не сакам да бидам. И - Моето дете никогаш нема да го преживее ова. Ќе има детство какво што заслужува да има.
    Сочувствувам со вас верувајте и ако можам на било каков начин да помогнам, слободно обратете ми се.

    П.с. На оние кои не знаат што значи да се биде родител, нека им послужи како пример сликава.
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Artemission, Buttterfly и 30 други им се допаѓа ова.
  10. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Во вакви тешки денови, сфаќаш дека ти е многу важно да имаш некој покрај тебе. Да те гушне силно и да молчи. Самиот поглед веќе кажал се.
    Денеска ја погребаа прабаба ми, нека и е лесна земјата, многу ќе ми недостига таа жена. Која борбеност ја имаше, се држеше грчевито за животот, секој миг го иживеа, а замислете цел живот го поминала со маж кој во очи и велел дека не ја сака.
    Испит од сабајле... Полуспремен. Знаев дека ќе паднам, јасно беше ко два и два. Не го можам веќе овој предмет, колку и да го спремам залудно е.
    Тој пак, ме стиска силно и се глупира за да ме насмее. Дури ми кажа дека многу брзо сум го пребродила испитот, силно дете сум била :!: .
    Татко ми, ми се јавува и ми вели: Ајде, можеби ја изгуби оваа битка, ама војната нема да ја изгубиш, допрва почнува се, бори се, немој да се предаваш.
    Ги сакам и двајцата, не ми даваат да се борам сама, ме подржуваат. Најубавиот дел е што едниот ме пораснал и ме воспитал, додека другиот ме запознава сеуште, а двајцата се грижат до срж за мене.
    Полно ми е срцето.
    А и ќе се борам, ќе положам јас кај и да е. Јуни не ми бега де :D
     
    На sweet-cherry, NoellePage, Monna.Monna и 24 други им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.274
    Допаѓања:
    81.843
    Пол:
    Женски
    Секогаш, одреден период од годината се повторува.
    Така или онака.
    Овој пат, чинам станало и традиција, зашто по којзнае и кој пат ја чувствувам кнедлата во грло.
    И за да е уште поголема непријатноста - станува сѐ поголема. А немам волја да ја голтнам и да се оттарасам од неа.
    Преку глава ми е од ваквите периоди, кога наводно сакам нешто, а не знам што. И наводно ги знам сите одговори, а всушност не знам ништо. Главава ми е ко швајцарско сирење. Пардон, грешка се изразив - мозокот ми е ко швајцарско сирење, главата добра е сѐ уште. :D
    И по некое непишано правило, слушам песни со глупави (читај тажни) мотиви и воздивнувам ко да е крај на свет. И ко да ми се откинало нешто, а немам поим што.
    Изгубена сум.
    ***
    Белезите знаат да бидат, хм, како да кажам - непредвидливи !?
    Во секоја смисла.
    Пред повеќе од шест месеци или ако веќе конкретизирам - на почетокот од мојата готварска кариера, обидувајќи се да испечам вечера, си ја испеков раката.
    Си носев мала точка на зглобчето од палецот за украс некое време, а потоа приметив дека го нема.
    И навистина го нема, знаете до кога? - Додека не ја ставам раката покрај нешто топло.
    Кога ќе ми се загреат рацете, пак се појавува.
    Мало и зацрвенето, ко да ме прогонува и упорно да ме потсетува на мојата неспособност. Можеби и моментална неспретност, ама сепак не поминало ...

    Читајте меѓу редови и не загревајте стари рани. Ниту пак повредени места, на кои некогаш сте имале белег. Зашто тие се тука, колку и да излгедаат невидливи и нема да болат, ами ќе печат. Зашто ќе ве потсетат на глупости и ќе ви ја исцицаат среќата.
    Оставете. Нека е. Сигурна сум дека не ви требаат повеќе причини за главоболки, сигурна сум дека и онака имате премногу. Сите имаат, дури и оние кои упорно го тврдат спротивното.

    Морам да престанам да слушам депресивни песни.
    Дефинитивно. :|
     
    На bittersweet, Hopeful, Micheleljubov и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    :!: (обраќање на оној горе)
    Ако со ова сакаш да ја тестираш мојата упорност... _________________________________ (незнам додај што било)
    Еден од нас скапо ќе плати.
    А, тоа нема да сум јас.
    Подготви го дрвото каде што наместо сливи ќе ми раѓаш пари.
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Немаш речник човеку, немаш! Немаш контрола, немаш мерка. Што да кажам повеќе?

    Би требало за цел живот да не ти презборам, или подолг период за да сфатиш. Научи се нормално да комуницираш со мене, имам веќе скоро 20 години. Не е во ред, не сум веќе дете!
     
    На MandyLane и DeMelo им се допаѓа ова.
  14. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Ако знете што е антиталент за пеење - тоа сум јас.
    Ама редовно си пеам, вака како сега во доцни часови или кога нема никој дома.
    И за чудо, за мојот раштиман звук, добро си ги испеав "Help the aged" и "Like a friend" од Pulp, а прееска се глупирав и со "I dreamed a dream" кога немаше никој дома. :D
    Како и да е, убаво ми е кога си пеам, а тоа е најважно.

    Почнав со нови работи. После роденденот како што се исповедав ја почнав УН диетата и до сега супер си ја терам без големи отстапки од правилата, а во вторникот бев на фризер и си ја извадов црната боја. После 4 години фарбање, редно време беше да си бидам природна бринета.
    Сега сум цврсто решена да не се вратам на режимот од првиот семестер, туку да си однесам едно големо огледало за дополнителна мотивација и редовно да си вежбам на кеј кога ќе се стопли.

    Вчера и се исповедав на мама. Не ми е јасно како толку работи сум држела во себе.
    Јас сум едно преплашено, изгубено и несреќно суштество.
    Ми требаа старите фотоалбуми за да го сфатам тоа.
    Се изналипав врз моја фотографија од пред 12-тина години каде што сум со ептен кратка фризура (ин во тој период и најлесно решение за сите мајки), насмевка од 6ка до 6ка (кои најверојатно во тој период не ни ми биле излезени) со црно-бело кученце во раце, кое добро паметам беше едно од децата (Бренда или Кели) на Лиска од Водно, Скопје каде што порано живееше тетка и на мама и работеше во хотел Панорама. Да, се сеќавам на се. На Касандра и на Беверли Хилс и на мојата огромна љубов за животните и неоствраната желба до четврто одделение да имам долга коса (поради што најчесто импровизирав со хеланки на глава). :nod:

    А, зошто ли липав?
    За вистинската среќа на детето од фотографијата.
    Потоа си ги изгледав сите фотографии на фејсбук.
    Колку е поразлична лажната и принудената насмевка од онаа невината и вистинската!
    На никоја слика, дури и на оние со професионална шмимка и фризура не изгледав подобро отколку на онаа со влечки за по дома, обична маичка и хеланки со малото кученце.
    Среќа.
    Што ли беше тоа? :?:
    Сакам да бидам дете. Ах, колку сакам да се радувам на мали, за мене сега безначајни работи.
    Зошто е светот толку познат сега? Зошто се навикнав на се?
    Рутина.
    Во тоа се претвори животот на среќното дете кое болно се радуваше на еден ѓеврек од 10 денари купен пред болница.

    Ја изгубив магијата на детството, како минува времето гледам се помалку убавина во светот.
    Последно нешто кое ме направи среќна беше едно мајско попладне, кога се враќав од училиште втора смена, додека сонцето кое после поројниот дожд конечно успеа да проникне помеѓу облаците и да внесе магија во влажниот асфалт, полека се повлекуваше на другата страна од светот.
    Ах, капките на зелените лисја полни со живот, мирисот на таа природа.... :smirk:
    Се смеев на глас луѓе!
    Бев среќна!
    Од тогаш наваму, никаков успех ми нема предизвикано такви емоции, ми нема дадено таква надеж дека убавината и среќата се уште постојат.
    Нема ништо поубаво од стопирање на часовникот на еден таков ден.
    Живот околу мене - живот во мене - живот од мене.

    Збогум - на стравот од промени.
    Ќе бидам повторно среќна. :!:
     
    На sweet-cherry, NoellePage, Monna.Monna и 14 други им се допаѓа ова.
  15. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Денес ми е многу значаен ден имаме годишница од брак
    Низ многу работи минавме ...тешкотии, срекни мигови ,од се понешто но срекна сум што се е сепак добро.
    Многу сум срекна но, ке бидам уште посрекна уште да ми се исполнеше желбата за која секоја жена сонува ....можеби господ ќе ми помогне... уф ...не, денес нема солзи денес е наш ден и ќе си потрудиме да ни биде супер...
     
    На Artemission, bittersweet, kate21 и 20 други им се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Ми се врти некоја комбинација од неколку песни во глава, и всушност кога ќе се поврзат стиховите, ми има стварно логика :!:
    Прво да си кажам. Неверојатно е тоа, колку може да ти даде сила и да те мрдне од место желбата да усреќиш некој кој искрено го сакаш. Да беше Тој Сизиф, осамен на тој рид со тој камен, ќе побарав и јас камен да гурав и гурав до бескрај, само за да не биде сам и да си се смееме на сопствената глупост. Ќе бевме среќни во несреќата :wasntme: . Глупава комарација, метафора, како и да е. Многу почесто се трудиме повеќе за некој друг да направиме среќен, отколку за самите себе. По не знам кој пат сфаќам колку љубовта е огромен двигател на нашето функционирање и живот.

    Денес сакам да сум СуперЖена. Нема да зборувам за сите правдини што сакам да ги направам и луѓе да ги заштитам. Всушност, сакам да летам. Очајната состојба на умот кога сфаќа дека физичката преселба е далеку од тоа да стане возможна. Па ќе си прелетам до Ирска, до Норвешка, Јапонија...И до вечер пак ќе сум дома за да си легнам на својот кревет. Ја споменувам Ирска, но всушност желбата за неа ми е многу едноставна. Сакам во некое ирско село, со еден бар, со дрски тврди луѓе, сивило и неизмерно зеленило. Мене стварно би ми било забавно :angel: Сакам запад на Ирска, на раб од земја, осамена колиба. И нека врне, и нека е сончево, сеедно. Сакам да знам како мириса мократа трева помешана со мирисот на морето. Сигурно е на влага, ама не ми е гајле :angel: Можеби и јас ќе станам тврда и намуртена како времето ама и тоа не ми е гајле. Мислам дека ќе сум среќна :?:
    http://www.youtube.com/watch?v=KwEgijnc4L8

    Ете, да си прав Ирец треба да не ти биде гајле...веќе сум на пола пат :D
     
    На bittersweet, NoellePage, Micheleljubov и 14 други им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Вчера вечерта си ставив маска-глумев дека не го приметувам него, а потоа дома ;( до изутрина а со сите :) позитивно расположена, а се погоди и еден наставник да ме засмејува -знам дека не е баш ок така да кога ме покани на кафе лани, не го сватив сериозно а сега лизни мазни-финти ми прави хехехе не можеш на секој да му кажуваш што ти е, не ти се сите блиски- да ми се ситат од партија што ми се случува нема да им дозволам богами :!: а после тоа со една девојка на кафе-не ми е баш другарка, ама се обидувам да се спријателам со неа-иста партија, исто маало живееме, слични судбини во љубовта :doh: и супер си поминавме вчера на кафе после состаноците:rock: а советот од неа е кога би ме видел со друг ама некако не ми штима таа идеја-првиов горенаведен по кого што некогаш спобудалуваше внатрешната јас -а денес како и секој ден аплицирај каде мислиш дека можеш, и кафе со нов дечко-ви пишував за него феминки а нешто што ме изненади е тоа што ми пиша една добра другарка да се видиме деновиве-се немаме видено со месеци и многу сум срекна заради тоа :$ иако јас кога ја канев таа не можеше неколку пати а сега ај да се видиме :wasntme: тркалото се врти-се се врака се се плака ама јас не сум злопамтило така да :)
    можеби сум сега за сега сама, ама не сум сама бидејки лугето што ми значат се тука некаде-околу мене, почнувајки од моите најблиски :* :hug: до нив и да не ги заборавам девојките од медитација.
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Мојот живот нема иднина.Зошто живеам зошто? Зошто 4 ноќи неспиев? За да научам и да добијам 5,ама не.Уште си се филмувам дека ке одам таму на факултет,ке работам....Тоа само во светот на бајките.Факт дека јас неможам ништо,ништо.Не сум никој и ништо.Само сакам да умрам некако и да се спасам.
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    На некои луѓе, дури и да им го пресечеш, пак им мрда опашот.
    Црви!
    :D
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Неможеш да очекуваш да ти биде пун кафичот ако го рокаш Слаткар.
     
    На CoverGirl10, sweet-cherry, kravce и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.